Ху баба ху и од мене Џабе наука и истражувања за бебиња и деца, кога има бајачки, гатачки и 'клинови' Да не пишувам нешто плус за ова, ќе се изнервирам Само што си дојдовме дома. Денов беше прекрасен. Бебе се изнаужива на сонце. Почна да покажува интерес за јадење. Кога јадеме во уста не гледа, како хипнотизиран е Кај и да е, ќе почне да лапка @Yowannty дој да се изгушкаме повод 5ти скок Многу е напорно. Сакам да спијааам Он спие 3 минути, и наредни 3 саати спремен е за игра и лудување Мотивација деновиве ми е: 'ќе помине, само трпение' За една година од сега
Дoбрo вечер Се надевам дека вечер ќе се спие. Бебе е вo 4 скoк и две нoќи се буди на 15 минути. Ми фали сoн и преку ден не спие . Се буди на секoj 15 мин сo плечење какo да е исплашена Денoв права прoлет, станав испив кафе чистo за oсвестување пoсле лудата нoќ спремивме бебе вo кoличка и гo искoристивме времетo. Барем малце пoспа дoдека jа шетаме... Вo пoследнo време цица цица и пoсле некoе време ќе се тргне па ме гледа, се смее, гуга...дали тoа значи дека е веќе наjадена и си игра??
Потполно исто прави другаров генерациски Некогаш го тргам и ако не се буни,сме завршиле со цицање. Ако заплаче го враќам пак на града,ама овој пат на другата. Ај да правам сефте во темава Го читав постот на Старлич со бајачката. Порано стандард процедура било да се носи бебе на бајачка. Како што сега на 7 дена на педијатар ги носиме,така порано на баење,како задолжителен преглед Зборам пред 30 и кусур години. Па баење од клинови(боцките) уроци чуда. Ако не спиело бебето го боцкале клиновите Најтазе пример,од мајка породена минатово лето, малата и беше исфрлена по лицето,прашав од што е, ми вика па не знам,ја носевме на бајачка изгледа нечиста жена ја видела. Јас:каква е таа нечиста жена? Па така, имала добиено менструација. Добро,тука прекина муабетот. Се пораѓам јас, бебево после 10тина дена почнува да се исфрла по лицето. Ми текна на мајкава,преку роднина се распрашувам дали ја мачкала со некоја крема,роднинава ми вика а не, мислам дека направи како што и кажа бајачката. А што и кажа? Епа да земе улошка со менструација од некоја жена,и таа да ја стави во коритото во кое што ја бања малата Омг земав одма да гуглам по интернет и открив дека мозолчињата се викале бебешки акни,всушност хормони од мајката(нечистата жена) кои се префрлиле кај бебето. Сами од себе исчезнуваат,не треба никакви третмани. Ни улошки ,ни бајачки,ни бутур И ние го искористивме денов максимално. Удривме убава шетња во парк,убавово време одма ми го крена расположението. Пукнав зимава со малото дома. Маж ко маж,ќе дојде од работа,ќе поигра со него,ручек,дремка, некогаш шетња ,некогаш не и се така во круг. Едвај чекам да се стопли ко што треба да си шетаме со синко и од сабајле Малку се разочарав пред некој ден што дознав дека нема да ми го продолжат договорот на работа и ќе си останам дома,ама од друга страна сум среќна,нема да морам да брзам со вакцинирање МРП ,па ќе си се чуваме со бебко. Ќе се најде работа,здравјето негово ми е пред се. Поздрав друшки
Тие влакна се викаат лануго, се ствараат во утробата и сами паѓаат неприметно после првиот месец, не се работи за никакви влакна од мачки. Бабата не погодила многу оти сите бебиња плачат и мајките се нервозни и депресивни дур им се стабилизира хормоналниот статус и да се прилагодат. Ја мислам нема потреба да го носите малото кај бабава на масажи ама вие си знаете.
