Мислам дека компромисот од наша страна е што не ставивме камера во станот. Тоа со сликите кажав дека беше нејзина идеја, 2 мин работа е што ми го слика тањирчето пред и после јадење, чисто за да знам колку јадел. Сликите ги прави додека синко е уште во хранилка, значи не и смета ништо тоа. А според вас не требаше ништо да и кажам што го остави синко сам да седи на гарнитурата, можејќи да падне во секој момент? Знам дека за беља малку треба, и секунда невнимание е доволно. Кажав дека и мене ми падна додека и двајцата седевме пред некој месец на спалната. Ама нели тоа и е работа, да го пази и чува додека е буден?
Можиш да и речиш вака. Слушај, некни може се налути што ти реков ама синко може да му текне да лази и да падне од креветот,мене така ми се случи и затоа ми е страв. Инаку потполно ти веруваме, и доколку ти е тешко немора да праќаш слики битно знам дека добро го чуваш. Нешто во таа смисла. Реално и стварно не и е измислена таа работа детето на кревет само, не требало ни да и се каже,а ниту да се налуте.
Наш комшија доаѓаше со детето кај нас кога беше мало, жена му го праќаше со се тањирче со јадење. Детето нејадач, па демек играјќи со моиве ќе изеде. И овој ќе го отури пола тањирче и ќе го слика и и праќаше слика, еве пола изеде. Чуму ти е празно тањирче да видиш. Нели е доволно ручан е/ не е ручан, изеде/ пола изеде/ не изеде. Стварно не разбирам зошто ти е. Да одзема време, и обврска е и треба да го мислиш моментот да го сликаш. А ако сака да те излаже пак ќе те излаже. За другово мораш да разговараш со неа зошто е лута. Сепак дете и оставаш, а таа е навредена за нешто. Можеби тонот со кој си се обратила, интонацијата и засметал. Можеби затоа што и мт исто и рекол и како и рекол. Инаку и јас би и кажала сигурно.
Не верувам дека ме лаже за количината на изедениот оброк, оти имаше и период кога синко не сакаше ништо да јаде, и ме информираше и тогаш колку (не) јаде. Што ако ме лаже? Зарем нема да го приметам дека е гладно детето кога си одам дома? И пак ќе повторам, сликите беа нејзина идеја оти така функционирала со претходните семејства. Мене не ми значат толку многу, исто ќе и верувам и ако само ми напише дека јадел или не јадел.
Кажи и прво дека си премногу среќна што на беа налетавте и што токму таа се грижи за син ви.Купи и нешто како извини и кажи и извини не сакав да ме разбереш погрешно, мене синко еднаш баш од таму ми падна и се уште се плашам да не падне.Ние сме многу задоволни од тебе и не сакам да си го уништуваме убавиот однос.Ти имаш големо искуство , а ние сме родители што многи се притресуваме.Синко многу те сака и ние со мм.Довербата е најважна. Ете во тој стил.
Колку се нежни дадилкиве денешни немој нешто да им речеш одма друго дете за чување ќе си најдат. Голема побарувачка не само што им ја кренала цената туку и носот во облаци кој знае како се доживуваат себе си. Хепи речи и извини ако те навредив не би сакала ваков однос да имаме во кој ти си налутена. Ќе продолжиш да се лутиш или ќе се насмееш? А ти иде онака со тава да ја земеш али јебеш га мораш да цимолиш во случајов
Добар ден друштво Мирно попладне. Бебла спие, ја гледам Френдс по 35456853267 пат. Најомилена серија на сите времиња ми е. Ја гледам одново и одново нон стоп. Треба да и вадиме пасош деновиве и конечно да ја регистрираме со име. Овде речиси ниедно бебе нема име пред годината кога им прават крштевки. До тогаш си ги викаат бебе/а. Многу, многу глупа работа. Маж ги средуваше нејзините документи уште додека бев во болница па на нив уште стои како бебе оти за име требало и јас да присуствувам и божем ќе го средевме тоа брзо потоа, еве 5+ месеци поминаа. Конечно, конечно ќе биде оваа недела. Битно нашава има име и на име си ја викаме цело време. За пасош треба да носам бебе во студио за слики, па кога веќе сме таму, маж е со идеја сите да се стокмиме и да напраиме еден family portrait, па валда ќе биде и тоа. Па од сега планирам аутфити во тон. Се надевам утре конечно нема да врне, да прошетам бебла покрај море. Скиснавме дома викендов. За остатокот од понеделников калории во форма на принглс и кока кола уз филмче, некоја лесна лимонатка ќе биде најверојатно. Хепи драга, се надевам среди со дадилката до сега.
