Hello, that’s me Цицки,цицки everywhere Здравејте. Пред малку се прибрав од работа, мој цицо нана Сакам да си напраам кафе и да поуживам во тишинава малку, дур маж не си дошол и она не станала. Свеки ја заспала малата пред да дојдам,па ене ја оптегната на спална. Проретчивме подои ... И ги отфрлив оние за игра, на секое “даааааај цицо” и кажувам после мама, сега си играме, и нормално си ја прифаќа ситуацијата. Возможно било Цица за заспивање обавезно,и секако кога доаѓам од работа. Решив постепено да одиме до целосно одбивање пишував и во темата, па ако треба и цел месец се влечеле. Од два,на еден па на ниеден. Уште сабајлечкото презаспивање со цицка во уста да го решам уствари измислам како да го укинам и на коњот сум! Ќе биде, изи изи. Од шмукање напразно по пола саат во текот на ноќта,овие два дена се врти ќе цицне 2-3мин и одма презаспива на другата страна свртена. Дури неќе ни да спие со нас, сама легнува во креветчето. И ова било возможно. Промени Прв дена диета денес Се мислам и вежбање да почнам, нешто лагано од половина час, да се рекреирам малку Со маж сме на една раскрсница моментално.. Треба да земеме огромен залет и да направиме голем чекор, за нас тројца и нашата иднина. Иако тоа ќе значи поретко,многу поретко гледање со него, во моментов тоа е најправилна одлука. Само да биде, а кога ќе бидне ќе споделам и тука. Стискам палци. Редно е да не огрее сонце,долго сме во темнината.. Во меѓувреме се предомислив за кафе и мислам најпаметна идеја е да си легнам да спијам со ќерче Ми се спие ми се плаче! Ама зошто да плачам кога можам да си легнам и потонам во сон со неа Имајте убав деееен!
Фала мајки, баш сега почнува забавата Денес, сабајле тмурно времето па останавме дома со малата. Игра, ручек и сега малку спие па ќе ја изнесам малку на воздух. И мм може ќе сака. Инаку ептен сум тапа со идеи за ручек, се едно исто ни се врти, те компир, те ориз, те пилешко, телешко. Туку гледам на Фемина инстаграм Дома е чисто 1час максимум, после пак на секаде играчки, храна до кога вака @JoyJoy среќен роденден, ептен а погоди тортата @lackygirl и јас имам многу болки во желудникот овие денови, а баш јадам лесна храна. Нас не пратат истите проблеми @Chanell* која диета ја држиш, сподели малку со другарките
Добар ден Се пресмеав со сликата погоре Бебла моја цица на саат-два, ретко на три часа. Конечно ќе почнеме со храна па да намалиме некој подој, па може и конечно градиве ќе ми ги собере во нормален градник. Уште некој ден и да заокружиме 6 месеци. 5тиов месец ќе го памтам по тоа што бебла ја прифати цуцлата. Од почеток не сакав да форсирам и не форсирав и веќе некое време воопшто не ни пробував дали ќе прифати и тогаш кога решив да ги фрлам, таа од уста не ги извади. Патем маж најноншалантно ми рече кога ги собрав да ги фрлам, да ги стерилизирам за последен пат и... се случи чудото. Старите секако ги фрлив и и купивме нови. Денеска облачно со тук и таму сонце ама топло, цел ден балконска врата отворена. Исправ 2 ќебиња, демек да ги тргнам од употреба и онака не ги користевме веќе некое време оти ладното помина, и тамам излегов на балкон да ги пружам заврна. Па самошто ги распрострав во кујна на сушара се разби облачето за 5 мин. и сонце светна пак, па ај пак на балкон... Маж испоразочаран периодов. Една работа не сме ја завршиле од прва. Се нешто излегува, се нешто кочи, се некој процес заглавува во некој вечен лавиринт на непостоечки документи. Никогаш ништо не добивме лесно јас и тој. До сега се држеше, па дури и се зезавме дека едно единствено лесно што сме го добиле ние двајца била бебла, се останато ни било со кочење, туркање, нервози, борба... Јас пак од друга страна вечен романтичар и сонувач... и верувач во чуда. Денеска ми се јавија од министерство и покрај илјадниците испратени документи, ним токму тој еден што не можеме ни под дрво ни под камен да го најдеме им треба. Пред некој ден во полиција не ја наоѓаат бебла во регистар па не можевме да и извадиме пасош. Овие во општина велат регистрирана е коректно. Абе хаос. Ја спремив и излегов покрај море. Си земав кафе и седнав на клупа, а таа спие. Го чекам маж па да прошетаме низ стариот град. @BabyT* лесни чекорчиња на малата убавица. Да чекори гордо и самоуверено низ животот и секогаш патот да и е отворен. @JoyJoy Среќен роденден. Да се множат. @24.07 мужич веома врло талентиран. Да си го чуваш.
