Напишаното не е во ред. Не знам што е толку тешко да се согледа. Темата е многу осетлива за да се прават такви споредби.
Не знам зошто непотребна дискусија развиваш Каде прочита за сличности и разлики кај децата во мојот пост? @The Unicorn зошто би го навредила своето дете?Пишав дека со нејзините испади ме потсеќа на дете со аутизам Ако сум со негативно размислување за децата со аутизам истовремено си го имам навредено детето мое,ваљда...по некоја си логика
Ај добро вечер. Напната и нервозна сум, ама се трудам да бидам ок. Бебуш денес го носевме на доктор, за 12 дена качила уште 300 грама. Се е во ред. Ни дадоа солени капки за носето. Го однесовме бебето кај една баба што знае со дечиња. Едно влегување кај неа ми вика, бебето вака и вака прави, тоа и тоа има, има уплав. Ти вака и вака правиш, плачеш, депресија имаш, и нервозна си. Ми вика имаш ли животни дома, викам сега не, ама чував маче. Вика од мачето има влакна внатре. Со масажа ќе му ги извадиме. Кога го земав мачето многу луѓе ми рекоа, внимавај, подобро дај го мачето на некој друг, вака и вака може да се случи, не верував, мислев немаат врска муабетите. Зема од нашето млекце, адаптираното, и обично млекце во чаша го стопли, ја легнав на меше и почна да ја масира на грбчето. Така трлајќи ја влакна почнаа да излегуваат, вика види.. Јас и сопругот бевме запрепастени.. Може нема да ми верувате, и јас не верував кога ми збореа, сега се уверив и има цел живот да се јадам за таа мачка.. Малото кога ми плачеше се грчеше на назад, ми рече дека имала некои боцки, и затоа прави така и не ти спие мирно на грб и не сака да спие во креветчето, се буди веднаш.. Масажата ќе ни трае 4 дена. Детево ми се прероди мислам, а и јас со него.. Сакате верувајте ми сакате не. За ова одлучивме со маж ми да не кажуваме на нашиве, пишав тука, за да ми олесни.. Фала што ме сослушавте. Спие сега мирно во креветчето Поздрав и имајте убава вечер.
Хаос сум на сите страни. Деца испратив со баба и дедо кај прабаба им во село, кај да е треба да се вратат. Маж денеска слободен, па завршувавме некои обврски во врска со станот. Утре ќе иде мајстор, кујна ќе местиме. Понеделник деца почнаат со градинка. Ептен сум под стрес. Не знам како ќе се соочам со плачките. Прашав, не ми дозволуваат да влезам со нив. И во право се. Негувателката ми вика има уште 20 и кусур деца што имаат родител, па замисли да влезеш ти кога ќе почнат и другите да плачат. Некако се соочувам полека со моментов. Мора да бидам похрабра, пред се за нив, сакам да уживаат таму, да одат со мерак... Обврски еден куп имам. Прееска дојде мајка, па успеав да испеглам еден куп алишта од маж(за нас тројца не пеглам), само тој е поспецифичен. А купов срам ми е да кажам ама беше од минатата година. И следува прашање: кај ми е таа и таа блуза? - Не е испеглана. Ок. Среќа ништо не ми пререче. Знам недомаќинка сум, не мора ни да ми каже.
