Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки :)
    Близначињата во креветче (кое патем веќе им е мало) тераат дремка, маж на гарнитура 'рчи, а јас како најнаспана еве не спијам. Сношти убав сон имав. Од 23 часот до 07. Кај 5 ме разбуди поголемиот бебуш, му дадов шишенце и за 20 минути пак во кревет.
    Многу ми е убаво домче. Полни раце и срце. Ја работам најубавата работа на светот. Учам како се станува мајка. Секојдневното менување пелени, хранење, ѕвонење на алармот за беба 1, па за беба 2 ме прави горда жена, мајка на две синчиња. Гушки милион, галкање по цел ден. Не можам да им се наситам. Тешко човек сам да одгледува близнаци, но во животов не сум правела нешто поубаво па затоа уживам во секоја тешка минута со нив.

    2019 одминува. Ќе ја паметам по тоа дека станав мајка. Мајка на близнаци! Колку убаво звучи!
    5 години се боревме со неплодност, 5 години како мало дете што посакува желба да му исполни Дедо Мраз, посакував и јас. Само едно бебенце. Секоја година го посакував.
    Годинава имам дури две. Полно срце радости.
    Желбата ми е само да се здрави и живи. Само тоа. И ние со нив за да може да си ги гледаме.
    Елка накитена, новогодишна атмосфера во домот имаме. Мајка уреди, татко надуван како паун. Желба голема му беше елка и бебе во домот :)

    Минатата година овој период се спремавме за прво ивф.
    Новогодишно уреден дом, идеално чист, без никаков неред, со желба за бебе. По петти пат.
    Годинава новогодишно уреден дом, идеално чист, со неред од бебешки пелени, неизмиени шишиња на маса, искакани тетра пелени, со две бебиња во домот и со желба за нивно добро!
    Ми се смени животот!
    Посреќна не сум била.
    Нека е полн сечиј дом.

    Многу ми е мило што "терам" мајчински муабети.
    Убав ден мајки :)
     
    На victoria, mamaJana, sunshine2015 и 68 други им се допаѓа ова.
  2. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Ми ги насолзи очите. :$
    Бидете живи и здрави сите. Големи да раснете.
    Како викаат биди упорен во тоа што го посакуваш и ќе ти се оствари. :l::hug:
     
    На SummerGirl, TarantulaA, Girl-Rabbit и 7 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Колку убав пост.:inlove: Срце ми се стопли.
    Познавам неколку пара кои ја водат битката за бебе, од срце им посакувам наскоро да е успешна. Не можам ни да замислам колку е тешка. Еднаш имам пишано, да имаше правда во светов нема да има пар кој толку посакува дете, а не може да има. Сите што сакаа ќе можеа да имаат. Ама ете... Баш ми е мило за тебе.:angel:

    Јас си одмарам, вежбав малку и се бањав, малата е излезена со татко и. Не да се фалам (се фалам де:D), ама како расте е се поубава, мала лепотичка. Прекрасна е, пре. И тоа не само според мајка и, туку и според други луѓе.:rofl:

    Имав тежок ден пред минатата недела, она нормално дека ме виде колку се растревожив, милион пати вечерта ме изгушка и ми кажа дека ме сака. Како да знаеше дека толку ми треба тоа. Колку се само интуитивни децата. Ми го стопли срцето и нема ништо поубаво и поискрено од прегратката на детето.
    Пресреќна сум што ја имам, пре. Толку се разбираме, си муабетиме, кога одиме да пазариме ми е потсетник, и кажувам што ни треба и да ме потсети, па она во маркет ми кажува тоа и тоа и тоа.:D Не е дете што бара нешто и ќе се запне и крај, ме прашува прво пари дали имам за нешто. Ако и речам немам, готово, толку е, ми вика ајде следниот пат. Срцка ми е ептен.
    Почнавме букви да учиме, сама сака и интересно и е, кога и читам само ме прашува оваа буква која е, а оваа, и ги препознава некои. Сакала да научи да чита за сама да си читала. Фазата е се сама. Што и да е, сама да го направи. А ептен ми е смешна сама кога се тушира.:D Такво мало човече со тушот во раце, па се мие исто јас како што ја мијам, цепки живи е.:l:

