@emkaemka нема поочајна од мојава за пакетче за детево,не му носи никакво и ништо еве веќе 5 та година.Без врска било тоа Така да вашите се добри а на мојава ќени го доделиме орденот за најочајна Ма нема врска,едно пакетче нема да ни ги расипе односите,срцка е жената мн си ја сакам Ај добар ден сега Маж и синко излезени јас се вртам низ дома ко мува без глава Ова да фатам,тоа да фатам а всушност ништо не ми се фаќа. Така да кафенце ќе биде валјда. Одам да сварам дека ако дојдат ни кафе ќе ми се види ни ништо. Му ја купив и јас таа факозната Џенга од кам сега ни е весело,реди растури..... Позз лавици
Добар ден, Јас на работа, ама некако мрзливо денес. Обично сум многу активна полна со идеи што да фатам (зошто работа секогаш еден тон), ама денес мрзливо па типкам по тастатурава колку да не треба да кренам нозе во вис. Сабајле фатив една работа, ама зошто зависам од други за да ја завршам, пратив абер и не форсирам, си чекам. Ако одговорат ќе продолжам, ако не ќе ставам во лер и полека полека ептен итно и некој мејл ќе одговорам. Туку си го препрочитав претходниот пост и сфатив колку сум прифатила изрази од тука што претходно не сум ги користела . Ви се случува и вас да прифатите така?? Утрово дете стана, и нормално имаше блага епизода дека не сака да оди во градинка, ама брзо се убедивме. Во градинка го носам со количка знам грешка правам, ама толку сум хаос со спремање и немам баш време за да се влечам со него по улици и да стигнам на време на работа. А тој си ќути и ужива. Кога му е ладно пика раце во џебовите од јакна зошто не сака ракавици и нормално со ова го решава проблемот. Само еднаш дозволи да облечеме ракавици, изгледа многу ладно му дојде. Кога ќе се сетам дека лани кога одевме на планина специјално купив ракавици од декатлон, со мечиња зимски убави, борба беше. ептен кога ќе го ставев во скафандер и не можеше да мрдне, ап анемаше избор и ги стававме Јас уште го лажам вака. Уште не пробал мојов, а сигурно ќе биде борба ако вкуси @TarantulaA Ај да одам да поработам. Сигурно на активност на ПЦ гледаат фемина, наместо нешто продукивно, да не добијам некое предупредување пред исклучување. Имајте убав ден еве го и сонцето искочи
Полека одминува 2019та. Ми се случија доста убави моменти, но и доста тажни што фрлија сенка на убавите. Затоа 2019 та оди си со лошите моменти за никогаш да не се повторат. И нека новата 2020 биде убава. И деновиве само се молам да ставам крај на една тажна случка што побрзо и со нови сили да влезам во 2020та. Зашо искрено ама најискрено ми се смачи лутањето по болничките ходници и вртењето во круг. Дома сите арни, девојчето ми расте бргу. секој ден со нови бисерчиња и палавштини. Играме, пееме, цртаме, но најубаво е кога сме надвор и шетаме. Затоа задржување на внимание дома ни е слаба страна. Обожава да шета низ "мими мол", да шетаме со гулабите, да се луламе.. Здравје од март планирам во градинка да ја пуштам, е сега колку ќе сака да седи таму е под голем знак прашалник. Обожава деца сака многу да си игра па затоа малку сум мирна. Она што повеќе ме мачи е тоа што во повеќе наврати деца ја имаат удрено на нејзина возраст, а таа не знае да врати се повлекува тивка е. Се надевам дека тоа ќе го надмине во градинка. Не буквално да се тепа и она ама барем да знае да се одбрани. Пакетчиња се редат под елка, но ги отвараме и после не ги перципира. И се плаши од Дедо Мраз. Ни под разно не сака да се слика. Плаче и не инсистирам. Доволни се слики со елка и ќе правиме