Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    24.316
    Пол:
    Женски
    Синко јадач е, кака 1 во денот ама многу кака, како голем :$:D го издржувам јас, имам пишено, ми стега и ми се пули јас му велам ти се кака тој пак стенка, еве супер тераме, се разбираме :rofl: ако се покака в пелена ако не го сетиме до вечерта уште 2 пати ќе се мачи.
    Спиеше 2 ноќи по цела ноќ, сношти 1 се разбуди, цицаше и презаспа одма.
    Некогаш 1, некогаш 2 дремки има. Ако има 2 вечерта во 11 и пол 12ч заспива,а ако има 1 дремка заспива до 9 и пол најкасно.
    @babydust јајце му пржам со домашни патлижани во тегла, со урда, со ајвар :D
    @AlicaInWonderland јас од пики бебе ги имам на 4 дела древните, сега само главите ги ваѓам и тој ги мести, едно по едно. Имам и топка од џамбо со форми да ги става внатре, ги става ама не по форми :)
    Др што да кажам нз, се знае како со голем се расправаме дома :D
    Вчера пред заспивање цицаше и јас шмркнав со носот, ја фати пелената што беше покријан и ме бришеше, јас се зачудив, кај му истекна жити се :wasntme:
    Исто пред некој ден му прскав во носето спреј и после го бришев со крпче, тој покажува кон саатот и него да сум му прснела,па ајде му прснав и се враќам назад и ми дава крпчето и покажува пак кон саатот, па ајде сум го бришела :rofl:
    Се бакнавме со мм и се смееше, па како усрамен беше :$ а прв пат така ко се бакнавме го удри мм и го туркаше :) како реагираат вашите на ова?
    Др што прави, на секое менување пелена обавезно се моча, сака да гледа кај што моча :D после се смеј, секој ден подметачи менувам по 3. Сакав да прашам за ова дали вака прават сите?
    Со одењето уште не е убо стабилен, се придржува и се плаши дома, ама почнува да се качува по кревети, крева нозе се чепати (facepalm) од кревет сам слегува долу.
    @Bella* нз што да ти речам, тешко е многу, а и плус бременоста дополнително ти ја троши енергијата, со лесно нека е.
    Мирна ноќ мами, ако заборајв нешто утре ќе пишам :rofl:
     
    На marchi-cool, Coco31, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  2. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Денеска втор пост.

    Сон ме ме фаќа...
    Надвор дува корни,страшен звук се слуша од надвор,а изгледата и грми или така ми се слуша од ветрот.Само нека не прави беља.

    Непцата ме болат и само шпартам до купатило и назад во соба.Или заби мијам,или плакнам со хидроген или па тргам една брзинска цигара.Повеќе не се инатам се напив кетонал..

    Се прибравме во 7,накај дома наминавме до продавница за играчки за дете да си одбере играчка.Заслужи денеска,не плачеше додека му земаа брис и ветена беше играчката.И од толку многу ичкачки дете одбара мал синтисајзер,за бебе од една година.Такви два има искршено,но овој се надевам повеќе ќе му трае.


    Одам да дувнам уште една цигара и да ги гушнам маженцава мои,кои се во длабок сон одамна.
    Имајте слатки сништа
     
