@FreeMind да не ме тргаат од совети, тука ќе ти пишам. Честитки еден ден унапред. Нека Емили биде борец на мама, двете да пораснете во најдобри другарки и да имате весели незаборавни моменти. Со текстот не ме расплака ама блиску бев Преубаво ти е напишано ама мислам дека прескокна да ги опишеш оние моменти кога не знаеш дали да ја фрлиш од тераса и во исто време се молиш на Бога, Господи се што треба да ја заболи во животот нека ме боли мене и дупло повеќе ако треба само она да е жива и здрава ПС И да, беше трудна цела година, се сеќавам кога др ми рече да лежам за да издржам барем до 36 недела па после и да се породам не е страшно, си помислив во себе ама фрее е на ред, прво она па после може јас
@S.J.Parker у први шест го опишав фрлањето од тераса да не се повторувам ќе помисли некој стварно ја фрлам од тераса
Добро утро, Денес денов малку не огреа. И сонце и почист воздух. Се би дала сега да излезам од работа да си земам дете и да се пуштам на долга прошетка. Дете е станато многу напорно. Не знам дали е фаза или до зимава ќе е, ама неиздржлив е. Кога ќе си дојдеме од работа уклучува турбо за глупости правење.Само да се фрлало, да се беснеело, само да се правеле глупости. И ако го скараш одма прчи муцка за плачење или почнува да ти смее во лице. Не за друго ми е страв ќе се повреди па мора со 100 очи да се следи. Пред некој ден се качил на гарнитура и рипа и седнува на газ. го гледам и само се молам да не залетне назад и да се удри во радијаторот или да отиде нанапред директ на глава на паркет. Вчера дека малку намали загадувањето излеговме да се истрча низ маало, одма друго дете имав. Дома на врата пред излегување само побара чадорот да го носел. Кај му текнува не ми е јасно. Па шетавме и се влечевме по улици со него. Прво беше бастумче, а он беше дедо. После го отворивме па шеташе така иако ни капка дожд немаше. Е интересното стана кога сфати дека може само да го отвора, па одевме и на секој втор чекор беше, мамо “зарови“ го чадорот, за по 5 секунди пак да го отвори. И ова се повтори неколку пати додека не се скаравме и му реков дека ќе му го фрлам ако продолжи. Па тука имаше плачки зошто нему дозволувам да игра. се прибравме се навечера и заспа за 5 минути. Затоа ја мразам зимата. Уствари не толку зимата колку загадениот воздух. Ладно не ме плаши, ама ова загаденово е ужас. Одма се раскашлува. Последниве денови хит ни се кики бомбони (дека ново откритие). Па сега секое сабајле се спремаме за градинка и на пат до таму јаде една-две бонбони. И веќе ги распознава по слика која од што е. А како со сласт ги гледа и јаде Не знам што е со децава и овие бонбони. Утрово открив дека му никнале двете долни петки . Случајно со колешката правевме муабет пред некој ден и ми раскажува како сите 4 5ки одеднаш му никнале на нејзиниот (еден месец помал од мојов), па ми текна дека јас не сум ни погледнала што се случува со мали, па утрово миевме заби и ми текна да проверам. И што да видам, двете долни пола излезени. Се надевам и другите две нема да приметам кога ќе излезат и да завршиме со ова поглавје. Туку на моменти се фаќам дека секој втор збор ми е не, немој тоа, немој така. Се мислам дали премногу реагирам или стварно е влезен во лоша фаза. Немам памет што да правам. Почнав да правам напори да се контролирам и само ако е нешто живото загрозувачко или опасно да изреагирам, а за другото да го оставам. Толку од мене за денес. Пак долг излезе постов, а и онака и претходниот не верувам некој дека цел го прочитал. Имајте убав ден
Одамна ме нема да шкртнам нешто,ама од пред Нова Година бев ептен турбо. Со душа го чекам летото,ама па и кое лето кога две години по ред дали едвај два месеци се топли.А ја сакам да пече,да ми жеже главата Веќе од настинки и мрсули ми е збогтисано.За празниците кога маж беше дома двете деца болни.Трчај по лекари и аптеки Малото пак спушти на плуќа големиов покачени леукоцити.Ајде на здравје двајцата со амоксиклав.По цел ден антибиотик,пробиотик,инхалации.И нормално се уредно залепено запишано на фрижидер закачено,инаку тешко дека за двајцата ќе запамтам литри,милилитри. За недела дена се опоравија и двајцата,ама пола распуст така им отиде.