Хммм... Океј. Секогаш ги земам в предвид мислењата на членките. Може ли да се најдеме на пола пат, што би се рекло? Пишувајте во темите за совети по возраст, но ако сакате повеќе да се расприкажете што и како да ја искористите оваа тема. Пример, прашањето со ерекцијата оди во темата за совет, ама друго кога се кажува што прави бебето секојдневно и не е ни за совет ни за мислење можете и тука да го кажете и споделите и пак ќе си се пронајдете со мислењата. Сакам да ви кажам кога имате потреба да се распишете сторете го тоа тука. Кога веќе пишав, @Мариаа. покрај тоа што може да испадне да има нешто на папот што го немаш, е да испадне дека е добар резултатот, а всушност да има нешто и да помине незабележано. За жал знам таков случај, на крај испадна рак на грло на матка. А редовно правен пап, дијагноза непоставена. За два-три дена се готови резултатите на приватно, може ли да замислите по месец ипол каков е резултатот? Затоа само на приватно.
Здраво, здраво Секој татко е испозаљубен во детето. Мене тоа ми е многу слатко. И маж ми само тоа збори. Колку била најубава цела на него, ама затоа кога врескала и се муртела била цела на мене. Леле па кога ќе му речат дека личи на него, што и навистина е цела тој, се дуе ко паун. Бебла расте и се поинтересна станува. Дочекав да си ги фачка стапалчињата. А тоа ми беше меѓу првите, ако не и прво прашање на форумов кога се породив, кога ќе почне да си игра со стапалчињата и да ги носи во уста. Изгледа пак ми поднастина. Вака ми поднастинуваше на 2 пати пред да ги извади првите запчиња. И пелените и беа полни лиги, па и денеска, ете пак. Горе десно има бела точка веќе со денови. Ама деновиве спие фино ноќе, па се си мислам нема процес, ако воопшто може да стагнира избивањето на запчето. Или конечно ќе почне да избива. Јас битно сум спремна за ноќни фешти. Ви благодарам многу на сите за честитките. Да сте ми здрави и живи и највесели заедно со малечките, па како што е ред да почастам торта.
Како секта сте Црна Ружа @RainBow се што прави бебето иде во 12-24, а се што правиме ние со бебето иде тука. Доволно фер нели?
Ми се допаѓа кога човек е доблесен @Spidy ќе те заборавев честито нова деценија тек почнуваат најубавите години Честито кола па и второто набрзо да ти ја поврати!
Се убацувам во муабет само за да си кажам за мојата овулација,исто ко на @Ava.84 i @mariz ,многу ми се болни а и стомакот ми е надуен.И не разбирам како бебе да се направи ако имаш болки?! мислам,тогаш освен апче и ќебе ништо друго не ни сакам... Искористив моит 5minutes да јадам и д а си поуживам со вас...Ме чека пеглање и бањање и ранење дете,играње со дете и д а си го изгушкам <3
Ако веруваш мене секс ми помага. Пример толку ме боли јајник што не можам да мрднам од кревет, ме сече. Ама после секс ништо не ми е. Јас тоа си го толкувам дека на телото му е потребен секс, односно спремно е за оплодување и затоа болката така поминува. Сигурна сум дека во таков момент да сврши во мене одма ќе забременам. Така се чувствував и првиот пат кога останав трудна. @Ava.84 и мојата е иста, само мама. Си имаме посебна поврзаност и разбирање. Јас многу повеќе ја карам, ама пак мама си е мама. Ме слуша многу повеќе од татко и. Не викам два пати за нешто. Во маркет ми бараше нешто и само и реков дека сега немам пари, следниот пат, ми рече добро мама и толку. Една баба стоеше позади мене и се изначуди дека одма се помирила. Дечиња.
Од пред еден саат почнав да пишувам, ама ми снема интернет. Па пак одново. Јадев тост со кулен и сега ждригам и ми се Бев и до продавница. Пак смрзнав. А ќе направев и шпага на улица. Многу се лизга. Сабајле ме изнервира еден шофер будала. Наместо да се паркира кај што треба, он се паркираше на сред улица (споредна). Да имав нешто шилесто ќе му ги дупнев гумите. Едвај поминав со децата. Тесна улица, а коли идеа од двете страни. Комшиите до нас реновираат дома па цело време се слуша тропање кај нас. А најинтересното беше кога бушеа. Мислиш ѕидовите ќе ги пробушат. Синоќа загледав една серија на Јутјуб. Вечер ќе продолжам. Поздрав женски. Одам да им дадам сок на децава додека не се испотепале. А и да пишувам домашна со големиот. Маж ми веќе е во длабок сон.
