Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:

    Деновиве немам време ни да се истуширам како човек.
    Беблак е пренапорен.
    Навечер во 9 со него сум кома. Не знам кај терам више:yawn:
    Плус, приметувам во последно ич концентрација немам, и многу заборавам. Дури и по некоја глупост трескам од време на време:smirk:

    Сабајле бевме на ортопед. Супер поминавме. Излегуваме надвор и снег, а бебе гледа нагоре, чиниш разбира дека прв пат снег гледа:rain::)
    Барем убаво нека заврне по скопјенцево снег, па слободно пролет може да иде.

    Матичната ми се јави брисевите негативни, супер се израдував. А за пап ми вика месец ипол за резултатите. :o до сега не сум правела на државно и се шокирав. Многу време е тоа. (waiting) ама ехото беше супер, раната воопшто не се познава, па ќе си почекам за папот.

    5ти скок не покосува полека, но сигурно. И тоа наредната недела е громчето:drunk:

    Идам едно кафе да испијам, и да се спремам психички, зошто свекрва ќе дојде да го види мали. :tmi: ќе биде доолг денов:party:
     
    На Ano, marchi-cool, eli25 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.852
    Допаѓања:
    34.216
    Пол:
    Женски
    Тоа да ама јакните им се квалитетни конкрентно зборам за блузите некако не ми ги фаќа око што знам земав и за мене и за маж блузи мојта се рашири пижама целосно доби др форма ама тоа е за таа цена е ок. Тука во близина имам и Кик и ВудВорлд искрено нивна роба по ми искочи да е квалитетно мада се е кинеско таму.
    За малиот секако купувам мн алишта и не ми р битно квалитет како што внимавам за обувки да носи добри.
     
    На Mari* и Ava.84 им се допаѓа ова.
  3. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене.

    Времево хаос. Залади одеднаш. Тука во станот кај што седиме прозорите се дрвени и стари. Ветерот кога дува цел стан ни го лади. Па отидовме си купивме мал калифер. И планираме да се селиме до средина на Март.
    Излеговме малку на прошетка во Џамбо. Малото за некој ден ми прави месец дена па купив нешто облека за да ја сликам за прв месец :inlove:

    Некако се чувствувам како изгубен случај.. Заборавам многу, и откако сум излезена од болница секој ден ми се врти.. Незнам дали е од самиот пораѓај или од времево е..

    Мисли мисли што за ручек и излезе пречени макарони со сиреце. Сакам и една торта да направам, ми се јаде домашна.

    Пијам кафе на раат додека бебе спие. Маж ми го испратив да испрати некои документи за КП.
    И така.
    Глава боли па растура:rofl:

    Поздрав.
     
    На eli25, Coco31, tincemajmunce и 14 други им се допаѓа ова.
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    И јас да се расприкажам.

    Вода пие од чаша обична од како пропи вода,од шише или од чашка не сакаше,најчесто кога ќе му давав од шише,си правеше буууууу и ја плука. Не памтам точно,ама од 7 месец изгледа пие од чаша стаклена,јас му ја држам.

    Сам храна уште не зима да јаде,освен ако му ставам на раче и го придржувам додека да стави во уста,со прстињата сам не фаќа да стави храна во уста,ама затоа знае да ја извади. А било што друго што не е за јадење,фаќа со прсти и пробува да бутне во уста.
    Сега ново,сака сам да јаде со лажичка,ама ако му дадам сам,скоро се завршува на земја, а во уста скоро ништо,па и тука му помагам и придржувам. Гледам додека да му текне,јас да му давам,ако ја оставам лажичката во чинија,одма ја зима и нема оставање. И да,не сака од бебешките чинии да јаде,само од нашите :)