@Presrekna моето имаше понизок хемоглобин и како прашував по луѓе - женички кои доеле рекоа дека е нормално и не презедов никакви мерки околу давање сирупи и сл. А инаку пред неколку дена пак правевме кс ама заборавив да видам каков е хемоглобинот. Среќа па го сликав резултатот баш ќе проверам инаку за синот ти препорачувам не го мачи. Не поминува без терапија. Мене со големото ми рекоа итна хоспитализација за жал и бебето го префати многу внимавај. И за него ми рекоа да се хоспитализира заради ниски леукоцити ама од дома одевме во дневна болница и примаше инфузии. Среќен роденден на @JoyJoy После ќе ве дочитам. Гладна сум. Бебчо денес слабо спие. Станати сме од 7ипол. Се вративме на старо - спиење на секои 2 сати по 15 мин. Скоков многу не го осетив. А тука сме, излагаме од 26та недела.
Педијатарот во Ремедика и матичната се сложија околу капките, тогаш бебе имаше неполни 4м, месото и тврдата храна беа далеку и се очекуваше дека ке се намали уште. Бебе триплираше родилна тт пред две недели. Сега ке видиме како е хгб. И јас не сакав да давам, но советот дојде од две страни па решив да послушам.
Ун диета. Ја држев лани и многу ослабев па сега пак сакам. Денес сефте ко за прв ден ја утнав и утре пак наново. Малата ми напраи таков стрес... што дур се сетам дека уствари му го испрезентира првиот тантрум, еклерот и фереро бомбиците веќе беа изедени. Си игравме.. Побара телефон,и го дадов. И зборам нешто не ме регистрира, и го зедов телефонот. Ми се налути и почна да плаче. “Прекини нема да го добиеш” и реков со повисок тон. Кога ми е лута бара цицка. “Цицо цицо” -ама не ти давам цицо и готово! Почна да ме џапа за блуза, јас не давам упорно, она легнува на земја и плаче најсилно на свет и најхистерично, тропа со нозете на под и веќе липа толку многу што едвај воздух зима. И велам стани мама дојди да се гушнеме пошо никогаш не одбива гушкање.. Стана со тррсење и липање дојде и со цела нејзина сила ми ги зари забите во рака, мислев дека ќе ми откине кожа Беше толку нервозна. И дадов да цица да се смири, упорно цица и плаче,липа.. Некако се предаде и заспа одвааааааајјј. Не бев спремна за ова луѓе, жива се изедов. Башка и сама дома без мм... Ќе пореметам дете Ужасно ми е.
Нема да пореметиш дете. Мене ми се тресна од земја зашто после 20 минути миење раце и реков доста е. Се фрли на земја буквално. Исто не одбива гушкање тогаш одби. Кај нас уствари сфатив дека проблемот е кога јас нагло и таканаречено на сила ќе и ја прекинам работата - кога ќе ја земам во раце и изнесам од купатило. Следниот пат, на искачање од купатило ја "намамив" да дојде да се мачкаме со крема(обожава да се мачка и да ме мачка) и така дојде и без инцидент искочи од купатило. Ме сфаќаш што сакам да ти кажам ваљда. Си и го зела телефонот, а не си и понудила друга интересна активност. Не знам дали е ова правилен начин ама се ми е подобро од дете да ми се треска и заоѓа од липање.
е сликава е стварно врв. Добровечер од мене. Веќе конечно да подседнам,да се испружам. Мислев скокот ни е при крај ама "роговите" што ги покажува не се баш при крај. Мече да лежи да седи неќе ни враце.. што му се стори денес не знам. Повторно нервните испади со раце во уста. Дали веќе еднаш ќе излезат тие заби аман.... Бебчо спие се надевам ќе потрае не можам веќе не само што кичма ме кине веќе и плеќите и рамениците почнаа да ме вртат. Големиот леле.... Вчера ми кажува имало некоја Лина што ја сакал леле мајко што дочекав.