    Имајте убав ден сите, ние за нова година договоривме , па и тоа да не го мислиме.:smirk:
     
    На Kaetana, TarantulaA, Minnie-e и 33 други им се допаѓа ова.
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Новогодишно лудило околу мене.
    Ја као Гринч|(:D

    Секоја година ми е бзвз " new year, new me" луѓенца, и фамава што се дига, ама оваа година посебно.
    Ќе избутам руска, кифлички со мм, гушкам бебе и у кревет:emo:
    Ќе се каам и за тоа 12 што сум го дочекала.:yawn::D

    Ај да не ширам негатива(facepalm) Минатата година у кревет ништо не видов од празници, па оваа година со бебе дома најубаво ќе ми е:inlove:
    Елката ми ја исчупави ова малово мое уште од сега, можам да замислам наредната година што ќе прави:whew:
    Мм го носи во раце до елка и тој и се радува прета со нозе па шутира, и фаќа лампион во рака, го држи 3 секунди и го фрла низ соба:D

    Ајде 2020 да ни биде уште поубава, со побогат дом, дечиња и насмевки :):l:
    Јас сега сфаќам колку празно ни било претходниве години.
     
    На Kaetana, TarantulaA, Minnie-e и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    9.652
    Пол:
    Женски
    И мене ме тресе новогодишна треска. Бабата ни беше во посета па искористив да изнакупам подароци за моите ангелчиња, внук ми и кумашинчињата. Постариот син е трето одд.ова недела само тестови прават па и со тоа се занимаваме по дома. Бебето 4 ипол месеци...насмеано човеченце...позитива на денот:) кога ке си помислам само...ке се каев ако останев само со едно дете. Вреди се што поминавме сите боцки вредат за оваа насмевка и овие очиња. Дома имаме весела атмосфера ... Најубаво ми е кога сме сите заедно.
    Секој ден си викам од денес ке гледам здраво да се хранам и пак кркам што ке најдам посебно благо. Никогаш благо не сум сакала, ама ми треба енергија бувтам цел ден и ноќе кога ке врзам 3 саати велам сум се наспала. Незнам освен мајката дали некој друг би издржал со такво темпо. Веројатно не.
    Убав ден и убави празници драги мои.
     
    На Kaetana, TarantulaA, Minnie-e и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Ајде и ние да почастиме:inlove:

    IMG_20191228_154920.jpg
     
    На Adams, Kaetana, SummerGirl и 33 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Се изначитав тоа што сте го напишале ама последната страна веќе ја оставам за малку подоцна. Бебчо спие мм исто големиот подрема малку а јас да читнам и ќе дремнам ако не ме зафркне бебчо. Ние елката дури денес ја накитивме :$ не можев порано. Ќе трае некаде до околу 3 недели од сега. Околу новогодишната еуфорија веќе многу долго немам некои посебни магични чувства ама се држам некако за да им ја пренесам радоста на децата. Уште се мали за да учествуваат на церемонии за дочек така да само до крај 12 и некоја минута сме издржувале будни. Церемонии од гозби не практикувам освен ако треба да се собереме со друштво. Повеќе преферирам за Бадник - Божик - Василица да има наместена софра. Синко понеделник ќе има приредба. Лани не учествуваше на приредбата во градинка срам му било страв ми било... Ама разбирам деца со секакви Фикс идеи се. Сега да видам како ќе се покаже понеделник. Ќе добиваат и пакетчиња. Инаку ништо посебно нема. Нели сега празници па се околу тоа се врти.
    Па женски ви посакувам пријатен ден и викенд па ќе се читкаме пак деновиве.
     
