@Chanell* обожавам да те читам! На глас се смеам за Цицо твој И јас не знам оти упорно не преместуваат тука, кога убаво зборевме за искуства во соодветната тема. Немаше офф топик муабети, а тука како натрупани се сега постовите. Ако не па, да не пишуваме воопшто во другите теми, се во мајчински да биде?
Добро вечер мајки, Јас само се извинив за едниот оф топик друго се беше на место. Сепак тоа се искуства кои ги споделуваме кое дете што прави во секој месец, а тука си го раскажуваме денот на една мајка. Според мене не е исто ама ајде. Денес денот тапа, ни снег ни сонце кај нас па си останавме дома. Не дека ми смета што не е топло ама беше ептен кашаво што врнеше. Денеска и мм не дружеше си дојди порано од работа па бев малку по слободна околу беба. Во главно мирен ден без никакви случки нови. Сега си порачавме со мм вечера од ресторан, дома се напив и 1 чаша пиво и мислам дека се заматив, срамота Тоа е, добра ноќ
Ај добро вечер и од мене Тргнав на работа пред време со молба да им завршам нешто работа а потоа да си ги одседам деновите. На работа хаос, таа што ме менува многу забушавала со работа а останатите терале по нејзините постапки . Се чудам како станав поорганизирана по дома. Додека бев дома, полно работи си ги одложував за ,,утре,, а сега гледам што повеќе да завршам и да не оставам ништо за ,,утре,,. Дефинитивно организираноста ми е подобра сега . Бебчо арен, си ја прифати дадилката перфектно и не го мислам. Кога се враќам од работа, доаѓа до мене, го земам, силно ме гушка и се смее. Се топам целата. Саат време се играме, јадам и потоа ми е фластер уште 2 саата. Оваа фаза на ,,фластер,, изгледа ќе потрае . Кога бев дома ретко ќе кажеше ,,мама,, ама затоа сега само ,,мама,, слушам . и големиот батко ми е поорганизиран , ми кажува дадилката . И кажувал колку го оставам да спие бебчо и во колку саат го заспивам за може навечер да спие . Не сум ни приметила дека го запазил тој детал но дефинитивно се поставува како ,,голем брат,, кој се грижи додека ние не сме дома. Тој што порасна си порасна, нагло созреа откако се роди бебчо туку бебчо мој бргу порасна. Секој ден ми покажува по нешто ново што научил, буквално секој ден. Најново и најинтересно му е да фрли нешто долу доколку е на кревет и со едната рака го зема и го крева пак на кревет а со другата рака се придржува. Денес ми беше многу интересен. Си игра тој а јас бев до него и со едната рака ме повлече и ми збори нешто на бебешки јазик као ,,види, види што сум направил,, . Гушкајте ги силно додека можете затоа што бргу ќе одлетаат. Добра ноќ, отидов во хоризонтала
Надвор снег вее,што убаво изгледа од внатре,ама морам да признаам дека поубаво ми беше февруари со . Знам дека не е здраво да пука сонце во сред зима и си треба студ и снег,ама немора овој северко да сече се пред себе Да е топло и да паѓа крупен снег,е така може. И да,повторно ни се преместени мислењата,за кои и во постот напишав дека не се мајчински муабети,туку споделени искуства и конкретно во мојот пост,побарав совет ,ама ајде,ако мислат дека сме за тука,ок. Некако и јас ја доживувам оваа тема поинаку,а не за совет дали на бебе курето треба да му е лево или десно . Ама од друга страна,па и разбирам,постовите ни се огромни,а веројатно таму се мисли да се побара совет,да се даде конкретен одговор и готово,да би било попрегледно. Реално,некогаш мора да листаш и да листаш за да најдеш одговор на нешто,на било која тема,не мислам само на нашава Сори Реин, нема да се повтори @Chanell* ЦИЦО и јас те замислував постара, ама млада си била Не откажа малата уште љубов на Цицо? И моето да почне да збори,сигурна сум дека и јас ќе сум Цицо,страстен цицач е како и твојата. Имам сет за нокти, ама се нема време кога да пробам да ги направам. Ептен време треба,а и јас некако си имам увртено во главата дека јас и бебе мора да сме 24/7 постојано заедно. Си се чудам колку на моменти ми е тешко и едвај успевам со него,и пак постојано заедно . Многу посесивна сум и јас,божем некој ќе ми го земе. Ама има и друга позадина тука,да не навлегувам во детали,да не заврши и овој пост во друга тема Бебе заспа,па ќе пробам и јас да заспијам Туку, @AngelOfArh не сум ја сретнала на темава одамна, кај те снема? Лека ноќ