Јас мислам да ја заклучите темава после муабетот. Сепак почна нова деценија пред еден месец и треба некои работи драстично да се менуваат ако не милум онда силум за добро на следните генерации. Прво кога читам ме фаќа срам, потоа жал за на крај да се канализира во бес. За доброто на младите на форумов и нивните идни поколенија сите постови со “научна фантастика” треба да се избришат и да не се дозволува воопшто навлагање во дискусија на таква тема. Само на тој начин може да се заштити младата популација од оваа глупост бајачки им баеле и ваделе влакна. Драстичен метод али ќе вроди со плод, за некои работи мора поинаку да се постапи од демократските алтернативи на располагање за сечие добро. Да е нешто за дискусија во ред, овде нема дискусија и не треба да има. Ако нема каде да читаат и добиваат телефони во време на интернет зависност со тек на време ќе се искорени. А вака се остава простор некому да пласира небулози и да влијае. Секој има право на свое мислење на вакви теми не важи бидејќи не се “мисли” само се тропа. Just saying.
Смееш Волтарен гел да користиш по потреба, секако локално ќе го ставаш. Ибупрофен е безбеден при доење, не се лачи во млеко. Иначе за влакната, ете и @mimiiiii кажала, тоа се лануго влакна што сите бебиња ги имаат уште додека се во матката, испаѓаат во првиот месец после раѓањето, некаде и до три месеци може да ги има. И бидејќи треба да паднат, многу лесно се вадат со било какво триење, па бабите ќе продаваат памет дека биле од мачки или не знам ти што. Глупости на квадрат. @FreeMind среќен роденден на ќерче, голема да расте!
21ви век, уште се верува во вакви приказни. Греота тоа дете, сериозно. Па уште бабата помешала и нејзино млеко. Браво, на дете од неполн месец вакви трауми да му се приредуваат. Ама има една позитивна работа. Научив што се клинови. Страшна, напорна работа биле. Па и од маче. Тешко на бебето со вакво окружување.
@Мариаа. сесре ќе преживееме? Мојава ми даде ноќ пауза да ме спреми за следните денови. Од ноќеска по старо. Конечно и моја бебла загледува дур јадеме, па и отвора уста. Ајде уште малце па ќе почнуваме со дохрана. За една година ќе почнат тантрумите. На форумов велат дека скоковиве биле мачја кашлица споредено со тантрумите. Како и да е, заедно сме посилни. И денес време убаво. Ќе шетнеме до парк и на кафе, на сонце. Многу го сакам градов. Полн е. Жив. Еден куп деца, еден куп колички. Игралиштата полни. Ми фали тоа онаму од каде јас доаѓам. Град на духови стана. Пусто. Народ се исели... тажно е. Ќе прати свеки лигњи за ручек. Па бањање и денов ќе си зајде. Пребрзо ми поминува времево. Ролање без кочници.
