Маж ми имаше голема желба за близнаци. Ама ништо. Би одел на трето ако знае дека ќе бидат близначиња. Ќе настинувам. Имам и температура. Аман веќе. Никако да се оправиме. За еден саат треба да ми почне серијата. Па да правам ручек после. Не преспав. Децава не ми дозволија. Никако ред да им фатам. А дојде некој на гости они одма досаѓаат. И кога одиме по гости е исто. Не можеш на раат да си направиш муабет. На моменти ми фали времето кога си шетав. Кога си бев млада. За финансии да не правиме муабет. Маж работи по цел ден. Смачено му е веќе. Моиве веќе една година не преспиваат преку ден. А што убаво си имаа фатено ред. Саат и пол-два си бев раат. Од нив не можам да мрднам. Како пијавици се. Разлика се неполни 3 години.
си купив чистач на пареа Rovus oд topshop сабајлево го пробав ауу многу сум задоволна,на почеток бев скептик ама топ се погоди,баш на ламинатот детево се влече пред телевизор и во детската,светнав се од таму директ во градинка појдовме и аплицирав за да ја запишеме,ми рекоа од септември ќе биде.. кој ќе чека од јули со две ќе биде журката... сега на работа одмарам ама дека стасав пред 2 саата,после 5саат почнувам да немам толку сила... вчера вечерта од 22 до 00:30 со мм што се не правевме да заспие дететво НЕ БЕ НЕМА ШАНСА,рикало рикаловски...ете така скокот изгледа на најјако читав неколку страници имавте ставено некоја табела за машко/женско бебе мада неверувам дека е тпчно.пишува така дека машко ќе ми биде второво што неверувам (А сакам) хихи на 21ви сум на втор скрининг па ќе видиме
Дете ја скокна дремката и се молам што побрзо денов да заврши.Три приказни прочитав,пеев песнички и се отепав од нишање пола сат и не се предаде. Да сеуште го нишам на нозе преку ден има 3год и 5месеци,а на вечер си заспива сам,само мора да ме чепка во коса. Неможев да си најдам ник сите што ги пробав беа зафатени и си ставив бројки.Не се само бројки тој е датумот кога почнавме да излегуваме со мм. Во врска со табелата да си кажам дека кај мене е грешка.Пишуваше дека ќе имам девојче но на крај излезе машко. Е свеки имала некоја внука која според првото дете знаела да пресмета наредното дете какво ќе биде.Кој месеци се машки кој женски,но јас не верувам во тоа. Знаеме како и кој има улога за одредување на полош лај бебето. Се одјавувам дете се јази на мене.
@SummerGirl познато ми е тоа болно дете болна мајка пренесување на вирусот болести чуда... Само со помин да е а ти препорачувам да земаш многу витамин ц посебно од оние со цинк. Стисни заби со помин нека е. И јас сетив дека ќе настинувам и веќе следната ден беше Господ да ми е на помош. Се спомна тука и посвојување. Многу ама навистина многу одсекогаш сум сакала да посвојам едно дете башка од моите кои ќе ги родам. Се сеќавам кога бев на факултет Скопје за жал често се случуваше да најдат некое новороденче на улица оставено и душа ми се кинеше. Имаше еден случај каде пронашле новороденче кај универзална сала. Тоа некаде 2010 мислам беше. И викам на мама јас да го најдев мајче ќе си го земев жими се.
Ноќ на германски шлагери. Шансони имале уште пред Хитлер да се налути. Една Мерлин Дитрих им пеела во 1937 каде се цветовите, песна направена за национализмот кој владеел неколку години во оваа земја: Лик е Мерлин, германската Мерлинка што би рекле германциве. Само ставот ако и го анализираш зрачи со сигурност. Жена која се плескала со кој сака и кога сака без разлика на пол и возраст уште во 1930те години. Пркосела на хителора политика и добила ус државјанство во 1937, за да подоцна се приклучи на американската војска лично и персонално да се бори против фашизмот. Течно говорела три јазика. Во тоа време кај нас уште со лепешки ги граделе куќите, патиштата биле само за коњи проодни, а сме биле дел од кралството на Србија и Хрватска. Кралевина поточно. Турците не оставиле на раат пред дваесет години закоравени замутавени до трт. Слушајќи ја Дитрих ми текна на паралелава како и што се дешавало на две страни од Европа. Малку историја не е на одмет. Најдовме хигиеничари конечно исчистија денес ми помогнаа. Толку долго ги барав што се радувам како да ми е роденден. А толку го мразам тој однос на хигиеничар со најмувач ме потсетува на робовладетелство. Рипнав да помагам ме прашаа да не треба да ја делиме дневницата. Си седнав. Секоја работа се цени. Босанци се луѓето зет и баба уходани и доста фини. За 40минути светна станов. Ми остана време да направам похована даска со карфиол, тиквици и зденки. И една грчка да лизга ракика. За тоа време малечка ги извади сите тенџериња и пластични садови. Ја најде солта и ја фрли. Се напупив и си исчистив повторно. Живот. Нека растура имам јас половина за чистење. Кога ќе порасне во нејзиниот стан ќе и го фрлам шкафот на земја, тукушто среден. Исто како она што прави со радосен извик хе хе хе. Добра ноќ да одмориме од денов.
