Добар ден мајки Тишина низ куќа, некои стари песни на јутуб, од некои безгрижи времиња(од оваа перспектива барем). Некое чуство кое немир ми дава, како да сум во исчекување на некоја лоша вест, тишината како да создава празнина која наттежнува и наттежнува. Дали некои песни будат сеќавања кај вас? Случајно, во позадина, една песна која ја слушав во моменти кога бев тажна, несреќна...сеќавања на љубов, на осаменост и болка. Сите тие чуства одамна исчезнале, дури и песната потонала во сеќавањето со нив. Само бледи сцени кои се навраќаат со ритамот на музиката. Дали и овие тежини и болки некогаш ќе исчезнат и ќе се присеќќавам бледо на истите после икс години. Дали оваа празнина ќе биде исполнета со среќа, радост, здравје. Дали дали дали... Станувам алергична на неизвесноста. На она трпение, работа, упорност, добра мисла. И така, даваш се од себе, се трошиш и цедиш до последниот атом енергија... Посакувам да можев на подруг начин на чекорам на низ животот. Можеби ќе беше подобро за моето здравје.Да прифатам дека нештата се такви какви што се, да не барам одговори, да не лепам таму каде што е скршено, да не поправам таму каде е расипано... Да ставам маската на лицето и хахаха хихихи. Не дека им е лесно на другите, знам дека секаде кочи нешто. И кај мене кочело. Секогаш. Но барем ја имав онаа енергија да ставам маска на лице, да се нашалам, да тргнам во еден ќош сета болка и проблеми и да свртам неврзан муабет, да тресам некоја зелена... Како да остарев во душата. На мој грб можеби сум истрпела икс стапови повеќе и стоејќи сум издржала се и сум продолжила. Но кога е за дете колку проклето болело. Еден е поболен од 1000. Не е ниту стап. Како нож во срце....и крвариш секој божји ден. Леле забегав со муабетиве. Арни инаку. Шетани, јадени, анимирани. Да ставам кафе па да спремам нешто за играње за кога ќе дојдат момите од градинка.
Немам одамна пишано. И зошто пишувам секогаш кога ќе ми натежне нешто и кога ќе ме извади од колосек. А толку убави работи имам да напишам. За инает, ќе почнам со нив. Нова година. Прв пат сами си ја пречекавме. Четворицата среќни. Дека со бебе, спремањето траеше до 11 и пол, ама тоа е. Од готвење, па доење, па пак готвење.. па пак доење.. успеав да направам кифли, мафини, еклери и руска. После избањавме деца, се средивме и ние, и се облековме сите во новогодишните аутфити. Таман пола саат остана за сликање. Си честитавме. Се изгушкавме. Си посакавме убавини. Вечерта ми беше магична. И немав ниту грам тага дека сме само ние. Прв пат за празниците "само" ние ми беше повеќе од доволно. Не дека не ми фалеше фамилијата, или дека не сакав да ги видам блиските, но прв пат немав место за носталгија или тага што не сме во МК, затоа што срцето ми беше преполно љубов. Не можам да ви опишам тие две и нешто недели колку бев среќна. Маж ми имаа колективен одмор, сите бевме на купче дома.. секој ден нешто се правеше, се шеташе, или се смислуваше некоја игра со Мачорка. Цела куќа ја декориравме со китенки и украси. Уживавме во секој момент заедно. Без напукан распоред, уживавме и во прошетки надвор, уживавме и во обично боење и сечење заедно... Значи преубаво е кога никој не се брза за никаде, не те гази часовник, не те гази времето, не те газат обврски, немаш секирации... и сите сме си на куп среќни. Често помислував на времето пред 5 години, кога секој момент чекав да се породам. Од тогаш Нова година ми е еден од најмагичните периоди во годината. Никогаш нема да заборавам на еклерите и руската и MTV Rock во позадина. Секоја година си ги пуштам тие неколку песни и баш како што пишува @danichap патувам низ времето. Иако најсреќен период, не можам да се воздржам и да ги скријам солзите. Мислам дека како тој дом тогаш, никогаш нема да имаме. Таа среќа, тие мигови на исчекување. Еве нѐ, после 5 години, не знам како сме. Среќни, но како среќава да е со рок на траење. Помина славјето. Но никогаш не остануваме на тоа - атмосферата уште се билда. Прв пат роденден славиме дома. И прв пат тука. И прв пат со другарчињата од градинка. Нема што не нарачав и што не направив. Тема - маче. Колачиња мачиња, фустан за неа маче, венчиња мачиња, торта маче, за децата поклончиња, декорации... За "журката" катчиња со активности... До толку не спиев и се преморивме и спремавме до последна минута, што искрено, таман да се избањам за забавата, ѕвонеа дечиња на врата. Сите се средија, само јас останав неистуширана. Денот помина во хаос. Прво дечиња од 14-17 па од 18.30 возрасни. Со раскревање мебел, со што не. Бебе се предаваше ко штафета, немаше цицано на моменти и 3.5 саати. Дали да ме јаде грижа на совест, дали да се радувам што ќерката го имаше најубавиот ден во годината.. толку беше среќна, толку беше весела... Со денови и нас нѐ држеше еуфорија од тоа колку убаво си поминавме. Но, после тоа, сѐ по старо. Бебе баш тој период вакцина прими, на мерење супер, кренал таман. Дома уште накитено, средено.. мислам дека живеев во идила. Сѐ додека завчера не бевме пак на мерење, па во овие 