1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Седам до маженцава мои ги чувам некој да не ги земи додека дремат.

    Дете пак прави фестивали само да не дремне,ама ако кога ќе заспие спие 2-3часа.И понекогаш јас го разбудувам.

    Овие денови милина ни е со снегчето.Ем снег ем сонце копаме во снегот,правевме снешко,се гаѓавме со топки од снег.Но ако падниме во снегот или да фатиме со голи раце снег одма си одиме дома.Му студело во рацете и не сакал да биде "валкан од снег"

    Стигнаа резл. од дете има стрептокока во очи. Одамна не немаше нешто фатено,па мораше пак да се расправаме и со капки.Дете не лежи мирен со триста маки капки ставаме,еден го дружи, друг му става.Вика дека не сака и дека ќе ги фрлел во канта само да не му капиме.

    Да ви ги кажам и лудориите на дете од четвртокот.
    Бевме во ресторан на ручек/вечера,дете 5 минути мирно бајче.Ама после му одеше на маси на луѓето,Си вртеше крукчиња околу фриждерите,играше на музиката,дури и запеа песна ама страмна Бетмен од Слаткар.Пропаднав во земја,мм одма стана го зеде го искара ам што ако пак си продолжи со песната.

    Од мм братучекта му децата му ја пушто ја и децава знајте тоа што треба не го меморираат,ама за вакви глупости одма му влегува во главчето.

    Играчките што ги носевме му се испули по две минути на сите и толку.Му дадовме тел,не успеа и тоа со телефон стана и играше,нона крај си правеше селфи,баш кога требаше да станиме и да си одиме.Па не сакаше да си одиме убо му било во кафана.

    Одам да ги разбудам душичкиве мои,дете да јади и ќе одиме да изпазариме за јадење,оти фриждерот е празен како да се преселуваме некаде.
     
    На Happyinlove, Mari*, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Хај:hai:

    Што убав денов, а јас со мали дома.
    Мм на работа е денес, а јас сама ниту количка можам да изнесам, ниту да се симнам:|
    Ваљда утре ќе шетаме:)

    Многу сум си заљубена во бебо:inlove:
    Како ми расте, така се посовршен ми станува и многу му се радувам.
    Почнува да си ги тегне нозете, и да си ги става во уста. Уствари уште многу малце му фали, едвај се мачи од буцкастите бутчиња негови:inlove:

    Најнова сладурија што ја прави е кога го бакнувам со очињата гледа настрана и таков насмеан седи мирен додека не завршат бакнежите, абе милина:l:

    Денес цел ден на под се тркаламе, се ни е расфрлано ама и така нека си биде. Ништо не чистам:smirk:
    Да се врати мм и идам под туш што ќе трае додека снема вода, тоа е нај филинг сега:D исто како на Малдиви да сум била:makeup::D

    Поздрав:l:
     
    На Milaаа991, Happyinlove, Mari* и 25 други им се допаѓа ова.
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Добар ден ,
    Денес и не баш добар, одма ме фаќаат нервози па си пиам витамин б.
    Малата се исипа овој пат од киви и тоа не и давам првпат, за 5мин стана црвена околу уста па и егземата под око и се вцрвени жар. Во паника и дадов сируп па се слушнав со матичната, ми рече немало потреба сируп, е и си испозамарав една членка што секогаш ми се наоѓа во зорт, мора да те пофалам @Annath, фала жено што ме трпиш:$
    Таман се смирив и ја ставив мусаката во релна ми се распарчи садот на милон делчиња, испука во релната :nod: Отиде јабана и ручекот, па господ здравје да му даде на мм, набрзина измисли ручек. Ќе го пофалам во соодветна тема :mm:
    Сега малата се успа, па да стане планираме да одиме малку кај татко ми, немаме мрднато од дома. Само круг околу населба и дома.

    Малата дава чекорчиња само кога ќе види дека некој ја чека на другата страна, ама ќе се престраши кај и да е. После кој ќе ја задржи ^_^, не дека вака можам.

    Поздрав мајки.
     