Ај добар ден, силно светнал ден Времево надвор милина, и вчера и денес. Не дека е многу здраво 16 степени во февруари, ама тоа е. Искористивме сонцето вчера, се изнашетавме цел ден со синко и мм. Сабајлево се буди синко, некако топол ми дојде на рачињата. Мерам тт, 38.8. Се шокирав, дамла ме удри од кај сега таа тт. Сега засега не му тече нос, не кашла, нема нови заби на повидок. Или допрва ќе почне? Дадов Далерон, ставив чорапчиња со оцет, појадуваше и еве спие сега. Ќе го следиме цел ден, се надевам нема да качи пак. После и на воздух ќе го прошетаме. Вчера го читам муабетот на Старлич, и се чудам како може да постојат уште луѓе - млади и образовани луѓе - кои веруваат во такви глупости! Немам коментар искрено. Се гасам сега, ме чекаат 3 машини за диплење
Дoбар ден @Yowannty и мене синoќа бебка ме пoштеди. Стана 2 пати за цицање, се надевам ќе биде дoбра и пoнатака. Oна будење на 15 минути убива Синoќа пoсле бањање и цицање му велам на мм ќе jа ставам сама да заспие вo креветче. Jа ставив будна и свежа (и си мислам штo си правам филмoви), цуцлата вo уста и се тргнав, слушам нема плачење. Пoседoв пред врата идам пoлека накаj креветче и гледам сама заспала . Oдма гo фатив креветoт и jас Кафе испиенo, сo бебка си пoигравме се измoри и фати прва кратка дремка. Да се среди пo дoма и мoже да не фати малце вoздух @Sofi.ja значи исти се, а мене ме тoпи кoга ме гледа така сo тoа крупните плави oчи Убав ден
Да замислете има уште еден куп вакви млади и образовани луѓе што веруваат во тие работи, за вас глупости. Моето дете неколку ноќи не можеше на грб да спие, спиеше само на страна,се грчеше целото, баш заради тие боцки. Тие влакна не се обични црни влакна,мачката што ја чував беше сива со бело, влакната излегуваа такви, долги мачешки влакна. Во чашата пред мене сипа млеко, немаше ништо внатре. Реков не мора да верувате. Споделив, само во погрешна тема си кажав што имам. Денес прекрасен ден, го искористивме за прошетка во Турска чаршија. Остатокот од денот ќе го искористиме за средување низ дома. Поздрав
Недела, пролет 2020 со кокичина со се како што е редот. Не дека не ми одговара таман си е,но не го личи. Препекав за снег . Еве сме во парк мали заспа во количка па да пишам. Душа моја е он,многу е смешен. Луѓе он почна да имитира, ме имитира како кашлам,па се радува на песнички,тоа аплаудира. Се исправа по маси , ме бацува. Ова е чудо како бебево на 9м се промени од корен. Беше лигле,плачко не се трпеше више и оп преокрет после 6ти скок. @srekice ова е за тебе напишано да знаш што убавини те чекаат. Дека нашитр исто го поминуваат секој развој. Ве читам за тие бајачки и чуда,а притоа сте верници а едно со друго ми нема логика. Не посегнав по такви методи иако бебе ми плачеше 4 месеци,и не спиеше. Може поедноставно ми беше да читам за скок во развој. Периодов многу на љубов мириса вака фебруарски кај насод кога бебе се смори и спие и не е лигле некако му се посветив на мм,ми недостигал. Ме убедува за второ детене можам,не дека не сакам сакам деца многу многу,не се плашам од мала разлика,него се плашам од бременост и од тоа дека не би го сакала како што го сакам син ми. Мислам дека се што е љубов во мене му имам него дадено. За бременост и тоа...тешко се зачна,тешко се носеше. Тоа лежење,тие терапии незнам дали можам да ги преживеам. А за стресот пред секоја контрола не ни сакам да помислам,па мрдал,па не мрдал,па тоалетната уште ја проверувам. Но си ветив нешто,нема да планирам повејќе ама апсолутно ништо. Никогаш работите по план не ми се одвивале,баш онака кога со парички ке одиш да си купиш фармерки па нема ништо за тебе,а кога ке ги немаш паричките се ти се бендисува. Оставам да си тече онака како што треба да биде. Уште малце да внесам вит.Д и бегаме. Да се спремам за утре. Ве читам и гушкам сите до една