Добра ноќ и од мене. Бебево преку ноќ ми порасна во мало палаво тодлерче и станува навистина напорно. Таман се израдував дека подпоросна и повеќе разбира, сама се заигрува и си ручка, се претвори во права лутка. Дали и вашите се дрецкаат од земја ако нешто не е по нивно? Море урла, плачи со солзи, со мрсули со едно гласиште, не знам од каде ги вади. А педа човче со едвај 10 кг и сите не строи. А не беше до скоро ваква. Страв ме фаќа кога ќе почне и тантруми да има. Таман посакав второ. Сериозно ова. Докторот ни даде зелено светло, стигнаа резултати од пап тест се уредно, па ме мавна умот еднаш да се фрлам на работа и да родам сестричка или братче. Ама сега си викам не не благодарам. Уште тоа ми фали во животов. Времево се испорасипа и нема прошетки во парк. А баш ги обожававме. Дали и вашите деца се многу дружељубиви? Оваа оди и се гледа во сите дечиња, ако некое малку и обрни внимание оди и го гушка. До некаде ми е мило што не е дивјак, ама па и грев ми е колку сака друштво. Ма убаво сакав да и родам уште едно. А од друга страна ме радува што е дружељубива и лесно се вклопува со деца. Па ако има некоја мајка од Битола и ако некое мало девојче трча да ви ги гушка децата, мојата е да знаете. Додуша сака да ги команда и ги влечка по неа, ама можеби од сега си покажува лидерски афинитети. Леле ама ја забегав. Ај да си легнувам дур не сум приистрескала уште некоја зелена. Добра ноќ уште еднаш од нас. Пс. Друг пат не не селете во мајчински да не ја трупаме и оваа тема. Ние сме си уигран тим и конечно се собравме екипата во 12 до 24.
Има некоја будна? Чистев до сега. Маж се чуди што ми е. Не ме видел во вакво издание. Ме зафркава - Е*ена жена, вредна жена. Пак дува силен ветар. Нешто тропа на тераса. А и снегче има. Ми студи, а климата е пуштена најјако. Пак ќе ме фаќа некој вирус. Големиот е под стрес од синоќа и почна раката да ја става во уста. Малото нема гајле. Лека ноќ женски
Ноќ мајки Вчера сум почнала да пишувам пост и сум пишала дека денес времето ќе е тапа, ладно ќе е, ќе студи и ќе си преседиме внатре и уз пат едно 5 тажни човечиња сум наредила Епа завчера беше пролет, вчера рана есен, а денес богами зима, ветер, снег, дожд, ладно, од 0-2степени рипкаше метео. Али воопшто не не спречи да исшпартаме еден долг круг, да бркаме куче у двор и да правиме топки од едвај задржаниот снег Детево радости за снегот, колку ли беше среќен, па го газеше и се кикотеше од радост, љубов Ја кренал високо главата накај небото за да снегулките му паѓаат на лице, вика дека тоа било "убо" Само заради снегот се согласи да носи зимска капа, конечно ја тргнавме онаа со тремче Уште ракавички да се согласи да стави топ би било, јас па и за на снег му зедов, цела надежи сум Сабота и недела на планина ќе иде, со многу снег, па кои радости ќе бидат, едвај чекам Деновиве со бебе ептен сме тим, зачудувачки колку убаво се разбираме, почнавме и убаво да се договараме. Веќе некое време не виси у вц кога се бањам, се сложува сама да идам, а он да си игра со тато Кога ќе му речам да почека за нешто вистина почекува (најчесто) , ама ако за нешто многу му се брза знае да си праша "уш" или да рече "ајде" Мака му е да облекува јакна и патики, али ако се договориме да иде каде он сака не прави проблем, али битно и капа да има, без капата со тремче не искача нигде . Е сега договоров најчесто му е се кај баба му да иде и кучето да го пушти али тоа е Другата опција е да иде кај зајчиња и да му дадам зајче за у соба, а третата да иде долу и да си игра со мачката. Кога ќе ми текне дека пола лето ме тераше се до продавница да иде за да купиме играчка и на секое купувавме, сегашниве опции му се прекрасни Во продавница и да нејќе да иде, ама ни со Кола