@Yowannty да ти пратам од моите венчиња сакаш? Имам и шноли. Пред некои време доаѓа маж ми од работа и ми носи нешто. Ми вика - Да видиш што сум ти донел. Колку се убави. Ја земам кесата и што да видам? Ала Касандра венчиња. Толку да се немало вкус. Ич не го бива за одбирање подароци.
Ма и ала Доринда ако треба, само да ми се скријат дупкиве на главава. Затоа за подароци сама ќе си праиш нарачки. Што е сигурно - сигурно е. Чим тој купува ич не е битно што.
@Mia Fuentes од накит баш ништо. Бурмата кога бев трудна ја ставив некаде зошто ми беше мала од отоците на прстите и сега незнам каде е Ланчето ми го скина синко , бело злато, треба да прашм дали некој ќе го залепи ама не верувам Менѓушите обожава да ми ги џапа од ушите па и нив ретко ги носам. Не обожавам накит нешто ама бар ова основното .е сега ни тоа Вечер мајки Ние со припреми за зимОвање И се дека сме со "дешавки"пред да одиме негде ,на штрек дури не појдеме. Прееска го чуваше мајка ми да испазаруваме,дома кај нас. Даде заклучок дека е ладно кај нас, го облекла со боди на долги,плетена блузс,елек ,хулахопки Детево црвени образи ќе пукне од топлина И откако сме отишле за еден саат кивнал десет пати и као го чешкал носето Откако се вративме до сега еднаш кивна ,носе не тече. Па почнаа паниките Да не се разболува И еве турив и инхалатор Нема што не земав Алкохол,сирупи,спрејови-три! шприцови,игли, риностоп,пробиотик,витамини, зиртек,антибиотик, витамини, физиолошки,декса,вентолин, чепчиња,ефералган,блокмакс па и спиранто лепенки Нормална ли сум? Или така треба И инхалатор нели Добра ноќ
за утеха еве јас а баш си викам недомаќинка сум. Прво ми беше криво ама после ич не се замарав. Да е чисто па сега собраните алишта "фрлени" на кревет можат и утре да се здиплат. јас не сум била никогаш љубител на накит. да не те подрекувам ама ти си среќен мајка ние спиеме 11 саати отприлика максимум. Станување кога како од 2-3 пати па некогаш до 5-6 ама тоа изгледа му е за да се гушнеме и толку. Не цица само ја става во уста и одма задремува. @lackygirl со помин нека е се ќе се среди. Кога ќе размислиш подобро е да живееш со болки или еднаш да истрпиш па да се зборуваш со болките. За тоа 2 операции за 2 години... Јас имав сообраќајна незгода и после 2 години направив втора операција па после 2 години артроскопија па после 2 години се породив со царски. Така да нема ништо спорно. Сте заправиле муабет за баби дедовци. Јас се сеќавам само на баба ми по татко ми. Почина кога имав 12 години. Дедо по татко ми ист починал кога сум имала 6 месеци. Дедо по мајка ми починал кога сум имала година. Него го памтам од слики кои што се сликал т.е го сликале со мене. Знам дека многу ме сакал. Баба по мајка ми починала 2 дена пред да се родам. Мама и ден денес ми префрлува поради тоа што заради мене не ја видела мајка си за последен пат. Прв пат кога го слушнав тоа изгорев. Зарем мајка на дете му кажува такво нешто?? Мала бев. Уште не можам да заборавам. Сега се сеќавам со чудење. Вистина боли за мајка ама за дете уште повеќе. Е ете кај неа не било така. болни работи. Баба ми единствената која ја знам никогаш не не делеше нас внуците. Живеевме во куќа со баба ми татко ми и едниот брат од тато а другиот од студии си остана да живее Скопје. Никогаш не не делеше. Пензија кога земаше за сите исто пари даваше. Многу повеќе време со неа поминав одколку со мајка ми. @Yowannty рано си легнала. И јас како тебе не сакам други да ми ги чуваат децата. Големото сама си го изгледав. Да не грешам душа имаше моменти кога сестра ми ми помагаше ама во глобала се сама. Ретко и маж ми го чуваше. И со второво исто (досега). Коментаров го пишувам 2 ипол сати од пред 8 кога почнав да го успивам бебчо. Па заспа па правев вечера па јадев читав гледав серија... И веќе ме сомрзе да пишувам. Ама важно ве исчитав. Па женички да пуштам машина и легнувам. Толку за денес. Имајте пријатна вечер
