Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.558
    Допаѓања:
    37.858
    Пол:
    Женски
    Добро утро :hug:

    Сум се наспала за сите пари. Другиве уште спијат. Денес треба да завршам некоја работа. Да се договорам за новото работно место. Ич не ми се оди на работа, ама морам. Работа има за оној што сака да работи. Сфатете ме како сакате, ама срамота е на 30 и кусур години да чекаш од твоите пари за кафе. (facepalm)

    Доручек....на мени смоки (facepalm) Не знам што ми стана ама јадам како луда. И јас имам терсене маж. Не сака бела долна облека. А во таква многу ми е секси. :D Пред некој ден едвај го натерав да купи. Децава ги чува кога мора. Не е баш одговорен. Пред некое време малиот беше настинат. Ми се јавува маж ми и ми вика - Има температура. Во што да го ставам сирупот? (facepalm) Јас му викам - Стај го во тенџере. :rofl: Сто пати му кажав дека сирупот треба да го стави во шприц. :D Ама како на дрво да збориш.

    @mariz со помин нека и е на малата.

    Во однос на сликите. Кога им покажувам слики на децава одма малото се буни. Сака он да е на сите слики. А и многу почна да се интересира за некои работи. Му вика на маж ми - Тато, имаш куре? :rofl:


    Поздрав женски :hug:
     
    На hello-kitty.90, TarantulaA, elcezelce и 25 други им се допаѓа ова.
  2. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Колку не залажува ова сонце со заби.Ладно утрово,не ми се стануваше оганче да запалам,мм изгледа се има успана и не го запалил инаку што убаво ми беше кога ќе се разбудев и топличко во соба.

    Од утрово со гости комшивката која ми е како втора мајка дојде на кафе.Па потоа дојде бабата на мм 77 години има ама е здрава,понекогаш ако го пропушти автобусот пешки иди кај нас,а богсми не седиме блиску.
    Кога ја испраќавме,времево баш ми се виде убаво и топличко.Пореметена е климава ако нема снег,дожд ќе изцркаме летово за вода.

    Едена случка од сношти пред дете да заспие:
    Лежи дете...јас станав да појдам до вц се враќам и легнувам до мм и се преправам дека спијам и поминуваа две минути дете станува и вика три - четири пати
    - Мама доди кај мене да (с)пиеме зае(д)но,потле со тато те наниш.

    Сигурно дете знае дека секоја вечер се преместувам кај страната на мм.Знае да се разбуди на сред водење љубов но заспивал веднаш или не.?

    Ноќеска само колку пати дете го ставав на перница и го покривав,незнам и како успева кичмата и мешето да му бидат голи.Имам три бодиња и ќе му ги облекувам за спиење барем прибран да биде.Добро е што ме ги пратив и тие кај мајка да се суредат.
    Пак треба да ги прередувам алиштата од дете има алишта што му се смалија за рок од два месеци.Ми расти ѕверчето мое.

    Детево обожава да се слика и да се снима,ама сам.Ако му речеш наместисе да те сликам секако ќе направи некоја фаца.
    Сношти со мм ги гледавме видеава кај што се снимал сам и се згазивме од смееее,дури дете се подразбуди од нашето смеење.

    Да одам некако да го потиснам дете да дремне некој сат за да можи да поседиме повеќе на слава вечер.

    Да направам ручек,денеска пире со колбаси, а за дете сарма од вчера што остана па да се истуширам,да ручаме и ќе треба да се спремаме.Ама јас сум целата за средување од веѓи до коса,нокти.

    Одам дури дете не го фатиле бубачките....

    Имајте убав ден.
     
    На hello-kitty.90, TarantulaA, elcezelce и 21 други им се допаѓа ова.
  3. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.931
    Допаѓања:
    111.483
    Пол:
    Женски
    Христос се роди!
    Вистина се роди!
    За многу години празникот :*:

    Паричето и оваа година кај мм :smirk:
    Лебот ми престаса, се направи бабачко у тепсијата, требаше да биде цветче, а испадна букет :rofl:
    Бебе укапира дека треба да вртиме лепчето и му стана интересно, ама си вртеше, си вртеше и си гризаше на два пати, кога стигна да го скршиме ни рече нејќам, пијам Кола и си ја грабна чашата :D

