@lackygirl треба многу хигиена местото да биде покриено малиот да не случајно го фати. Вирустатици за раце дезинфекција и за површина земи од аптека. Не треба да се чешаш и нема да има проблем. После третман рацете на миење да не се фаќа површина со нив. За две три недели ќе бидеш како нова. @Chanell* почна да чисти да не ја мислиш Правосмукалка треба да купам оти се беси на мојата.
Не се пренесува како херпес зостер но може како овчи сипаници, најчесто кај деца што немаат прележано и кај лица со намален имунитет. Мачкај и пиј се што ти дале, ако имаш болки најчесто даваат комбинација на диклофен и диазепам бидејќи вирусот напаѓа во правец на нервните завршетоци. Работи на подигање на имунитетот не само сега туку и во наредните 3-4 месеци. Потребно е околу три недели за да се исушат и паднат крастите. Нека поминува побрзо и лесно.
Добро утро. После долго време кафе испиено заедно со мм,појадок офукан. Сега чекам мм да заврши со декорирањето на вино и да го фатиме патот накај мајка ми. Наш пријател отвори ординација па мм декорира вино како подарок. Кога ќе биде готово ќе го пуштам да го видите,и куќичката не сте ја виделе,па заедно ќе ги пуштам за ден-два. Маже конечно сфати дека работното е 8 часа,Еве недела дена не оди приватно да работи и подобро му.Има утре еден термин на приватно,оти државново здраство ни е катастрофа,термин после еден месец.А нешто кога те копка од внатре како да чекаш толку. Маже вика да се спремам бил при крај.А јас имам и алишта за спружирање... Одам имајте убав неделен ден со вашите сакани.
Добар ден мајки Нас денот ни почнува со ова: Zlatno slavejce - Zlatna Bubamara MEGAMIX 2012 (vo cest na Vasil Kunovski) Јас фаќам ритам со траскалки Многу се радуваат. Беблаци тераат дремка, ние со мм куваме ручече уз чаша винце. Посебно ги сакам неделите откако ни се прошири семејството. Близначињата почнуваат да се радуваат еден на друг веќе, мислиш си зборуваат. Кога ги ставам еден до друг обавезно се допираат за рачињата. Очигледна е веќе поврзаноста меѓу нас, ако ме нема во соба ме бараат. Секое мое движење го пратат со погледот нивен. Ме пијат со очи. Како само ме гледаат.... Среќа неизмерна.. Многу било убаво да си мајка. Најубаво и најтешко во исто време. Најмагично нешто. Само мајка го знае тоа чувство. Сум била многу сиромашна пред нив. Се прашувам како сум живеела? Навистина искрено посакувам секоја жена што посакува да биде мајка, да биде мајка! Ниту една неостварена да не постои. Навистина го молам Господ за тоа. Надвор сонце, ама со заби. Сакав да ги изнесам во двор ама се премислив. Сношти касно ги бањавме. Јас и мм помокри од нив Али, уиграни сме, за 40 минути максимум тип-топ се и двајцата. Еххх, го памтам времето кога бев флегма за се. Така убаво на тенане кога правев се. Сега сум на турбо уклучена, се за екстра кратко време е завршено. Ритуали имав кога мачкав креми и пудри, сега за 10 минути сум со облечени чевли Инаку, на 14 месецов сме на контрола кај Дума, молам Бог крварењето да е веќе повлечено. На 18 сме на вакцина. Ќе си пукнам. Здрави деца носам, болни враќам. Кенкави до максимум. Отидов јас да ѕирнам рерна, да не останиме без ручек, а таман се пофалив дека сум брза и спретна Убав ден мајки, уште поубава ноќ имајте
Дојдов да се пожалам дека ми фали ден од викендот, или евентуално деновиве повеќе саати да траат! Неделното утро само за мене и дете беше,маж отиде да спортува по планините.Изнакупи спортски ствари од ранец,специјални панталони,марами,блузи,подкошули...Јас не ни знаев дека постојат вакви ствари) Пред брак,ептен беше со распоред и активности,ама и извајани мускули. Е после дете дојде, и се крати нели од времето.Ама полека се враќаме во форма и тој и јас. Него да кажам како убаво ми е со детенцево.Се заигруваме,се разбираме.Меморија игравме,па после морав до продавница За раче фатен,без тегнење си отидовме заедно.Реков смееш само едно нешто да земеш,и одбра лижавче.Умен на мајка <3 Го сакам луѓе бесконечно многу! А за јадење,се по ред,и цедено овошје и малку блашко...Ама јас ко што си го чувам ,ни баба ни жаба знаат. Па игравме и со коли,ама и боите на англиски го учам.Одлично си збори,така да добив зелено светло да почнам со англиски. Ручекот изеден,малку да ве прочитам па покасно со маж и дете сакам да седнмам некаде на кафе. Ајде...до покасно....
