Ајде здраво и од мене. Денов убаво почна. Малечкото денес еден месец ми прави сабајле едно станување фотосесија правевме. Умна беше мила на мајка ам се не страна гледа, замислете од 50 слики само на 3 гледа во мене Ја заспав, па средив по дома. Сега додека спие пијам кафенце. Утре ќе дојде мајка ми, да си ја види внуката, не била воопшто да ја види, па се радувам на посетата и некое време ќе седи кај нас. Најдовме друг стан, почеток на март се селиме, искрено страв ми е.. Ќе имам толку многу работа а незнам покрај малово дали ќе успеам се да средам, ама ќе барам помош. Чекам малово да стане и да крка млекце. Имајте убав ден.
Аха мисли си дека ќе одбијат. Ние месеци и месеци уназад плаќаме по 7000 за струја. Се готви на шпорет на дрва, се грееме на дрва, машини се пуштаат навечер после 10,правосмукалка еднаш на три дена, и не ми е јасно што е со сумава. Никогаш не стигнала нареден месец помала..напротив. Добар ден! Работно јас, ќе пијам кафе. Колешкава го расипала електричното ѓезве, а како ме мрзи да дремам над решо 15мин.. Ама сабајле не го осетив кафето, као со мм ќе пиевме, ама заглавив во кујна,па чистев.. и кафето го допив во 2 попладне, ладно грч бљак. Малата ми го скри телефонот, 100пати ја прашав каде е ,ми вика немааа ало ашшш. Дојдов на работа без телефон, па некако свеки ја убедила да и каже каде е и замислете го нашла и и го дала Абе,човекуљак мал !!! Многу и знае муцето уште сега. Сношти не можев да ја заспијам, јер на гости кај мајка ми па ја заспала во 6:30 и дремнала госпожата до 7;30.. оди заспиј ја после. Се качува врз мене, скока, ми брца во уста и нос, па ми кажува окце,носе,муце... крај нема Бабиве стварно не знаат до кај им се границите. Да ми беше мајка ми свекрва, сигурно очи нема да сакавме да си видиме Се контра ми оди за детево. И така,ја заспав во 11 со сите маки, мм ме чекаше да си “помуабетиме” коа јас сум заспала на пола креветче со ќерче.. Ај вечер (дајБоже) Ауф,ко манијак сум по него во последно време, конечно желбата за секс Ни се врати ( да и на двајцата ) Отидов кафе да си тУрам Бујрум.
@Chanell* многу се безобразни. Си наплаќаат колку што ќе им текне. Мора да се краде од народот. Расчистив по дома. Уште купатилото остана, па да правам ручек. Загледав еден филм на тв. Сакам филмови поврзани со свадби. Децава се истепаа. Стандардна појава. Малото многу се разлоши. Се надевам дека како што иде времето ќе се потсмират.
Многу смешна ми дојде сликава па да споделам. Одма е подруго кога бебето ќе ти порасне @srekice одма поинаку се осеќаш.Си ставаш топла бања, чаша вино и нозе во вис Спојлер Е сега ова е година и девет месеци научна фантастика најчесто али потоа се си иде на свое место. Така да надеж нема губење. Среќен! Моменти на одмор во секаква смисла на зборот.
Дочекав и тоа - ќерка ми збеснува во креветче, не сака да заспие (а готова е, капаците ѝ тежат, удира со ногата по оградичката) и ја прашувам: е што е сега, во 12 ли ќе заспиеш? И стана и ми рече - дааааа Се кладам дека везе нема што кажа, а се кладам и дека многу е можно да не заспие до 12. Има 18 месеци и е најнапорен прекрасен створ на светот. Прееска црткаше нешто во едно тефтерче и ми рече - ај ти! И боев, цртав криви мачиња, пиле, татко ѝ го нацртав, себеси, тутуу (автомобил), за на крај да ми каже - ајде кука! И цртам куќа и се гази од смеење. Најјако е да си џагуре. Те хранат, ти бришат газ, уживаш во бебешкоста и капак на сѐ, глупости те смеат.