2 недели не качил многу. И повторно нервози - повторно стресови. Таман овие месец дена се имав опуштено и бев толку среќна, мислев што и да е, го надминавме. Ама не. Како што реков - среќата ми е со рок на траење. И наеднаш муабет за згуснувачи, адаптирано, кашички и што не. И не е ништо толку трагично на папир. Ама на папир. Не можам и не сакам да се помирам со сето ова. Што никој не бара причина, туку само се оди со пробување. Ама не сакам да дадам шише. Знам дека со него ќе е погубно и дека тука ќе заврши нашата приказна. Не е ситуација "само да пробаме". И некогаш не може човек да се разбере со некои луѓе што знам дека добро мислат, ама и не разбираат толку. Ова што ќе го пишам, го пишувам за да се испукам. И не барам совет. Не барам мислење. Дури и да си речете дека сум луда, еве, ви признавам. Јас тоа веќе го знам. Знам дека сум луда. Ама кога нешто толку сте го чекале, сакале, и во значи во животот, едноставно не можете толку лесно да го занемарите, без да се борите за него, без да истражите зошто. Прва сум што ќе се откажам да дојам ако некој дојде и ми каже - вака и вака. Не бива. Ама да ми даде причина. Доволно имам читано да знам дека не секнува млеко преку ноќ (без причина). И дека бебе кое во еден месец кренало 550 гр и кое е весело и среќно, и кое полни пелени.. е гладно. 4 месеци има веќе. Не е 3 недели старо. Но да загрозам нешто само за да "пробам".. без никаков план.. не бива. Но сепак. Ја гледам и другата страна. Некогаш и пострашно од што е. Од завчера, секое негово плачење го асоцирам со глад. Секое негово смеење го асоцирам со тоа дека се смее оти цицнал малце ама сепак е гладен. Си викам - што ако стварно нешто не е ок со нас? Што ако заради мене не добива сѐ што му треба. После се освестувам дека е среќен и весел. Може е генетика. Не сме сите исти. Но дали е. Понекогаш посакувам да не беше среќен и весел, за да имав причина да се откажам. Но, знам дека ако се откажам без причина, нема да поминам фино. Ќе се осудувам. Засекогаш. Некогаш и него го осудувам. Си велам - не ли можеше да бидеш стандардно бебе. Знам дека е банално и глупаво. Затоа што тој е стандардно бебе. Расте и во висина, расте и обемот на главата. И свесна сум за сѐ. За постпородилни депресии, за обични депресии и сум далеку од тоа. 99% од времето сум смирена, среќна, најдов мир, ги опсипувам и двајцата со љубов. Ама некогаш и од премногу љубов и хормони ми доаѓаат солзи. Некако после толку талкање тука, и толку емотивни падови овие години после селењето, лани, кога ми беше најлошо и не знаев кај тераме, на вчерашен ден го видов позитивниот тест. Ми даде смисла на секојдневието. Ме извлече од бездна во која секој ден сѐ повеќе тонев. И радувајќи се на овој период поминат дома со него, сеќавајќи се дека тоа беше најубавиот период со Мачорка дома.. сега седам со него и наместо како претходните денови да си запалам сијалички и да сум среќна, јас седам и го бројам секое негово голтање. Плачам. И немам кај да избегам за да се излуфтирам. Затоа што ова ми беше најпрекрасното прибежиште од сите замки на животот. И најтешко ми е што знам што треба да направам. Не ретко сум ве советувала на форумот. Но 4 месеци водиме битка, од која мислев излеговме победници, и сега пак. Знам. После третиот месец не креваат толку. И тој во две недели кренал 120 грама. И не е воопшто страшно. Но, нели. Избегал од некоја крива, па сега драми се прават. И најверојатно сѐ е во ред, и нема никаков проблем. Но, тој 1% чуда прави. Ме тера да размислувам на најстрашните работи. Од метаболички заболувања, генетски проблеми.. па и проблеми со мене. Не оставив вака. Чекам посета дома од IBCLC. И ако се дава дохрана, сакам да е со стратегија. Некогаш ми доаѓа да се откажам. И си плачам. Но не ни помислувам да го направам тоа. Затоа што знам колку ќе ме мавне на психа тоа. Не ме судете. И не ми го сфаќајте постов како осуда за сите што даваат АД. Од срце ви кажувам дека немам никакви предрасуди за другите. Но лично за себе сум свесна што може да ме скрши, и не е фер да не можам да си на отворам душата тука, само заради ризик да бидам погрешно сфатена.
Хола Неколку ноќи бебла поврзува часови, ми е страв на глас да кажам да не магично и го снема сончето. Научила да прди со уста и да плука од плунката што и се собира, секогаш кога нешто не и чини. Па така ако сака во раце пртка со уста, ако сака надвор или во другата соба исто. Намуртена. Почна да се врти на името. Добро, веројатно поима нема дека тоа и е име, кога ќе ја викнам на име врти глава механички и се смее. Веројатно си мисли дека тоа е само некој смешен збор. Пладнево шетавме сами со бебла. Па се враќавме назад покрај море. Сонце, морска широчина и бесконечно синило. Кој изгубил мир таму ќе си го најде. Сега ми станува јасно зошто островјани живеат и по 100 години. Седнав да нахранам душа, бебла спиеше. Се прибравме дома. Еден по еден на бањање и ќе заокружиме ден со некој филм од листата номинирани за Оскар. @Kaetana се си знаеш. Ја само сакам да те гушнам.
