Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    37.821
    Пол:
    Женски
    Хелоу :hai:

    Ручек се спрема. Деца уживаат. Исто и јас. Па да се фатам за чистење.

    @TeddyGrey @FreeMind не го сакам презимето од маж ми. Затоа сакам да го сменам. Не сакам нешто што ми е наметнато. Второ....само во лична карта и на извод од родени стои неговото презиме. На сите други документи стои девојачкото. Трето....секогаш го грешат. Ми се смачи постојано да ги поправам вработените на шалтер. (facepalm)

    По природа не сум дружељубива. Не ме интересира ширење познанства. Кога се запознавам со некој немам интерес понатака да се дружам со него/неа. Може само муабет од култура да направам. Си имам три другарки со кои се дружам. Баш ми се блиски. Со комшики кафиња не пијам. Си ја сакам приватноста.
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Да се придружам на дебата:D заспа мали па ајде да ве прочитам.

    По природа сум многу комуникативна и дружељубива,сакам и можам да се вклопам во друштво , но со тек на време си видов и открив каде припаѓам. Од кога го имам малиов ме привлекуваат да кажам мајки со искуства и тазе мајки .
    Имам 3 другарки од средно со кои до ден денес иако немаме толку слободно време како до пред неколку години додека бевме сите без дечиња,но мислам дека иако се гледаме ретко тоа сега е многу квалитетно,се забораваме од муабетење.
    Се измам изгорено многу на луѓе па иако сум многу дружељубива некако избегавам тоа последнава година да го правам како што сум го правела,се некоја резерва имам во мене да не се отварам, затоа сум на форум:rofl:.

    Него да им се пофалам на @srekice и @FreeMind дека во неделата на слава тргнав да запалам цигара,кога почнав да кашлам,да ми излегува чад низ нос како прва средно да бев:whew:сите во мене гледаа,ми се згади лом. Ама затоа се напив 2 ракии и ми се вртеше цела ноќ.
    И само си викав леле,да не повратам ако стане мали кој ке го гледа и сум заспала...
    Живот мајчински(facepalm):D.

    На работа е добро,се врајкам во шема,мали со мајка е среќен се познава си игра весел е. Навечер станува еднаш во 5 савајле пие млеко и до 6 и пол продолжува.

    Коса почна нова да ми расте:party: ајде ајде се врајќам во нормала. А богами и уште 2 кг имам вишок на мене^_^ :emo: .

    И јас не го сакам на мм презимето,затоа си го имам моето задржано,но џабе секако мали на него се презива:smirk::D. Се зезам.

    Убав викенд:l::hug:
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  3. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Добср ден мајки.
    Овој мој пост чувствувам дека ќе биде на долго и широко....

    Колку подруго е со сонцево алиштата побрзо ми се сушат,а и повеќе време поминуваме надвор со дете.Но од друга страна повеќе пајажина се збира,нека се збира чистам пајажина два пати неделно, а скоро секој ден се дружам со правосмукалката и џогерот.Но не онака како што си знаев порано,една соба за 5 минути ја поминувам,како лисицата со опашката.Но најважно нема џубренце на подот.

    Уште не ми се верува дека дете фати коксаки вирус иако матичната потврди.Но дете немаше тт и беше нафлан по две-три брунчиња на рацете,на нозете и вратот исто.За три дена исчезнаа сами од себе.

    Со мм нервози бетар од дете е, Од кога му зборувам да појдиме да испитаме се.Долниот притисок му се качува и срцето му лупа многу брзо.Има хроничен замор.И башка што има проблеми со кичма,грб.. Па по многу зборување се свести дека треба да се згрижи за здравјето негово.Така да од понеделник сме на термини со него.

    Денеска ќе излегувавме чаршија со снаа ми да прошетаме и да купам подарок на мм (во петок му е роденден)Таа ми откажа а и така некако не ми се мрдаше од дома,излеговме во двор малку со дете. Потоа дома се заигра со едно топче.Ја купатилото го чистев и на секое го ѕиркав дете да не прави некоја беља.И направил,седнал на комода и си кубел од стирополот што стои зад тв.

