Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    се можам да разберам,бајачки од уплав да баат да бркаат демони што знам што ама клинови бе... (facepalm) и тоа на бебе. Па ако постојат такви логички на рентген снимка ќе се видат. Клин е. Ама не,бајачки важат такво нешто.

    А што, акушеркине во болница па ко ќе имаат добиено т.е ко ќе се нечисти да не случајно не одат кај бебињата?? (facepalm) и сега бери ум.
    @FreeMind многу, ама многу си во право со постот за бајачките ама додека се живи старите - баби свекрви и такви жени од село тешко дека некоја мајка ќе биде раат од такви работи.
    знаеш како,човек додека не види не верува така да џабе е се,еве не веруваме. На муабетов ќе ја цитирам @Leo-nora таа имаше многу мака со бебечето па баш ме занима дали беше да вади клинови бидејќи бебето не и спиеше легнато на грб на рамно површина?
     
    На mimiiiii и eli25 им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Добро утро, роденденот помина како ивкова слава од среда до недела. Преполн стан со луѓе за прв пат во живот не ми сметаше. Имаше одлична хармонија и позитивен дух. Маливе анти социјала ми станале едниот ги ржи, а другата им плаче во раце. Исти на мајка не сакаат контакти само мир.

    Беше многу многу напорно подготвувањето во комбинација со појадоци, кафиња, вечери на куп али и голема помош за месење, сецкање, дигање во секој случај. Вечерта помина бајковито, иако половина од замислата не успеав да ја стасам сепак колегите веќе ме најмија за свои домашни настани кои следат и се размишљам на таа тема али ме мрзи да навлагам во детали со умот. Како страшно мразам административни процеси не можам да опишам, даноци, финансиски анализи, сметководители...Нека тргне малата во градинка ќе имам повеќе време за размислување на темата. Инаку скроз уживам во тоа потврдено. Само да има кој да готви.

    Саботата бевме 13 души во бразилски ресторант на самба вечер. 12 македонци сред класичен германски народ - imagine што би рекол Џон. Мислам дека затоа се испразни во 22ч си заминаа сите. Рикање на цел глас нели спонтано ти доаѓа. Се прибравме околу 1ч. Малата ниту не побара ниту и е беше гајле кај сме со баба и не ја интересира никој.

    Вчера врнежливо надвор па парти пред полетување. Сите коктели се измешаа и цела екипа на авион подмачкани затоа и брзо слетаа. Се испи доволно да летот биде уживање, баш весело им било.

    А ние останавме со солзи во очи како и секогаш. Карпа во грло ми е заглавена. Денот кога си оди мајка ми е најтешкиот ден во мојот живот. Не од страна помош само туку од страна недостигање. Толку многу боли ми иде да се удавам во солзи. Најголемата болка на живеење на далечина.

    Да идам да средам се зошто нема кој. Чаос.
     
    На Ano, WonderGuurl, Chanell* и 29 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.252
    Допаѓања:
    35.051
    Пол:
    Женски
    Добар ден и до мене.
    Одново на работа во прилично напорна работна недела зашто нели на одмор си бев па заостанале работи и сега цел одмор низ душа ќе ми излезе.
    Како и да е супер си поминваме на скијање. Си врнеше снег неколку дена ептен беше убаво и промена од чуднава зима во Скопје. Скијавме, се санкавме, поминавме српски кафани, пабови и се останато и догодина деифнитивно ќе го тераме истиот концепт од сега е решено.

    Е на враќање за да ни излезе исто одморот на нос дете се разболе ама тоа е. Секаде има вируси, бактерии па закачил нешто. Што е ќе видиме денес. Градинка нема неделава како што ми мириса ра

    А сега да се фатам пак за работа.

    Убав ден.
     