Пoздравче пред спиење Денес каj маjка на гoсти. Oдмoрив jас ,а oни умoриjа бебе.... Стварнo незнам oд кoга не спиела тoлку мнoгу преку ден Татo се жали мнoгу му фалиме ,а jас му велам аjдее ќе oдмoриш вечер Ми фали старава дoма, стариoт мирис, мojoт кревет. Тешка ми беше разделбата сo мoите ете некакo мнoгу бев пoврзана. Дури на свадбата сликарите ми велат аjдеее дoста е цимoлење . Нo oд кoга се рoди бебе вo нoвата дoма е наjубавo. Си имам ред за бебе, за себе, oбврски пo дoма. Еднoставнo се е навика. Прoшетавме малце сo маjка и бебе, таа самo се туфка нештo да купи де за мене де за бебе. Пoлна и е душата штo сме и на гoсти па самo гледа да ни угoди. Купила кoритце за бебе, гo наместила креветчетo мoе (jас кoга бев бебе) несмеелo ништo да фали за бебе . Бебе заспа, време е и jас да си гo фатам креветoт дoдека не дoшлo време за цицање. @Yowannty Наjсреќен ! @TeddyGrey Сo леснo Дoбра нoќ дoбри маjки
@Larahappy и на мене ми е чудно кога треба да спијам кај татко ми. Се одвикнав. Исто е и со маж ми кога оди кај неговите. Со саати лежи и никако да заспие. Мавнав еден туш и сега да спремам деца за спиење. Почнаа се покасно и покасно да си легнуваат. Лека ноќ.
Се спие ли мајки? Се надевам имате мирна вечер, бебушите умни, мајките одморени... Мене ич не ми иде дремка, не знам што стана ова... а утре ќе дремам на работа оти сум ненаспиена! На темава гледам и нови мајки, па и не сум во тек колкави им се деците... тук-там и по некоја мајка од старата банда... како и да е, нека не има во поголем број да има што да читаме во темва! Деците спијат мирно, и ММ рчи... Ритуал ни е пред спиење да гледаме цртан оти научна фантастика е така раздрмени, заиграни и расположени да ги заспијам. Па викам - време е за спиењеее ( овој дел кога викам и у комшии се слуша) ! И ајде облекуваме пиџами, па се местиме на кревет сите туто комплето и гледаме цртан (периодов 7те џуџиња ни се хит) И стнадард малата ќерка мрмка да стасаме до делот со џуџињата, големата па сака Снежана да ја гледа... и така се надмудруваме и убедуваме... па следи моментот - ајде секој во соба и на спиење. Да се пожалам... Ми се дешаваат некои непланирани промени на работа и ептен на тесно сум. Колешката ми е трудна, се разбира презедов поголем дел од обврските за да не се замара она... ама едно ми збори а друго си прави. Ете за патолошка фајќала врски да зема, а не е дека нешто не е во ред , но да си искористи од државата. Така да јас периодов ќе го теглам дебелиот крај! Тоа е, секој за себе си гледа, нормално! Топлите денови ги искористивме за шетање со деците, па сега овие ветровитите се чудиме со што да ги занимавам додека дома седиме. Што ли не се игра дома... од буква на буква, до редење коцки, боење, кукли, криенка... Ај големата знае да игра, ама малото ем не знае ем се буни! Галамџика број еден! Глумица номер едно! Ми ја имитира свеки... уфффф боле! Оф мајкооо! Па и едни фаци прави чиниш светото на рамена го носи... Аууу цела на свекрва ми, ептен ја копира... да кажам 3 -4 часа дневно се чуваат па дете слуша лелекање и отпосле ни глуми болна дома! Ова моево крај нема, постот откачи закачи! Имајте разборање што без концепт пишам, 1 по полноќ е! Ај одам.. добра ви ноќ!
е децава се баш интересни во ваква ситуација. Нас првото дете ко ќе се бакневме пред него уште ќе ни ги фатеше главите да не спои да се бакневме пак а второво е уште мало па не разбира баш. Еднаш го држев во раце па мм ме бакна па тоа се сврте ме фати со рачињата и почна да ме лигави на лице абе смеи. нема да веруваш ама големото дете за месец ќе прави 7 години па уште раце става во уста и се што ќе му е на дофат. Пак сте напишале доста страни машала има човек да чита... Добровечер од мене. Се уклучив накратко дел читнав дел утре,дојдов само да разбистрам мисли да се утешам. Ми се собра грутка во душава. Башка колнам пцујам деновиве не можам подвижна да станам мака со болеста,ме покоси ме здроби. Ова е нешто што никогаш не сум го доживеала. Сум се разболувала цел живот ама вакво нешто не постоело до сега и не се тепам со тоа дека ќе помине. Оти тешкото е што додека да помине? Ја па сакав да уклучам тастатура и да се повалам со нешто убаво ама не ми иде,нема.