не се лаже, ни со бони, кај играчките не ни иде, а и ако отиде ќе му речам не и толку е. Е затоа од летоска има полна Топ шоп торба со играчки, лагарија сите, али топ за у двор и расфрлање и кршење без грижа на совест Леле неколку дена уназад хит му е да ги вади на сите коли, камиони, багери.. тркалата. Па речиси и на ништо не успева да ги извади, па ние му ги вадиме, само да биде среќен Ама се од лагариите му ги вадиме, од поубавите му викаме да не се вадат И така ќе ги нареди од поголемо кон помало и ги брои Али на инглиш, со мк броење не стои добро, јас упорно го учам на мк, он ќе повтори не дека не, али кога си брои сам бира инглиш За начнатите теми намерно ги скокав, али ај ќе пишам. Јас млада се омажив, на 25г, на 31г родив и не, не беа ич забавни тие 5-6г без дете.. Првите 2г и беа ок, ама наредните 4ри трауматични и болни Имам само една најдобра другарка, втора сестра, се останатото е површни пријателства.. Само првата ме знае во вистинско светло, сите останати во светлото во кое сакам да ме видат.. Еднаш ми имаат кажано дека многу зборам, ама ништо конкретно и лично за себе, сум зборела само тоа што сакам Ми имаат и кажано дека не сум морала да бидам толку искрена и директна Со мене нема заобиколување, скриени мисли, зборови, чувства, ако имам и сакам нешто да ти кажам ќе ти кажам, ако ме прашаш ќе добиеш одговор. Ано што спомна срце, душо сместа ме одбиваат, а па од "маци" ми се повраќа, такви личности не ги можам и крај Алергична сум на лизни - мазни Имам една "френди" и се обраќа или со срце или маци и у еден момент од втор пат гледање на мајка ми и се обраќа со "маци" Леле да видите мајка каков убитачен поглед и дала, па дека и со наочари, си ги принамести жена, абе до солзи ми дојде што сум се испонасмеала Мислам "Самотијата" ми годи, ниту ми смета сама кафе да пијам, ниту сама да шетам, уживам во сето тоа. Малку луѓе ми фалат за сите тие збиднувања, ме гушат мене толпа луѓе, кога ми е потребно друштво само малку луѓе бирам за истото. Сум кажала, немам ниту една комшика со која пијам кафе, ниту чувствувам потреба за истото. Муабетов ми е, не дека не можам да си најдам Него ветер дува, корне и струја немаме, ако немаме и утре ќе мораме да се шетаме со бебе за да не црвлосаме кај баба му, дека само она е со дрва. А колку ли тешко ќе ни падне Него јакна немаме, има три и сите му се перени, а ни една не е сува Ќе го терам мм сабајле ако не агрегат да пушти Него ми текна за на Тути кафематот. Нашиов не е цркнат ами тече од сите страни, ама она тече, вирчиња прави А не е ни нешто стар, некои 4ри години да има, некои 17илјадарки мислам беше, што не е ни нешто евтино мислам Па интензивно бара нов и си нашол човекот де, еден одмор ни отиде ако го купи Ама многу бил добар Скап е!! !! Ама се било автоматски Скап е!! !! Ама ама ама Нај јако прееска вика, ама мора таков да биде за да правиш и ти кафе, пошто нели јас од сегашниов не знам да направам и не можам да научам! Не сакам де, така ми одговара Жимити за тоа влага у кујна и жимити кафе не морам сама да правам, па и тоа сака да ми го ускрати, е нема Па вратив, ама па нема да можам да запамтам на кое копче како треба да стиснам и пак ќе мораш ти да правиш кафе Дури не го купи кафематот раат нема да биде Да спијам, парново се лади и застудува, точно 1. 5ч пишувам, со паузи али толку се фати и четврток стигна Убава ноќ, мирни сништа
