Најискрено мене ми е најмногу криво за факултетот. Влегов во првите, со супер резултати, но се случија некои работи баш тој период и закочив на 1ва год, прекинав, па помина периодот, пак продолжив, па дојде беба, па здравје друга година повторно продолжувам до крај. Некои работи не се во наша контрола. Но бурата стише, ја сум на сцена сега. Како ме освој партнерот? Па не беше како просечните типови околу мене. Имаше интересен пристап. Искрен многу. И многу важно кога се запознавме имав чувство како да го знам цел живот. Ова најозбилно! Едноставно бев така опуштена, своја, преубо се осеќав, муабети до сабајле.
Не споменувајте факс. Отворена рана. Се запишав 2008 и уште се влечкам. Прва земена па брак па дете, пауза 2 3 години, па 2ра и 3та, па уште едно дете и пак пауза до лани. Сега запишав 4та и од сесијава почнувам. Фактори многу имаше, пари, деца, време, ама некако криво ми беше да не завршам. И сега не сум во подобра ситуација, време немам ич, сама со децата, на работа, обврски дома, но морам, тоа ми е како цел за годинава, да завршам конечно. Се надевам ќе биде.
Здраво мамички. Ние викендов дома затворени го поминавме,со кратки "прошетки " до малскиот маркет и назад дома Мм се сменил со колега да се одморел и да се изнаспија,ама со дете тешко,но сепак поминавме убави два дена дома. Дете лепенка за татко му,не го оставаше да се издиши.Се заедно правеа и со него заспиваше и денеска не сакаше да спија но мм си дојде порано од работа и заедно се успиваа. Ние утре ќе го бараме паричето во кората,но како ќе биде незнам,ќе седниме на иста трпеза колку да го направиме адетот Мм три дена не зборува со свекор. А и олус е на работа до 7 вечер,ако најде луфта да си дојде да ручаме.Тој да се врати на рабпта,а ние со дњте ќе одиме кај мајка.Оа мм ќе дојде таму. Мислам имам пишано,но да си кажам пак за тие што не знаат..Кај нас зетот оди на колбаси кај бабата. Вечера ќе паднат романтики.... Свеки и свекор излезени се па мм готви вечера,да се опуштиме со некоја чашка пивце. Мм вика готова била вечерата Имајте убава вечер
Генерацијо до кај сте? Ние сме ноќе со будење на секој час. Баш е јако периодов како се зареди, спиење е мисловна именка. Почнав по малку бебла да ја потпирам на перница преку ден, па нон стоп пробува да се исправи. Или ме држи за прстите и сама успева да седне, ама не е стабилна така да остане па паѓа назад. А само колку е среќна кога ќе седне.. ама знам дека и е рано за тоа па не ја оставам така. Стомак ме наболува во линија над резот чат пат па денеска гинекологот ми објасни зошто е така и е нормално. Конечно завршив и со пап тестот, а резултати од микробиолошки тек за 15 дена. Една грижа помалце. Имам дозвола за полесни вежби, ама не би да форсирам ништо. Ќе почекам да се распролети и ќе се вратам на џогинг плус туркајќи количка.
Охоо и ние дме со цицање на секој саат два ноќно време. Ноќеска само сум се зачудила што бебуш ми се разбуди прв пат за јадење во 3 30. Два пати го препрашав мм за саат , просто не ми се веруваше дека толку време сме си поспале. Тоа беше премија за мене после две неделно будење на секои два часа. Туку кога може да се смета дека излегло забче? Кај нас доле гребка на две места и се осеќа тропка на лажичка. Пуста радост едвај чекам да се познава убаво запче. Само ја врти, ја тегне цуцлата со сета сила , раце пикнати во уста до грло, незнам колку пати му иде за повраќање од тоа. И за крај да се пофалам од денес почнавме со пробување вкусови. Како за прв пат кашичка од јаболко 3лажички, имав една купечка од пакетчињата , понатала ќе правиме домашни.