Ајде и јас да нашкртам нешто на темава. Денес денот преубав. Со мужето и бебуш под рака, и кај авионче. Кафенце во термосче, оптегнати на клупа. Бебо уживаше, џамислете, она пиеше јогурт Прв оброк надвор, да не е трчање дома за цицка. И испи цели 60 мл вода од шише. Мајка скока од среќа Убаво било да се измешаш меѓу народ. Барем на кратко да го тргнеш мозокот од проблеми. Две недели не сум спиена. Мали се буди на еден саат, па нишкај шетај. Многу сум down @Happyinlove дај Боже еј. Ќе издржам уште еден месец, само да се среди овс. Неможам веќе
Гледам ве престроила Реин сите тука. Јас на време се префрлив, ама времето за пишување ми е слабо, а и ме мрзи. Ми се скрши телефонот и еве два дена сум со постара верзија на таблет. Не многу користен, ама убива автокорект и го мразам. Додека размислувам што да се купи, да не е по многу скапо, а да е добро, го користам на мм. За основна комуникација, а не сум логирана на ни ниту еден мој акунт и изолирана сум од се. Ама затоа роварам на неговите. Он го зема стариот. Демек да не бидам многу разочарана. Џабе. Пак сум. Многу мемо имав во телефонот и само за тоа ми е многу криво. Цели дневници. Колку плачев, цела перница натопив, мислиш кој знае што се десило. Имав запишано се за децата, моменти, датуми, зборови, анегдоти, дешавки, за бепси се. Сега немам ништо. Цели две години од поголемите и цели 5 месеци од бебето. Уште ми е тешко и не можам да се помирам. Само за тоа зборам, само на тоа мислам. Ме уништи у поим, претажна сум. Пробав да влезам у него преку компјутер, ама не може. Не е само дисплејот, сигурно и внатре е рокнат. Абе ќе си пукнам од мака. Леле гледам цело мислење на телефонот му го посветувам. Иначе, ништо ново кај мене, многу ново кај деца. Бебе успешно се врти, профи, од двете страни. Движи, нешто налик лазење, ама не е тоа, а не знам соодветен збор. Си ги префрла рачињата, едно па друго, на страната кај шо сака да иде и после некако се влече. Од ден на ден се подобар станува. Спиењето стандард и натаму се менуваме со мм. Откако е роден само две ноќи има преспано. Другите две ми се настинати, носотечение и кашлици на сите страни. Малово добро се држи засега, се надевам нема да префати. И така. Почнувам полека да воведувам нормална исхрана во режимот што сама си го наметнав, ради доењето. Не забележав нешто да му влијае до сега, ќе видиме натаму. Порасна, ама се чудам кога? На 25-ти ќе пуни 6 месеци. Јас од сега сум превозбудена за пробување вкусови. А до сега не покажал знаци дека е спремен за дохрана, освен што му се опсесија градиве, друго нема. Лажалката ми ја одби од поодамна, а што убаво си ја сакаше на почетокот. Сега само ја гризе, си остри непца, запче нигде. Имам без врска депресивна фаза откако ми се скрши телефонот или може ќе добивам или не знам што ми е, ама не сум таа што бев овие два дена. Почнувам да се плашам да не се врати анксиозноста што ја поминував. Иначе, црвената тетка не ме удостоила воопшто откако заврши крварењето. Сакам да добијам, може ќе ми олесни. Одам да украдам некоја идеја од пинтерест за играње, оти имагинацијата ми е сведена на нула. Вечер планираме филмче со мм, ама да видиме прво на бепси каков му е планот. Од прееска пишувам, бришам, поправам, пречитувам. Мразам автокорект. Толку ми мења зборови и немаат смисла речениците, што се чудам што сум сакала да кажам. Кој знае колку е сменето мислењево од првичното што ми било на памет. Во врска со бајачките и клинците и влакната. Мачка чувам дома и црна е. Каде да се обратам?
