@mariz ние коа бевме во болница подот го бришев со алкохол и со топчиња си играше, возеше колички, редеше коцки. Таму и се навлече на цртани. Долго потоа едвај ги откачивме. Таму и почна цуцла да бара јер гладен а на диета нели со дигестивен имаше фрки мојов... Ќе помине и ова. Издржете. Барем сте на сигурно. Околу реин што спомнала.. И јас сум тоа што бев, само помудра, постабилна. И секогаш пред се мислам на син ми дали тоа му одговара па потоа на мене. Излегувам чат пат. Вежбам и дома и во клуб. Сеа посебно со лиценцата ќе е друго... Пинг понг си прајме со маш веќе година дена, без баби и било каква помош. Па ете, постигнуваме. За второ сакам, ама абер немам. А ни живци искрено. Можеби понатаму..можеби не...
Тешко ни е на сите во дадени моменти, ама се поминува, барем така се тешам. Да не почнам јас да пишувам т. е. да се жалам. Последниве, скоро 3 месеци ми се хорор. Скроз сама, со две деца во градинка, јас на работа, дома се на мене се чека, не можам на раат да се истуширам, а не пак нешто друго. Многу сум под стрес, нервозна, ненаспана, едвај се воздржувам да не викам по децава. Секој ден ми е борба, не застанувам. А испити имам скоро, не знам како ќе се појавам на полагање. Немам концентрација да учам воопшто. Не памтам ништо. Ама што ќе ти донесе животот тоа. Секое лошо за добро е, што и да е ќе помине.
Хаха истото го помислив Даве поздравам и јас Иста сум деновиве, мачно ми е, се ме боли, немам желба за ништо, само во трчање, во брзање и пак не се стигнува... 13 месеци плус 2, 3 од бременоста без сон што е многу многу е и самата незнам како издржувам без спиење, не бев фарбана 3 месеци, ќе се фарбав пред роденденот на синко тоа пред 10ти декември, па одложив пред Св. Никола, за на крај да се исфарбам на 31.12 немам време за мене, жими што се бричам редовно нокти така се без ништо цела година. Гардероба нова само фустанот за роденденот од синко, 1 пар чизми и она најбитното, долна облека, др се старо 2, 3 години Можи вечерва ќе излезиме во еден кафич, има еден бенд рок свират, 2 години не сме биле да ги слушаме ќе го оставиме синко со свеки нека се чуваат @mariz со помин да и е на малата, побрзо да си одите дома
Хелоу @S.J.Parker Среќен јубилеен роденден. Млада си ти. Јас во Јули ќе полнам две тројки. Летаат годините. Иако не изгледам толку стара, годините се тие и си ги носам. @TeddyGrey Среќен роденден на сопругот. На мојот минатиот месец му беше роденден. Поклон си доби уште во Ноември. Му купив јакна. Односно...му дадов пари сам да си купи. И он ми купува поклони. Некогаш и без причина. И за 8ми Март ми купува. Пред малку ги испративме гостите. Одамна не сме се виделе. Баш ми фалеше дружбата со нив. Штета што немам многу време за дружби. Не сум љубител на гости, ама има луѓе со кои сакам да се дружам и со кои си одиме на гости. Се мерев на вагата. Сум се поправила 2 кила. Од Нова Година па наваму само салати, кифли и благо јадам. И ете ти резултат. Утре ќе спремам за празникот. Коледарчиња ни за лек. Не знам што е работава. Кога бев мала едвај чекавме да одиме на коледе. По два - три пати сме се враќале дома. Сте пишале за фарбање. Мислам да се фарбам, ама немам време. А маж ме убедува да не си ја горам косата. Сега ми е пократка и полесна ми е за фарбање. Сама се фарбам. Еднаш дадов пари на фризер и ме упропасти. Два пати ја имам утнато бојата. Бев жолта како сонцето. Еднаш со Палете 100, а вториот пат со Мис Меџик. Ужас невиден. Сега се фарбам со Арома и задоволна сум. Поздрав. Се читаме покасно.