    На Ano, Chanell*, Lianna Anna и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    14.376
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки

    Сите спијат, па малку време за мене. Колку и да сум уморна не можам денски да спијам, после ќе ми е полошо. Овој вирусов и нас не не' одмина. :( Прво поголемото со тт од саботата вечер, па и ние со маж со кашлање и болно грло. :envy: Ене го легна, многу му било мака, се го болело, не спиел добро. Ајде бе, јас трета година ни спијам нормално ни пак нешто е здраво на мене. Ама стандард, мене ништо не ми е, ќе ми помини. :smirk: Па уште свекрва ко мали деца да сме, напиј се ова, напиј се она, оди на лекар. Де бре жено, јас детево не го носам, јас ќе сум одела на лекар. Аман. :@
    Сабајлево стана свеж. Немаше тт. Реков ајде не го носам денес, ама пак не сака да јаде, цело време в раце бара. Почна и да кашла, плаче за секаква ситница. И никако, ни да го носиш, ни дома да го лечиш. :envy: Ама такво е времево, не е нормално 20 степени сега. Сигурно од саботата ни е ова, беше топло, излеговме, дувна ветер покрај езеро и толку требаше. Немавме контакт со болни, баш и од таа причина не го носевме на роденден во игротека, ама ете. :worried:
    Малово па, душиче, и то си сака в раце. А страв ми е да не го префати, гледаме да сме подалеку од него. Многу ми е интересен сега, само гуга, ми вика, се чепка, ако сум до него и не го гледам ме клоца со ноџето. :inlove: Снегулче мало ми е. Само никако денски да поспие појќе од 1 сат. Еве го, стана, цели 30 мин. Не ќе стигнам да допишам. :D Смешен е ко ќе се буди, не плачи туку си разгледува околу, ако е уклучен тв во него гледа и глас не пушта. :D Скокот 4 стигна и кај нас. Ноќе понемирно спие, на 15-30 мин цивка, дозата млеко некогаш пола, некогаш третина ќе испие, па по 2 сати пак гладен. Врв беше завчера кога 5-6 пати стана за млеко, 2 голтки и пак заспиваше. Поинаку не се смируваше. :|

    е толку беше, еве го вика. Поздрав :hug:
     
    На Ano, Chanell*, Mari* и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.446
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. :)

    Денеска се изнашетавме. Конечно сликавме бебла за пасош и извадивме официјални документи со име. :*:
    На ред е пасошот, па да го полниме со печати. :)

    Се радувам на почетокот со пробување вкусови и знам дека маж секој нов вкус ќе го меморира со ново видео. Се радувам на убавото време и воопшто, времето со нив двајца во парк. :inlove: Цветам кога ги набљудувам со очи широко отворени како заедно се кикотат на кревет, додека пијам кафе на нозе низ кои мачорко се мази.

    Конечно пред малку успеа да си го бацне палчето од ноженцето за прв пат. :inlove: Радостии!!!

    Тамам се жалев на маж дека веќе цел месец може има како не се врти никако. :| Џабе ја ставам на меше, само си стои така си претка во место и се смее. Само што се пожалив дека почнувам да се загрижувам, таа се изнаврте. (facepalm) Од грб на меше, па преткање, се истрти и истурка нагоре, првиот чекор до лазењето претпоставувам, па од меше на грб... Што и би денеска?! За Олимпијада ли се спрема? :^) :D Од чудбите на 5тиот скок! :D

    Тркнав до гинеколог да проверам резултати од пап, гледа во листот се врти и ми вели - совршено, се гледаме за една година! :) Топ. Ми одговара и мене велам. :) Чекам Февруари да помине и се враќам на трчање секое утро. Овој пат плус со количка туркање. :muscle:

    Се изнапишав, а демек дојдов само да кажам дека бебле конечно си баци стапалче. :D

    Убав остаток од денот ви посакувам.
     
    На Ano, Chanell*, crazylady и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Браво бе женче колку убав позитивен пост, од сабајле па и на сончево време убаво е денот да се почне со позитивна мисла.

    Добро утро и од мене, најверојатно јас прва ќе пишам пост денес, ако некоја не ме претрка, частам кафе за сите нека има да се знае како ден се започнува!!!