Нормална си пред се мајка си. Само за утеха ништо нема да искористиш. Не знам колкави сте, ние пред 1 недела се вративме од Банско. Со 4 месечно бебе можеш да замислиш што имав кренато сто куфери, а само еден требаше. Мм ќе ме убиеше. Но да не притреба. Сега за летовање си направив список дека само 1% да земам од ова сега За топлото дома и мајка ми е иста. Тоа 25 степени пука, јас на кратки откако сум породена, таа вика ладно било. Ќе ги трпиме, една е мајка. . Убав помин. Бебе спие од 19:20 сеуште нема цицка побарано. Јас средив по дома, ручек за утре направив. Но до Охрид ќе шетниме утре па за недела ќе ми остане ручек @Yowannty и мене ми паѓа косата ко луда! Прашав ми рекоа од цицањето било. Јас отидов, синко чекам од центар да си дојди и така. .. Ве и добра ноќ
Од накит носам само златни обетки. Ама дека не ги осеќам. Затоа ги носам. Прстени носев, ама ги баталив. Почнаа да ми сметаат. Сега не можам да се замислам да ставам прстен на рака. Сум пробала, ама ми смета. Ланче и алка во живот немам ставено. Не трпам да имам нешто на рака и околу врат. Затоа ни часовници не носам, ниту шалови. А ни марами. Бурма немам. Не се венчавме во црква, па не ни купивме. Маж пред некое време спомна да сме купеле, ама касно е веќе. Се купува навреме, а не после 8 години. А и нема да ја носам. И он не сака прстени. Женски...кое презиме го носите? Јас од маж ми и многу се каам. Во процедура сум да си го вратам девојачкото.
Поминав сите омилени песни н а јутуб,да ве зирнн и овде па може ќе легнам..Од накит дур бев на породилно и по цел ден со дете-ништо не носев од страв прстенот да не ми падне па да голтне дете.Дури и спаваќици со копчиња што имав,сите копчиња ги одшив од тој страв да не се голтне.Сега носам само на работа кога одам,за по дома пак така сум си. А @Yowannty што спомнала за чување и посесивност..И јас го имав то ачуство а и уште трае..Ми викаа додек сум н породилно и по цел ден со бебе ќе траело,ама после полек а исчезнувало. Како не! Еве го,ќе пуни три уште малку а мене ми е мака кога треба да гомоставам на саат да завршам работа.Едноставно го обожавам! Сакам да го гледам како расте,да му ги слушам слатките зборчиња кога убаво неможе да ги изговори...да редиме сложубалка,да го држам за раче и заедно д а шетаме...И јас признавам,посесивна сум...се трудам д олабавам,е до кај ке успеам незнам.И ова чуство го имам смамо со свеки коа треба д а остане...Можеби па зашто немам комплетна доверба во неа?? ..Лека ноќ...
Добро утро, Од накит носам ланче. Од кога го заносев не сум го извадила. Со името на бебка Прстени не поднесувам. Ми се праат красти меѓу прсти. Посесивна спрема детето сега не сум ама првите месеци бев како дива лавица. Гребев и рикав за се околу нејзе. Се смени со тек на време тоа. Не нагло. Дружељубива е, со сите се игра, со сите се смее. Кога има друштво не ме ни погледнува, освен да побара вода ако не и е на дофат. Ми се допаѓа што е таква, ја сум била диво дете. И уште сум дива. @SummerGirl носам прежиме од маж Не ми било битно и не сум размислувала околу тоа. Презиме ко презиме. Зашто сакаш да го вратиш твоето? Задржи ги двете и додади си го моминското, па ќе го користиш кое ти одговара. Пример - Елена С. Николовска (го измислив имево)
@lackygirl се измачи мила моја, се измачи начисто. Стварно не знам зошто продолжи малиот така и после 13 месеци. Има скокови тие се едно до друго до 1,5 година заклучно 10ти скок. И почеток на тантруми во исто време е на почеток нежни и лабави за да засилат од 2 до 3 години. Ќе го оперираме и свекор ти и на шанел свекор и у пакет @Мариаа. околу година дена се ќе си дојде на место до тогаш испукај се оти после ќе нема на што да се вадиш. За се искарај се и за ланскиот снег, он на тебе ќе ти кажува за снегот. @SummerGirl јас не би била јас ако не си го задржав моето. Само моето оти така ми беше кеиф. Никогаш не сум прифаќала стереотипи па не ми падна на памет ниту да навлегувам во полемики околу тоа прашање, а и онака е толку небитно минорно за дискусија. Немаше температура ноќва. Не ме плашат вакцини никогаш не ни размислувам за нус појави едноставно го блокирам мозокот и не го пуштам да размислува на таква тема. Али се плашам од температура кај беба. Многу. Ќе помине и ова за ден два. Јако бебе е со температура наваму натаму е по цел ден. Кејк попс ми искочија многу убаво. Другите форми беа смешни и завршија во ѓубре. Мислам дека цела кујна ми е бело чоколадо налепена. Да идам да докупам уште нешто готово моите готвачки способности се оддамна познати.