Добра вечер мајки Среќна нека е оваа 2020. Здравје, спокој и мирен сон кај сите. Кога го имаме тоа, за се друго ќе имаме сили да се бориме малку по малку. После долго време, ваљда од последниот мој пост тука, пред некоја недела, прибрав компјутерот. Со намера да седнам и да шкртнам некој збор. Две недели имаа децава распуст. Не знам дали има соодветен збор кој би опишал како се чуствувам...распаѓање е ваљда најблиску до реалноста. Се мислев утре ќе отвори градинката, кога во Баерн е празник, а и се е затворено за да испазарувам, па дури вторник. Ми се плачеше. Сериозно. ОД 06.30 се буди првото и почнува денот. Другите во 07 почнуваат да се ококоруваат. Се сеќавам на времињата кога викенд значеше да се наспиеш и да се одмориш...се плашам наскоро сеќавањата ќе станат толку бледи како да биле туѓи, не сопствени. Да се надоврзам на другата тема која сте ја зачнале. Променета сум, многу. До степен на непрепознатливост. Не дека постара, поискусна помудра.... Поуморна, со повеќе рани, повеќе болки и повеќе тежина во оној куфер кој си го шлепаме низ животов. Ја немам ни таа енергија да седнам и бош муабети да врзам, демек да се релаксирам. Уста не ми се отвара, прстиве дури одбиваат да типкаат. Немам сили ни да се објаснувам, ни да се докажувам, а на жалост ниту да дискутирам. Големата е .4.5 баш е разбрана во последно, но средната, 3г е во некоја тантрум и љубоморна фаза....беше страшно периодов. Цел божји ден плачеше, се задеваше, некои демонстративни потези во стил фрлање играчки или да бара се што држат сестрите во рака. Као летачки полицаец бев некој некого да не задре, некој на некого да не му украде нешто, некој да не се испентари каде што не треба. Најмалото ако го изгубиш од видик 15 секунди буквално ја начекував качена на трпезариска маса или работна од кујна и почнуваше да тресе газот да игра. Она жива среќна, во стил види ме што направив, а мене црни сценарија како лета со глава на земја веднаш пред очи. Некогаш се прашувам дали и другиве деца имаат толку енергија...Сериозно, моиве ме шијат. НЕ пијат никакви газирани, благо е под контрола, само некоја ситница после ручек, пешачат со саати, дома тон активности во игрална кои се физички захтевни...и пак се неуморни и натаму наваму. Секоја вечер седам и почнува се да ми се врти. Не преувеличувам, вистинска вртоглавица и нагони на повраќање (не сум трудна). Инаку добри. Секој ден шетавме во природа, по шумите или кај животните, дома давав се од себе да имаме конструктивни активности, иако не беше баш лесно со сите на купче, многу игри и забава во стил на градење на куќи од кебиња и столчиња и слични за сами да ја поттикнат и развиваат својата фантазија, што ме потсети на на моето детство... Иако и мали плачки и закачки во текот на денот, толку многу насмевки, убави моменти, авантури...мислам дека максимално ги искористивме овие две недели. И ние успеавме со мм да испаднеме навечер повеќе пати и одлично се спроведовме. Вероватно од таму и тој умор.Премногу се исфорсиравме овие две недели. Ај, кога ќе отвори градинката, со само едно дома, ќе одморам. Ќе напочнам батериите и одма ќе биде подруго. @mariz побрзо оздравување на малата. @S.J.Parker среќен роденден
Охохооо тука се развила дискусија на велико, у поглед на добивање подароци и последно време не добивам, одам бирам купувам и тоа е тоа, а сакам изненадување, да дојде со нешто па макар и чоколадо ама не бре, јас му купувам не толку често ама знам да изненадам у споредба со него. За фарбање кога како, некогаш на фризер, некогаш мајками, свеки, сестрами чак и сама знам да се нашлапам, зависи расположение , ама фарбата таа е и на фризернда одам јас си ја носам да не испадне леле мајко што ме најде. Малата спие, и маж спие, и старите спијат само јас сум бидна и роварам по дома, крадам од ќесите на ќере мора оваа душа од нешто да се врте. Денес бев и веедна и една колачи направив, мене ми се врв преубави се, сонурми, полнети со бадеми и ореви абе перверзија се. Ги спремав и коледарчињата само да дојде утрото, туку мн ладно кја нас, ветришта, ветришта ќе те однесе.