Ох ни ги префлиле мислењава и неможам да се снајдам. Си велам кај отиде екипава Ич несакам да пишувам во темава. Преопшира е. Па модератори сакаме да си споделуваме искуства според возраста. Името на темата е “совети и ИСКУСТВА”. А ние си споделувавме за секојдневните искуства на нашите деца на возраст од 12-24. Плус што темава е во подфорум Бебе. Не би да шетам ваму таму за ист муабет. Несакам да правам инат нешто ама јас оваа тема нема да ја користам Продолжувам во темата кај што почнав затоа што ми е конкретна и имам супер поддршка од мајките со деца на иста возраст. Добивам супер информации и стварно не би сакала да морам да го напуштам форумов за вакви глупости. За теми каде има само убав, фин муабет. Ниту кавги ниту натегања сме правеле. А за совет коа му треба на некој, се добива експресно и ама баш никој не лута низ темата. Peace
А бе аман луѓе небаре во јавна соба ве префрлија! Три страни испишавте за тоа, досадно е да читаме веќе, ја иступивте. Ако не побарајте дозвола од Реин да си отворите една тема за преместените од совети кои од непознати причини не сакаат да пишуваат во мајчински. Стварно веќе отварам нов пост и цел ден вчера жалопојки за истото, дотаму што некои дури и го напуштаат форумот. Не сме заразни овде де!
Здраво девојки Бебла последниве денови саде со јазик исплазен стои. Кога ја бањам нон стоп со јазик надвор е, да не случајно некоја капка што ќе и се стркала по лице ја промаши. Вчера ја бацувам таа вадење јазик бам, ми го излижа носот во должина за секунда. Ако ја држам кон мене свртена ме лизнува по лице. Ми е страв некоја афта да не и се појави, а колку е само брза, честопати немам време да изреагирам. Се мислам како е можно навечер да ја ставам во креветче и да продолжи да си спие, а дење отвара очи само што прстот од ногата ќе ми допре на под, а тек цело стапало, одма се мршти. КАКО ЗНАЕ?!?!?! На гз печурки ќе почнат да ми растат. Од денеска пак сонце. Со заби ама грее. Чекам бебла да се разбуди за да пружам алиштата, машината веќе некое време како заврши. Попладне ќе шетнеме, имам гифт кардс за во еден детски бутик па ме чешаат да ги искористам. @srekice Најсреќна да си. Жива, здрава и највесела! Гушки до тебе и бебла. Среќен роденден!
Е добро де, прескокни не штом ја тупиме. Нели може овде да си ги кажиме маките како што сите си ги кажуваат? Еве јас пишувам и ве читам сите, може и некој друг ја тупе цело време па што ај да си пребацуваме. Како што кажа Реин ако не те интересира нешто прескокни и готово
Да, исто како што и мене ми се досадни некои постови овде, и преопширни и ги скокам едноставно. Или не ја ни читам темава некогаш. Овде се пожаливме повеќе членки оти сметаме дека неправедно не преместуваат упорно тука, а ние пишуваме во темите соодветни за тоа. Како и да е, еве се разбравме со Реин и готово
Хелоу Од сабајле шлог....Сметката за струја многу висока. Господата сигурно наплатиле повеќе отколку што треба, па нареден месец ќе одбијат. Не се нормални. Големиот и денес не го однесов во школо. Болен е. После ќе го носам на лекар. За ручек нешто ќе се пече. Се обидувам на децава да им воведам некој ред, ама тешко оди. Си тераат по нивно. Малото ми заспиваше на цицка. А се тргнев одма ме грабаше и стискаше со забите. Со тек на време се одвикна.
јас денес буквално вака нема спас за мене другарки,само 2 саата ми дозволи да спијам ноќеска ( Спасете ме другари ) се јавував по луѓе за градинка,ми имаа спомнато едни пријатели дека може да ми потсредат ама вика тек од септември можеме нешто да напраиме за сметки не зборете поарно,два месеца по ред парново железарско по 150еврики го плаќаме...животе сладок си на работа стасав пред саат време сите ми рекоа како дух изгледам...фино мислам дека денес ќе го јаде стапот некој од мене што е најтрагично кога ќе се вратам од работа,свеки е дома уште еден саат кај нас,и само тој саат ми е за “одмор“ ама не ми дозволува..писка детево она и дозволува да писка,никако нема заигрување за да одмори мама...ама несмеело заќутување,така се развивале децата и така си се изнажалив...ретко се жалам АМА немогаше више убав ден мајки