    На SummerGirl, Minnie-e, Girl-Rabbit и 12 други им се допаѓа ова.
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички :)
    Се надевам сите сте добри и уживате во предновогодишниве денови и дека сте полни со возбуда и радост дома со вашите најмили :) Ние фала богу сме добро ,дете расте се повеќе од ден на ден златен е, како зборува како навиен е на моменти ама ако интересен е :inlove: Во градинка се сликаа со дедо мраз им дадоа пакетчиња пресреќен беше .Се е супер само после рота вирусот еве еден месец помина а ние борба водиме со јадењето многу слабо јаде и од градинка ми се жалат ,давам и б комплекс ,земав и протект џуниор малце имунитет да поткренеме ама со јадењево ич не ни оди ќе касне 3-4лажички и толку е :( Јас добро сум поминав прв скриниг се е добро полека го завршив првово тромесечие ,мачнините сеуште не поминаа како рутина ми станаа утринските повраќања :smirk: Подароци за нова година полека ги комплетирам се надевам до понеделник ќе успеам да завршам таа работа .Со пријателите и дечињата ќе се собереме кај нас дома годинава така падна редот конечно кај нас .Баба и дедо ќе бидат исто дома па во план ни е дедо да го облечеме како дедо мраз и да ги изненади децата со подароци па ќе видиме како ќе ни успее планот :D Тоа е друго посебно нема ништо .Ви посакувам убав викенд на сите :coffee:
     
    На Kaetana, SummerGirl, TarantulaA и 16 други им се допаѓа ова.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.931
    Допаѓања:
    111.488
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки :yawn:

    Деновиве наместо да ме фати новогодишна еуфорија, мене ме стрефи мрзелива еуфорија :smirk:
    Мислам да можам по цееееели денови би се излежавала, ама пошто нема, по цели денови сум со 100 на саат и вака навечер од умор и исцрпеност сон не ми иде :|
    Па и бебево го потепа спавачка болест, нема нема и само се прозева, или ми вика дека му се нани, или у секој згоден момент си задремува |-)

    Новогодишно лудило на ниво, се подаваат пакетчиња секој ден, плус родендени само течат, не знам како им е на другите ама ние уште малку па банкрот ќе сме, а имаме уште за давање :drunk:
    Да бидам искрена таму кај што можам давам и носам од тоа што ми/ни подале :tmi:
    Ваљда сите така правите а :wasntme:

    Детево ич не е заинтересиран за блажарско пакетче, може да пробуричка за да види дали има бони, ама генерално не им мава рецка, он бре коли си бара, багери, возови, играчки :D
    А искрено ниту на играчките им се дорадува, периодов има толку многу добиено што не знае што прво да фати. Дел веќе и му кренав, ама џабе, пак има и пак му носат, у раце му ги подаваат, денес пример доби две коли и еден мотор :smirk:
    Прееска со тете шетавме да му купи пакетче, она сакаше играчка, а јас избрав фармерки :D
    Ниту нашиот последен поклон, играчка не сум му го дала, ниту планирам наскоро, здравје у 2020та ќе се радува :inlove:

    Утре ден со фул агенда, детево мора да се изнаспие за да биде фит!
    Ама ако само за убаво нека е, особено се радувам на една средба, со душа ја чекам и веќе сум нетрпелива да куцне часот :l:
    А колку пак можеше да биде и се поубаво, ама wtf тоа викаат "живот" било :@

    Вчера се дотерав за Нова :o
    Јеп, едвај се наканив нешто за себе да земам :$ ама мм мораше да мрчи едно 10пати дека сме искочиле за мене, а не за детево :tmi: дури беше расположен и да се брка со него у сред Мол :o
    А бебево ко пуштено од ланец, па како испадна да е облечен, срам ми падна да кажам дека е мое, вртењарче :doh:
    Ич не сакам несредени деца, а моево баш такво беше вчера :(
    Башка лежеше на под, се пикаше измеѓу алишта и најдоброто се пикна у еден излог и нејќеше да искочи :|
    Ама најбитно мајкава се дотера и тоа влезе у 34ка панталони :emo: е сега одговараат на 36-38 ама на нив има 34че (hollest)

    Леле мајки градиве (facepalm)
    Уствари кои гради ;(
    Нели го одбив малово и помали ми се него ли што ми беа, да биде потрагично и мм потврди :|
    Абе ништо немам, даска, даскосана сум ;(
    И едвај се навикнувам дека не дојам, мислам секој ден првин помислувам, па ми текнува дека детево не цица повеќе (facepalm)
    Пред некој ден ме нудат со ликер и ќе кажев не фала, не пијам, дојам, среќа па ми текна у последна стотинка и си се напив дури две чашки :$
    Како ми легнаа :angel:

    Не кажав, не пишав за Божикот, си поминавме средно па жалосно, не беше толку лошо, ама бебево имаше жути минути, од гужва и што му се спиеше не знаеше што со себе, па рикаше, а беше спиен на пладне, ама ете.. Ќж
    Јадењето убаво, се пренатупанив, поклоните речиси па убави :tmi:
    Не бе ок се :rofl:
    Пакетчето на свеки не знам у која категорија да го ставам..
    Женава како за инат бре купува нешто што сум рекла не, со која цел не знам, пошто бебево тоа не јаде..
    Ама најбитно пакетите беа иста големина со другите внуци, уствари мене и тоа ми бодеше очи задњи две нови години, не толку нивната содржина.
    Ама она очекуваше повеќе, епа требаше може да и речам "стара си ти, не си за пакетче" :)
    Колку па го мразам ова морално раздавање :puke: за мене Нова е повеќе за дечиња, ама иди пробај докажи се, а веќе трета година даваме нужно, ама пак ни даваат и очекуваат повеќе да возвратиме (facepalm) Мислам пола вечер со золвите прередуваа и распределуваа кое чиво е пакетче, па ги собираа секој на свое место, па незнам ти што. Глупештии :|

    Пример прееска сестра за Нова ме частеше кафе и сок, а јас на неа пред 2недели и дадов лампион и чоко мраз и тоа е тоа, секој нек си купи понатака што му треба :D
    Мајка рече оваа година по едни чоколади ќе ни купела. А зарем треба повеќе?!
    Знаев веќе што се купи за бебе, па ете ни и нас пакетче :inlove:
    Јас и зедов алва дека пости, а на татко ќе му изберам некоја чоколада од на бебево :$
    И на баба и дедо купив алва, ќе купам уште банани и топ. Инаку најново е што баба ми едно сабајле се утуфкала како не му кажала со време на татко ми да икупил пченица, нели прво кога ќе умрел човек пченица се правело :|
    Штета нема човече што се крсти, па да го наредам у три реда (facepalm)
    Не дека дедо ми е у цутот на младоста или дека е многу арен, ама па секој ден уназад веќе месец дена и повеќе интензивно да го умираш не иде, она и порано го умираше ама барем од време на време :smirk:
    Уф стари луѓе, нека иде барем со редот..

    Забегав со пишувањево у сред ноќ (facepalm)
    Поарно да си легнам, можеби сабајле снегче ќе не разбуди, сабајле имаше малку и ептен се порадувавме :inlove:
    И кај мене пукаше сонце, а градов темен облак го беше обвил |(

    Убави сништа :hug:
     
    На Kaetana, SummerGirl, Мариаа. и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    12.938
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    Кафе пијам во мир и тишина8). Бебе си спие веќе 13 сат од 19:30. Два пати се нацица и кома. Синко и мм до доцна гледале филм па гушнати спијат ( до душа синко е станат ми се преправа за да не му досадувам.)
    Ручекот синоќа го решив уште салата, а доручекот се спрема варена палента. :rofl:
    Бидејќи имам визита за Божиќ за во Банско скоро сум спремна спакована.
    10000000 работи.:sweat: Едвај 5 куфери не собраа. Уште еден ќе мора. Кога ќе се ставаат во кола мене мора дијареа да ме фати(fingers) да не бидам до мм кој знам ќе вика дека не се селиме туку на 7 дена одиме
    Вакцинта бебе ја поднесе супер, важно помина.
    Сега уште јас да се средам во косата понеделник и на синко да му доземам нешто за дочекот( со друштво ќе оди) и НЕ може да дојде
    Тоа е од мене.
    Денес ќе се дружам со машината за перење и пеглата(facepalm)
     
    На Kaetana, Мариаа., KuklickaSk и 16 други им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    @bela.m те читав и се разнежнив. Мило ми е што оваа година си наградена со 2 дечиња. Нека ја имаат сета среќа на светот :hug:

    Добар ден од мене. Денес посебно ладно. Пијам кафе и одмарам. На гости кај свекор па да одморам и раце а богами и нозе. Ќе падне ручек. Ве прочитав набрзински. Ново ништо. Денес и посебно мрза ме фати.
     
    На Girl-Rabbit, Mari*, hello-kitty.90 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Лош периот за нас,немам воља за пишување...Фаламу на Господ сите сме здрави и живи.