    По татко ми дедо ми и баба ми починаа едниот кога имав јас 10 год,а баба ми кога имав 14 год.Секогаш не делеа внуците,Секогаш гледаа за внуците од другите деца,секогаш за нив пари,подароци.А за нас со братми што бевме оставени сираци од многу мали ништо.
    Јас кога сум се родила тие не дошле да ме видат,прв пат дошле на крштевката на 10 месеци кога сум имала.

    Татко ми кога починал сум имала 11 месеци,а брат ми 10 години.Да ви кажам многу ми недостига,сакам да го гушнам силно и да не пуштам.Колку пари на сон сакам да одам со него, но тој упорно ме брка.Пишувам и солзи ми течат сами.

    Другите дедо и баба по мајка ми душа даваа за сите внуци исто,игравме со нив карти,домино,се боревме.Дедо ми почина кога имав 13 год,а баба ми е сеуште жива.Но врзана е за кревет две и кусур години.Има склероза и мајка ми се греши за неа.

    Накит не носам,само прстенот од мм што ми го даде.
    Презимето неговото го задржав,ама го оставав во исчекување до последен момент му кажував дека само моето ќе си го задржам.Инаку кога ставам краток потпис,го ставам стариот заборавам за страмота.
    Пред некој месец брат ми ми земаше некои резлутати и упорно го кажувам моето моминско презиме по 10 минути му текнало

    Бабата на мм понекогаш дете го вика диво зошто бегал од неа.А што да му правам на сила да го носам да го гушни.Кога сака оди кај неа,кога не сака не сака.

    Празнициве имам ставено некое килце,ама страв ми е да застанам на вага.Утре ќе одиме кај мајка ми на ручек ќе се мерам,се надевам нема да се разочарам Повеќе не правам благо и не месам ништо.Мора да се ставам на диета,ќе биде од први фебруари.Да помини од мм роденденот па после.

    На комшивката и покажав слика од веридбата пред 4 год. и ми кажа дека сум била остарена.
    Е како да не бидам безброј стресови дома со стари,со девер со дете,лежење по болници,давање кислород и што уште не.Само да ми е здрав и жив.друго не е важно.

    Мм хрчи,дете збесна за надвор да одам до продавница да се прошетаме,да му помине мислата
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Ano и 20 други им се допаѓа ова.
  4. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Да пишам еднаш во 100 години.
    Откако сум дома сама со двете деца денот ми врви додека трепнам.И пак ништо несредеено, дома лом, јас лом. По некое брзинско јадење за ручек и тоа е. Цел ден со бебе на цицка обесено речиси. Пауза само кога треба ќерка да мочка, кака или да ја туширам и успивам.
    Околу муабетите што претходно ги правев дали ќе сакам второ дете, не да сум заљубена во син ми, се топам од љубов, тој е мојот ангел. Со ќерка ми ми требаше повеќе време, него го сакам од прв поглед, златен ми е...:inlove: Ќерка ми не мисли како мене, за проблемите што ги имам со нејзиното понашање друг пат, денес сум во ептен лошо расположение поради тоа и не би да си долевам масло на оган:doh:
    Актуелната тема: не сум дружељубива, ме доживуваат како намќор. Во суштина има и доза на срам во таквата моја поставеност. А немам ни потреба од премногу дружење ете. Со мм сме исти. Но, кога со некој ми заоди муабетот, тоа е трајна врска:D И скоро сите ми имаат кажано кога те запознав делуваше поинаку, дигнато и намќоресто:^)
    @lackygirl пред 8 години ќе ја изгубевме сестра ми на нејзини 13 години токму поради опструкции на црн дроб и панкреас што и ги направи жолчката. Кога опструкцијата стана животозагрижувачка не смееја да ја оперираат. Беше многу лошо. И се поради тие совети, ај не ваѓај, ај чекај лето да помини ( немаат клими на болница) па диети држи, па масло со лимон. На крај ровахолот и пресуди-заглави едно камче во канал и ја наполни цел стомак со отров. Такви болки и повраќање немам видено. Така да, ако веќе прави опструкција, да се оперираш.
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Ano и 20 други им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl го носам само своето презиме. Си го сакам презимето и си го сакам татко ми и нема шанси со друго да се замислам. А возови од име и презимиња немаше смисла да се прават зошто двете презимиња се баш долги. Мм не се замара со такви работи ич, рече како сакаш така. Инаку можеш да си го смениш презимето назад, ама мислам сведоците ќе ти требаат што се потпишани.
    Инаку и јас сум "дивтар" Таква бев, таква останав. Тоа дивтар сум по дефиниција на мајка ми и средината. По моја дефиниција сум човек што си живее удобно во својата кожа, без да се труди да се прилагоди и да се секира да им се допадне на другите. Го кажувам своето па колку сака нека се лутат. Далеку од тоа да сум не културна. Инстант пријателства не правам, имам свој круг на луѓе и доволен ми е.
    Инаку немам што многу да се пофалам. Деца потпораснаа па некако успевам да украдам секој ден малку време за себе. Редовно вежбам , редовно читам и таман ми е.
    Големиот дечко оди на пливање, и многу сака да оди што ми е баш мерак. Е он е типче по карактер на татко му. Значи го пушташ во група деца што не ги познава и он одма се конектира. Одма има другари, па договараат , па играат. Како му успева не знам. Во живот не ми се случило да запознам некого и да ми е забавно одма, ни ко дете ни сега.
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Coco31 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.851
    Допаѓања:
    33.914
    Пол:
    Женски
    Здраво друшво^_^