Само што ми стана тешко, ми натежна денов ја отворив темава и одма се тешам дека не сум само јас со истите мисли. Денов помина така без врска, истите па истите обврски секој ден. Децата на прво место, средниот сто пати да го седнеш на нокшир и средиш. Малата нека е здрава и жива ми ја обеле косава откако прооде. Многу се качува сегде. Само под стрессум да не падне, да не се удри лошо. Второ место домашните обврски готвење перење и пак за нив. А јас? Каде сум, се гледам, блузава ми се кине, тренеркиве ми се лом, а верувајте ми немам ни воља ни па сила да личам на нешто. Барем се туширам секој ден . Некогаш почнувам да се плашам во тоа каква личност станувам. Им се восхитувам на насмеани мајки средени, дотерани имаат време за шетање и со деца и со маж. Може стигнуваат се може дома имаат готвачи и куќќни помошници незнам. Знам само дека мене ме убиваат овие работи. Крај нема на кругот од алишта тањири и прашина. Аман. Се надевам ќе ми помине. Незнам веќе ни со што да занимавам деца. Мора да се организирам поубаво повеќе да излегуваме. Макар и тоа незнам каде. Ај доста ви се жалев. @danichap што и да ве мачи да помине најлесно . @Kaetana ако добро сфатив се секираш за доењето. И да треба дохрана и така растат деца. Нема да си помалку мајка. Мојот најголем е такада порасннат. @Yowannty колку убаво што шетате покрај море..Самата помисла на погледот, мирисот и водата ме смирува, а камо ли секој ден да имам таква привилегија. Може еден ден ќе имам куќа на море. Малку оптизам во, постов. УбаваИ вечер , да земам да се расонам со нешто, прилично е рано за спиење
Искрено, мислам дека немаш ама баш никаква причина за грижа. Знаеш и сама дека може да се случи и на ад млеко да е, пак исто вака да напредува. Едноставно, некои деца се такви, па не може сите да бидат во просекот, мора да има и исклучоци. Големиот мој и со доење и со дохрана одвај го качуваше минимумот во килажа. Среќна бев кога ќе исцицаше максимално, плус шишето, полнеше редовно пелени, какаше по 3-4 пати дневно, ама килажата не се качуваше, што дека го мерев секоја недела... 500-600г месечно првите три месеци, море не, на точно месец дена од раѓање имаше одвај 3кг. Партал ме направи докторката, а јас само сакав да бидам упорна со доење, но дадов адаптирано. Оти не знаев многу работи тогаш, барем не ова што сега го знам. Менував млека демек некои похранливи, врска немаше. А роден е 2760г, на месец имаше 3кг, на 6 месеци 5400г, на година имаше 8600г. И ден денес е таков, има осум и пол години, во март девет ќе полни, килажата му е ко за 4-5 годишно дете. Одвај 25 кила. Утре е на систематски преглед, знам дека ќе ми речат оти е неухранет. Ама ете, детето си е такво. Јаде ко дупнато, ама не се. Не јаде леб, ама јаде тестенини, не јаде месо, ама јаде зеленчук. Море и месо се разјаде. Благо јаде, грицки, и пак не качува. На глава да дубам, едноставно не оди нагоре. Физички е прилично активен, паметен, со натпросечна интелигенција, ама ете, килажата стои во место. Такво е детето. Се додека е здраво, не планирам да се замарам, има кога да се дебели. Планирам да почне да спортува, време е веќе, не го ни прашувам што сака, ќе го однесам на пливање и на кошарка, што ќе му се допадне повеќе, тоа. Така барем телото ќе си го развива правилно. Верувам дека твоето дете е здраво и право. Направете ги сите потребни испитувања ако ви сугерираат така, за да си бидеш мирна. Верувам дека нема ништо да има, сè ќе биде во ред. Ама јасно е дека малку треба за да ти го стават црвот во глава и да мислиш постојано на тоа. Детето си е добро.
Секој пат кога е мајка ми на гости си ветувам дека ќе се одморам, а јас го правам спротивното. И деновите кога треба да си оди ми се најтешки. Тоа го знае секој што живее настрана, чувство кое не се опишува со зборови. Ја наполнив кадата со сапуница, пуштив рилекс музика, чаша вино и после саат време искочив. Наместо да се опуштам се напунив со мисли како ќе биде. Ставив маска за пилинг и ми се залепи на лице недосушена па се триев до сега. Марфи пак ли ти бе. Сите веќе почнаа на работа само јас како пензионерка се осеќам. Омилената друшка на работа си даде отказ, си најде работа поблиску до домот. Без неа нема да биде исто. Ќе дојдат во петок комплет да се изопиеме сите заедно за последен пат. Каков микс имам од колеги саркастични, другарки исто саркастични и од другата страна имаш колеги мирни и стабилни со хуморлос и сестри уста што не затвораат. Во средина заедничките ќе балансираат знаат и да откачат и да глумат финоќа. Јас ќе се изгубам меѓу моите ги немам видено сакам со сите да поминам време, а треба и финоќа да повежбам. Како иде време ич не ми се затвора во канцеларија, ми се иде некаде на топло. Залади надвор сув студ минусни температури. Снег на повидок нема. Годинава е најтоплата зима за која се сеќавам во овие години. Летово ќе испоцркаме како глувци. По дома исто. Играм брканица со двајцата. Емили му ги зема грицките и играчките на Ози, он се нервира и влегува во куќарка и она се пика со главата да влезе и му писка внатре. А толку гласно писка ушобол. И нон стоп околу него е закачена. А он кога е нервозен знае и да заржи и да те збрка низ соба ако е само 4кг. Али неа и допушта. Затоа нас ни наплаќа ниту не слуша, ниту не регистрира. И он не јаде али тоа не е ново кај него, он е единственото куче на светот кое со сила јаде ако го раниш во уста. Може со денови гладен да седи. Таман тандем се. Добра ноќ.