    Секоја година си ја сликам масата како сум ја сервирала и оваа ја сликав ама пола, па подразнместена, на два чекори се повратив до кујна и зедов само отварач за вино и кога се вратив мини ураган минал низ неа :doh:
    И до пиењето на Колата ли беше што се изнапи или до баницата од која изеде едно огромно парче + и сирење се испојаде, не знам ама до 1ч не веселеше :drunk:
    Баш како на претствава бевме со мм, дете ко на тешки дроги, ни кажа кој кај да седнеме и он на среде играше, се вртеше, пееше, скокаше, со еден збор глупираше :lol:

    Времето убаво и вчера и денес, барем на сонце е фино, па се изнашетавме по улици и изнаигравме у двор :sun:
    Вчера некако го додржавме до 19ч да не се успие, ама денес не успеавме, еве го си дреме, ама за кратко ќе му е, Божиќно ручече број 2 не чека :*:

    Вчера прибравме уште две пакетчиња, а денес уште едно не чека и мислам завршивме за годинава :lol:
    Него се чудев и лани, а се чудам и оваа година, што у пакетче од Краш пикаат Домачица колачи :|
    Мислам дајте бре, нека кажат барем едно дете што ќе се израдува на Домачица (facepalm)
    Не дека некое не јаде, или дека мојов не би јадел, ама кое дете се радува на кутија колачи |(
    Витаминка пакетчињата ми се допаѓаат, добивме две со 18 и 21ствар, баш разнолики и интересни, има на што дете да се порадува. Башка со мм ќаривме по една кутија со крем :^:
    Добивме и едно на Винчини, крш и тоа, ставиле една голема кутија тортици колку да пополнат просторот :smirk:
    Милка ми се најубави (highfive) ама со години наназад не ми е јасно од каде у ќесето грисинки Тук :?:
    Го добивме и камионот од Рамстор, ама дополнет, бебе на него најмногу се израдува, ем внатре го чекаа три киндер јајца, ем Кики, ем две коли, гратис и камионот за возење. Не знам како уште е жив, бидејќи си седнува на него и си се вози сам :D

    Детево ептен се радува на сијаличките, не дај боже да ги исклучиш, одма се буни, па како ли ќе раскитувам :smirk:
    Мислев кај 15ти да зберам се, ама некако убаво ми е, па ваљда ќе потрае подолго :*:

    Прееска со мм правевме планови што ќе средуваме оваа година и се препотив што се треба :whew:
    Ама му викам ред по ред, два одмори мора да истераме, плус еден пролеттен ми е у план :$
    Ќе има рушење, буткање, расчистување и мрчење на комшијата :devil: а јас едвај чекам да мрчи и да го испонервираме, си заслужи, он на нас ]:)

    Мм сака да прави куќичка на дрво за детево, имаме еден орев, па на него и со сајла или нешто како мовче да го поврзе со едни борови и таму да има платформа.
    План е и да прави и вовче на шини, големо, што он би го возел, со вагони, со се..
    Мини луна парк, тука ќе е и трамболина, идеите се супер, разработен е планот, ама ваљда детево ќе дочека целосна реализација :angel:
    Мм е од оние што се прават и е перфекционист, ама никогаш не си го довршува делото :envy:

    Доста е дремка, да го будам бебе и да тргаме на јадење, да не не чекаат :)

    Убав ден, нека е и утре пролет :hug:
     
    На hello-kitty.90, elcezelce, ma4e1311 и 29 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.230
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Добар ден, јас пијам кафе, мала гледа Дора со пријателите. И мене ептен ми се допаѓа песничката и станувам обавезно на крај заедно да играме и пееме на цел глас. :D Супер ми е цртанот, еден од подобрите
    Божиќ помина супер во семеен круг, пиење јадење, одмарање, дете се изнаужива, деновиве не престана да се смее. Пресреќна е, бевме на коледе, пееше гласно ко за пет деца.:rofl: Си собра и некоја паричка и одма си купи играчка. Не можеме од играчки да куртулиме. Божем ќе имав некоја контрола над нив, ама...:worried:
    Отиде возот. Небитно, битно е дека детето е среќно, насмеано, се развива одлично, зборува ко за 6 години, а мајка ќе олабави за нешто, не мора се да е под конец.:smirk:

    @mariz одлично што се вративте домче, сега оправајте се сите колективно. Чувајте се и нека не се враќа веќе.
    Досадна е зимава со тие болести, со гадниов воздух кога човек не може да подиши и да се оправи.
    @emkaemka ти си човек со уживање да те чита дека изгледа како за ништо да не се нервираш, а и верувам дека не се нервираш.:D Баш сте интересни со малиот твој.:inlove:
    @Marmarin побрзо да си оздравите и вие. Поминавме и ние пред некое време сите тројцата вирус.|(