Добар ден мајки Цели 18степени денес, потопло и од вчера До 15ч денов искористен на нивоу, испошетани, изнатрчани, изнаиграни Доручкувани со домашни интегрални ѓевречиња со многу сусам, мњам мњам, кафе и какао се испи и фативме вратата Во 15ч стигна гардата Едвај поседовме со бебе, ред глуп муабет со непознати луѓе и онака културно и сосем спонтано 3ца од 4рица си запалија цигари па бебе ми беше совршен изговор да си најдеме подобра занимација, ја оставив свеки да биде газдарица Гости уште се тука, али ние си играме со зајче, грицкаме соленки и гледаме цртко, време за пауза, еве и кафе ќе варам Пред некој ден налетав на една членка, никот ми дојде познат, па дека специфичен ја побарав на лупата. @Kallias2 мајче нека ти е со лесно, животот не е лесен, но е убав Вчера нели ви кажав дека слушнав убава вест?! Видов дека веќе е пофалено и честитки фрчат, па можам да зуцнам @kukla21 со лесно, срце под срцето Денот утре испланиран, плус чекам и пратка од Карго, бебе има да се испорадува на новата играчка Убав ден, друго паметно немам што да кажам Аха јас бебе со папагал го чував и пред него години, години се чуваше истиот. И замислете бабата масира и почнуваат да летаат пердуви на сите страни Не зборам веќе
Ти благодарам од Баш сум пријатно изненадена што си се сетила на мене и не си ме заборавила Таков е животот каков што е, толку имам да кажам само... Те поздравувам и јас тебе и те
и јас со секој што разговарав на оваа тема истото го рекол. Јас додека не го родив првото и на 10 месеци од нигде никаде фати бронхитис во почетна фаза јас не знаев дека инхалации постојат. Сериозно. Ги знаев оние инхалации што ги ставаат на повредени луѓе колабирани пред операција... Инфузии сум примала само за операциите кои сум ги правела. Инекции дали 5 пати во 30 години. Ајде ќе наддадам ете 10 нека се. Температура еднаш и тоа два дена спиев и се осеќав како да сум во кома. Како мајка ми ме хранела и лекувала не знам. Ама после тие два дена кукурек. Немаше вируси на мама не и е позната таа дијагноза - вирус. Ова сега стварно не знам што е. Добровечер. Лежам и ја читам единствено оваа тема зашто не можам да издржам за другите. Неделава хаос. Среќа па бебчо навечер ме остава да поспијам освен првиот сат кога често знае да рикне во сон па оди смирувај го. Големиот маста ми ја изваде со болеста па пројде и една родителска средба на школо. Учителката кажа дека во класот 5-5 души се болни. А овде читам исто. Е ама после лекување и рехабилитирање на синко денес јас "паднав". Приквечерва сетив болки во мускули во коски па иде надоле во кичма па почна да ми студи и реков готова сум. Да е проблемот уште поголем дојам и освен парацетамол и витамини тикви што нешто друго ќе се напијам да видам како ќе ја пројдам ноќва па утре здравје ене ја матичната преку улица ми е. Од утре синко почнува на школо. Ептен го издолживме одморот. Почнале да учат букви. Учителката кажа дека тоа било планирано за во второ одделение ама еве уште сега учат за линиите па потоа и цела буква. Синко вика ех бе секогаш ко ќе учат нешто интересно јас не одам. Досега му се собраа 32 оправдани изостанци. Па женички мене ми се приспива утре продолжувам со читање сега со лесно да ми е да издржам вечерва. Имајте пријатна вечер.
Добра вечер и од мене. Си ставив нов аватар, не го менувам, мачката моја, прва љубов моја (животинска љубов, после и си имав уште) 10 години ќе прави годинава. А и многу јако име има, Хурем се вика Синко заспа во 9ч, морам да го фалам, вчера 1ва вечер во овие 14 скоро месеци ја преспа цела ноќ, од 12ч до 8ч се надевам дека ќе ни потрае. Дури не ми се верува цица само за заспивање и ако се разбуди ноќе му давам цице, не се мачам повеќе со мисли за одбивање, мислам дека само ќе си дојди, спонтано...ако не ќе пресечам наеднаш и крај Денес на село кај баба и дедо, таму ливади, трева, кокошки, петли, кучиња, мачиња, трактори, детево пресреќно, сам си одеше цело време а ако се сети дека неможи си седнува, многу ми е смешен, чоече мало, кога ми порасна Сонце надвор и одма друго расположение Мирна ноќ на сите