    Спијат моиве љубовчиња , а јас себично уживам во тишина:angel:
    Со малата од сабајле се чуваме сами исчистивме цацко пацко,ручек и на крај прошетавме до продавница оти толку сила имав:) Кога седнуваме да јадеме тројцата или ние двете пуштаме тв што на сите ни одговара.Па гледаме или Преспав или Дајте музика.Малата ја научи песната на Дајте музика и прашува кој пее мама беј беј .Јас ја корегирам дека е пеј:mm:Па и го покажав чичко Игор Џамбазов и дете се шармира од човекот и го засака многу:rofl:Сега вика мама Џабазов пее беј беј:inlove:
    Секогаш кога сака да гледа Дајте музика вика мама пушти големи деца:)Омилени и се Филип и Саша:makeup:
    Инаку од Преспав омилен лик и е Марио:)Татко и се лути:lol:Јас ја прашав што и е интересен вели машко , шминка и има точка :rofl:

    За презиме го носам на мм иако ми велеше да си го зачувам моето.Не сакав од причина дека сакав исто презиме со децата да си бидам:!:А потписот ми е на татко ми само напред додадена мојата буква.Пак си се потпишувам со моминското.Па колку пати ми пререкле толку долго презиме , а краток потпис:smirk:Па моминското ми беше на пола пократко:lol:

    Накит откако бурмата неколку циркони си скршив и платив неколку пати за поправка по 30 евра, еднаш си ја фрлив и зад фрижидерот не ја носам веќе.Не дека многу ја носев.Само за венчавката.Ама поголема си зедов демек кога ќе останам трудна ќе ми станат прстите дупли па таман ќе ми биде(facepalm)Така сега и мојата и на мм стојат во шифоњерот чунки не се теснеле само се ширеле:doh:
    Обетки носам чат пат како бисери бижутерија , ланче еднаш годишно исто бижутерија.Поклон добив од кол за Божиќ сребрено ама уште не сум го ставила:o
    Порано обетки имав милион тоа и носев од накит сега се поретко.Стареам изгледа:?:

    За чување на детето оставам да ја чуваат баба и дедо и за да се радуваат.Се знае која е мама никој нема да ми ја земе.Ама од 365 дена ако ја почува некој тоа би било максимум 1 месец по неколку саати.Јас баба ми многу ја сакав.Кога умре исто како @24.07 ја молев да ме земе и мене .Бев 13 години и мислев светот ми завршил оти баба ми ја нема.Ама ме враќаше секогаш назад .Демек рано е:whew:Имала право па како ќе ја доживеев оваа среќа што ја чуствувам со мојата гулабица:inlove:

    Јас сум многу друштвен човек секогаш ме викале од повеќе места на забави и слично.Од средно иако не се дружев со сите ама пак за журки Ава беше главна без неа не биваше.Па мора некој да удара чашите со вино:rofl:Ама си имам мои едни и единствени другарки 3 и 1 другар.Две ми се на интересен начин најдени и траат од 12 години, а др двајца ми се од средно.Сега повеќе сум си за сама не сакам да се многу мешам и запознавам со луѓе си ги сакам само тие што ми се:!:Мајка ми баш ми пререче лани дека е нејзината ќерка сум станала дива и ладна .А да бе ќе одам по баби да ги радувам мислиш клован сум(facepalm)
    Малата не е на мене она е повлечено дете на мм.Они се домашни миленичиња не се за ширење познанство:D


    @lackygirl и јас исто ќе кажев дека знам дека може жолчката да направи проблем во случај да ти се заглави камен во каналот.Ова го знам зошто мајка ми е оперирана и знам дека тогаш многу читав.Она немаше проблеми со болки ама пред да и откријат рак се чешаше многу па беше по сите доктори . Видоа камења и рекоа да ја извади може од тоа се чеша.Во рок од пола година имаше 2 операции.Едната кила итна, а другата ласерска жолчка.Од жолчката ја пуштија дома за 2 дена мислам.Скоро и да не и се познаваат белези немаше некој компликации или болки.Со друг збор не беше ништо страшно.

    @FreeMind во мое маало кога не јадевме ни кажуваа една приказна за царското куче.Не сакало да јаде па еден сиромав рекол дај ми го на мене честити царе и ти ветува за 3 дена и кромид ќе прејаде.Го оставил да гладува 3 дена кучето и кога му го вратил му рекол на царот да проба да му фрли кромид.Така направил царот , а кучето го фатило кромидот во лет. Поговорката велеше дека имаме се да јадеме па затоа бираме и не јадеме.Демек галени како кучето.Ама јас прв пат од тебе слушам дека куче може да не јаде:$Може храната не му се свиѓа пробај со коска:wasntme:

    Леле ептен летнало време да будам децата што ќе прават цела вечер^_^
    Добра ноќ|-)
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Ano и 21 други им се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @Happyinlove, Хепица, дали ти личам на човек што во овој момент ќе се смири со цигара :@
    Цигара сакам да пушам сама, без никој. Една кутија Ронхил голд, иако веќе не се произведува.:mm:

    Ма само јака дрога ќе помогне, и усвет да фатам негде десет дена:rofl:
     
    На mimiiiii, kikin, Mia Fuentes и 4 други им се допаѓа ова.
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.432
    Дали го повивате бебето на почетокот?
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    37.821
    Пол:
    Женски
    @irena.1 прашав за тоа. Само барање и уплатница. Ќе биде и тоа. Маж се лути ама ми е гајле. Се според заслуга. Често знае да ми рече дека сум дива. Он сака да се дружи, а јас сум тотална спротивност. Ретко излегувам и ретко одам по гости. Најубаво ми е дома. Одам кај негови колеги и пријатели, ама со нивните сопруги строго на дистанца. Не ме интересираат кафиња. Немам проблем да правам муабет со нив. И со бившите колешки бев таква. Приватно не се дружев. Гости не обожавам. Не сакам секој ден некој да ми квакнува дома.
     
    На Mari*, Sexybaby86, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.065
    Допаѓања:
    24.324
    Пол:
    Женски
    @BirMelek @Ava.84 сега пред 2 месеци на 1 жена да, пријателка, 1 мало камче само имаше и ќе умреше за малку, толку проблем и направи 2 месеци остана Скопје на болница, денес прв пат ја видов, кај неа камчето отишло во каналот од црниот дроб, прво и го сечеле него, го ваделе каменот, па и жолчката иј ја ваделе, женава имала век и среќа што се вели. Еден рез што имаше преку цел стомак, 14кг ослабена. Затоа сега сум уплашена, фала ви, јас ќе ја вадам сигурно за некој месец, не чекам многу ми е страв да не се комплицира.