@Kaetana дур не ми надојде убаво млеко и на моменти кога не напредувал давав АД. Битно ми беше да е најаден. Ама моето дете па беше такво што не ја отфрли градата па да остане само на АД. Цицаше до 14,15 месеци, и тоа ексклузивно на доење остана. Така да не мора да значи дека ако дадеш шише ќе заврши доењето. Бар кај мене не беше така. Со лесно
треба време да се залепат раните. Тага има секој ден кога ќе седнеме помеѓу 4 ѕида и ќе го ослободиме мозокот. Е тогаш ни се премостува филмот. Јас затоа не сакам да сум сама со себе дома. Ама некогаш тагата која излегува на површина е подобра од вистината која ја потискаме во себе. леле и јас вчера... Место раат да одморам јас уште поненаспана. Си дремка секој ден од 18 саат ама вчера заспа тоа време и стана дури 7ипол другата ден. да будам што ќе будам нека спие ко му се спие. Стана неколку пати цицаше дремејќи и веднаш призаспиваше. Се уплашив. Тт немаше јаден поен стокмен втопло.... Е веќе кај 12 реков Будала јас... ме потсети твојов коментар на едни зборови од мајка ми. Јас мала сестра ми болна мама стои над неа јас станувам за во вц гледам жена седи на стол до неа и викам што стоиш легни ништо не можеш да направиш а легната а станата исто ти е. Ми вика ах ќерко болна да сум ама болен да не гледам. И одговарам еј што си будала подобро други да се болни одколку ти. Кој сака да е болен. И си легнав. И ден денес не можам да ги заборавам тие зборови кои додека човек не осети на своја кожа никогаш не знае како им е на другите. Сега секој бојжи ден се молам боље јас да сум болна ама децата да ми се здрави и живи. @Kaetana не е потребен коментар ни совет ни било што од наша страна. Затоа што знаеш што е најдобро за твоето дете. Најважно е да е здраво после и да расте среќно. И како што ти кажа @Annath во коментарот има деца што едноставно цицаат весели се полнат пелени ама не качуваат во килажа. На свекор ми најмалото дете кое сега има 9 години е баш такво. Јаде како врапче. По 2 трошки на едно јадење. Слабо леле мајко. На 3 години на рака ми се закачуваше како мајмунче. Кај раменото со рацете а кај дланката до нозете прекрстени. Немаше ни 10 кила. Првото мое дете кое тогаш имаше 6 месеци беше потешко од нејзе на 3 години. Ама па здраво жилаво енергично ... Тоа чудо нешто. Еве ја сега на 9години едвај 20 кила има. Сите се испожалија што е многу битно да си ја отворат душата за да им олесни. Што вика една мајка - кога плачат децата сиот свет плаче. На тоа детето одговорило кога мајките се среќни и децата се. Кај нас ништо посебно. И мене ме окупираат мисли од типот Што сега... што понатаму... Како ова... Никогаш не верував дека светот на возрасните функционира со многу думање. Нити па дека постои тежок терет што човек посебно жена може да го носи на грб. Децата добри. Големото како расте го фаќа се поголема нервоза што воопшто не е здраво за дете. Збори збори џабе. На крај тој ќе ми рече ајде ти прекини. За се друго е послушен и разбирлив ама кога се нервира не сака збор да му се рече. Бебчо расте. Весело среќно... Што вика чичко ми е бебе бебе... Да знаеш каков е животот ќе и речеш на мајка ти оти мајко ме раѓаше. Сега дур си мало смеј се. И да,тоа слуша и си се кикоти. Научивме да се вртиме на страна па на меше па некогаш знаеме да се вратиме пак на грб а јас не можам да мрднам од креветот подалеку. Толку ми е страв да не падне... Ама пуста мајка ајде нека не се секира да ја видам. Денес примивме вакцина. Досега е добар ама ме стега душава не можам да заспијам. Се ми се чини да не крене тт да не не го сметам леле ќе се мачи... Некогаш и јас сум за со стап да ме истепаат ама тоа е. Да спремам и големиот за спиење па ќе легнам. Белким ќе можам да заспијам. Па женички имајте пријатна ноќ.
Добра вечер мајки Ден ко ден, јас мислев петок е, а тоа четврток да ти било, значи ќе имам гратис ден неделава Хаос ми е по дома, ама прав хаос, не од играчки, него од прљавштини, собрав што собрав елка, ама уште не иде ден да испочистам Ваљда викендов, ама ваљда, ако не падне снег Единствена ли сум што ич не се замарам за средување по дома и што секогаш бирам скитање?! Недомаќинка ли сум Ми е гајле Мене ептен ми е побитно да се изнашетаме и изнадружиме, па и изнаиграме него ли да пресмукувам Кујна секогаш ми е средена, садови средувам по ручек, шпорет забришувам по ручек. Перам или пикам у машини кога ќе ми текне, средувам алишта пред спиење, бебе има ритуал да се наскока на спална па да спие, топ тогаш диплам колку да се рече и пикам у плакари, пеглам по потреба (иако се мислам дека мм шета ко непеглан, ама ако му смета знае каде е пеглата, кога шетаме заедно го прегледувам и покрај мојата блуза, запеглувам и неговата, секако сушарата и речиси па пеглани ги вади, не е страшно де ). За јадење и тоа гледам што полесни јадења да правам, пипави и што бараат црцканици не правам Ако толку немам време и идеа секогаш можам да пикнам месо у шпорет со компири или да испржам компири + јајца, тоа е непогрешлив оброк! Мм не е маанџија, оно беше ама присилно се одвикна битно му е да има јадење на маса. Се нервирав јас кога бев млада невеста со она "што сакаш да јадеш" па "мама поубаво готвела" ама на време му покажав каде е местото . Бебе маанџија е (цел на мене е тука ) ама у зорт знам што не одбива, па и тоа е лесно Денес голем ден, детево за прв пат се сложи да иде сам со татко му у продавница Дури и продавачката која ја видов покасно искоментира, конечно да не дојде со тебе Ама се сложи да иде со поткуп, да купи Киндер јајце, али и тоа е нешто, па се врати со две и замислете у двете имаше коли А пред некој ден се сложи да се симне долу со свеки, нас ни кажа дури и чао, идел и друг пат, ама максимум за 10мин трча нагоре. Е овој пат седеше точно 1ч и 