Здраво. Дете и маже излезени се на воздух.Па и јас да шкртнам на рајат. Маже и покрај терапијата од една недела пак притисокот у вис,денека му ја смениле терапијата и на контрола за две недели.Се надевам дека ќе се среди за брзо. Кога сме кај маже да ги пуштам сликите што се негово дело. Нас елката ни е раскитена одамна,ама не ни е качена горе на таван,туку стои во еден чош во собата од девер ми што беше.Не и е дојден денот и на нејзе и на картоните со украси и лампиони. Стандарт понеделник мини генералака направена со мојот мал помошник.Кога ќе брише повеќе замачкува отколку што чисти ама мора да одам по газот.Оти кој ќе го слуша да плачи и да вика дека сака да чисти. И машината за алишта"погодена" мора секој ден да врти па ја пуштив. Ручек за денеска по желба на маже бело гравче. Вчера кај мајка убо си поседивме,да ви кажам се одморив.Кога и да одам таму стварно се одмарам.Со снаа ми ги отворивме вреќите од синко когабепе бебе .И не ми се верува колкави мали алишта носел синко.Дел оставивме што се зачувани и нови, да се исперат и испеглаат. По пат натаму дете се лизгаше на мразот по тротоари и некои уличина сеуште има снег.Носеше патики несакал чизми да носи.Па дете си знае дека на тренерки не се носат чизми. Се вратија,да спремам ужинка овошје да лупам.
Па да ви кажам ве порчитав сите,од саботата не бев логирана. Навистина не ми стигнува време. А не дека правам нешто многу него правам се на брзина и пола од работите се недоправени и така си отварам нова работа плус Со мали сме турбо да е жив и здрав огин е,хиперактивен е и како папагал повторува кога кашла некој и се само со џогер во раце. Ке го пратам со дадите на фрии и цица шанел. Читав за близнаци,желба ми беше како средношколка да имам,но сега мислам дека тотално би се изгубила во хаосот. А и бременоста близначка не би ја поднела . Најдов табела и си се смеев по неа ке се водам,само женско да имам. Немам признаено но длабоко бев разочарана кога разбрав дека сим бремена со машко многу сакам девојче,многу. Еве ке ја ппстирам.мене точна ми се покажа . Турбо на работа,турбо дома и тоа е. Одам сега на земја да се охрабрам и да не се плашам кога ке тресне на земја мали
@24.07 маж ти уметник, речи му браво од мене многу убаво шишето го направил. Јас сакав близначиња машко и девојче, од секогаш сакав. Ама ете добив едно девојче. Ако добиев уште едно во исто време јас ќе се фрлев од прозор. Мојата око не затвори девет месеци со две наеднаш би било погубно за мене плус сами без помош ќе се убиевме до сега. Така да добро што добив едно и доволно е за овој живот. Нека биде жива и здрава нека дава таму каде нема,а сакаат. Јас не можам да сфатам зборови од типот пред децава немаше живот. Како живеевте ами? Можам да сфатам како е сега со дете и кои чувства и емоции ги имаме али и пред детето живеевме исполнет живот со други работи. Ми звучи многу клише тој муабет не знам за вас. Плус и од страна ако чита некој што посакува деца, а нема звучи така малку безобразно како да нема живот и не знае што е живот. А доста фино, исполнето и убаво се живее и без деца. И треба да се живее зошто да не. Да не се трошат залудно моментите во тага бркајќи ја илузијата која ја создава мнозинството. Животот е толку краток. Во секоја фаза има и нешто убаво. Сликата дека само семејства со деца се хепи фемили е оддамна распукана. Има толку форми на заедници што илузорно е да се наметнува сеуште таква традиционална рамка преку социјални мрежи. Тоа само сакав да го кажам. Во сабота ќе имаме гости на ручек наши пријатели и нивни пријатели кои не ги познаваме лично али биле интересни за дружба со едно девет годишно дете што занимации би требало да му оставам на тоа дете? Со моево бебе верувам ќе му биде досадно плус и играчките се за бебе. Освен тоа се мислам што да зготвам и како се тоа да изгледа. Нели ќе се борам за наградата најдомаќинка на годината. Ќе биде фино. Ветивме во 2020 идеме на поинт социјален живот. Ми се запознаваат нови ликови ми се дружи ми се дише и остало. И еве остваруваме. Јас како преродена сум оваа година ми се врати животот толку среќна не сум била оддамна. Како сега конечно да сфаќам дека треба да живееме сите заедно. Бебето ми порасна воопшто не е напорна периодов нон стоп се движи си игра си пее. Ова ми е најлесен период досега од мајчинството начисто уживам и во улогата на мајка и на сопруга и на пријател. Хормоните ми се наредени сите, повторно се врати онаа позитивната во мене. А и останав да дружам и комуницирам преку социјални мрежи само со мили луѓе па и од нив црпам убава енергија. Она се што беше жалопојки однесов во курац уште во бременост и тоа е најдобриот изговор кој ми беше “нестабилна”. Имајте убава вечер да се закачам на пинтерес додека спие малечка да одморам очи од убавини.
