@Gaga.sk @irena.1 Грешно ме разбравте. Не мислев на поголеми бебиња и дечиња. Мојата има 6 и пол месеци. Кажвам за период после 5м, дека нема често да се буди ноќе. Мајките ќе можат да сврзат 5,6 саати, некои и повеќе. И мојата се будеше на 3, 4 саати, легни во 9 стани во 12 па 2 па 5 па7 ама се намалуваа како шо расти И треба повеќе сон. На секое дете му треба. Ноќно време на 6м треба да ги спие барем 5 сврзани. Тоа ми беше муабетот. Нормално ќе има и скокови и не преспани ноќи ама во просек ќе спијат
Не мила убаво те разбрав. Само ти пишав дека кај нас не беше така. Значи од раѓање до две и нешто години не врза повеќе од два саати сон. Значи не во период на скокови , туку постојано се будеше многу многу често. Хаос е благ збор.
Кажав од мое искуство, не размислив дека има и како вас. Беба моја само во скок е таква и то е ретко, машала. Значи јас сум во одморените мајки. Оки мами, супер шо си кажа искуство да знаат другите дека сите бебиња се различни, па ќе си видат самите какво ќе биде нивното во наредни периоди. За то се и форумите за споделвање искуство. Убав ден
Te razbrav jas zatoa ti i kazuvam. Site majki sto ti spomnav imat istata maka so nespienje od raganeto. Moite se vo skokot eve 14 meseci hahaha
Еее баш е така, секое дете своја приказна. Малото и душа и ѕврцки и све ни извади. Со Мм дежурства дававме по договор за бар едниот да спие. А замисли големото од како е родено до ден денес ја спие цела ноќ и спие многу мирно. Малово и кога спие нон стоп мрда. А и двете беа само на цицање до 5 месец.
@Gaga.sk сакав малку и да ги охрабрам за понатаму, можи ќе им сменат, да имат надеж за подобро. Ама окау, ќе биди како шо ќе биди. Секое своја приказна @irena.1 Сигурно ти е тешко. Поддршка! Прво ми е, па ете со спиење многу многу немаме проблем. Ти го имаш моето поминато, јас твое не. Позз
@Yowannty миење со четка и вода, после 10 месеци и паста без флуор. Има шетки како напрсток за помали бебиња, за поголеми си има стандардни четки.
Znam, mila, te razbrav sto sakas da napravas. Jas samo kazav kako e kaj mnogu zeni tuka. Se nadevam kaj mnogite koi se vo toj period ke bide podobro, nadez sekogas e tuka. I podobro e da znaat dek nekogas i nema da smenat bebusi, sekoe bebe e prikazna za sebe
Честито име на тие што го носат името на светецот!!! Мм ги пуштиле порано од работа па го направивме адетот и паричето падна во делот од девер ми.Цела среќа на целиот свет му ја посакувам да ја има во животот.... Кај мене паричето се нема паднато ниту еднаш отккао сум мажена,а пред да се омажам таа година беше кај мене во кората. На мака голема сум незнам дали да одиме кај мајка,брат ми имал блага настинка.И сега сум на два ума.Дали да одиме или да си седиме домче. Дете и мм нанкаат заедно гушнати,љубов ми се голема и двајцата си ги сакам Инаку мм бил на повик денеска,па затоа реши да дремне со дете. Додека ѕверчево спие да одморам од неговото зборување,само нешто да зборува,Интересен е многу дека сеуште не ги изговара буквите правилно.Ама некогаш неможам да дојдам на ред од него да зборнам со некого. Да го испочитуваме празникот ништо не фатив,па ниту машината не ја пуштив нека одмори и таа денеска.Во неделата четири машини пуштив,вчера една,но веќе немам каде да спружирам,пет жици се полни и една сушалка.И само по некое парталче внесувам дома да се досушат. Колку ми треба машина за сушење алишта ама немам место каде да ја ставам. Да се пофалам научив да тегнам кора,заедно со свеки денеска направивме.На почетокот страв ми беше,но успешно.Но за да се тегне тестото треба да биде на меко замесено,но најголема улога има брашното. Ај да станам да запржам некое компирче за дете,мевце имам од сношти. Имајте убав ден.
