Ние сношти борби водевме Заспа во 9 и пол спиеше до 12ч стана и никако не презаспиваше, плачеше, се триеше во очите, до 2 и пол плачеше, му дадов и парацетамол, мислам дека пак се заби во прашање, да не беше надвор замрзнато ќе одевме да го возиме, незнаевме повеќе што да му правиме таман ќе се смири малку 2, 3 недели после пак истово е, само некој заб излегува сега е уште едната 4ка останата таа го мачи. Уште 3ките и 5ките и ексик веќе @Yowannty среќен роденден се најдобро
@hello-kitty.90 Их скраја да е па ти, она како е залепена за мене у последно време. И кажувам дека е голема дада,мома. Дека само бебињата цицаат, а дадите како неа треба да му кажат чао на цицето. И, ја прашува татко и “што си ти”му одговара дека била мома, за да во истата секунда се предомисли и каже “бебе” пошо нели, само бебе цица И од тогаш па наваму она е бебе. И мојата е станата маза голема. Наутро секогаш прва се буди, ме бацува на раката за да ја осетам. Пред некоја вечер се преправам дека спијам а она гледаше цртани на телефон, и три четири пати вика мамо мамо, ја не реагирам.. Иде и вика “мамее,мамеее.. оииии мама нанеее” и ме бакна на очите и на уста Абе топењеееее! @Milaаа991 Мојата е таква. За банални работи се треска од земја ако не е по нејзино. Пример ќе се запне да ги облече моите чорапи, или да си ја соблечам блузата Деновиве ја карам, па така у сред карање ќе направи некоја мила фацичка или ќе се насмее, и ај оди карај да те видам Свеки обавезно во сред карање “дојди баба, не и викајте не разбира” на што и реплицирав да не се меша во моето однесување и воспитување,зашто во најрана фаза што ќе им дозволиш тоа ќе ти прават. Мене ми е незамисливо дете да ме кубе или да ме гребе намерно по лице, она и дозволува.. Ма нечеш Само јас смеам да повишам тон, и ќе разбере и точка. И мајка ми беше против карање, ама јас не урлам на цел глас или не дај Боже да ја удирам, тоа никогаш нема да се деси .. Ама прекорен поглед, малку повишен тон не е на одмет некогаш. Пред некој ден ја искубала мајка ми толку силно, вика ќе се расплачев за малку. Ја оставила да плаче, па кога сфатила дека е виновна и седнала во скут, бабеее бабеее ооиии, и ја галела по лице за да не и се лути. Политичар. Инаку добар ден Дете спие. Некогаш мислам нема никаков ред и распоред, а уствари месеци наназад дремката и е секогаш во исто време. Од 1 до 3 попладне. Навечер ако ја оставам може и до 1 да седи без проблем, ама ја научив цаката, се гасат светла и тв и легнуваме, го добива телефонот на 5мин, слуша една или две песнички и на спиење. Станува наутро во 8-9 најдоцна. Што беше тоа во 12-1 .. ццц. Касно упалив, ама ако,бар упалив Мм е многу болен и имам грижа на совест! Он два дена ми кажува омалксан сум,имам тт.. И јас, ај бе мажи нежни, со тт 37 ми премирате. Коа уствари он 39 да има, еве го со пневмонија дома седи цела недела Требаше да лежи во болница ама не.. матичната му уклучува инфузии секој ден Стварно се осеќам крива.. Као ај маж е,лаже и глуми. Не секогаш е глума во прашање. @TeddyGrey Со среќа на новото работно место Теди, и пишувај ни почесто, не напушти скроз ти. @Yowannty Среќен роденден!
Не се слагам со тебе Рејн. Ако некоја не сака да ги чита долгометражните постови во таа тема, нека ги прескокне едноставно. Истите ликови пишувавме и во претходната тема од 0-6/6-12м оти тука некаде ни се децата на сите. Не мислам дека се она што го пишуваме е за во оваа тема, како на пример ерекцијата кај машките бебиња, или звуците кои ги имитираат, или дали се пуштаат да одат итн. Едноставно споделувавме искуства сите таму. Ама штом ви смета, еве нема повеќе. Јас прва ќе престанам да пишувам и во оваа и во сите останати теми. Ако ми треба нешто, само по лп со членките и готово.
@Chanell* абе ве читам, ама што да се пише попрво. А редовно читам и тука и во овие на @happygirl што ги спомена темите. Нека нема љутки, супер се муабетите каде и да се. Пишувајте ни. Јас ќе ве читам каде и да се преселите.