Добро вечер, мајки. Денес ептен активно и немав време за ништо. Малата официјално прооди Куќа часте, кој што сака Сега е весело, трча и мора да ја надгледувам додека не ја испита територијата Сега стигнав да ве исчитам, @thinkerbell со среќа новата работа Добра ноќ
Сите ќе спиете?! Јас ќе дежурам. Срце ме боли, ми крена температура денес. И тоа височка. Спие од 8, топла е ама не се буди. Нозете не и се ладни, тоа ми се свиѓа. Ебате вирусиве веќе аман. Срце ми спие. Од 8 лежам до нејзе, се мачам.
Ох, побрзо нека и помине. Јас не можам да заспијам. Ептен се чувствувам тажно. Кај мене малата им повратила во градинка на прво лажиче за време на појадокот. Најверојатно од плачење или и се згадило. Попладнево дојде братучетка ми со двете деца кои мојава ги обожаваше, но овој пат не им обрна внимание само плачеше за в раце кај мене. Е многу ми е криво. Од дете што беше баш независна во тој поглед се заигруваше стана сега ваква... Се запрашувам зошто толку лошо и влијае градинката? Каде грешам, па и ме мавнаа лоши филмови да не не ја третираат добро таму. Вака супер се навидум. Не сакам да грешам душа. Ама кога си го гледаш детето тажно не е сеисто. Едноставно цела ситуација негативно ми влијае. Ќе бидам упорна. Тоа е. Не можат вечно врзани со мене да бидат или со баби и дедовци. Се надевам ќе помине што поскоро овој период. Пред се ова е за нивно добро. Капак на се мм е Ск потполно сама се справувам со целава ситуација. Се чувствувам како да сум заглавена во некој лавиринт.
@BabyT* лесни чекорчиња на малата @TeddyGrey ќе и помине како на кутре, јача имунитет Ве читкам сите, но неможам да ве дочитам . Уште оваа недела сум на одмор и понеделнички влегувам во бубањот . Последни подготовки физички а богами и психички . Се заситив од дневна рутина и ми треба малку активност. Бебчо веќе ми е мало човече а поголемиот веќе полека, полека ме откачува . Денес си направив шопинг терапија само за мене. Цели 6 часа не за друго несмеев да се појавам дома затоа што бебчо беше со дадилката. Втора недела како е сам со неа по цел ден и супер се вклопи и тој и таа. Очекував брзо да се навикне на неа и така бидна. Многу ми е умен ама пак ќе кажам, такво си е детето, што за разлика од брат му кога беше бебе/дете ништо живо неможеше да го стави во ред освен градинка. После 2 год облеков чизми на мала штикла (2-3 см) и од толку парадирање денес ме убива кичмата и грбот. Изгледа фазата на доење си го зема данокот од мојот грб а после вторава фаза на доење градите ми се ужас невиден епа тоа ми е, на нож не подлегнувам . Децата дефинитивно ме направија појака и поиздржлива. Дека пред нив, немало живот не би се сложила. Имало, и те каков но сега си имам плус одговорност. Мајчинството ми покажа и допрва ќе ми покажува кој терет ќе го носам на плеќите па затоа уживам во малите нешта . Мене ме нервира оној муабет на ,,бабите,, како внуците ги сакаат повеќе од сопствените деца . Не верувам, внуците се посебна љубов и заземаат посебно место ама сепак мислам дека сопствените деца ќе се на прво место. Што знам, ајт можеби и јас ќе забегувам по старост . За да не забегувам сега најдобро е да си легнам.