    Се надевам дека и мајките од темите за совети ќе продолжат да си пишуваат тука кога им се муабети бидејќи ако некоја мајка побара совет во темата соодветна за мислењето ќе и се изгуби низ муабетите, а темите си се баш за тоа наменети.
    Супер си е темава за споделување и маки и радости, на крајот и не мора секој да се чита, што или кој не ви одговара ќе се скокне и така.:D

    Имајте убав ден сите, треба да одам да играм на Дора.:dance:
     
    На hello-kitty.90, elcezelce, Mia Fuentes и 22 други им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.133
    Допаѓања:
    124.475
    @emkaemka и мене не ми е логично, ама моево се израдува на Мачица (така си ги вика он) :D
    Има јадено кај баба му, ги вади ги кажува формите и од сите грицка по еднаш и му ги дава на татко му да ги доизеде :rofl:
     
    На Mia Fuentes, Girl-Rabbit, Ano и 8 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.558
    Допаѓања:
    37.858
    Пол:
    Женски
    Домаќица ќе си ги искористите за гости. Или за вас. :D Јас скоро сите колачи ги изедов. И не се само тие. Има и Лили колачи. А тие што се убави. Прсти да излижеш. :rofl:
     
    На elcezelce, Mari*, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    За многу години мајки, за многу години!
    Се осеќа дека сме подобро, м?
    Божиќно искакано бебе 1 вчера, убава, златна, мека кака. Бебе 2 рано сабајле утрово, се искака па на мајка и дојде душа на место.
    Махер за кака станав, аман!
    Денес стававме вакцина, рота, пнеумокока, тетанус и полио. Пред тоа крвна слика вадевме. Добри се, фала му на Господ!
    Докторката ме искара дека за џабе дигам фама, еден ден некакање не е запек! Плус и меко какаат.
    Ама плачат бре, мислиш на жешка рингла ги ставаш кога не се какани ни еден ден.
    Лепенки ставивме, опрема за тт имаме (недај боже да ни треба). После вакцина кај мајка тераме ручек, ќе си ја земам вечер кај нас на спиење, сепак прв пат ни е ова па секоја помош и поддршка ми е добредојдена.
    Мариз чинам ме праша дали давам пробиотик, давам како не. Од прв ден им давам Ваја. Давам и сируп Nurse Harvey's против грчеви.
    Се е маркетинг. Ете тоа заклучив.
    Околу млекото, никако, ама никако не сакав да им сменам. На Пре Нан беа додека беа на интензивна. Така продолживме и дома. Кога веќе немаа потреба од млеко за прематурчиња, преминавме на Нан 1 од причини што ајде нели, и тоа е Нан.
    Им створи јак запек и не ги заситуваше. Матичната ме посоветува да пробаме со Хип Комбиотик (ради столицата). Столицата се регулира ама повраќаа премногу.
    Од овие причини завршивме на Аптамил. Не повраќаат, се помачија за какање ама бидна работа. Ваљда треба трпение само. Да се навикнат цревцата.

    Незнам мајки, овие мои бебиња многу лакоми. Незнам дали е нормално толку многу да јадат. Затоа и многу брзо растат па мекички им се главчињата.
    Некогап 150 мл им се малку. Ќе се најадат и за 10 минути пак се тресат на цуцлата лажалка. Може само обожаваат да цуцаат.
    И така...
    Ќе известам како сме поминале вечерва.
    :*
     
    На elcezelce, Mia Fuentes, Girl-Rabbit и 20 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Најубаво пакетче оваа година за мене беше тофифи.
    Мече (мн е убаво!), а внатре и богами полно! Мерси чоколатце, 2 гумени, чоко карамели, тофифи, вертерс бомбони и 3 големи наполитанки.
     
