Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    @mariz Честити и за колата и за дипломирањето. Баш многу голем товар си тргнала од грб. Алав да ти е. Мене ме радува кога ќе слушнам дека мајка не се откажала од соништата и со дечиња факултет завршила. :inlove:

    Ај здраво
    Ние ноќва убаво поминавме, дали дека си легнавме во 22ч малото на 2.5, 3ч ми се будеше, јадеше и пак на спиење. И мене ми одговара тоа,еве сега спие, сакам да ја научам да спие вака до покасно, нема да ја расонувам кога ќе се буди за јадење. Јас користам време да полежам, па ќе станам да дрмнам едно кафе.

    Инаку кога ги запишувавте вашите во градинка, некој ми имаше спомнато дека треба уште сега да поднесам документи, долго се чекало, бидејќи гужва имало. Па се мислам кога ќе средиме документи да одам и да средам и таа работа. Знам дека додека не ја прими таа вакцина на 13 месеци нема да ја земат, нека е жива и здрава мајка ми, мислам дека ќе ми помогне тие месеци,додека дојде време за градинка. Мене ми паѓа почеток на Септември на работа да почнам. Знам дека време ќе летне. Го гледам малово,и викам леле додека трепнам ќе порасне. Ќе ми фали вака малечко, да го држам, гушкам..:inlove::hug:

    Кога се вратив од болница после пороѓајот дома ме чекаше изненадување од маж ми, (добро де не беше изненадување,желба беше:lol:), ми купил златни обетки. Ама голема им е формата па едвај чекам да одам да ги сменам, да си земам јас по моја желба. Им се израдував ептен.:rofl:

    И така, гледам вака преку прозор, убав ден ќе биде денес.^_^
     
    На Мариаа., Happyinlove, SummerGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.126
    Допаѓања:
    40.490
    Пол:
    Женски
    Добро утро,

    Еве ме и мене. Ветив ќе пишувам почесто, ама како да се подреков. Одвај ве дочитав па да пишам конечно да ве поздравам. Многу теми се почнале, се надевам ќе се сетам на некоја да пишам некој збор.
    @mariz мајка, честитки :^::party::party:. Ова да ти биде мотив за уште поголеми успеси. Штом ова успеа со две мали дечиња можеш се.

    По дома добри. Мали во градинка си оди од минатиот понеделник. Се држиме имајќи го предвид времево и вирусиве што хараат. И подобро така, зошто се гледа дека дома му е досадно со нас. Викендов дека многу загадено, малтене не излезени од дома бевме и нормално, неподносливо беше. Не знае што сака да прави, не сака да јаде, се лигавеше за се и сешто:@. Вака во градинка и одма друга приказна е. Ќе си каже науто дека не сака да оди, ќе се објасниме како и секој ден дека го чекаат другарчињата и толку е со жалбите. Се спремаме и без проблем си оди.
    Не ми текнало да прашам. Дали некој мајка користи од маските за дишење за децава. Знам дека не се препорачливи за многу мали бебиња, ама не можам да најадам препорака од кога е во ред да се носи.

    ММ ме изненадува со подароци. Еве баш минатата недела повторно ми купил чевли и ташна да оди во комплет со нив. И ги погодува. Само што бира него што му е мерак, а јас друго сум наумила па знам и да се под налутам малку:$. Еве сега за последниов подарок промрчев дека сакав да си купам пантолони. Ама после тоа си реков што сум будала. Ем чевли добив, ем ќе си купам пантолони :rofl:.
    Јас по слабо со подароците го погаѓам, додуша он тие работи што ги сака брзо ги добива, па немам време да го изненадам со нешто што посакува.
    Уште за НГ не сум му го купила изненадувањето. Ама сега ни пари немам. Во петок да земам плата и обавезно ги купувам картите за Малума. Тие што ги сакам ми покажува дека сеуште ги има.