    ...Возрасен маж е,но размислува како тинејџер.Сигурно "домашните" не му мислиме лошо,се надевам дека е навистина среќен како што кажува Го сакам како брат,ми беше првин другар, па ми стана девер.Делевме се тука двајцата бевме здружени,си помагавме за се и сешто заедно делевме и тага и среќа Му посакаувам се најубаво во животот и се надевам дека е среќен како што кажува...

    Овој период сонувам некакви глупости или него го сонувам,исто како да е дома,како порано...Или сонивам како сум била бремена некогаш со едно,некогаш со две,како се породувам,како бебињата сами ми излегуваат од стомак како синко не бил мој,го смениле во болница...Лудница се соновиве мои..

    Мм само да не мисли,да не се нервира почна да прави куќа од картон и стварно ми се допадна.Го бидува мој маж за се,не дека е мој ама таков е.

    Дете друга приказна.Трета недела проблеми со носот,хрчи и мрсули густи зелени,не му течат ама кога влечам неможам да ги довадам долги како змијуче.Мм сака да го носиме кај друг доктор..се слушнавме и со него по телефон истото ни го кажа тоа што и неговата докторка по орл.

    Наутро се гади од мрсулите и не сака да јади,не дека преку денот јади кизнеј колку но каснува по нешто и строго се вртат неколку јадења.А последно време бара само јајца.Дали варено или строго на око ама жолчката жива да била инаку не пробува.И веќе почнав да ги кријам јајцата секој ден мора јајце да побара..Мислев овие фази со нејадење ги поминавме но еве имало уште.

    Дојде и Дедо Мраз ни заѕвона на врата,а дете се "помоча" од среќа.Му ја покажа елката,ги изваде сите подароци да му го покажи,песничка испеа и го понуди со млеко( а пред некој ден му велам треба да му оставиме на д.м колачи и чаша млеко,тој ми вели не млеко ракија).Го праша далу можел да го отвори подарокот,дидека бил тој тука Душа мајкина.колку ми беше среќе,...Кога се испраќаа со дедо мраз дете забележа дека дошол со кола,а не со санка и одма го праша.Зошто бил со џип,а не санка.Но Д.М. брзо се снајде .Мало човече но забележува се .

    Пакетчиња и подароци еден куп,можеме комотно да отвориме трафика... 11 пакетчиња, ќе се отепаме од јадење со мм.Два месеци секако ќе имаме за поткаснување,ќе качам некое килце,но не ми е гајле па потоа ќе држам диета.Сега ќе ужива во јадењето.Секако дете не е многу многу по пакетчињата, си зема некои бомбончиња,кроасан,ако има ресана,сокче и секако киндер јајце,го зема го отвара и не го јаде го остава.

    Голема генералка направив,но лесно е кога си имам помошник.И секогаш сака да помага,секогаш за работа е разположен се остава за да чисти со мама.

    Имам уште за пишување,но пак ме заболе раката,.се надевам ќе пишам.последен пост на темава во оваа година...

    Имајте слатки сништа.
     