@BabyT* лесни чекорчиња на малата @TeddyGrey побрзо да оздрави ќерката. Јас да не ширам негатива не пишам. Ама веќе страв ме фати, ајде херпесот под контрола е засега не се шири само чеша многу, сношти после работа пак на итна, ме заболе многу силно желудникот, ме болеше и нагоре во градите, дома притисок неможеа да измерат, си реков готово срцето ме фати ајде ЕКГ тоа во ред, пртисок 80 со 40, ајде инфузија, во 23ч дома помина болката, во 23:30 пак почна, синко стана и плачеше цело време од 12 до 3 и пол никако не заспиваше, јас со болки, мм одеше по него, тој мене ме бараше, макиии ајде заспа во 3 и пол, ајде и јас сум заспала, во 5 пак стана пак плачеше многу, па ајде некако презаспа, во меѓувреме ме преболел желудникот...денес прва на работа, синко сега стана во 10ч,а јас одам денес ако има термин во Плодност да направам некој преглед за желудникот.
Добро утро и од мене. Секогаш седнувам да пишам во темава и дури ве исчитам сите поминало времето. Ноќеска станував на секој час. Бебе спиеше, но синко е со 39 тем па тогаш ве исчитав а сега пишам. Денес сме на вакцина. Ќе видиме како ќе поминеме АПДЕЈТ постов од вчера сабајле го пишувам. Ама толку имам време што и денес дали ќе го напишам. Вчера бевме за вакцина, не вратија бидејќи немало поминато 6 месеци од хепатит вакцина. Плус синко е болен со 40 тем па да не ризикуваме одложивме за по 10 дена. Направивме систематски преглед. Бебе е супер. +600 гр и +3см за 24 дена. Др рече како по книга е гледано бебе. Посебно за спиењето цела ноќ. Хемоглобинот 106 малку ме загрижи, но затоа на доените бебиња кои напредувале им се дава дохрана заради крвта. Ми препорача спанаќ да воведам. Дали има некоја друга Беба со понизок хемоглобин и што преземате? Бебе последните дена послабо цица. Сред 5 скок сме. Дали нецицање е карактеристика? Мислам @Мариаа. Спомна такво нешто. Инаку цела ноќ парадирам спална детска. Синко изгоре од тт па туширање, ладење кашлање инхалации. Вака се нема разболено 6-7 години. А и бебе се разбуди од кашлањето и 2-3 саати му гугаше на таванот. Среќа мирна е не плаче. Заспаа двајцата кај 4:00. Јас не можев да спијам и сега сум зомби. Мајка ја викнав на помош денес малку на синко да се посветам. Толку од мене. Бебе се врти по тел и се му е поинтересно од цицка. Како автокоректор на тастатурата ми е само чепка. Позз
Пред две месеци моето имаше хгб 114, два месеци пиеше капки сидерал. Следна недела ке правиме контрола пред вакцина, па ке видиме. Мајчиното млеко е за се добро и здраво, единствено е сиромашно со железо
@BabyT* лесни чекорчиња @Presrekna кај нас 5ти скок конечно заврши. Имаше неколку денови кога послабо цицаше. Ние кога правевме прва крвна слика хгб му беше 110. Не ни дадоа ништо, педијатар рече се што е над 100 е ок. После месец и нешто правевме пак кс му беше 117,а само цицаше. Добар ден друштво. Спиевме цела ноќ, со три-четири будења за цицање и јас се разбудив како да сум спиела цеели 12 саати расположена, дури мм ме гледаше чудноконечно му кажавме чао на 5ти скок Бев на шопинг од сабајле, се спремаме за кашички, мама пресреќна Конечно да намалиме некој подој, зошто ми виси 6 месеци на цицка како пијавиче Време е за кафе
лаки беее што ти бидна? ме загрижи,обавезно прегледај се убаво...абе да не ти е од храна некоја? а притисокот може од времево и од ненаспаност...прегледај си се да си знаеш најубаво @TeddyGrey мила,чекаме да пишеш како прв ден на работа убав ден мајки,ја наспана па така одма подруга сум
@BabyT* лесни чекорчиња на малата бебушка @lackygirl држ сеСе е тоа од долго време умор. Мораш да смениш нешто симни го малиот доле кај баба и дедо некоја ноќ да поспие?
Добар ден и од мене. Денес ми е роденден ша еве една торта од мене. Денов убаво ми почна со дете и тато со мало изненадување. Сега на работа ама нешто не сум многу мотивирана за работење. После ќе одам да си купам торта каква што си сакам и ќе си седиме дома. не дека така беше планот ама дете пак е со некој вирус со температура и кашлање па дома ќе си седиме сите наместо во ресторан. Толку од мене. имајте убав ден.
