Здраво мајки. Ајде и јас да пишам последен пост за годинава. Откако дете се роди годиниве многу брзо летаа.Децата си растат ние старееме .Неможам да поверувам на годините што ги имам секогаш ги кажувам годините пред дете да се роди., Годинава помина солодно со последниве месеци со нервоза,се надевам ќе се среди "проблемот" во нареднава година..Желбите не ми се исполнија па ќе ги посакам истите и и сега со надеж барем една да се исполни. Оваа година добив прекрасна вест дека за прв пат ќе станам тетка,Го чекам како со страв тоа мало бебуле.Се молам на дедо Боже овој пат да биде се како што треба и да се роди здраво и живо. Вечерва каде мајки ???? Ние дома со стариве и ќе дојди една брадучетка на мм со две деца.Мажот и бил на работа па ја викнавме да дојди таман деца да поиграат. Кифлички имам од пред две недели замрзнати и лиснато ќе испечам ,руската салата е готова,благо имам.Вчера направивме со дете четири врсти на благо и тоа ќе биди и за новава и за божиќ,но незнам дали ќе стојат до прочка.Направив торта со бисквити редена,слатки со бананчиња,една торта со слатко и едни бобмици.Не барем име ќе чекам ама дете кога ќе се заинари да матка со миксерот што ќе правиш.И најважно вечерата ќе биде од мм,ама сеуште не се знае дали некој специјалитет или пак скара. Последниот воз го фаќаме за подарок под елка во послефен момент дете го побара хулк.Па мм се јави излегол од работа и ќе оди да купи играчка хулк.Ќе биде среќе утре сабајле кога ќе ја види. Дете заспа одам да се истуширам и да направам ручек за дете. А вие мајки имајте убава новогодишта ноќ каде и да славите,но тоа не е важно,туку со кого сте. Се читкаме другата година.
Хелоу Мојот последен пост за годинава. Во март славам јубилеј - 10 години на форумов. Денес ќе бидеме дома. Никаде не ми се оди. Вчера спремав салати и кифли. Денес уште нешто благо. Нешто прееска купив. Ме мрзи да спремам благо, па набрзина ќе направам мафини. А може и уште една салата. Маж ќе спрема скара. Без мевце не бива. Музика уште од сабајле пуштена. Се надевам дека оваа година ќе дадат некој саглам филм на тв. Години уназад даваат акции или нешто слично. Оваа година претежно добри работи се случија. Дај Боже наредната година да е уште подобра. Дадов отказ на работа пред некој ден, па со нови сили во новата година. Убаво да си поминете вечер. Поздрав
@bela.m ама ми го стопли срцето,ми даде надеж и јас д а си посакам една слична желба...и малце повеќе храброст за да ја исполнам....Ти посакувам убав дочек на Новата 2020,прегрнати ситечетворица под елката! Да си пишам и јасна мојата омилена тема во последнава година....Не беше лоша освен крајов..Ама за Новава имам повеќе планови за себереализирање Дете повеќе нем контрола над благово,ајас веќенебројам колку пакетчиња исподоби.Кога ќе заспие,му ги кријат благиве,ама гости постојано одат/одиме и секој му дава блашко.На поблиските навласив било што,само да не е чоколадо,и испочитуваа.Доби и четри пара преубави пижами,лего камиончиња,некоја боенка со бојци.... Ина маж жу земав преубав НГ поклон,и го 'погодив' Е од него уште не сум добила ништо..ме премоли да си одберам,ама шо знам..неам некоја желба.. Драги мајки и форумски пријателки,ви посакувам добар провод вечер и посакувам во Новата Година повеќе здеави дечиња без вируси и бактерии,ноќи со сврзан сон бар од 8часа ,разбирање и мир во куќа,и некое незаборавно патување што ќе ви напуни батерии Гушки!