17минути јас на раат кафе пиев и се испобањав, цела вода ја потрошив од бољарот Ги слушав трчаа, се бркаа, мачки бараа, пиле бркаа, што и да правеа бебе се врати среќен, а светко задишан Сакам да има прави баби и дедовци, што играат внуче, што разгалуваат, шетаат, купуваат (поткупуваат) сакам да ги сака, да сака да иде кај нив, да се сеќава со убаво за нив! Јас едноставно немав таква среќа Од мајка, баба ми беше ок, најдобра од сите 4ца, али никогаш не покажа некоја љубов, или па не знаеше како. Никогаш не добив ниту една асална чоколада од неа, све идеше со блок табли од пазар или едно ќесе бомбони за да го делиме со сестра ми, пакетче на 2-3пати ни правеше у кесе од замрзнивач со смоки, блокот и некое бомбонче.. Си умре и остана скржава, буквално отиде у стари гаќи, а најдовме 20тина нови неотворени, се покриваше и на нас ни даваше да се покриваме у лити стари ќебиња, а некои 15тина најдовме нови неотворени. Море и голема сума пари најдоа, а живееше бедно и црно, мислам дека секојпат ни отвараше кутија колачи со поминат рок, бидејќи ја чуваше и чуваше.. Си умре со мислата дека мајка ми не ни спрема чеиз и жива се јадеше, а мајка дури и претера За полуматура ми поклони јамболија А за матура дупло ќебе Е многу се прерадував на поклоните Дедо ми пијаница.. Роден инвалид со едната нога, па цел живот си лечел комплекси.. Нема потреба да пишувам понатаму.. Се сеќавам дека како мала на неколку пати ме носеше у продавница за да сум го сакала, ми купуваше што ќе посакам, иако тоа секогаш беше кремче. Али мојот одговор секогаш беше дека џабе му е "дедо јас пак нема да те сакам" Нека почива во мир! Другиве нека ги поживее господ ама вампири Ај дедо ми па и некако иако и он не е цвеќе, ама баба ми, ЛОШОТИЛУК! Сестра ми и некако ја третираа како внука, барем вербално, ама јас бев некоја внука од трет ред Сега не знам у кој ред сум бидејќи не им посветувам ич внимание, едноставно отпишани се.. Ќе ги посетам, го носами бебе кај нив, му кажувам кои се, му викам да им направи здраво, подавам по нешто за празник (даваат и они) али тоа е тоа, нема љубов, нема однос.. Ниту сум им лута, ниту огорчена, едноставно немам чувства за нив.. Инаку баба ми уште го умира дедо ми, ама и дедо ми дал од што оваа го умира или се му е збрано тоне.. Едвај станува, едвај јаде, пред некој ден беше доктор инфузија да му дава.. Мислам кај и да е стварно.. Тоа е.. Забегав Не знам која беше, ме карактеризираше како личност која за ништо не се нервира. До пред некоја година страшно се ми сметаше, што основани, што неосновани нервози еден куп, па останав бремена и се претворив во "утопија" (се мразам себеси кога ќе ми текне на мојата наивност во тој период ). Па следеше период на темпирана бомба, магично сите нервози од претходно не беа вредни за дискусии, јас имав сериозен проблем. А сите околу се тргнаа на страна или јас ги избуткав, мислам дека ги измарширав уствари Изградив ѕид, повисок и од мене, потежок од планина и не дозволував никакво присуство, едноставно не постоеше причина што може да ме трогне, да ме изнервира или поквари ден. Имав цел и само тоа беше битно! Целта ја постигнав, го добив бебе, не вреди друга нервоза после него, битно е он да е здрав и жив, ние да сме доволно здрави да можеме да го издигнеме Не сакам да ме памти како нервозна мајка која викала и се лутела, се е минливо, само болест или смрт не можеме да смениме. Не сакам да ме памти како мајка која му кажала да седи мирен бидејќи не и денот, не сите денови се негови/наши, живи сме, здрави сме, сите денови се убави на свој начин. Среќни сме, насмеани сме, се сакаме, секој ден се трудам да му пренесам позитивна енергија и убав дух, па и во најцрните денови, сакам да се смее и да се радува. Он е весело и среќно дете, насмеано, мисламдека не сум го видела да се намршти, уствари се мршти кога ќе му речеме (цел е на мене у тој поглед, ни јас не сум мрштаџија ). Татко му по малку е намќор, нема па нема, па не му е нешто погодено Јас сум фриии, иако група луѓе ме ставаат у категорија на "умислена" ама намерно е тоа така, да речеме "заштита од глупавштини" Пак забегав Денес чекав пратка од Спорт вижн, прошла недела влегов на сајтот за да си порачам некои патики, некои евтини за до продавница. И многу нормално ниту влегов у женскиот дел, туку се запикав у детскиот, па као супер попуст на омилените патики на бебе и ги нарачав Дури прееска ми текна дека ми фалат патики и дека требаше да порачам У моментов детево има повеќе гардероба од мене и 3пара патики Па и у поново и поубаво иде Јас некогаш се осеќам како партал мајка покрај него А мм стандарт вика дека он е како сиротиња, како се родил бебе ништо не сум му купила (70% јас сама го дотерувам ). Едоставно поинтересен ми е пазарлукот за него Веќе два месеци немам крема за лице, се мачкам со А-дерма, крема што сум ја купила за него, ама не му одговара. Не дека мене ми е многу сјајна, ама врши работа, гледам хидрирано ми е лицево Побитно ми беше со 1.000ката да му купам играчка и друга илјадарка не ми се наоѓа пак за крема. А пак за две креми да купам денска/ноќна шанса нема, како е он роден само 24часовни користам Него почнав да користам парфем, со доењево не ставав, у бременост ми сметаше, па значи 3г немав парфем прснато на себе. И леле бре мајки неможам да се намирисам, само се пуфкам, мислам корнам на километри и убаво ми е Кога сме кај лепота не знам што со косава Се мислам да сe шатирам, ама па и не знам, немам уште ниту едно бело влакно.. Па пак да се нијансирам ама некако не ме погаѓаат, сем третиот пат што ме погодија, остантово канта, иако викаат убава ми била, ама џабе кога не се бендисувам Фризер ќе мењам.. Дај предложете некој!!!! !! Последниов пат се мислев кај Дарон да идам, ама ете не бев.. У лепота влага и тело, па сум решила на фитнес да идам Карши градинката кај што ќе иде бебе има фитнес сала, полн погодок, дали кога ќе го оставам или зимам 1ч таму ќе трчам Уште да појде бебе у градинка и да го адаптирам фали Веќе сум у филм какви патики треба да купам и какви хелланки и маиче ваљда нема само опремата да ми остане од замислата за трчање а ваљда и ќе ја купам, ќе влезам у женски оддел И така да изиграм Кенди и да спијам, на прагот сум на 5000то ниво па нестрплива сум да го поминам Петок утре, ќе шетаме некаде ама кој знае кај, барем ќе поскокаме на трамболина и ќе им досаѓаме на зајчиња сигурно Убава ноќ, убаво нанајте Јас гладна сум бе, сега ми текна