Ноќ мајки Изигравам стражар, ваљда некој тантрум, а по старо бес, бебево нејќе да спие во детска како ли сеќа кога го префрлам еве не знам одма се буди и у полусон ми вика таму и покажува накај вратата, у сред црна темница ако не станам, почнува да ме тегне, па ќе почне да вика и ќе се залепи за мене до степен да ме угуши од што ме стиска, ама озбилно, грклан ми стиска Утре е план да си постелам у дневна да спиеме, има можност, простор, топ ќе ни биде А вечерва ќе почекам уште малку и ќе пробам по трет пат да се префрлиме Вчера ми успеа од 5-6ти пат Неделава мина работно Е ајде, барем се заврши се и слободни сме комплет за празницииве Надвор цел ден периодично вее снег и корне ветер, бучи ли бучи, страшен е шумот За Бадниковата трпеза горе-доле се е спремно, риба се купи и се посоли, брашно и касец купивме, овошки исто, суво овошје, костени и тоа е тоа што ќе придонесе оваа куќа Тиква Грав Сарма Баница Благо Се ќе има, ама да е жива и здрава мајка ми Од мене ќе биде само едно убаво сервирање Едвај чекам си каснам од лососот и да си мавнам едно 3-4ри чашки ликер Лани паричето кај мм Викаат кај тој што ќе се падне, тој најмногу пари ќе потроши годината и вистина е така, до сега ова се покажало како вистинито Ќе видиме утре Коледари не идат кај мене, ама па идат кај свеки, абе една куќа, нели исто е Јас можам да симнам една крошна со нешто ако сакам да учествувам, пошто изгледа мака ми е да се издигам рано, рано, ама изгледа секоја година ми тежи и тоа, не сум скржава ама ете Коледарче никогаш не сум била, мислам како помали не не пуштале, а како малку поголемки и да не пуштиле не сме сакале да идеме. Абе не за џабе не викаа "були" со сестра ми, пошто нејќевме од дома да искачаме Сепак спакував 5коледарски пакети За внучка, за другарка и, за свеки, мајка и баба ми Баш пакети направив, се што доби бебево и не јаде, а не јадеме и ние поделив и спакував е ако де друг нека се порадува или нека предаде натака Како убаво си ја расчистив и подредив вагонетката Мајка запна од вчера да сум го учела бебево да пее "коледе леде" иии денес едно пола саат се учевме и стигнавме и застанавме само до коееееее деееееее Божиќ сме кај моите и втор ден Божиќ таму ќе сме, ако не викнат и трет ден ќе им идеме, се само да не готвам по дома Секако ланч пакети ќе добиеме, па и да не викнат нема да е фрка Убитачно ми е ова готвењево, се ќе правам ама да готвам и прозори да бришам, па и врати ноу ноу Прееска со мм изгледавме еден филм, Леон кинг и баш беше добар Од секогаш сум го сакала цртанот, едно 10пати го имам гледано гарант, може дека лавче у душа едни блиски за некој бдеј ми поклонија касета со цртанот, ехеееее стара сум била јас, дури години потоа цд-а искочија се сеќавам на две касети беше, абе сигурно ги чувам некаде по дома Колку ме потсети филмов на едни убави времиња, колку плачевме кога го убија татко му на Симба, па колку се соживеавме кога