@S.J.Parker Сите сме имале денови како твојот, ич да не се секираш, не си единствена. Сите сме се чувствувале како немајка на годината заради една или друга причина. Така се старее. Мене мојот роденден ми е многу битен, секоја година го славам на велико. Лани за роденденот малово имаше 3 недели, ја поминав цела вечер со нејзе во раце со вриштење, тогаш баш и почнаа грчевите. Годинава правам 30ка и јас, ќе најдам начин да славам, па што сака нека биде. Нормално е да живееш само за детето, нормално е да го сакаш повеќе и од себеси. И јас сеуште правам многи работи против себе, само за неа. АМА! Одам на работа, одам на кафе, одам на шопинг, од кога ми заврши породилното, максимално ги користам бабите за имам време и за себе. Зошто ако јас сум среќна кога ќе влезам дома, седнувам на земја и си играм до заспивање. И моето дете заслужува среќна мајка. А не таа што бев лани на роденденот кога сакав да ја фрлам од тераса Се на се, не се грижи. Животот ни е сменет, без разлика што се запоставуваме, сепак на подобро е сменет. И ќе најдеш баланс во еден момент и покрај овој потежок период. Еден ден Антонија ќе ти рече "одам во диско, чао" и мема да знаеш што да правиш со слободното време.
Среќен роденден и од мене Паркер Изгледа фаза е на секоја мајка да се запостави таа самата во процесот растење на бебето. И јас го делам мислењето со вас. Зошто татковците малку не се запрашаат како ни е? Или подобро речено оти ние не им оставиме некој ден да видат самите како се чувствуваме? Јас искрено во план сум. Немам јас душа? Плус млад брачен пар сме, прво бебе. Ако сега не поставам ред и не си го кажам мислењето, после ќе немам прво. Самата сум си дозволила да е така, така ќе биде речено. Затоа нема да се случи то. Иначе сме во скокот во 6ти месец. 2 дена ни ден ни ноќ немам спијано, бебуш по 3 пати ноќе се будеше. А плус после ручек другарка ми е најавена на гости. Планирам сега да направам едни кукис, друго ќе купам готово. А мм денес ќе си поседи со ќеркичката.. Не знам само колку, оти почнавме и со то да ме бара постојано, само да ме гледа и е мирна. Ќе пишам пак како ќе поминам денес. А за одлуката, посветено време за себе, донесена е од пред НГ, и ќе биде остварена, I promise
Ве читам и фала ви. На маж ми утре му е роденден, мислев да не му купам ништо ама решив да му купам. Јас него го запоставувам, а не треба.
Исто. А не дека не добивам се што сакам. Можам се да си дозволам ама сум се запоставила несвесно.. се за нив, и што треба и што не треба им купувам. Исто одам во шопинг и оп у детски дел скршнувам @TeddyGrey купи му, немора којзнае што. Јас обавезно па му купувам милка срценце и некој подарок (капче, некоја блуза, новчаник, упаљач некој убав дека пушач е).. или пак му правам торта, еднаш му направив срце пица Купуваше и он ама годинава јас инсистирав немој ништо, а после криво ми беше Особено овој роденден и оваа нова година најкатастрофални ми беа... Другата нема да дозволам, има гласно да дадам до знаење дека сакам внимание, да прославам, да добијам некој подарок
Мојата постојана болка откако се породив сте ја начнале. Почнав пак да пишувам на долго и широко, ама избришав. Откако тргнав на работа поуморна сум, ама поисполнета. Сфатив бракот е како жива материја. Мора постојано да се вложува во него. Како на пример сексче рано, рано сабајле додека дете уште спие. И денот е повесел.
Ај здраво и од мене. Имам пишувано како честопати се осеќaм дека исчезна откако се породив. Мм ми купува подароци, не ме оставил без внимание ама јас сум таа што се изгубив скроз во грижата за синко. Откако тргнав на работа живнав малку, ама пак не правам ништо за себе. Е, си ставив нокти единствено, одам еднаш месечно на маникир од еден саат. Синоќа излеговме во кафич прв пат со мм откако е роден синко, значи после 13 месеци скоро. Демек ај да се собереме со друштвото оти за НГ сите на разни страни бевме. Куку Леле свиреа во локалот, и не беше лоша атмосферата. По еден саат ми ѕвонат баба му и дедо му дека вришти и не можат никако да го смират. Претходно кога сме оделе по свадби и го чувале не било така. Си дојдов дома, цицаше и продолжи да си игра со нив, а јас се вратив во кафичот. Ама цело време го мислев. Башка и вода пиев таму, и на мм му реков додека не го одбијам од доењето не можам да излегувам никаде. Можеби сум глупава што не ги користам неговите повеќе за вакви излегувања наши, ама ете не ми е убаво. Не можам да се опуштам никако.