    На Coco31, Sexybaby86, girl-miri и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Кај нас најново е што сака да јади сама со лажица супа и да пие сама од стаклена чаша и да претура вода од една во друга, па во трета. И за чудо прлично руспешна, само што немам веќе ниту еден сервис со чаши на број.
    Инаку со тие шејп сортерите сака да си игра, но ги погодува само правоаголниците и цилиндрите. Другите со повеќе агли тешко и идат, па насила сака да ги напика во тие кај што успева. Кога на крај ќе и се здосади ја отвара и од горе се ќе напика и вика ЕТЕ демек се ставила и сама си дава аплауз. :DОмилена играчка и е БАМ БАМ - шејп сортер од чико каде покрај формите има и две топчиња што треба да ги чукнеш со чеканче за да влезат. Како што и викав јас ајде бам бам и остана во умот и сега само ми ја носи и ми вика мам бам бам. Или јас да речам каде е бам бам веднаш ја бара и ми ја носи. Сложувалки не ја занимаат уште. Додуша последен пат и ја дадов пред нова година, треба да пробам пак. Може и сложена и се виде, има дури 5 дела. :rofl: Многу сака да си игра со количиња и малечки човечиња кои може да ги ставиш внатре демек возат. Фасцинирана е со нив. Само ги преседнува од едно во друго возило.
    Чашите што се редат како кула од скоро почна да ги става од најголема до најмала една во друга и да реди по некоја, но се уште омилено и јас да ги редам таа да ги турка. Исто приметувам дека коцките не ги зафрла како порано, туку си поигрува па ги враќа уредно во кутија. Додуша пак ги истура, па пак ги збира и така до бескрај.
    Омилени и се сликовноците, сите освен оние со музика. Од некоја причина ја иритираат.
    Се уште е опседната со животни. Само ав ав, мјаууу, квак и пат пат и по цел ден. Чудно ми е како ономатопеја разви без проблем, а со зборење е се уште слаба.
    Мн ми е смешна кога јаде сака потопла храна и прво си дува во лажичката како голема па си апнува. Исто оди до парно и покажува со прст и вика џиш, мафта со прсте и бега. Исто за нешш шо ја карам да не прави, на пр да чепка во кујна оди ми се пули во очи вика Не Не мам и пак отвара и чепка.
    За одење, трчање, качување по кревети и столови и симнување одамна е експерт, дури и заборавив на времето кога не одеше, ама поголема е мојава од скоро сите тука. Најново сака сама да качува скали без да ја држам, само да се придржува за ограда. Мене свеста ми се зема. Ех каде е она време кога се качуваше со лазење, а јас пак и тогаш се тресев од страв. Ама поарно да ги научи скалите сега, еднаш мора.
    Се спремаме за МРП, ама искрено во овие вируси нз дали да ја носам. Уште пред 1м ни стигна покана, а еве и 15 м ќе полни за некој ден. Мада за во градинка нема шанси да ја примат. Скоро цела година како чекаме и сто пати одиме, ама тешко таа работа.
    За спиење уште има две дремки и уште често се буди преку ноќ, ама искрено не бројам и не памтам по колку пати. За среќа моја имам бејби амнезија. Сигурно од неспиење. :yawn:
    Ајде добра ноќ дур спие бебе да спијам и јас, доста си прикажувам тука реферати.
     
    На Coco31, tina-63, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    @lackygirl исто реагира се срами и се смее.

    Вие мене ме чекавте да се распишете?:D

    Јас го имам уште месецов со неа по цел ден па искористувам да ја гњавам, а толку многу не сака гњавење. Сите што сте пред МРП ставајте да помине да не ја мислите. За десет дена ќе мине се од кои први 7 се е исто нема никаква реакција.

    Уште не повторува звуци од животни треба да се загрижам?

    Месецов заболекар, интервју во градинка (ова е јако Емили има интервју) и менингококи вакцина. И за неа правиме план во телефон и она е зафатена со термини. Брз живот од пелени.
     
    На Coco31, Sexybaby86, hello-kitty.90 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Шмрчкам кафе и фемина со кафе иде :$
    Тишината ми ги полни батериите...
    Размислувам кого да барам утре за да тргнам на еден таен шопинг :P
    Вчера бевме и као купив се па сега ми се вртат во глава некои работи кои не ги купив :wasntme: на маШ не смеам да му спомнам :$
    Во Takko, мајки во Германија има 50 посто на веќе редуцираните работи :party:
    Јас "спремав" деца за следната зима :smirk:
    До следен попуст некој....:D
    За себе скоро ништо не си купив :(
    Мора да звонам по другачките :D
    Кога сме кај нив
    Пред една недела запознам една македонка :inlove:
    Прв пат во овие 6 години среќавам македонци и мнооогу се израдував
    Смениме броеви и одма дружби и родендени во најава,наша шема 8)
    И дечки ќе имаат другарчиња за играње