Добар сончев ден мајки 31ви Декември, последен ден од 2019та Не знам дали да почнам со ретроспектива на денешниов ден или на цела година Мислам 14ч е а јас веќе и шампањот го отворив Не е смешно, трагично е, ми експлодира Кока кола у кујна Уште не знам како што се деси, отворена беше и стоеше у фиока, не можев да поверувам колку прскаше и течеше, ме фати неспремна, а и јас несудени полицаец касно капирам А пак на бебево му се виде кул моментот, па кога лоцираше Колата кога викна чаш, чаш и иде и си вади чашка од фиока, пружил накај мене и чека да наполнам Па кога виде на под дека има Кола почна да се жали и да вика оооооо, Кола, ооооо и покажува како да ја гали Ми се плачеше Сабајле у 7.20ч се издигавме, нели со време да го фатиме денот Ретко, преретко станува пред 8ч и како за среќа и реткост денес е тој ден И нормално еве го спие до мене, уште кај 12ч ме влечеше да сме нанеле. Сега не давам птица да прелета, мора барем 3ч да спие, барем да имам надеж дека ќе доседи до 00.00ч И бидејќи станавме со време успеав и да зачистам, пропафтам колку да се рече де, на два пати месев тесто и месо спремав Еве сега кафе пијам Сакав за доручек да правам затворени пици и кој знае што ми искочи Тесто, леб и у среде малку фил, троа и сум штедела Среќа замесив тесто како за кифли, па тоа вкусно, плус сусам и не беше до толку лошо. На мм му викам земи јади имаш затворени пици, иде ги гледа и ми ги покажува од кујна, као на овие мислиш За ручек на грил ќе пржам некое свинско кое ми седи у маринада, ваљда ок ќе испадне испеков лепче, марула, руска имам од свеки и ќе се гоштеваме За благо не прашувајте, си имаме ехехееееее, а уште 3пакетчиња не чекаат денес за зимање Ама имаме и домашно, бајадера, некои бомбици и уште едни бомбици со смокви и ореви, топ, мајка ми ги даде У Новогодишното мени ќе има свашта, мразам ова, ама ќе се дојадува со денови. На мм му реков ќе ја пуштиме масата од двете страни за да ни ги збере сите тањири и да биде попрегледно Инаку прва Нова ми е како немам новогодишни салфетки и не ни мислам да купам, имам мислам црвени, ако сум немала ипак имам златни гарант, па тие ќе ги редам. Ми се здосади да ми седат по цела година, ретко кои ми бришат, а стандард се лажам по шаренилото и така бирам, ни Дуни, ни незнам кои не ги бива, ваљда од тоа боите очкоравуваат.. Него на бебе сите бомбони му го собрав и му ги скрив, абе го претера, ама го претера Вчера мајка не вика и и викам важи ќе дојдеме ама да не ти паднало на памет бомбони да вадиш! Ииии детево кој знае уште каде не ти има скриено залихи, па од под кревет вчера најде две Кики и две тврди ги извади од кој знае каде Ретроспектива на 2019та! Тешко ни почна годинава, нервози еден куп, па како некој светец за рака да го донесе еден добар човек и ни излезе во пресрет Бебе ми прооде, уствари протрча и тука започна забавата, започнаа лудориите и пентарењата Мајка вика у тој поглед цел бил на мене, сум се качувала на столче, па на работна, па на фрижидер и сум отварала шкафче каде се чувало кремче Детево мое до сега се искачува само до работна, среќа фрижидерот не ни е у склоп на елементите Паааааа конечно бевме благовремено известени дека ќе играме на свадба Подготовки и подготовки, толку се потрудивме, се испоизморивме и ништо не ни се виде, жимити ние се