@24.07 леле браво за маж! Многу е убаво шишето. Ај здравоу. Дете и маж играат, јас со слушалки на спална да одморам зошто пукнав. Деновиве мали е жив напор. Се нешто не му одговара. Само кловн да изиграваш, е тогаш е среќен. Филм му е сега да го бакнуваш по цело тело, а он се кикоти и ужива на најјако цврцко бе Близнаци за мене ваква не се. Искрено не сум ни посакала. Јас мајчинствово го сфатив како нешто за кое треба мноогу труд и пот, а и такво бебе ми се погоди. Захтевно Моја блиска другарка има близнаци, и помагав додека не останав трудна, реално претешко е. Јас капа симнувам на мајки со близнаци. Суперхеројки се. Мм се глупира почнува за второ да збори. Вика несакам да биде сам. Да си има некој во животов. Јас па не размислувам така, со брат ми никогаш не сум била блиска, иако е доста постар од мене. Ама сепак, не сум осетила некоја поврзаност. Може ќе биде и тоа, сакам уште едно, ама не сега. За неколку години можеби Сега сум исполнета доволно. Ај поздрав.
@Lianna Anna само што налетав на еден коктел кој прв пат го гледам crime of passion, а изгледа одлично: https://en.1001cocktails.com/cocktails/cocktail_crime-of-passion_362046.aspx Исклучи само рум...засега Добра тема има коктелов добра
Табелава мене за првото ми покажа грешно ,а за второво погоди ,ако не се премисли до пораѓај па да стане машко де
Добро вечер. И мене ми е клише муабетот дека пред детето животот бил празен. Вооошто не ми беше. Исполнет беше до максимум. Сега е... Сменет. Ќе менувам работа. Денес соооштив на сегашнава. Изненадување за сите. Не очекувале. И за мене беше. Во рок од неколку дена се случи се. Се мислев цел ден, ги утепав моите и маж ми и на крај одлучив. Претешка сум кога се работи за промени. Ме прашуваат зошто си одам? Секако дека заради платата. Доволно беше 3 години убивање и психички и физички за лоша плата. За 20 дена почнувам. Чудно ми е. И се радувам, и се плашам. Многу се плашам дали ќе ја оправдам довербата што ми е дадена.
@thinkerbell со лесно на новата и ич да не се плашиш. Каков впечаток имаш овде оставено можеш да се носиш со секаква позиција јас гарантирам. Иди грабај нагоре јел ти се може
Леле истото и мене ме снајде. Јас за 2 дена почнувам. Превозбудена сум. И исплашена истовремено. Со среќа нека ти е. Само успеси.
@Happyinlove на мене табелата ми погоди за првото. Отсекогаш сакав да имам син. И ми се исполни желбата. Имам два сина. Маж вика за трето ама јас не сакам. Доста се две деца. Едно секако немаше да биде. Сакав детето да има друштво. И подобро што се помала разлика. Никогаш не сум сакала голема разлика помеѓу две деца. До 4 години максимум.