Добрa вечер МаШ штотуку дојде од работа и го зеде мали да го занимава додека ја заспивам Могли Без попладневна дремка е таа и пак едвај да заспие Мали 1 час поспа денес и до 10 сигурно нема да заспие До скоро и двајцата во 20:00 заспиваа... Помина и овој ден Од сабајле однесовме деца градинка Тој дека покасно оди на работа и неколку часа се кафесуваме Ај прво кафе па муабети ај уште едно и дошло време да замине на работа (ова вистина на кафе мислев ) После тоа еден час што ми остана искористив да испеглам коса,средам нокти и правец по деца Едвај дојдовме... Ветар и снег цел ден не престана сега и грмотевици се јавија Прв пат во живот гледам да грми и снег да вее Ужас! Дечки полудеа дома Им здосадија сите игри кои вообичаено ни се на дневен ред Пробавме и нешто ново ама повеќе од 15 минути не можам да им задржам внимание Повеќе трчаат,се борат,скокаат по цел ден Среќа онај дедото под нас не слуша,иначе тешко нас ќе беше Мали е здивне и умот само на тепање му е Ное стоп ја удира сестра му,ја турка на земја... Таа кутра ваљда попушта и не му враќа,од бес плаче само По цели денови немам само,немој,не е во ред да удираш некого,девојчиња не се удираат...До недоглед Резултат,никаков!Си тера тој по свое Могли зборува како навиена Кога ќе излезе некој од комшиите и таа излегува во влез,муабет да си правела Прашува,кажува што треба и што не треба Ме изненадува колку зборува Јас не можам многу да комуницирам Германски со неа затоа што не знам толку многу Македонски буквално ништо не кажува а не разбира се И стално ни вели ние живееме во дојчланд и мора да зборуваме дојч!И уште ќе не праша дали ни е јасно Сигурно воспитувачките имаат речено па ни вели и таа Некогаш ми е жал што има примено малку повеќе од нивниот менталитет Се доселија нови до нашиот стан и дури се селеа нели влезот лом се направи Таа ја виде жената со метла дека излегува и и вели Да,мораме ѓубрето и нередот секогаш да го тргаме Умрев колку ми дојде непријатно од жената ама Могли нема ни трошка срам Ко некоја баба е Друго ништо ново Еве и мали пристигна,Могли заспа па да се надеваме и тој брзо ќе заспие Ми се пие салеп и ќе гушкам маже...ако мали заспие @BabyT* лесни чекорчиња @thinkerbell @TeddyGrey среќно со новите работни места Се одјавувам,да поучам малку Довиџења
Сите играчки ни беа на под, само 10мин пред тоа беше заиграна убаво. И го земав и и реков дојди ќе играме, ама не, се налути. И претходно имала вакви испади ама не до толку, ова буквално ме извади од памет. Се тресеше и вриштеше колку ја држи глас Секое миење раце и бањање ни е со плачки, ама во граници на нормала. Трпение... Друго нема.
@Mari* баш ме замисли со оваа изјава на малата. Не би можела од вас да го научи она али сигурно децата и го викале. Сигурно не е од наставничката 100%. Какви посрани родители има на секаде во тоа мозокот скроз се замрзнати. Да го труеш толку мало дете со глупости наместо да го воспиташ либерално, отворено кон вери и нации. Јас на твое место има веднаш да се нацртам кај шефицата на градинка да се разбереме какво ми се враќа детето дома. Има под итно да се види кој и како труе во градинката. Јас таму го носам да го опаметат, а не да го оглупавеат со ниско интелегенти досетки од типот ова е дојчланд. Најчесто се тоа од неписмени родители кои жими германскиот што го знаат и тоа на некој закоравен дијалект. На фин македонски би му дошло ем шуто ем боде. И вие сте криви сте и попуштиле и сега ќе и зборите германски. На твое место уште од утре само на македонски ќе и зборам. Има шанси да научи бесплатно поврзани три јазика и ќе научи макар и да не и се допаѓало. После ќе рече фала сега не треба. Најголемо богатство е познавање јазици и тоа во иднина ќе се вреднува. Сите врати ќе им бидат отворени. Не ја скратувај од можноста да го има тоа. Јас и кирилица ќе ја учам, токму кирилицата ќе и олесни во ех совет земјите.