Ние сеуште тераме до 1 станување ноќе или второ кај 5-6 сабајле ако не се успие до кај 7-8 часот. Сеуште легнува во 20:00. И скокови и регресии така поминавме пупу да не ја заречам. Еве на зимување сме веќе недела дена и не и менуваме ред ни тука. Еве ја спие скоро 2 часа. Само првите два дена тука се поремети. Ноќе ми стануваше почесто или ќе станеше и не заспиваше. Мислам дека и беше промена. Еве последните ноќи Супер спие. Синко ми беше како што кажуваш ти и @PoisonGirl . Можеби првите деца се такви неспанковци. За вторите ќе спиете.
Мојата е месец ипол мислам помала, а ја потпирам на перниче сега дека беше настината и гледам дека ужива кога е поткрената малку. Почнав со теретана со дозвола на докторот, со тоа што главно трчам лајт и пешачам брзо на трака и на крај само 10 минути малку вежби за газ зашто после стомакот, тој најмногу ми настрада во бременоста а стомак уште не смеам да вежбам. Малово инаку периодов е оној кога све друго и е поинтересно од цицање, едвај ја најадувам. Цело време зборам дека од олку слабо цицање ќе ми намали млекото и да, два дена речиси преполовено, а имав и некој стрес пред три дена па може дупла причина. Претходно ко камења ми беа тешки и полни градите, капеа; сега за последното вечерни цицање едвај. Па два дена еве чаеви, безалкохолно пиво, пумпање пумпање пумпање. Вечерва гледам веќе се стабилизира млекото пак. Молзам навечер и давам на сила со шише само за да напредува нормално, инаку она би да зјапа во таван, во тв...
Женички во Среда полниме 3 месеци малиот постојано пика раце во уста се лигави за забче мислам е рано многу рано Цуцлата си ја вади со раче ја фрла и пика раце кога пиеме млеко рачето оди во пакет со шишето Незнам дали е период ама му се иди се да пикне во уста. Прегеска држеше тропалче во раче и него го носи да го вкуси Туку почна да се управува со јадењето си пие по 90мл барем за тоа да не се нервирам
Влева во оралната фаза нормално е се да сака да проба. Не забранувај нека ги ручка и рацете и играчките.
Ние вака генерациски не знам дали некогаш ќе се наспиеме Како алармче е мојов. На секој два саати се буди, па цица ли цица Слип регрешн ваљда помина. Само недела дена се бунеше и нејќеше да спие. Бараше да игра во 4 саат сабајле, да се врти низ кревет и муабет да си прави. Почнува да се напнува да се подига. Нејќе да лежи преку ден. Ако го потпрам на перница за доење, пресреќен е Запче немаме уште, иако нервози е целиот мислам ќе не изеде
И ние да се јавиме. Беба моја стануваше многу често ноќе, ама сега да не ја заречам два дена по 3 пати до сабајле. Единствено што не сака да цица во лежечка положба како претходно, туку плаче па мора во раце гушнати. И преку ден цица многу кратко па се секирав да не е гладен, ама па убаво напредува, веројатно не е. Заби немаме, гриза се што ке му дојде во близина ама и не ми изгледа дека ке бидат брзо. Ве читам дека сега почнувате да ги поткренувате. Јас од 3 месеци го ставам во положба од 45 степени, така ми кажа ортопедот а и беба сама се крева уште од пред еден месец. Не го седнувам ама тој сам се крева за седење. Закажавме следна контрола на ортопед во февруари, се спремаме за на зимовање некој ден и тоа. Другиот син распуст тера па дома забава по цел ден.
@Yowannty @PoisonGirl @Мариаа. @Presrekna @EvieBabe @Septemvri Ќе сменат бебчињата да Знајте. После 5ти месец повеќе ќе спијат, а и вие ќе бидите повеќе одморени. Поголеми ќе се и нормално ќе им треба повеќе спиење. Денските дремки ќе им се намалат, а ноќно време еднаш или воопшто нема да се разбудват. Во однос на спиење ве очекува добар период.