Дoбрo утрo.. Ме утепа кашлање цела нoќ. Бебе некoлку пати разбудив. Незнам oд каj ме фати oва ама веќе и плуќава какo да ме бoли па да се спремам дoктoр да пoсетам. Сакам да пoчнам да вежбам пo дoма 40 мин дoдека бебе спие. Мислам време е за некoе килце минус. Стoмакoт ми се пoвлече уште првите две недели ама мек е предлoг за апликациjа за вежбање? Да издвojам еден мoмент oд пoраѓаj кoга сме веќе каj стoмакoт. На пoраѓаj самo штo гo извадиjа бебетo и гo oднесoа, лежам на бoкс и вo еден мoмент се пoткревам и си гo гледам стoмакoт. Oнака чистo oд љубoпитнoст. Дoктoрoт гo запазува мoментoт и вика аjдеее не се секираj малце стoмак имаш Гoсти уште имаме на пoвojница па така и за вечер вo наjава. Пoчнав oрдевери вo секунда да смачкувам . Маjкички убав ден
Добро утро мајки, јас пак со сендвиче во рака Ќе има време и за кафе утрово. Беблаци уште спијат, маж како маж и тој си спие, само јас будна како најнаспана Да појадам, фатам џогер, и стартуваме Да се изјаснам неповикана во однос на "клише муабетот" бидејќи погоре како јас да го начнав муабетот. Воопшто неможам да најдам маана на животот пред да станам мајка. На одвај 23 години се вработив по професија, имам убава функција. Истата таа година и се земавме со мм. Магистрирав на неполни 24. Прошетавме колку ни дозволува џебот. Реализирана на полиња кои тогаш ми беа од интерес. Како минуваа годините желбата за пород не се остваруваше. Борба водевме трнливи 5 години, сешто поминавме додека наполниме раце. Воопшто не мислам дека жената станува жена кога ќе стане мајка. Никако! Можев и јас да не станам, помалку жена ли ќе бев? И не дека си ги ценам и сакам децата повеќе од мајка на дете што можеби и не го планирала.. Јас заглавив во тој левиринт и после долго време одглавив. Сеуште не ми се верува дека ги имам за свои бидејќи голгота минав. Ми се случува во сон да се прашувам: "Постојат ли"? Бев среќна и задоволна со животот пред нив, но сега се чувствувам комплетна. Како што пиша Фри, друга смисла добива животот, а не дека светот сме го освоиле и ништо друго не чини. Бракот не го чинат децата. Цврсто го мислам тоа бидејќи никогаш со мм не дозволивме тоа да се одрази врз нашиот брак. Секогаш си велевме, ние да сме здрави и живи. И ете бидна, на 28 години кркав хормони и инекции, на 29 ги родив, еве здравје 30-ка ќе дочекам без да имам време да сплескам едно тортиче. Имаше еден текст: "Кога во жената вришти мајка", за сите мајки кои одвај станале мајки. Хиперсензитивни се на тема, бебе, забременување... Мене уште сите влакна по телото ми се креваат кога ќе слушнам дека некоја е бремена. Многу изнапишав, малку кажав... Едниот батко цуца прсте, а неможе да се разбуди. Да одам да правам млекце за да не фати "торнадо" за брзо Всушност, нешто мирни се во последно време, оставаат време мајка да има барем малку за себе. Убав ден имајте
Хелоу Станата рано. Носев дете на лекар. Ми се спие, ми се плаче. Отсекогаш сакав да имам деца, да имам семејство. Родив млада и не се каам. На постари години не сакам да раѓам. Сфатете ме како сакате. На 50 години сакам внучиња да чувам, а не деца. Секоја чест за тие што се нафаќаат да родат на покасни години. Денес ќе се седи дома. Деца болни, надвор ладно. Стандард шема кај нас. Тепачки се секојдневна појава. За глупости знаат да се степаат. Па кога ќе почнат да вриштат...колку што ги држи глас. Ни 5 минути не знаат да седат мирни. Малото од другиот месец ќе го пуштам во градинка. Доста му е седење дома. Моментално е влезен во филм Спајдермен. Има едно комплетче и во него е облечен цел ден. Не дава ни да го исперам. И пижамите се такви. Дури и папучки и капа имаме. Одам да поспијам малку Поздрав. Се читаме покасно