@emkaemka спомна гардероба. Со големиот немам проблем. Секаква гардероба носи. А малото е контра. Не сака горна тренерка со патент, ниту горна тренерка/блуза со капуљача (ако добро се изразив). Капи носи затоа што мора. Не му се по ќеиф. Ама со шалот си имаме тешки маки. И тоа носи ако мора, ама со плачки и негодување. Сандали не сака да слушне да облече. Ниту папучки. Кога одам со нив да им купувам гардероба, сами си бираат. И сама да им купам не прават проблем. Играчки имаат еден куп. Повеќето завршија во подрум. И плус еден куп искршени и фрлени во ѓубре. Коса ми се крева кога ќе ми текне колку играчки сме им купиле. Сестра ми на секое доаѓање им носи по нешто. А и на мене ми бараат, ама мало сутра. Доста им е. Актуелни им се лего коцките и количките. Ги учам дека треба да ги собираат играчките откако ќе завршат со играње. И да не ги растураат. Втор ден како ми успева. Во продавница обавезно мора да побараат нешто. Често знаат и проблем да ми прават, па ги карам. И за јадење ми пребираат. Кафемат немам. Имам машинка за нес. Ја купив од Зелен пазар. Ми врши работа. Дома нес пиеме. И маж ми го откажа турското кафе. Он не пие ни капучино, ни топло чоколадо, ни какао, ни еспресо. Само нес или макијато. И обавезно со цигарче. Не знам што гледа убаво во цигарите. Ај чао до утре
@Yowannty сваќе, среќен роденден, ако убавини да имаш! Верувам дека најубав ден ќе имаш заедно со мт и снашка моја
Гуд морнинг Синоќа пак иста песна. Дуваше, корнеше. Пак нешто тропаше на тераса. Немавме струја. И сега многу дува. А децава сакаат надвор на снег. Големиот пак ќе настинува. Денес не го однесов во школо. Треба да одам во продавница, а ме мрзи. @Yowannty Среќен роденден. И моите еден период вадеа тркала од количките. Ги фрлаа насекаде и после ѕвезди броев. Лепеа пластелин кај стигнат. И бонбони ставаа на земја. Ај да се фатам за работа. Поздрав
Хелоу. Ноќеска не сум спиела ни 10минути. Хорор филм бевме. До нас станот е празен, со години не живее никој. Живееле мајка и ќерка, мајката починала, а ќерката со години е во Бардовци. И ноќеска нели многу силно дуваше ветер, а таму најверојатно прозорите се оставени отворени, и тоа од тие старите дрвени прозори, и лупаа на сите страни. Кај нас ечеше, буквално звук од хорор филм пред убиецот да ја заколе жртвата Претходно комшијата од доле на мм му кажуваше дека течело кај нив доле, па со други комшии влегле, средиле и така, па отворено си е сега,т.е со години така си е. Па му викам у полиција ќе вртам а он мртов ладен, ми вика ќе отидам ќе затворам прозорите, и ќе се вратам Ама ништо од нашите планови, сме заспале кујзнае како и кога И бебе од прегласната галама не можеше да спие. Бевме со бебе надвор малце, да го фати воздух и сега спие, па ја се распишав @Yowannty Среќен роденден, жива здрава и само убавини ти посакувам Најубав ден да си имате со мт и беба Баш се сеќавам лани ова време во труднички частеше торта Ајде кој е за турско
Добар ден, убаво сте се расприкажале... Јас имам една другарка што ми замина далеку. Преку барата. Ама во контакт сум секој ден, од работа дури паузата ја користам да си помуабетам и секое слободно време кога ќе се погодат временските разлики. Децата ни се родија во размак од една недела, во иста година, само на друг континент. За секој роденден, мој, нејзин, од децава, си праќаме по некое изненадување. Она организира тука да ми донесат, најчесто како изненадување, а јас праќам по Амазон, ибеј и остали страни што прават достава. Не сме си утнале повод ниту еднаш. Највеќе ме болеше што не ми беше на свадба, што ја нема запознаено бебка - тоа од арните работи. А уште потешко ми беше што не ми беше тука кога почина мајка ми. И за арно и за лошо - ние сме си. Може повеќе од 3 години сме физички разделени, ама тоа е само физички, мислам дека ништо се нема сменето меѓу нас. Колку што може. Така да, сакав да и кажам на @Chanell* - Цицо не е до тебе. Те разбирам што кажуваш. Не дека мене поклоните ми го одржуваат пријателството, ама така се гледа дека некој ти значи. И јас и праќам нели нејзе, затоа што ми значи. Се омажив на 27, после 1 месец од свадба забременив. Не сум во младите, ама па не се осеќам ни во старите. Се ближи уште малце 3ката од напред. А колку ич не си ги осеќам годините... 