се искачи горе на карпата и "стана крал" а сега труп, само гледам и се штрекам да не ми се разбуди бебе Темата од Паркер ќе ја рипнам, ама баш у бош период се начнала, па ич не ми се пишува Поклони добивам, порано како девојка многу повеќе, ама сега повредни, да не речам поскапи, па ваљда не му остануваат пари Добив и за Нова, сама бирав, мене не ме вреѓа тоа да си бирам, јас со трчанка се спремам и се пикам у Мол и кажувам што ќе гледаме Ми бирал и сам, сум добивала свашта, глупости никогаш не ми давал, освен една убитачна ташна со чипки и светки што сум добила "Практични поклони" јас не бирам, пегли, правосмукалки и шкафови кај мене не поминуваат. Не паѓам у несвест од поклони, ама сакам да добивам и тоа нешто "убаво" , ама ич не глумам скромност, ама и не сум ни скромна Сака и он поклони, купувам, го изненадувам, до сега не сум утнала повод, освен Новава, не идам у детали зошто, ама кај мене се е со причина, не го удостоив ни со едно чоколадо, знае зошто е тоа така и сепак не му е сеедно, нека Ај да пробам да префрлам бејби, може ќе ми успее, ако не да се принаместам и да пробам да спијам Убава ноќ, гушкајте се
@emkaemka заеби скромност помина времето на букети Колку е само тоа вистина. Како се менуваш во животот секојдневно. Едни интереси, па други, па трети те градат во личност која не ја познава онаа пред десет години. Го задржуваш столбот на карактерот и потоа само моделираш со луѓе и настани. Додека сум кај луѓе ми фалат вечерите поминати со солзи и смеа, ми фали една екипа жени со кои сме поминувале незаборавно. И незаборавно е мал збор да се опише тоа рикање до степен набркување од кафана. Беба нана додека јас си ја средувам електронската цигара, ден 2 одбивање, бројам до три и потоа идам да се дрогирам. Се чувствувам како да искачам од затвор, стојам со глава набутана у решетки али не ме собира. Финалните подготовки за роденден се во тек. Мајка направи се што може да стои во замрзнувач, моите експерименти во кујна завршија неславно. Сакав да правам шеќер во кристали и заврши како првите поховани зденки во животов. Ми остана уште еден експеримент со глазура и се откажувам. Солените ствари ќе бидат во ред веќе ми се правени, али благиве ме умреа начисто. Колку лесно изгледа кај други, а кај мене прав виц. Па дури ни мали колачи не искачаат онака како што треба. @hello-kitty.90 не сум те заборавила, напротив не знаев како најсоодветно да ти ја честитам годината која ти помина. Оваа девојка е точно 365 дена без врзан сон од 3 часа, многу многу трпелива, на прекар ја викаме Лаки 2, па да и се поклониме Среќен нека му е на малиот роденденот се надевам ја стаса тортата за утре. @Dina911 овде сме засега да не не бараш. @lackygirl барем филмот го изгледавте ли? Уште ми стои со Фреди Меркјури филмот на чекање, нови Оскари ќе дојдат. Ама утре вечер има таква софра да направам и да сместам газ пред тв сама да се почастам за СЕ.