гледавме и тоа беше страшно Скоро една пријателка ме прашува нешто за свадбата и и викам, да бидам искрена јас ниту свадба видов, ни бутур, едвај успевав сестра ми да ја ѕиркам, јас не се ни видов у огледало Оно и што ќе се гледав, видов тоа што требаше уште у тоа салонот Па следуваа неколку одмори, кои на море, кои на езеро, бебе пукаше од радост, ние пукавме од среќа Есен, како подзалади сите планини наши беа, мислам не остана планина, а и рид у околинава која не ја истраживме. Убавини Фала богу здравје не послужи, па и на најблискиве, со некои ситни ескалации, тука се вклучува и првата температура на бебе и како право машко си припаѓаше и најавуваше смак света на 37.2 Најдобрите вести околу здравје ги чувме вчера, убаво тргна неделава Целокупно убава година, не дека немаше тага, бес и солзи, но ете да кажеме и тоа е составен дел на животот, најбитно е што останавме сите на број! Желба за 2020та имам, ама и желби се, три се Не сум нескромна, но сите си ги сакам, уствари барем една да ми се исполни ќе бидам пресреќна, но пред се сите да бидеме здрави и живи, на купче, па понатака тоа е тоа.. Друго немам што да расприкажам, освен да си поминете сите убаво вечерва, посебна честитка за Нова ќе пишам догодина, па да имам како да го почнам постот нели Аха чек @TeddyGrey само за тебе. Спојлер: Кенди Ова ме наградија дека сум еден од најверните играчи Да допијам кафето, па ќе си каснам нешто благичко и идам да пржам пилешки прсти.. Убав ден, гушкајте се, сакајте се
Мене проблемот ми стои до тоа што другите и дозволуваат работи, а ти во нејзините очи си лошиот полицаец. И ми стои дека малку ви фали поврзаност. Те имам читано и знам низ што помина, и некако очекувано е и дека и ти самата себе се средуваш. Мојот мислење е дека иако сме мајки и деца нашата поврзаност не доаѓа автоматски, туку и тоа е една врска на којашто секојдневно се работи и се вложува. Одбирај ги битките, не мораш да викаш не, нешто одбери што ќе и дозволуваш да прави, забавувај се со неа, играј, смеј се, зборувај и со другите дека не е во ред секогаш се да е дозволено иако ја чуваат. И зборувај со неа, објаснувај, иако ти се чини малечко уште од сега се почнува со разговори. Мало е уште, ќе си се средите, немај гајле, сепак мајка си е мајка на крајот. Нас денес денов малку наопачки ни тргна, мене некоја нервоза ме фати, малата исто одма реагира ако јас не сум како што треба, се поткаравме, она плаче, јас лута, а не се смирува додека не ја гушнам, не и е срценцето на место ако сме лути. Па ја гушнав, се смиривме и се објаснивме кој за што се налутил. И кажав дека нешто сум се изнервирала, она ми кажа дека не сакала косата да и биде мокра и така. Не кријам чувства од неа, не се преправам, ме гледа и лута и нервозна, и објаснувам секогаш зашто нешто се случило, како се решила работата. Сите емоции се за луѓето и ниту една не треба да се потиснува. Ако и се плаче ја оставам да плаче, ја гушкам, и велам дека е во ред и да си поплаче. Па ми вика, уф ама се изнаплакав, и си ги брише очињата. Битно да се знае зашто се плачело и како се средила работата. Се оправи после денов и се надевам вечерта ќе ни биде убава и весела. Малата е ептен по журки и играње, обожава музика. Ви посакувам и на вас убава ноќ, да си ја дочекате со прегратки од најмилите.