Мене тоа не знам што сум правела пред станам мајка или каков ми бил животот повеќе ми е во контекст што сме правеле тогаш со времето кога сме ги немале овие други обврски, не дека немал смисла животот. Така си го толкувам и така си го кажувам. Живот си е живот, се во периоди некако и треба да си уживаме во секој од нив. За близначиња јас не сакав, зашто сакав да имам само едно дете од секогаш, така што ептен ќе ми ги пореметеа плановите близначиња. Веќе имам кажано дека со едно дете ми е комплетна фамилијата, воопшто не осеќам потреба за друго. Сабајлево најдовме рецепт за некоја погача, нормално без квасци и да се чека да стасува тесто, си правиме полесни и побрзи работи, па супер испадна, се најадовме убаво. Во последно време сме фрлени на читање. Почнавме со мали книгички. Ја читаме Сара кеј и Исидора Мун. Исидора Мун е ептен интересна, купивме две и веќе ги прочитавме по неколку пати. Ќе и направиме полици за нејзините книги, пониски да може сама да си ги реди и ептен е среќна со идејата. Ќе биде читач на мајка. Во Сара Кеј имаше момент каде таткото и удри шамар на Сара. Кога стасав до тој дел и го прочитав ќерка ми гласно викна и се потресе многу. Ми рече децата не се тепале, требало да и каже со зборови. Умна на мајка. Понатаму во книгата таткото сфати дека згрешил и се извини на Сара. Па си направивме убава дискусија дека и возрасните некогаш може да згрешат, не требало да ја удри и затоа и се извини. Ми се допаѓа што и вака преку примери можеме да си разговараме за многу работи. Книги, нема поубаво. Не знам што за ручек денес, и јас имам некоја мака со желудникот, па јадам варено само. Веројатно оривче и телешко мевце за нејзе. Обично додека стасам до делот за цитирање заборавам што сум сакала да ви реплицирам, ама овој пат со време почнав. @thinkerbell само успеси на новата работа, исто и @TeddyGrey и побрзо нека минува вирусот. @Larahappy јас од овде си пуштам видеа и си вежбам, имаш одлични видеа, одбери си што ти треба и пушти си музика во позадина и уживај. @BabyT* лесни чекорчиња, сега почнува забавата. @Feodora обично и од градинка кажуваат дека во почетокот ќе се залепат пак за мама. Нормално е да се многу позалепени. Правете некои забавни активности после градинка, шеткајте, нека се растерети малку. @lackygirl нека поминува побрзо што и да е со желудникот и со херпесот. Тешко е кога не ти е добро, ама колку е потешко кога не ти е добро, а друго човече зависи од тебе. Имало ноќи кога сум мислела ќе се онесвестам, а бебе на цицка закачено. Уфф... Ама, мајка. @Septemvri зошто капки веднаш? И не е толку низок хемоглобинот, се толерира. @Presrekna може да е понизок од вирус, види како ќе биде и кога ќе е сосема здрав.
.@BabyT*лесни чекорчиња на малата @thinkerbell среќна новата работа. @TeddyGrey и тебе нека ти е среќна нова работа и малата побрзо да оздрави. @JoyJoy среќен роденденот сите желби да ти станат реалност.. Кога сум кај поздрави и честитки сакам да ги повикам неколку членки кој не заборавија.Па мајки пишете збор два за вашите дечиња. @Seline @tincemajmunce @muchacha_a @danichap @gjoker4e @vitamina @Belabelinakinder @orhideea Толку ми тегнаа во моментов. Дете се предаде конечно.Мир и тижина некој сат.Рајат глава да одморам. Сакам да легнам и да се разбудам по неколку месеци.Исцрпена сум психички до последна капка лимон.Од што неспијам имам огромни дупки околу очите. Навечер сон не ме фаќа само го посматрам маже дали спие дали дижи,некој страв е влезен во мене и тоа голем. И само црни мисли ми поминуваат низ Глава,изглегуваат секакви слики пред мене.Кога и да ми заѕвони телефонот се плашам да кренам. Уф, многу ми е страв,него ништо не му кажувам не сакам да мисли,да се нервира. Денеска на мени спанаќ по порачка на маже,кога ми кажува што сака за јадење ми е полесно. Вчера на каминот за дрва варев телешка коска и мевце,па денеска свеки ја направи супата,така да имаме и вечера.Па за утре ќе му ја мислиме. Се читкаме. Убав ден мајки.