Хола мамаситас! Среќна нова, среќни денови, здравје, љубов, радост и парички таман, ни многу ни малку! Јас за себе и годинава иста желба, подебел новчаник и потенко тело, ама Дедово стар па стално утка праи во плановите. Моментално на работа ги сработувам предметите кои останаа од минатата година ама изгледи дека се ќе завршам до 9ти нема, и ми е гајле. Колку што за мене се насекираа некој толку и јас за оваа работа. Како смо се надали одлично смо се провели. Дете љуби га мајка као плачел по нас, ама не знам дали е баш верно. Заспал касно, баш касно, а рано стана. Немаше да е проблем мајка да беше посвежа а не да испиеше куп џин тоник на новогодишната ноќ. Да ви кажам не очекував многу, ама одлично си поминав. Вчера боледував, јадев малку, гладна бев ама трпев. Денес имам некои гости па ќе спремам некое мезе и ќе видиме како ќе биде. Мајка ми е на поседок па сега и јавив нека стаи да се вари гравче, штета нема, ќе сркнеме, и така сме на суво деновиве. А сакам здравје викендов кумовите да ги соберам на ручече, малку да поседиме, па таман, ќе ми се најдат и руска и кифлички, ќе земам и малку сувомеснато, а пошто кумот обожава тавче и сармички може и тоа да дополнам. Искрено, ама најискрено, влагам во новава декада без никакви очекувања, претходнава така ме измалтретира, што баш не мислам да се замарам веќе. Имав во план долг општ пост, ама јок, мора да се работи а времево куцка. Убав ден мамаситас!
Среќна нова година мајки, помалку болести да имаме во новава и само да се читаме како ни се весели и среќни дечињата. Иако нели, си знаеме дека не може без ништо да поминеме, ама барем да е полесно. Ние поминавме одлично, конечно и јас се опуштив и расположив со некоја чашка. Малата си заспа, ама ја разбудивме за нова година и огнометот да го види, па си продолжи, гајле немаше. А и реков да преспие дента, дека ќе и се спие, ама не. Нема дење спиење по никако и крај. Спие од осум до осум и нема простор за дремка. Ама за мене е одлично така и не и го реметам редот. Денес саат ипол боевме. Цел саат ипол со водени си боевме, најдовме една боенка со бројки што сме ја купиле, ама не сме ја искористиле и така си се занимававме. Она ептен се труди да избои како што треба, па пресреќна е кога нема да излезе од линијата. Си закачува цртежи на фрижидер со магнети, старите си гри фрла и си реди нови. Планирам да и го купам она со морковчето, едукативни игри што се, не знам дали сте го виделе? Пишете ако го имате и дали вреди да се купи, скапичко беше, некои 600 ден мислам. Нас ни се хит книгите со активности моментално, да си решаваме и да си се занимаваме, одлична занимација се. Убави денови идат, се спремаме со малата за коледе, песната е научена, да видам некоја интересна торбичка да си направиме и спремни ќе сме. Ептен е возбудена за денот, ќе биде весело. Мислам немам што друго да кажам, мило ми е што се активира темава, баш сакам да ве читам и да се пронаоѓам во вашите постови, некако полесно е кога гледаш дека не си сам во нешто. Пишувајте почесто во новава.