Ова за зборувањето само на Германски не е добро за детето, ако не се лажам вие сте и двајцата Македонци ти и мт, а живеете во Германија. Прво и основно,уште од раѓање требало да им зборуваш на твојот мајчин јазик на децата, второ, нормално дека ќе научат Германски штом живеете таму, одат во школо таму, сакале нејќеле ќе го научат Германскиот преку школото. Ама Македонски дома обавезно треба да се зборува. Децата од мали брзо учат и не забораваат и тоа е еден многу голем плус за нив. Јас исто така не живеам во Мк, имам маж од друга земја, кој не го знае Македонскиот јазик, па на детето му зборувам од раѓање на Македонски и ете 7 години е и зборува перфект и двата јазика, со мене Мк, со татко му Грчки и во школо оди и таму супер се снаоѓа и никогаш не ми рекол дека, знаеш мама, штом живееме во Гр и треба само Грчки да се зборува тука Не, не, тоа е како ќе го научиш детето, грешка голема што не се зборува на мајчиниот јазик. А вашите се и мали деца. Но никогаш не е касно и сега да почнеш да им зборуваш, тоа е само плус за нив, кога ќе идете за Мк како ќе се разбираат со роднините таму, со баби, дедовци? Нели е малку глупаво и двајца родители Македонци, а децата да не знаат ни збор Македонски? Што знам, мене ми е многу чудно тоа, а има доста случаеви такви како вас и многу ми е чудно....
@24.07 фала што ме помисли. Тука сум,ве читам секој ден,лајкувам ама некако не се чуствувам мајчински за да склопам некој пост за во темава. Далеку сум од синко километри и километри,деновите ги исполнувам со работа,книги и со него на вибер. Едвај чекам Велигден да дојде и да одам да си го земам. Сакам само да си ја гушнам @Nikita7 Во иста каша сме двете Да ви честитам на сите родендени,крштевки,нови работни места,први чекорчиња,први запчиња .... На болните побрзо оздравување. Ве позз
Денoв ми е испoлнет самo за мене. А и вчера oставив самo бебе сo мм, имав неoдлoжливи oбврски. Oстанаа сами 4 часа. Премнoгу ме радува штo тoлку дoбрo jа чува и се грижи. Вчера за да не ме ремети и сам jа избањал, намачкал сo млекo, oблекoл пижами.....дури ме изненадува Денес кoнечнo oтидoв да се шишам, фризеркава ми вика дека и дoаѓале случаеви штo дoеле сo цели залистoци паднати и превентивнo да ставам некoj шампoн . Се вратив, средивме бебе oтидoвме на кафе и шетање. Сoсема случаjнo си дoбив патики oд маже . Прojде тoа oднесoв бебе каj маjка да завршам и дел сo депилациjа. За кашлањевo зарабoтив сируп мислам дека пoлека се смирува. @JoyJoy Среќен рoденден
Ноќ мајки Хаос е благ збор за деновиве кои претходеа! Направив глупост, ама многу голема глупост, уште не можам да си поверувам на паметот Еј јас таа грижливата и промислената направив нешто толку наивно Нема да кажам што, срам ми е, ајде барем нема страшни последици, сем огромни две модрици на мојата нога. Али шамаров кој ме опече ќе го чувствувам долго, а и треба, да ме потсеќа на глупоста и да не ми падне на памет пак да изведувам таков курташак Веќе се смирив, се стабилизирав, остана само неверување на наивноста, а ич бре не сум наивна, ниту некогаш сум била Сега што не ме фаќа сон е поради 3те кафиња Мм си го купи кафематот, упс јас го купив, заедно со бебе бевме, па и одбрав И сега од што му е интересно само мучка и ме подлажува за друштво, па и бебе го навлече, идат заедно штракаат копчиња, чекаат да се наполни чаша Хм јас ипак решив да се правам нетокму, не и не можам да научам кое како дугме се штрака А тоа дека бебе од 2г веќе научи лате да прави нема никаква врска Имаме и нови чашки, па сабајле латето у тие го шмркавме Денес ден за чистење Или ден и за пречистување, таман едно ќе средиш, друго се растурило Али така е со дечиња мечиња За да сети детево свеж воздух на два пати го праќав на тераса и два пати се зезнав, лом ми ја правеше па морав да ја мијам. Си