Јас да прашам нешто за мене. Се преплашив денес, ме болеше под мишката, и се фаќам топче имам колку лешник е, како некоја жлезда да е потечена, се мрда ако го фаќам и ме боли, прашав мајка тетка ми рекоја дека е од доењето. Тетка ми имала колку орев големо така, ќе одам понеделник кај матичната, ама до тогаш ќе се скренам 300 филмој си напрајв во глава
@FreeMind Кај мене ова е 2 години веќе научна фантастика. Ти се погодило И ти љубоморам дури за винцето посебно. Се излигавив
Мајки врчерва додека играше син ми со ова приметив дека го нема овој дел целата испаничив нз дали од паника ми се виде дека му е уста како црвено плаво делче или ставрно имаше почнав да буричакм да му пикам прсти ама немаше ништо си викам ако го голтнал триста филмови ме мавнаа у глава зш е како пластика и уште се тресам на секое закашлување негово.... незнам што да направам. Инаку сме 11+ и се сакаме у уста да ставиме неможам да го допазам
@lackygirl и јас имав такво топче пред 4-5 години. Под левата мишка. Излезе дека е некоја жлезда потечена. Матичната ми рече ако не се зголемува дека не е страшно. И за две недели го снема. А ме болеше на допир. Еднаш имав и под десната, ама тоа помина побрзо. Секој ден пипкај го. Ако забележиш дека се зголемува, трк на лекар. Лижев бонбона и ми згорчи животот. Сега гнетам смоки, па после десерт. Сабајле се наспав и вечер пак ќе дежурам. А утре треба да плаќам сметки. Поголемиот е диво дете. Не сака нежности. Нонстоп му викам дојди да те бацам, а он бега. И независен е. Кај и да го оставам да седи може со месеци да не не побара. А помалиот е поинаков. Сака да се гали, да се мази, да се бацува. И зависен е од нас. Да го оставиме некаде одма ќе не побара. И физички не си личат. Ама за бељи правење први се. Големиот кога имаше 3 и пол години си ја чукна главата од маса и мораше на шиење да оди. Сега има лузна. На две години се изгоре на мотор. Два пати го дрмна струја. Еднаш малку фалеше да го снема. Броев железни пари, а он до мене. Ми падна една паричка и се наведнав да ја земам. Кога се свртев он почна да се гуши. Почнав да го тресам и одма излезе паричката. Среќа што го приметив на време.
Фала ти бар малку да се опуштам. Синко уште не спија, 2 пати пробав до сега, не и не што инат ќе беше, пишти ко да го коли чоек а му се спија, се трија во очите, се прозева, на инает ме касна силно на пупка ме изгоре
Добровечер женички. Читкам уште малку што сте пишале многу се собрало. Ние конечно подобри. Големиот веќе е здрав како дрен бебчо најлесно ми помина,3 дена од кои 2 со инфузија. Камен од срце ми падна ама јас уште не чинам. Се маткам секој ден по лекари по прегледи инекции крвни слики... Утре контрола. Што болест ќе беше ова. Дури ми се гади ми се повраќа вака не ми било одкако бев трудна на почетокот. Ми се гади од цигари од прашакот за перење од парфемот на мм.... Од тоа најмногу инаку општо од се. Дали ќе заврши аман веќе. Ми студи. Не се опоравив од студов. Пуста зима. Не ја сакам ич. затоа отидов да се стуткам да се стоплам и да спијам. поздрав и имајте пријатна ноќ
Кај мене малото цицаше. Ме има каснато и на пупка. Па кога сум почнала да плачам дома. Мораше маж ми да го оттргне. Он тегне, а малово стиска со забите. Па му ја отвараше устата за да го тргне. Дури и крв ми течеше. А пупките модри. Колку бев среќна кога се одвикна од цицање.