Ова ќе е последен пост од мене за оваа година. Догодина очекувам повеќе да се читкаме тука,почесто а и во поголем број. Јас од минатава година не можам многу да се пожалам. Солидна година,битно бевме здрави и живи. Станав мајка по втор пат си родив здраво детенце повеќе што може да барам. Големото ми стана прваче, пораснало душиче финансиски стабилна година... Да се пожалам не можам. За следната не ми треба многу. Доволно ќе ми е само да сме здрави и помалку нервози да имаме. Ете скромна сум за дочек дома. Како што сум хронично ненаспана може и спиејќи да прекорачам преку нова година на сите ви посакувам многу среќа радост здравје и успешна година
Поздрав мајки и од мене Еве и јас да пишам иако може да не успеам да го пратам постот.Телефонот ми е ограничен на 1 час интернет иако мислев дека е на 30мин.Ќе го сменам.Многу сум зависна од телефонот што не сакам да сумПа да дремам уште подолго и инста си отворив 2019 година убава година ми се исполни најголемата желба станав тетка на близнаци.Тажна сум уште не сум ги допрела и мирисналаАма да сме живи и здрави ќе се гушкаме на пролет здравје Имавме неколку убави прошетки со мм и ќере , хорор одмор ама заврши, си купивме кола .Некои болести поминати со малата.Плачки и убави моменти.Имавме гости и така. Оваа година здравје само и слога со маже, малата помалку да плака и порано да си легнува па може и ќе и ја оствариме нејзината најголема желба сестраУште не попуштам Страв ми е не сум јас толку способна.Ама здравје како рекол Господ. Деновите ги минавме по селата во маало.Сите села ги знаеме.Убавина.Планираме утре да шетнеме накај Прага ама здравје да не се наЉокаме многу Ајде мајки да сукам ќифли.Ми престаса тестото.Имајте пријатна вечер исполнета со многу песни, орца и смеи.Догодина да ви биде подобра од лани .Поспокојна и помирна на секој план.Без нервози и болести.Ве гушкам и гушкајте најмили
Сите со последен пост за старата, јас со прв пост за Новата година. Среќна Нова година драги мајки и дечиња! Ви посакувам од здравје и арно да не куртулите. Многу повеќе среќа,љубов,насмевки во Новата! Сакам на сите 2020 да ни биде беспрекорна. Ве гушкаме! Ќе се трудам да ја направам 200% подобра од изминатава. Ќе се трпат промени. За доброто на сите,а посебно на малата. Мора така. Ја испратив старата а со неа во куфер ги ставив старите (не)пријателства на кои им истече рокот на употреба, и нервозите кои ми задаваа болка и нелагодност. Нема место за нив веќе. Нек ги пушти по вода Ќерче и маж ми заспаа. Малата е со температура втор ден. Новата ја дочекавме сами тројцата, и ми е најубава досега. Се погушкавме, и честитав нова година, ги гледавме комшиите како пукаат петарди и заспа. Маж заспа пред 12. Не си ни честитавме Масата стои полна. Јас си отворив лименка Златен даб.. кај и да е ќе го будам.. сами сме дома Имајте убава вечер. Ќе ве дружам почесто годинава
Zenicki neka e srekna 2020 ispolneta so mnogu ubavi momenti i mnogu zdravje i steka kaj site.....Vo 2020 da bideme poaktivni i popozitivni
Среќна Нова женски Како поминавте? Ние чекавме да си честитаме и после тоа си легнавме. Многу ми се спиеше. А секоја вечер си легнувам касно. Денес на мени шетање по гости. Како да не е Нова Година. Нема еуфорија. Беспарицата си го прави своето. Да поминат празнициве па враќање во нормала. Уште сега мислам што да спремам за Бадник. Не верувам дека и оваа година ќе има коледарчиња. Не е како во наше време. Поздрав женски. Се читаме подоцна
Абе кј сте жени Ја реков сеа ко ќе влезам на темава ќе се изначитам честитки Среќна Нова друшки Да сте здрави и живи прво... Среќни,весели,насмеани и нормално на кој му фали со повеќе парички годинава Дечиња од здравје да не куртулат во новата Единствена желба и тоа ми беше! Да сме здрави и живи Кога не служи здравјето,И паметот нормално,се ќе си оствариме Ние си прославивме домче,до едно време со гости но заминаа пред 12 и си останавме сами Ние четворица на спална како сардинчиња,тесно а полно љубов Најубав дочек до сега,најсмирен и со многу слога... Се надевам цела година ќе ја поминиме така Сега стандарт шема,се заспиваме Могли заспа а мали ќе си го земам дневна дека не планира да спие ќе се гушка со татко му Мене ми се пријаде некако кус кус со сиренце Се мислам да правам или не,касно ми е за вечера Друго исто,сабајле имаме термини па Новата ќе ни почне малку хаотично Имајте убава ноќ и добар помина на оние кои слават и вечерва Довиџења