@FreeMind јас уште водам со спиењето/неспиењето, 1 месец сум пред @hello-kitty.90 -Лаки2 Кити среќен роденден на синко твој, нека е здрав и жив, ти посакувам да спие повеќе ноќе Фри го догледавме, детски филм гледавме Аладин, јас сакам акција ама мм тој ми го пушти, прв филм што го имам гледано од ко е роден синко замисли спиеше од 9 до 1 без да се разбуди, е ама после таман легнав стана и цела ноќ се гњавевме, се вртеше цело време, цицката партал ми ја направи, пак не спиев уште една доолга ноќ во низата...веќе не ми се зборува на темава Свеки си спрема се за вечера, нека е здрава и жива, мое е да ја наредам масата вечер и да седниме сите заедно да вечераме кај нас паре нема сега, се става во мазник на Василица, синко спие, да стани ќе го носиме на коледе, прв пат ќе му биди, му купив и торбе мало Среќен Бадник на сите што си славите
За многу години нека е празников Маж испратив да ја земе нарачката. Оваа година не сум домаќинка. Лепче и баница нарачани од пекара. Нешто скромно ќе има на трпезата. Не ми се даваат многу пари. Паричката скоро 15 години не се паднала кај мене. Малер. Вечер ќе го гледам Сам Дома 2. Многу го сакам тој филм. Ако некој сака да го гледа, ќе го даваат на Fox Movies од 21 часот. Се изнагледав божиќни филмови. А нема шанси на раат да изгледам филм. Децава само се караат. Маж ми вика пред некој ден - Да направиме едно дунде? Ма какво дунде. Немам намера пак да чувам бебе. А и убедена сум дека ќе биде машко. Нека дава Господ таму кај што нема. На мене доста ми се две. За поклони сум скромна. Не сакам скапи работи. Сакам и за дома нешто да добијам. Се што сум земала за по куќа ми се погодило. Кажувајте лек. Ме фати криза за благо. Поздрав
Благодарам женски Скоро се е спремно. Направив посна торта за денеска и украсена од мене,еден куп колачиња,декорацијата со балони ќе ја правиме вечер.Ќе ставам и слики,утре бидејќи ќе го славиме,сега уште не ми се убаво сликнати,само се шкрапнати колку да се пофалам на блиските Направив еден куп колачиња,теглички,кутивчиња, боцканици на стапчиња и сега немам место на масата каде да ставам се,и тортата е голема па нема да ми собере се Да се пофалам,синчето веќе 3ти ден се буди само по 3 пати ноќе,ама заспива во 1 или 2 по полноќ Што му текна така да смени? Уште малку и излегува од скоков,многу промени се забележуваат,се крева на колена,се врти како ветрушка,отвара фиоки и шкафчиња,убаво се заигрува со играчките,веќе порасна Уште да преспива цела ноќ и супер ќе сме. Може и за сестричка да почнам да размислувам
Среќен Бадник на сите, моето бебе е мало има 3 и пол месеци, па цела Бадникова трпеза ја спрема свекрвата, па нека не седи и она за џабе, вчера зачистив, исправ, денеска е она на ред , а и бебушов ич ме ми спие преку ден, паѓа глава, ама не се предава, заспива во рака, ама ако го ставам на кревет одма се буди, па решив сега да ми се наспие во раце, греота детето. За подароци сакам иако ретко добивам , сакам и да подарувам, е ама на мм веќе како и он мене, ни за роденден, ни за Нова година, ниту пак знае да одбере саглам... Најубави подароци секако од мама и од тато, а и свеки кога купува често погодува.
@hello-kitty.90 поголемиот кршеше штипки. Отвараше секаде. До 5 месеци бев хронично ненаспана. По два - три пати се будеше навечер. Сабајле се будеше многу рано и до пладне не заспиваше. И само во раце го држев. После почна поретко да се буди. Од година спие цела ноќ. За одвикнување од пелени беше голем инает. Со малото немав проблем. Од старт се будеше само еднаш навечер. И преку ден почесто спиеше. А и мирно бебе беше. И он порасна. Од Септември прваче. Кога беа бебиња се жалев дека нонстоп трчам по нив. Сега се жалам дека многу се немирни. Крај не ми се наоѓа. Како растат многу пребираат. Особено за гардероба. Што се однесува до поклони, маж ми се подобрува. Почна саглам поклони да ми купува. Пред тоа правеше утки. Ти му викаш не носам зелени блузи, а тој како да си му рекла да купи зелена блуза. Поздрав