@tarantula и јас го мислам истото. Верувам дека и секоја мајка го мисли. Како мајката што си го чува и гледа детето-никој. Јас и мм многу убав ред си фативме. Кога ни се плетка плус човек-имам чувство дека сме во безредие. Мајка моја да е жива и здрава доаѓа на помош, јас и велам алишта да ми потсреди. И евентуално ако закенка едното, а јас го хранам другото да го подржи. Не сум тип што сакам друг да ми ги облече или нахрани децата. Јас си ги знам како дишат... Едниот е поспецифичен кога јаде, друг нема, ама нема шанси да го нахрани. Ждригнува на 60, па на 90, па на 120мл се додека не лапоса 180. Свеки јасно ми го знае ставот и затоа кога ќе се каче горе кај нас, само ги тумка и си поигрува со нив. Може и како мене не бива, незнам. Ама ете, таква сум. Еднаш мајка ми ги чуваше, жената се препоти. Иако три внучиња од брат ми изгледа. И уште гледа. Али со две бебиња во исто време се е подруго. Страшна организација треба ако нема друг човек до тебе. Ние ете преживеавме 4 месеци Додека бев бремена 100 прашања ми се мотаа во глава. Сите од типот дали ќе ме бива за мајка. Од прв ден од кога ми се дома, точно знам што и како да правам. Тоа е тоа што го викаат постарите. Мајчинското во нас проработува по првата прегратка. Од тогаш, само ти знаеш што е најдобро за твоето бебе. Секоја мајка си е најмајка!
@FreeMind Да ги удружиме момите и да си ги испружиме нозете на маса Вакви мерклики за чистота.. алал на мајките Мојата сега ми е право помошниче, вади сите алишта од машина,става други,подава штипки.. Ми го олеснува секојдневието за 50% Она спие јас и украдов Монте, и пијам кафе.. ми годи тишинава..
Ќе почнеме да си се лигавиме колку ги сакаме децата? Добар ден. Од сабајле правевме палачинки, читавме, игравме, па излезе со татко и на прошетка да се истрча. Ако не излезе збеснува по дома, почнува да фрла работи, да се пентари и генерално не знае што со себе и вишокот енергија. Нов хит ни е новата од Дуа Липа, Physical, ми се чини по цел ден ни пее, кога вика You got me feeling diamond rich ќерка ми мисли дека вика diamond witch и почнува да писка wiiiitccchhh, вештеркаааа и бега и се крие. Леле колку е смешна, ќе си пукнам. Па после продолжуваме да играме на музиката. Во кола кога свири радио обавезно ме прашува дали сум ја слушала песната, дали ја знам, па она кажува дали ја знае, ако ни се погоди некоја журка правиме, татко и до даска пушта и сите пееме. Некогаш ептен знае да ми ги притисне копчињата, само како дете што умее и никој друг, ама поголемиот дел од времето ни е забавно. Гледам да си играме, да се смееме, да си уживаме и двете. Навечер легнуваме и се оптегнуваме на кревет цели и си воздивнуваме кревееееттт.... Како којзнае колку да сме се умориле. Имајте убав ден сите, исполнет со смеа.