    За играње,знае сам да се заигрува,ама и сака да се игра со нас. Има еден куп играчки,ама се игра со канчиња од јогурт и капачиња од тегли :D
    Канчињата ги редам како кула,а тој ги бута,или сам си ги реди,а капачињата или ги реди на земја,или ги става во чашка или ги фрла низ цела соба. Книги неќе,а мајка ми ни купи еден куп,со звуци,со приказни,ама само ги вади од шкаф,пролистува некоја и толку. Кога пробувам да читам приказна,не ме регистрира.8)
    Таа играчка со вметнување форми ја поигрува малку,ама ги вметнува не според форми,туку од кругчето од горе. Се вози во колата и седи во креветчето и не гаѓа со топчиња. На останатите играчки им посветува внимание 2 до 3 мин,ама затоа канчињата од јогурт не ги испушта. Му купивме и тапани,ама синко пак си ги реди чашките и чука во нив :D Ептен е скромен.
    Многу сака да фрла играчки и ние да му ги даваме или да отвара фиоки и шкафови и да прередува.

    За зборење,сеуште вика само мама,тата,тете,дете,баба,ајде,те,да и најново дота ( доста) :D
    Се разбираме со викање,што и да го прашам,разбира,ако го прашам дали ќе се игра со топчиња,ме води натаму,ако го прашам за колата,ме води накај неа. Кога го држам во раце со телото ме наведува каде да го водам.
    Кога ќе се види на слика кога бил бебе,некако го менува гласот по на бебешки и милно вика,а исто и кога ќе види маче вика мауууу и се гали. Други животни не вика,иако многу сака кучиња. Исто и нос,уши,очи не покажува,ама гледам дека кога му зборам се ме разбира,па не сум се засекирала многу.

    Лутко голем е станат и се сака да е по негово,што многу ме нервира. Нема шанси да му одвлечам внимание со друго,мора да го направи или земе тоа што намислил. Ама се тешам дека е така и кај другите,читав дека после 9ти скок,разбираат и учат што смее,а што не :wasntme: па демек тогаш посериозно ќе се учиме.

    Пробав неколку пати да го ставам на нокшир,ама си го вади курето надвор од него,па оставам за понатаму. Кога кака ист е како баткото на Лаки,му се познава,па би можела и на нокшир да го ставам,бидекќи го расоблекувам и му ги поткренувам нозете и кака на пелената. Инаку,секогаш кога му менувам пелена,го соблекувам и си мочка,да не си го вади од нокширчето мислам дека брзо ќе се одвикне од пелени.

    Е ама затоа,кога треба да сменам пелена,не дава да го легнам,вришти како да го колам,се треска и неќе да му ставам нова,знае да ми се заврти на стомак и да се измоча.
    Мајки на машки бебиња @lackygirl @happygirl @AlicaInWonderland некао глупаво звучи прашањево,ама колку често имаат ерекција вашите. Моето многу често, си го пипка постојано,дури некогаш ептен му се стврдува,почне да се допира преку пелената и закинкува,кога ќе го соблечам, мислам дека нешто го боли,ама оно курето пораснало. Вака ли е и кај вашите? Исто,забележувам дека тестисите сеуште му шетаат горе, долу,не се секогаш во кесичката,а матичната ништо ни нема спомнато за ова. Читав дека до 1,5 год е нормално,синко има 13 месеци,па да чекам уште или да кревам узбуна?
    Ако ми текне уште нешто,ќе допишам.
     
    На eli25, Coco31, Ava.84 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    24.313
    Пол:
    Женски
    @hello-kitty.90 Секогаш кога го преслекувам прво го чекам да се помоча, неколку пати и креветот ми го моча, никако не сака нова пелена вришти и ми бега, слегува долу и трча покрај кревет :D вчера го фати татко му и околу маса ми бегаше гол. Иначе има ерекција исто на секое слекување, си го фаќа сам и му се стврднува :$ хаха ваљда е нормално, исто ги имам заприметено во тестисите како топчиња внатре се движат, сиг и тоа е нормално немам никој прашано.
     