    На Kaetana, SummerGirl, Minnie-e и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Голема е веројатноста да ова е мојот последен пост во темава за 2019та, на работа во фрка, дома понекогаш имам чувство дека се само се шуткам и така ми мине времето а уствари одморот и времето само за себе ми се мишн импосибл...
    Годинава ден за ден си измина, толку од 2019, па и доста и беше, 2018 е годината која најмалку ја сакам, но и оваа почна да препишува па не ми е посебно драга. Најважно е што завршува а ние и најблиските сме сите тука на број никој не фали и се надевам нема да фали уште долги години. Не почна лошо но лошо завршува, стресови еден ден, но го имав најубавиот одмор годинава, поубаво на одмор никогаш не ми било, ја имаме малата која патем е поголема, и она е најсветлото нешто, право срце е, маза, гушкало, љубов на мајка и Татко. Мислам дека конечно се подсмирив со викањето по неа, не дека она е нешто помирна но јас се надевам засекогаш прифатив дека е дете, колку и да и работи мозочето она е детуле, мое дете за кого јас сум цел свет, душа мамина, као демек тато тато, тато и оп ама и мама да дојде. Искрена да бидам понекогаш ми смета кога скроз на скроз ме игнорира кога тато е до неа, но тоа е секундарно, колку што сум јас мајка толку тој е татко, но колку и да е тој татко јас за еднаш повеќе ќе бидам мајка, и така е со сите мајки! Годинава ќе ја сакам по тоа што смогнав сили да се вратам на книгата, на науката и дека нема да застанам, јас не сум тип на човек кој се откажува, ќе се борам и со мисли и со глава и со слаба мемерија и концентрација но ќе успеам, затоа што сакам, можам и морам. Оваа година сватив и дека сепак здравјето ни е најбитно, понекигаш животот ни приредува мали сцени преку кои ни праќа порака, дека треба да подзастанеме, да намалиме со брзината и да дадеме предност на некои работи. Научив во оваа 2019 и дека од нигде никаде удира гром од ведро небо и оп наеднаш ново сценарио се крои, сватив/ме и дека сакаме да сме побројни, се надевам следната ќе бидеме!
    Драга ма и не толку драга годино ме потсети и дека интуицијата никогаш не ме лаже, дека наоколу секој се труди да ти направи есап, па и ако може на било кој начин дабти земе од твоето, но што е тука е, затоа следната ќе бидеме помудри, побогати со уште едно и повеќе животни патешствија, од кои каков и да бил крајниот исход, сепак ние сме победници.
    Драги виртуелни друшки, иако не ме барате никогаш, нема и потреба, со никоја од тука надвор од форумот не комуницирам, ви посакувам да имате здравје, слога, љубов, мир благосостојба и трпение, секако инуспех и пари, поминете време со семејството, со блиските и сами со себе, сакајте и бидете ценети, чистото срце секогаш е еден чекор понапред.
    Како битен момент би сакала да го издвојам ибтргнувањето во градинка на мојата мала сезнајка, иако стартувавме тешко, сепак после дождот огреа сонце, и да сакам да станам и тетка, тоа ми е најголемета неостварена желба, верувам во големината на Господ и се надевам дека на било кој начин ќе ми овозможи да видам како е да сум тетка, но прва тетка, мое внуче.
    Сакам ед н случај да заврши колку што е можно полесно, сакам повеќе време со мм заедно, сакам малата ниту еднаш во 2020 да не се разболи, и сакам да имаме најубав годишен па макар и полуводишен одмор.
    За новата се надевам ќе се собереме со друштвото, затоа што до сега два пати откажуваме во пет до дванаесет поради тт на малата, оваа нека не прескокне барем тоа.
    На работа посакувам повисока плата, заслужена ми е и те како, во спротивно ќе треба да почнам да размислувам за нова работа, повеќе платена.
    И да не заборавам да се пофалам со божиќните колачиња, ги направив, ги исцетав,абе кое опуштање, ма каков дијазепам, па да дојде и дедо Мраз дома, цуца остана без текст, битно подарокот го доби, равотите кои јас никогаш ги немав нека ги има таа, баш се радувам за неа!!! Пакетчиња дел добивме и дадовме, оваа година решивме да се поскромни пакетчињата а такви се и нашите, не се лутам, на сите ни е терет, дури може и да не си даваме, а овие пакетчиња со чоколади и глупости се за со закон да се укинат хахаха...
    Доста го тупев, кој ме дочита ме дочита кој не нема љутиш, сите имајте убава новогодишна ноќ каде и да сте, уште еднаш ви посакувам здравје, среќа и љубов и внимавајте што ќе посакате, понекогаш желбите стануваат реалност!

    Добра ви ноќ кралици!!!
     
    На Kaetana, TarantulaA, Мариаа. и 20 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Испив кафето на раат, малата излезе со татко и.:whew:
    Од сабајле не знам веќе што не направивме. Кога стана одма почна да реди работите за продавање, па се отвори сабајлечки продавницата како што е и редот. Јас нормално муштерија. Си испазарив еден сет за кафе, ама сакав да одам во кафич да пијам, па и отворив друга работа. Мораше кафич да отвора. :D Па редеше шолјичките мали, лажичиња, се по ред. Ама пријателките мои на работа беа, па ми ги позајми она нејзините мечиња да ми бидат пријателки и така испив имагинарно кафе. После тоа извадивме од фиоката за активности колаж, ножички, боички, блокчиња, стикче лепак и ѕвездички за лепење. Јас и цртав форми, она ги сечеше и лепеше на лист, па ги украсуваше со ѕвездички и така доста време утепавме.