Мајки добро вечер Ние сме добри со бебушка, ваљда и настинката ќе и помине, си пукнав веќе. Шетаме секој ден, што дека дома ќе седиме. Викендов може ќе одиме до викендица как кумовите, на чист воздух, ќе биде поладно ама ако. Кога се децата во прашање мајката најмногу ја боли. Еднаш се случи на контрола бебуш немаше многу качено абе како тешко ми падна луѓе, не знам како ја облеков, ми зуеше бо ушите. Си викав шо мајка сум, кај грешам... Ама не било страшно, јас понекогаш знам да претерам. Ќе си растат дечињата, падни стани, ќе се смееме на денешните маки, ќе дојдат пострашни Како мајки многу се запоставуваме, не се пазиме. А знаете дека најмногу ние им требаме на малите сонциња Чувајте се жени, користете помош, уживајте Денес така сите нешто си се жалиме, ама и така иди во животот. Мажот ми се жали дека ич не сме гледале серии како порано, се на пола ни остана, а ако гледа без мене јас се лутам Кога бев бремена си уживавме до ниедно време кога не беше ноќна, со 10 паузи за мочање и грицки и благичко. Ја немаме сега таа слобода Бебушка ќе потпорасне па ќе имаме повеќе време за нас двајца. Ми фали малку да си се дружиме како порано ама па кога сме вака тројцата ми е најубаво Друго прашање, дали носите накит, мајки на мали бебиња? Цел живот сум редена како лазарка со белегзии и прстени, ама пред да се породам морав да ги извадам па ете уште не сум ги ставила. Барем Пандората да си ја носам, а ми е страв да не ја изгребам бебушка. Многу ми е убаво кога ве читам, сите ве гушкам, и ма сите ви посакувам здрави дечиња, и одмор за вас
Лазарка бе Јас пред бебе носев ланче, како амајлија ми беше, сентиментално сум врзана за него иако не ми е нешто убаво Го извадив за пораѓај и уште не се осмелувам да го ставам, мислам како ме гали и гушка бебево, а уствари ме џапа и ме плеска, прееска и шамар ми врза, знам дека одма ќе го скине И дури доев и беше помал не ретко шараше со раката, па ќе му запаѓаше у око, така да не. Прстени почнав да носам кога направи година, спонтано ги ставив. Носам два, со едниот не би можела да го изгребам, ама со другиот можам и сум го гребнала Едно време ми ги бараше, па ги зимаше и си ги редеше на прсти Алки не сум носела, саат носев кога искачав ама уште не сум го ставила, а тоа би можела, безбедно е мислам Муабетот ми е пробај па ќе видиш
Да бе, права лазарка накитена Ете гледаш значи вистина е опасно! Кога ја ставам бурмата стално ја гледа ја гиба, значи за поинтересни прстени ќе збесни Сега ќе се редам само за излегување, дома посекако 3674 памперси менувам дневно, ќе ми смета.
Мојата Марчи нон стоп така спие. Еднаш максимум два пати станува за цицка во текот од 12 часа и тоа заспана цица и продолжува да спие. Само пред 2 вечери стана од 2-4 часот гугаше и си заспа. Јас си ги пречекав и испратив гостите. И тоа бучни и 12 со нас 15 на број. Гревче мојата Беба не знае ништо што се случува околу неа додека си спие. Златна е и мирна пупу машала. Добро утро. Како сте? Ние станавме, бебе цицаше, ја пресоблеков,, па какаше и на ново пелена. Сега цицајќи заспа, а јас ручек за нас, кашичка за неа и така... @Kaetana мила немој да си ставаш на душа.. Бебе ти е Супер здраво само има брз метаболизам и не се дебелее. Можеби некогаш ќе бидеш благодарна што нема да криеш чоколади по фиоки како мене од синко. Се ставаш на душа а допрва ти требаат нерви и тоа челични. Верувај
Добро утро На повидок викендАма во сабота се чувам со малата, муж на работа.Ретко е на работа во сабота ама подобро да оди и да си го врати денешниот ден.Денес се чува со малата.Вчера во 12:30 ми се јавија плакала со болка во ушето Па го пратив мм оти јас претходниот петок останував пак со тт беше.А денес е 10 ден од ревакцината на ММР.Во рок од 10 дена 2 пати потешко болна Тој докторот не ја ни прегледа салам ,а му кажав почнува да кашла.Гради чисти дај вакцина Па одма другиот ден качи 37,6 за во четвток да качи 38.4 , а петок 39.6. Вчера по еден час од првиот повик ми се јавува другата воспитувачка уште плака дали идете.Нормално и реков мм треба во секој момент да стигне ама никако пред 1часСрце Си велам што го пратив јас да отидев ќе стигнев(а тој на пола пат од мене) па што ќе и прави па милион мисли.Посакав да сум птица и да стигнам за 2 минути ... Го пратив одма маж да одат на др .Отишле и сестрата на приемно се пожалила дека многу плака малата.Ај па ако не плакаше ќе беа ли таму.Емпатија е непознато чуство за денешниот човек. Измериле тт 37.5 не и е ништо малку црвено со ибупрофен нека тера и капки за носДа ама капки секако и ставав.Ми пукна душата од нервоза еден тон солзи исплакав.На крај што не бев јас болна.Ама тоа е најлесно ,да гледаш болно детето тоа е најтешко, беспомошен само немо седиш и чекаш да помине Јас паѓам во депресија кога ми е малата болна.Знам претерувам Кога си дојдов дома спиеше и после некое време стана .Расположена весела и среќна.Ми кажува мама доктор - кажа не вода уше и капа носамСе насмеав како се разбрала што кажал др.