Таман големи тргна во градинка,маж врти вика плаче,се тегне,несака да влезе.Се јавивме на татко ми го донесе дома.Ајде мислевме дека прв ден,утре ќе е подобро.Ама шипки,пак истата приказна.Дома зворуваме што е проблемот,не ни кажува.После кажа Ангел ме тепа.За волја на вистината Ангел сите ги закача во градинка.Зборував со учителката вика абе да проблематично дете е,ама незнам они не седат заедно,не сум приметила да го закача.После ми кажа нова приказна,несакал да јаде банана а го терале.Оф муко моја.Се договоривме дека нема да го тераат да јаде она што не сака.И цел пат накај градинка вика нејкам јадам нана хахахаха.Видовме,невидовме,решивме јас да го носам.И така сабајле во 7 сите на куп во кола.Малото успано замотано во кебе,и одиме во градинка.На оставање плачеше,ама брзо се смирувал.Ми пратија слики,гледам среќно дете си игра.И дека го оставаме околу 7 како жалчиња се само он и едно девојче доаѓаат толку рано На крај сфативме дека биле спојувани групи,не биле таму неговите воспитувачки,а седеле и во друга просторија.Сега се вративме во нормала,дете пак обожава да оди без проблем,без плачки.Ама да бидам искрена го премислив.Вистина ми беше тешко,он е многу емотивен а не кажува што му се случува. За малово што да кажам,прав багабонт.Вчера дури спремам нешто во кујна,се вртам и гледам детево се спушта на тобоганот.Крвта ми замрзна. И се мислам јас,првото ми проиде на 14 месеци,ова се пушта на тобоган на 13 ипол.А тобоганот е баш голем,ама и мажево е упорно. Повторува зборови,сам вози дидикар.И што е најважно се тепа со брат му,и брат му плаче од него.Кога ќе се налути не бира средства,мава со предмети,боксови,шамари,и гребе.Цела фамилија шетаме изгребани во лицето. Одиме кај мајка и ми вика лелел што ти е?Се насмеав викам тоа е мм удри мавај. Таман си викам ок супер поминаа настинкиве,од нигде никаде пак тт.Имаше ден ипол и толку. @Ano Алал да ви е како неприметно сте извадиле петки.Никогаш нема да заборавам големиов колку тешко вадеше заби.Гризаше,главата си ја маваше од болка.И се лигавеше константно.До скоро 3 години.Едно време сериозно помисливме дека постои некаков проблем,и баш прашав дали е нормално.Ми рекоа дека е се дури трае процесот.И така и беше,израснаа сите петки и магично ги снема лигите. А за ова Не,Немој и слично јас многу се смеев.Имаше период ама константно тоа се употребуваше.Немој ќе се повредиш!Мислев детето ќе си мисли дека така се вика. Ама ете сега на 3 ипол години вистина се е поинаку,и многу работи се променија. Ама за промената друг ден ќе пишам сега се уморив Имајте убав ден
Јас верувам во уроци. Ако имаш некој близок да и пребае (така викаме ние), може и од далеки, ќе го спомне името нејзино и ако е урочена ќе и пребае и ќе и помине. Јас така син ми кога беше бебе неколку пати ми се има случено да плаче да кенка од ништо за ништо и му пребае нелој што знае и му помине, се смири одма.
Хелоу, Хелоу !! Кичма почнува да затега уште повеќе. Не знам како да си помогнам. Бебла денски само во раце спие, а мене кичмава ме убива. Дали некој гел, масажа нешто би помогнало? Ја гледам неа како ми расте во раце и сфаќам колку сум благословена. Почна да ме истражува додека цица, па ме допира по лице, по гради, по усните. Почна да штипка и да гребка и сега тоа и е интересно. Почна да негодува, да е упорна и да ги тренира гласовните способности колку што е можно и неможно. Вчера си го средив балкончето и кактусите, денеска ќе шетаме сакам да и купам фустанче. Крајот на Февруари сме на крштевка, прв настан каде ќе се појавиме 3цата заедно. Јас си купив фустанче за мене уште есента. Не стигнав уште да го облечам, а и немаше ниту каде, па сега ќе биде совршена прилика. Беше љубов на прв поглед, ама повторно се мислев дали воопшто да го земам. Среќа маж ме убеди дека нема бебла да е цело време само на доење, ќе почне со дохрана кога тогаш, па ќе можам да носам и алишта што не се практични само за доење. Подароци купени, уште ние да се стокмиме. Некаде прочитав дека зимата оваа година веќе завршила и дека нема да има студенило до крај на календарското траење, а ако се случи да залади ќе трае многу кратко. Ќе биде ова убава пролет и уште поубаво лето.