    Надував и едно милион балончиња, па и тие добра занимација, игравме одбојка, па после ги црташе со фломастери и на крај им лепеше светки со стикот. Нормално дека огладневме по сите овие активности, кога станавме мандарини каснавме и после решивме палачинки да правиме. Се префрливме во кујна и се фативме за работа. Првата палачинка си ја направи сендвич со една банана и си ја излапа цела. После и со урми си направивме намаз и си се најадовме солидно.^_^
    И откако бидна и доручекот и направив тесто, нареди она алатки на маса и се зафати со правење колачиња.
    Пропатно имаше многу гушкање и кажување колку си се сакаме.:inlove: Мази сме си ептен, можеме еден саат да си седиме и да си се гушкаме и бацуваме.:D

    Сега уште да смислам што за ручек, немам веќе ич идеи и досадно ми е за мислење само.
    Сега ја сфаќам мајка ми кога не прашуваше цело време што за ручек, зашто е напорно и мислењето.

    Гледам сте резимирале за изминатава година, мене не ми беше нешто особено, ќе ми се одбележи само со една битка што ја добив со самата себе. Ништо посебно инаку.
    Следната би требало да е повозбудлива, па ќе видиме.

    Имајте убав ден сите и со многу гушкање. Терапија ми е мене тоа.:$:hai:
     
    На Kaetana, TarantulaA, Мариаа. и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Amelaaaa

    Amelaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мајки незнаев када да поставам па затоа тука ќе ве прашам за совет мислење. Малава моја веќе некој период плаче по теткаи не сака да ја земам од неа само за кај неа подава раци ако ја земам од неа плаче не сака да иде кај мене. Ако дојде нагости теткаи неможе да си испадне плаче по неа. И по таткои прави така.На почеток не реагирав ама сеа почна да ме нервира ситуацојава имам чуство декане ме сака малава. Само по мене не плаче не реагира нз шо данаправам. Се имате ли најдено у ваква ситуација...
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Веројатно си ти стално со неа. Па знае дека со тебе е на сигурно и ти не одиш никаде. А другите излегуваат почесто од дома дали по работа или нешто друго.

    И моето така реагираше додека беше сам со мене. Најголем дел од денот бевме заедно. Па беше навикнат оти мама е секогаш дома. Од кога почнав на работа почнав да му фалам и да ме бара.
     
    На SummerGirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Amelaaaa

    Amelaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Да цело време е со мене. И да испаднам до продавница тоа е накратко 10тина мин а и почесто ја носам и до продавница со мене. На почеток не рагирав мн на ситуацијава и мн ме нервира додека другите и дозволуваат се да фаќа ја морам да ја карам да не фаќа неш шо не треба. И да заплаче за нешо одма и дават што ќе посака а мама послњ треба да ја научи дека не треба да си игра со тоа и поале мама е лоша хаха..
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.347
    Допаѓања:
    107.969
    Пол:
    Женски
    Aко се нервираш за ова мајче.... Нормално е, сега не ги гледа толку често нели, друго е. И јас карам многу, може и пратерувам, ама дете мора да знае граници. Гледај додека си со неа да направиш да ви е интересно. Знам, мама сама и за дење и за ноќе, за везден, тоа е, ама мораш да ставиш ред. Ние за баба сме така, баба дава се за дете и он ја обожава, особено ако она го земе од градинка, па кога одам јас да го земам имаме плачки до несвест. Не се сеќирај, да те нема и тебе подолго од пола саат и по тебе ќе плаче.

    Ај и од мене еден последен пост! Дете во градинка со тато сабајле правел гужви, ако да види тато како ми е мене.

    ПРетпоследен ден а? Многу грда година! Ништо од тоа што сакав да постигнам годинава не постигнав, можеби годинава ќе успеам, м? Годинава ќа ја памтам само по убавиот одмор на море, бар дел од него, оној со коментарите ќе го заборавам. Не ослабев и годинава, не знам веќе дали да се надевам искрено, симни 3 кила качи 5, се така у круг. Од 16ти почнувам пак да вежбам, почнувам одма и со диета, малку построго. Не ми е убаво веќе вака па, да не се лажеме. Не дека сум попраена којзнае колку, не ги вратив оние 8 што ги симнав, само сум отечена од тоа што треба да добијам, ама ме нервира.