собра лопатки и кофичка и копаше у земјата од жардињерите Оддамна не се љуљал и на љуљашката, па во време на пауза 1ч го љуљав На лизгалки се го интересира сем љуљашки, може дека на тераса му е Хит периодов му се клацкалките, а па колку ми е страв да не падне, јас го кревам по малку и одма слушам "горе" и покажува со прстот нагоре и не се откажува дури не го кренам повисоко Него бебе станал тепач Чим виде дете да иде накај него одма замавнува со раце/нозе, одма се спрема да бута, а врвот го достигна кога у Вајкики замавна да удри едно девојче со закачалка Зборам, објаснувам, па и карам, ама не гледам да ме сваќа, али ќе мора Нејќам да биде тепан, ама па не и тепач, го учам ако го тепаат да враќа, ама прв да не започнува, али учењево на 2г дете малку и тешко иде Кај видел еве не знам, ние по дома не се тепаме цртани, да гледа, ама строго под надзор и бирам кои, кај му текна па сега ова Почна фаза и трескање од земја ако не му е погодено, ок не се треска буквално, не хистерише, не легнува доле, туку глуми дека плаче Нај јако беше пред некој ден. Му викам и што правиш вака, не може да правиш се што ќе посакаш и какво ти е ова плачење без солзи (пошто мојов прво солзи вади кога плаче ) и го гледаш престанува да вика, трепка неколку пати со очите и му паѓаат солзи и ми ги покажува и ми вика "еве" Пукнав, значи препукнав од смеење Последниве 2м борби водиме за бањање, рика, вика нејќе бањ бањ и крај. Али денес по 2м борби се испобања асално, дури и едвај со негодување го извадив од кабина Периодов се се учиме сам да прави, па така и да се бања, па што убаво и уредно се трљаше со шампонче, па и фино се исплакна со тушот Периодов и сака се со татко му да прави, топ, јас сум среќна, малку да ме одмори, али татко и не е баш среќен Со него почна да заспива, сам бара тато да го гушкал Бара татко му да му дава супа да јаде, а татково живчан и го гледаш принесува лажичето, па враќа, па бебе му наредува помалку да го наполни, па ипче да му стави (фиде). Па на сред ранење ќе побара раце да му избрише, па уста, па да го доближи поблиску до масата, па Бетмен да му го подаде, па ај кранот, па пластелин ќе побара.. Татково врие, ама не смее да зуцне, мора дете сито и задоволно да биде А со мене, му ставам супа у тањир, го седнувам како што треба, бидејќи никако не успева да седне сам асално и тоа е тоа, зима лажицата и сам си јаде Саботата бевме на доцен ручек, секако со бебе. Се исподотеравме и тргнавме, онака среќни и задоволни дека се шетаме и мешаме у народ Ама дека мајкава малку пивеќе време си посвети на себе, а татково очекува се од мајката тргнсвме без ниту едно играче Таман седнавме, нарачавме пијачки и ни текна, како ли детево ќе се занимава. Ај мм вика ќе идам до Веро да земам нешто. Само што отиде донесоа пијачките, за бебе нормално Кола нарачавме и кога си ја зашмука, пие ли пие. Таман мм влегува, носат јадење, му дава играчката, бебе се воодушевува, вика фала и од возбуда наполни пелената Секако торба у кола Ајде појдовме да се пресоблечеме у кола, по пат ми текна дека влажни немам, бидејќи и не користам, па ај првин у Веро по влажни. Бебе цел е паники кога ќе се покака, па цело Веро мораше да дознае дека се посрал, се развикал кака, се тегне за пелена, се жали не бањ.. додуше и да не кажеше смрдеше, корнеше Се угушив у кола дури го пресоблеков Ај се вративме и натака се мина без инциденти Него се изненадив, во ресторанот девојчето кое не служеше не праша да не сакаме да го почува малово Ма он се намири скрос, бајче си беше до крај Со мм пиевме винце, како прави добри родители Али и толку многу ни се засвиѓа што за накај дома пак влеговме у Веро за да си купиме флаша од истото вино за дома Вчера пак бевме у шетање Али овој пат тргнавме подготвени, на мм му дадов да носи поголема торба и