сесија во едно фото студио, доста е. Во новата имам една желба иако знам дека е неостварлива ама сепак ќе си ја посакувам потајно. Којзнае може дедо мраз ќе биде дарежлив па ќе ми ја исполни  За новата дома ќе ја чекаме да дојде сестра ми со зет ми, девер ми со јатрвата и така на купче сите. Перидов не ми е ни до славење ни до ништо ама ете една ноќ да пуштиме мозок на пасење. Се изгубив некако себеси во трка да постигнам се секаде. А една сум неможам да се поделам. Се надевам во новата ќе одвојувам повеќе време за себе...... И оптимизмот ќе седне на тронот на песимизмот.... Уште малку па дома ќе си одам да се гушкаме со малата и со мм. Зашто љубовта е најпозитивната ствар. Едит: ветувам ќе ве дружам почесто
Добро утро. Уште синоќа ќе пишев, ама задремав читајќи ве. Со мм пиевме кафе во 22:30 па нормално, око не склопив до 2 Машина да испразнам, нова да пуштам, па онаа за садови.. Туку си наоѓав работа, ко вампир некој бев. Он и малата легнаа во 12, уствари мм одма, а со ќерче малку се помоливме за да заспие. Бевме на шетање и заспа во кола, кога дојдовме дома ја преместив во спална, и арно ама и јас задремав малку. Ја разбудив во 9 и едвај ја легнав потоа. Сака песнички да и пуштам и плаче зошто и реков не може мама,ќе спиеме, па вика по татко и и се лути зошто спие, па вика во чичко и во другата соба.. Се и беше поинтересно од спиењето. Затоа е спанка па. Знае она и до 11 да си затера. Шо да ве частам јас?? Туку, сонував позитивен тест и рана бременост од 5 недели Како испаничив да знаете,ми требаше малку време за да се сетам оти беше сон. Мм туку ја прашува малата дали сакала бебе, на што она секако одговара со “да, бебеееее” ама Самата помисла на второ дете ме плаши. Не за друго, туку толку сме поврзани двете една со друга, толку е зависна од мене, толку го има целото мое внимание и посветеност, што не можам да се замислам да ја “натерам” да ме “дели” со уште едно бебе Себично или не, ама многу ми се смени размислувањето на оваа тема.Лани бев убедена дека за скоро и второ ќе имаме. А колку се радува на бебиња, и на кукли бебиња.. Го менува гласот ко нас возрасните, и им се обраќа со “бебееее кацииии, гуде гуде (ги скокотка демек ) “ ма мерак да те фати за две оддеднаш Многу е љубоморна инаку, не смее никој да ме допре а камо ли гушне. Одма им ги трга рацете и им вика “бегааа” и иде се гушка со мене и ми лежи на рамо, немој случајно да ме допрат повторно. Посебно на татко и пак, аууу не му дава да ми се приближи. Овој за инает па ќе ме гњави пред неа, ме гушка,бацува, и туку се истрчува и качува врз мене, ми ја врти главата на другата страна и одма цицО бара. Многу почна да ме мава, она мисли игра е, ќе ме шлапне по лице и ја почнувам со демек,и се вознемирува одма, вика “мамооо еА-мамо дојди) и ме бацува на чело и ме стиска со рачињата Ме топи! Абе љубоооооовввввв, каква ли љубов ни се децава само Инаку и мојата е во клубот на Кокаколичари Сака Кока кола многу, пробај не и дај коа ќе ја види.. има куќа во вис да крене Џабе јас цедам портокали и вртам Нутрибулет, кога бабите и татко и без проблем и ја полнат чашката со Кока кола. Иииии постов го пишувам два саати, во меѓувреме и кафе испив и појадокот го поминав, и сеа дремам пошто неам работа. Ах што сакам да сум си дома. Сакам и празнициве да минат,и зимово да мине, оти многу јадам! А многу мразам кога неам осет со храната. Ајде, еве го 1ви каде е.. Имајте убав ден мајки. Одам уште едно кафе да си направам оти готова сум да задремам.