Ние истеравме Коледе Коеде едеееее Една комшивка не сакаше да отвори врата , а кај друга доби чоколадо и банана па и ја ширеше торбата за уште Од мајка ми доби паричка па ни ја даде на нас, вика сметка Умно дете, да му ја ставиме на сметка. Од тета исто парички и полно ќесе мандарини Два дена беше со "бабаму и дедо му" сега само ги збори Како што ги гледа два пати годишно, изгледа му фалат на детето И ни вика да го носиме пак. Вчера му спремиле пакетче со бонбони и овошје дека денес нема да се видиме, внатре пикнале 1000ка. И си поаѓаме, па ја вадат пред сите од пликото ,демек еве ти илјадарка да се покажат Е ама маж ми ја изгуби. Ја пикнал во џеб , па изгледа извадил телефон и испаднала. Не била речена за синко. Ич тешко па не ми падна Нашите припреми се при крај. Шо вика Емка , да е жива и здрава мама Гравчето,зелникот, сармата од неа. Две макалца од маж ми. Јас ги печам рибити, маж ќе меси лепчетп Рибите се мислев да ги сликам, бетер од на @Bubce38 се Толкави очи и уста Вчера во тинексот останале само ципури по 600 грама, па ако останат (а ќе останат) може рибја чорба да сплескаме сабајле Е и мајка ми купила баклава со вишни Имавме куп коледарчиња, синко им се радуваше, на глас се смешкаше. Ме тераше да седам во ходник и ги слушаше дури ги минаа сите врати. Уште е болен синко, правиме инхалации, кашлицата се намали ама пак исто ми звучи. Бев и бејби оригано да купам, од кога прашував тука ама сега дури земав. Се надевам за две недели здрав ќе е , нема да пропадне Боровец .... Подароци.... Маж ми нема да утне кога јас ќе изберам Многу сум маанџика, едино парфемот ми го погодува и изборот на телефони му ги оставам нему. Е и лани ми купи убав накит, ама оти ме виде дека го гледам па го погоди Ама не се лутам зошто сум свесна дека суѓ терсене. И милион евра да даде , јас ќе најдам маана На него подарок не сум утнала. Може дека е поедноставен од мене Имајте убава вечер мајкички! Ја гушкам @mariz посебно и малата Сарче
Кај нас само едни коледарчиња. Паричката кај маж ми. Децава се налутија па и на нив им подметнав парички. Моментално лежам. Главата цел ден ме боли. Малото ме фризира и ме шминка. Го нашол несесерот и се извадил. Обожава шминки. Уште утре сум дома. Од среда на новото работно место. Имајте убава вечер.
Денес имав две коледарчиња. Лани ниедно. Па се израдував, они пеат, јас го држам, бебе радосно. Си спремив се' сама. Паричката кај бебко. Си легнавме. Заврши денот. Бебе ми спие од 6 ипол, до 6 ипол. Утре по гости... Што убаво ми е дома...
Оооо, се проширило друштвото а? Добро дошлеее младе даме За многу години празников! Вечеравме пред еден час, паричето кај свеки. Да ми е жива и здрава Вчера правев сармички од лозов лист и баклава, денес месев зелник со праз и зелка, правев салати, за тоа време мм исчисти дома тип топ, наместивме и седнавме. Баш домачица годинава Таква грда атмосфера на Бадник никогаш немало. Свекор ми не збори со мм,мене и со девер ми една недела, па деверов не седна ни да вечера. Сите ќутат на маса.. арно јас со ќерка ми што правев муабет па разбивме монотонија. Безвезе нема ни радост ни празничен дух во оваа куќа. Ладна атмосфера, се е ладно.. Ич не сум одморена денес. Синоќа легнав во 3,сабајле станав во 8-бев дежурна на работа. Малер. Па спремањето во кујна ме измори, и папсав. Ќерка ми заспа пред малку, криво ми е што немав сили да играм со неа. Седнав и гледав филм,она се закачка,па песнички гледа.. и се предаде. Маж сака да излеземе, ама мене не ми се остава дете само Ми фали,и онака не поминуваме цел ден заедно па уште да се к.рназам и излегувам до сабајле Ќе седиме дома. Треба да купам некои игри за да се занимаваме, некако немам инспирација што да правам со детето.. мислам досадно и е со мене многу. Цело време цицо бара, а кога не сум дома што убаво си игра,си пее,ма ко друго детенце е.ш Златна пролет, барем по цели денови надвор ќе сме, вака ептен ме тишти времево. Депресито.