    Денес синко само 1 дремка имаше, еве го в раце ми заспа :) на цицка, дека само навечер цица сега, ме носи в спална знај дека таму ќе добие цицка :D душа моја :inlove: денес на сите му бараше цице, на мм, на една тетка, мене :)
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Ano и 12 други им се допаѓа ова.
  12. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ела да те гушнам :hug:
    Јад мислев дека само јас сум ваква:rofl::clap:
     
    На Mari*, mimiiiii, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    37.821
    Пол:
    Женски
    Извољевај кај мене. На кафе и торта. :D

    За многу што ме познаваат сум дрска и безобразна, ама баш ми е гајле. Не ти идам, не ми иди. Кратко и јасно.
     
  14. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Уште сношти се спремав да пишам, ама така неосетно сум заспала и спиев цел 1 сат. Премија. :D
    Големиот едвај заспа во 11, 2 сати го нишав, а му се спиеше. После 5 сати стана со плачење, воден измочан. :^) Дур го пресоблеков се расони, почна пак да пишти, го разбуди и малото, па дур му дадов млеко големиов демек ќе спиеше на спална, аха 100%, не знае да заспие сам. :envy: И како за инает маж трета смена, секогаш вака ми се погаѓа. :worried: И така големиот се расона, па пак 2 сати нишање, дури во 6 легнав ко дојде маж од работа. И толку, уште 1 сат подремав и стана и малото. Ноќ за паметење. :rofl:

    Сум пишала од сабајле и на то останало. :rofl: Стандард ко ќе решам да седнам на лаптоп некое дете се буди.
    Многу теми сте почнале бе, за долгометражен пост. :D

    Накит носам за излегување и то минимално или обетки или нежно ланче. Порано појќе се китев. :D А бурмата и вереничкиот прстен како ги ставив, не ги имам извадено. Во бременост не ми потекоа прстите па и сега не ми сметаат со децава, дури и чудно ми е ако не ги имам на мене.
    И презимето од мм го зедов, сакав сите да имаме исто, а и двете долги не ми одговараше.

    За друштвена не сум многу, ретко знам да разврзам муабет со непознати, едноставно не знам шо муабет да му прам. :lol: Зато имам само 4 другарки шо ми одговараат во секој поглед за муабет и со нив ми е најкомотно. Не сакам гужви, нови фаци, со тие шо ги познавам и се дружам ми е доволно. Јас со нив немам време да се видам, да ширам пријателства па уште помалце. 8) И мм има 3 другари шо многу се дружат па ете и со нив ни оди муабетот и дружбата, супер се сите. :)

    За бабите и дедовците. :) Баба ми по татко починала кога сум имала 6 месеци па не ја запознав. Дедо ми почина на мои 15 години и како денес памтам ноќта кога слушнав и без престан плачев. Многу го сакав, а и тој нас, сѐ правеше за нас со сестра ми. Додуша и само ние му бевме внуки, стрико ми немаат деца. Често одевме таму, дека во друг град, особено за празници и се сеќавам секогаш имавме по некој поклон од дедо ми или пак ќе го наполнеше витринчето со благо-солено. :D Или тој ко ќе дојдеше кај нас немаше ден да не нѐ прошета и купи играчка. :inlove:
    Другиот дедо исто многу нѐ сакаше ама беше така построг па ретко искажуваше емоции. А баба ми дека сум прва во фамилија премногу ме сака, секогаш ми вика моја омилена. :inlove: И јас премногу си ја сакам, сум пораснала со неа, еден период сме живееле кај нив и после не сум сакала дома да си одам, секогаш кај баба ми беше омилено и обожавав да спијам таму. :inlove: Имам преубави спомени од детството на село со нив, секое лето по 2 месеци ние таму бевме со сестра ми. Поклони безброј сум добивала од неа, а сега па дека мажена за роденден обавезно ми купува нешто за дома. Домаќинка да сум била. :lol: Уште таа ми остана жива, Господ да и даде уште многу години, само смртта на вујко ми премногу ја скрши, мислам тоа најмногу ќе влијае на неа. ;(

    Се распишав ама и се расплакав. Да го земам големиот за спиење, малото се предаде одамна.