1ви Јануари 2020та Нова година Нека е само подобра од претходната Убав дочек со убаво друштво, времето помина за час, огнометот можеше да биде подолг ама и на овој се испорадувавме (не тој од плоштад ) Три дечиња, три мечиња секое си беше приказна за себе, секој во свој свет и во свои игри, а бебе мое како прав домаќин најинтересните играчки им ги собираше и им викаше "мое е бегај" Ниту едно дете не јадеше ништо, само чинивчето со соленки го остсвија празно Ниту пиеја нешто, освен нормално бебе мое што се потопи у Кола Значи бирам ептен убави играчки Гости испративме кај 1.30ч па се бањавме и кај 2ч едвај се убедивме да си легнеме, мислам он би седел уште, ама ние откажувавме веќе Сабајле пак се разбуди кај 7. 30ч не можев очи да отворам, ама уствари сакал да се погушка, па се залепи за мене и само се стресувам едно време и сваќам дека така спиеме И си продолживме до 12ч Денов не ни беше предвиден за шетање, освен што се размрдавме до кај мајка, јадевме баклава, кафе, бебе испоровари и си бараше коли, па чистеше со правосмукалка со деде и назад на излежавање Едвај се довртевме до 20ч, на два пати ја пуштавме мачката у соба за да се расположи малку бебево, па и за да вечера применивме иста тактика Маче за гревови Толку мирна мачка јас уште не сум видела, абе ни да се побуни од малтретирање, ама иди отвори врата џом да ја нема Ако го виде бебево нема сила што ќе ја натера да влезе у соба или пак да дојде да јаде, порадо би мрзнела и би седела гладна е до толку е Мм му вика на бебе да не сакал да си ја носиме горе и таму да ја чуваме и он не знам што разбра ама вика даааааа. Мислам мачево би си ископало дупка у ѕид за да избега Ама ваљда има некоја љубов и од маче за бебе што толку му седи мирно и му дозволува Спојлер: Маче Утре викаат што ќе правиш тој ден, ќе правиш цела година Мм рече ќе трошел пари (фино чим има, па да троши ) Јас планирам да шетам И да се изнаиграм со бебе Трошките и светките по под, корпата со алишта ќе ги оставам за 3ти Да спијам, ми се заморија очиве што ми блешти екранов. Убаво нанајте, добра ноќ
@emkaemka ова не е маче, хаха јас очекував некое мЛецко, ама ова машалаааааа... како и да е преубаво е мачето :; Среќна Нова 2020 година!!! Ви посакувам здравје, среќа, слога, љубов, успех и парички!!! Оваа година супер сме малата не се разболи, за частење сме, поседовме до друштво, малата си играше со детенцето на луѓето кај што бевме, срцки беа скроз, кај 12:30 се предаде, сакала да спие ама дома, ја донедовме, свеки ја презеде ја преоблекла сокчето и заспала со брзина на светлината. Ние се прибравме околу три, заспавме во четири, станавме во единаесет, јас удрив една дремка од саатипол два и сега сум свежа еленче, ххаха, ќе пеглам, па утре ќе носам дете во градинка и да ја фаќам книгата, дека нели утре игнат изгледа цела година ќе учам Добра ви ноќ лепотици!!!
Среќна нова и од мене. Јас у тотален хаос, 2 дена со тт 37,2 и притисок што варира. Од замор и стрес... Еве ја ќере, се успива и ми копа пи лице. 24 саати се бориме со тантруми и инаети, ноќни терори веќе подолго од 3 месеци. Инат, плачки, ништо неќе, све сака сама, јас едно таа 100... Значи не плачи, значи плачам!! На 2 години!!! Пелена не сака да смени, чорапи несака, да оди некаде не сака, или акосака сака без јакна, па ако се реши за јакна, да не е закопчана. И така по саат, јас закопчај, таа откопчај... Капа стај, таа симни. Ма ти објаснувај колку сакаш ќе те ислуша она баш внимателно. Ама дали ќе послуша. А вака ми се праи фина, кога сака нешто(ако е у арните) ќе праша мама ова може? Претпоставувате? Што и да одговорам, е исто ко да сум рекла може. Цел ден аи плаче, па ќе си поплачам и јас, зошто дете ко преку ноќ да се смени. Знаело да има вакви периоди, но 2-3 пати месечно. Ова е бре секој ден. Вчера, бевме на плоштад, неќеше да се слика со дедо мраз, шетнавме, па малце на лулашки. Дојдовме дома, седна да јаде мандарина. И ми вика, сега сакам дедо маз.. што??? Сакаш со дедо мраз да се сликаш?? Да сакам, и со мики, и маша... и во куќата, и бла бла бла... И посе лулашки одимеееее.... Да, не и беше до дедо мраз туку она си смислила план како да оди на лулашки. Ете така, ако ми е, сама си ја напраив таква. На 2 год да има свое јас.....