Добар ден мајки кралици. Времево како март да сме,утрово дуваше северко,потоа заврна малку,па сега сонце пука..Но не се жалам,убаво е вака, малку да добиеме витамин д. Изгледа јас сум метеопат,какво штое времето таква сум и јас.,Вчера цел ден бев како пијана кокошка,главата ме болеше,ми се спиеше..Денеска подобра штом.се појави сонце. Си мачам мака со непцата,пробав веќе се и пак не ми се смируваат.Сношти кога ме фатија 10 мин.не знаев што да правам,потоа сами мивсе смирија.Пак после некое време ме заболеа,и на крај се напив кетонал.Гел ставав,со жалфија плакнам исто и со хидроген.Уште остана пак да ги земам апчињата.Лани ги испив една доза и рајат бев цела година. Покрај ова има и друга мака...Како темпирана бомба сум.Два дена ми касни,бремена сугурно не сум,колку што се сеќавам примерни бевме минариот месец. Гради надујани и болни,неможам да си ги допрам,исто и кичма ме боли.Нервозна 200 на сат.јадам како скината.Една другарка што вика кога ќе бидам во пмс можам и вол да изедам. Инаку утре маже слави роденден,торта посна направив касатото уште да ја украсам со чоколадо,но тоа заедно со дете.Сакал торта да му направи на тато заедно ја правевме,јас сецкав тој ставаше и мешаше. Подарок земен пред неколку дена блуза, но дали ќе ми ја бендиса ќе ви кажам. Утре маже зеде слободен ден има термин,пак ќе одиме низ болничкине врати,снимки прегледи,инекции.... Па во план ми е утре сабајле уште во кревет да го изненадиме со тортата да дуваме свеќички и да пејме "епи бдеј тато". Кај и да е дете ќе се издигне.да дувнам едно цигарче,сонце малку да ме фати. Имајте убав остаток од денот
Здраво фемински мајчински свет, да се пријавам во темава. Ме нема некое време, но болни со ќере и двете. Леле која тежина, ај јас ама тоа сирото со висока тт до 39 со 6-7-8, лежи само и со ѕоа стаклените очи на пола копје глетка по малку. Како и паѓаше тт одма трча, скока игра, а мајка кога се "напрчи" е тоа беше друга приказна, не можев од кревет да станам, толку ми беше лошо и тешко што де надевам нема никогаш да се повтори. Ако мене ми е така се прашувам како ли му е на малото???!!! Завршив на инфузии, со инекции, со парацетемоли, витамини и триста чуда, после четири дена конечно премрдав. На работа не одам нели со висока тт ни за дома човек не е а камоли за на работа, сега заостанато еден тон, ама ќе запнам и ќе стигнам се. Свеки малку тресеше глупости но ајде да не се нервирам и за неа некогаш не ја можам, со некои глупи изјави шо ги дава шо да ви кажам. Тип на жена шо сака да си го каже тоа шо го мисли без разлика дале ќе те навреди а ако и реплицираш леле мајко, не се трпи, дома не се седе со неа во тој период. Маж као добро се држи но ќе видиме до кога. Кај ќере во градинка половина група се болни, ма цел град е болен, во болница врие сите со истата вироза. Тоа е од мене, доста муабетам, да земам да се организирам дури ќере спие, да сработам нешто оти после нема шанси. Машината испрана, алишттаа си седат во корпата, нема кој да ги простре, изгледа јас ќе морам и тоа, па после од кај сум била болна. Поздрав ѓенски, простете што не ве исчитав.
