Јас верувам. Кога има грчеви се слуша, се грчи целата. Вака не ми правела претходно. Знам дека е вознемирена.
И од грчеви исто може да прави... И јас не верувам во уроци.. Може да е вознемирена ако ти си, бебињата осеќаат... Ама друг да и влијае со уроци не верувам.
Епа не знам лек за уроци. Пробај стави топло на меше. Како расте, допрва ќе менува и различно ќе манифестира некои работи.
Кој урочи , тај к*р прекрочи...... Добар ден женски. Ветер ќе не однесе ми се чини минатата ноќ од него неможев да спијам цела вечер на комшиката мачката мјаукаше и ветерот правеше врева дополнителна за да станам и да си седам цела ноќ. Комшите до нас реновираат и цела зграда се тресе. Со мали прошетани и намирени. Туку не знам дали има некое дете повеќе да сака од моето да јаде сарми значи цел ден би јадел сарма чудо од дете се повеќе личи на мене со јадењето само шфо јас сум почнала од 10м да барам таква храна поконкретно за сарма и грав ова моево касни малку. Прашав преска сериозно за скок во развој на 3ипол годинки. Некогаш е многу напорен и самиот не знае што сака, сака играчка па не сака, сака да се бања па не сака ,сака надвор да трча па неќе да трча мамааа земи мее. Пред некој ден што го носев едно 200метри до дома ми се чини стомакот ќе ми експлодираше од болки мајке ми претежок е или мене ми се чини дека сега повеќе не го дојам и не го носам нон стоп во раце ама битно отежнат е многу. Друго ново на запад ништо нема само мраз и дожд ништо од снегот баш сакав да се израдува мали малку. До каде е корона вирусот знае некој?
@happygirl некни истово на мм му го велев, ја мразам неделата како ден, цел ден чисти, мијај.....ручек свркава ми прави, ама цел ден така ми поминува, а бев саботата на работа, еден ден слободен и цел ден дома наместо да излезиш да прошеташ, јас дома со бришката, не сме ние такви, прво куќата да се средела синки ќе ни избега па до вечерта не се ни гледаше дека било чистено Нз како рутина ми е се, како робот, ова мора она мора и понинал денот... Сношти супер поминавме со синко нема тт нема отокна местото на вакцината, дури и како да не е боцнат, можно е вака да биди или ќе појави нешто наредниве денови? Дури си мислам да не не му е успешна вакцината
Мајки незнам што се случи. Малата побара една топка и ја дадов, почна да ја јаде (може да скине делчиња од неа), мм и ја зеде. Луѓе наеднаш почна да вришти хистерично и да се мава назачки. Ја земав да ја смирам, буквално се свитка како U и така стоеше, неможев да ја исправам па пак почна да вриска. Има 1 година, не е во скок баш овој период. @Starlič нема потреба од негативна енергија. Тука и да не побараме совет, даваме мислење, ако не ти одговара прескокни го. Ако веруваш во уроци ете измии го лицето со света вода, тоа знам дека нема штета Исто ако било бебето со луѓе знае да има такво однесување.
Таман работа од негативна енергија. Нејзиниот коментар ми изгледаше како да се исмејува. И да не е урочена, знам дека е вознемирена и уплашена.
Јас со банеоцин прашок го мачкав, имаш тема за нега на папоче, прочитај таму, повеќе пати е пишувано @KuklickaSk со помин да му е на баткото
Нз јас и на раната од царскиот ставав, одма му оздраве и на синко и мене. Иначе ќе пишев за плачењето, синко за се така плачи ако му земиш веќе подолг период, некогаш и се ака наназад ама му најдов цака,ако му земам нешто одма друго му давам за да не плачи
@lackygirl на 7ми ден температура качи 38.7 наеднаш. До 10ти кемкава и температура мала. И веднаш потоа 4ки искачаат, штрајк со глад трети ден. Побелени одвај чекам да искочат сите заби и крај. Плус осми на најјако го вози, плус плус се пушта сама по чекор два. Само трпение...
@Starlič ако веруваш во уроци најди некоја бајачка да пребае. Па види Обично од грчеви така се сепнувал и мојот Да не е гладна? Знам и педијатарот не советуваше да му направиме гнездо во креветчето (гледам и на фб се продаваат) јас го обиколував со пешкири и имаше ефект
Здраво и од мене за прв пат. Ах мојата омилена тема, уроци. Сигурно бебето плаче зошто е урочено, може и каката му е зелена поради тоа. Не поради грчеви. Можеби има и клинови (еве се уште не знам што е тоа, ама може ги има, чести биле). Морам да си се искажам ќе си пукнам. Баба ми ич не е добра. Жената има паркинс, и веќе само кон полошо тера. Од карпа човек, изнамачена во животот до бескрај, веќе е во пелени. Тешко ми е, мака ми е. А не сум и посветила внимание колку што треба, се заради ова проклето брзо темпо на живот. Денес не е свесна за ништо, освен за малата моја. И ја пуштила мајка ми денес на телефон, па го бацувала телефонот. Ја носам секогаш кога можам, и се радува, ја гушка. Па бебево како да знае, живи радости е со неа. Морам да ја однесам утре. Не сакам да признаам, ама се ближи крајот. А јас не сум добра внука колку што е она добра баба.
И нас кога беше малата бебе. Зашто прави корупка и при мрдање, кревање на бебето ке се изљупи, па пак останува влажно под тоа. Со прашакот се закоравува горе, а доле уште е влажно. Најдобро хидроген, пени па одма се брише, побрзо заздравува.