Среќна Нова Година мајки.Во новава здрави и живи сите да сме и на број. Вечерта ја поминавме стандар како и сите други.Деца играа,а ние си поседивме и си попијавме по некоја чашка пивце.Дете не доседи да ја пречека новава,во 23:30 заспа со шишето во рака. Помалото дете од братучека му на мм крена наеднаш тт 38.8.Дете наеднаш лик смени,почна и грло да го боли. Му дадовме сируп,чукна сат си ја честитавме и тие си заминаа,свекор и свеки и тие заминаа кај некој другар на по еден сат.Јас маса раскренав,измив вагани и си легнав,а мм чекаше некој филм да почни ама не го дочекал и тој заспал. Мм од први на работа е дежурен, од 7 до 19 сат на работа и потоа на повик во секое време значи 24/7. треба да биде достапен.(само овие два дена ќе оди од 12 до 19) Не дека инаку си идеше во пристојно време.Но барем некој викенд дома беше и празниците заедно ги поминувавме.А сега ќе работи..Имало празници за да ги платат,ама ако баш тогаш нема пријава нема да му ги платат како државен.. Вчера мм дојде не зеде со дете и не остави кај вујко ми.Па од работа дојде и тој.Сите се собравме,се видовме си ја честитавме новата,Бевме сите возрасни,само ѕверчево мое беше само немаше друштво и затоа беше во центарот на глупостите... Мајка спремала како за слава имаше од се... поткаснавме кој од што сакаше руска,кифлички,телешка чорба,сарама,беговска тава..Јас само една чорба "исркав" и една сарма изедов,не дека држам некоја диета,но се чувствував прејадена... Денеска е тој важен ден во година..што не треба ништо да работиш. Јас пак вредна,денеска чистев со правосмукалала и се занимавам со алишта од утрово.Или собирам или спружирам на жица.Направив едно тортуле со кокос,сеуште се лади,да сецнап па ќе сликам. Ручекот свеки го приготви,па не готви цела година, ич нема да се лутам. Одам жени дрво да земам да ставам во каминчево зш собава некако да ми е оладена и ус пат едно цигарче да дувнам дур ѕвњерчево спие. Имајте убав ден.
Времево супер за шетање. Завршивме една битна работа. Овој месец за довршување уште една. Маж излезе. Има работа. Јас дома се расправам со децата. Многу се бесни. Не можам да одморам од нив. Откако дадов отказ на работа многу ми олесна. Се препородив. Сега имам повеќе време за форумов и фб. Некои од вас имам препознаено на фб. Треба да чистам, а ме фатила некоја мрза. Маж ме зеза - А кога не те фатила? Алишта испрани. Маж се зачуди кога ги виде корпите празни. А до 31ви беа како новогодишна елка. И маж научив на ред. Ако остави нешто надвор од корпата, ќе биде фрлено во канта. Така пред некој ден еден пар гаќи му ги фрлив. Оттогаш е примерен. Поздрав женски. Одам да играм Лудо клаб на фб. Се заразив.
Среќна Нова година Мајки!!! Пред се здравје среќа радост љубов и бериќет. За мене 2019 беше прекрасна после 4 години ворба за потомство станав мама на едно мало прекрасно јуначе кое се избори да дојде кај мама во меше Сега 2020 да ни биде уште по убава домот ни е исполнет со радост и смеа и бебшки глас од гугање Оваа година си ја дочекавме фамилијарно дома со бебо по убава нова година сме немале. Имајте убави среќни и весели празници а ние да си продолжиме со гушкање
Ноќ мајки Помина уште еден убав ден Ако вака тече цела 2020та би било одлично Порано кога некои родители ќе кажеле "среќно дете = среќни родители" го прифаќав тоа како нормален податок, а сега го чувствувам и ми го грее срцето Не запревме цел ден ни за кратко, работно време 24/7, ниту празник се знае кај мене, ниту делник и знаете што, сакам што подолго да потрае, убаво ми е Страшно ми паѓа криво на моменти што многу брзо ми минуват деновите и брзо ми расте бебето! Бисакала да трае и да трае и да трае.... Свесна сум дека за час ќе дојде денот кога нема да сум волку потребна, уште помалку интересна и центарот на светот. Затоа се трудам секој ден, час, миг да го искористам максимално со него, да бидам само со него, за се останато има и утре, не сакам ама баш ништо да пропуштам Посесивна сум знам, ама бев бетер, сега сум за нијанса подобро Скоро една познаничка ме праша "од кога да го навикнувала бебчето за да седи со баби и тетки" мојот одговор и беше дека од никогаш, на бебето местото е до мајката, тетки и баби можат да го поиграат кога се/сме на гости и доста е Хм сега барем им дозволувам да си играат со него, кога беше баш бебче едвај им давав да го држат, 100 причини ќе ми текнеше