Хеллоу на сите. Денес денот убаво ми почна. Сабајле додека бебе спиеше испивме кафе, доручкувавме, средивме низ дома и излеговме. Ноќеска повторно се мачевме за спиење, ама не толку многу како претходните ноќи. Еден период ја ставав да ми лежи на гради на меше,така отспа цел саат и јас со неа, потоа во количката ја возев по соба, и во неа отспа некој саат, се мењавме со маж ми цело време, додека тој спиеше јас ја занимавав, потоа обратно. Малечкава денес ми е супер. Маж ми не отиде на работа денес, па прошетавме еден круг околу населба, скоро саат ипол еве се игра,весела е. Почна по малку да гука. Свекрва ми се понаша, не ја држете цело време, ќе ја научете нон стоп да е во раце,па како да ја оставам ли да плаче цело време. Золвите па не ставај слики од неа на интернет, не е убаво пред 40 да ја гледаат луѓе. Само ставив слика со нејзино ноџе, и како маж ми ја држи, беше покриена цела со ќебе и ништо не се гледаше, сем косичката. Фала богу свеки нема да дојде викендов Го избањавме бебуш, заспа, сега и ние ќе прилегнеме малку.
Добар ден, више вечер уствари Јас како и секој ден, сама од сабајле до 5,6,7 со децава. Синчето е подобро, некој летечи вирус изгледа беше. Сабајле во 7 станав (за на контрола за тироидната), а легнав во 2... сабајле многу бев напната дека ненаспана, а плус и треба да добијам. Тсх 7, ми појачаа доза на еутирокс. Како тргнав се повисока доза пијам Направив пред малку јуфки со сукало (Немам машинка), тарана со ренде.. кога ке се исушат ке видиме какви ке бидат. Нема убави без глутен, а сама еднаш направив и супер беа и на изглед и на вкус. @Yowannty со гел што лади/топли да се измасираш? Нешто како Викс, Волтарен? Јас и мм со тие две се мачкаме и масираме при болки (зашто некогаш многу искривено спиеме со деца до нас ). Ноќеска сами си заспавме, деца во нивна соба. Малата прво заврши до нас, после во 5 сабајле видов дека и синко е до нас. Наредени 4цата како сардини, жива вода бев меѓу малата и него @Saraa поминало ајде, јачајте сега имунитет. Пред 2г и јас така во кревет 3,4 дена завршив со 40тт, мислев ке умрам... И баш исто си реков како децава трпат еј. Јас сок од цвекло, јаболко, лимон и морков, плус мед како засладувач им направив пред некој ден, тој е супер за имунитет и крвта, па им давам... на малата со сила, не е по сокот баш, само вода пие. А мене преубав ми е сокот, а и синко го сака. Од тука од фем си го начекав рецептот, 4л сок излегува од пола доза, 2л замрзнав, 2 веќе ги испивме. Сега природно цедам неколку дена (ставам што стигнам.. цвекло, портокали, аронија, јаболки), лажица мед. Па пауза и ке ги одрмзнам тие 2л да ги испијат. Ако ти пие сок, направи и пиј и ти и она. Плус мултивитамини давам јас... А од Фев во план сум да тргнат во градинка, па со господ напред, се надевам повеќе ке издржат и нема да се разболат страшно... Леле реферат пишав и моб ми се изгаси, си реков ако се избришало само ке ве поздравам, ама останало добро е Одам чајче да си направам. Обожавам чај во зима и имам што ти душа сака , ајде кој е за
Хелo маjки Пo утрoтo денoт се пoзнава, фатив крпата и дo сеа...сакам кoга дoма ми е се пoд кoнец ,а тoа трае еден ден Секoj ден машините вртат какo луди де за перење де за сушење и пак кoрпата пoлна Денес маж ангажиран oкoлу дете. Дoбрo се снаoѓа oкoлу бебе сам знае да jа бања, мења пелени, jа игра, брмчи сo кoличката низ дневна (самo навечер се прави дека не jа слуша ама пак знае да стане и да jа успие). Маж самo штo не jа успал jас залетана не jа приметив тргнав да и прoбувам капче и нoрмалнo jа расoнив Сега пиjам чаj за дoење веќе ми се гади oд негo . Средив бебе за спиење, цица и мислам дека ќе реши да заспие . Дoбра нoќ маjки...