@bela.m Сега те прочитав, колку љубов ти зрачи од постот. Многу сакам вакви мислења да читам. Се соживеав со моментите како јас да сум таму со близначињата. Цело време насмевки ми мамиш кога те читам. И јас сакав многу близначиња, желбата тешко остварлива, ама преблагодарна сум на ова што го имам. Ја имам и јас истата желба за секоја жена што сака да се оствари како мајка-срце под срцето, полни раце бебиња. Сакам папагалче, тигрица. Многу ќе се радуваат децата, знам. Не споделувам ваква желба со домашниве, оти веројатно е невозможна, мачка имам. А еве веќе неколку дена имам опсесија со папагалчиња и мачки на јт. Ќе остане само желба. Дали можам да рачунам официјално почната фаза на лазење? Добро, не е класично, се влече. Си помага со лактот. Почна вчера. Два дена претходно седеше на колена у кучешка поза и се клатеше напред назад. И наеднаш се фрлаше напред без помош од рачиња. Замишљав страшно како ја мава главата и носот и сВе. Ама го оставив. Се смеевме со мм оти е припрема за лазење. Он движеше потпрен на рачиња и влечење, ама само странично, како во круг. Какво ми е најслатко и најсмешно, такво мало, само за гмечење. Мислам дека уште не му е јасно што може да направи. Иде само по играчка ако му е подалеку и секако по мачката, иначе не е нешто мотивиран да го бркаме низ стан. Превозбудена сум, само сликам и само снимам. Сакам и јас чаша вино, сакам добро коктелче, сакам цигарче со кафето, си ги сакам старите пороци. Ама ќе почекам да завршам со доење, ако се трујам, да се трујам сама. Прегладнев. Отидов да јадам. Изгубив тука повеќе време, на рати пишувам.
@lackygirl да не се изненадиш ако малиот ти фати сипаница. Вирусот го имаш, лесно се пренесува, е сега до имунитетот е дали ќе развие малото варичела или не. Со лесно.
пиев сумамед примав и инекции и доев. Бебчо се разболи и само на цицање висеше немав срце да му скратам тоа задоволство. Напоредно тоа примаше инфузии после и антибиотик така да не гледав причина да не дојам. @lackygirl со помин нека е. Добар ден од мене. Недела било. Се изгубив во времето и во просторот. Излегов од секаков колосек. Болна синки на смртна постела сум лежела. Полека фаќам чекор со целосно опоравување а дома шлог ме мава,хаос алишта расфрлани за диплење алишта расфрлани за перење мијалникот фул... Гледам прво бебчо да фати ред, вистина најбрзо оздраве ама уште не е вратен во нормална рутина. Битно е здрав. Весел. И со воведувањето на дохрана сме изгубени. Ред нула. Да пројде уште овој ден. Утре ќе биде уште подобро.
Добро вечер. Уморна сум и претепана, и психички и физички На "помош" доаѓаат и свекрва ми, мајка ми, золва ми, а се чувствувам како да немам помош воопшто, како потешко да ми е. И малово не ми е научено на гужви, се си плаче пустото. Сите ми викаат си го разгалила затоа сака во раце,и кога е време за спиење треба да го оставиш само да заспие без да шеташ по соби и песни да пееш Не луѓе моето дете не е разгалено, само има потреба од мене, и неможам да го оставам да вришти без да го земам. Или можеби се во право? Инаку последниве денови ме боли срцето. Пред да родам сакав многу да дојам. Во болница ми дојде млеко, утоп бев, бебе фати само првиот ден, и потоа нејќеше да цица ни со силиконски ни онака.. Си дојдовме дома исто беше, дете гладно пишти на града, нејќе да фати да цица, истиот ден свекрва ми вика оди купи адаптирано, млеко нема да имаш, маж ми купи и си почна така. Млекото од ден на ден ми го снема.. Сега многу ми е криво што не дојам, ми се плаче од помислата.. Дали дека прворотка, неискусна и незнаев чаре да си најдам.. си се обвинувам секако себе, зошто не бев упорна. Малце забегав со муабетов, избришете ми го постот ако треба. Успав бебе, елката ја откитив, утре следува чистење. Да се среди станот.. Треба да дремнам ама сон не ме фаќа, ми доаѓа само кога бебе ќе стане. Ај добра ноќ.
Neka se zdravi i zivi na site decinjata, koga ve citam so bliznaci, eden merak taka mi se pravi za dvecki odednas sto da vi kazam. Ako se fati i edno e ok, no za dve odednas odaekogas sum bila meraklika. Koga ostanav bremena so najubavata moja mi rekoa deka bile dve, no edno ostanalo i i b mi bese krivo, sebutepavme od po bolnici odenje i terapii za i nea da ja imame. Se nadevam Gospod ke ne blagoslavi bar si uste edno pravo zdravo, mada moze i dve. Dobra nokj, odam da im se priklucam na mm i lepoticata moja.