Добро утро, Си ја најдов темава да си пишувам мисли за мајчинството кои не ги пишувам на хартија. И фала ви на сите за одговорите и поддршката. Викендов сама себе се искарав дека се жалев дека е тешко со бебе. Имам здраво дете што добро напредува, убаво спие за возраста, најубаво на свет се гушка.. Немам баш никаква причина да се жалам од него. Имам сопруг кој ми е голема поддршка и освен што навечер не слуша дека бебе плаче за се друго е тука за мене и за бебето. Он е пресреќен и љубовта со која го гледа бебето е доволен мотив да станам подобра за себе и за него. И кога сама прифатив дека нормално е да си уморен со бебе, дека место да се нервирам, и да се прашувам дали сум доволно добра треба да се радувам дека бебе напредува супер, се сменија работите. Мислам дека и јас се навикнав, фатив ред и почнав да мислам позитивно. Целото минато и тоа што мајка ми ја изгубив на 15 години (а од мои 10 години ја гледав по болници како се бори со рак) ми се удрија сега од глава кога станав мајка. Матура, дипломирање, работа, магистратура, свадба... во сите моменти ми фалеше многу ама никогаш како во моментот кога станав мајка. Денес и е роденден, ќе полнеше 55 години. Знам колку многу ќе се радуваше на внучето и колкава поддршка ќе ми беше, ама за жал, ја нема и јас знам дека треба сама да се изборам со моите стравови и анксиозност како мајка.
Хелоу.... Се спремивте за Нова Година? Ние денес ќе одиме да пазаруваме. Да биде се спремно за трпезата. Денес им правев пакетчиња на децава. А и за уште кумчето мало. Имаат и други пакетчиња. Од свекор и свекрва стандард без пакетчиња. Другите внуци мора да имаат, ама моите не се толку битни. Еднаш многу ме изнервираа. За другите внуци убави пакетчиња, а за моиве сите производи со рок при крај. Оттогаш не сакам ништо да им даваат. Моите секогаш ѓубрето го добиваат. Елката ја украсивме пред две недели. Планирам уште некои украси да купам. А и да се подновам. За денот д ќе бидеме дома. Никаде не ми се оди. Сакам да се опуштам. Оваа година ни се случија убави работи. Имаше и некои неубави баш овој месец. Ама среќа тоа се среди. Напорно ми е со децава. Ич не слушаат. Почнав да чистам и се запрепастив колку ѓубре направиле. И други обврски имам денес. Претежно сами ги чуваме децава. Ми фали мајка ми да ми помага. Две децении како ја нема. А многу сакаше внуци да чува. По нејзината смрт сфатив дека најбитно е здравјето.
Баш ме погоди со текстов. Нека и' е вечна слава на мајка ти, сигурна сум дека би била горда на тоа каква мајка си и ќе бидеш. Ме потсети на дедо ми. Тој почина на 55, а јас бев дете. Многу го сакав(м). Се' уште го мислам и сонувам, а можам (иако не сакам) да замислам што значи кога се работи за загуба на мајка. Ја имаш мојата почит и виртуелна гушка
Добра вечер Дури не е помината годинава да напишам макар уште еден пост Во последно време заборавив скроз на форумот Деновите ми се така исполнети што не останува за моите слободни активности Дечки растат,растат активностите,вниманието кое им е потребно... По милион прашања на ден! Зошто?Каде?Како?Кога? И така во недоглед,нормално и на секој одговор под прашање А си мислев дури се мали е најтешко Со Могли редиме по 10 сложувалки на ден ,не знам колку цртежи... Почнавме и почесто да читаме книги,до скоро не обожаваше Си играме и продавачки јас муштерија и сум Многу ни се смени секојдневието со неа Мали...