за ова сум чула од мајка ми истото на мене ми го правеле само шо бабата ми ги избричила тие влакна јас ем слушав од мајк ами не ке ме лаже она ем уште си викам како е можно наводно тие влакна ги боцкале
Добра вечер 5ти скок шо “убаво” не мавна. Ни сон ни бутур ќе видиме. Ни дење ни ноќе. Претходна ноќ будење на 15 минути. Плус кошмари. Се плаши и плаче во сон. Ја земам, се буди. Се галиме, и зборувам, па се смирува. Заспива. Пак се одново. Како ми изгледа ќе тера и вечерва исто... Утре ќе шетаме. Цел ден низ југот. Може дошле фламингата порано оваа година оти беше потопло од лани, па може ќе ги видиме пак и сликаме нормално. Ако не, ќе им отидеме пак. Пола станче светнав. Другата половина маж ќе светнува. Па раат сум. Отидов до Пандора, бендисав едно прстенче уште од зимската колекција, нон стоп го меркав во каталог и само мое бројче немаа. Поголеми и помали имаа, ама баш тоа мене што ми одговара њет. Се разочарав. Го мислев цел месец. Битно си нарачав Катрис лакчиња за нокти. Ги исфалија биле трајни. За тие пари богами и треба да траат. До Велигден!! Животов ми поминува во сечење нокти. На бебла, па моите, па на мачорко, па на нозе на бебла пораснале, па на моите нозе, па пак мачорко и се така во круг.. Ми се чини се само нокти сечам... За сега успешно ја игнорирам темата за “ху баба ху”. Јазик си подгризнувам да не паднам во искушение. Уроци, бајачки и црни маЏии. Тоа е таа пресвета македонска тројка.
@FreeMind среќен роденден на Емили,да биде безгрижна и среќна цел живот. Да прочитам што сте пишале ми успева,ама да си се искажам,немам време,или треба да пишувам 2 дена со паузи или да си скратам од спиењето кое и онака ми е кратко и со прекини На бебе мое веќе 10 дена ноќе му се затнува носето,преку ден не,па не знам дали е болен или само му е сув воздухот во спална Расположен си е,си јаде како и претходно,не кива,не кашла,ама ноќе не може да дише. Мм вика да купиме навлажнувач на воздух,ама пак си мислам немој влага да ми се појави во соба. Досега никогаш така не му се затнувало носето,па и лани исто греење,иста соба,па не беше така. Дедо ми од мајка ми не го знам,умрел точно 1 год пред да се родам, а и баба ми е почината во 2004. Многу ме чуваше и мене и сестрите Живееше во село,па цел летен распуст поминував таму. Многу ја сакав,а и таа нас. Баба ми и дедо ми,од татко, никогаш не покажале љубов и блискост кон нас. Дали не не сакаа,или не знаеја да покажат ?! Не живеевме заедно,па се видувавме 3-4пати годишно. Ниту еден роденден ни немаат честитано,ниту не викнале некогаш на спиење, кога ќе се видевме ни даваа по 100/200 денари. За другите внуци душа даваа,ние како да не постоевме Ама никогаш не сум чувствувала празнина,другата баба надоместуваше за сите,мнооооогу си ја сакам и многу ми е жал што почина млада И другата баба почина,само дедо ми е жив,ама веќе и немаме контакт Од накит носам бурма и веренички прстен,имам уште златни прстени,обетки и ланчиња,ама не носам. Како тинејџерка имав период каде бев пренакитена ( како ромска снашка) по 2,3 златни прстени на секој прст,обетки,ланче,ама среќа помина фазата Ептен мерак имав ,сега веќе не, се стои дигнато,за ќерка ако имам,ако не за снашката ќе остане За излегување ставам дополнително часовник и ланче сребрено со име . За дружењето,па некако во последно време станав намќор,дали дека постојано со бебе дома,па сум подивела,не знам. Можам со секого да зборам,ама веднаш при запознавање селектирам,или некого засакувам или ми е одвратен,или црно или бело ,нема нијанси. Некако луѓето се повеќе и повеќе стануваат дволични,некако и блиски почнуваат да ме разочаруваат со однесување и некои постапки,па што да се очекува од останатите. Затоа можеби е подобро да се остане на дистанца. Си шеткаме овие денови,убаво времето,е сега загаденоста Убава вечер