за да го земам крај себе Мој си е и само мој Мм оддамна не искоментирал, но порано ме прекоруваше дека сум се однесувала како да е само мое детето Бебе цела година ќе го ност на лизгалки Ќе јаде сладолед Ииии ќе му купуваат коли Аха и секоја вечер пред спиење ќе рипа по спална дури не му откажат ноџињата, поточно дури ние не се измориме од глупирање Денес за прв пат си го кажа името, или нешто што звучеше на името Сите бомбони уште му стојат "скриени" ова е во наводници дека самиот ми покажа каде има бони, чисто за да знам дека не сум го прелажала со она "немам" Ама ваљда и на него му се збоктиса од нив, па не е упорен, ама па затоа му се отвори апетит за чоколатциња По вечерата отворивме од оние Афтер и прво као ги отвараше и ни даваше, па у еден момент му рекив дека тоа е многу убаво и може и он да проба, па грицна недоверливо, ама утврди дека е многу убаво, па ја затвори кутијата си ја гушна и на нас ни кажа "мое" Пред некој ден исто ни направи и со Рафаело, ова ни враќа за сите изедени Киндер јајца Кога ќе ми текне дека пред неколку месеци цели трауми беше да му дадам сирупи, сега се чудам. Секое утро е борба да испие само по еден шприц, колку што му следува, рика ли вика дека пак сакал. Мм рече дека наредно кога ќе му правам кс ќе покаже дека пука од здравје со дупли терапии што ги пие Ама денес спроведов и трик, му исцедив сок, пикнав и мед и го прелажав некако, па место Бекутанот му дадов цели 10шприца од сокот Тикви дека сум го прелажала, сигурно му се бендисало сокче, па го пиел Со ништо и никако не се лаже бебево мое, можеш ти само да веруваш дека си го надитрил А пак колку памтиии, ухууууу ништо не му бега Утре во план е да се зачисти, викендов план е да се дружи и шета, понеделник е Бадник, вторник Божиќ и само утре е денот за тоа. Ако, бебе ќе се радува што ќе брчиме Обожавам руска и кифли, ама еве 3дена речиси па секој оброк ми е тоа или евентуално нешто плус, имам уште за утре од руската и ќе раскрстам со неа до Божиќ ваљда А на толку благо со мм пекаме за пудинг, па утре план е да варам Да спијам, касно е, ми се пие по малку и кафе ама ај не, касно е Гушкајте се Јас сега ќе се ушушкам до бебе мое и ќе потонам спокојно во длабок сон
Здраво мајки. Рекоа ќе не пуштат порано па од досада сварив 2ро кафе. додуша и ми се пие. Ноќеска дежурав ,синко со кашлица. Сега бил смирен се накашлувал малку, па се мислам дали да го однесам на лекар . Поготово што одиме на викенд во др град кај на маж ми неговите, после неколки години, може затоа синко се разболе знзошто нејќе таму Ама знам дека ќе го однесам,зошто јас морам да се смирам. Спремив цела аптека битно. Нозе ми се враќаат ама има битни поводи денес и утре па да речам мора. Го учам синко да не ја вика баба му нагалено (така го научила тетка му) зошто реално не заслужува ни баба. Да ја вика баба ..... правилно како што е името. Ама ко што кажува се, си викам ако му текне да рече дека јас сум му рекла, ќе биде весело Читам периодов мн болни дечиња Нека е со помин само кај сите
Добар ден мајки! Среќна Нова година на сите, здравје пред се и многу остварени желби. Старата мене ми беше многу напната година, кај со бебе мало, со три деца дома сама, маж нон стоп на работа. Па и богами секој трет ден идеа гости на повојница. Чисти пред тоа, спремај, па чисти по гости. Па и декември исто нападнаа гости кој не стасал на родендените да дојде од маливе. Многу се каравме со мм, многу. Ама имаше многу неразбирање од негова страна и терање инает. Годината така ја завршивме, со кавги. Па еве годинава сакал да се смени, да ме слуша повеќе ама ај да видиме. Најголемата кавга ни беше кога прашав дали ќечуваш деца кога си слободен за оваа година да најдам и јас работа. За што една баба е невозможно да се снајде. Кога ми рече не, експлодирав буквално и кажав и што треба и не треба. Ама ајде да не замарам тука. Годинава планот ми е конечно да најдам работа макар тоа и на последниот ден од годинава да е. Зашто ова седење дома, работа низ дома и обврски убива. Панични напади добив последните денови од лани. Ама како врват деновиве осеќам како ми се смируваат главава и нервиве и сфаќам дека се нервирам за без потреба. И тоа е. Други цели не си ставам, нова јас бла бла тоа никогаш не ми успева. Тоа е мајки. Имајте убав ден, да допија кафе и да правам ручек. Живели за домаќинскиот живот напатен .