внатре пикнав играчки, влажни и памперс јас носев мало ташниче и не ми збираше Мм на секои 5мин викаше "еве го сере" секако не наполни пелена, ниту играчки му фалеа Му порачавме сладолед да јаде и цел хепи со чинивчето бајче беше Него влагаме у ресторанчето, стои едно девојче на влезот и ни отвара врата, али како ни отвори така не поздравува и си ги прибира рацете крај себе. Влага бебево како фурија, цел озарен као wow какво е местово и на девојчево му вика здраво и и подава рака, али девојчево збори со мм на која маса да седиме и не го приметува, па овој упорен оп пак вика здраво и и го бута рачето во нејзините Му кажавме дека ќе јаде сладолед, али не можеше да дочека да му го донесат, па кога се испоразвика ајдееее, ајдеееее по келнерот Му викам викни го и прашај го до каде е сладоледот, па кога се испоразвика викааааам, викаааам И се разбраа некако и за 1мин сладолед беше пред него Вчера бевме до Џамбо по адаптер за вц шоља и за да не се застанува до секоја играчка да ја бара, он не зима, туку покажува што сака, од дома се договоривме дека ќе идеме у Џамбо зајче да купиме. Дека е по зајчиња, па се сложи, а мене ми текна дека е наредено велигденско и сигурно ќе најдеме. Прво си одбра корпа во која ќе го чува зајчето и тргнавме у поход по зајче. Виде еден голем како за пред врата, ама му се намршти, па застана до едни мали дрвени, цели 69ден и покажа тоа сакал. Супер викам, фино поминав, за да понатака запази едно бело крзнено зајче и оп вади дрвеното од корпата и покажува дека тоа го сака, цели 499ден Ма што радост и гушкање даде, вреди секој денар Али зајче на батерии, па едвај чекав да дојдеме дома и да го пуштиме да видам што ќе пее, живо ме занимаше како вика зајчето Па ок кога квичи зајче така личело, свеки така рече, јас не сум чула зајче да квичи Него и иде, мрда со ноџиња и ушиња, баш е сwатко Има и ново, сум се подновила со два фустани, еден за со патики, а другиот за со чизми, па немав нови чизми, па и тоа се подновив Дента се изненадив од себеси што си купив за себе, а за бебе ништо, ама баш ништо, ни облека, ни играче е за јадење го натупанив, ама за тоа не си кратам од моја душичка Го подновив и мм со 20пара чорапи и 2пара пижами. Редам убаво чорапите, а и претходно го приметив по дома дека се му се со дупчиња како глувче да има у фиока Со пижами имаме мака, секоја година ми купувам по 2пара со долги и се нема, многу сум му ги собирала у сушара и тесно уз тело му стоеле и со такви му било неубаво да спие. А со мевот што праиме Како бе мене не ми се собираат Па влегов у Стружанка и барам најголем број пижами, ми вади едни, други, трети и се и викам тесни се, па чек ми вика колку е широк човекот, абе викам он хл носи, ама сака да му виси пижамата, па барам како за 3хл да е И најдов соодветни, ги бендиса, ги исправ и ги исушив на радијатор, аман и така ќе му ги сушам, само нека не мрчи, па ај и ќе видиме кој е у право Него денес си закажав на фризер Сакам да си носам пуштена коса, ама со одамнешниов балајаж фино е да се носи собрана, евентуално плетенка, за да личам пристојно Нерва ме фати вчера, упс тоа е веќе и завчера кога се спремав, па денес барав по Групер и најдов само кај Дадар што го знам, па и сум била, па и топ понуда, плус и ќе ме шиша. Абе се поскржавев да дадам дупло, а и многу ќе ми се фати, нели фустани, чизми, а бебе Еј а јас да спијам, сум навила аларм у 8ч за да чистам скали, тоа пред да стане бебе за да не кратам игри без граници Да спијам, може и утре ќе пукне сонце, па ќе треба цел ден да мериме улици Убаво нанајте