Мојов како е роден нема легнато мирно сам во креветче, не мачки, волци да чував помирно ќе спиеше Супер си е, умен, не е плачливо бебе, ама си спие со мене, а често и на мене на меше. Бебе е, мајка бара. Со оглед на тоа дека прв пат го зедов во раце по 5 дена откако се роди, ќе го држам и на глава ќе стојам ако треба. Со него сум посмирена, 100 пати станувам ноќе, ненаспана, нејадена, преморена, ама смирена, не се нервирам и не очекувам премногу, зошто знам како лета време.Навечер, откако ќе заспијат сите, ми доаѓа наплив на емоции, солзи и милион заблагодарувања на Бог, што си го имам во прегратка После да го вратам во креветче? Нема шанса, се гушкаме цела ноќ. Некое време во ноќта ни се придружува и сестра му. Мм перница под мишки и заминува во дневната, јас си ги гушкам двајцата на спална Затоа пак деновите ми се...До 5 сама со двајцата. Бебе нема ред во цицање, цица малтене на секој час, а кога не цица спие најчесто во раце или кака, па го мијам. Големата ( демек голема) бара внимание кое објективно не можам да и го дадам целосно и тогаш полудува, па го штипи и драска бебево, или ако заспие му оди го гмечи, па тоа се буди нервозно и ненаспан и потоа се плачки и од него и од неа. Многу стана агресивна и непослушна, сите тешат фаза било. Ќе бидам искрена дека и ја потплеснав неколку пати, просто полудев кога ја видов како умешно се искраднува само да го тепа брат и Што фино дете беше, сега е лошка права. Знам дека јас и фалам, се тешам ќе земи ред бебе, ќе потпорасне, па ќе шетаме и ќе се дружиме повеќе. Со татко и шета редовно, не е запоставена, ете малку потешко ја прифаќа новата состојба дома... Околу другите теми: 1. Накит имам доста, ама сега не носам, среден ми е секој во свое оригинал пакување, па како секогаш пред излегување само за мене нема време и ништо... Инаку накит е прав поклон за мене, што и да ми купат не се бунам. Не мислам на злато, најчесто купувам од челик, младалашки де, келвин клајн, есприт, сваровски Злато слабо имам, само од свеки за свадбата. Другото ми го украдија 2. Баби и дедовци златни имам. Додуша дедо ми по мајка одамна починат, ама го памтам, најмногу ме сакаше. Посебен човек беше, учен, вреден, чесен иако директор во старо време. Јас на него сум паметна Баба ми домаќинка, добра, мирна и повлечена, цел живот под сенката на дедо ми, бескрајно го сакаше и почитуваше, а и тој неа. Откако почина дедо ми, често си ја земавме на поседок кај нас бидејќи не живееме во ист град. А откако почина татко ми, уште почесто доаѓа кај мајка ми, да и помага. Пред секое доаѓање се јавува посебно со сестра ми да ни ги исполни желбите за јадење, па ќе дојде полна со торти; кифли, зелници, мазници... Баш некни ми пушти полни торби, знае дека не можам да готвам со децава. Другите баба и дедо исто не можам да се пожалам. На татко ми мајка е мојот херој, слабост ми е, иако сите ги сакам, таа жена за мене има посебно место. И додека пишувам си плачам и срце ми се стега, што кога нема да ги има веќе, ќе одам ли во нивното гратче? Како ќе одам без да ме дочекаат двајцата желни за муабет и по едно цигарче со дедо И сега ме болат спомените за старите добри времиња кога сите внуци го поминувавме летото таму, какви убави времиња. Да не забегувам веќе, ќе си мавам глава во ѕид кога малиов ќе побара цицка за саат-два, да одам да спијам. Добра ноќ!