Добра вечер, И јас не успеав да ставам последен пост со честитки, па еве ме со прв за годинава. Изминатата година да речеме беше прилично стабилна. Некои работи можеше да бидат малку подобри, ама не се жалам. Освен непријатното искуство со мали кога завршивме во болница, за другото се ќе речам беше нормално. За нареднава, посакувам да не служи здравјето, да останеме сите на број како и оваа. Уствари наредната сакам да ни се зголемми бројот за уште еден член во најблиското семејство или бар да сме на пат да го постигнеме тоа. Сакам да се зголеми љубовта која ни владее во домот. Во понеделникот мали во градинка. Како и да е план беше да го земеме пред спиење. Арно ама се јави учителката да го земеме бидејќи бил кенкав цело утро. Што е за право претходната ноќ прилично кашлаше, ама утрото ми личеше ок и си реков да оди да се изигра утрото. Среќа мм веќе беше на пат да го земе и директ кај матичната да го види. Плуќа чиста, грло ок, ама кс и не беше баш сјајна. Препорака за инхалации со пулмикорт зошто ларингитично кашлаше и антибиотик во случај да почне да крева тт и да пратиме да не се влошува. И дента цел ден беше свената врба. Само во раце и да се гушка. Си помислив дека пак нг болни ќе чекаме (лани на 31 ми крена тт). Вечерта крена тт 38,6 и таман се спремав да дадам сируп за тт, одеднаш падна . Е арно ама почна да вика дека го болат очите (претпоставувам главче го болеше) се ушушка во менеи заспа уште пред 7. Цела ноќ мирна и утрото си стана како ново дете да имав. За секој случај однесов да му земат брис заради кс. Еве го да не го подречам супер си е. Што ли ќе беше кој да знае. Битно да поминува. Вчера дете си легна како и секоја друга вечер. За да седи со нас не ни планирав да го мачам. Јас виткав подароци, со маж си поседевме, си честитавме и кога дете се разбуди со плачки од петардите си легнав и си го гушнав. Утрово неговата реакција кога ги виде подароците беше непроценлива . Добро за подароците од мене не ни очекував дека ќе падне во прв момент во транс, зошто мајкава само логички изнакупи, наместо да го порадува со некоја играчак, ама затоа тука беше кујанта од моите. па имаше кикотење од радост и јупи со раце во вис. Мислам дека успеавме да фатиме се на камера, ама и да не фатевме, таа радост не се заборава. за жал подарокот беше засенет од гаражата што ја доби од тете, ама ако. Има време ќе ги игра сите. Искористивме и прошетка на сончевото време и могу убаво ни дојде. Ние тројца, на сонцето по полу празни улици. Имав уште многу да кажам, ама веќе ми се склопуваат очите, а и навлегов во новиот ден. Се читаме почесто во Новата 2020. Среќна Нова година. Имајте мирна ноќ
Добра ви вечер среќни женички. Денес мислам честитав нова година. Нека е среќна и најмногу да не прати со здравје и бериќет. Се друго може да се снајдеме и да поминеме некако. Првиот ден од годинава го поминав уморно а искрено и расположението ми беше малку лошо. Не знам на што посебно се должи тоа ама ете мора и такви денови да имаме. Вчера вечер слабо спиев па денес бев како гром да ме мавнал. До крај 1 си се кикотевме со големиот затуркани во ќебе за бебето да не не слуша и да не се разбуди ама убаво се расположивме. Остатокот од ноќта бебчо ме маткаше, спие ама како да ора во кревет. Мислам дека ако не сум наспана тоа ме прави понервозна. Се друго може некако да се издржи. Вечерва си ги заспав дечињата ама и покрај тоа што ми се спие не можам да заспијам. Ме фатија страшни забоболки и тоа од што ми е фуфки и си наоѓам изговор да не одам на заболекар. Прво беше ајде бремена па не се одело на забно,после не се одело зашто дојам... А нема шанси да поправам заб т.