    Ние подоздравевме, да не се подречиме тт немаме, хахаха, какво убаво време а ние од дома не излеговме со болештините, таман ќе се оправиме и ќе залади, ма и нека залади, не му е периодот за вакви температури во овој период од годината, сега е за снег, за студ кој и те како е потребен за земјата.

    Вчера се вратив од работа со ужасна главоболка, се напив витамини и аналгетици па за саат два бев како нова, маж со малата не однесе кај мајка, таму малку поигра поскока па добро и дојде промената.
    Утре сме на роденден, прв во февруари, а ги имам околу 5-6, нека се здрави и живи дечињата само, ние ќе носиме деца по родендени и ќе купуваме подароци.
    Ми се пие кафе со другарка на сонце истегнати, но моите и не се тука, сите некаде заминаа, во најмала рака во Скопје се.

    Денес за на работа од дома си земав ручече, да каснам асално нешто и јас на работа, смачено ми е од кифли, тостови итн итн.

    Ми се оди на планина, на прошетка, ма едвај чекам, ќе го запнам мм втора половина на февруари кај сестра ми да отидеме на една вечер бар, и така немаме отидено откако се вселија во нов стан или може да оставам и за март па две ноќевања да поминеме, мада и со едно ќе се задоволам.

    На работа стандард шема работа еден тон, само плата мала, на шефицата мислам и тие што ми ги дава многу и се, но ајде тоа др тема е.
     
    На Ano, Mari*, hello-kitty.90 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Што убаво вака,пак сме на едно место плус-минус некој.
    Мојата е веќе 14 месеци и се пушта на два- три чекори ама брза побргу да стигне до мене да не падне и во исто време се смее, а се гледа дека се плаши.Многу е смешна.Она мора да се осети сигурна инаку не тргнува.Вака беше и лазење и за стоење и за станување.И зедов од чико оние топлинките на пола цена што беа и убаво се виткаат кај прстињата,па за некој месец ќе земеме и патики.
    Уште има 2 дремки,првата 1 а другата 2 часа,ама кај и да е ќе смени на една.Се буди навечер еднаш или два пати и мислам дека додека се доиме вака ќе биде.Перница и да сакам не можам да и ставам оти кога ќе станам да ја ѕирнам главата и е секогаш на различна страна( најчесто во ќошот од креветчето)
    Кака еднаш,а некогаш и на два дена, зависи што јадела.Сега почнав ленено да и ставам по пола лажичка и мислам дека и ја омекнува столицата.
    Скокот и забите пак ни се поклопија,ама три дена беше трауматично,веќе почна да се враќа во нормала.
    Ако некој знае да ми каже како мешате јајце со ручек, би била благодарна.
     
    На Chanell*, hello-kitty.90, BabyT* и 3 други им се допаѓа ова.
  8. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Ние со синко од сабајле по гости.
    Бевме да му земат брис од очи и дојдовме кај баба ми да ја видиме,па ќе отепаме и ручек.

    Мајка ми имаше нешто работа излезе,а дете се заигра со едни лажици,па да искористам да пишам еден пост.

    Кога сум тука да си кажам за баба ми,каква жена беше,не можеше на едно место да седи,само работеше низ дома,кога дедо ми имаше повеќе работа му помагаше(дедо беше дограмаџија)секогаш месено имаше кога и да дојдев.Ќе легнеше,да одмори џо да поспија малку,за две минути стануваше и продолжуваше да шпарта низ куќа.А сега...врзана за кревет две и кисур години,кога знае се кога не.Никој не знае што не очекува во иднина,затоа да си уживаме во сегашноста.

    Конечно ми дојде менс.после недела дена каснење,верувајте бев како темпирана бомба.Но стресот си го прави своето.

    Најмногу ме загрижува здравјето на мм,почнавме со испитување,па термини нема па ваќање врски за побрзо.Па термини во други градови,многу сум напната додека се направат сите испитување.