јас престанав да ја следам состојбата кога денес чув дека на жена од Штип која била болна од грип и дијагностицирале корона вирус. И готово. Гасам секакви информации за состојбите во државава. @thinkerbell со помин нека е состојбата на баба ти. Господ нека е со неа. Твојот пост ме потсети на неколку случки во мојот живот на кој одново и одново ме потсетуваат дека времето максимално треба да го посветуваме на луѓето. А ние сме се забрале по работа генералки дома дезинфекции одмор и тегавење на интернет и уште време немаме. лежење на грб на рамна подлога. Е ама ко ќе се легне така тогаш се најголемите болки ама така се поставува телото во физиолошка положба и мускулите се опуштаат. После ставање топла облога. На крај корекција со вежби за истегнување на грбните а јакнење на стомачните мускули. ова е она што најмногу ме нервира да го слушам. Тоа ти е као не оди во вц кога ќе ти се моча. Сериозно. Ами деца се кој сака да лежи цело време. Ај речи и на свекрва ти да легне и да лежи така цел ден да не се учи да станува па стварно. Дали плаче дали сака да прошета дали сака да гледа.... А и кога ќе ги држиме во раце? На 5 години? Ко ќе се сторат 20 кила?? 12 дошло и поминало. Начекав малку луфта пак да читнам уште нешто ама пак се насобрано та да има и за утре за читање. Гледам сезона на вируси настинки болести... Невозможно е. Јас во живот еднаш на 5 години се поболував ова сега стварно не знам што е. Инаку ние подобри. Утре ќе се стори недела дена одкако се бориме со болеста. Тт спадна ама синко уште е со намален апетит и долго време спие а и енергијата му е слаба,безволен е често лежи... Како ли ќе издржи на школо од понеделник не знам. Бебчо расте. Веќе сме 24 та недела досега лесно поминуваме да не се заречеме е сега кога сите ги легнав можам и јас да заспијам. Не можам ни постов да го довршам од што ми се спие. Па женички имајте пријатна вечер
^^ дилемата е решена Сега знам оти дете не ми легна ич у креветче, а јас па и го продадов, како бе порано не чув за масажите ХУ БАБА ХУ Пишете ме и мене у клубот "Боже проштевај" (човече што се крсти). Старлич не се наапувај ама ту мач мајчински муабети се ова Вечер мајки Денес заборавив дека уште е јануари, цели 13степени печеше Мм сега гледа прогноза и вика од среда-четврток снег у Ск ај баш ме занима дали и тоа чудо ќе го видиме! Ако вистина падне ќе треба да трчам да барам скафандер за детево, као ќе купував ами за кај, кога нема снег, па му купив пролеттни патики и јакна, нели нешто мора да се купи По цеееееели денови сме надвор или барем додека не зајде сонце, едвај се молиме да искочи, проблем му е што мора да облече патики и јакна, али кога ќе искочи едвај се прибираме. Уште не расонет одма се договараме кај да идеме и со што да си играме, као да пуштиме куче, да земеме зајче, да бараме мачки, да купиме бони, коли и што ти не и едвај се спогодуваме за што да искочиме и да дозволи да го облечам Надвор сме фестивали и дефинитивно само ние шетаме и ние се слушаме Оно и комшивката и рекла на свеки како така сум вадела дете надвор по ладно Е тек сега ми е јасно оти ниту едно детенце не среќаваме, а знам да се дома, епа ладно е Утре нов месец, сакам убаво да го започнеме, па во таа чест ќе си играме со гранки у двор Мм ја кроеше црешата уште пред Нова, али гранки уште не се собрани, па таман ќе правиме некои креативни проекти со детево Февруари! Месец на виното и љубовта Плус оваа година ќе има и ден гратис, уште да можеше да трае и цел март и март да се претопи у февруари би била пресреќна! Немам мислење за месецов, ваљда ништо не се дешава у него, сем што имаме два родендени и ќе јадеме торта Трифунко и Валентајн отсекогаш сме славеле со мм, никогаш не е на одмет да пиеш и да се сакаш Порано и поклони си купувавме, едно време поминувавме со мечки и срциња, па се префрливме на попрактични ствари Баш сакам утре да ги вадам црвените плишковци и да