18 години ми е паметот на моменти. А и изгледот, де! За заигрување се заигрува сама. Знае и да ме земе за рече и да ми рече СЕДНИ, за да седнам доле на под со нејзе. Тогаш си играме, односно јас нешто ќе редам, таа ќе растури. После пробува она да го нареди, некогаш успева, некогаш не. Ги успива сите кукли, мечиња, кучиња и остали „живи“ играчки и ни вика ЌУТИ и праи со прстот ШШШ, да не и ги разбудиме. Човек од година и пол, кој даде смисла на мојот живот. Како расте, секој следен ден се прашувам како е можно се повеќе да ја сакам, кога мислам не ни може повеќе. За заспивање сме фешти. Ама просто доаѓа до точка да ме изнервира и баш тогаш да направи нешто неодоливо и ај лути се, не може ни да се преправам. Сега ме бацува пред да заспие. Се мази. Маза моја е. За облека уште не сум приметила да бира, ама мислам и дека е мала. Ма да, кога ќе размислам има еден дуксер што плаче од него или можда плаче од дуксери на патент ако размислам подобро. Не знам, баш ќе тестирам. Вчера падна и си го лупна челото имаше џумка ама сабајле добра беше, не се ни познаваше. Животот ми го скратува, еве јас ви кажувам. Ама па дупло повеќе ми го продолжува со волку љубов, така да, на добар баланс сум сеуште. Кога сме кај паѓањето, можно ли е мозоков волку црни сценарија да ми развие во врска со детето? Значи не можам да ги изустам, ни напишам - ама сфаќам колку биле во право со изреката - „ НЕ ДАЈ БОЖЕ МАЈКА ШТО ТИ МИСЛИ“ Инаку, многу сум среќна. Другарка ми, што сме блиски другарки веќе 17 години, ме праша да и бидам старосватица. Многу се израдував, ептен ми е чест и малце забегав одма со организации и идеи. Торта смислив, честитка смислив, изненадување смислив за на денот на свадбата. Уште нешто оригинално ми фали за девојачко. Не ме мислите будала многу, брзо е свадбава, за помалце од 2 месеци. Мора да се дејствува. Неделава на работа не ми поминува, дека последна Сменив работа т.е. тука сум до вторник. Среќна среда почнувам на новата работа. Поплатена, подобра и со огромни можности за напредување. Ваљда ќе ме биде. Мора да се прикажам во најдобро издание. @Yowannty Среќен роденден сите желби да ти станат реалност И тоа.
потполно исто е мојава не гласиштееее аууу,мм вика оперска пеачка ќе ја праиме ако не е по нејзино и ако се наоѓа во тој момент во хранилката,почнува со нозете пресилно да прета и цела е модрици,и со рацете мава силно на тањирот од хранилката и мислам ќе падне цела ќе се преврти во секој момент ама па и јарче е во хороскоп инает OMG е, (иста како мама ) иначе ноќеска пак беше хорор во 3 сабајле урлање мм ја чуваше ама се слушаше преку 3 соби како урла и станав,и ми текна да го земам гелчето за заби,ја изнамачкав така повеќе и заспа кома не стана до 10 детево на 13 месеци сите заби ќе ги има уште малку @Annath мила каде да најдам вакво четкиче? убав ден мајки
Здраво мајки. Сите мајки. Темите за совети се теми за совети, ви пишав и пред некое време, ако нешто сакате да прашате и имате некоја недоумица. Се губат прашањата и не е прегледно во толкави километражни постови. Можеби некоја мајка и нема толку време да листа, знаеме сите како е некогаш. Кога сакаме да читаме толкави постови, да видиме и другите деца како се со возраста тука сме. Ќе се прочитате и тука кое што прави. Затоа пак ќе ве замолам за децата тука да си пишувате, за нешто кога имате потреба во соодветните теми. Сега добар ден. Станати од сабајле рано, рано, стандард, си читавме, решававме книга со активности, и собрав малку снегче, па си играше, претураше, снежни колачиња правеше. После малку со татко и излезе надвор да протрча, ама ладно грч. Ние за заспивање милион ритуали имаме. Читаме обавезно, да бидам искрена најомилен дел од денот ми е двете кога ќе се стуткаме во кревет, ќе се гушнеме и читаме. Си раскажуваме денот како ни поминал, ако сме се скарале нешто се смируваме и објаснуваме и не легнуваме да спиеме без бакнежи и да си кажеме колку се сакаме. Навистина @AngelOfArh ја нема некое време, се надевам наскоро ќе шкртне нешто. Би сакала и Офи @Offspring да ја прочитам во темава како е со близначињата. @Мариаа. сакав да ти кажам за папот, подобро на приватно да си направиш, на државно не се ни точни резултатите, премногу време е веќе тоа за чекање. @Yowannty среќен роденден.