    Добра ноќ :hug::hug:
     
    На Mari*, Sexybaby86, elcezelce и 20 други им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.065
    Допаѓања:
    24.324
    Пол:
    Женски
    Колку години се децата? Мене уште едно ко син ми да ми се погоди и готова сум :whew:
    Не пишав за бабите, по татко ми баба почина кога имав 7 год, а дедо ми кога имав 12 год, многу малди беа двајцата, едниот инфаркт, др мозочен удар.
    По мајка ми фала му на Господ живи се, дури имав и прабаба која почина на 92 години кога бев бремена во 7ми месец. Предобри се, живеат на село, имаат 2 ќерки и 4 сме внуци, за сите се исти, сега дедо ми со синко прерадосен е, секој ден се јавува по 100 пати само да го слушнел и секогаш плачи од радост кога е со синко :l: прво правнуче му е, јас сум најстара од сите внуци.
     
    На Mari*, Sexybaby86, elcezelce и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    @lackygirl малото е 3 месеци, а поголемиот 2 год и 3 месеци. Од 5 месеци негде почна да бара да спие со нишање и еве ден денес ист остана. Едноставно не знае како да заспие освен така. (facepalm) Нема шо немаме пробано и џабе, само ќе се мачиме и нервираме со саати без потреба, како сношти демек гушнати ќе заспиеме, не бе, 2 сати се вртеше и пак не заспа сам, го нишав. :( Последна надеж ми е градинка, се надевам дека таму ќе заспива сам, здравје пролетва мора да оди, не само за спиењето туку за се друго. Мене дури и мака ми е шо не почна од порано, ама маж беше против. Додуша уште мрчи ама не попуштам, сакам да се дружи со врсници. Се нервирам шо наместо со деца тој сака со возрасниве да игра. (facepalm) Плус сакам да научи дека треба да дели играчки, дека не е сѐ негово и не може да биде само како тој шо сака. А од баба му само тоа го научи, да добива сѐ и веднаш, во истата секунда. :envy:
     
    На Mari*, Sexybaby86, elcezelce и 10 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Сме се собрале сите на куп:rofl:

    Не знам дали има полошо од дружба со сопруги на колеги или пријатели. Тоа во Македонија беше почесто, овде е многу ретко. Особено девојките ако се некаде дупло помлади од нив околу 21 година и зборат за факултет или најнова колекција на трепки тогаш станував и си одев со “причина” морам брзам итно ме чекаат чао.

    Овде само за Божиќ еве две години благодарение на бременоста позитивна ствар не морам да дремам на маса и да ја покажувам мојата фина фаца. Среќа секогаш се збори за општи теми како времето и патувања, па не морам да земам збор. Влагам чукам сект здравица и си бројам минути за одење.

    Јас само со мои луѓе сакам да седам у принцип. Можам да седам со денови и ноќи ако ги сакам луѓето. Ама со непознати и небитни за мене не можам да зборам и готово. Порадо ќе си гледам во таван.
     
    На Mari*, Sexybaby86, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.013
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    со првото ако веруваш на работа со мене го носев. Во продавница работев со мене беше после се префрлив во една пињарница две куќи до мојата пак со мене. А имаше 4-5 год. На породување не можев да појдам му викав да мм да изнајми стан до болница. 2 дена плачев. Ко се породив па,втор царски резот ме печеше конец еден ама затегаше и пак се сама со бебето плус со големото. И не сакав никој да ми ги причува. Се мислам што кога ќе дојде време да се вратам на работа. Му викам на мм дека ќе откажам нека зема кредит па со кредит ќе живееме додека одрасне малку детето. Не можам да оставам бебе од 9 месеци за 9 саати додека сум на работа. Ќе умрам.