    На Mia Fuentes, Girl-Rabbit, tincemajmunce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене друштво. Среќен Божиќ на сите, здрави, живи среќни и полни селф контрол :*
    Во контекст на пакетчиња и мене не ми е јасно како краш ставаат домачица во поголемите пакетчиња или лили ванилици во помалите. Како винчини прават ќесиња, ми иде на тие што и дале вакви пакетчиња да им речам дајте и по 100 денари и доволно е. Вака оолна куќа глупости.
    Кога ќе ми текне какви ќесиња јас сум носела, или мајка ми а какви мене ми носат ми се иде од гз да си каснам. Да немаат ок е, ама не се да немаат, но нели шѕо поминало не се памети.
    Ајде ќе се дебелееме јас и маж.
    На работа почнавме, кога ли ќе учам кој знае... Маж се е со некои обврски па он не може тоа, па и тоа и тоа, па има договорено, ех колку сакам на една недела д се смениме па да види како е. Но тоа е нека му биде. Дома имам гостинчиња си играат, и мојата е вклучена во играта па јас у меѓувреме еден пост истерав и едно кафе ќе пијам.
    Поздрав лепотички.
     
    На hello-kitty.90, elcezelce, Mia Fuentes и 16 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.558
    Допаѓања:
    37.858
    Пол:
    Женски
    @bela.m кога ќе ми текне на какање коса ми се крева. Со поголемиот го имав тој проблем додека беше во пелени. Со денови не какаше, па кога ќе дојдеше време за тоа имавме тешки маки. Едвај се олеснуваше....со болки, со плачки...се стега дете, се вцрвува во лицето и плаче колку што може. Тоа плаче, јас плачам. Катастрофа. (facepalm)


    Воздухов за никаде. Како човек да не се разболи. Не се дише. :@
     
    На eli25, Girl-Rabbit, Ano и 7 други им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    во право си 1001 % пред некој ден се изнервирав од сестра му на мм и од свекор ми. Долга приказна. Денес се изнервирав од еден пријател од мм,начукал 40 години на кредит живее не е женет. Заеми секој месец бара од нас а работи само налето сезонски. Не дека нема работа ама луѓево се да фатиш и со стап да ги маваш.

    Заборавив што сакав да пишам. Искрено. Некои коментари ме потсетија на некои случки и се изреволтирав и заборавив. :( епа тогаш барем да ви посакам пријатна вечер. Важно ве исчитав :lol:
     
    На JoyJoy, Girl-Rabbit, Happyinlove и 3 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.558
    Допаѓања:
    37.858
    Пол:
    Женски
    Јас не работев до 26 години. Земав семејна пензија. Разбирам дека 15 000 се малку, ама мора од некаде да се почне. Јас за толку не работам. Поарно дома ќе седам. Нека седат, ама нека не ги исмејуваат оние што работат за тие пари. За тоа ги обвинувам родителите. Имам една позната. Ќерка и има 30 години. Жената ми вика - Јас не сакам ќерка ми да се мачи за 15 000. Сами си ги прават децата паразити. Ма има да се мачи и оро да игра. Тој што не сака да работи ќе наоѓа изговори.

    Ме фати досада. Ништо не ми се прави. А и некоја депресија ме мава. Се нервирам за глупости, додека некои луѓе имаат поголеми проблеми. :( Кој што сака нека каже, ама здравјето е најбитно.
     
    На Makedonka007, mal.ecka, Happyinlove и 9 други им се допаѓа ова.
  13. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Има ли будни мами?
    Јас сега легнав. Помалото бебенце во спиење ја помина дента, поголемото сосема спротивно. Одвај го заспав. Оффф, колку беше тажен.
    Сега им ги сменив лепенките, не се разбудија. Ги слушам така си кенкаат во сон. Им купив нови цуцли, многу сакаат цуцли и двајцата, па ги израдував ете.
    Незнам дали има потреба да правам аларм за да проверам да не качиле тт недај боже?

    Оффф леле, само лелекам цел ден. Ова било тешко да си мајка... Мислачките ме убија..
    Прегеска додека ги боцкаа, со мм си поплачивме и ние си нив. Многу тешко ни падна. Од една вакцина ни се скина срце и на двајца. Арно мајка си ја носам за да ги држе додека ги боцкаат, тоа ете неможам. И се мразам што не можам, ама ете кнедла во грло ќе ми се јави и толку, се блокирам.
    Инаку, на вакцина си ги носам во село мое, овде во "метрополата" не сакам. А плус и мајка работи таму во итна, па околистите и условите ни се приспособени.
    Очи ми паѓаат.
    Легнувам јас. Кажувајте додека не сум заспала, да правам ли аларм?
     
    На Sexybaby86, Makedonka007, Mia Fuentes и 16 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.133
    Допаѓања:
    124.475
    Послушај си го инстинктот мајче.
    Јас местам аларм.
     