Здраво МАЈКИ(со големи букви,зашто заслужна именка е! Ви посакувам Срекна Нова,повеќе насмевки,оамлку грижи и многу гушко со најмилите! Конечно седнав да јадам.....Припазувам божем што јадам,ам не се откажувам од нутелата Дете све супер околу НГ и градинка истеравме со пакетчиња,ам авчерами се раскашла многу и си го оставив кај баба на чување.После работа од таму директ на педијатар д а го преслушаат-добивме само инхалации со физиолошки.И навистина веќе денес подобар е.Тоа инхалаторот ми е меѓу подобрите инвестиции,ина одмор си го зимаме Следуваат четри дена одмор...да си се изнагушкам со милото мое.. Се читаме имајте убав вечер
Добровечер мами. Конечно да се испружам. Бебчо спие а големото нешто на компјутер со мм инсталираат. Конечно малку одмор не можам веќе,денот едвај го издржувам. Денес бев кај кумата на гости да однесам пакетче за девојчето и се намуабетивме од кога не сме се виделе. Уз муабет се потсетив колку минатата година ми беше долга бидејќи многу малку време поминував во спиење. На почетокот ми се лошеше од бременоста после рано станување за на работа после жештините после се породив па неспиење со бебето... Ама па најбрзо ми помина. При крај сме со дај ми го - на ти го со пакетчињава единствено што ме изнервира,мислам не дотолку ама ми беше онака.. е тоа што и за синко кој има близу 7 години и за бебе од близу 5 месеци добивав исти пакетчиња - со ситнурци од благо солено. Мислам реално боље ќе беше само за големото да даваа одколку по две за кои бебето нема никаква корист да има. Ама тоа е. Забележав дека луѓево уствари гледаат да помине од редот а не да дадат прикладно за возраста. Во фамилијава имаме уште едно бебече 2 месеци помало од моево па јас за него спремив пакетче со марамчиња крема и сапунче, прикладно за негова возраст. Изгледа јас испаднав будала. Ама ај. Памет за друг пат. Големото па се радува што ближи коледе ќе одел да собере парички со помалите деца од свекор ми. Нека шетаат по селото барем нема да го думам нема да е сам. Добро е што нема снег (сеуште) а се надевам дека дотогаш нема да заврне. Е арно ама му е жал што го напуштил школото и заминал на распуст не верував дека ќе слушнам дека сака да оди на школо и да учи. Е сега по дискусијата со една снаа од братучед на маж ми која не е од нашиот град дискутиравме дека распустот е скратен од 3 на 2 недели односно од 1ви до 15ти е ама па нас ни рекоа првачињата продолжуваат од 21ви. Е мене веќе ми се приспа ме сомрзе и да пишувам,па додека спие и бебчо да подремам и јас којзнае кога ќе ме разбуди за цицање,нему не му е тешко ама мене ми е заморно кога ми се нарушува сонот. Па женички имајте пријатна ноќ.