    Презимето го земав од сопругот. Моето не ми значеше ништо посебно, а двете во комбинација со моето име ќе беше предолго. Потпишување, цел век:D

    Накит почнав да носам последниве неколку месеци. Пред бременост носев многу. Дома имам мала бижутерија. Мајка едно време ми викаше дека ќе земе и продава. Многу брзо ми се менуваат вкусовите и затоа имам еден тон дома. Прво беше долги висечки, после беше на златно, па кратки и т.н...
    Во бременост заборавив да ги извадам вереничкиот и бурмата и на крај на пораѓај со нив завршив. Таму ми рекоа да ги извадам и им реков слободно да ги вадат ако успеат. Вереничкиот го извадив прв момент кога спласнав зошто можев да го повредам мали. Бурмата си ја носам цело време, ама не е опасна.

    Сакам да се дружам и да сум со луѓе, ама бирам со кого. Инстантно ме одбиваат луѓе што секој збор им е срце, душо:puke:.
    Имам 2 другарки од детство (од три години сме заедно), од основно само 1, од средно 2 иако одржувам контакт уште со неколку со кои знаеме да направиме квалитетен муабет, само ретко се гледаме. Имам 3 другарки кои ми се од поново време (сепак веќе 10 години се дружиме) и со нив најинтензивно се гледам што сами женско друштво, што фамилијарно. Одиме на одмори, НГ, празници и се останато.
    Дружам и со колеги, ама повторно одбрано друштво со кое може спонтано да седнеме во кафана и да се изнасмееме од срце.

    Баби и дедовци ми се малку непријатна тема. Од на мајка страната ниту еден не ме дочекал жив (мајка и почината на нејзини 18 години, дедо ми неколку месеци пред да се роди брат ми). Од на татко ми страна имам убави спомени иако со баба ми последните 10 години речиси не контактирав. Дедо ми беше ладен, ама праведен човек, дете од село кое успеало да се образува и да се пресели во Скопје, каде работел како професор. Книги, весници, вести и радио му беа најдобар другар до последно. До последен ден, водеше евиденција кога изгреало сонцето, кога зашло. Многу сакаше и читаше за соѕвездија и соларен систем. Кога се пензионираше со баба ми се вратија на село, каде чуваше стока и покрај нив мислам уживаше зошто никој не му го реметеше мирот во планина за да може да се посвети на читање. Сите внуци не сакаше подеднакво и многу ми е криво што не дочека ниту еден свадба и ниту еден правнук. Секоја пензија делеше по некој денар за сите и за секој роденден секој си имаше следување. Баба ми од друга страна права селска жена. Дошла во Скопје, но во срцето и беше селото. Работеше во конфекција и по остварување на инвалидска мислам уште и пред дедо ми се врати во село. Имам многу убави спомени од летата поминати во село, штета што сето тоа отиде во неповрат и последните 10 години. Не добивав желба да ја видам. Можеби дека ни кај мене ни кај брат ми не се појави на свадба :@, ама кај братучед ми морала да дојде зошто тетка ми ја молела:puke:. За другите неправди што му ги нанесоа со тетка ми на татко ми не сакам ни да зборувам. Татко ми го немав видено така скршен од моментот кога сфати што му прават зад грб.

    Изгледа ја претерав и овој пат. А толку не ми се работи па ми беше убаво бегство од работава :D

    Имајте убав ден, сакајте се и гушкајте се и не губете енергија на не битни луѓе.:f::f::f:
     
    На karibian, emkaemka, tina-63 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.065
    Допаѓања:
    24.322
    Пол:
    Женски
    Ево мене ево мене пиу пиу пиии :rofl:
    Песнава в ум ми е денеска :rofl: синко го оставив кај мајка ми со таа песна.
    Денес од сабајле крв испитувавме за синко, во ред беше крвта и ја прими ММР денес на 13.5 месеци. Ама плачење што напраи, леле цел ден плачи, прво ко му земаа крв, одвај се смири, го шетав па спиеше и стана пак со плачење, ајде го спремав и уште една тура плачки ;(:sweat: се препотив, досега на никоја од вакцините не плачеше, ама сега се знај, неможиш да го излажиш, уште од врата почна да плачи, измерија само тежина, 14.200 е со алишта, му запиша 14кг,за должина немаше шанса да му измерат, стануваше :) јас сум цела зашеметена, на работа втора смена, сега морам едно кафе да пијам оти ќе заспијам |-)
    Сега ве исчитав сите @mariz честитки за се, браво :d:(y) јас последен испит го полагав пред 2 години, сите ги зедов како што треба ми остана 1 физиологија и тој го влечев цели 10 години :nod: никако не ме пушташе професорката, а дозвола за работа, стручен испит полагав лани во 9ти месец бремена, ме пуштија така, да речам не ме мачеа, само што мора да го имам и повеќе е за пари сите ги пуштаат никој не паднал.
    @happygirl што направивте со жената?
     