Здраво женски,како иде? Уствари овие со бебињата до кај 6м сфатив тешко иде ноќно спиење...а другиве мајки ги нема да пишат..За бебушките-кај и да е фаза е,ќе заврши а вие сон ќе сврзувате почесто.За другиве мајки-де пишете нешто!!Ќе ве карам Деновиве гужва на работа,па тек сега ве исчитав...Напорно ми е,нов проект ама мн сум задоволна.Она позитивно изморена.Имам личен интелектуален прогрес.За да прославам,си земав чаша вино Дете уште подкашлува,па кај баба е.Имаме проблем и со дневното спиење.Ако одспие,навечер до касно ми останува.Во спротивно па се тегне и кенка пред да легне. Некако не е дораснат да не преспива,аголем е и за преспивање. Список за роденден направен,капарисана игротека.Реков,овој пат и јас сум гостинка.Нема спремање теми од дома,и балони,и храна...Ете игротека,има се таму. Одам да се релаксирам со книга.Good night <3
Здраво мајки Ве читам, ве читам ама никако да пишам. Чекам мм да излези од бања, да се средам јас. Слушам звучник со музика му е уклучен така да ќе си почекам. Нашите фамозни заби... 11 ипол месеци, пробија долните кецови. Дете нервозно, плачливо, прсти не извади од уста. Не крена температура, што не е репер декс и другите така ќе ги вади. За јадење, нејадачка. Само супа да има. Секое јадење го маскирам со супа. Се чудам, им се восхитувам на жените кои после работа прават ручек, нешто плескаат во кујна, раскреваат, деца расправат. Втора недела откако тргнав на работа во транс сум. Сон ми треба. Навечер станува често. Вчера беше турбо, двете ординации беа полни. Денес лајт, утре исто турбо ќе биде, контроли закажани.. Конечно си ја земав лиценцата. Важно, се изнадававме на пари во државата.. 35000 испитот, после тоа 1500 за упис во регистарот на лекари, мора лично да се подигне, патни трошкови. Па се зафркаваат бе. Тоа е.. Мое дете? Старлета ќе си ја правам. Добра ноќ, еден туш и кома сум.
Добро вечер мајки За многу години празникот и честито име на тие шо слават. Ние сношти се собравме друштвото, веќе 6-та година по ред. Во тие 6 години, 3 пати кај нас се собираме. 2 пати по ред кај мене падна паричето, лани кај мм. Првата година останав бремена ама за жал го изгубив. Следната година се роди поголемото. Лани пак помалово. Вистина среќа ни донесе, поголема не ни можев да посакам. Малото заспа пред 9, големиот едвај после 1 сат. Ние пак мака мачиме со него, најмалку по 1 сат го нишам, рацеве веќе не ми држат. За денско преспивање исто. А ако не преспие, цел ден ќе цвичи за глупости. Тој и така само рика за се и сешто, не пак ненаспан. И уште среде ноќ ако се разбуди, пак нишање. Веќе ми се смачи да се жалам за ова, џабе и се нервирам. Здравје од март в градинка, мора да го пуштам за да не ми го разгалат, а и да се научи со деца. Со внуциве од золва ми или се чепкаат и после плаче, или на телефон играат. Со внук ми од сестра пак не сака да игра зошто е помал од него и само го турка и му зема играчки. Да си кажам за малото. Не дека е мое ама пресладок е. Само се смешка, пушта звуци, си ги гледа рачињата па им зборува, грчи, и нормално в уста, шмука ли шмука. И многу често бара в раце. Поголемиот помирен ми беше во тој поглед и појќе спиеше денски. До душа никој не му сметаше, а сега малото само го гњави, таман заспало оди да го чепка или ќе вришти, ќе скока и толку е. Ај да се видам со маж и да си легнам зш ќе стане малото па после ќе се жалам дека не сум наспана. Добра ноќ мајки
Ај здраво и од мене Преморена, прекапана, ми фали сон очајно. Дојдов од работа во 17:30 и како влегов в кујна, 2 саати заглавив. Ручек/вечера за мене и мм, проја за вечера на синко, садови еден куп а не ми текна машината да ја вклучам. Го избањавме синко со мм, си поиграв со него, и еве конечно заспа. Се надевам на мирна ноќ. Утре ми е роденден, нема да го славам освен што ќе почастам торта на работа. Еден и единствен пат откако се породив посакав да излеземе со мм на вечера во ресторан сами и нема кој да го чува синко. Затоа дома сами ќе си седиме и немам намера никој да пречекувам. Ми се смачи од дочеци на гости периодов искрено. Денов тиња ми беше, се скарав со мм па ете секој на своја страна си легнавме. Да спијам белки ќе спојам некој саат ноќва.