    Инаку мм многу се израдува на тортата,не очекуваше дека ќе направам.Му кажав дека ми е мака и не правам,ако си купи торта ќе има.Но утрото кога со дете ги ставивме свеќичките и ја однесовме во соба,на мм му светнаа очите.Заедно тројцата пеевме и ги дувавме свеќичките.Подарок од прв поглед не му се допадна,му рекпв појди смени си,но потоа ми рече убава е ќе ја носам.Си доби и пишами од мајка ми,тие јас ги бирав и му се допаднаа од прв поглед..


    Толку од пишувањето.
    Дете се качува на мене како мајкун и косава веќе целата ми ја искуба од фаќање.

    Искористете го сонцево.
    Имајте убав ден.
     
    На Ano, ma4e1311, Mari* и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Здравo маjки :handshake:

    Нoќ пред вакцина стандард се превртувам и сoн не ме фаќа.
    Дojде време за втoра вакцина.
    Утрoвo jа будам бебка и нервoзна се бунтува и се врти заштo и е скршен сoнoт :envy:

    Направивме крвна слика oд таму на вакцина. Незнам заштo секoгаш ме кара дoктoрката штo и правам крвна слика пред вакцина, вели маjка немаш пoтреба! :!:
    Мене ми е пoлеснo на душава да знам дека се е вo ред, ама сега си мислам да не е лoшo крвна слика секoj месец?

    Jа сoблакам за преглед и секoгаш е мила, гуга, се смее сo дoктoрите....а мoментoт кoга ќе jа бoцнат, срце ме бoли. Тoа е какo сите деца така и мoетo.;(

    Да си фатам нештo пo дoма дoдека бебка дремнува.(waiting)

    Убав ден :nod:
     
    На Ano, Chanell*, elcezelce и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    13+ сме...
    ниеден ден до сега нема спиено цела ноќ замислете...
    искрено почнав да се загрижувам
    максимум врзано има 4,5 саата ама се на се во 13 месеци само неколку пати се случило тоа
    иначе е бескрајно станување на 2,3 саата
    некогаш станува седи си игра по 20 мин и збори нешто и едвај ќе презаспие сама,а најчесто станува ако и падне цуцлата или сака да пие вода,а ако не и дадеш ништо од тоа писка нешто невидено и мора да ја земам од креветче до мене и цела ноќ се превртува закенкува ме плеска со раце нозе,заплакува на пола саат како да ја боли нешто и продолжува (доволно да ме разбуди и срце да ми излета)
    јас сум хронично ненаспана
    преку ден е одлична 2 саата секогаш од 3 до 5 спие, и си игра не плаче, јаде среќна е чекори стабилно со едно раче држење за мене АМА навечер е хорор филм
    незнам веќе што да напрвам луѓе...најадена е пред спиење секогаш,избањата, заспива во 21,22часот,изнаиграна со сите,на ортопед однесена се е супер,на педијатар викаат такво си е детето со неспиење,млекото навечер го тргнавме одамна не ни сака млеко веќе..
    почнаа да ме маваат и хормоните во 5 месец влегов...ме фаќа страв за понатака
    и се мислам дека нема чаре....треба да трпиме и чекаме,само незнам до кога
    а се поуморна сум :sweat:
     
    На Ano, Chanell*, hello-kitty.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.446
    Пол:
    Женски
    @Larahappy мојава е 5+ ниеднаш не сме провериле крв освен во болница кога ја родив. Братучетка ми на малото нон стоп му проверуваше крв, па ја средуваа па вакцини, и пак сите вакцини ги помина со температура. Педијатар секако пред вакцина ја прегледува.
    Најбитно е да и јачаш имунитет. Ти земај витамини, таа сигурно зема Д, цицка кога сака, прошетки надвор, соодветна облека, да не се претоплува и поти, тоа е најбитно. Нигде надвор од МК не прават крвни слики пред вакцина.
     