@happygirl Jас не би се извинила, дoкoлку тoа гo имам кажанo на убав и мирен начин. Сама треба да е свесна дека малo дете не се oстава самo на кревет (сo oглед на тoа штo има гoлемo искуствo какo дадилка). Мoже кoлку сака да се лути затoа штo акo не си видела а се случелo дететo да падне пoсле се е залуднo.. Маjка си имаш правo да кажеш за тoа рабoти и дoбива надoместoк. Вo oднoс на сликање чинии кoлку дете изелo пoдoбрo да oмекнеш чистo ете и oна да не oсеќа притисoк. Маjки.. Мислам дека пoчнавме да гo oсеќаме 4 скoк, цел ден си кенка бебе, за спиење абер нема.. Самo се мoлам нoќнoтo спиење да не се пoремети Сака на цице ама цица цица ќе ме пoгледне и ќе ми се насмее и праи гу (а jас се тoпам )...какo гo прojдoвте 4 скoк? Дoдека цица чепкам низ мoбилен слики oд кoга се рoди гo гледам таквo малo си мислам кoлку брзo расте немoжам да и се наситам самo jа гушкам, бацувам Едваj чекам да затoпли, бебе вo кoличка и да шетам...некакo зимава е дoсадна веќе .
Здраво мајки @Larahappy не е ни многу ладно... за стоплување и ке се стопли, ке дојде пролет... Ама со воздухот што правиме Ние сме цел месец дома затворени, излеговме надвор неколку пати ама надвор е страшно... Да се стопли ама и да се среди ова со загаденоста. Први во светот бевме пред некој ден, најзагаден град, ВО СВЕТОТ ЕЈ! А да не зборам дека сум и до фабрика што загадува, многу се нервирам! Џабе и прочистувач и се. Него бевте некаде на зимување? Каде е убаво да отидеме на чист воздух со мали деца? Како божем ке одевме и Банско, ама ке видиме. Убаво интересно ми изгледаат оние Малина и Јагода бунгалови во Боровец Бил некој од вас таму? Незнам за со деца како е. Хепи и јас мислам да постапиш како што вика @Ava.84 Зашто стварно е тешко да се најде добра жена за чување на деца кај нас... А ако оваа стварно е толку добра како што ти рекле да си ја зачуваш. Не верувам дека ке држи многу лутина... Па не си и кажала којзнае што. Него реков ке ве частам и денеска. Епа имам голем повод за частење. Иако каснам, не се откажав и успеав. Од денес сум дипломиран педагог Во паника бев, ноќеска едвај спиев и станав во 6. Знаев дека нема да е страшно, ама ете пак некоја трема и паника имав Повеќе дека 3ца професори пред мене... па мислев мноооогу ке е тешко и страшно, но одлично поминав Кога ке размислам што се направив овие изминати месеци, товар од мене, планина симнав Па затоа се изгубив и од тука... Возачка, па испити од факултет, па дипломската... со две деца Дури чудно ми е дека моментално немам нешто што ми стои на грб. Така малку и нервоза осеќам, поради х причини, ама битно е дека завршив тоа што наумив. Патем и прва дипломирав од страна на мојата фамилија (од внуците). И така, пијачка од мене кој што сака
@mariz честитки навистина не е леснo да се учи сo деца, oбврски пo дoма... Бевме на чист вoздух вo Берoвo. Ни се пoгoди сoнце убавo печеше, бебе вo кoличка, уживање и пешачење. Башка бебе се изнаспа . И мене премнoгу ми прават мерак ќуќичките ама здравjе нека пoрасне бебе и мoже да се oтиде .
Мариз еве еден предлог и од мене за Берово. Кога одиме се сместуваме во хотел манастир, за таа цена доста солидно е, храната е убава и не е скапо да седнеш кај нив во ресторантот да јадеш или за кафе . Плус имаш еден час бесплатно користење на спа центарот.
Здраво и од мене. Редовно, ама секој ден ве читам, едноставно ете, не пишувам... Таман ќе почнам и нешто/некој ќе ме прекине. Почнав со работа, доста напорно.. Постарите ми се многу интересни:мома или невеста си? Од кај си ти, наше ли си? На ова им одговарам на старски:тукашна сум.. Денес од 8 часот како влегов во ординација излегов од просторијата во 11:30. Веќе нервозна почнав да станувам нејадена, не пиена кафе и немочана. Ама неможев да оставам човек да чека во чекална. Земав 5мин пауза, еден кроасан каснав, шпринт и до тоалет. Време за себе јок, време за спање јок. И то.. Малата веќе ѕверка ми е. Многу е паметна, палава, жива, што уште не. Конечно долни кецови, а за две недели годинка ќе правиме. Не чека вакцина мрп, маж скептик. Се запнал од Грција да јакупиме вакцината. Ми доцни, веќе 10дена. Правев и тест еј, сите светци ги молев да нема ништо. Така и излезе, ама уште ми доцни. Have no idea why. А редовно ми идеше. А јас за ќотек, на гинеколог немам отидено. Од немукает. Алал да им е на старите на месец два-крвна слика. На мм му кажав ако е позитивен тестот дека ќе абортирам, ако не ќе умрам. Тој ми вика:роди го, јас ќе го гледам па умри си. No way второ сега. Роднини, домашни не тераат второ ама нема шанси. Се надевам свеки ќе ми биде жива, здрава права ако имам второ да ми помогне. Најсреќна сум што имам кому да ја оставам а да не ја мкнам по ладното мала по градинка. Се распишав, се распишав. Малата сега заспа, вечер ќе дежура. Cheers.