Хелоу Денес го искористивме денот максимално. Ги однесовме децата во парк. Се изнатрчаа. А и се валкаа во песокот. Правев крофни. Скоро сите отидоа. Маж кога им седна партали ги направи. Сега чекам да почнат Оскарите. Имам и нешто за подзачистување, ама тоа утре. Ме чекаат алишта во корпата. Треба да ги пружам. Не спомнувајте за помош. Поубаво ми е откако ги чувам сама децата. Никој не ми виси над глава. Имам пишувано дека само татко ми ги чува. Сакаат со него да седат. Од другиве двајца не очекувам ништо. Свекрвата еднаш дојде. Кога се породив со поголемиот. И ништо не помогна. Само седеше на кревет и го држеше детето во раце. И ми држеше лекции како да го чувам јас. Оттогаш не дојде. Едната јатрва кога се породи од старт ја измаршира. На неа не смее да и писне. Уплав има. Така и треба. Мораше некој да и го дотера умот. Децава многу почнаа да кашлаат. Утре и двајцата на лекар ќе ги носам. Времево е лудо. Поздрав
Добро утро Капа симнувам на сите што имаат по две во исто време, ама јас ич не сакав за себе, и кога бев трудна барав докторот да ми потврди дека не се две за да бидам раат. Џамбазкава што ја имам една е, ама ко за 3 вредна. Жива и здрава да ми е бебла, ама ич не е лесна, па со уште една ко неа ќе полудев. А кога ќе ми текне дека плус помош треба да ми се вртка по дома ноу ноу. Вака сами со маж ми е најубаво. Сакам јас уште двечки ама едно по едно. Живеам за овие будења на утро. Ќе се разбуди па ќе ја приберам меѓу нас. Ќе ме гледа со тие сафирни очиња и ќе ми се смешка, па ќе подаде рачиња и ќе ми го допира лицето. Јас ќе и ги бакнувам гласно, а таа ќе се закикоти. Па ќе се разбуди маж и ќе почне да ја гушка. Одсекогаш сум ги сакала утрата. Иако претходно ми биле многу поразлични. Многу ми е криво што татко ми не дочека да ја запознае. Месецов иако ми е еден од поубавите, истовремено и еден од најтешките ми е. Уште еден помен за него. А колку многу ќе ја сакаше и мазеше... Болка ми е и тага ми е што ги немам двајцата во исто време... Сакам само да затворам очи и да дојде Март... На поубавата страна, се радувам на почнувањето со дохрана. И едвај чекам на фацките со секој нов вкус. Се будев нон стоп ноќеска и ги ѕиркав Оскарите и многу, ама многу ми е криво. Заслуживме бар еден оскар. Ама тоа е што е... Убав почеток на новата недела и уште поубав ден ви посакувам.
Јас мислам и херпес зостер може да искочи на лице. Особено околу делот кај очите. Стварно, да имав близначиња до сега може излудена ќе бев. Едното заспало, другото плачело, го разбудило првото. Каде попрво? Јака ви душа жими се. Јас може сега од некоја психијатриска ќе ви пишував. Ама вака кога читам и замислувам како се гледаат меѓу себе, си ги допираат рачињата, се откриваат, се воодушевуваат едно на друго, ми се враќа старата желба за близначиња. Јас увек сум сакала 3 деца. Додека не ми летне памет на уште едно, па фудбалски тим да си направам. Кој што прави, јас секое летенце, детенце. И ние сами ги чуваме. Нема толку слобода како што би имало со помош, ама нема ни мешање од страна. А и не сум таков тип да го дозволам ова второво. Мене ме нервираат муабети од страна како, нека плаче, не го кревај, ќе го научиш вака или така, па за доењето, имаш ли млеко, гладно е затоа плаче. И тоа овие муабети доаѓаат од сосема небитни особи што ги гледам тук там во животов. Стално поминуваат без коментар од моја страна, оти како што реков, небитни се и немам намера да објаснувам или не дај боже да се правдам за нешто. Да шмркнам кафе набрзина и да јадам. Прегладнета сум во последно, како јадење да немам со очи видено.