Па ми вика мама јас паднав во динка (градинка)ноже боле не ушеУпс по грешка биле на доктор Ама сонливо дете си прозбори и нешто за еднорог па не ја сватив сериозно А јас само ја гушкав и не знаев како да и се извинам што ме немало кога сум и требалаАма и реков дека нема да ја бакнувам оти имам херпес.Па таа ме праша дали можела да ме бакне на челотоЗар треба да праша нејзините бакнежи се мојте лексилиуми После јадеше и си игравме Лоти Кароти.Ама се јас си губам па и на крај ме тешеше @danichap @Kaetana мојата напредуваше супер до 7 месеци па после стагнира за на 12 месеци да има 9кг.Исто и на 2г имаше 10кг .Никогаш не рече др дека е неухранета била во нормални деца долна граница.Јас се нервирав барав да препише од тие специјалните препарати за дохрана ,немало потреба, за на крај да ја оставам на раат.Сега 3ипол 15кг.Си реков генетика е и јас и мм сме биле слаби деца , јас во 2одд бев 25 кг .Да е жив и здрав и да расте, тежината не е битна Ајде си покукав ќе одам да сработам нешто.Имајте убав викенд
Добро утро, добар ден. Уште денеска дома, од понеделник почнуваме, кој на работа, кој во градинка. Како ли ќе стануваме во 6 сабајле не знам. Се научивме до кај 8, па до 9 си се гушкавме, па на раат појадок, ручек секој ден им спремав, а два дена и прошетавме. Добро излезе сонцево, таа магла ми ствараше нервоза, како зона сумрака, не знаеш дали е ден, дали ноќ. Оваа недела турбо, два дена оставам деца по тетки, вујни, да завршам некои работи, документи, на факс потписи, испити пријавував, душата ми излезе трчај ваму, трчај таму. Два дена и нив со мене ги носев, прво во пошта, среќа немаше гужва инаку во вис ќе ја дигнеа, после заедно пазаревме, па на контрола со Н, уште една недела мора да ја носи лонгетата. Вчера се заглавив у кујна, не знам што ми текна сарми да виткам, никогаш до сега не сум правела, супер испаднаа, ама душа ми излезе, садови еден куп после. Малово сакаше мевце, така пржено, му дадов, и додека миев садови тој го залепил се на тепих. Леле кога видов, коса ми се дигна, едвај се воздржав да не се развикам, ама го натерав сам да собира. И така, денес пак ќе шетаме, ќе дојде синко, па да го земеме, конечно сите 4рица заедно. Убав ден ви посакувам.
И јас да се пожалам За жолчката бев пак на доктор, имам често напади, ми рекоја да ја извадам, да си најдам хирург 1 година од царскиот помина, премногу се плашам, лапараскопски ќе биди ама пак е операција, пак на болница некој ден, анестезија, болка, многу се плашам, ми се плачи. Ќе држам до мај да го одбијам синко, да оди убаво сам, нема да смеам да го кревам, во лето не прават операции, ако истуркам до есен со болки со спазмекси, со иннфузии ќе биди и така не чини У*М. Брачеда прва исто вака беше ја извади со време, после 6 месеци бремена си беше, па со царски беше, таа ме охрабрува, ама 2 операции во 2 години не е така едноставно, на друг да му речиш е лесно ама ако е за тебе не е исто. Свекор ми ми вели, ајде ништо не е, ќе ја извадиш, му велам јас си знам, имав една операција, знам како е, не е така ко што си мислите. Како ме изнервира Синко сношти спиеше од 9 и пол до 12 и пол стана со пиштење, на грло пиштеше, како од инает, 13и пол месеци, има пак некој скок??? 3те четворки излезени се уште едната долу десно остана, од нив ли плачи вака?? Одвај го смиривме, некогаш си велам да не има некој проблем детево, ама се гледа дека повеќе од инает плачи, дали можеби сонува нешто??? Врќе незнам ништо,мирен е 2, 3 ноќи после ни наплаќа тродупло Имам уште за жалење ама доста е негативна енергија. Денов е убав сончев како пролет е
Добар ден од мене. Јас еве си привршувам со работа. Денес денов до сега турбо беше не стигнав ни во тоалет да одам. Сега се стишувца бура па да привршам и одам дома на пакување за планина. Ептен се исповозбудив што ќе одам малку на релаксација и скијање. Денес не пуштив дете во градинка имаме баба сервис по дома па може и малку ќе одиме сами на шопинг или кино или кафе. Јееј и за тоа. @Kaetana психичката состојба не можам да ти ја знам. Ама јас бев таа што морав да додавам АД за да напредува бебето. кога и да ги стиснев градите од нив течеше млеко, на почеток знаеја и тврди да бидат и се по ред, ама ете бебе не напредуваше доволно само со доење. Се убив од плачење зашто детето беше ептен чекано, со ивф го добив и мислев дека не ме бива како жена за ништо. И место да уживам со многу чеканото дете на почеток бев хаос, некаде до неговиот 4-ти месец. Само и само затоа што мислев дека доењето е многу битно. И се борев со демони и се мислев што не е во ред со него, со мене. А бљуцкаше па за малку ќе барав испитувања за рефлукс, е до толку бев будала. Зашто мислев дека мора да има причина што ете не напредува во тежина, а држи глава на стомак свртен од 2 недели. Е потоа застанав и размислив дека е подобро дете што напредуваи за кое нема на секое мерење да се тресам дали качило или не килажа и дека ако не се замарам со доење и јадење ќе можам да се посветам на енкои други многу побитни работи за развој на бебето. И со додавање на АД беше на долна граница на качување килажа ама ги пратеше кривите на раст. И не се откажа од цицање заради АД или шише. Битно му беше да биде најаден и да се гали и милува со мене. Плус искуството со АД беше незаменливо од аспект на поврзување на татко со дете. Тато се чувстуваше горд и среќен што и тој може да го рани бебето од време на време. И додека јас плачев тој викаше ова е скриен благослов. И јас сум дел од ова семејство. Така што секое дете е различно. И секое семејство е различно. Прави го тоа што мислев дека е за вас најдобро, ама не е секогаш се црно и бело. Со ништо па ни со АД. Ова само како охрабрување, не мислев да држам лекции и да сугерирам ништо. Само пишав мое искуство. Отидов сега да се спремам за патување.