е нема шанси да ме чепне лекарот без претходно да стави анестезија. После следат изговори од типот нема кој да ги прочита децата па немам сега пари... А уствари секако дека има кој да го причува оти нели не сум сама а пари има оти нели при две примања месечно не може да се нема. Ама морам да смогнам сили додека сум на породилно да одам зашто после стварно не ќе можам ради што стварно ќе нема кој да ми ги причува децата. Се мислам дали да поткаснам нешто. Налет што не сум како човек спиена минатата година па не сум ни најадена асално,ова одкако се породив. И за чудо колку појќе јадам па и слабеам. Нели ние јадеме за бебушките да се дебелеат. епа ајде да дочитам и по другите теми па може ќе замезам смоки од по пакетчињата од децава пријатна вечер
Среќна Нова Година мамици ! 2020 нека биде успешна и среќна година за сите нас! 2019 година си имаше свои убавини но и ситуации кои никому не ги посакувам а се молам и мене да не ми се повторат! Затоа нема да заборавам да посакам и здравје за сите, оти колку и да е клише муабет сепак здравјето е најважно! Дочекот беше дома, екипата - јас, ММ и двете ќерки! Музика по ќефот на големата ќерка па се шетавме низ жанрови разни , од чочек до Слаткар! Децата среќни и расположени, со нив и ние секако! На полноќ комшиите ни приредија огномет, одброивме од 10 до 0, се изгушкавме сите посакувајќи си искрени убави желбички... и во 00: 30 спиевме. Дефинитвно прва Нова Година која вака рано ја финиширавме. Плановите беа други, требаше децата да ги заспиеме, па винце и некој филм да не држат будни мене и ММ, и нели... знаете де... други беа плановите... Си заспав заедно со децата! Другиот ден кај мајка на ручек, цела фамилија собрани, расположени... ете овие празници за тоа ги сакам! Средбите фамилијарни секогаш ме прават среќна! Децата ги најдоа подароците под елка што ги оставил Дедо Мраз, пресреќни беа. Дефинитовно последна година ќе биде како на големата ќерка ја пуштам да верува во Дедо Мраз! По прашањата што ги поставува и по моите нелогични одговори за брзо ќе сфати дека мама и тато се Дедо Мраз кој оставаат подароци под елка. Ми вели - како влегол низ оџакот кога оганот гори? Одговарам - не бе, низ врата влегол! Ми возвраќа - ама заклучено беше! Смислувам ново објаснување - има магичен клуч со кој ги отвара вратите! Во едем момент вели - овде Џамбо пишува, овие играчки не се од фабриката за играчки на Дедо Мраз! Па и текнува друго - Со санка доаѓа? Па нема снег! И за крај - баба ми кажа дека не постои Дедо Мраз! Јас возвраќам - баба ти многу знае! ( типичен одговор од снаа за свекрва) Одам сега, да фатам ручек да спремам оти после и на работа треба да одам, па време за се нема да имам! Поздрав и убав ден!
Здраво најубаво форумско катче! Среќна нека ни е новата, да ни биде побогато катчево со мнооогу нови мамички Од желби само да сме здрави, живи на број и да се множиме и да сме тука догодина да ја испратиме оваа!
Ви посакувам здравје и сите да сте на купче,на број! Да ви биде најубава оваа 2020 Ние настинати ја поминавменовата. сите тројца. Ама на нога,весели и умни до 1 часот