Го барав разговоров во 0-6, сега не знам дали го префрлиле или ја овде сум пишала а не памтам. Бебле ноќеска поврза 5 часа после подолго време. Претпоставувам оти од 3 часот попладне не призаспа воопшто. Како и да е, од вечер пак ќе пробувам да ја ставам во креветче. 2 запчиња веќе и никнаа, а и горните непца се отечени, некако многу набрзина забиве и никнуваат.. да почнам со нешто да и ги одржувам? Постои ли поголем ризик за расипување во случаи кога никнуваат порано?
На мојата на 5 и пол и никна прво забче, и еве 6 и пол сме речиси само тое и е уште, нема нови. Немам слушнато за одржување од толку мали. Можи некоја мајка од поголемките беби знае.
Ne e toa sekogas taka. Ima mnogu primeri tuka na forumot so decata na godinka sto stanuvat na sekoj saat. Moite se 14 meseci i ednoto se budi skoro sekoja nok non stop. Ne sakam da ve plasam ama taka e
Аха, ќа сменат. Да не те плашам , ама мојот до две и пол години не смени Покасно и полошо стана. Дур е бебе ајде цице, ајде нишкај. Ами голем што да му правиш, ти вика НЕ, отсечно. Поголем па , НЕКАМ СПИАМ и си шета низ стан, си зема играчки , во темница игра, па ќе заспие на под. Крени го за во кревет да го ставиш одма очи отвара и пак исто, абе хаос бевме. Последниве два месеци почна да спие по цела ноќ.
Лелеееееее Мојава првите 3 месеци си спиеше и дење во креветче и ноќе си поврзуваше часови, освен по неколку денови во скок додека беше ама после секој скок се враќаше во нормала. Со 4ти скок се се поремети. За 2 дена 5 месеци, веќе скоро 2 ноќе се буди на 20 мин, пола час или час.. и денски спие исклучиво во раце. Сега и после скоков си остана исто. Раце ми паднаа, башка и г’з ме боли веќе од толку седење, се сплеска сирот.
Ако можам да напишам нешто за 6ти скок тоа е дека имам многу смешно,темпераментно бебе. Секој ден изненадува и ме смее се само да е на нозе исправен на гарнитура,си прави муабет,се што ке види мора да допре,сака многу луѓе и да е центар на внимание. Ме бара со поглед и ако ме центрира морам да го кренам,а глуми плачење ако го одминам и тоа иритирачко. Апетит нула. Заб нема Лазење никако,само на газ седи ке се пушти на стомак и почнува да глуми плачење и трокира го оставам но не е пријатно за уши и после 4 мин го исправам и паѓа како секира. Сака да игра на песни Се одби од цицање а цицач страствен ( ова на мене се метнал јас вака ги одбив цигарите за него) Конечно не фришти во сон,како што вриштеше во најава за 6ти скок,ау хорор беше,но уште станува два пати пие млеко и повејќе од 6 и 30 не сме поспале. Подобар е да допие сируп и на контрола. Еве вака е кај нас со 9 месечно бебе
Неколку пати ве преместувам по темите. Еве да појаснам, гледам дека нешто имате забуни. Овде пишувате за секојдневие, чисто за муабет. И мајките што си пишувате по темите за совети треба да си пишувате тука како ви поминува денот со бебе. И тука пак вие дружете се и цитирајте се слободно, пак ќе напоменам, и тука не мора сите да ги читате доколку не ви е интересно да читате мајки со поголеми или помали деца. Доколку имате конкретно прашање и потреба за совет тогаш пишете и прашајте во темите за совет соодветни на возраста за детето. Се надевам веќе дека ќе се фати редот и место само да ве преместувам натаму и наваму ќе можам и јас да пишам пост. Благодарам.
Еве го истиот, ноќеска 4 пати стана со плачење 13 месеци е, значи незнам повеќе што да направам, многу ми е тешко, ми се спие