Добар ден Само што се вративме од прошетка со бебе. Мајка ми е тука, па да го искористаме времево малце. Иако ладно, ама сонце има па и на бебе му дојде убаво свеж воздух, и сега спие. Јас настината, дојде мајка ми на помош, претходниве неколку денови не можев бебе да го дигнам. Она само за доење ми го носеше во кревет. Поштено се изнаплакав, уште сум хаос со хормониве значи аман Со мм само се расправам. На моменти кога ќе размислам стварно не знам како ме трпи Буквално сум хаос. Лесно избувлива и малце ми фали да се потепаме. Вчера излеговме да пазариме, мајка ми го чува беблак, и во кола се испокаравме за триста чуда и глупости. Ми вика и мене ми е тешко, немој да си ваква. И.. уште повеќе се натажив Ајде ќе биде подобро ваљда... така се тешам Бебе пак протестира со неспиење. Само изводи нешто. До сега кога ќе станеше за цицање навечер одма презаспиваше, а сега цица и спремен за игра и муабет е Мене глава ми се клати над него И јас никако да искористам што мајка ми е тука. Само нешто плус да направам, да отидам на контроли, доктори блабла.. И на крај пак уморна и само уморна. Да не мрачам веќе, ама така ми е деновиве. Ве изначитав сите. Што убаво сте се изнапишале.
Хелоу Убаво време за шетање, ама мали е уште болен. Големиот во школо, а маж на работа. Дури вечер ќе си дојде. Јас пијам кафенце. Цела недела се немам напиено. Се навикнав без кафе. @emkaemka и јас сакав моите деца да имаат баба и дедо. Јас имав само баби. Таа од страна на мајка ми ретко ја гледав. Не живееше во Ск, а и беше болна. Па ретко идевме за да не и пречиме. Имаше склероза. Ок однос имавме. Колку што можеше да се има со оглед на состојбата. Другата баба беше злато од жена. Баба каква што секој би посакал. Сите внуци ги гледаше исто. Секогаш ни даваше по нешто. Имаше однос со нас баш како што треба. Дедото од страна на мајка ми починал кога она била млада. Другиот дедо е жив, ама не сакам да го видам. За своите деца не се грижел, а не па за внуците. Немаме фамилијарно никаков контакт со него. Ама затоа моите деца имаат дедо. Намерно пишав дедо. Затоа што другиот дедо (свекор ми) како да не им е дедо. За него они не се внуци. Истото е и со баба им. Една баба имаат, а исто како да ја немаат. За другите внуци убави чоколади, а за моите деца чоколатца од 5 денари. И за моите деца се немаат пари за роденден да им купат нешто. Битно да има за другите внуци. Односот им е катастрофа. Срам да им е. Мајка ми не дочека да стане баба. Утре викенд. Немам ништо испланирано. Најверојатно ќе се гледа некој филм. Поздрав
Добра вечер Заспав бебла, измив заби и се стуткав во кревет. Го забораив шишето со вода над фиокар, па го гледам пробувајќи телепатски да го повикам да ми долета до кревет оти ме мрзи да станам и да си го земам. Секако ќе му пишам порака на маж кога ќе си легнува да ми го донесе блиску. Тој пак, во другата соба гејма. Му ветив ќе гејмаме заедно, ама многу ми се спие. Конечно ги среди видеата што се снимавме додека бев трудна. Колку што се нервирав тогаш што ме снимаше во најлоши можни изданија, толку се смеев денеска кога одново ги гледавме. Покрај оние додека повраќам, а тој демек ми придржува коса и ми дава морална поддршка и оние во кои изгледам како скисната алга која морево ја избацило надвор после невреме, има и такви кои се симпатични, каде денсаме и пееме во кола или дур миеме заби навечер пред спиење, а најсмешно она кога веќе сум огромна, па од денсање мрдам само гз, а стомак аутматски шета лево-десно. Сега си имаме мала компилација од 9 месеци заеднички перипетии во траење од неколку минути. Многу сум посесивна кога станува збор за бебла. Не сакам ни да помислам некој друг да ја чува сем мене. Знам, свесна сум дека не треба, ама ете, посилно е од мене. Утре треба свеки да ја причува на пола саат. Од сега ми се превртува утробава и знам дека нема мирно да спијам вечерва. Ќе биде втор пат за овие 5+ месеци да ја причува. Што да напраам, како да си помогнам на себе, да прифатам дека е скроз нормална ситуација?! Луда сум скроз на скроз! Колку се форсирам се сама, има јако да ми се удри од глава еден ден. Косава ми паѓа како луда. Што да правам, што да чинам... Поише од пола ми падна и уште си паѓа.. ќе си пукнам од мака. Ај бар изнарачав венчиња турбани од Али да затскривам автопативе што се гледаат секогаш кога ќе отворам патец. Сакав уште нешто да пишам.. ама отиде мислата. Добра ноќ.