    На emkaemka, НаталиЛили, Мариаа. и 18 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Она кога фарбата баш кога ти треба нема да ти фати и ќе изгледаш смешна. Ете тоа ми се деси на два дена пред роденден. Утре од ново фарбање, како папагал сум.
    Плус ми се вратија вртоглавици од денес како во кома да сум.
    Битно благото е готово и тортата. Од утре салатите се на ред ако можам да стојам ако не кумите ќе засукаат ракави и од утре вечер право во кујна. Сликар најдов од гостиве така да едно гајле помалку.

    Да речам уморна сум ќе излажам. Крш сум со задни сили некако функционирам. А се чувствувам слаба многу слаба физички. Се проверив добра крвна слика, тироидната е во граници, д витамин на мин али ништо страшно. Уклучив и б12 да не е и до него. Не ме бива после породување некако како да останав без сила, миришем на земја.

    Да го споменам дедо ми. Тоа е однос дедо/внука. Цар човек, пресмешен. Замина пред 17 години, а како вчера да беше. Баба ми беше добра женичка али немавме таков однос како со дедо. Она си постеше секој петок, многу религиозна женичка. А дедо отепан комуниста ни црква ни поп пред него. Ете од кого ми е вдахнат хумористична религија можеше со саати да збори за финти со попове. Уживаше да ја провоцира баба ми со иконите. Смешни беа тотално различни фаци.

    Другиот дедо по татко ми страна многу скржав беше. Сам спечалил имовина, школувал деца на факултети низ цела Југославија и го ценеше денарот. Он на 16 години ми купи стоби флипс смоки како еве дедо што ќе ти купи. Се свртев кон татко ми со таква фаца “прибери го стариов” и му подадов рака да стави џепарац. Од овој твојов ништо не бива му реков смокиве изгрицкај си ги.
    Умре на 103 години од длабока старост, возеше точак со една рачка другата му беше скршена до 94 години. Секој ден по една жолта и сланина. Не пушеше. Велеше жолтата го држела толку витален.
     
    На Chanell*, lavica82, emkaemka и 19 други им се допаѓа ова.
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    8.229
    Има ли будни?
    Јас вака IMG_20200128_030240.jpg

    ... 3 смена, средивме и сега пауза. Конечно мир, инаку искучам едно ѕвонче и одма ново се вклучи]:)
    Вчера заспав речиси во јавниот превоз се џдимнувам и прашувам до мене луѓето на која станица сме. Ми одговорија и се извинив дека после трета смена ми се случи да заспијам. Ми викат, ако имаш уште поспиј си ќе те разбудиме:wasntme:
    Ама следната требаше да се симнам. Туку забележав кога си одам раното дома дека потечена и со размачкна шминка, многу пати ме избегнуваат луѓето..Сигурно си мислат кој знае на какви дроги сум :?:
    Синко не сака да ме пушти на работа. Многу е нажален кога кажам дека ќе спие сам со татко му:(
    И мене не ми се оди ама мора...

    Туку маж ми зафркава стасал корона вирусот во Германија, ако избие епидемија тука црно ми се пише, скраја да е.

    Инаку со маж гледаме Секс едукејшн на Нетфликс, кој е за комедија обавезно нека го гледа.

    Малку неповрзано, ама толку ми работи мозокот.



    Убава вечер на тие што дежураат со мене:)
     
    На marchi-cool, tincemajmunce, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Незнам кај да го поставам прашањево
    Имам извадено карта за лет но ми е згрешен бројот на пасошот а веќе е чекирана картата
    Пробавме електронски да корегираме неможе ѕвонам во wizer не крева никој.
    Летам после незнам што да правам дали ќе имам проблем ми е страв.
    Некој да ме просветли ако може
     
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Проблем не, но ќе доплатиш за промена земи си пари не знам колку е.
     