Среќна Нова. Живи и здрави да сте. И бебињата и дечињата. Топли срца и топли домови. Да ви се убацам ко џокер у покер. Демек падобранец не сум, ама имав страшна желба за летање. Фала Богу ми помина. Не за друго, мајка ми стресови доживуваше од вакви екстремности. Ниту едно дете не ми беше заспано до 11. Сама бев цел ден, мм заглави. Касно си дојде и му ги оставив сите три. Со девојчињата го поминавме "ритуалот" демек беа пред успивање. Приказни, читање, песнички, раскажување како сме го поминале денот. До 9 најдоцна ми се сите заспани, ама денес, кога сум најуморна ја имав таа среќа ете, едноставно да не им се спие. Значи ич не го сакам Марфи. И бебето го средив, нацицано, избањато, ама во екот на играта. Па ајде и ќерки ќе се бањале. Им напунив када, сакале да попливаат бе. Траеше цели 3 минути. Протестираа, не им беше на мерак. Оти у друг филм се влезени за бањање. Па наочари за нуркање, па купаќи, на краул на меѓународен идеме. Е ги рипнав ритуалите и воведов други, старо-нови. Денес беше бањање со шатчињата од бебето. Демек фајф литл дакс ќе ја пееме. Ја надминале фазата, ми пораснаа децата. Па ајде пица сакале за вечера, а со пицава на глава ми се качија. Кој што прави, јас пица. Можат 24/7 да ја јадат. И ги легнав така за џабе, а не им се спие, без врска "форсирање". Станавме, се ставивме на цртање. Лампиони. Висечки од облаци и лижавчиња паѓале уместо снег. Иновативни ми се децава. Бебето го легнав доле со играчките. Мачката борба водеше за тропалките. Ја испуштив едно време од вид, она у елка се бутнала. Ништо ново. Си дојде мм и како топло лепче да чекав. НЕ ПОСТОЈАМ! Најискрено, едвај чекав да останам сама и да не правам ништо. Си ги зема, си ги изгушка и ги заспа. Кога бе? Жими се не знам како му успева во рекордно време да ги успие. Само мене ме зезаат. И ми вика ај сега да гледаме филм. Викам ти гледај си, јас со самата себе ќе си седам, ништо не ми се прави. Епа ок вика, јас ќе ги почувам. Шо ќе ги почуваш бе, спијат. Проверувам сега у спална, гушнати сите четворица, спијат. Он е на 30 см од креветот. Треба да го будам, да ги префрли девојчињата. Штедам многу на кичма, страшно лошо "е*ана" ми е. И така. Изгледа ќе останам до подоцна да не правам ништо. П.С. Ба ба блек шип по ново се пее: ба ба блек шик еномено но, јес на јес на...
Утро! Пак јас. Ете така ми дојде да пишам, ја отворив темава и убаво ми е да читам дека не е само моето секојдневие лудо. Дека имало и други со три деца. Дека мене луда ме правеа кога останав бремена. @Lianna Anna не знаев дека имаш три, нека се здрави и живи. И јас исто секогаш мм ко топло лебче го чекам. И нему мирни му седат. Јас викам па седат кога мене последната капка сила ми ја исцедиле па и тие немаат веќе . Денес убав гледа денов сончев. Ако верувате во новава само до кај свеки на први бевме на честитање и немам излезено. Па и ладно е, аха се тешам така зашто ме мрзи да пакувам три деца. Па ај денес ќе подизлезиме. На роденден сме па ќе шетниме ако не се засили северко. Ќе појдам и кај мајка малку таман ќе оставам деца, јас да пазарам нешто за Бадник. Лани спремав мини пакетчиња за дечињава со бомбончиња,парички, овошје, костенче,оревче. Годинава неџнам дали ќе стасам. Нема мн деца секако кај нас, комшивчињата ни идат. Едното е бебе па ќе му спремам бебешко пакетче прв Бадник му е. Ги сакам многу овие два празника, многу ми се волшебни и убави. Па да се спремамм достојно на нив. Убав ден!
Утрово се замислив нешто а испровоцирана од муабетите на стариве од типот јас две деца изгледав ти што знаеш. Демек нели ние сме сега мајки и мчади сме и као не знаеме а стариве као знаени се родиле па изгледале деца. Ве читам тука има женички со три родени деца па уште комуницираат прашуваат споделуваат искуства па не чув бе тие да рекле јас ехе еве трето дете чувам што е тоа за мене гола вода јас све знам... ама ајде да не го вртам муабетот на лошо од сабајле. Моите сите тројца спијат. Маж и синко грчат од ноќеска нив мува не ги лазе,бебчо стана утрово кај 4ипол за цицање после 6 саати сон ама па и тоа не чинело,да врзеш сон. И јас ко вампир од 5 сатот се думам што да правам нели 6+ сат сум спиела а сон веќе не ми иде. После таман дремка ме фати ете поминале сатите и пак си стана. Се поматкавме уште помалку од 2 сати и еве си почна со дремките на секои два часа по 20 мин. Е ама јас за тоа време ќе си пијам раат топло кафе. Нешто за верував дека во наредната година нема да се случи. Епа да ве дочитам да допијам кафе па после Јово на ново да се маткаме со децава на рати со мм зашто ме чека обврски а и да го искористам додека е на одмор. Имајте пријатен ден.