    Кога сум кај дечки тие добри
    Почнаа да шмрчкат со носињата ама засега ништо сериозно...се надевам
    Мали го шишавме па чудно ми е детето :$ таман му порасна косата,горе права долу локни :doh:
    Никако не можевме да му ја наместиме па правец кај фризер :( ќе порасне до на лето...
    Могли си продолжува со нејзините испади
    Детето не можеме да си го препознаеме на моменти
    Не плаши вриштењето кое звучи загрижувачко :(
    Нескротлива е!Кога ќе и речиме дека нешто не смее почнува прав циркуз
    Многу сум загрижена и се надевам дека е само период или некој скок

    Нејсе,на 22 одам конечно на курс за прва помош и после тоа почнувам со возење
    Конечно!
    Не можам да мрднам од селово без кола,ако положам ќе можам почесто со деца по игротеки и паркови да одам :$
    Многу сум возбудена

    И така,каша попара ми е постов :^)
    Да одам да пуштам машината да врти
    Секој ден по две перални перам :envy: ми се смачи од алишта

    Имајте убав ден

    Довиџења :hai:
     
    На Ano, Coco31, tina-63 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    24.316
    Пол:
    Женски
    @Milaаа991 одете на вакцина да ти помини и тоа гајле :) еве го синко 9ти ден никаква реакција, како да не ставивме ништо, фала Богу :) и моево имитира маче и куче, маче одамна од кај 9-10 месеци, а куче сега пред месец почна ама многу убаво го прави Вауф вауф :D значи на 13 месеци @FreeMind
    Трактор, камион, багер кажува како брчат, сега ново брбори во чаша и се смее, исто почнува се сам да сака да прави, да јади сам, вода од чаша се напива ама јас му ја држам оти ќе ја истури, сам во носот да си прска спрејче, ако му речиш сам одма прифаќа ако не вреска и нема шанса да те остави, истово последнава недела за спиење е, му велам Ајде сега ќе одиме да наниме, ме фаќа за рака и ме носи в спална :D
    На подлогата за играње ги знае кој се зајачето, зум зум, камионот, мачето, пајчето, ги покажува без грешка.
    Омилени Кокомелон ако ги гледа нив не трепнува како хипнотизиран е :nod: реткому ги пуштам ептен ко ќе збесни, буквално не трепнува.
    Чорапите не сака да ги облекува и му велам сам и ги мести на ноже и јас му ги облекувам.
    Др, 2 ноќи цели ги преспа, 3тата 1 стана, а сношти пак по старо 4 пати со плачење(facepalm)
    Каков снег не пречека сабајлево :o после ќе го носам надвор, да видам како ќе реагира, мене елка ми се реди :D
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 5 февруари 2020
    На Ano, marchi-cool, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.852
    Допаѓања:
    34.216
    Пол:
    Женски
    @Mari* јас едно палто вајда од прошла сезона во Takko од 39€ намалувано на 19€ па 10€ го собрав со 50% попуст за 5€ ама и едно бројче беше останато маж ме уби од зезање муфтаџика сум била . :tmi:
    На малиот триста работи му испокупив ама некако са ти кажам не сум задоволна од квалитетот две блузи му упкосаа, а ги носеше само 3 пати.
    Ама за таа цена арни се намалената инаку првата цена 8/9 па и 10€ за на трето носење да упкосаат не вреди. Од Лидл не ми упкосуваат нит ми се собираат а ги убива од носење.