    На Mia Fuentes, Lianna Anna, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    @hello-kitty.90 синко не си го фаќа к*рето уште, а ерекции редовно има наутро при менување на првата пелена :) некогаш и во текот на денот се случува да видам.

    Ве читам за какањето и нокширите. Јас ретко да го приметам моето дека кака, ептен набрзина завршува работа. И освен по мирисот по друго не го сеќавам дека се олеснил.
     
    На Mia Fuentes, Lianna Anna, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    Ама на моето некогаш кесичката доке кај што треба да се,му е празна,не се внатре,туку горе,веројатно,а некогаш си се на место. Читав за подвижни тестиси,и демек до 18 месеци требало да се спуштат долу и веќе да не се шетаат. Ама па матичната ништо ми нема спомнато,ама и го нема прегледано така. Само еднаш на мое барање го погледна курето дека сеуште не му е отворено целосно. Па и овие доктори еден асален прегкед не умеат да направат,за се мора сам да бараш и прашуваш |( Дури ни висина на синко не знам,само еднаш проба да го измери на мое барање,ама не ми кажа конкретна висина,не можела убаво да измери.
     
    На Mia Fuentes, Lianna Anna, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Нели дo вчера прoлет беше ?:sun: :!:
    Седам стуткана, пиjам капучинo и гледам низ прoзoр какo дува :bandit:

    Бебка синoќа убавo спиеше. Мнoгу се штрека вo спиење па ќе и пуштам играчка штo свири и прoдoлжува да спие |-).
    Незнам какo издржува да преспива самo пo 15 мин преку ден (waiting)
    Иначе дo сега правевме сериoзен муабет jас и збoрам и таа ме имитира сo устата ауууу гууу еиии :lol: знае и да се засмее на глас веќе пoгoтoвo кoга треба да цица :D

    Ми се смачи oд чаевите за дoење, веќе мислам кoжава ми мириса на нив :envy:

    Oд утре на пoседoк каj маjка па и jас малце пoише да oдмoрам oд oбврски низ дoма :$ .

    Дoста беше oдмoр ми се приjадoа палачинки па да сматкаме набрзина :ninja:.

    Иначе некojа oд вас маjки jа има ли сoфи-глoдалката и дали бебињава jа сакаат да знам дали да и jа земам?
     
    На eli25, Coco31, Ava.84 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ние ја искористивме. Моментално е без боја и цела изгрицкана:D
     
    На Bella* и Yowannty им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.526
    Допаѓања:
    37.788
    Пол:
    Женски
    Хелоу дами :hai:

    Синоќа страшно невреме имаше. Мислиш дека ветрот се ќе откорне. Некои работи што ги имав на тераса паднале долу. Среќа што не отишле на некоја комшиска тераса. :D Немавме струја 10 минути. Децава се исплашија. Па почна да истура дожд. Излегов до продавница, а надвор ладно. Сабајле провејуваше снег. И врнеше. Најавуваат за деновиве засилени ветришта и снег. Децава едвај чекаат снег. Јас па ич не го сакам. Мразам зима. Вчера правев генералка. Стигнав до пола и снема струја. Денес ќе продолжам. Еден тон прљавштина извадив. Мислиш станов не е чистен со месеци. Од децава не можам да одржавам чистота. Само растураат. Мора да им воведам некој ред. Мислев кафе да си направам. Се немам напиено со денови. Само нес признавам. Евентуално и макијато. Турско и еспресо јок. Ме боли желудникот. Капучино ретко пијам. Алкохол ич. Ниту цигари пушам. Ретко се шминкам. Ретко се дотерувам. Чудо од жена. :rofl:
     
    На Ano, marchi-cool, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    24.313
    Пол:
    Женски
    Јас само турко пијам, ништо друго не трпи мојов желудник и жолчка, 3 најмногу во денот, не пушам и јас ;) од алкохол скопско сакам, онака со мерак да си го испијам :beer:
    На работа втора смена, ќе одморам, нема народ попладне сите дома се :D
    @hello-kitty.90 кај синко тука се секогаш долу во кесите :D
     