Синоќа почнав пост да пишувам кога заспа малата, ама снемав инспирација некако. Не ја можам зимава и не. Прочитав некаде дека не треба на децата да им зборуваме лошо за годишните времиња за да уживаат во секое, а не да им правиме предрасуди. Дека зимата е лоша нели, си има своја убавина. Ама не можам да не мрчам против зимата и тоа е тоа. Едвај чекам лето, ама едвај. Со моите баби и дедовци не сум била особено блиска, иако и живеевме со едните, ама мајка ми секогаш беше против нив и збореше лошо за нив, па веројатно тоа си имаше удел. На мајка ми родителите живееја подалеку и не се гледавме многу често. Ќерка ми си има супер однос и со двата пара баби и дедовци, воопшто не и ја полнам главата дека не чинат едните или другите, сакам со нив да си ужива. Кај моите ја носам за играње, не ја чуваат со спиење и со јадење, со пресоблекување, само за играње. Искрено, не би има ја оставила на спиење. За посесивноста кога беше новороденче никој не ја земаше, не дека јас ќе ја дадев, ама моите беа потресени дека ќе и направат нешто, мајка ми не ја зема додека не си го држеше сама главчето. Сега веќе е поголема, нема гајле и она, ниту пак јас ја мислам кога е со други. Од накит не носам ништо, носев пред бебе, ама после извадив све зашто ми сметаше. Некако ме нервираат многу работи на себе, како стареам приметувам дека тежнеам кон едноставност. И дома сакам што помалку работи, алишта имам од све по еден пар, купувам само по потреба, ташна имам една што не ја ни носам, ставам во џебови и толку. Со малата носам ранче кога одам, обавезно облека носам за пресоблекување. Не ми требаат предмети воопшто, да се селам би земала една торба само и толку. За презимето го земав неговото, не ми значеше нешто посебно да го зачувам моминското, ниту сметам дека не дефинира едно презиме. Што знам, ништо важно не ми беше. Го мразам овој збор, дива. Мене ми викаа цела детство дека сум таква, со еден потсмешлив тон. И ќерка ми да беше повлечено дете никогаш не би и го рекла ова. Не може сите да сме дружељубиви и отворени, ниту пак е погрешно ако некое детенце си е повлечено. Морав да го кажам ова зашто често децата патат, родителите се однесуваат како да е нешто погрешно со нивното дете ако не е толку дружељубиво. Треба да се смени тоа размислување и да се остават децата какви што се, наместо присилно да се бутаат во друштво. Ќе си ги најдат и тие своите луѓе кога ќе потпораснат, луѓе што им одговараат. @eli25 и јас истиот состав го носам, да ми е мирна душичката. До сега сум си враќала се назад, ама што е сигурно е сигурно. @danichap и јас исто знам да забегам некогаш во минатото со музика, нема нешто што како песните стари може да ме навратат назад. Спомени... @Kaetana за тебе најголема поддршка и една огромна гушка. Ќе видиш дека се ќе си биде во ред, премногу товар само си ставила на рамениците. Ама знам како ти е, јас кога снемав млеко му викав на мм дека ќе ги исечам и не ми требаат. За што ми се толкави гради, а не можат да го извршат она за кое се создадени? Среќа се врати млекото, па не морав да ги сечам. Каде со тие хормони, лелеееее кога ќе ми текне во какво бунило бев првите денови. Ќе помине и тоа. Имајте убав ден сите, се распишав јас, отиде малата со татко и, па да искористам времето.