  8. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро, иако воопшто не ми е добро.. Цела вечер дежураме со маж ми. Детево не отече.. Цела вечер нишкај,пеј, абер нема за спиење,а нас ни се плаче. Думкање од 22ч успеавме да ја заспиеме дури во 4,не затвара очи и готово. Дали беше нешто вознемирена или ми ја урочија незнам.. Претепана сум. Маж ми исто, ама сепак отиде на работа.
    Дождов што убаво ми дојде.. Би сакала да престане за да можеме покасно да излеземе со бебуш, да купиме нешто што ни треба..
    Имајте убав ден.
     
    Последна измена: 29 јануари 2020
    На 24.07, tincemajmunce, Ano и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.353
    Допаѓања:
    182.499
    Пол:
    Женски
    Хола друштво :)
    @mariz браво!! Да си редиш успеси и да продолжиш да си одличен пример за амбиција на своите деца. Дефинитивно кога се сака се се може. :) Станувањето родител не е изговор да не се следат соништата, иако првата работа е неспоредливо најпрекрасна. Имам во план почнување и изучување на 2 нови работи скроз неповрзани за факултетот што го имам завршено, па твојот пример е одличен поттик дека волјата е најбитна. :muscle:

    Конечно јануари завршува и мојот омилен месец доаѓа. Кај ми е @srekice ? :^) Ќе славиме ли роденден годинава заедно? :D

    Бебла е во 5ти скок, па ни е доста забавно ноќе. Се и е поинтересно од спиењето. Со мала минутажа на спиење е многу освежена и спремна за забава. :D
    Патем фин бондинг имаат со татко и во вакви денови. Повеќе се чуваат заедно, за јас да можам да дремнам. :)

    Денеска во план ми е да им посветам малку љубов на кактусите. За кактусољубец како мене, потфрлам на тоа поле откако ја имам бебла. :tmi: Ама па навистина немам време едноставно. Ми фалат бар +2 часа да има денот. :D За сега постигам само да средам низ дома и шетање оти имам мала шетачка. :wasntme: Свеки ми праќа ручек 3-4 пати неделно, па со тоа не се умарам. :wasntme: Ама вчера сепак најдов време и напраив хопла слеш ала Јованти слеш торта. :D Вкусна, брза и лесна. :) Денес љубов за кактусите, а утре ќе е сончево па ќе мериме обала.
    :sun:
     
    На marchi-cool, 24.07, hello-kitty.90 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.131
    Допаѓања:
    124.466
    Добар ден мајки.
    Малото стана во 5 сабајле, јадевме чипс,доручкувавме (изеде 2 мекици,сиренце и кашкаНОН :lol:, јогуртче и маслинки ) , да се пофалам , сам, со сласт , без лажење и молење:inlove: Епа има ли поголема радост :party: Мислам оти солзи ми идеа на очи од радост (facepalm)

    Натрупа снег. Го чекам да стане , па уште малку вее да се порадува :inlove: Да дише чист воздух. Потоа во ск.пак по старо,аздисување од досада :(
    Не сака на санка,сакал на скии(facepalm) Му викам на маж ми д го ставиме малку, тој па не|( Од другата година. А и вака досадно е малку. Одиме и шетаме и бараме животни во шумата :smirk:
    Може требаше и мајка ми да ја викнам ,да го почува а ние малку да се издуваме на скии. А и смотани сме, ај јас не сум некој скијач ама маж ми е. Ама не сака да скија бе,прво нејќел сам,второ сакал со нас да си биде :) Домаќин, тоа е:)

    Сум пишувала многу пати за баби и дедовци.
    Баба ми на татко ми умре скоро,јас не ни отидов на погреб. Не почувствував ништо. Зошто? Со години сме биле отфрлени. На ручек не не канеа никогаш. Знам мајка ми му викаше на татко ми-ај јави се да отидеме на ручек ,дедо и баба се децата нема да ги знаат. Све на сила. Татко ми па до последно ги тинтраше оти добар. Го користеа. Живееа со другиот син и сите пари одеа таму. Нас ни денар,ај тоа,ама љубов па кон внучиња? Ни најмалку.
    Дедо ми беше на умирачка кога умре татко му. Баба ми освен драми на погребот мислам дека не го оплакуваше татко ми вистински. Не ни одеше на гробишта. Не се ни јави да праша како сме. Не не ни повика. Не даде ни денар. Значи ништп. Родив дете не ми ни честита. Незнам зошто. Таква злобна жена. Ништо не сме и згрешиле,ама тоа е.