Добро утро накај добар ден е веќе ама ај. За некој каша за некој јако кафенце да се освести. Бујрумте. Вчера доцна си легнавме со малиша као демек некој ураган ќе фаќаше ни У од ураган немаше добро е. Сега се натезаме да одиме во маркет бо малиот не сака вика ладно надвор ветер дува ќе ме однесе некаде. Ова од вчера додека бевме надвор кога фати еден ветеррр брр па и ладен а мали одалечен од нас на 5 метра и кога зема да плаче да урла узбуна имаше се исплаши од ветрот. И сега не му се оди надвор. И така викенд помина дур да трепнеш. Маж на работа а јас со мали се чудиме што со себе. Дур јаде тој јас кафето и фемина да фатам и ако убедам да излеземе малку. Туку сакам близнаци многу а од скоро и малиша само да ми родиш две бебиња и братче и сестре вели две едно мушко едно женцко. Ахх и јас колку сакам да му родам ушт3 едно макар ама сеуште нема ништо и мн ми е криво. Но се надевам дека некогаш и јас ќе се насмејам со две цртки . И така.
Ајде добар ден и од мене Да кажам збор, два и јас додека деца нанкаат. На 23 години се веривме со мм, на 24 по 1 година правевме свадба, на 25 родив, по 1 месец направив 26, а сега имам 27. Млада сум не дека не сум, но ептен се чувствувам остарено, дали толку ме исцрпува темпово на живот. За се нешто брзам. Погоре една членка пишала си правела се натенане, да и јас таква бев се сакав пополека како што треба, а сега се сум во трка за нешто. Паднала тема и близначиња. Искрено посакував, но не мислев дека ќе ми се оствари. Така да лабава си бев на таа тема. Јас сум човек што се гледа и финансиски. Имав убав живот, можев се да си припуштам што ќе посакам. Близнациве не исцрпија доста, не дека не можеме и поефтино да поминеме, но не сакам ништо да им фали. Како растат и трошоци ќе се зголемат, но се ќе биде! Тие се нашиот мотив со мм за да се трудиме повеќе во животот. Во поглед на нивно растење, имав голема помош и од мм и од свекрва ми. Кој како можеше помагаше. Јас помош не одбивав, но секогаш и сеуште мојот збор е главен. За секое едно нешто мора да се прашам прво јас. Првите 3 месеци многу западнав, најтежок период во мојот живот. Тоа е можеби онаа постпородилна депресија, не знам... Но битно помина и преку ноќ се сменив. Можеби влијаеше што ќерка ми беше голема плачка. Некогаш не можев да ја смирам, па дополнително се нервирав. И ден денеска малата карактерно е потемпераментна. Море и двајцата се, но успешно се справувам. Денеска ја почнавме втората недела од градинка. Добри се јадат веќе не им прават проблем, малиот воопшто не плачи, а малата потплакува. Всушност таа е спанка и сеуште преспива 2 пати во денот. Мора да се укини втора дремка па така денеска 10и20ч си ги зедов, дома почнав да ги занимавам, но малата беше незаинтересирана, а малиот си возеше количиња лабаво, баш беше заигран. Почна спанкава моја да ми задремува на под, пуштив песнички на тв да издржи уште малку. Седна на гарнитура и како што гледаше ја наведна главата. Заспа во 11и20. Како да ја држам будна до 12ч? Го заспав и малиот за да си тераат исто и двајцата. Еве ги почнаа да се будат, а само 1 час помина. Како ќе издржат до вечер не знам...
Хелоу Носев деца на лекар. Малиот е добар, а големиот не. Утре ќе го носам да му испитаат крвна слика. Денес на дневен ред чистење. Нема крај. Како што поминуваат годините се повеќе се нервирам. А не треба. Маж по цели денови на работа. Затоа јас дадов отказ. За да ги чувам децата. Како што растат се поголеми барања имаат. Одам да правам кафе. Се читаме покасно
Хелoу друшки Лани на oвoj ден бев неизмернo среќна, видoв две цртки а еве сеа лежам и ме пoсматраат две oчиња . Демек ќе дремнев сo неа ама имам некojа сува кашлица Немoжам да спиjам ,а и кoга ќе заспиjам будам бебе oд штo кашлам. Утрoвo имав некoи oбврски jа oставив каj свеки, седеше сo неа oкoлу 3 часа. Сакам да се учи да седи, заспива, игра и сo други. Факт е дека маjка си е незаменлива. Мнoгу ми е смешка да не jа урoчам, па и кoга се смее jа клати цела глава . Рацете денoвиве ги вади oд уста самo за спиење . Читам се збoрелo за љубoв кoн децава. И jас незнам каква љубoв е oва самo знам дека живoтoт немoжам да си гo замислам без неа. мнoгу jа сакам бре!