украсиме по дома, не дека се украсува за Валентајн или дека негде сум чула, ама ми текна па што да не, може и нов тренд ќе започнам Како престанав да дојам така и ми се отвори еден апетит за алкохол не дека сум голем пијач и љокам без усул али си подпивнувам со мерак и уживање Пијана сум била неколку пати, еднаш и даска даскосана и мм кога ме запроси бев летва, ама мислам откога ми стави прстенот се летвосав Како девојчица млада пиев сечена вотка со портокал или боровница, уф и дури пишувам ми навираат спомени од тие луди и безгрижни денови Како постара девојка пиев строго вино и тоа црно, мерка ми беше флаша од 75 и не ме фаќаше, уствари ме дрмнувало али позитивно Како влегов у брак се префрлив на пожестоко, коњаче ми е у срце може и некој домашен ликер, купечки ок ама слаби се за душичка моја Пиво и мочла како мене не идат у комбинација, па не верувам да некогаш ми стане хит Јас богами и си имам предиспозиции за чашката Баба ми на дедо ми му викаше "де бре Добре испи по 3-4ри ракии и 6-7пива како човек, а не ти по гајба" Која е разликата а Татко ми до сега само еднаш бил летва, штета јас не сум го видела, тоа било за мекиците за бебе мое, па дури и паднал на два пати дома на скали, немаше од кого не чув дека бил многу весел и пеел и играл која штета бе што тоа сум пропуштила А следниот ден искачавме од болница и прво се чудев оти човеков е дамла, ама после ме просветлија, па и немал кога да се подопраи, у пола ноќ се прибрале дома Инаку нели кажав дека дедо ми е вампир, епа се повампири Почнал да јаде и да станува, вратил боја на лице. Аман нека стисне жлебињата (би рекла и заби али испопаѓани му се) и нека биде фит бар до мај, внука му свадба ќе прави Него има нов бисер, му сметало што само 12ч имал нега, а другите 12ч никој не го гледал, као 12ч баба ми била будна, татко ми го посетувал, а 12ч сите спиеле и немало кој да го варди. Оно и он спие 12ч, али дури спиел требало некој да го гледа Секаков вид на коментари се забранети! Ете две свадби не очекуваат, првата у март, може и ќе се појавиме, а кај братучеткава слабо вероватно ми е дека ќе идеме Фустан ми треба значи, барем еден нов сигурно Него колку ми влијае форумов. Еден ден немав идеја за ручек, па мислејќи ми текна на една слика од инстаграм каде имаше ориз, печурки и пилешко у тава, па тоа направив. А у понеделнокот се шашардисав со еклерите од насловната Јас сум ептен љубител на еклери, ама просто ги обожавам Проверив што имам заире у вагонетка, за дел појдов во продавница и се фрлив на плескање. Али сум заборавила колку искачаа од цела доза, па испаднаа еклери за цела армија и за мене/нас дури многу Оно и не беа еклери, принцес беа, па малечки, да беа убави големи бабачко еклерки немаше да наредам пет тепсии Печи, печи едвај крај видов, кој знае и колку искуцал бројчаникот, у сред ден на скапа ги печев Преубави ми испаднаа и уште имам, чекам да дотипкам да не ми избегаат мислите, па ќе стопам некое пред сон А у фриж имам и два вида на баклави и две кутии со разно разни колачи од Канела И детево покрај нас стана шеќераш и он се научи дека по јадење место се остава за благо Зетов е со филозофии дека ние не сме се дојадувале чим одма можеме да јадеме благо, он као ич па и не јаде благо, жими тип тип, ај да не знам ај Никако не ни ги прифаќа тврдењата дека имаме посебно место за благо у желудник За бебе мое што да кажам, кој знае веќе во која фаза влегол, ама арен е, мој си е, најдобар си е, љуби га мајка Идеи има на претек, енергија на високо ниво, мислам ако не се испотрчи надвор има да збесне у соба, колку и да ни е голема куќава ипак надвор е друго за трчање Навечер кога ќе дојде време за спиење баш се исклучува на копче, у еден момент се расправаме дека мора светлото да е изгасено, дека мора да ќути и да престане да си игра, а веќе у следна стотинка потонал Прееска пред да легне го вагав и се изненадив дека има 13.5кг и