    На Lianna Anna, BabyT*, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Здраво(highfive)

    Што му фалеше на времево вчера и завчера,па денес се изврте за 360°?
    Се разбудив со болка во нога, ме вртар на промена на време,да му кажев на мм ќе ме речеше баба:D
    Шо убаво,ќе си станевме со синко,јас кафе,он цице,количката пред нас и ајт на прошетка..
    Денес нема надвор па моравме дома да се занимаваме.
    Мама вредна исмука,изџогира,алишта среди,садови...дојде време и за ручек и ручекот го средивме,дојде и тате и си каснавме.
    Бебе во меѓувреме дремна саат ипол.
    Мислев ќе се плаши од правосмукалката,4 месеци немав пуштено додека сме сами,решив денес пуштив супер, нема реакција. Не се плаши ни од фен,аспиратор,ама затоа се штрека од сецко и нутрибулет. Аман синко како ќе ти правам јадење ако скокаш на секое сецкање...:^)
    Однесов слики за вадење во фото Дичо,еве 10 дена ги чекам..рекоа за вчера,нема ништо ни вчера ни денес,ова им е втор пат вака да прават,а ќе им биде последен:!:

    Досадно по цел ден дома,да стане мм од спиење ќе го фатам под рака и со бејби да прошетаме во Рамстор трговскиот.
    Прошлиот пат на гараж сел имаше убав попуст во Тритекс,а снемуваме бодиња по кратки,да го подновиме мали.


    Убава вечер8)
     
    На eli25, Coco31, elcezelce и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    9.637
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се пријавам. Денес го однесов мали на вакцина...и ме вратија. Грешно пресметале термин во ј.сандандански и така ноншалантно се испонашаа како да ништо не е што на вакво време го прошетав бебево до кај нив. Нели ние немаме што друго да работиме...инаку требало за 2 недели да одиме, денес така излезе математиката. За да биде денот поинтересен дома имавме спој со струјата а се грееме на струја. Пуштив клима, среќа таа работеше. Мајсторот дури сега дојде.
    На крај за да си го разведрам секојдневието решив синко на театар да го носам после, барем една убва работа да направиме и да го заокружиме денот. Минатата недела синко имаа родителска и го пофалија дека е еден од најдобрите ученици во нивна генерација...па денес сакам да го прошетам и да го наградам нешто.
    Поздрав мајки, одам да се спремам.
     
    На Ano, marchi-cool, eli25 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.820
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :)

    Цел саат ве читам.
    Сум почнала некој пост каде што кажувам колку години имамни дека сум млада мајка :D не ни памтам од кога е!
    Ја родив на 23, следен месец полнам 25.
    Во нервоза секогаш му велам на мм кај ми бил паметот,што мајка барав на 23 да се мажам :emo:
    И он најјака контра реплика ми враќа, ако не сум се омажила со него како ќе сум го имала најубавото дете на свет? И у право е :wasntme:
    Туку..
    Многу плаче кога одам на работа.. значи и во моментот кога излегувам од дома да спие, обично кон 7 навечер и текнува и почнува да ме бара, плаче хистерично и вика “мамо кај сиии” ;(
    Вчера беше на гости кај мајка ми.. за беља видела слика од мене таму и почнала хистерично да плаче и да легнува на земја, во еден момент си го земала палтото и и рекле на мајка ми “бабо бечи, мама цицо”
    Ќе одела кај мајка и, т.е кај цицо.
    А цицо на работа до 9:|
    Едвај ја убедиле,заиграле..
    Леле кога стигнав таму.. радости,радости, цицоооооо, вика ли вика :D бабо цицо,дедо цицо,тато цицо, на сите кажа дека цицо дошол :D:D