Добар ден мајки Прв пост во новата година. Колку само нередовна сум станала пишете ми неоправдан, заслужувам Патем, среќна нова на сите, само убави нешта да ви се случуваат во оваа година! Ние стандард, новата ја пречекавме дома. Имавме и друштво не беше лошо, синко имаше со кој да игра па и дека поголем не можам да се пожалам. Имавме неколку случки на новата, малку ни фалеше да кречеме по дома Прво ни пукна вино (црвено) само од себе, му летна тапата како куршум и почна да тече, за среќа надвор на терасата ама затоа настрадаа тендите на комшиите и алиштата што им беа спружени Друга случка, на полноќ мм отвара шампањско и кога тапата летна на гипс картонот додека се осигурив дека нема дупка крвта ми се заледи По се игледа бериќетна ќе ни биде новата а? Надеж Друго се по старо. Дете добро е, од вторник се враќа во градинка, јас се враќам во школо, мм си оди на работа без изостаноци Утре треба да се прави баклава за Бадник, ако имате некој убав рецепт пишете го. Убаво е што овде на 6ти е државен празник па таман и ние уживаме во кругот на семејството. Одам да спремам ручек. Повеќе ќе пишувам наредниот пат, ветувам. Поздрав жени
Здраво! Се токмам од сабајле да седнам и да пишам ама ме спобудалија деците и реално немав време. Не дека нешто важно ќе споделев, ама сакам некако да и се навратам на темава и почесто да пишам. Си пијам кафе, малата нане, големата игра во соба ( конечно на раат) Душа ми вади малото додека да ја заспијам... просто нервозна станувам додека бидне тоа да конечно спие. Сега ново и е - љуљи мене аце ( лулај ме мене во раце) а она цело ќофте од 14 кила, е лулај де. Кичма ќе ми откаже, осеќам веќе болки. Од друга страна пак за 10 минути е заспиена ( без нишкање и по цел час се заспиваме ) и кога ми е во раце најблиску си ја осеќам, си ја гушкам, си ја мирисам Љубовче мајкино! Иначе болна е малата, гнојна ангина , со антибиотим лечеме. Па деновиве ми е мајмунче закачено за мене. Мислам... она и онака е се по мене. Големата дада ете раатски си игра во соба без да вика по малата. Срцки ми се двете кога заедно играат ама најчесто тие игри завршуваат со плачење од големата оти сестра и се и растурала. И точно е, малото прави белји. Роденден спремаме, беба ќе полни 2 годинки! Јупиии! Веќе ја пее Хепи Брдеј ( на нејнк начин ама тука некаде е) и кажува дека ќе полни 5 ( и вака со рачето ) оти нели дадата има 5 па и малото сака да има толку. Се што има дада е поубаво, поинтересно, попривлечно... ова ме потсетува на мене кога бев дете и сонував да бидам иста како мојата Дада, сестра ми пак не беше нешто среќна што ја имитирав Малата тренира и да дува свеќа ама добар туш прави па не ја форсирам многу да научи оти... нели... знаете... туширана торта Ама ќе биде добра журка Спремни сме! Поточно спремни се, само јас уште не сум си купила облека! Жени, ќофте станав, многу се испоправив, и пред празниците и сега по празниците... од 63 на 67 отидов! Немам време за слабеење. Се се мислам таму кај Унките да се збркам и да си фатам диета... ама никако да почнам! И такачка... долг пост испадна ова а мислев немам што да кажам! Убав ви ден!