Не го кажав на лош тон. Ја не сум била недружељубива и повлечена, и сега не сум. Ама многу тешко се опуштам со луѓе, како дете не смеел никој да ме пипне, ни да ми се обрати, ни да ме викне. Вриштење било. Денес сум иста, само вриштам во себе. Не сум се чувствувала лошо кога викале така за мене, не сакав некој да се навреди.
Не, не, не се навредив. Се надоврзав само, од мое искуство како ми го кажувале тоа. Јас си бев повлечено дете, со саати можев да седам и да читам во соба, не ми требаше друштво едноставно. И ете ти, дива. Па ме буткаа накај роднини да одам да се гушкам и бацувам, се на сила. Сакав повеќе да кажам за оние што имаат такви дечиња да не им прават така, туку да си ги прифатат какви што се.
Добар ден мајки, Се развила дискусија на големо. Јас бев исто да кажам дива, дури плачев кога ќе ме оставеа сама со други деца. До ден денес сум така, уживам да сум сама, средби со непознати луѓе ме вознемируваат, настани ме вознемируваат. Ама кога ќе се поврзам со некој сум прилично муабетчика. Маж ми неможе да ме разбере, бидејќи е сосема спротивно од мене, либерте, без срам, без ништо, баш е спонтан, кај мене тоа го нема. Презимето го земав неговото, ниту мене ми нема некое значење тоа. Накит носам, пандората, часовник и ланче. Прстени исто како Теди, красти ми прават. Во последно време многу наидувам на себични луѓе, без осет луѓе и без грам досетка за приватност, да тоа се блиски . Се влева кај нас дома ко во отворена куќа, без да се заѕвони, ниту па да се јави пред тоа. Малата спие, гледа и повторно си влева, и зборува на глава и ја буди Како да се справам со ова? Не сакам никој да навредам ама ова е без грам осет, се нервирам и си клукам Б витамин
Ова со дива и мене ми буди спомени. Немам никакви чувства према зборчето, нити ме навредува, нити ме погодува на некој начин, скроз сеедно ми било. И јас сум била многу повлечено и срамежливо дете и плачка ако некој нешто ми пререче. Повеќе сум сакала да сум сама отколку со други деца. Се смени тоа со годините, се опуштив, се дружев, сега пак повторно се враќам во старата комфорна зона. Повторно поубаво ми е кога сме сами со маж отколку со друштво. Излагаме и се дружиме, ама ништо не ми се споредува со кога сме биле сами. Се случи пред неколку години. Веројатно за мајка ми, јас сеуште бев тоа срамежливо и повлечено девојче што избегнува други луѓе. Се сретнавме со една вујна, на мајка ми снаа за братучед, која почна да ме фали колку сум била културна, секогаш сум ја поздравувала. На тоа мајка ми родена, кога почна да ја убедува женава дека тоа е не е можно, колку сум била ја дива, кај јас сум поздравувала, пффф... не ми се веруваше што слушам и што и стана на мајка ми. Едвај чекав да се разделиме оти вриев во себе. Абре мајка ќе го нафали детето и поише од што е, мојава чудо над чудата. Се испокарав тој ден и лута и бев следните неколку денови. Да, културна сум и да, сите ги поздравувам кога ќе ги сретнам. Не вртам глава и не се праам на Тошо. Сеуште не знам што ја перна тој ден да ме направи толку лоша. Накит за по дома не носам. За излегување си ставам 2 прстенчиња, ама такви се нежни не можам да ја изгребам бебла со нив. За по дома не трпам ништо на мене. Многу сакам филигран и едвај чекам да си го вратам ланчето, ама ќе почекa уште некое време. Бебла тек почнува да пипа и тегне се. Во план ми е да си купам филигрански сет за мене и за свеки во Охрид кога ќе доаѓам за МК за некој месец. Секогаш сметав дека презимето е дел од мојата лична идентификација, ама маж имаше голем мерак да го носам неговото. Не ме набедуваше во никој случај, ама знаев, па прифатив да го додадам неговото. Арно ама, овде во сите документи сеуште само моето стои. Ја прашав адвокатката ми рече тоа не е никаков проблем, па на чисто сум. Нему му учинив, ама поради некои причини сеуште секаде е само моето, па... win win ситуација.