    Денес некако сфатив дека сум многу .. напорна.
    Значи јас си имам увртено во глава дека 24/7 треба да дремам со дете,да не игра сама туку јас со неа.. и после се чудам зошто она неќе т.е не знае да игра со други деца.
    Ќе земе играчките јас до неа седнувам, ќе земе боички пак до неа.. не ја оставам ич сама. И после се жалам дека не можам да мочам на раст, или па да напраам нешто за јадење.
    Ужас.
    Никогаш не сум легнала или седнала на страна и да ја оставам да игра, не знам зашто.
    Уствари денес прв пат легнав додека она боеше, и секако, падна и се удри од една метална корпа кај што стојат дрвата, и си заработи огромна џумка. ;(
    Памтам јас коа бев мала, ма со сестра ми сами игравме и никогаш ама никогаш мајка ми не седна нешто да ни покаже или да не заигра. Све сами.
    Секогаш приоритет беше да е средено,чисто,да има јадење..
    Ја памтам како нервозна мајка, која не караше и тепаше кога ќе направевме нешто..
    Нема да бидам таква, тоа ми е ко траума од детството останата.
    Ама не чини и олку да бидам посесивна со малата.
    Како ќе се осамостои тоа дете ?
    Како ќе тргне во градинка, како ќе научи да си игра со други дечиња?
    ^Сакам деновиве да одам да се распрашам за градинка, сеа ќе дојде Септември.
    Само мм ме кочи за Мрп, не ми дава да ја вакцинирам сеуште.
    А јас сакам да го тргнам и тоа гајле.

    Друго,што сте збореле?
    За дружење.
    Не постои понедружељубиво суштество од мене.
    Една другарка имав и ми замина во Германија, и од тогаш сум 100% сменета.
    Тешко се спријателувам.
    Имам пријателки покрај другарите на мм,ама онака за родендени,слави,имендени се гледаме.
    За другаркава..
    Со неа комуницирам ептен ретко, кога и да и се јавам за да си попраиме муабет она обавезно е со маж и, никад не се тргнала настрана да си помуабетиме.
    По тоа приметив оти не се замара со мене веќе, приоритет и е маж и и само маж и.
    “Многу” беше возбудена за мојата свадба па едвај ја убедив да си дојде за да присуствува.
    “Многу” беше возбудена и за ќерка ми, ама дали пет пати се јавила и побарала да ја види на камера за овие речиси две години.
    За Нова година свекрва и беше на гости и ме прашува кој број патики и облека носела, поклон за бдеј да и било,ај си мислам може ќе и прати пакетче, затоа ме прашува.
    Пред тоа, уште во Септември ме прашуваше каков капут да и купела.
    Погодивте нели?
    Ни едно минијатурно чоколатце не и прати.
    Немојте да ме сфатите грешка, не очекувам од никој ништо да и купува, она е задоволена со се и сешто, ама со некој со кого си делел и добро и лошо,и леб и кревет , со кој го делев мојот неделен џепарлак.. :u:
    Мислев ќе ја израдува со нешто мало.
    Некогаш очекувам многу повеќе од луѓето,и мислам сите се како мене.
    Знам дека јас нејзините ќе ги гледам и сакам ко мои внучиња, она моите.. и не мора.
    Немојте сега вие мајки во странство да ми се нафрлите, да испадне као ви “богаташи во дијаспора” морате да купувате и праќате поклончиња на децата од другарките, не ми беше тоа поентата, туку од нејзина страна ми е некако себично ова.

    Ќе пројде.
    Каша попара е и мојот пост.
    Имам многу за пишување, и кога би пишувала почесто не би било вака се натрупано, ама она клишето “немам време” ќе го употребам и сега.
    Одам на цигарче.
    ЧаоС.
     