    Ај добро утро вчера од памет се извадив ми пукна нешто од кафематот а нов го земавме пред недела дена па маж го однесе на сервис:@.
    Еј немам среќа ич со тоа електричните апарати.
    На малиот му дојде другарот од Србија и се растажи дека не го препозна па вчера цел ден си прекемка за него дека не го познава а кај ќе му текне на толку мало детенце од 2 г дека има другарче кое што не го видело 5м. Па денес договоривме шетња да се зближат пак.
    Ново нема спремам список за поклони за мак. И така. Поздрав со турко кафе нрма веќе (маж што викаше ,,мешотници мчеко ,кафе ,пена) .

    Туку има тука за деца рибино масло или омега 3 ,како што има за возрасни апчиња не течност. Малиот ме уби од барање од нашите да му давам. :!: но се се лажеме ќе купиме ,а тебе.
     
    На Ano, Coco31, emkaemka и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Мојава па обратно, прво куче на кај 9-10 месеци почна да емитира, а маче на кај годината, а сега пајчиња и тигри, лавови. Леле само како грчи и се напнува за лав да емитира. Циркус.
     
    На Sexybaby86, Sandrin4, babydust и 3 други им се допаѓа ова.
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    И мене ми е смешен синко кога ги имитира животните. Куче, маче, шатка, кокошка, свиња, крава, лав/тигар :D
    Некогаш се случува во сред ноќ на сред спиење ќе почне да гровта, или да лае и баш ми е смешен. И продолжува да спие :D
    Од делови на лицето само ушето знае да си го покаже, веќе 2-3 месеци, никако да научи за нос/око/уста. Брмчи предвреме ако види аспиратор, фен, соковник или блендер. Исто и за колите. Има едно огромно мече, му оди во скут и прави звуци како да се гали 'оооо'. Исто и со мене и мм кога се гушка :)

    Со дадилката кога е сам си заспива во креветчето, без проблем. Со мене - мора да го нишкам за денските дремки :(
     
    На Coco31, slavica999, 24.07 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ете те на моето :D

    @Milaаа991 браво за твојата лепотица, мојов на пола е од ова се што наброја ти, а 10тина дена се разлика :) само за маче и куче знае да каже.
    А со јадењето сам....уф. Не ја става лажицата во уста додека тој сам не ја фати. Па чао за потечната храна овој период :D ќе пие течности од чаша само и цврста храна. А од позитвното - коа му се јаде кажува ам ам. И за спиење ме носи во спална и ќе ме гушне. Конечно! Аман од мислата: да не е гладен и да не му се спие :)
    Мојов за топки вели бам бам и само ги шутира и гони по цел ден. Па ќе ги скрие и доаѓа со рачето ми покажува дека ги нема :D

    абе луѓе многу се интересни периодов. Значи е ова го чекав. Вака го замислував имањето дете :D
    Значи не прави ништо посебно, како и секое дете на таа возраст ама јас коа ќе направи нешто ново се дувам и радувам како да решил равенка со 2 непознати :D се ми е фасцинантно. Веќе скоро и да немаме плачки, освен коа не добива нешто што сака ама тоа веќе е инат и не се потресувам за таквите плачки
     
    На Ano, Coco31, slavica999 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    24.316
    Пол:
    Женски
    Од делови на лице знае оче, носе и усте, уше не :D ќе научат се. Со нас ко ќе се се разгалуват затоа така ни прават, со мајка ми секако заспива, одма со мене со нишање в раце, па плачи, па 300 метании му прам.
     