тоа ослабен е, нели беше болен и на 37.2 пет дена речиси ништо у уста не стави, па значи барем 14кг имал, а за пет дена нејадење може 1кг симнал. Останав подзината, вака како сиротињче изгледа, облечен и некако, ама голичок кога е е смејурии Коски му тежат изгледа А какво буце си беше, ќофте, ама наеднаш се извиши, па со лазењето, па одењето ептен ослабе и потоа дојде фаза на нејадење.. Деновиве приметив дека и дел од облеката му е скрос точна или примала, значи и се извишил, нека си расте, се нека му омале, мајка со задоволсто ново ќе му купи И тоа.. Многу сакав да пишам и као имав идеја и што се, ама ипак изгледа паметот у благото ми отиде, а и доста е, треба да посветам време и на Кенди пред сонот. Еј дааааа 5000то ниво минато Убаво ноќ, убаво нанајте и гушкајте се
Добро утро Јас за тие влакна сум слушнала, ама не сум слушнала дека може да се од мачка.. се викаат клинци или така некако. Се масирал грбот и излегувале Пологично ми е ако стварно ги има да се некои влакненца кои се створиле уште во мешето кога биле бебињата, па со масажа излегуваат. Мада се си мислам тие што бајат скришно ги вадат од некаде и викаат еве има влакна Не верувам и јас во бајачи. Влијае бајачот на мајката (дека мајката со надеж да се смири бебето/детето влегува кај него), а излегува посмирена со надеж дека бајачот помогнал. Автоматски смирена мајка, смирено бебе, пологично ми е. @emkaemka и мојава е многу смешна со алиштата. Исто симна премногу кога беше болна почеток на Јан и ги врати полека ама пак е шпагетка. Сега дека нема и пелени, дури и во газето и висат и хеланки.. А тренерки да не зборам Хеланки имам за 1.5г се е тие и се океј. Како бе 5000 ниво на Кенди???? Зар толку има и уште Јас и денеска сама. Мм една сабота е, една не е на раб ама кога има раб некоја саб оди. Викаат Јан долг, а мене не ми беше Мене не да ми летаат месециве. Си уплативме за Банско иначе. Едвај чекам да одиме. Сакав и порано, ама ке добијам и така не бива А ми касни пак... Ама од тиродната е сигурно, а ми е рипнато тсх, ми касни. Ама и трудна кога останав со малата ми рипна 6,7 Ама не, се пазиме и планираме 3то сега.. @Yowannty ме изнасмеа со ноктите. И мене така ми се чини... само сечам нокти, зашто и пребрзо им растат... И кога ке ми рече мм или сама кога ке приметам на некое од децава дека веќе за маникир и педикир им се, огромни... аман си викам. Испаѓа како да не им ги сечам никогаш Малава цела ноќ ме зезаше... до 7 некаде стана 5,6 пати, а плачеше 10 пати. Горе 5ки извади (едни огромни, чудни, со криви шпицови лево десно штрчат, како ѕвездички се). И сега доле вади и се гледа дека и таму ке се такви Многу чудни заби има, сите и се чудни. А таман беше смирена едно 2,3 недели месецов после 1г и више мака, а сега пак ке ја мачат. Значи деф се забите, зашто касно почна да ги вади... на година, па од година до сега се изнамачи и затоа не ми спие. Уште тие доле и да се наспиеме после Нека и е најсреќен роденденот на малата @FreeMind Кога наполнии ова бебе 1г еј. Летааа времево! Жива, здрава и весела цел живот Одам да си правам кафе Убав ден
Добро утро мајки, Да шкртнам и јас некој збор дур малата тера дремка. И јас не верувам во бајачки, уствари некако и ми се одбивни бидејќи за се и сешто се оди кај нив. Едноставно детето некој фази мора да ги помине, јас така тоа си го сваќам. Мм на секое детето е уплашено, та урочено е, и оп заб испаднал па се предомислува. Али нели кој во што сака нека си верува. За мене доволно е да имаш позитивна мисла и денот поминува како од шала,колку и да е лош. Малата почна многу да зборува на бебешки јазик ама и да повторува по нас, просто се чудам како може кога има само 1 година. Ама па нема на кого, татко и е невиден брборко Околу темата баби и дедовци, за мене постои само една баба и тоа на мајка ми, мајка. Душа жена само ме натажува помислата дека нема уште многу останато Другите не би да ги коментирам