    Постов го почнав на работа и 10 саати не успеав да го завршам. За воља на вистината и не стигнав работата да ја довршам.

    Дома, јадев, пиев која кола и сега се мислам дали да отворам едно чоколадо од пакетчињата или не. Морам хаосот да го средам и да седнам да учам. Дете си игра, ама брзо ќе му здосади.

    Мислам ферски е да стиснам испрати одговор, и онака само гунцам, ништо паметно не реков. Среќна нова мили, во случај да не пишам пак :*
     
    На Kaetana, Minnie-e, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Ајде да ве поздравам за последен пат оваа година.

    Мене искрено ми беше многу среќна. Прво тестот за бременост, па визата за Австралија, па спремањето за бебе и неговото доаѓање. :inlove: Единствена црна дамка на сето ова е смртта на вујко ми, најголема трагедија шо можеше да му се случи на моето семејство. Премногу бевме поврзани со него и ужасно ни недостига на сите, ќе ни остане вечен непребол. ;(

    Јас конечно легнав, преморена сум и глава ме боли. Напорно ми е кога треба двајцата да ги капам ама морав сама, маж одмараше зошто му се погоди трета смена. :( Појќе време ми одзема бебето зошто го капам в соба. Па носи корита, шампони, вода за плакнење, па некогаш не остава одма да го облечам и вришти, а морам да ја истурам водата дур не ја начекал поголемиов. Еднаш цел се плесна внатре од шо беше возбуден дека ќе играл со вода. :rofl: Дур ги заспав нормално вечерата ми се излади, па одново топлев, измив куп садови и си легнав.
    За Новава како и лани ќе се собериме кај цимерот од мм во Битола. Се мислев дали да одиме заради малово ама после си реков поубо таму отколку дома со стариве. По цел ден сум со нив барем 2 дена да одморам да не ги слушам со нивните муабети. :envy:
    Пакетчиња доби неколку од најблиските, а му се најавени уште неколку. А ако ви кажам дека од ланските има уште ќе ми се изнасмејте. :D Ама детево не јаде многу благо, јас тек тук некогаш, значи мажов ги изеде сите. :rofl: Ко во продавница си отвара и се мисли шо да земел за на работа.

    Му купив на поголемово приказни за пред спиење. Демек ќе заспиваше без нишање. Аха, важи. Си ја слушна приказната, па почна да дрдори шо запамтил. И морав пак в раце. Ме гушна силно и ми вика " мама те сакам најмногу", :l:А малово почна често да се смее и да гуга. :inlove: Најсмешен ми е кога му вика на мечето и мафта со раце и нозе. Сонце најмило ми е. :l:

    Уште ќе пишев ама веќе очиве ми паѓаат, лапам букви едвај пишам.

    Среќна да Ви е Новава година, се шо сакате да ви се исполни. :party:Најважно децата да ни се здрави живи, друго се ќе се среди.
    Добра ноќ. |-)|-)
     
    На Kaetana, SummerGirl, TarantulaA и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Amelaaaa

    Amelaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Не плаче по мене до душа повеќе од саат време и не била со никој без да ме нема мене ама верувам дека нема да плаче... имам чуатво дека не сум добра мајка дека не и интересно со мене знаеш мама секогаш брза да исчиати да направи јадење и се некако у трка ми е салбо играм со неа.... и апчиња лекови се треба мама да и даде да ја облече соблече а тоа ич не го сака...а и имав мн не убави моменти у животов последниве месеци и сум мн нервозна напната мпже и тоа има влијание врз неа... и додека сите др што ќе ја земат ја зимаат на саат пола саат ја играат цело време се и дозволуваат а мама ја кара за некои работи додека други и дозволуваат зш ај да не плачела а после мама ја боли глава за да ја одвикне од нешо шо не треба.. највеќе ја сака теткаи тоа е чудо како плаче за неа ако ја земам од неа.... на почеток ваа сотуација не ми сметаше ама сеа почна да ме нервира имам чуство како да не ме сака она е мала тек година наполни ама ова го правеше уше од 10 месеци кога беше... се мислев да ја оставам со други подолго да и зафалам малце хахаха може е смешно ама имам чуство на љубомора хаха
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.