Добро вечер мајки, Еве да се пријавам па ако стигнам ќе ве дочитам. Седам и не ми се мрда, а треба да се истушрам. Многу напорна недела. Не посебно гужва,ама се напорни случаи кои ми ја одземаат енергијата максимално. Згора на се имав и добиени и врвот беа вртоглавиците и главоболките пред да се смени времето. Малку ми се напорни и утрата зошто треба да станам, да средам, да се спремам себе, да спремам дете, да истрчам да го однесам до градинка и едвај чекам да да стигнам на работа за да си го направам првото кафе. Жива среќа што дете неправи проблеми за станување, спремање и одење, па само трчањето останува. Инаку станува и директ на нокшир со цртан дур јас се подсредам во тоалет. За сега успешна е стратегијата. Синко најново се научил да вика дојди мамо да ти шепнам нешто - шеп, шеп, шеп Незнам дали е во фаза или се изигрува во градинка ама дома ништо не му задржува внимани. Па само се префрламе од играчка на играчка. 5 минути пластелин, 5 минути колички, 5 минути слагалици, 5 минути тенис и се така во круг. Е да го оставам да игра со вода, да тура претура - цел ден мислам ќе игра. Ама ладно е уште за да се плетка, па избегнувам максимално. На моменти ми е тешко особено зимава со неистрчано дете, ама од друга страна имам дете со ред за спиење, не посебно голем јадач, ама ретко одбива јадење, послушен е доволно за негова возраст, па си се тешам дека ќе помине и полесно ќе е. И ова навистина ми помага секогаш кога ми е тешко или мачно. Ќе стиснам заби со мисла дека е фаза и навистина ќе помине. Незнам дали се пофалив дека планина е резервирана, малку се одложи зошто ни го букираа хотелот што го одбравме, ама во секој случај 2.Март пат под нозе. Се надевам ќе има снег за да се радува дете, ама и дека ќе е потопло за да може да се шета. Веќе и за летен се прави план (дури и за два) иако имаме други планов што може се да пореметат. Ама ако тоа бидне ич нема да ми е криво и да пропадне се. Уствари криво ќе ми е заради мали, ама сум оптимист се да оди подмачкано. Пак напишав долг пост што знам нема да го читаат пола и повеќе, ама убаво ми е да си напишам во тишината, од една страна како мини дневник што ќе ме потсеќа што и како ми се случувало. Во меѓувреме и се истуширав, да не ме мислите Пре да се одјавам да не заборавам среќен роденден @Yowannty и честитки за ново работноместо @TeddyGrey . Имајте убава и мирна ноќ мајки и максимално искористете го викендот со саканите.
Да се пријавам од тишината на нашата соба. Одамна не сум напишала некој ред. Во моментов гнетам едно ладно сендвиче, да завртам душа. Кога ќе стане екипата, освен јаболко или банана во рака, кроасан и такви слични работи, за друго време нема. Кога-како. Некогаш имам време да си направам еден убав појадок, па кафенце... Тоа кога се доспиваат наутро после првиот оброк. Само што го нахранив едниот батко, фала му на Господ, од сношти од 9:30 кога заспа, сега почна да кенка за јадење. Другиот кај 4:30 стана. Барем спијат децава. Мм беше излезен да се виде со еден пријател што живее во странство, не го осетив кога си дојде. Ја осетив миризбата на алкохол, богами и на лукче. 'Рчи-уши распарува. Греота за децава. Тие па умни, гајле немаат. Ама јас утре ќе го "пеглам" мм. Немам нешто посебно да споделам. Секојдневието си врви. Децата растат со брзината на светлината. За некој ден прават 4 месеци. Каква љубов е оваа? Кога би нашла зборови само. Со нетрпение ги чекам топлите, пролетни денови. Јас сум затворена дома еве веќе цела година. Не ми се верува колку брзо поминува времето. Здравје догодина на крај на јануари треба да се вратам на работа. Како што сум себична во однос на бебињата, незнам како ќе ги пуштам во градинка. Тоа е друг проблем. Јас сум на работа во соседниот град, планирам таму да си ги запишам, барем првата година. Многу се мали за да сум така далеку од нив. 10 км се во прашање ама сепак душа ми се парчи. Наутро ќе си ги земам во кола со мене, после заедно ќе си се вратиме. Периодот на адаптација да го поминеме заедно. Моите се таму за се што треба. А тешко ќе им биде, знам. Големи ќе бидат. Се јавив кај директорката на градинката, ми даде надеж. Ја разбира ситуацијата. Незнам како ќе биде, уште сега паника ме фаќа. Незнам каква мајка ќе сум во очите на другите. Знам дека некогаш претерувам кога станува збор за нив... Воопшто не сум широкограда. На секој можам да му најдам маана како ги држи, што им зборува, какви гримаси им прави... Да не редам. Едноставно знам дека на моменти сум тешко поднослива. Среќа што цело време сум позитивна, насмеана и распеана па тоа ме вади Летаат минутите, јас се изнаприкажав... Да легнам уште малку, за кратко ќе ни почне денот. Убав ден со вашите дечиња имајте мајки
Добро утро девојки Преку недела кога маж е на работа, бебле се буди од 7 на утро. А за викенд еве ја спие, 9 ќе фати. Ја будна ја чекам да цвичне од 7. За татко и да поспие, уште од сега му погодува. Јас не морам да спијам. Жими се ќе си помислам дека си имаат некој интерен договор меѓу нив двајца. Вчера задува студен ветер и си останавме дома, ама затоа да станат принцезиве и ќе шетнеме пладнево. Сонце лабавко си ѕирка веќе некое време, јас меѓу двете љубови на мојот живот си го наоѓам мирот во душава. Се обидувам да не претнам за да не ја нарушам оваа совршена хармонија. И тогаш маж се разбуди и ме информира дека морал да моча и скокна од кревет, и ми го расипа моментот. Ќе му кажам убаво кога ќе се врати!!! Ви посакувам убав викенд.