Значи..смрзнав. Починал Кирк Даглас. Нека му е лесна земјата. Дај Боже и ние да дочекаме толкава старост. Ама тешко. Се ужаснувам од помислата колку млади го напуштија овој свет. И мајка ми замина млада. Исто и чичко ми. Јас сум веќе во четвртата деценија од животот. Како вчера да беше кога имав 20 и кусур години. Стареам. Маж ми веќе почнал да белее во косата. Таква му е генетиката. А и постаро изгледа. Како да има 40 години, а не 33. Го зафркавам - Кога ќе остареме ќе мислат дека сум ти ќерка. Ретко кој ми ја погодил возраста. Детски лик имам. Што се однесува до поклони...Кој ме испочитувал и јас ќе го испочитувам. Од принцип. И да бидеме реални. Не е толку до поклоните колку што е до честа. Познавам луѓе кои имаат пари ама се скржави. Секогаш гледаат да поминат поевтино. А оние што немаат ќе ти дадат повеќе.
Ќе се надоврзам на муабетов. Претходната матична ми има кажано дека многу често се случува на гак да ги помешаат паповите. Пишував во темите,ќе пишам пак овде. Пред 9 години на пап имав хпв. Направив типизација излегоа два високоризични типови. Тогашната матична ме прати на биопсија. Немаше промени во матката, пиев витаминска терапија и се среди. Од тогаш на 6м правев пап,кога државно,кога приватно сите уредни. Исто во тој период го запознав мм,па 8 год сум со еден партнер (ова го пишувам дека менување партнери може да предизвика хпв). Инфкеција сум немала не памтам од кога, последниот пап ,направен приватно,пред да останам бремена немаше ни кандида. Во бременоста 9 месеци пиев витамини,немав проблеми со бактерии или инфекции. Правам пап после 6 недели од пораѓај, на државно,стига после месец и нешто и на него: кандида,гарднерела (не знам ни како се изговара,прв пат ја "имам") и хпв. Заради доењето не смеам многу терапии,освен вагинални Макмирор ми даде, а на мм антибиотик. Ми зима брис за типизација и прашувам како е можно после се ова да имам хпв,или не е точен папот? А па може и да не е точен,нели на државно,ама ти направи си типизација,прими си терапија па после повтори го неколку пати за да бидеш сигурна Тоа е нашето здравство. Мали си дремна,мама испи кафе,уште малце слободно време додека дојде време за ручек,па да зготвиме едни макарончиња Вчера шетавме во Рамстор,за разлика од претходно кога мали или спиеше или лута фаца имаше направено,вчера гледа,се смее,збори го подновивме во Тритекс,фативме попуст Да знаете во Дуки и Дасо има вистински попуст. Ранче пред месец дена купив тогаш на -20% околу 1000ден,сега се по 450ден и ташни,накит,новчаници се им е намалено. И да се пофалам,конечно после 3ипол месеци одам во вц без да ме болат хемороидите Симнав една апликација за вежби...имаше аларм да наместиш да те потсети да вежбаш..еве 3 дена ме потсетува
@Sofi.ja Цела роба им е од Али експрес на Дуки Пред некој месец влегувам да купам. за ќерка ми венче некое, 150ден беше, истото на Али 1$. Мислам.. Си направи бренд човекот бе.. знаел како. Ретко купувам од таму.. Ми вади стегачиња во една црна кеса може 500имаше на број, па ќе ги продава по 5 ден една. Вредат за 1денар, или ни толку. Па од Али ќе си нарачам нормално
@Yowannty Среќен роденден @TeddyGrey сос реќа на новото работно место! Здраво женски, одамна не сум пишала во моето катче омилено ) Ништо ново, работа-дома шема.Дете во градинка.После две недели пауза по дома,сега со драми го оставам,клоцање па дури и се обидува да избега низ врата За омилени алишта ,нема нешто посебно,освен што знае да побара тренерчиња со џепче Според прогнозава,паднат е нов тазе снег попланиниве, што значи ке тркнеме негде у близина..Не е нешто воодушевено детево мое од снегот,си седи на санка и сака да си се вози...КО мајак му исто,само ја на кафе седам Ве поздравувам сите
@Sofi.ja каже лекот за хемороиди. Еве скоро 6 месеци, јас си плачам уште Едит: Ме предомисливте за папот сеа. Не знам кој ѓавол ме натера после толку време да ми текне државно да праам.