@happygirl среќен роденден мила моја годинава нека биде мирна пред тебе Кога сме кај карање се обидувам да се контролирам али сеуште не ми оди добро. За ситница се вадам од памет. Од кога останав дома се гушам во домашни обврски и кога ќе ми текне дека треба да метам и чистам под веднаш се нервирам. Не знам дали има некој како мене али ми се плаче од домашните обврски. Не можеш ништо друго да фатиш само тоа па тоа секој ден и пак е хаос станов. Некогаш ми иде се да бутнам на земја и да скакам врз стварите и да шутирам по дома. А за хигиеничарка во овој регион е исто како игла во сено да бараш нема ни за лек. Капа им симнувам на жени домаќинки јас можам само нервно да попуштам. Среќа наскоро (ама наскоро 31 март) тргам на работа али малечка почнува во градинка од 1 Март. Така да месец дена има прилагодување и може ќе направам ручек и јас некогаш. Се радувам дека ќе почне во градинка и денот ќе и е исполнет со дечиња, игри и дружења, а не мене фацата да ми ја гледа 24/7. Чувствувам дека сум и досадна. Друго подготовки на турбо за роденденот, декорацијата е речиси наместена, она што може да се замрзне е зготвено остануваат уште некои работи да се доправат. Точакот е нарачан чекам да стаса преубав е. Таман да не сака да се вози во него. Гостите од мкд ќе бидат од среда до недела и ќе биде навистина динамично. Плус финишот и местењето ќе се распаднам веројатно. Али за убаво е. Ако ви фали мислење по темите барајте го во мајчински. Мала шала
@happygirl Среќен роденден и се најубаво ти посакувам, жива, здрава, весела Парето се падна кај свекор ми, а на работа му се падна на мм Какви нерви Фри, немам трпение и јас а на работа шта да ти причам, па уште се чудам како ја работам оваа работа, цел ден со луѓе да се расправаш, да објаснуваш 100 пати едно исто, па сметки наплаќаш, па одговорен за пари....немам друг избор иначе ќе напуштев, одмилено ми е Неделава ќе го носев за МПР вакцина, ама уште носето му течи, ќе ја одложиме малку, да оздрави. Добро утро од мене време е за кафе
Фала на честитките женски Не кашла веќе синко, добро е. Замислете синоќа откако заспа тој во 22:30, до сабајле само еднаш закенка ама го залажав со цуцлата и спиевме сите тројца конечно цела ноќ без будење. Може ме почасти за роденденот синко Сега сум одморена конечно, имав заборавено што значи да спиеш 8 сврзани саати. Фри, иста сум и јас скроз за домашните обврски. Ги мразам и страшно се нервирам, ама тоа е. Мене па и готвењето ме нервира, ич не сакам да готвам а секој ден правам по нешто после работа Нешто треба да се јаде. Мм ме изненади сабајлево, тој излегува пред мене на работа и ми оставил плик со слика-колаж од мене и синко што не сликал неколку пати додека сме спиеле со бебо и демек честитката е од синко, така убаво ми напишал посвета од позади, цела страна, нешто во стилот да не се жалам дека не ме остава да спијам Одам да поработам малку, се читаме
Да го отворам и ја денов овде оти секако ќе ме префрлат. Вчера лежиме со бебле, таа гуга јас зборам сама со себе.. и како да ја заслушав да хрчи на грло дур диши. Се препотив во секундата. Маж таман доаѓаше од работа, ја спремав набрзина и на педијатар. Од тоа пусто спуштање на плуќа уште од пред да се породам што се изначитав низ форумов имам страв во коски. Ама лажен аларм. Чиста е и на грло и на плуќа, тоа што сум слушнала најверојатно било од лигите ради забите. Па се фрливме на шопинг, да не е џабе излегувањето. Додуша таа и татко и шетаа пред бутици, а ја низ бутици. Вчера вечер бебла почна со нови звуци на гугање, и посебно пред да заспие се пушти на кикотење. Што и се деси не знам. Таа и претходно знаеше да се закикоти ама ја да ја напнам. Вчера сама почна да се засмејува па после дур и праев фацки си се кикотеше со леснотија. Се вративме и во креветче. На почеток поврза 3 часа, а потоа стануваше пак на 1 час. Ама овој пат го земав креветчето до наш кревет, претходно си стоеше во свој корнер, ама вака е полесно. Па ноќеска и тој еден час што ќе го преспиев ми беше релаксиран. Иначе кога таа е до мене, се само пазам да не ја сплескам па и тоа малце спиење ми се вади низ нос. @happygirl да си најсреќна!!! Да си имаш година исполнета со љубов и хармонија и многу гушкање. Среќен нека е!! Браво за маж.
Сите за уши во мајчински Вчера гледам тука мислењево викам од неспиење халуцинирам и пишувам по други теми Барем има кај да се жалиме, ај.. Бебе иначе спие во вреќа недела дена и првите денови спиеше супер, сега цело време стенка, мм вика го нервира вреќата живчан како тебе е Цело време го буткаше ќебето ,и сега мора да спие во вреќа ич не го жалам. Ноќеска стана да цица дури 6 пати.Со муабети со гугање и така.. Идам едно турско да се напијам. @happygirl Среќен роденден. Само убавини да си имаш
Моево 3 пати стана од 23ч до 12ч Ама после тоа спиеше до 7 и пол сабајлево, прв пат во овие 13 месеци да врзи цели 7 часа дури не ми се верува, ама јас цела ноќ го покривам, но друго е вака, ама кај нас не трае ова, вечер пак ќе станува знам во вреќа нема шанса пробав 2, 3 пати, плачи ја турка, ја слекува, сега се знае, разбира, ништо не трпи на него.