Добровечер женички,честит Бадник за многу години да е. Сте испишале добри 2-3 страни па јас еве комотно со бебе успано и затуткана во топло имам што да читам. Сте запишале за тоа како сме се запоставиле себеси одкако сме станале мајки. Јас кога го родив првото не што се запоставив туку изгубив желба за да се улепшавам. Еден ден бев на гости кај жена од братучед на маж ми. Многу добро живееме со неа,јас појдов облечена во тренерки и дебела широка блуза. Таа имаше околу 36 год. Јас околу 27 а детето ми имаше нешто помалку од 5 год. Ми рече добро жено ти сега на неполни 30 вака ако се носиш на 50 што ќе правиш? И викам зошто вика па тогаш и да сакаш нема да можеш да се стегнеш и средиш сега додека си млада средувај се не се запуштај, ако си мажена не значи дека си се осакатила. Кога веќе почнав да обрнувам внимание на себе така малку повеќе оп..... Останав бремена и пак жената ме зафркаваше односно се шалеше на моја сметка,вели ах не ти е тебе пишано да си средена. Всушност јас не сакам многу да сум накинџурена повеќе сакам комотен стил на облекување и да не се замарам со шминки и такви шлаканици. Од време за себе повеќе сакам мир и комоција среќа па не сум дебела за да запаѓам во депресија и да тажам што сум се запоставила но жена со две родени деца па да одам во теретана... Што знам. Битно ми е да успеам да го израснам бебчо да средам дома и да го завршам сите обврски да не сум психички под стрес и да ми се здрави децата па така ќе сум среќна и јас. Основна нега е доволна. Е богами мене денот ми е повесел ако се наспијам ако ме верувате на тоа ич ни ми текнува ни ми се сака. јас кога ќе заодам на работа бебчо ќе има нешто повеќе од 9 месеци а јас ќе бидам одморена со одмор од 9ипол месеци. Се на се сосе одмори и слободни денови и породилно отсуство. Ама како ќе ми издржи срце не знам. Сум во план да не продолжам со работа ама немам избор. такви периоди имав и јас,не еднаш туку неколку пати. За на крај конечно да се свестам дека сум одговорна за две чоечиња и сопственото здравје и дека ако сама не превземам нешто никој нема. Нит ќе ме праша нит ќе се засекира. И да често мм знаеше да ме доведе до таква ситуација и да рече па што ти сторив јас. Имаше период каде не можев да издржам никако ептен бев психички потиштена и дури реков дека не може овој брак да функционира повеќе. Но со трпение со јака воља и кога веќе се ми скисна и станав човек без влакна на јазик многу се сменија работите. Ама станав и поиздржлива. Реков не,не ми треба психијатар (а ми требаше,за полесно и побрзо да пребродев) е ама се презедов во свои раце. И додека се зачитав и запишував ми заминаа и мислите,заборавив што сакав да пишам. А и ме фати дремка. Станата од 6ипол а и послабо спиев ноќеска па се тегневме со големото,требаше да одиме на село кај свекор ми за да оди со децата од свекор ми на коледе. И сега сум ко гром да ме мавнал,море ко камион да ме прегазил. Да искористам бебе дур спие да подремам една тура. Некогаш знае да спие цела ноќ т.е да врзе околу 6 саати сон некогаш во тек на цела вечер од околу 10 сати да стане еднаш за цицање. Како и да е сакам вечерва да одморам зашто утре ме чека работа низ дома. Па жени имајте пријатна вечер.
Сте пишале за секс. Се криеме од децава. Веќе разбираат. Кога се занесени во играта користиме прилика да се пикнеме во спална. Ретко сме сами дома.