Добар ден Се враќам од работа стомак ме боли овулација.Има ли некоја жена со ваква болка при овулација?Пиев апче не се дише како породилна болка без престан.Правев ПАП пред 2 месеци се беше ок . Дојдов да си кажам и јас за мојата мала.Мама е се.Нема никој пред мама.Секогаш кога ќе се гушнеме со мм доаѓа и не разделува.Што чудно дете е кој знае.Ние со сестра ми кога ќе ги видевме моите да се бакнат викавме "мама и тато се сакаат" и бевме пресреќни Така мм вчера ме гушка и јас него и малата стои и не гледа.Мм одма ја викна.Ја прашува :- Сакаш ли да те гушка тате? Одговор : -Може мене, куклата што ја носеше ,а мама не А татко и ја прашува: "мама кој ќе ја гушка?" -Јас Еднаш така се гушкавме и имаше навика да ја цица врвцата од мојот дуксер.Татко и да излезе смешен ми ја скрати врвката кога рикна да плака едвај ја смиривме.Мислиш од цицето ја разделивме Женските нели треба да се со татковците поблиски Со малата секоја вечер читаме приказни.Во сабота сама си одбра книги со Калиу и се мали и со многу слики.Пробувам да ја терам да раскажува или да каже што се случува сега .Од градинка ми предложија една игра со картички да стимулирам говор.Нормално не чекав 2часа одма ги порачав @TeddyGrey со среќа ново работно место , да бидеш задоволна од се @Yowannty среќен роденден се што сакаш да ти се оствари Поздрав мајки стигнав до градинката да фрлам телефонот.Гушкајте мали
@Yowannty среќен роденден, се најубаво @TeddyGrey со среќа на новото работно место Добар ден и од нас. Малава не мачи пак, пак почна со врескање и плачење по цела ноќ Ја ѕирнав во уста, долните петки крвави дури.. ајде уште тие се Цела 1г и 3м детево се изнамачи со тие заби. Вчера бевме до лекар за потврди дека се здрави и од пон градинка. Направивме крвна слика на синчето и се израдував, рипнала крвната слика, односно тие параметри за анемија. Идеме кон подобро, без дијагноза точна ама битно дете е подобро. Вака не му биле 2г, иако сеуште се ниско... но се надевам секоја наредна крвна слика ке биде подобра. После се ке испадне дека е глутенот... А ке видиме и понатака дали станува збор за целијакија. Не следи добра докторка па се надевам дека ке најдеме што е проблемот. 2ипол г дете се изнамачи. Мирисам на кромид цела Чекам маж да се врати за да се туширам.. едно време успевав додека се заиграни со подотворена врата да мавнам туш (ѕиркав низ завеса што прават), а сега секундарно со мене се во вц @Ava.84 јас сум со страшни болки при овулации... кога имам добиено ништо не осеќам, а овулациите многу. Пукаат јајнициве дури мислам, како нож да ме боцка и ми се дуе дури стомакот. Доле гаќи утоп Бев кај матичната ама тогаш не бев во овулација и рече да одам кога ке бидам за да види што се случува... Не сум отишла уште. Хормони испитав, ок се. Она рече да пијам контрацепција за да здивнам од болки... Ама со хипотиреоза и хашимото сум и не ми се ризикува. Да не пореметам хормони... Приказни и ние читаме, ама со синко. Малата не ја интересира ич. Отвараме, листа страна по страна брзински и толку Синчево па многу сака, кога ке речам земи бирај што сакаш да читаме, зима еден куп... Убаво е да се чита. Играат со сестра му скоро во соба и ги земал и слушам и чита демек.. раскажува по слики и од тоа што мене ме слушал, многу беше смешен Сега заиграни се сами па искористив да ви пишам... Убав ден мајки Инаку се разочарав сабајле кога станав и кога видов дека снег нема А што убаво врнеше вечерта и задржа дури, реков сабајле ке има ке се радуваме, аха..