    На crazylady, elcezelce, Mari* и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Добар ден мамаситас

    Јас денес со главоболка. Најверојатно со притисокот што си го ставам врз себе. Полека исчезнуваат некои обврски па се трупаат нови, но денес малку здивнав.
    Бидна и прв ден в градинка
    Оставив деца, плачат леле мајко, јас изигравам храбра пред нив, а од внатре ми доаѓа да експлодирам.
    Седеа до 10ч. Цело време плачеле, особено малиот, дури станал и агресивен.
    Малата не била свесна уште кај е, ама откако се свестила и таа ја пуштила сирената.
    Најтажен момент ми беше кога отидов да си ги земам... Кога ме виде малата се стрча кон мене и страшно липаше. Таа потешко ја поднесува засега адаптацијата според мене.
    Дома во спиење плачи, спиштува.
    Малиот негувателка го држеше в раце, на рамо легнат почнал да задремува, но кога ме виде е тогаш и тој почна да плачи.
    Појадокот им е чоколино.
    Моиве немаат пробано тоа и затоа мислам дека не го јадат. Им давам дома млеко. Станати беа од 6ч, а в градинка ги носам во 8.
    Денеска втор ден им намалив дома со милилитри млеко, но сепак пак не јаделе.
    Им дале лепче, им го метнале.
    Им дале смоки, плачеле ама и јаделе. :P
    Смоки не одбиваат.
    Им велам дајте му на малиот јаболко, банана, но тоа било во ужина, наутро морало чоколино да се јаде.
    Оваа недела планирам до 10ч да седат, и секоја недела по 15 мин или пола час да наголемувам, па на крај од месец да се адаптираат.
    Дома си се најнормални, се гушкаме, смееме, шетаме надвор, си играат со песок и нормално бркаме мачиња по улиците.
     
    На Chanell*, FreeMind, Мариаа. и 17 други им се допаѓа ова.
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    И мојов е уште со две дремки. Во сеќавање ми е информација дека околу година ипол менуваат на една дремка. Ама од каде ми е информацијава не се сеќавам:)
    Сега е 14ипол, и не покажува знаци дека две му се многу. Првата околу 11, втората околу 4 и легнување во 10 до сабајле до 8. Супер е со редоследов. Нека си тера вака. Имам време за се.
    Од кашите се откажавме целосно. Самп уште месото го блендирам, него уште неможе да го соџвака. И со мерак готвам и испробувам нови рецепти :D
    Почна да оди на 13 и сега е постабилен па мисли дека може и да се качува на се, немам мир. Една секунда нема оставање. Сите играчки ги гледа како врв за искачување, а оние помалите не му се интересни. Почна да ги капира сортерите, па купивме 5-6 и ептен се заигрува со нив. Уште незнае формите да ги погодува ама упорен е па бутка низ дупчињата додека не го погоди и не влезе формичката :D повеќе време му треба вака, кога ќе ги научи многу набрзина ќе заврши хаха
    Среќа, книги сеуште сака и читаме секоја вечер и често преку ден. Моментално омилени му се оние touch and feel, па коа ќе се задлабочи во некоја можам и кафе на раат да си испијам :)Тешко се наоѓаат занимации по дома. Едвј чекам да дојде пролет па да шеткаме по цел ден.

    Него во онаа апликацијата за скоковите вели од коа ќе помине 8ми скок ќе знаат да местат мала сложувалка од 3-4 дела. Мојов абер нема од местење сложувалка. Имаме од оние дрвените со 4 дела. Ама само така делчињата ги става/фрла врз основата без никаков концепт. Ниту пак покажува интерес да ги мести...како се вашите по ова прашање? Ќе треба да се загрижувам или си барам закачка кај што ја немам? :)
     
    На Ano, Chanell*, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ај слика какви се тие touch and feel книги да пододморам :D
     
    На happygirl и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    @AlicaInWonderland многу вишок време имаш за размислување:D
    Кај мене уште нејќе да и читам книги сеуште ме тепа штом почнам. Освен оние со звуци и слики тие може, пепелашки не моЗе. Играчките со коцки и кругови за погодување зега почна да ги игра. Иако тешко и иде и се нервира сепак знае и да погоди нешто. Сложувалки не сфаќа има од три дела си ги грицка. Најчесто се си грицка сеуште искача од денес последната четворка и после тројки ќе чекаме.