Среќна нова година мајки! Оваа година да ни биде исполнета со многу среќа, радост, убавини, насмевки, љубов, а пред се здравје! Нас не ни почна баш убаво, уште на 29ти Дек малата ми кашлаше многу и дај ова дај она, не шетаа и на крај направи пвемонија и сега си лежиме во Козле, тука ке сме и за коледе и за Божиќ, па се изнаплакав дека овие празници секогаш дома сум ги поминувала... Да е полошо и синко кашла многу и вчера го однесе мм до Козле го боцнале Урбазон, имал спуштено и он, дале антибиотик, инхалации... Да полуди човек Малата побудале, го бара брат и, ме тегне да си одиме дома, чизми облекува, дели се за брат и.. И купив чокобисквит и го поделив на две за полесно да го јаде и вика: Ова Тео, ова мене. Паломи имам во боја разни и зима сина боја ова Тео, розева ова мене Плаче вика Тео Тео Тео, па тато, па баба, па дедо.. Па беља не изгледа подобро, полошо изгледа Се уби од кашлање, како напади на кашлање има, по 30мин кашла без прекин... Дојде визита ја слушна сега и вика малку подобро... Не задржаа кога косата ми беше веќе за миење и не сум ја измила дека тон коса имам, а и неможам од неа, не спие... А навечер да се бањам кога ке ја сушам... плус многу се слуша, ке ги разбудам сите додека се избањам... Па сега ке прашам дали може да дојде свекрва ми бар на 3ч да одам да се избањам дома И така.. кажувајте некоја занимација за 2г дете за во болница зашто ке побудалиме... Убав викенд и среќни празници мајки А сега видов дека и другиот муабет тука го префрлиле
Му купив маица од Адидас. Знам дека ништо не очекува. Ќе биде прерадосен. Не ми се смејте, лани дадов поклон во плик.
Многу ми е тешко што ќе се вратам на работа. Многу е мал 7 месеци. Немам чувачи... се запишав на пилатес, се отпишав. Не се чува ова дете со никој. Да си кажам... да ми олесни
@TeddyGrey @Spidy Женички а не мислите дека поклон треба да биди нешто лично за вас? Пример обетки, фустан, книга итн.. Мислам ми ја сфативте поентата. Значи нешто за вас, а не куќни апарати или ствари за по дома. Тие ако се потребни, и онака ќе мора да ги купите. Со најдобра намера ви го пишувам коментарот. Убав неделен ден женички
@supergirlmb Јас самата се прогласив за луда кога почнаа јаките болки на пораѓај. Среќа па на бепси му се брзаше и заврши се многу брзо. Одма станав нормална. Јас и мојот "напрчен" стомак со двете на шопинг. И касиерката ме прашува, а сега што носиш? Машко. И добивам тука одма охрабрувачки и олеснителен поглед. Добро е, нема да главиш само со женски. И малата и вика, пааа, штета што е машко, ние женско сакавме. Ама јас уште си го зезам мм како излегува на крај со 3 жени, а башка и мачката е женка. @S.J.Parker Среќен нека ти е јубилејниот. Ич да не се смараш. Сите сме имале моменти кога сме се почувствувале така. И мене ми се има истото со обетката случено со помалата ќерка и не приметив навремено. Ќе се осмелам и да ти кажам да ја оставиш малата да научи да паѓа. *** Јас бев скроз "изгубена" и излезена од колосек кога ја родив првата ќерка. Од сегашен аспект, можам да кажам дека најтешко ми беше со првото дете. Не дека сега ми е супер лесно, ама сфатив дека со раѓањето не завршува животот и не сум себична ако се грижам и за себе и своите потреби, ако вложувам во бракот. Периоди се, поминува. Датуми паметам. И јас и тој. Родендени славам и поклони добивам. Добива и тој. Нема да се налутам за спротивното, ама верувам дека би ми паднало тешко и криво. Оти вниманието ми значи. Навистина. А помошта уште повеќе. Не е како претходно, оти нормално, се се врти околу децата, ама се трудиме и двајцата да не се запоставуваме еден со друг и посебно ми е драго за тоа. Спојлер Користете ги сите слободни моменти за заедничко време поминати со мажите. И оставете ги мажите да бидат мажи. Оставете ги да бидат татковци и да ја делат одговорноста. Немојте со оправдувања иде на работа и уморен е. Вие што