Браво мајче, се е кажано. Јас само ќе додадам дека единствено нешто што ми е грешка е што сум се замарала за ситници а сум мислела дека се проблемишта, но во тој период мене тоа ме тангирало. Ниту една нервоза не е вредна кога си девојка, тури пепел врти грб и чао пријатно ова мислам на љубовни проблеми хахаха кој ги имал знае Сабајле од рано станата, стигнав и доручек да направам, и садови да измијам и да се спремам и на работа на време да стигнам море дома и кафе испив, од нога беше ама што има везе. Во контекст на менување работа и јас почнав да се јавувам на места кај шо бараат луѓе од моја струка се разбира за повисока плата, но еве тука гледам нешто во најава е повисока плата но незнам од кога.....као демек од март, кој знае, ќе преговарам, ако не договорам до таму кај шо мислам ваљда ќе барам нова работа или нешто мм ми најавува дај си отказ и седи си дома, на моменти се двоумам и дома да седам ама знам дека тоа кратко ќе ме држи, не сум тип на човек кој не сака да оди на работа. Ај доста е, да се фатам за работичка!!!
Добар ден Деца втор ден во градинка, се надевам дека повеќе ке издржат... прскам спреј оригано кога одат, прскам кога ке се вратат. Како за месец дена пауза супер се вклопија, ај синко голем е он нема гајле, плус другарите му беа пресреќни и рипаа викаа по него од среќа Малава на влегување писна и ај влегов со неа, па после скришно киднав. Прв ден вчера без пелени и ми ја вратија со исти чисти гаќи и исти тренерки, умна на мама не се помочкала.. мислев дека нема да им кажува на нив До душа рече воспитувачката дека и ке ја седнува она сама, но битно е без пелени.. После 5г занимација со пелени да здивнам После носење во градинка денес тркнав до аптека, маркет да изнакупам се што ми фали. Сум си земала пченични шпагети (ги сонував веќе), па тоа ке доручкувам. Поради синко не купуваме такви, зимам само gluten free, а ич не се убави. Да јадам и ке земам генералка ке правам, незнам што кај ми е, хаос дома. @24.07 Многу ти е јак ников бе, не сум сретнала на форумов друг некој само со броеви Браво за мт, преубави се И мајка ми порано вакви многу правеше, нонстоп со пена, шишиња, спрејови се занимаваше, украси, рамки, што и текне тоа. Имаме едни маски ептен се јаки, ги направи со гипс (обична маска за маскембал пластична како калап и со гипс), плус со спреј златен, ептен јако дојдоа. И ден денес само нешто си чепка си прави, тоа ја исполнува. Ни ја откажаа резервацијата за Банско Хотелот откажа, причина картичката не била нешто ок на мм, па ако не била ок што не пишале ставете друга картица, а не скроз да откажат резервација и после истиот апартман поскап И сега пак ке треба да барам.. Табелата само за едното дете ми е точна И тоа, одам да јадам, па чистам, па ке летне време да одам по деца, убав ден
Добар ден Не дека животот без деца е празен, напротив, ама празен е во тоа поле особено ако емоциите се фокусирани токму таму. За сите нас што приоритет ни било нешто друго, не сме приметувале празнина. Нема никаква потреба од потиснување емоции за делење на љубовта со светот. Прошетав повеќе пред да го запознаам маж ми. Таква ми беше работата иако скроз неповрзана за факултетот што го завршив. Семинари и меѓународни проекти, нон стоп навака-натака. Кога конечно се сместив дома на удобно и се посветив на фриленс, го запознав него само што наполнив 27. Со него шетавме воглавно во “близина”. Имавме скроз неконвенционална врска и кога зборевме за брак, повеќе беше како технички договор. Па така немавме ниту типично запросување, туку барање начин како да бидеме заедно на едно место. За