Добар ден и од нас Се се врти,се се менува само тајмингот за станување од син ми никако да се смени. Се радувам ако видам близу 7 дека е. Мене не ми менува секако станувам во 6. Но за него ми е сакам да си има некоја навика да спие до подоцна,што ке прави лд 6. Си играме и размислувам колку го кочам во развивање. Се исправа на нозе ке се фати на масичка и мене од што ми е страв дека дирекно на глава ке тресне седам позади него и ако ги пушти рацете да дофати нешто го седнувам многу грешам. А назад ми е зимата со паднувања. Се плашам од проодувањето негово. Од себеси. Многу неубаво реагирам ако падне,како баба некоја само иииии,леле,и ке го уплашам и ништо ништо му викам. Само да е без последици тоа проодување... Не сакам да мешам теми свекрви и чуда но ете ми дојде така при срце да си напишам збор два за мајка му. Може сум една од ретките што не и се меша,но мислам не е нормално БАБА да нема желба за прво внуче ама никаква ни да си поигра,ни да го гушне...чудно Секоја средба е споредбата за нејзините деца како они а како син ми. Јас си ја протолкував како да има трауми од нејзините деца и после 30 +год неможе да се опорави,друга здрава причина не гледам. Јас настапив малце "строго" кога беше новороденче па ке дојдеа и кажав нема потреба да го држите во раце кога он само си спие... и од тогаш еве 10 месеци уште не го држи,ама затоа мажот и надокнадува и за неа. Имам вакви забелешки и за мојот род,но кај нив сум дрска и безобразна и им кажувам,дури и се што собирам од вакви идиотски однесувања на моите ке им префрлам. Јер сум п**ка и не и кажувам неа,не за друго да не отварам дебата. Моја грешка. Денес иако е прилично свежо ке си го облечам убаво во сакафандер и ке шетниме малце. Мм е на работа па сами дома да не дремеме. Си здосадуваме еден на друг
Ти како мм паничарка Леле тој така за се, само му велам да се опушти малку, џабе. Јас па ич не сум, го оставам сам и му велам за се ајде сам мама Кај мајка ми оди сам без страв, дома се плаши уште од тоа викање не овде ке падниш, не онде ќе падниш, исто свекор, свекрва исти се, му реков на сите 3ца никако велење НЕ ТАМУ одете по него и пазете го ама НЕ не велете му, па еве го сега и дома почна да оди повеќе сам, стабилен е скроз, застанува, се завртува, седнува, мн е интересен, дење е супер ама кога иди време за спиење др дете Сношти во 1ч заспа до 7ч ич не се разбуди, па презаспа одма и во 9ч јас заминав на работа уште спиеја со мм
Добар ден Од прееска се канам да излезам и никако да мрднам од дома. А треба и коса да мијам. Ми се пие кафе, ама тоа кога ќе се вратам. Маж на работа. Утре ќе биде дома па најверојатно ќе шетнеме некаде. @TeddyGrey честитки за новото работно место. Јас уште сум домаќинка. Некако не ми се бара нова работа. Сакам да им се посветам на децава. Моиве спијат до касно. Дека навечер касно легнуваат. Барем на сабајле сум раат. А тепањето ни е секојдневна појава. И јас со сестра ми сум се тепала. Моиве спијат со татко им на спална. Не сакаат со мене. А кога е он дома на глава му се качуваат. Го штипат, го стискаат, го јаваат, му досаѓаат, и др. Малото му бара сестричка. А овој - Тато прави само братчиња. Убав ден. Се читаме покасно.