Извинете однапред на долгиот пост ама морам некаде да се искажам. Денес ми е роденден или ми беше поточно кажано. Полни 30 Синојќа кога станав во 00.30 часот посакав само да ми е жива и здрава Антонија, и тогаш како наеднаш да ми светна дека последниве 10 месеци живеам само за неа, и ми се наполни душава, ама пак, некако како да ми падна криво за себе?? Сабајлево станавме (по бурна ноќ со многу станувања и плачки и нишкања)и правам доручек, ја ранам а она некако кенкава, ја проверив убаво и оп долу распукано непцето за десниот кец, брааааво, второ запче. Си сварив кафе ама не можам да го испијам, сакам со цигарче надвор а нема на кој да ја оставам. ОК е Паркер, ќе го пиеш кога ќе се вратат баба и дедо од кај и да пошле. Си поигравме и лазевме околу 2 часа, инаку Антонија научи да се исправа на гарнитурата и на масата на која имаме потпрено огромна тврда перница ама не научи да се спушта на газето па мораш постојано да и помогаш да седне зошто ако тресне на газ ќе плаче мислиш главата си ја удрила. Ама девојчето сака да научи па едно 20пати во тие два саата си се исправаше и бараше помош да седне. Требаше да одам да си купам торта а на беба и си спие, немам на кој да ја оставам.Маж се врати од трета смена и нормално треба да поспие. Ајде и дојде време за прва дремка јас нишкај таа плаче,абе 40 минути ја успивав. И стана за 30 минути. Дојдоа баба и дедо, се облеков да одам по торта ми се јавија да дојдат моите, после имале обврски. Саат време со нив,маж стана, фала му, он појде по торта. Спомнав дека Антонија со молење едвај по 80 грама да изеде задоручек и ручек и една банана за ужина? Ајде дојдоа сетра ми,золва ми,Антонија си игра со братучедите ама кенкава ми е, ја чепкам нема температура и ја загледувам едното увце скоро па модро кај ресичката. Да и загнои од обетчето. Одма ја земам пробувам да ја откопчам вришти дете зајдува. Се тргаме во соба пробај јас, пробај маж ми, не можеме. Налет и обетка и се, механизмот за откопчување навлегол во увцето. Среќа сестра ми влезе во соба, држи ја ми кажа, со еден потег и ја извади, крвови кога почна да тече, гнојче,плаче Антонија плачам и јас со неа. Едвај се смири. Па кога си почнав што мајка ќе бев јас кога не и го забележав порано, ама вчера ја бањавме, ги тапкав ушињата, ми текна се сликавме, гледам слики,зумирам, нема ништо модро ама може било црвенко, требало да видам, да приметам. за пола саат беба се врати во нормала, си играше, си пееше, ги испративме гостите, ја пресоблеков, ја надоив и успав. Од 9 до сега три пати плачеше во сон. Оф бе мајкина,сигурно го преживува денов. Мене нека ме боли неа ништо да не и. Инаку и дадов пола доза ефералган да и ја смири болката. На увцето уште има крвче засирено, со што да и го исчистам? Претходно ставив хидроген 3% ама со газичка и поминав, да не ја трауматизирам дополнително. Маж ми пред да појде на работа ме праша зар ништо не примети од сабајле, го погледнав и само прашав а ти и толку беше. Не добив подарок од него ни за н.година, ни за роденден, планирал да сме оделе "некој ден" накај моловиве па сама да сум си одберела Заврши и денов, од утре подобро да е за сите.