што ми требаа документи, за да останам кај него. Во меѓувреме добив феноменална понуда за работа од бивши соработници во една феноменална држава на запад со уште пофеноменални услови, ја одбив без размислување за да бидам со него. Зимата пред 2 години, планиравме следната пролет да се преселам, и тогаш маж дојде на идеа да се потпишеме уште тогаш, за до пролет се да е средено. Така и би. На 6 месеци од заедничкото живеење ме однесе на вечера во омилената таверна и ми даде симболично прстенче оти ниеднаш немавме типично запросување. Бурми уште си немаме купено. Не ни значи тоа ништо, може ќе тетовираме нешто симболично понатака. Пред да се потпишеме му кажав дека деца може нема да сакам воопшто да имам. Животов никогаш не го замислував како мајка, уште помалку како домаќинка. Се до првиот негативен тест. Со големото разочарување кое следеше, а само што престанавме да се пазиме знаев дека сакам да сум мајка многу повеќе отколку што сум мислела. Сега сакам уште 2 и ако имам доволно финансии сакам уште 1 да посвојам. Домаќинка само додека пркнат. Сакам обврски, учење и рокови. Од коктели сакам се што има кокос и ананас во него, а особено и двете во комбинација. Па затоа и фроузен Пинаколада ми е еден од поомилените. Дури и сорбетот за тело што го шлакам е пинаколада, или мачкам крема само со кокос смел. За Трифун и Валентајн нарачав Еплтини, па ќе се пие кога ќе ја одбијам бебла. Кога сме кај бебла, не си го прибира јазикот. Само наоѓа начин да лизне нешто ново. Почнува да ја интересира секој звук и секој предмет. И се врти да го провери секој шум. Дури и кога спие и цица. Ќе крене глава, ќе фрли поглед низ цела соба, па ќе се врати на цицка и ќе продолжи да спие. Ја љубам од ножните прстиња се до убавите долги трепки. Сега со нив двајца го освојувам светот. Ноќеска спиеше од 10 до 4ипол и официјално го прогласувам 5ти скок за затворен.
@Larahappy feel the burn е апликацијата ја имам симнато а сеуште не сум провала,се уште и никако тоа утре да биде,ај да поздрават деца па ќе почнам кога ќе се во градинка. Читав позитивни коментари.
иди ваму западна Македонија,ќе те шетаме а и природа имаш колку сакаш. Само кондиција ти треба Браво за домаќинот на @24.07 мислам сериозно навистина браво секоја чест. @Мариаа. Ќе си биде и за второ не му ја брзајте верувај. Има време инаку Бардовци ќе го фатиш моето големото за месец 7 години ќе прави а овој малечкиот за месец 7 месеци ќе прави ете толку ми се разлика. Среќа оти крај не се наоѓа со две деца барем големово е поосамостоено. @thinkerbell со среќа на новото работно место. Фала богу дека секој се труди од магаре да се качи на коњ. (Метафора ама се разбираме) За близнаци и јас сакав, две во едно. Со една мака две ама едно испадна. После си викам едно се желбите а друго можностите. Лесно е да го родиш. Одгледувањето е многу захтевно не е работава како било да пораснат. Кафе пијам прв пат после недела дена пауза. како сум издржала. Последно пиев минатиот понеделник. Ама во душава ми горчи така да не ми беше дојдено до кафе. Е ама реков редно е да се вратам на стариот ритуал со кафето мада знам дека секако чоечки барем година дена нема да се напијам. Големиот на школо а бебчо спие. Конечно влеговме во колосек. Не фати болеста во сред 5ти скок па не знаев кај е што е. Намали со дневните дремки. Спиеше на секои 2 саати по 20 мин сега спие 3 пати а дремката му трае подолго. Уште кашла. Утрово 2-3 пати поврати. Нормално шлајмот и се тоа некако треба да се извади. Се ќе си биде,среќа лошото помина. Да допијам кафе и идам да фатам малку работа. Во меѓувреме крчкаат морковчиња за ручече бебчо си ги сака.