    Околу презимето јас го зедов од маж ми. Стрина ми си го задржала нејзиното па јас просто се чудев како така мажена а го носи моминското. Ете така. Можело. А со две презимиња ми е некако безвезе.

    Сте пишале за тоа какви сте биле порано. Јас чудак. Се само со машки сум се дружела. Ме викаа машкуданка. Се сеќавам на некои дешавки уште од градинка. Пргаво девојче. Немаше лабаво со мене. Им пререкував на воспитувачките. И тоа секогаш бев во право. После како растев дојде и период кога бев срамежлива па тој периодот на машкуданка. Па после нормална па после во средно ептен искулирана мува не ме лазеше. Потоа имаше период на културно однесување. сега сум збир од сето тоа и се зависи од друштво и ситуација. Пререкувам секогаш кога сум во право се карам се расправам ако треба. Култура секогаш каде што треба. Дали ваљда се е до годините не знам.

    Друго, се чудам зошто толку машката популација не е толку заинтересирана да си се грижи за сопственото здравје. Изговор - ништо не ми е. А јас па и за ситница одам на преглед секогаш кога мислам дека би требало оти за жал околу имам многу случаи каде што луѓето чекаат да дојде "јајцето на газот" па тогаш трчај по болници

    ** Почнав да пишувам пред еден сат и уште не довршив. Бебчо се разбуди плачејќи па после вечерав па сега седнувам т.е конечно се скостив во кревет. И заборавив што сакав да кажам :( ме загрижува понекогаш мојата заборавеност. Ама ќе си земам Билобил.

    Денес трет ден од вакцина. Среќа лесно поминавме. На претходната крена тт. Многу,ама многу стресно ги поднесувам здраствените состојби кај децава. Големиот е црвец и секогаш ко ќе седне или легне ме стега во желудникот и осеќам паника дека му е нешто. И бебчо ко ќе писне да плаче толку уплав ме фаќа и добивам вртоглавици чиниш некој умира. Порано не бев ваква. Знам дека болестите се нормална работа која треба да ја прележиме и поднесеме и така лесно прифаќав ама последниве 3-4 години мислам дека почнав да патам од панични напади кога е во прашање здравјето на децава.

    Се чудам самата на себе. Станав мајка на 23 год од тогаш ми е сеедно за себе единствено што сакам е да сум здрава и жива оти само таква им требам на децава. Не сум посветена на себе или бев до пред да останам бремена со второто ама малку. Се ми се врти околу децава да дишам не можам без нив. Ни куќа ме интересира колку е средена ни маж колку е задоволен... Кафе да излезам и да се напијам со друштво не се сеќавам од кога. Само расположена сум била за по гости и тоа кај што има деца за тие да се наиграат. Свесна сум дека многу ова моево не чини ама ако посветам внимание на себе се ми се чини дека нив им скратувам. Да има некој да ме натепа со стап мислам дека голема услуга ќе ми направи.

    23 сатот дошло. :| а мислев дека ќе имам време нешто да фатам низ дома. Па кај се работело во ниедно време навечер :^) ќе погледам тв па ќе си легнам. Имајте пријатна вечер.

    Редактирав, напишав па после си го прегледав постот. Никогаш олку долги коментари не сум пишувала. :wasntme:
     
    На Mari*, Coco31, mimiiiii и 13 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    37.821
    Пол:
    Женски
    И јас сум една од младите мајки. Родив на 24 и 27 години.

    Отсекогаш сум се држела на дистанца. Избегнувам места кај што има многу народ. Кафичи, кафани, ресторани и сл....избегнувам. Со комшики си имам едно здраво. Всушност...има две со кои знам чат пат да се напијам кафе. Со нив ми оди муабетот. Ама само лаф муабет со нив. Ама и тоа е ретко. Надвор ако се видам немам проблем да направам муабет со комшиките. Најмногу што мразам е хотел промаја. Секој ден некој да ми доаѓа дома нема шанси. Маж ми е опоменат да не ми носи луѓе по дома често. Дури и со братучетките не сум блиска.