    И градам кули ги бутка сеуште не реди сама. Има и магнетни и тие само ги бутка.

    Најчесто стои по цел ден ретко седнува да си игра нешто. Си фрла играчка клекнува ја зема и пак одново. И тоа и е интересно клекни стани и да се потпира на било што затоа и тргнав се околу неа. Мислам дека е во фаза каде нема играчка што и држи пет минути внимание ако не е за стоење.

    @Bella* држ се!:*
     
    На Ano, Chanell*, happygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Еве ние прво оваа ја купивме од странство. Па ко видов дома колку се заседнува со неа порачав уште неколку од ибеј. Се наоѓаат со достава до мк
    На секоја страна некој предмет е со различен материјал и му е интересно да ги фаќа. На почекот му покажувам каде да допре и сега сам ги отвара и истражува. Еве ма пример на корицава капите на mickey и minnie се од буашав материјал. Имаме една со животни и истп секое живото е со разичен материјал. И така седнува, пипка, врти , истражува....
    2D38DFB7-4588-4ADF-B622-1A40A5C09BF3.jpeg

    @FreeMind приметив дека сте добиле ваква touch and feel за роденден, ја бендиса Емили?
     
    На Ano, pianogirl, Bella* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    @AlicaInWonderland плус со звуци се овие како крзно од маче али не е маче да се разбереме :)
    Засега само звуците од овие книги порано имаше со тач енд фил и беа интересни околу 6/7 месеци али сега приметив дека не ги допира. Баш ќе ја забележам за ова.
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Добровечер женички.
    Јас дојдов само да се пижалам. Е веќе 10 дена не сум раат од болести. Прво големиот синко. После јас. И уште ќе глумам јас дојам нема да примам терапија. И тоа така додека не кренав утрово 39.7 па да се свестам дека дата деца не можам да гледам. Парацетамол не ми помага за толкава тт. Налет се еве и бебчо ми се поболува пред малку си дојдовме од дежурна. Добивме антибиотик и парацетамол сируче/чепчиња. Не. Стварно не можам да бидам раат. Што ли е ова со болестиве?? ;( првото дете на АД млеко ми израсна па дури на годината се разболе прв пат. Сега као демек радосна дојам поздраво ќе биде... Мазала. Во 5 месеци еве ова втор пат е да пие антибиотик. Ќе си умрам дефинитивно. Пред 3 години си велев јас нема да раѓам друго дете оти ме фаќаат паники првото ко ќе се поболуваше и викам не раѓам оти и тоа ќе се разболува и ќе ми биде тешко и не ќе можам да издржам...
     
    На Мариаа., crazylady, elcezelce и 13 други им се допаѓа ова.
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool со дете што оди на школо не можеш да довардиш бебе од вируси. Само со лесно да е. Ќе помине. Исто бев и јас прваче имав и бебе. Големиот ќе прокашла ќе помине малото ќе крене тт. Ама фала богу ретко беше. Сега има некој гаден вирус. Синко вели на школо има апокалипса :D,пола деца не идат. Фала му на Бога засега е арен.Јачај имунитет, многу облечени на школо не, мојов гол оди со тенки тренерчиња. Шал моиве деца не трпат. Капа носат надвор ако сме подолго. Чај, овошје поздрава храна, маџуни такви работи давај. Вит ц. И јас пиев атб во доење. Кога се мора се мора. Инаку ние арни. Растиме и се повеќе бељи правиме. На школо работата станува сериозна па давам се од себе за синко да учи сам, без јас да викам, редовно и системски. Другата година ќе биде петто. Учителката рече мора веќе да станат посериозни. И тоа е. Главава ми пука една недела од ова лудиве временски прилики. Добра ноќ мајки, се читаме!
     
    На tincemajmunce, elcezelce, Mari* и 11 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Благодарам @supergirlmb на "утехата" и кај синко на школо минатата недела 5-6 души не оделе на школо
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.