    На Girl-Rabbit, TeddyGrey, tincemajmunce и 2 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.558
    Допаѓања:
    37.858
    Пол:
    Женски
    Јас не сум спиела кога имале температура. Како на трња да спиев. Температура имаа само од грлото. Освен со гнојна ангина, со друго не сме имале проблем. И еднаш малото фати грип. Тогаш имаше 4 месеци. И растењето на забите супер пројде. Само големиот крена температура. Кога ги вадеше првите два заба. Имаше и мали плачки. Малото ич не крена температура. Само кенкаше и се лигавеше. Воглавно мирни бебиња беа. И вакцините беа ок. Освен температура 2 - 3 дена (не од сите вакцини), другото беше ок. Сипаници имаат прележано. Единствен проблем ми е одењето на стоматолог. Помалото ич не сака да оди. Беше еднаш и толку. Има уплав. А забите му се ужас. Трпи болка само за да не отиде на забар. Ќе вришти ако треба, ама не сака да слушне да оди. (facepalm)
     
    На eli25, Sexybaby86, Girl-Rabbit и 11 други им се допаѓа ова.
  16. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Добро утро! Да пријавам мирна ноќ.
    Не се случи да кренат температура. До 12 на пладне, ќе има поминато 24 часа.
    Се надевам ок ќе сме и после тоа.
    Фала на сите за поддршката. Ние ете скршивме мраз за вакцини.
    Со лесно нека врват сите.
     
    На Andonia, Sexybaby86, Kaetana и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.549
    Допаѓања:
    139.813
    Грчеви имаат сите деца, некои потешко минат. Нас педијатарот ни рече хемии да не даваме, па без капки за грчеви поминавме.

    У право си, сее само реклама. Има на форумов тема, за кое е најдобро млеко и едно од најдобрите е аптамилот, иако е поевтин. Истиот и на детска клиника го даваат.

    Мајки, добро утро. Работа и само работа, пукнав. Ама затоа вчера кога ме фати мигрената кога си легнав... сабајле у 7 станав дури, 12 саати сум спиела. Станав само за кетонал да лапнам. Маж ми чувал дете, успал, јас само супа сварив и ставив у чинија да јадат кога ќе се излади.
    Морам да почнам да учам посериозно, срамота е, 4 испити имам за еден месец.
    А само што земамкнига, тогаш баш тоа пенкало и требало на малата, па ми црта срциња на книгата, па не можам страна да завртам сосека не го обои срцето, па ќе се заира ссама, па осеќам грижа на совест како јас не си играм со неа, маж ми работи по 15 саати на ден, не може, јас или на работа или учам или чистам, си викам, кутро дете, заради наши амбиции, оно страда. Ама 24 саати се апсолутно премалку.

    И како јас да бидам 8 саати на работа, да исчистам дома, да зготвам, да си играм со дете и да перам, да бањам дете и да видам маж, и да учам и се тоа заедно? Ни ка ко.
     
    На hello-kitty.90, elcezelce, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    а како ова да го објасниш на маж и да разбере дека си во право?? Уште Поникако :( јас за ова пред два дена зборев со мм.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.549
    Допаѓања:
    139.813
    Јас веќе не зборувам, разбирам дека има и он работа... ама се е на моја штета сега...овој факс ми е еднаш во живот шанса.
     
    На elcezelce, Makedonka007, Girl-Rabbit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека треба да се работи, особено млади луѓе. Он што не ми се допадна е она што велиш ќе работи и оро ќе игра. Зошто? Зато што вака размислуваме затоа газдиве денешни мислат дека се Богови. Плус, 15 000сега е плата, порано беше 8000. Треба секој д се бори да е платен колку што вреди. Што многу газди ако те видат дека работиш се трудиш ода ќе ти дадат работа за три работни места а денар плус нема да ти платат. Јас имам работено за 9000. Ми ги дава на два месеца, значи 4000негде.Од нив плаќав градинка, храна, превоз. Треба да се облечеш и обуеш нели да личиш на нешто на работа. Психички ме мрдна тоа. И заминав. Зашто во загуба бев. И двјца да работат по 15000, да гледаат две деца пак е малку. Ние сме живееле и со многу помалку. И не е убаво. Мора уште една работа да работиш. На сметка на тоа децата нема да те видат. Знам, секој би рботел, и јас би работела за 15, ама не е во ред. Зашто животот тука е скап. Храната е скапа. Со таква плата е преживување.
     
    На Kaetana, 24.07, Mia Fuentes и 10 други им се допаѓа ова.