Добро вечер, добри луѓе Честито кола, дипломски Јас уживав конечно во капењето, без брзање, светковци ја чуваат бебушка, кога ја чува маж ми побрза од светлината сум ќе се расплаче, тој нема многу трикови за смирување Него за муабетот со дадилката, јас сум голем лутач за мое дете, тешко кој да ми погоди. Многу тежок чоек сум, дури се чудам како ме трпат свекрвица, премногу правила имам Дури мајка ми вели да се опуштам малку, лошо е за малата толку строго. Ама денес толку ме изнервира свеки ејј Беа на зимување неколку дена и влегува низ врата кај нас затрчана (со поклони за малата) и јас излегов ходник насмеана нормално да се поздравиме и и викам не викај спие бебуш, таа ко за инает уште погласна Небаре не можеше да се стрпи половина час да ја види. Па уште навредена дека и замерив аман! Ако заминам странство само од неа ќе биде! Најважна е таа, а кога одиме кај моите да чекаме да преспие бебе. Да де, ти повеќе знаеш од мене и најмногу ја сакаш од сите, ко што пиша некој Бабо-мајки. Од друга страна, конечно ми стигнаа чизми од Асос, имаше големо намаление ама само толку крепеше породилното Баба ми ептен ми ги бендиса, не знам дали е тоа добар знак И јас сум млада мајка, на 24 се породив, за брзо направив 25. За второ ќе почекаме, не се брзаме. Алал нека ви е со повеќе деца, пак ќе речам Ќе пишував повеќе ама ми избегаа мислите. Само во категорија семејство сум активна ама почнав да ѕиркам кај книгите, ако има некој убава страна за фри епуб нека пише, мојата ја укинаа Бебушка ми е подобра, само татко ми го фати грип, па сега не им се доближуваме Друго не ми текнува. Се читаме, лесен сон
Аааа денововиве да е жива @mariz се почастивме на нејзина сметка. Браво,кога се сака се може. Млада мајка успешна. Те поздравувам што си ја истера обврската до крај. Ова нека е една поддршка за сите млади мајки да не го оставаат факултетот и нека мајчинството не им биде изговор дека немаат време да си ги завршат обврските. @happygirl јас сум да бидам искрена дури и безобразно дрска,брзам и навредувам кога е син ми во прашање. Може затоа само мајка ми се нафати да ми го чува. Дека ми е мајка па ме знае колку сум истенчена со нервиве и колку сум некултурна ако увидам грешка. Жената секоја и чест ако си ја работи работата баш онака како што треба,но ете си видела со свои очи секунди сс во прашање немаш постапено погрешно што си и кажала. Нека не се прави жива увредена. Отворено кажии ,Ратке немој да си редиш при срце што ти ги отворив очите,не си жена без искуство но го знаеш мојов црв,сега е тука после на земја е. Мене ми се случи ми падна па затоа само тоа го детектирам.... ајде ке и пројде па ти. Ништо тука не е за вреѓање. И ке пивнете едно кафе. Јас сигурно ке драмев повејќе. и немаше да ми доаѓа и ке ме пцуеше Неделава сум букирана,на три родендени сме два се детски и еден за поголеми деца па убаво ми е сакам дешавки да имаме. Не за друго да тренирам да не ми се љуља од 2 ракии. Мали заспа а јас се расприкажав. Јадев чипс како во пмс да сум а само што ми заврши. Да видам што има ново по форумов и кревет
Ве читам за жениве, а цела недела сакам да пишам баш на таа тема, мојата е мала 4ри месеци има, јас на нејзини 8 треба да се вратам на работа, ама време лета кога се роди кога наполни 4ри месеци, така и овие 4ри бргу ќе пројдат. Јас па треба да и го оставам на свеки, со неа живееме, жената се тутка буквално сака да ја чува, ама не е баш најмлада и двете знаеме дека нема да може. Башка што до сега ем не ми помага, ем не знае (свекрва и ги има изгледано нејзините), ем што ќе речам за инат ми го прави обратното и често знам да бидам дрска и лоша, ама за бебе се работи значи ако го сака толку како што вели зошто прави за инат мој, а знае дека е и лошо за бебето , пример кога имам работа низ дома она ја држи и тутка се во уста, а знае дека не давам ништо до 6 месеци освен цице, еднаш макарона имаше тутнато, башка што нема живци ја гледав кога плачеше малата, и знам кога ќе одам на работа ќе ја тутне пред телевизор и за се ќе ме лаже или преќутува, а ќе се прави мајка на бебето, а и знам сака да ја чува колку да кажува после" јас ја изгледав" а кој избор имам не знам...да оди толку мала во градинка ми е жал плус фаќа лето не знам дали би ја примиле, па и треба вакцина мрп што сакав да ја одложам и така никако не сум...а 6 дена работам па и тоа ме убива ретко бев дома пред да имам дете. Да не си ја сакам работата одма би излегла, ама си ја сакам погодена ми е Ама еве како одминува времето се повеќе се прашувам како ли ќе ја оставам, се надевам дека и она ќе увиди дека не може дете си сака свое плус ќе заиде треба да се пази нон стоп, а ја гледам значи ич не ја пази ни сега се однесува со неа .... не знам како да кажам без пазење...и така секоја вечер мајки јас со оваа мисла легнувам, преку ден соо свеки се контраме тоа е тоа...жената си има и свој особини што не ги сакам, има си злобна страна, љубоморна е и сака да е по нејзино , не се излегува на крај со неа. Инаку со бебушка по цел ден се гушкаме, уживаме и не сакам да ни пројде бргу времето...