што знам,јас со првото ко да видов дека имаше. Е ама тогаш не знаев дека постојат скокови. Главата ми штукна. Добровечер од мене. Набрзина реков ќе читнам не сум ја отворила темава 3-4 дена сега наоѓам луфта ама не можам да дочитам. Минатата недела на штрек со вакцината на бебчо оти имам уплав од висока температура ама лесно поминавме. Неделата на гости во друг град малку да се социјализираме ама кога се вративме големиот фати трески па температура и завршивме на одделение. Уште не можам да се опоравам од неспиењето. После 3 мачни дена се подобри состојбата уште само апетитот да му се врати и енергијата. Мене ни енергија ни ништо ќе ми се врати ама ај. Пратиле од Скопје братучед ми кеса со подароци за децава бидејќи задоцнил па големово се прерадува е ама после 5 мин му стана досадно и сложувалки боенки и сликовници. Деца спастрени заспани јас готова сум на пола копје, сабајле бебчо најрано во 7ипол ќе ме стане освен ако се смилува како што понекогаш прави па во 8ипол - 9 станува. Па женички имајте пријатна вечер утре продолжуваме да се читкаме
Добро утро Не успеав да ве дочитам,онолку страни никогаш не сум пропуштила па паника ме фати ко видов колку имам за читање Однесов деца во градинка па досега си се гостев со кофито Као пишам и список што се ни е потребно домче ама некако не сум расположена за тоа,ќе оставам за покасно Дечки здрави фала му на бога Прва недела оваа зима без отсуство (пу,пу,да не се заречам) Затоа секој ден поплаки слушам за синко Ги чепкал многу дечињата таму за гуша фатил некое дете Толку се изнервирав ко слушнав... Од каде такви идеи?Со сестра му се тепаат ама за гуша? Го прашав мм да не случајно имаат гледано филмови заедно ама не! Го искара страшно ама слабо дека нешто ме разбра Дома пак и многу е мирен а сестра му ни е лошката Во градинка обратно Не знам што да мислам ама многу се изненадив кога ми кажаа Могли на моменти смирена додека пак на моменти ме потсеќа на дете со аутизам Последните неколку часа пред спиење е толку напорна и дива што е невозможно Вриштење и пиштење да не слуша цела маала Претпоставувам дека е од умор дека не преспива попладне ама неиздржливо е некогаш,се плашам дури од нејзините испади Пак и ова зимава депримирачка,едвај чекам да помине Или врнежливо или снег,да не можеме да излезиме како луѓе Во главно дома и не ни чудо што полудеа децата Игрите ни заминаа на повисоко ниво дека останато ни здосади Сечиме материјали,правиме кукли,корпи,монструми Не знам веќе што би правеле,без идеи сум веќе Сте имале многу теми Бабовци и дедовци немам последниот дедо од на тато страната почина пред две години,баба ми 2001 Другата баба 2011 а дедо ми 1996-7 Ги памтам прадедо ми и прабабами од на мама страната само,тие долго живееа Родив на 24 прво дете на 25 второ Годинава ќе полнам 29 Изгледам и звучам како за 18 без лична карта не добивам цигари вмаркет За дружељубива и не сум баш многу...не со секој Ретко со кој можам подолго да седам и разговарам Овде се дружам со една хрватка и германка и тоа е се И то каф да се напијам и некој општ муабет Блиска бев премногу со јатрва ми и на крајот блискоста со неа ми се сведе на разочарување И така Да станам и да почнам со перење и раскревање И гравче да ставам да се вари Довиџења @mariz честитки за колата @FreeMind голема да расте дундата
Мари да те утешам и ја исто мислење делам како тебе по некогаш кога збрлавее малиот особено после 18 до 20часот е лудница дома. Урла вика плаче и самиот не знае што му е. Туку знаете што минатиот петок најдов еден рецепт со чоко торта и сега оди најди го пак . Неможев да барам па сама си смислив торта . Туку која слатка павлака ја купувате вие што сте од Немачка?ја ѕоа вчера го утнав место слатка кисела сум зела во Реве и сеа малку е кисела тортата ама ќе пројде и онака не сме мн по благо .
Сакав да кажам дека децата сo аутизам ниту се диви ниту напoрни и не е вo ред да се спoредува така. Незнам тука штo не е за сфаќање. Мoже е твoj начин на спoредување затoа и кажав да не бидам пoгрешнo сфатена. Убав ден маjка