Добар ден мајки, Малата едвај а успав од 1ипол и паѓа главата и дури пред пола час се успа со плачење, се разбира. Па ајде да измиам садеви од ручекот и си ставив кафе, сега дури седнав. Мм ми вика дојди легни си со нас, може ли да бидам искрена и да кажам дека не сакам овој 1ипол сама да го поминам во спиење. Сакам да пиам кафе и мозок да пуштам на пасење. Фала на @TeddyGrey што го пиша тоа, за нејзините мисли. Мислев дека сум само јас и дека имам некој испореметен ум. Ме мачат работи што не се ни случиле туку НЕ дај боже да се случат.Е ова ми ствара анксиозност. Ајде иш мисли не сакам да ги имам. Малата сака да се гушкаат и бакнуваат мама и тате, дури и главите ни ги влечи еден на кај друг, ама и она сака со нас. И да не избацува по 2,3 пати Решив некој работи што ме мачеа околу живеењето, т.е чекав мм да ги реши бидејќи се работеше за неговите родители ама ништо лд него, па ги превземав работите во свои раце. За чудо не бев сватена грешка, туку напротив мислам дека ни падна товарот на сите. Сега сум попозитивна и не барам рачки за секое Хемороиди еве уште се мачам кога ќе претерам со сува храна. Користам Антролин крема ми помага и треба да се конзумира храна за цревата, како зелка, грав Едно време ептен имав мака па со мака туркав во уста варена зелка @TeddyGrey честитки новото работно место. @Chanell* цицо е омилен, да не го откажуваш да има за што да се смееме Поздрав мајки, одам да искористам уште 30 тина минути тишина
Е не знам за накит и акцесорис, ама ташни , новчаници имам еден куп од кај нив и сум многу задоволна од квалитетот. Мислам дека тука ги изработуваат. Јас не да плачев, кога ќе осетев пред спиење дека ми се оди во вц си викав дај додржи до сабајле, зошто ако бев во вц пред да си легнам после од болка не можев да заспијам. Јас имав пред да останам бремена 2, за време на бременост добив уште 1, а кога се пораѓав уште еден и плус сите 4 воспалени, цели топки беа. Имав болки и мислев од раната дека ми се,се додека дома не се видов на огледало и сфатив од што не можам да седнам. На почетокот користев Факту, скоро 1месец, на неа пишува помалце дека треба не се сеќавам точно, ми ги смири, ама после секое какање ми се воспалуваа и ме болеа. Па земав од Билна аптека , кај Даре Џамбаз, повнатре другата не оваа на главна улица Мелем за хемороиди. На него пишува произведено во Билна аптека Стојанови Куманово. Околу 200ден беше. 2 месеци го користев и водев голема хигиена после идење во вц, и сега немам мака. Дали тоа помогна,дали се врати телово во нормала не знам. Може малце да ме пецне во моментот, ама ги немам болките со сааати како претходно. Извинете на деталниов опис А за папот, ќе видам што ќе излезе од типизацијата (и таа ја прати на гак) ако ми е сомнително ќе си направам пап во Систина. Ај сеа да најдам некоја вила на плажа кај соседиве @Yowannty најсреќна да си
Истото што и Хепи го напиша би го пишала. Не дека се дрецкаме нешто али во врска со модерирањево на Реин имам огромна забелешка. Од одлична хармонија брца во штек као ајде сите сиктер во темава. Досега не се замарав со модерирање на форумов али ова едноставно ми е раска во око и не ми се допаѓа. Гледам се убија од прашување низ темиве. Една на три месеци. Ќе ве ставам во пп. Батали. @TeddyGrey со лесно
Јас еве ја отварам темава, ама не можам толку да ве читам по 136 реда во секој пост. Ја отварам ради реда, а не ве читам освен ако не сте пишале нешто кратко. Во 6-12 сите темелно ве читав. Овде не ми е тоа тоа. Да не бидам офф-топик, да си го кажам мајчинскиот муабет. Си добив кола, и малава ми ја поврати на прво возење, пошо маж ми возеше. Ми ја сефтоса Денес ќе спие кај баба и, јас си одмарам. Вчера наполнив 30 години, и се што си мислам е само што поскоро да раѓам второ. Уште да го убедам маж ми
@Yowannty среќен роденден. Биди жива и здрава @Spidy ајде со здравје да си ја возиш,ти ја осветила керкати. Ти како мм,се запнал за бебе твојата барем зацврстена на нозе е,мојов е скоро 10 месеци во хаосот. Но во право беше човекот,да сме си почнеле со време да работиме,зошто не сме ние таа среќа @TeddyGrey успеси ти посакувам. Најпрвин да одиш насмеана на работа,а потоа да те радува и платата. Ние турбо попладнево,од работа идам ханзапластот ми се залепи,мајка ми сирота немала време да пушти машина денес е на лева нога станат се само до него да е некој. Па на брзина машина една,па ручек и сега да ве прочитам. Нема ништо ново,студ како што треба да биде и тоа е. Во однос на темивее,сеедно каде сте вие тамо и јас по вас ке пишам,како опаш по вас. Отварав често други теми,но ете тука пишувам и честитам на повејке членки. Јес да ги читам и во труднички,некако таму скиснав,море и во поддршка таму плачев. Се надевам мали ке се предаде пред 20:00 па раат да се исфарбам.
Се слагам со @happygirl Не сме офтопик туку, напротив, точно совети си даваме за деца во таа возраст.И баш таму убаво и концизно може човек да прочита за проблеми во таа возраст.За други проблеми пишувавме во соодветните теми.А, ако некоја мајка има итен проблем,пишува во темата за итни проблеми. @RainBow