тој уште ни е бебаст и смета на сестра му,љубопитноста уште го служи,и по тешко да се заигра со нешто Повеќе трчање,јазиче надвор,смеење Него Могли со температура веќе 2 дена кашла и повраќа Како да не е ни е малку несреќата одиме денес кај матичен и ординацијата празна го нема докторот повеќе Никакво известување ништо...замената на одмор Ја однесовме кај мојот матичен и тој ја прегледа,среќа,иначе во клиника требаше да одиме Празници се и дури во петок се работи,се надевам ќе оздрави Денес католички божиќ @danichap frohe Weihnachten за друг не знам кој слави Ние го испочитувавме и овој празник па ги израдувавме дечињата со поклончиња,добија и од пријатели овде и цел ден се под импресии На ред се новогодишните пакетчиња,нив во петок ќе ги стокмиме За новата немаме никакви планови,ќе си останеме дома и ќе си славиме сами Се најавуваат гости ама ништо сигурно Друго ништо мајки,секогаш си ветувам почесто ќе пишам и никогаш не си стојам на зборот Да видиме во новата како ќе биде Имајте добра ноќ и среќни празници Довиџења
@KuklickaSk сакам да ти посакам да останеш ведра како што го завршуваш и постот.Тешко ти еама во мислите секогаш ќе биде тука твојата мајка,а ти после се што си поминала само посилна личност си станала.И ќе бидеш неверојатна подршка на твоето малецко Добро утро од мене...На ред ми е кафе...☕ Неможам да се изнаспијам периодов,ама валда телото ми бара. Дете пак тргна во градин.Е има солзи пред врата,ама таму ужива.Учителкивее редовно ми реферираат па и со слики.Навистина сум задоволна до сега. Вчера прва сум отишла во ситумалл,ршум мапраив по продавници,на рата,без гужва Ми требаше малку шопинг-терапија Ве поздравувам мајкисе читаме
Денес убав ден, сончев... И во душава ми е така позитивно... Ај нека потрае чувствово Туку малава моја обожава мачиња, надвор кога сме само мачки ја интересираат. Така завчера имав обврски во чаршија и ај реков ќе барам и маче некое мекано. Никако да најдам, едни имале некоја мачка Бјанка, но повеќе не и немало ни да донесат. И така си завршив јас обврски и на пат накај дома начекав една мала локална продавничка со играчки, ај си реков и овде да прашам. И ете среќа најдов маче што мјаука за 200 ден, мало, бело со розево панделче. Влегувам дома и кога го виде не знаеше што да направи, се подмочка од среќа, почна да ме гушка, не ме пушташе. Па кога слушна и дек мјаука леле радости. Но за брзо сфати дека не е баш вистинско, па бараше надвор кај вистинските мачорки. Како и да е тоа гушкање што ми го даде ретко се случува, не е многу гушкалче те. е ама само таа кога ќе сака. Пораснаа и двајцата. Имам многу неспани ноќи и зрачам но со умор и се прашувам како издржувам вака. Малиот плачи по цели ноќи неиздржливо е, се менуваме со мм, а знаеме и да се скараме зошто и на двајцата ни се спие и сме понервозни. В недела заминуваме на шетање. Срце ме стега како ќе поминат. И мајка ќе доаѓа да ги чува, се надевам се ќе биде во ред. Дај боже. После празниците тргнуваат конечно во градинка. Јас повозбудена сум од нив. Се чувствувам како на факултет да ги запишав. Леле зошто сум олку плашлив не знам. Не ми се даваат, не сакам да се одделам од нив... Колети класични нас никој не ни даде, ни пак јас давам. Вчера од џамбо купив играчки за секое и планирам до просветно да отидам некоја книга за внука да одберам.