    Другата баба, уште ја жалам:( Умре пред да го види внучето. За мене е втора мајка. Љубов и жртва невидени.
    Дедо ми исто,сеуште е жив. Синко го обожава а и тој него. Имам прекрасни спомени со нив. Одење на одмор,галење,подароци, љубов и жртва.... Баба ми не работеше никаде,оти домаќинка:) Дедо ми беше на фунција тоа време и немало потреба.
    На дедо ми сум му лута и овој месец не сѓе видени. Ме повреди многу за една работа и решив да не попуштам.

    Толку од мене. Маж свари турско. Си го земавме делиманото електрично со нас во хотел, па врши работа :coffee:
    Да испиеме ,будиме дете и одиме :)
     
    На t.a.m, karibian, slavica999 и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Лани кoга патував прojдoв така не забележаа истo згрешен брoj на пасoш.
     
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.852
    Допаѓања:
    34.216
    Пол:
    Женски
    Да не има некој скок и на 3ипол години?:?: :doh:
     
    На 24.07, Ava.84, Мариаа. и 2 други им се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @Yowannty благодарение на ќерка ми, немам ни социјален живот, ниту пак можам да користам социјални мрежи :rofl::rofl:

    Лепак, двокомпонентен и тоа8)

    Ќе славиме маче, ти беше 06.02 нели? Ден пред мене
     
    На 24.07, emkaemka, elcezelce и 6 други им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.841
    Хотел Манастир е многу топол за со бебе, убава храна има и е поевтин од Аурора. Инаку, честитки и од мене @mariz

    Јас после 2 катастрофа недели конечно си доаѓам при себе. Бебе на нецели 3 месеци се разболе, фати вирус од немешање со никој, стварно не знам каде го закачи, па спушти на плуќа.. Секој ден во Козле на преглед, дома терапии, инхалации, тапкање, па го чекаш да поврати шлајм, он никад не повратим до сега... Не знам како преживеав. Првите 2 дена не можев да се приберам од плачење посебно кога ни кажаа дека зошто е мал ќе мора да лежиме на интензивна нега во Козле за да го следат, па ајде зошто имам доктор у блиска фамилија се договоривме да даваме терапија дома.
    Сега е добар, супер размазен, само сака во раце кај мене, плаче од баба му, ама ќе помине.. Вчера ни кажаа дека нема веќе наод на плуќа, па може да здивнеме. :whew:
     
    На 24.07, hello-kitty.90, emkaemka и 12 други им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.604
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    Грчеви да не биле? Топли тетра пелена со пегла и ставај и врз боди (ако немаш перниче со трици или термофорче). Капки некои даваш?

    Добро утро и од нас. Малата стана во 6 сабајле, сега пак заспа :drunk: А синко вчера вечерта шлајм поврати и сабајлево е со температура :@ А не одат во градинка месецов.... После до лекар ке тркнеме. Може е вирусче некое од децата со кои се дружевме овие денови. Ама ми се жали на стомакот..

    @Yowannty ке биде, само голема желба и се се може :muscle: Се би направила за поубава иднина на децава, а кој не би. Дај боже да си оствариш се што си замислила. Фала и на другите за честитките :*

    Иначе многу сум среќна и за ова, малава без пелени ке ја вратиме во градинка :dance: Дури и сабајле сува станува и ми кажува и мочка директ на шоља :D Многу ми е смешна дека не моча пред други и пред мене, мора да излезам за да пушти да моча.. Ми вика бегааај :rofl:

    И така одам да си поиграм со синко, додека багабонтот спие :D Ни донесе тетка една вчера: Забава со бројки, па ке пробаме да решиме нешто. Убав ден :hug:
     
    Последна измена: 29 јануари 2020
    На 24.07, hello-kitty.90, tincemajmunce и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.353
    Допаѓања:
    182.499
    Пол:
    Женски
    @srekice социјален живот немам откако се преселив. Сега уште помалку и од тоа ако е возможно. :D
    Да израснат коаливе, ние да подостареме троа малце па ќе се најде време. Коса треба уште да белее и паѓа, ехехееее :)