    На kockichka, minneymouse82, Ano и 31 други им се допаѓа ова.
  15. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Со 'цицо' ме расположуваш секогаш кога ќе те прочитам:)
    Срцка е :)
     
    На Mia Fuentes, TeddyGrey, Septemvri и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.820
    Пол:
    Женски
    И се јавувам навечер пред да си одам дома и ја прашувам
    “Што сакаш мама да ти донесе”?
    Она:”Мака(мастики) бобо (бомбони) коко (киндер) и ЦИЦО!” :D

    Дури им покажува дома со устето како цица, ма комедии е.
    Ќе рече, “тато,а мама?цицо мњам мњам мњам” и шлапа со устето:lol:
    Во голема љубов се.
    Прееска вика “цицо додеее, *** гушии” - цицо дојди, *** (името си го кажува)да те гушне и ме влече за да се гушкала со цицо.
     
    На Ano, eli25, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Јас очигледно не разбирам што е мајчински муабети, а што е муабет за бебе особено споредба на раст и развој. Еве некој ако ја разбира поделбата или Реин нека ме тагне и објасни разликата за да не и правиме дополнителна работа со префрлање овде.

    Цицо уживање си за читање и не, не си имала другарка ни тогаш ни сега. Иако дефиниција за другарство се менува низ годините и значењето јас се тоа дефинирам пријатели поблиски и подалечни. Некои и година дена да не ги видам пак ми се премили, а во принцип се слушам само ако гори нешто. Мразам муабетења, само исклучиво нешто интересно. Иначе бла бла муабети имам и на форум.
    И многу мала бе 25? На постара ми личеше.
     
    На Sexybaby86, Coco31, Mia Fuentes и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.349
    Допаѓања:
    182.438
    Пол:
    Женски
    Добра вечер и од мене :)

    Реин преуредувала изгледа пак, се изначитав и уживав. :) Едвај чекам моево да пркне да ги праам и ја овие муабети. :wasntme:

    И на наша Софка веќе бојата почна да и излегува, јас ја имав купено уште пред да се породам, не знам дали вреди да и ја земам големата сега. :?: Имам од истиот бренд тропалка и уште една глодалка што исто ги сака. И една глодалка на МАМ која многу ја бендисуваше оладена, па маж и купи уште 2 исти во дречливи бои и си ги викаме сладоледот за бебе. :lol:

    Месециве, косата ми испопаѓа од глава, а ја испопаѓав во депресија. :doh: Арно ама приметувам денеска залистоциве полни нови влакна, па се прерадував. Уште отворањето патец низ главава да почне да заличува на сокаче место на автопат би било супер. :wasntme:

    Бебла заспа, јас се сместив во кревет и одмарам кичма. Ми стигнаа лакчињата на Кетрис, па утре ќе се улепшавам. :makeup:


    @Annath ми требаш за мислење, напрстокот е како пешкирест материјал и пушта топчиња бели, баш како некои пешкири што ние ги користиме што испуштаат тутки... па ми е страв да го користам. Дали тоа значи дека е неквалитетен или сите се такви? Само таков најдов тука по аптеки... Утре мислев да одам до MotherCare да видам дали таму има нешто..
     
    На Sexybaby86, eli25, Coco31 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.804
    Допаѓања:
    202.801
    Пол:
    Женски
    Земи обична четка, меки се. Напрстоците што јас ги знам се баш ко четка, не испуштаат ништо. Има бебешки четки, баш бебешки, вакви со глодалка од другата страна
    [​IMG]
     
    На Lianna Anna и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.526
    Допаѓања:
    37.788
    Пол:
    Женски
    @Chanell* и маж ми ми вика на мене - Никој нема да ти направи толку слатки деца. :D Он бил мајстор за машки деца.

    Почна посилно да вее снег. А работа ме чека. Ако заседнам нема никогаш да завршам. Се потсетив на свадбата моја. Оваа година 9 години од брак. Лета времето. Тогаш бев трудна 6ти месец. Немав проблем да играм.

    Зрела сум за фарбање. Природна русокоса сум. Имам светол тен и руса фарба ми стои. Бели влакна немам. Ма како девојче сум. :rofl:
     
    На Ano, Coco31, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.