Фри ние дома исклучиво македонски зборуваме Како што пишав и се обраќаме на македонски ама ни го рече муабетов и сигурна сум дека е од воспитувачките Имам една пријателка хрватка и со девојчето нејзино таму зборувале како знаеле и воспитувачките ги прекорувале Јас како што пишав и не знам онолку германски за да можам да и се обраќам Македонски разбира ама не зборува никако,одговара на германски Од секогаш е тој проблем кај нас Не преземавме ништо затоа што до 3 годинки не зборуваше никако Освен мама и тато што кажуваше и чао,толку! Па и ко почна на германски реченици да сврзува ни беше мило,само да ја слушнеме како зборува Сега и со малиот ист проблем Во градинка германски слуша,кога си идат од градинка со сестра му на германски си зборуваат и тој не знае никако македонски,нити разбира Македонскиот им е неминовен,ако не сега за неколку години ќе зборуваат,нормално дека и ќе читаат и пишуваат,мислам ние доаѓаме од Македонија и тоа никој не може да го смени И да,во групата кај неа од воспитувачките не сум баш нај задоволна и знам дека би искоментирале нешто такво Се штитат многу и кога би одела на тоа таму да разговарам ни една од нив не би била крива нити би знаеле нешто за ова Нејсе да ве поздравам Однесовме деца градинка и маШ замина на работа Јас со мојата тишина...и кафе Ноќва шо помина не ми е баш за фалење дека едвај 2-3часа сврзав Се одвикнав од неспиење и сега се прашувам како сум издржала неколку години со по 2-4 часа сон Имам тон за пеглање и пола за перење Нит ми се пегла нити ми се пере Куќа во солидна состојба па и не ми се чисти некако Без воља уште од сабајле За ручече само да извадам нешто малку месо дека од вчера рибче ми остана Го шмркнав кафето,да соберам сили да излезам едно цигарче да чурнам Ладно и се е бело,имаме снегче малку па ако е мирно без ветар ќе правиме снешко ко ќе дојдат дечки Довиџења
Здраво мајки,како сте? @Yowannty колку убаво опишуваш прошетка наплажа,па кафето, па сонце...За викендов одиме на планина кај соседиве, ама ми потекоа лиги за сонце и оној морски воздух! Ја вчера го бањав малово, рогови ми пораснаа.Несака никапка вода на него,а раце па коа се мијат мислам цело сосдество дознава.Некако го прелажувам со коцки да миеме, човечиња да бањаме..Омилени му се од лего коцките,ама оние ситните што почнуваат од 4+...Не го ставам сам со нив,нели во дете никогаш доверба да се нема. @emkaemka да каже од каде купува чорапи за мажот? Мојот исклучително спортски носи,ама сеа некако све испотргнале од продавнициве(дали поради попустите??) и неможам да најдам. Вчера си се изнавежбав,резултатите веќе видливи.За жал неможам да кратам од благо,слабост ми се.Ама барем мотивација ме држи За наредна недела закажав фризер,ама само форма,ке си ја пуштам косава. Останувам и понатаму верна на боб-фризура,ама долга форма сакам. За купување, манија по спортска облека ме фати Е бендисав само од геокс едни патики,ама Guess what?!нема бројче за моево ноџе па се мислам онлајн да ги нарачам... Се одјавувам, да јадам,па состанок имам еден напет..
Читам сте се распишале околу јазиците. Да не ве цитирам поединечно. Не е навистина убаво дека ако си во Германија или каде и да е па треба да збориш на тој јазик. Дома кој како сака си зборува и стварно жално е дете со двајца родители Македонци да мисли дека кај што е па треба така да зборува а мајчин јазик да не знае. Нека учат децата колку повеќе јазици подобро за нив. Како што кажа kallis утре ќе дојдат во своја земја кај роднини па оди нека се разберат. Ме потсети ситуацијава на децата од свекор ми. Мајка им е од Албанија и си знае и албански и македонски децава врска немаат од албански а налето кога одат на поседок кај фамилијава од мајка им како стоки седат ни знаат да се разберат ни да комуницираат. Па оди во стилот мамо ај речи вака и вака да прајме вака и вака.... И свекор ми само ја опоменува жено децава не ќе можат да се сметаат со фамилија срамота е учи ги а не само ти да си се изназборуваш. Па ене се после 12 години почнаа по малку по нешто да разбираат.