правите? Не сте уморни? Не ви почнува денот во 4, 5, 6 утрото и спиете до 12? Врзувате цела ноќ во спиење? Ако ништо друго, они ја спијат цела ноќ. Како што може жена да е способна да иде на работа, да доаѓа дома и да чува деца и да средува домашни обврски, притоа и ноќта да бдее над детето, така може и маж. Сигурно имало денови и кога ниту еден нормален муабет со возрасен не сте свртеле, ами само со децата. Организмот го постигнува својот максимум и паѓа психа. Од каква корист сте така за децата? Оставете деца на мажот и идете на кафе, на шопинг, на фризер, на маникир. Или едноставно седете си сами со себе и не правете ништо. Ако бебињата не ви цицаат ноќе, а се будат, поделете ги саатите со мажот. И вам ви треба одмор и вам ви треба сон. Тоа што сте на трудничко, не значи дека не сте уморни и дека мажот не треба да учествува во одговорноста! Како сакате разберете ме, нека бидам и најлоша, ама јас ова никогаш нема да го сфатам. Па не сте ги направиле децата сами. Излезете од тој ментален склоп и споделете ја одговорноста. Учете ги синовите и ќерките дека одговорноста тежи еднакво на двете страни. На дете му треба среќна и одморена мајка, за да може да одговори на неговите потреби и да помине квалитетно време со него. Не дозволувајте никој да ви наметнува грижа на совест. Прекрасни сте такви какви што сте и го правите најдоброто за вашите деца. Happy wife happy life, they say!
Па знае да ме изненади со некоја ситница често. Добивам парфеми, долна облека без повод. Ова ќе го барам зашто се чека прилика 'пари' да се зберат. Не се возбудувам многу за роденден башка што знам дека барем цвеќе ќе добијам посекако.
Даа!! Подршка за мислењето. Јас и сега гледам да ги делиме со мм обврски или колку можи повеќе да му ги укажам истите работи шо ги напиша. И да ме разбира, ама малку потешко му оди, оти Знајте кај нас со какви сфаќања биле нашите родители и пренесено е на нас. Кој излезе побрзо од таа свест(несвест) , подобро за него.
Скроз си во право. Ама не сум тип што се дотерува и шминка, само нокти што си правам редовно. Кога сакам поклон, стварно сакам нешто практично. И маж ми е ист, стол за работна маса последно му купив иначе дека сите жени заслужуваат да се размазувани од мажите, сосема го поддржувам тоа
Истите прашања ми ги поставуваа и мене. Само обратно кога ќе ме видеа со две машки и стомакот, а сега какво е. Со оглед што скоро до 7месец не знаев сигурно велев незнам, здраво живо да е. Па леле ако е машко што ќе правиш со три, треба станови куќи. Уште ме држи лутината а мислам дека цел живот тоа ќе ме боли што никој од најблиските не се израдуваа на веста. А сите пукнати за девојче. Па кога точно ми кажаа уште ги мафтав дека незнам. Затоа сега многу многу не барам никој. И сетоа тоа правење супермен ме кошташе здравје. Ментално. И физичко. Се наоѓав себеси во мигови каде сакав да ме снема, да се убијам негде. Полудев буквално. Мм најмногу придонесе за тоа. И сабајле ме прашува дали бил подобар годинава. На старт си му велам, многу имаш за оправање. Ако ме сакаш и ако сакаш да функционираме ќе се трудиш. Знаете имав денови кога буквално немав со кого да зборувам.Баш немав. Секој по својот пат никому не му е интересно муабети како моите. Цицање, менување пелени, готвење чистење. И се така во круг од кој немаше излез. И не, не сакав да си признаам дека имам проблем. Имаше денови кога се затварав во соба во темница и се губев. Ама фала му на Бога, навреме се свестив. Дека никој не може да ги сака ко јас. Дека им трреба мајка им која беше полна со живот. Најмногу уморот го направи своето и мојот инает дека не барав помош. Ни па некој ме праша како сум. Ама ете помина, ене ја први чекори прави а со неа и јас ќе чекорам кон подобр јас. Извинете вака на суровава искреност ама тоа е. Имајте убави денови мајки не живејте само за децат. Нив им требаме со мирни главии.