Околу бебе држење во раце, ја држев до 6м, што од грчеви што од милост. На 6м ортопедот не свести дека така дете не се развива правилно па со време се управивме. Овие денови максимално користиме сонце, стварно е како пролет, но не е баш нормално ова. Со тоа идат и многу чести вртоглавици а и уморна сум, малата минува низ скок и вади заби па можете да замислите што е ама секогаш се тешам дека јас со 1 морам да се снајдам како му е на мајките со 2,3. Околу децата едвај чекам уште едно ама мора да се почека. Малата е многу мила, кога ја бакнуваме јас и татко и таа ни ги влечи главите за да де бакнеме Каша, попара направив со текстот. Ајде да одиме малку на прошетка Поздрав
Дури на одмор, да пишам и јас нешто Се вративме од зимување,дете крена тт. Нит носе тече,нит кашла ништо. Кога крева ,повраќа. Па така стигна до 39.5. Прво се исплашив стомачен вирус да не е, ама ми текна дека и претходните пати кога кревал во тој момент повраќа. Хорор цела ноќ.Дете блада,зборува во сон,го фаќаат трески Го истуширав уште толку почна да се тресе. Мачкав само сенф на ножињата. Утредента ај се јавив на др.во ремедика, отидовме таа на царски . Баш се изнервирав кој ќе чека а дете 38 температура. Па ај кај матичната. Она на друг крај,40 мин возење Стигаме и она му вика-знаеш ли како се викам јас? Он си ја кажа докторката од ремедика (оти таму идеме повеќе) и мене едно незгодно што да ви кажам Па и маж ми ме погледна со еден поглед Ко јас да сум крива Све ок,вика вирус има само со температура. Чекај да видам и ушињата. Аууу воспалено. Па во лабораторијата плачки, брисеви,боцкање и во кола заспа. Денес е добар од 15ч.од вчера нема температура,весел,побара бурек за доручек Се надевам нема да се повтори температурата Сеа со мајка ми си збориме,какви се бе овие вируси? Па јас не памтам да сум примала инфузии, да лежам во болница, немам брис во живот напраено. Инхалации еднаш памтам,кај матичниот. Додуша одма сумамед пиевме на црвено грло. Сеа одма инфузии, одма инхалации,одма јаки терапии.... И пак за две недели болни. Сирупи за имунитет,спрејови,триста чуда.... Дали се штитат докторите од недај боже, или така треба? (Може ми е глупа споредбата, еве само споделив што си разговаравме со мајка).... Знам дека други времиња,ама сепак.... Друга беља-пуштиле плата . Па нарачав црвени старки за мене, торба најки за вежбање (од друга недела вежбам на ново место, па може ќе ми тргне со новата торба ) и едни најки за дете. Па сега во поход дури спие по фармерки за мене и маж и поклон за утре за роденден . Имајте убав викенд
И јас не верував додека не видов. Не немаше ништо на раката и во млекото. Од грбчето излегуваа влакна. Додека бебето било во моето меше влакненцата се створиле, и тие клини што некој ги спомна и тоа имаше, тоа боцкаше. Нема врска.. Нема да убедувам некој да ми поверува, не ни помислив на тоа . Сакав да споделам зошто не можев во себе да држам, и маж ми незнае дека тука сум пишала тука. Бебуш ноќва убаво помина, немаше толку плачки. Му давав чај од ким, и капки Colfor неколку минути пред секој подој, така матичната ми кажа. Сега дали грчевите се смирија од чајчето или од капките не знам, битно ми е дека бебе се одмори како што треба а и ние. Вчера на врата полиција ни тропна. Некој од комшиите не пријавил дека сме викале, сме биле многу гласни. Всушност претходните неколку вечери кога имавме грчеви многу бебе се откина од плачење, ние може викавме за да се смири ама верувам дека не се слушало толку многу. Маж ми вика па со мало бебе сме, ако на некој му смета нека си најде по мирно место за живеење. Полицајците си заминаа. Ама се изнервирав ептен. Па зграда е ова, нормално е да биде и викање и тропање.. Сега не секој ден ама има такви денови. Јас за тие работи имам разбирање. Може и над нас тие што се тропаат, викаат понекогаш па што сега, треба да ги пријавам у полиција, не сум ни помислила на тоа.