Си кажа, си олесни. Сите се чувствуваме немајки во некои моменти, во некои ми доаѓа да пукнам, па кога ќе ги видам децата си викам 'седи кај ќе пукаш кој ќе ги гледа подобро од тебе'. Си се карам и јас со мм кога ќе ми прекипе истото секојдневие. Се на се, ти ја сфатив емотивноста и поентата во постот и сакав да кажам, не си сама. Среќен роденден
@S.J.Parker исто е со сите.. мајка.. Само мора некако да научиме дека и за себе треба да гледаме повеќе.. и јас мислам дека овие 4 5г само за децата живеам, себе некако како да се запуштив. Мм го научив минативе години дека ништо не сакам, да не трошиме пари... На 4ти Дек род ми беше, на 6ти годишнина, и еве новава година... И ништо не добив, а ке бев среќна и со еден букет ама ете тоа е, јас сама така си направив. И исто и он ај да одиме да си купиш нешто... А ја будала со се малата во ладното и на дожд со такси и автобуси до Гтц трчав да купам поклон за него. Психички многу сум падната овие 2год и мислам да се вработам дека малку ке се опоравам. Ти работиш ли? Немој без работа да се оставаш... И не штеди никој. Инаку доста е хидроген за увцето... И провери да не и се мали обетчињата, кај малава мали беа и одма приметив дека и се пикна механизмот, па земав и вратив медицинки и купив нови... И новите ги стерилизирав со сода и вода, таман и се и не и направиле проблем. И нека ти е најсреќен роденденот!
Паркерче најсреќен нека ти е јубилејниот 30ти. Требало како кралица да го прославиш, јубилеи треба да си славиш. За обетките на малата мислам дека свекрва ти и мажот ти беа задолжени, они на три месеци сакаа обетки па требало да ја видат подобро од тебе. За паѓањето имам совет да ја оставиш да паѓа и да не ја придржуваш и правиш контра услуга. Они се така гумени на газ на тепих не и е ништо. Потоа ќе паѓа повеќе мора да научи да се симне на газ сама. Во врска со поклоните и запоставеноста читајќи ја мариз тука сме сите негде. Јас се изгубив тотално годинава, едноставно исчезнав она што бев јас. Се запуштив, само брзам некаде, само гледам на сите да им е погодено и кога ќе се погледнам на огледало сум многу огрубена. И јас викам не сакам али и покрај тоа добивам и да бидам искрена ми се полнат очите со солзи кога ќе добијам поклон, а ми е неочекуван. А и не ме оставил без нешто, туку јас не сум купила ништо неочекувано од што занемарив се. Планирам на вечера да го носам штом ја одбијам малата не сме биле од кога е родена. Па така ќе компензирам бидејќи многу сака такви интимни вечери во нови и интересни локали, а баш имам еден бразилски во комшии со еден долг шанк и многу урбан само го споменува. Во новата година си ветив дека ќе поработам на себе, бебето ми расте во одлична средина, сакано, згрижено, на чисто, без стресови и викања и мислам дека тоа е макс што можеме да и го дадеме за стартна позиција. Сепак треба и за мене да гледам малку, почнувам на работа ќе се вратам во реалноста за скоро. Вчера идам на шопинг за мене ништо не си купив, пак во бебешки дел шетав. Тоа под итно мора да исчезне од мене оти мојот шкаф е необновен, а нејзиниот нема место нема ни потреба од се тоа што мене ми текнува. А за мене станав скржава Не ми се даваше ни денар, само велев имам ова, имам она и си дојдов без ништо со изговор дека се лажни попустите, а мене ми допаднаа многу работи али... Идеме во четврток во комшии во Австрија на зимовање. Ќе ги оставам на снегот со се Жоже да се бркаат, а јас идам на сауна и масажа. Ете токму од таму ќе почнам да ја остварувам замислата за годинава. Има да ме има и мене во животот оти 40ката на врата ми е немам ни ја оних 18 година што би рекол Мерлинчо.
Паркер те читам и се чудам колку сличности имаме. И јас прославив 30ти роденден пред 5 дена и мојата се вика Антонија и е 9ипол месеци. Поклон за роденден добив само букет цвеќе, за другото рече мм да излеземе сама да си изберам оти сум многу маанџика. За секојдневието да не зборувам, исто ко јас да сум пишувала. Заби избиваат, се молиме за јадење, обожава да се исправа по мебелот а не е кадарна сама да стои, па поголемиот дел од денот клечам до неа за да не падне. Ако ја спуштам на земја почнува да плаче, сака да стои детето. А да ја оставам сама ко што рече Фри уште не можам оти паѓа право на глава, не знае уште на газе да си седне. Моментално тоа го вежбаме. За кратко тргнувам на работа, а мм нешто крои планови да заминува за странство, како ќе се оправам сама и со двете деца не сакам ни да помислам...