Маженцава мои нанкаат,љубов ми се најголема...Првин мм заспа па потоа дете се предаде и сега двајчата хрчат.А јас лежам, ги гледам и не ми се верува дека од една љубов се роди мало ѕверче,а веќе и тоа ѕверче веќе порасна.Колку брзо поминуваат годините... Знаете чим постот вака го почнувам со љубов,тоа е така дека сме сами тројцата.Свекор и свеки се во село на гости Три дена сами милена... Деновиве без брзо поминуваат,па поседе уште некој ден пус убо би ни дошло на нас.Ем помирна главата не слушам кај што се "јадат" меѓу себе,ем домот ми е почист,ем правивме што сакаме. Првата вечер без нив имавме гости,си поседивме рајат муабети,смееење до солзи. Вториод ден дома поголем дел од денот бевме сами со дете,со душа го чекавме мм да си дојди и лудувавме по дома сите тројца.Пеевме песни,игравме на нив,се "тепавме" со перници и нај крај следувапе гушкање. Трет ден тоа вчера.Мм на работа од 7 до 7 јас и дете излеговме. Бев на заболекар,требаше да појдам на 20 декември за бломба да му стави,ама денеска-утре.... и дојде денот.Јас додека седев на столот,дете си зборуваше со сестрата.Јас станав и додека плаќав дете си седна на столот и ја отвора устата.Па да му го направат кефму ги проверија запчињата и го повозија на столица . Оттаму договорени бевме со брат ми и еден братучед да седниѓе да пијаѓе кафе.Ама тоа кафето низ нос ми излезе,еден сат вртевме низ кафичите за да најдиме слободно место. Најпосле најдовме седнавме се видовме и ај да си одиме со дете,вртам такси да дојди пред една кладилницата.Одиме со дете и стои едно такси го прашувам дали е на повик ми вели да,јас си влегувам и слушам некој вика како луд.Се вртам,еден човек вика дали вика дека негово било таксито чекал 10 минути.Не сакав да се карам пред дете излегов од кола,а таксистот ми се извини 100 пати.. Дете се разбуди Одам да ручкаме,па ќе спремаме со дете пакетчиња за малите коледарчиња. Допрва треба и сармички да правам,но овој пак малку колку за адет што вика стари. Важно баклавата е готова па ќе ве почестам во другана тема.
Добар ден. Ние одмараме, чистевме денес комплет да ни е средено за деновиве. Морам да кажам дека некој период веќе си одржувам све чисто, не како порано. Ама, откако се средив самата себе имам и желба да ми е чиста куќата. Била до друго нешто работата, ама ете, додка сфатам... Малата гледа цртан, првиот за денес. После ручек, па играње, бањање и спиење. Се надевам порано ќе заспие бидејќи имаме планови со мм. Нас тешка ни беше некако првата година додка се привикнеме и двајцата со бебе, да се средат хормони, да си фатиме ред. Имаше и мрчење, карање, ти вака, јас така, се по ред. Ама и двајцата знаевме зашто е, знаевме дека си се сакаме, ама уморот и неспиењто си го права своето. Потоа си се доведовме и ние во ред. Сега веќе сме си скроз старите. За поклони мене воопшто не ми значи дали купил или не, нити пак јас за него се замарам нешто посебно. Многу повеќе ми значи кога сабајле не можам да станам, а он иако е мртов уморен ќе ми рече спиј ти, јас ќе станам, ќе ја нарани, среди комплет, па ќе испазари за дома и оди на работа. Ми значи кога ми е тешко нешто и ме слуша со внимание, гледа да ми даде совет и да ми помогне. Кога ме гледа нервозна и ќе земе без збор ќе ме гушне зашто знае дека тоа најмногу ме смирува. Или кога све го боли па јас го масирам, иако и јас сум при крај со сили, кога ќе стане сабајле и го пречекувам со топол доручек и бакнеж, кога и двајцата немо со поглед си кажуваме дека се сакаме... Тие ситните работи за мене се тие што го одржуваат бракот и љубовта. Сега барем, во оваа етапа од животот. @S.J.Parker воопшто да не се замараш или да си ставаш некаква грижа на совест. Сите сме луѓе, на сите може да ни се случи. Срам ми е дури и да напишам јас што направив. Ама си простив некако. И се согласувам дека запоставувањето не треба да се случува, ама кога се бебиња е некако неизбежно. Премали се и целосно зависни од нас и тоа си го прави своето. Понатаму веќе работите почнуваат да се враќаат на старо како се има и повеќе време. Кога беше бебе јас не можев да мрднам, на мене спиеше, од мене цицаше, постојано во раце, па малку ли се имам жалено на темава. Сега веќе се осеќам и како старата јас, вежбам, читам, излегувам... Има надеж мајки. Ајде, имајте убав ден сите.