Zdravo majki Srejken bozik na tie sto go slavat Nemam mnogu sto da kazam, se nesto negativna sum ama si vikam samo zdravi i zivi da mi se princezite drugo ke bide sto ke bide. Vcera mala generalka niz doma a denes od rano nautro pita pravev za rucek, golemata ja obozava so jogurt pa taka site jadovme pa i malata jadese Golemata otide so tatkoi do kaj negovite a jas sum vo krevt so malata, zaspa Nemam nekoja euforija za nova godina nekako se mi e isto elkata ja kitivme sogolemata za kejv od cerka, barem ona se raduva Se nadevam ke dojde sestra za vecerta za novabarem malce ke se razveselam so ne nea i decata Ubav den na site
Ај добар ден, крадам од чоколадите од пакетчињата на децата и гнетам , поголемото ги краде сокчињата од ХИП пакетчињата на бебето (бебето не ги пие), таткото ми краде коцки чоколадо, нормално додека гнетам . Кој затворен синџир на исхрана имаме дома . Битно сите се на здрава храна освен мајката . Ама си сакам бре благце плус дојам и ми треба додатна енергија а и ослабната сум - само се тешам, него ај. Последниве неколку години немав нешто еуфорија за Нова Година дури лани не ни китев елка туку си киднавме надвор од државата цели 14 дена но затоа за оваа година најдов атомски сили и ја накитив. Бебчо се радува многу а кога ќе ги пуштам сијаличките стои како војник пред неа и не мрда. Купив дури и нови лампиони и украси за до елка. Ако самите не им ја направиме новогодишната магија на децата да се радуваат, тогаш кој ?! Ве читав за пакетчињата од бабите , моите 2 баби се сушна супротност. Мајка ми откако е роден му дава пари и 1 чоколадо со што тој е жив разочаран (кога беше помал) зошто не е пакетче нели полно со чоколади а свекрвица купува подарок во стил на ракавици, шал, капа, играчка и сл и тој е пак жив разочаран зошто не е класично пакетче полно со чоколади . Порано ќе ја претркав да јас му купам шал, капа, ракавици, долен веш и сл за да и текне ама не, таа пак ќе измудрува и ќе купи нешто за носење. Не и кажав никогаш затоа што мислев дека ќе свати од фацата на детето кога ќе направи некоја разочарувачка фаца одкако ќе го добие подарокот. Но знаеше дека без разлика до елката ќе има пакетчиња. Мајка ми пак е таков инат и таа се нешто е као по ,,здрава храна,, да нема шанси да се докажуваш со неа. Кога беше помал со нејзините пари му кажував да бира и му купував пакетче а сега веќе и тој не се замара. Додека да се породам со првото дете јас и барав пакетче и си добивав, потоа не ми купуваше, туку ќе ми дадеше само неколку чоколади. А јас, си сакам бре класично пакетче, му се радувам ко мало дете. Среќен божиќ на сите што сте во странција а ве има многу. Одсекогаш сум се прашувала, македонци, маж и жена кога ќе отидат во странство до толку се претопуваат за да слават католички Божиќ ?! Знам дека овие што се со мешани бракови слават и нивен и наш Божиќ ама овие другиве ?! Поради магијата на празникот, околината... не мора да ми се одговара, секој со свои сваќања и размислувања, онака ми падна на памет. Среќни празници на сите!
И до мене здраво и честит Божиќ на тие што славите. Убав период од годината е, се радувам како дете. Традиционално под елка кај моите ме чека поклонче, е оваа година баба и дедо сулавени по внучка, за неа еден куп работи. Не дека разбира ама ако. Е што да речам и светковци се супер, живот даваат за неа, а не па поклони, пакетчиња. Додуша и за мене. Како ќерка ме гледаат, џабе фаќам кусур некогаш кога свеќи се опседнува со ќере. Небитно, сакам на детето да и пружам незаборавно детство, секоја Нова година, Божиќ да ги доживува магично, како јас и брат ми што растевме. Жени ај што ми паѓа косата ненормално, што си смрдам кревам ( thanks, hormones), туку и многу често ми се менува расположението Се фаќам на моменти како во пет ПМСи да сум Следат дружби со драги пријатели овие дена, баш ми е мило што и ќере ми е мила и дружељубива, па на некои седенки ќе ја носиме и неа. Туку ме има фатено некоја домаќинска треска, си направив две благца, се подновив со нов сервис, во мисла сум уште некои рамки, тракатанци, украси. Мора да извадам и слики од бебе, ништо немам освен дигитално А многу сакам да си редам во албуми. Е така жени, Уште да си прашам како излегувате надвор по ова загадено време, што ќе се прави дома... Многу ми се шетка Ве гушкам
Ние католици не сме па ги израдувавме децата со поклончиња Шо знам,чисто да се радуваат,без еуфорија,а можеби заради околината Комшивчето радосно дојде да сподели што добила за божиќ,моето радосно покажа поклончињата Ете,радоста на децата А и зошто да не,секој празник е за почитување
Ние сме атеисти ја славиме божиќната магија. Католиците слават многу поубаво според мене и навистина е магично овој период. Пример чесите се 72% атеисти па Прага е најубава за Божиќ. За останати религиозни толкувања на денот не ме интересира, ниту верувам ниту навлегувам во благословувања и отпоздравувања. И нашите деца ќе ја чувствуваат магијата на католички, ќе си раскажуваат со другарчињата што добиле за подарок и како било украсено. Нема да и речам јас еј ти ќе славиш ортодоксен на 7 Јануари сама со себе оти ние идеме од Македонија Нормално чим сме овде ќе се прилагодиме на овдешните традиции и обичаи. Ако има верници на страна сигурно си слават и наши празници. Јас лично не славам ниту еден пола не ги ни сфаќам што се и зошто се слават.