@mariz има 5000дито а се гледа да нагоре има уште бајаги отворени нивоа Добар ден мајки Наредна недела е Велигден така?! Што е со времево бе, не дека ми смета, ама не чини волку топло на 1ви февруари Гранките ниту нас не видоа, ниту ние нив, ама колата на акумулатор ја раздрнкавме за сите пари Дека скоро па цела година дремеше за џабе сега маста и ја вадиме. Бебе нареден како паун, обично само си седи и си се вози, може и нешто да грицка али тоа е тоа и ред муабет, ред викање и воодушевување за секое животинче или превозно сретство е неизбежно. Али денес му текна да биде диџеј Па виде каде се попушта гласот и го рокна на најсилно, јас намали, он попушти, ечи, трешти "теди беар" али у еден момент најде една диско џингл, не ни беше детска, па му се засвиѓа и почна да врти рацете на сред улица Тргнавме со јакни Еј со цел памет се облековме со зимски јакни на 15степени Утре ми стои дека исто време не очекува, па ќе се дотераме пролеттно и у шетња Али мм ни ја сјеба неделата Наместо да акаме негде ние ќе седиме дома и ќе чекаме гости на сред ручек и тоа гости од без врска Али ај мито и корупција, за нас е па ќе замижам Не кажувам повеќе Битно ќе јадеме прасенце, а уз прасенце ќе мавнам некое коњаче Али прееска беља направивме Се вративме од шетање и детево се тутна кај свеки да си игра со пилето. Женава разотворила се, чистела претходно и пиле лета, лета, од една у друга соба и одлета низ врата Туууу го испожалив, не да ми е криво и мука, ќе си пукнам Детево го вика, го бара, па најде една гугутка, па мисли тоа е, па ме тера да ја фатам, абе трагедии, на крај се убедивме дека пиле отишло да полета и ќе се врати Ќе го бара многу, ептен му се радуваше, оф што ми е мака Баш пред некој ден зборевме со мм да купиме асален папагал, па може и вистина ќе купиме кај и да е Леле а Коко наш И тој поштено го пуштивме Детево се премори и само побара да спие, еве го хрчи, а треба на гости да идеме, а не е ни ручан ко што треба, не му се јадеше.. Мразам вакви денови без ред.. Ај ваљда ќе има некое ордеверче кај што ќе идеме, па ќе замези ваљда Идам да се протуширам, па у сон да преоблечам бебе и да идеме на дружба. Убав остаток на ден Еј да каква убава вест сум добила пред 1ч абе се прерадував, денов уште потопол стана
Живо ме занима да чуваше златна рипка или желка, од кај ќе беа влакната?! Ма да мислам дека пречесто ги потценувам овие луѓе. Тие се буквално експерти во нивната “област”. Па така, за се ќе најдат одговор. Да се даваше PhD за хубабахухање, сигурна сум дека Македонија ќе беше лидер во регионот и пошироко. Сироти животинки со лековерни луѓе. Добро ви попладне Ноќеска за чудо бебла имаше само едно будење, ама затоа поштено ме измори дур ја заспав. Не се предаваше без борба. Арно ама мене градиве преполни и тврди оти нели не стана 7466857 пати ноќта како обично. 5ипол месеци, пола од парите во месецот сеуште ми одат за влошки за гради. Се прашувам кога конечно ќе можам да облечам нешто што ќе остане суво.. Денеска цел ден шетавме, се прибравме пред малку. Фламинга уште нема. Раснам мала шетачка. Уште од сега претпочита да е надвор. Ама затоа еве ја ми заспа ниедно време и после пак ќе треба да ја заспивам до доцна. @mariz заборавив вчера, волтарен имам дома, ама нели тој содржи аналгетик? Не знам дали оди тоа со доење..или нема врска.. Нус ефект ми е болката од епидуралот, ме боли во местото кај што е боцнато и се шири нагоре, па не знам дали би помогнало нешто воопшто...
@eli25 kade bevte na zimuvanje? Mislam te procitav imalo sneg, nie za Bansko se spremame kako ama ic sneg nemalo pa nekako ne ni pravi keif vestackiot na stazite sakame prav sneg stud se izvinuvam za latinicava ne znam kaj da namestam mk poddrska na noviov tel