    Ме фаќа дремка. Маж ми вика да си легнам до него. :D
     
    На Mari*, Sexybaby86, Coco31 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.604
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    Здраво (highfive)
    Одмарам во тишина, маж гледа филм, деца секако спијат. Имавме гости (пар со 3 деца), па беше весело дома. 2ч чистев 2 соби од играчки, толку растурено не било никогаш :?: А си рековме со другаркава сега као поголеми одамна не се виделе ке играат... ахам да :D Од 2ипол ч дружба направивме само 5мин муабет :x Се изнатрчавме по децава да не се испотепаат, да не се повредат... едно заврши со превиткани прсти и плачеше 10мин, друго со крвав нос, трето со уста крвава (од што рипаа, скокаа, се бркаа). Супер си поминаа, не викам не и и викам на другаркава многу јаки живци имаме :D Нит глава ме заболе, супер сум си :D Додека некој со послаби живци да беше меѓу нас 10мин мислам во Бардовци ке завршеше :rofl: Добро сум ја одбрала струката значи, не сум ја утнала.

    Гледам за презиме зборувате, јас си го земав на мм само. Смешно презиме има и кој и да ме запишува некаде прашува од кој крај е :D Едни единствени сме со тоа презиме и сите со тоа презиме ни се роднини. И само синко ке го продолжи презимето сега за сега :) Мене во ред ми е и жена свое да си задржи, да задржи и две презимиња... Ама она наместо пр: Јана Ристева, Јана РистеВ, Јана Тодоровска Јана Тодоровски, не ми се допаѓа.

    За каков друштвен тип сум... Не сакам да зборам многу многу, едноставно не ми се ни зборува :D Ако некој ми зборува премногу, гледам да киднам :D И многу поразлично ме доживува некој додека само на соц мрежи комуницирам со него, во живо сум многу поразлична :D Дури ми кажале дека и гласот ми го замислувале поразлично :rofl: Толкава голема сум, а глас еден детски... Кога бев помала ми беше бебешки :D

    Баба и дедо немам... ;( Дедо ми почина во 2013г, баба ми 2005. Другите (на мајка ми родители), починати се кога била 17г, за рок од 6м двајцата... :( И дека не ги ни знам, не викам баба ми и дедо ми, викам секогаш мајката на мајка ми, таткото на мајка ми... Со дедо ми на татко ми татко бевме многу поврзани и јас и сестра ми. Толку тешка ми беше таа 2013... Живеевме јас, сестра ми, татко ми и дедо ми. Доживеа мозочен удар и беше како мало дете. На татко ми жал му беше да го смести во дом прво, па го чувавме сите (јас факултет, работа, сестра ми средно, татко ми работа), некако се снаоѓавме... Ама доживеа уште еден и веќе беше како бебе, многу ми беше тешко и жал. Сум седела и плачела пред него за ми го каже името... И сега солзи одма ми доаѓаат. После месец мака мачење мораше во геријатрија... почина по некој месец.

    Инаку некои знаат веќе, млада мајка... доста млада :D 27г имам, веќе скоро 5г син и 2г ќеркичка :inlove: Моето се се они и мм. Златни ми се. Животот ми е со нив совршен! Сме се жалеле, ке се пожалиме пак, ама животот сега ми е најубав. Имавме некои препреки, сеуште ги има, кои ни ги уништуваат убавите денови. Ама се надевам дека ке ги снема.

    Одамна не сум пишала пост волкав :rofl: Ај и да искористам да се пофалам. Имам нова кола, па частам за тоа :d::d::d: А во пон и за друго ке ве частам :mm:

    Доста беше мислам. Мм ми бара од тортата што ја правев прееска да му исечам (facepalm) И се извинувам ако имам грешки, АУТОКОРЕКТОВ ме убива :D Добра ноќ :hug:
     
    На Mari*, danichap, elcezelce и 27 други им се допаѓа ова.