Не е дека се претопуваме, туку едноставно самата средина и атмосфера те понесува. На пример, Дедо Мраз го нема после 25ти Декември, или сите новогодишни украси се тргнати, се е распродадено. Нормално дека ќе се вклопиш во средината што живееш. Тоа не значи дека ако си верник не ги почитуваш Православните празници. Многу погрешна слика ви се создава. И мене ми честитаат Божиќ сега, па им викам Фала, ама јас го славам на 7ми Јануари (на тие што имам време да им објаснувам), на другите само Фала и толку.
Амн бре жени..еве да се самоцитирам, убаво си пишав и разбирам дека е поради магијата на празникот и околината. А погоре во постот јасно и гласно пишав дека ако ние родителите не им ја создадеме магијата на празниците на децата тогаш кој ?! Не ми е создадена погрешна слика туку мислам реална баш како што пишав. Ај,ај форумот трпи се
Постот ми останал од вчера @TarantulaA жал ми е за случката , те гушкам најсилно Само што се вративме од циркуз Преубаво беше прв пат одам на циркуз.Траеше цели 2 и пол часа.Малата воодушевена ама најинтересно и беше скокањето на надуваната подлогаКловнот и се виде чуден ,чичко ли е, тетка ли е , зошто чичкото е тетка , не разбра кутрата После тоа прошетавме на еден божиќен панаѓур.Беше премногу голем и премногу гужва па си киднавме за брзу Дедо Мраз и оставил вчера вечер поклон на малата, па утрото уште кога стана ги забележа стапките од снег во собата.Толку се израдува на поклонот што малку фалеше на циркуз да го носимеНе се одели од него цел ден Кога бевме да го купуваме отидовме во понеделник тројцата му кажав на мм да се разделиме и јас кришум киднав во продавницата за играчки.Купив на брзина што ми се виде интересно и му се јавив на мм како да направиме за да не не примети малата.Мислиш сцени од мишн инпасибл изведувамеТорба огромнаТој ми излезе на патот јас му ја закачив на рамо и одам накај малат како хеј мама се вратиТаа пак само мама кажа и за 2 секунди одма праша : -тате што имаш во торбатаТатко и и кажа дека си купил чизми и не и даде да виде па некако го скривме од неа Од мама и тато доби две прекрасни книги со приказни и секој ден читаме по двеМислам повеќе и се допаднаа книгите отколку од Дедо Мраз Гледаме на тв реклама за предновогодишна програма со Преспав и малата гледа и ме прашува мамо тоа циркуз ли еЈас се изнаклиштив како неарна за на крај детето да ми каже мама не ми се смејПосле и објаснив дека за Н.Г сите така се дотерани и играат и пеат @slavica999 Спојлер Поздрав мајки одам да читам приказна.Имајте убав ден
Добар ден од мене. Веројатно ова ќе ми биде последен пост годинава тука. Од утре сме на планина и нема да остварам нешто многу интернет. Ќе се опуштиме и ќе уживаме едни со други. Искрено едвај чекам иако можеби ќе беше подобро да одиме од Понеделник ама бидна. Вака некако кратко ми се виде за шетање по град и новогодишна магија тука. Ама па на планина има снег така што не се жалам многу. Денов денес турбо. Битно завршив се што планирав за работа, и сега само пакување ми остана за пат. Имајте убави празници и прекрасна наредна година.
Мамички здраво.Да не знае некој буквата С која смена е на комисија наредната недела? Звонам 3 дена никако неможам да добијам а во понеделник сме на комисија?