    На Milaаа991, Happyinlove, Mari* и 22 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.507
    Допаѓања:
    37.763
    Пол:
    Женски
    Кај мене малото побрзо прооде. На годинка. А поголемиот на година и 2 месеца. Од пелени касно ги одвикнав. Со вадење заби немавме проблем. Само еднаш со температура. Ама помалото не сака да види забар. Плаче, корне. Три пати беше и оттогаш фати уплав. А има расипани заби. Едвај го терам да ги мие забите. За јадење нема проблем. Јаде скоро се. А големиот треба да го молиш да јаде. Затоа е слаб. За дружење нема проблем. И двајцата се друштвени. Со сите си играат. Летно време не можеш да ги прибереш дома. Како мали одеа во раце кај сите. Големиот ми е проблематичен кога ќе дојдат гости. Имам еден братучед кој секогаш им носи по нешто. А влезе кај нас дома големиот одма му вика - Што ми донесе? И ако не му се допадне поклонот одма му вика - А зошто друго не ми донесе? (facepalm) Постојано му зборам така да не прави.
     
    На Ano, Happyinlove, marchi-cool и 13 други им се допаѓа ова.
  5. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    22.597
    Пол:
    Женски
    Здраво,како иде саботно?;))
    Струјата за сметка и мене ме дамлоса кога ја видов.Повисок а од лани оВа време. Ама сушарата влече струја,тоа е.
    Денов денес некако безвезе ми е.Бев на роденден,истерав ручек без да готвам ама некако онака ми е ..Добив,па валда хормони дивљаат.Ама да се пофалам,овој пат никакви менструални болки.Изгледа вежбањето си влијае позитивно.
    Дете е периодов занесено по лего.И доби за роденден 5кутии,и со цел памет му докупив уште едн кутија са ајле,од мерак. И јас сум за ќутек.
    Не го спомнав роденденот кој му пројде пред некој ден.Супер поминавме.Во игтотека,цел пакет со се торта.Јас со фриз и пминка,ко гостинка си отидов.И нагласив,роденденот е тогашво игротека,за после по дома чување тирта нема да има.Неможам јас со денови гости да прибирам.
    Поклоните скоро сите ги бендисавме.Имаше некои тренерки не по мој вкус...
    Сега дете игра со татко,јас ќе претрчам до космо ,ми треба козметика скоро се,а со дете нема шансинда разгледувам....
    Овој маж ми некаг е такво срце од човек, <3
    Поззз се читаме
     
    На Happyinlove, Mari*, Sexybaby86 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.507
    Допаѓања:
    37.763
    Пол:
    Женски
    Роденден им славам дома. Скапо ми е во игротека. А и немам мали деца за игротека. Од градинка/школо слабо идат. По 2-3 деца. Е па за толку не ми се исплаќа да изнајмувам простор. Ги викам дома само најблиските. За поклони не правам проблем. И да не е облеката по мој вкус пак ќе му ја облечам. Добиваат и играчки, а највеќе пари. Стандард парите одат на книшка. По родендени слабо идат. Не им се оди. Освен кај најблиските.
     
    На Happyinlove, Mari*, marchi-cool и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.820
    Пол:
    Женски
    Поздрав и од мене женски.

    Последен ден втора смена за оваа недела,уште 20тина мин и да фаќам штрафта.

    Ми се јави ќерче сега од кај мајка ми.
    Она:Алооо
    Јас:Алооо,мама шо праиш?
    Она:Мамо цицо. Папаааа,тао.
    И ми изгаси :|
    Пак им ѕвонам.
    Јас:Абе мама зашто ми исклучуваш, шо праите со баба? Си играте?
    Она:Да
    Јас:А сакаш мама да си дојде?
    Она:Мамо цицо. Таоооо
    Пак ми изгаси :rofl:
    Во иста секунда кога вика чао стиска на црвената слушалка.
    Е не,ќе се замара со муабети 8-|

    Мм ме подружи малку на работа, купил сендвичи со вешалица 8-|
    Му реков уше овој сендвич да го смачкам и од понеделник на диета.
    Ми вика:пак??? ]:)
    Да,по 1000ти пат.
    Си купив три нови пролетни кошулки па нема смисла со стомаков да ги шетам,ќе речат трудна е пак оваа..:(

    И така.
    Спиев само 5 часа синоќа,очи ми паѓаат...
     
    На Milaаа991, НаталиЛили, Sofi.ja и 25 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.507
    Допаѓања:
    37.763
    Пол:
    Женски
    Чешлав коса. Еден куп влакна ми испопаѓаа. Знам дека е зима, ама ова ме зачуди. Пред 4 месеци се шишав и многу ја скратив. Поубаво ми е вака. Полесна е за одржавање. Ама последниот шампон што го купив го утнав. Ми ја мрси косата и ми создава првут. Да го потрошам па ќе барам друг.