    На Yowannty, Milaаа991, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Здраво женички,деца во градинка а јас уживам уз кафица:coffee:
    Се мислам што да правам ручек денес. Ме нема одамна со гости бевме цело време ама ми годи сега тишината :~::mp:
    За некој саат деца ќе дојдат и опет журка:music:
    Се убедуваме со мм да одеме на терме,вели мали се децава нема од вода да излезат,а мене ми се оди за роденден да се почеста еден викенд :makeup: . Има ли некој искуство како поминале со мали деца?
    Офф болни деца ми е слаба точка,ќере секој месец беше болна еве и сега не е ништо подобра,пак месечно сме болни ама не со многу висока тт како што беше,како заоди во градинка дома плус со мало бебе што да ви кажам,хаотично беше,бебе од 3 месеци со тт ,инхалции,спрејови ...:envy: не сакам ни да се сетам на тој период,последни две години ми беше ептен тешко,синко проблематичен во се ,освен во јадење:rofl: колку беа напорни и двајцата мали, ама ете помина па инаку како ќе раскажувам како се чуваат деца. Сега се далеку подобри ќере е доста разумна а со синко се договараме има фази на лутење ама брзо го смирувам,имам финта(y)
    Тантруми тешки не сме имале,биле во поблага форма.
    Инаку и јас сум од тие што не ми фали мешко,страв од бременост и плус од царски, секогаш велам нека дава Бог кај што нема,фала му и за овие две.

    Се распишував се гледа дека имам вишок време,а постот каша побара.
    Убав ден
     
    На lackygirl, Coco31, emkaemka и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.448
    Пол:
    Женски
    Хелоу Хелоу :hai:

    Бебла се љубака со татко и, ја медитирам. 2 пати во неделата имам час, час и половина тинтрање во бањата само за мене. Е сега го немам овде џакузито на располагање што го имав при мајка, ама па да не цепидлачам и барам преку леб погача. :lol: Битно да се искористи тоа што се има колку што се може. :D

    Ја читам сторијата за мајката во Битола, која била сурогат за ќерка и и си поплакав. :inlove: Една е мајка! Па ми здофали мојата и и се јавив. Си поприкажавме, до утре. :)

    До тука постов од вчера почнат недовршен. :D

    Ајде добро утро, убав ден. :)

    Во другата тема збореа за замислени другарчиња на децата и колку било језивко некогаш, и иако малава ми се буди само еднаш деновиве, ја око не затворив ноќеска. :worried: И сега кога си гледа некаде и си се смешка си праам филмови во глава дека гледа нешто што ја не гледам. :worried: :worried: :worried:
    Хормони и креативна психа во комбинација е многу лоша работа! :!: (facepalm) :wasntme:

    Машина врти, ветер корне валда тоа се ќе се исуши за некој саат. Ама пак од друга страна ветриштава ќе не принудат да си останеме домче. :|

    Мислев да праам торта за роденденот утре, ама не само што ме мрзи, туку и немам баш идеја каква. Најверојатно ќе си купам готова да ги почастам старите. Свеки пред некој ден ми се јави да дошла на шетња со нас, уствари дојде за да ме собере во еден бутик да си купам нешто за роденден. Срцка е. :)
    Меркав капут во m&s од новата колекција и додека сите други имаа попуст, па на попустот попуст, па дваеС-триеС-пееС % на актуелниот попуст, само тој ја што го бендисав уште си е на истата цена. :@ А шубав небесно син е. :inlove:

    И ја си упознав нова пријателка овде. Србинка. Има малку поголемки деца од моја бебла ама ќе се дружиме на плејграунд. :)

    Сакав да прашам, до кога децава ставаат се што ќе најдат во уста? Мојава тек допрва ќе пролазува, па да јачам живци. :D
     
    На Ano, marchi-cool, mal.ecka и 18 други им се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Мојата како на Мила, уште на 10м почна да го имитира кучето Ауу, сега прави кваква, мау и го имитира како праве мајмунот у, у, у, у :D
    Инаку мојата брборка почна да вика 'акам' (сакам), некам(не сакам). Вчера му вели на мм акам тате :inlove:. Е тоа е слатко ама кога ќе почне акам и покажува на кафе, сок, благо и кога вика некам кога и давам капки и сируп :D
    Ја имитира правосмукалката и колата. Почна сама да се качува на колата и да ја вози.
    Коцките ги реди ама не рамномерно, и сака да ги мава кога и ги редам и вика Бам.
    Знае само каде и е окцето. И за јадење вика ам.
    Си го кажува името кога ќе ја прашаш, покажува колку годинки има и колку голема ќе порасне.
     