    Лани бевме трудни и возбудени. :)Годинава коаливе дефинитивно ни ги засенија нашите родендени, џабе само си го приспомнувам мојот, знам дека за нејзиниот многу повеќе ќе се радувам. :)
     
    На marchi-cool, 24.07, tincemajmunce и 11 други им се допаѓа ова.
  17. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Еј ќути. Цел ден висам на нет барајќи идеи за нејзиниот роденден. Плус систерот рече чекирале карти за мај, да дојдат од Австралија за нејзе, епа летам од радост. Полна со енергија одма :D
     
    На FreeMind, Yowannty и BabyT* им се допаѓа ова.
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки,
    Вчера беше баш напорен ден, малата преспа само 1 час, а имаше сила да игра и беснее до бесвест. Како ми смени од кога наполни 1г не ми се верува.
    Вистина е тоа дека веќе не е бебе, туку слатко мало човече. Повторува зборови, вика маме, мами:inlove: се топам. Праве аууу (за куче, оти нашето завива:D), мау и кваква.
    Глуме плачење и ѕирка под око дали ја гледам, прдла мамина. Мора да признаам дека си ја галам малку, па затоа ме ваде од кожа многу често]:)
    Вчера се пушти да оде, па наместо да се фати на софата и летнаа рацете и падна директно со глава на плочки, ја држев намерно барем 1ч будна, ама после се расони и остана уште 3+;(
    Денес, мм ме поштеди, ја изнеси на прошетка и ми рече одмарај да не си чистела сега. А мене па ме нервира хаосот дома :?:
    И сега седам и незнам што да правам :D

    Чувствувам некоја нервоза во мене, па си се клукам б витамин.
    Инаку мора да кажам дека само што и ги скратив подоите на малата јас се чувствувам тажно, никакво. Како да сум ја изневерила. Вака ли треба или јас не сум ок?
    Сега цица само 3 пати максимум, а пред тоа сигурно 10+.
    Мислам дека пмс ме удира. Ќе почекам да пројде, па може и ќе помине чувството на грижа.
     
    На slavica999, 24.07, hello-kitty.90 и 21 други им се допаѓа ова.
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :)

    Со дадилката пак сме во добри односи, да не не мислите :)
    И кажав дека со најдобра намера и посочив да не го остава синко сам, не дека не и верувам нејзе туку нему не му верувам оти не разбира уште :)
    Не мислам дека требаше да се извинувам за нешто, и не го сторив тоа.
    Сега засега сме ок.

    Некогаш ми е многу напорно темпото на живот, на работа до 17ч, трчам дома да зготвам набрзинка нешто за мене и мм, ужинка за малиот, додека јадеме сите дошло време за вечерата негова. Да си поиграме, да средиме по дома нешто со мм, и лета времето. Викенди што попрво. Дека сум дома па си викам да зготвам нешто поубаво и за нас и за него, мислам дека цело време сум во кујна, а Господ ми е сведок колку многу мразам да готвам. Ама мора да се јаде нешто нели. Мм ме фали дека што и да направам е вкусно, и стварно е така :)
    Ако е убаво времето гледаме да шетнеме до некаде тројцата, или на гости да се видиме со блиските.
    Перални, сушари милион во меѓувреме, чистење потемелно секој викенд, перење кола, и уште 100 други обврски. На крајот на секој викенд сме прекапани со мм, едвај чекаме понеделник да одиме на работа, барем 8 саати да седнеме.

    Сакав да кажам дека очајно ми фали време за себе, сакам да одам на аеробик како порано, да читам некоја лесна книга, мозокот да си го одморам. Сакам и да имаме повеќе време со мм, да излеземе на некоја фина вечера или само да се тркаламе в кревет. Ама просто не можам никако да го најдам тоа време. Што попрво да направам не знам. Влезени сме со мм во дубањот, и како да нема излез од трката со времето.

    Немаме баба сервис, помош за ништо од никој, а на моменти така добро ми би дошла, си признавам.


    Тоа е, се искажав, ајде да доработам сега.
     
    На slavica999, 24.07, hello-kitty.90 и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    @mariz Не се грчеви. Ќе ја успијам, за 15 минути ќе се разбуди со плачење, се тресе во сон. Веројатно е вознемирена и уплашена затоа вака прави.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.