    Децава ич не сакаат да зборат на телефон. Кога и да се јави некој и да ги побара, они бегаат. Само игри ги интересираат. Малово шета босо по дома. А на паркет е ладно. Затоа после ќе кашла како коњ. Изиграва спајдермен. Цело време прави соблечи-облечи. :rofl: Се научил да се крие по дома. Или е пикнат во плакар или во некоја кутија. Големото појди замини....удри го. Па после се тепаат на велико. Големиот често знае да рече - Зошто ми роди братче. (facepalm) Сака се по негово да биде.

    Одам до продавница. На моите термити им се јадат стрволинки. :D Најголемиот е најлаком. Цела кутија колачи ја јаде за 5 минути. (facepalm)
     
    На Happyinlove, Mari*, marchi-cool и 14 други им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.055
    Допаѓања:
    24.304
    Пол:
    Женски
    Еве пак јас да се пожалам, испадна дека е херпес зостер :( имав назад на грбот молчиња ама милев дека нешто полазано не обрнав внимание, денес бев на итна за топчето и му ги покажав мозолчињата, ми рекоја дека му личи на херпес зостер, после кај кожна док бев ми потврди и ми рече одма да почнам терапија, 3пати по 4 апчиња ацикловир плус неуробион, страв ме фати. И кажав дека дојам ми рече: -На здравје нека му е ама поќе доење не :x:(
    Јас планирав да го одбивам секако ама вака со сила не, баш ми падна тешко, сега уште вечерва сакам да му дадам да цица, само 4 апчиња се напив пред 4 саати. Навистина ми е тешко ;(
    Исто ми е страв да не прошири назад на цел грб, многу болело, уште ова ми фалеше, изгледа почна да јавува стресот, неспиењето :worried:
     
    На Happyinlove, Mari*, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Тогаш јачење имунитет ти треба. На детево му треба здрава мама.
     
    На Happyinlove, eli25, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Ај види во листата лекови, дали не може да доиш ако ги примаш.А може има соодветна замена.
    Со оглед на тоа што сигурно си била во битолската државна болница, само таму има кожно, а не си ги бива луѓето, ептен се застарени.
    Во однос на доење, многу од лековите се дозволени. Листата ја има на интернет, а постирано е и на форумот во тема доење сигурно.
     
    На lackygirl, 24.07 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.174
    Допаѓања:
    178.235
    И јас го имав на грбот херпес зостер и да ти кажам не е наивна работа
    многу боли
    остај доењето земај апчиња
    земи пиј тоа што ти препишале и не се прај јунак
    со месеци после под кожа ке имаш топчиња од херпесот
    со ацикловир не се дое
     
    На FreeMind, lackygirl, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.507
    Допаѓања:
    37.763
    Пол:
    Женски
    @lackygirl пиј апчиња и не се зафркавај. Ќе си направиш проблем. Знам дека ти е криво за доењето, ама на детето му треба здрава мајка.

    Јадам како дупната. Одамна не сум се качила на вагата. Гарант е поголема бројката на килажата. Да мавнам еден туш, па после да уживам.

    Поздрав џенски :hug:
     
    На eli25, lackygirl и happygirl им се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Нека мине Лаки брзо, и јас имав позади кај вратот, ставав само Ацикловир крем и ми помина. Јас го имам постојано на лице, но кога испадна на друго место докторот крена паника, но кожниот сепак не ми ги препиша апчињата. Почнав да се хранам здраво, многу овошје и зеленчук. Витамини пии, шумливи.
    Screenshot_20200208_224232.jpg
     
    На BirMelek, SummerGirl и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.174
    Допаѓања:
    178.235
    тоа ти шо го кажуваш се две различни работи
    на лице е еден вид на херпес неопасен
    а на тело е друг вид на херпес опасен
    херпес зостер и херпекс симплекс се две различни работи
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    9.637
    Пол:
    Женски
    Свати го сериозно, и не го гушкај многу детето бидејќи се пренесува вирусот. Нека поминува брзо и лесно. Штом дошло нема друго, мора да се лечи.
     