    На Ano, Coco31, slavica999 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    @BabyT* твојава напред отишла со говорна фаза изгледа уста не затварате дома:rofl: Кавадарци рулс.
    Ни ам ни вода сеуште. Уствари кваква го вика ва ва ако се важи тоа и вау вау испушта звук за лаење од седум месеци али збор како вау вау не кажува. Иначе лае од мала. Бебешки збори нон стоп али освен баба мама тата дада вава други зборови нема поврзано. И писка на цел глас. Не брмчи оти нема коли и нема кој да и брмчи :) никад не ми текнало да и брмчам ќе почнам кај да е.
    Напредок прочитав приказна додека пиеше млеко Палче. И не изедов ќотек си ја гледаше приказната и така гушната во прегратки ми дозволи да и ја прочитам. Денес и коцките ги погоди повеќе пати во дупките. Развива логика ме радува тоа.

    Ги шетав сами за прв пат двајцата сега она на точак се беси на рамките не знае да се потпре назад и да ужива. Успешно поминав не сакаше да се враќа назад. Млеко и во кревет. Јако ми е ова со млеково радост невидена.

    @AlicaInWonderland мора нешто да не јаде не бива иначе:D
     
    На Ano, Coco31, 24.07 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Маж ми е дрдорко :rofl: има нешто и на него. Инаку јас не сум воопште зборлива ама со неа не престанувам:D
    *Ова е оф топик се извинувам, другото се е искуство
     
    На Sexybaby86, Cvetce89, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    24.316
    Пол:
    Женски
  18. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    мојава ги имитира на звук животните веќе пред еден месец,ама ги имитира и со скокање,како скокале мајмуните како одел лавот(и лази :) rawrr ржи хаха ),птиците како летале прави со рацете и вика пиу пиу
    кажуваше дедо мраз како прави ХО ХО ХО тоа ми е најсмешно,и ако кажеме некој збор што ќе и се види интересен одма пробува по нејзино да го повтори ..а лице нос очи увце покажува се,и нас ни брка и во увце и во оче да покаже хаха,и сега мајка ми и свекрва ми кога ја чуваат додека сум на работа ја прашуваат ти се кака? и кажува да или не за во нокшир
    а и кога и збориме мислам се не разбира..опасна е, од толку што и знае газот може затоа и не не остава да спиеме навечер :D
    само уште не проодува скроз сама убаво, а искрено едвај чекам
    кога ќе се вратам од работа ако не ја земам во раце урла како будалче :D
    ааа да не заборавам најбитното уште кога почнав на работа,се научивме да ме испраќа и не плаче,ми праќа пољубче ме галнува по раката и вика папа (чао) :inlove: со тоа среќа немам проблем
    и пак ке кажам злато е преку ден ама навечер е :devil:
    :mm:
     
    На Coco31, 24.07, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    да се надоврзам на количките :D
    откако и го купивме џипот,од тогаш е опседната со коли..право Машко :wasntme:
    колички има неколку си ги вози низ соба,и во Џамбо не се тегне по куклите него се што има тркала
    :rofl:
     
    На Yowannty, Sexybaby86, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Тути за јакни секоја година купуваме од тако за сите и сум презадоволна
    За 10 евра доволно е една сезона да издржи
    Алишта купувам евтини дека после секоја сезона ги подарувам,така да 3-4 месеци да не служат добро е
    Колку пари толку музика...

    @Yowannty дури да им пораснат забчињата
    Моево 2 годинки е и ќе најде нешто да пикне во уста (facepalm)
    Сега е запознаен со вкусовите дома па кога излегуваме му се случува да пикне песок,камче,тревичка,од се по нешто :D
    Ама во главно оралната фаза поминува после годината од ко ќе испроба се
     
    На Ano, Coco31, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.