@Darija* и мене ме мачи враќањето на работа. Пишував по темиве претходно дека не би продолжила на работа после боледувањето не можам да оставам бебе на никого оти таква сум. Не можам ни на татко му (маж ми) да го оставам, дотолку сум. Ама со една плата не се живее,т.е се поминува некако ама нас 1/3 одплатата на мм на кредит му оди после сметки има крај скоро ништо за живеачка т.е доволно за пола месец. Така да мислам глава ќе ми пукне од думање. Инаку јас два дена и ноќи раат не видов. Големиот изгоре од температурата се 38-39 е. Башка на сето недоволно спиење и одмор го гледам и бебчо кое дополнително ме истоштува. Паника ме фаќаше ама се помирив дека ете тоа е и не можам ништо да направам деца така растат така и ние сме растеле. Ми вика големото сите во фамилијата сте среќни само едно дете не е. Викам ај бе дете малку ли душа ме боли што си болен па уште и овие зборови што ми ги кажа.... Само го гушнав и му кажав дека ниедна мајка не е среќна кога некое дете и е болно. Ептен се паметни и интелегентни децава. Денес сум на родителска средба. Закажале. Да видам што ќе кажат таму. Сега да пробам да дремнам додека дојде време за да мерам тт и да дадам сируп.
@mariz честитки побрзу да си ја уновчаш дипломатаСекоја чест со две деца и факс јас не би можела Добро утро Да пишам нешто да не ме префрлат.Повелите на кафе и чај Дожд истура.Некогаш се чудам колку организирана сум.Успеав да сварам и изладам чај за малата , излупив една кива и ја наранив.Ја спремав и неа и мене.Па си ја најдов кабаницата и трчечки до градинката.Чудно колку сува останав на овој дожд.За назад си отворив чадорот и ме направи дудуле мокра само главата сува. Малата ми кашлаше оваа ноќ .Па станував да ја инхалирам и ја намачкав со бебешка викса.Многу помага и го одзатнува носот и и ја опушта па се смирува.Виксата ми ја пратија од Австралија , а на неа пишува маде ин џрманиБарав овде ама ја немаше истата некако како редизајнирана ја има.Ќе ја пробам кога ќе истрошам оваа имам 3-4опаковки. Малата 2-3пати досега ми пие чај од камилица и сметам дека сме направиле голем чекор против болестите Јас си се радувам за глупост Што сторив со мојата несоница? На работа не пијам веќе 3 кафиња ,пијам по едно и во филџанот си ставам вода и си мислам кафе пијамНамалив екраните.Ако морам на раб да сум 6 саати пред компјутер не морам и дома да сум пред телефон или тв.Ако се разбудам пак си пијам б комплекс ем мирна мајка ем наспанаАма ќе се научам да спијам до следно дете Да земам да читнам некоја стана од оваа мојава книга.Еј што ми се случи мината недела.Седнува пред мене во јавниот една жена и држи во раката книгата истата што јас си ја шетам во ташната.Како некоја нетокму се ѕверам да видам дали е истата.Истата е.Одма и реков.Знаете и јас ја читам истата книга одма и ја покажав.Таа се насмеа и си разменивме неколку реченици за книгата.Толку години сум овде прв пат ми се случи ова.Ама мене потоа ми се јави братучетка ми и не успеавме заедно да си ја читкаме.Виде жената дека повеќе си ја шетам книгата од што ја читам Поздрав мајки гушкајте бебки и дечки