    На FreeMind, SummerGirl и lackygirl им се допаѓа ова.
  17. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    14.364
    Пол:
    Женски
    Добро вечер

    Маж замина на работа, а јас демек ќе гледав филм. Како си се загледав во телефонов, ни филм ништо се виде. Батеријава на 12% ја донесов. :| И ај реков да си пишам овде да си се пожалам. :)
    Малото ми настина. Го доби првиот антибиотик. :( Скоро 2 дена имаше тт, грло малку црвено, кашла буфта и полно шлајм. Ќе си пукнам од мака. ;( А тамам се израдвав дека не го фати и него. Па и овој скок истовремено мораше да се погоди. Па така цел ден е в раце, само плаче, кенка, едвааај заспива со нишање, само да го легнам се буди или плаче шо е легнат и пак крени го, нишкај го, само и само да поспие. :( Ноќеска 6 пати стана. Вришти корни мислиш прегладнет, а не поминале ни 2 сати. Му давам, 2 голтки, заспива. По некое време пак исто. Убо си спиеше по 5 сати, па се смируваше едно време со цуцето, сега ни то не го сака, уште појќе се лути ако му го дадам.
    Згора на то и големиов се буди, па плаче, крени ме и мене, нишкај ме мене... Сношти мм 2 сати го нишаше, не престана со вриштење. Комшииве ќе помислат го колиме. А буквално ништо не му прајме, само го држиме в раце, а тој се дери "немооој, не прај ми така". Долго време трае оваа фаза, ќе се шекнам од него. Има ноќи си спие без проблем, ама почесто се со плачење. :envy:

    Јас на 25 се мажив. Не ни се брзаше за деца, но фала Богу немавме проблем со зачнување ко се решивме, одма фаќаше. :$ За второто дури уште не знајме како се случи, немавме ни во план баш тогаш, планиравме ко ќе се вратиме од 3 месечното шетање. Е нема како шо сакавме, наместо то, трудна појдов и се вратив. :rofl: И така, на 28 го родив првото, на 30 второто. Едно време бев убедена дека ќе имаме 3 деца, ама нека дава Господ кај шо нема, мислам доста е. :D Не би можела пак да поминам низ бременост, раѓање и се шо следи понатаму. Мислам уште ја осеќам болката од сеченото. :( А и хронично ненаспана сум, очајно ми фали непрекинат сон од барем 5-6 саати. (waiting) И одмор на рацеве од нишање. Еве големово 2г и 4 месеци, уште го нишам и нема шанси поинаку да заспие, секако сме пробале. :|

    Конечно се шишав. Пред појќе од 1 недела. И боја сменав, маж одамна ми викаше копер да се фарбам па ај го изненадив, да му го напрам кејфот. Си се свиѓам и вака шо е за право уба ми е. Само локните шо никогаш нема да ми се вратат. ;( Скоро па ич ги нема, појќе е како брановидна отколку виткана. :(

    Леле пак се распишав. А ми се јадеше благо. Ништо, касно ми е, ќе си почекам до утре. :( Сакам стомачево да го намалам, друго се ми е вратено ко пред бременост, само мааало меше ко со салце шо ме нервира. На маж па слатко му било и мекичко. :o Бегај таму, какво слатко, јас не го сакам. :)

    Ај да си легнам. Добра ноќ (highfive)
     
    На Happyinlove, Mari*, marchi-cool и 19 други им се допаѓа ова.
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Пишав последен пат дека ми испадна на тело, не на лице и го излекував со Ацикловир маст. Знам дека се различни затоа и матичниот ме препрати на кожен.
    Како и да е на неа останува да одлучи.
     
    На SummerGirl и lackygirl им се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.055
    Допаѓања:
    24.304
    Пол:
    Женски
    Фала ви женски на сите, јас ги почнав апчињата одма, многу болело велат сите, сега ме пржи кога се мачкам со еозин и со пудра, се надевам нема да се шири.
    Докторката ми рече дека овај херпес зостер не се пренесувал на друг, се јавувал од паднат имунитет, исто за витамини ми кажа да внесувам повеќе овошје и зеленчук.
    Точно 14 месеци доење, 14кг е малиот, се јади, само што освен вода ништо др не пие, мислам и дека доста е доење. Со тешко срце ова го кажувам.
     
    Последна измена: 9 февруари 2020
    На Milaаа991, Happyinlove, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пишам денес подетално за ова мајка ми го имаше и знам дека не смееше да дојде овде поради малата. Се пренесува ако го чепкаш и не измиеш раце. Најчесто е на грб. Не го чепкај, под итно со апчиња зошто не е интересен.

    Слаб имунитет имаш крш си напраена. Мораш себе си да се дигнеш. Знам дека ти е тешко али потоа ќе биде се подобро за двајцата. Мене после доење светот ми е поубав и неа. И кај тебе ќе биде така. Не си создавај грижи каде нема. Те гушкам најсилно на свет ти си јака ајде кревај се од под.
     
    На Mari*, SummerGirl, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.