Како можете да сте вакви памуци не можам да сфатам. Има неколку лика на форумов чист памук, да не згрешат, да не навредат. Како ве воспитале така се чудам и после читам си била дива. Ете од каде иде таа ненаметливост и извинувања, а во себе вриштење. Јас сум била џамбаз дете. Не сум сакала нови луѓе фаца смрзната имам при запознавање без емоции ниту некаква заинтересираност да се дружам со сите. Увек една од најгласните и најлошите, од оние што ги буцка цел клас да бегаат. Потоа се моделирав со малку финоќа сега на запознавање знам и да се насмеам иако сум уште смрзната во фацата кое луѓето го читаат како дигната, а уствари мене не ме интересира ни кои се ни како се викаат ни зошто треба да се знаеме. Ќерка ми во група со нови лица реагира исто. Молчи пет минути ги гледа сите со кои треба да седи и потоа станува најгласна. Не сакам да биде повлечена и срамежлива, сакам сите емоции да ги изнесува без разлика во каков каракатер ќе се гради. Од она што јас сакам и како ќе биде има голема разлика нели. Живи били па видели.
Едно е справување со емоции, друго е дали сака да биде со луѓе или не. Јас уште сум си интровертна, поубаво ми е сама отколку со куп луѓе, ама не значи дека си чувам емоции во себе, нели. Различни работи.
Се е тоа фино али како би ги изнела емоциите сама со себе? За да стане збор за изнесување на емоции мора да има барем еден лик плус во просторијата. Во онаа смисла за која јас зборувам во постот.
@lackygirl Се надевам точно тагнав Исто имам проблеми со жолчката,понекогаш и песок ми се ствара Буквално една недела пред операцијата матичниот мој ме убеди да не ја извадам Исфрлив од употреба јајца што највеќе предизвикуваат напади,мрсно и благо Се случува да земам нешто од ова да јадам ама ретко и во умерени количини,предходно ме советува да се напијам пантопразол пурен Посебно пред да јадам јајца или нешто помрсно И не сум имала од тогаш проблем Добар ден Не сум за многу везење ама успат да ве поздравам Во последниот пост ви пишав во градинка владее уште норо Па после половина час ми се јавија да ја земам ќерка пролив имала,само да не се шлогирав Таман едвај дена ги пушти во градинка после две недели пауза За среќа остана на тие неколку пати проливче и се смири Лажна тревога или не мораше да седи дома 48 часа,не фати и викенд па од понеделник ќе почнат пак вградинка Овде ладно предходните денови и до -10 Денес омекна као ама си останавме дома Не планираат да имаат попладневна дремка па со тоа и ризикот за излегување се зголемува Не е ни толку страшно Успеваме и до 3 часа да се занимаваме со водените бои па нема да ни е досадно и денес Секој ден цртаме компири и моркови не знам што и е така интересно ама само тоа сака да црта И така... Да си сварам едно кофи да испијам и да поховам пилешко А тек хаосов кога ќе го средам не знам... Довиџења
Епа кога ќе биде сама со себе нема да има кој да ја нервира и нема да има потреба од изнесување емоции. Се шалам. Не значи дека тоа ќе биде сосема сама секогаш, ќе си има одбрани луѓе околу себе со кои ќе може да се опушти. Комплицирана е целата работа, затоа и воспитување и раснење на мал човек не е едноставно и си бара посветеност.
Јас сум многу наивна, смотана да речам по нашки само во себе држам и си пукам, ретко многу ретко да се скарам со некој ако ептен ми пре**рчи Колку работи дома ми засметале што ми рекле свекор или свекрва, никогаш не сум му вратила, а после нервирај се пукај во себе таква сум на татко ми, мајка ми воопшто не е таква. Замислете на работа пред 2 години ни тупнаа лото да работиме без пари, 0ден на плата 0 му рековме на газдите да ни платат не сакаат демек немале ќар за тоа, ние утки со колешката си тераме, нема нема, тоа е, да си ти овде @FreeMind нема ни 2 мин да ќутиш Фала за советите @Mari* и @marchi-cool пиев и јас rowachol апчиња и силимарин за црн дроб бидејќи му прави опструкција него, покачени се вредностите и на црн дроб, заради тоа ми препорачуваат ваѓање. Пазев на исхрана немав проблем еден период ама сега за празнициве малку се опуштив и одма почнаа болки. Накит не носам, на работа само бурмата ја носам дома не. Презиме од мм, на работа јузерот уште ми е на моминско.