@TarantulaA изгубиме најдиме, да не дува само силен ветер, ја шетам. Еве ме. Ако доаѓаш накај јужниот сосед, викендов ќе биде право лето. Да си поминеш најубаво и да се изнауживаш во морската клима. И денеска лето. Излегов по елече и зоврев. Чекав машина да испере, пружив и излегов. Паркот ми е на минута од дома, саат ипол пешачење за денеска доста е. Едвај чекам да се вратам на трчање, мора екстра салцето да го стопиме до лето. Си го забораив паричникот дома и си останав без кафе. Поминав покрај маж на работа сакал да ја бубне бебла и му земав ситно за кафе и само што се разделивме, истата секунда забораив дека имам пари и не си купив. Мозоков ми е отиден удолу откако затруднев и родив. Ни концентрација, ни меморија имам, шетам без пари оти не ми текнува да си земам, живот он да еџ. Околу јазиците, дома и збориме на бебла по принцип -секој родител на својот јазик. Ако добро ги владее двата ќе воведам и англиски час поскоро. Децата се како сунѓери, спремни за учење се раѓаат. Ама на неа сепак останува да покаже некој афинитет. Јас @Mari* би ја охрабрила да не се секира. Чим има желба, јазикот ќе си го научат, само трпение и упорност. Кога ќе престанете со нив да комуницирате германски ќе мораат тие да почнат со македонски. Меѓу себе нека си зборат германски. Јас имам пријатели кои се преселија во Данска, многу разочарани од Македонија, децата знаат дански, француски и англиски не и македонски. Со намера не ги научија, и тоа си е нивна одлука, воопшто не ги обвинувам ниту судам. Секој за своето си одлучува како мисли. Утре ќе врне и од сабота лето. Едвај чекам асално да затопли оти на мака бев, пелените не ми се сушеа брзо. Убав ден.
Здраво и од мене Прв пат пишам во темава, а ве читам уште пред да останам бремена, од желба за бебе се воодушевував од вашите муабети Дојде ред и на мене, се остварив во улогата МАЈКА Преубаво чувство, неизмерна среќа и љубов.. Се топ, син ми пред 2 дена наполни 9 месеци.. Од првата недела почна да спие по цела вечер, од 2 месеци сам си заспива со ќебенцето гушнато, во раце седење максимум 15мин. на почетокот во релаксатор, сега лазење, исправање на ноџиња абе самостоен маж. Свекрва прави ручек, маж работи 2 работи на мене обврски само околу син ми. Фала богу здрави, прави, без потешкотии во чувањето на син ми, јас глава неможам да кренам од негативни мисли и страв. Причина барам, нема. Се како што треба, а јас месецов глава неможам да кренам. 16 расположенија ми се менуваат во еден ден. Самата не се трпам. Како што пишав неколку пати оваа голгота трае од како добив менс прв пат пред 4 месеци. Прво депресија ме фаќаше во пмс и после гајле немав, ама јануари месец убаво ме здрма и еве уште неможам да се совземам. Пробувам да се кренам на секој можен начин, си велам време треба. Сакам да сум добра мајка и сопруга. Сакам да сум расположена за игра со син ми и со насмевка да го пречекам маж ми од работа, а не на секое да се жалам. Напорна сум му знам иако не признава. Дали ми влијае и депресивново време, незнам. Некој ден сум добра, ама некои незнам кај терам... Матичнава ми вели вака ми е ради хормонален дисбаланс и дека ми треба време да се средам, верувам во тоа само уште да научам како да ги дислоцирам негативните мисли. Планирам да посетам психолог, ама и искуство од некој може да ми олесни, да ме утеши Се мотивирам од вашите секојдневија, оти шок за мене е и седењево дома, на работа не се враќам оти нема кој да го чува син ми. За денес толку
Децата мои исто слушаат 3 јазици Македонски ни е број 1 нормално дека нити Германски нити третиот јазик ги знам како што треба Со мм комуницираме на македонски,на деца им се обраќаме на македонски ама не не разбираат баш па "принудени"сме на германски да им се обраќаме Могли уште 2 месеци 4 години ќе прави и не зборува чисто уште Последица на тоа кај неа,зборувам како се одразија тие 3 јазици одеднаш кај неа е касно што прозборе,и еве уште е збунета и зборува бебешки некако,не знам како би објаснила Кога не викнаа на разговор во градинка ни понудија нивен логопед за кој требаше да чекаме повеќе од година за термин и нивни совет беше да совлада прво еден јазик па да вклучуваме полека втор и трет И те како се согласивме и ни беше мило кога ја слушавме како почна да врзува зборчиња додека нејзините врсници зборуваат течно и јасно Знам дека секое дете не е исто ама се гледа разликата во говорните способности кај деца околу 4 години и неа Јас гледам само да му олеснам на детето дека имавме очигледен проблем Ние мислиме дека така е најдобро
Мари, јас на 11 почнав втор јазик да учам и еве сега 4 зборувам. Прави како сметаш дека е добро. Братучетка ми е професор на факултет у Белград, со мајка македонка, па не знае македонски. Не гледам да и сметало тоа а зборува уште 4 или 5 други јазици. Прави како ти одговара
@Yowannty ти љубоморам. Цел форум ти љубомори верувам Си ја шеткаш бебка покрај море. Убавини! Ми се живее на море Викаш викендов лето? Ке ѕирнам што има на букинг...се мислам да палам кола, ми направи лиги ептен со сликите
Туку кажи ми ти што напраи за хранилка? Ја зема таа што ни се бендисуваше на двете или најде друга со сличен стил можда?
Еј го прашав ортопедот и ми кажа да не зимам хранилка што неможе да се спушта наслонот до 45 степени. Демек за да можело детето кога ке се умори од седење да си прилегне А таа што ја бендисуваме нема опција за тоа. Баш е како столче:/ Уште немам купено. Се мислам. Не ми се свиѓаат тие со мушама Ја гледам oribel cocoon сега. Ѕирни ја, само малце е поскапа и не знам дали вреди за хранилка толку пари. Другиве ич не ми прават мерак...Комплицирање у велико... ко кола да му купувам... Морам да купам у брзо време, бебе го ранам во mamaroo
Јас зборувам француски, англиски и шпански. Сега сум принудена да го учам германскиот. Никогаш не сум имала желба за него ниту еден збор знаев. Газдата кога ме прими ми рече ние ќе ти зборуваме германски мора да научиш Среќа имам фини колеги па ќе ми повторат на англиски што треба да сработам Толку ми е тежок периодов На работа се чуствувам како осамено Сите си зборуваат, смеат јас како теле. Знам дека ќе научам но додека биде море од солзи ќе направам. И башка имам и друга тежина што е поголема од незнаење јазик Но се тешам дека конечно ќе дојдат и убави денови. Знам дека темава е мајчински муабети но за жал јас не можам да го опишам мојот мајчински ден
Добра вечер мајки И нашиот син си учи два јазика од еднаш. По мајка босански по татко турски Повеќе накај турски влече, цело време турски збори. Ептен ќејф има маж ми и ако и тој е пола Босанец Вечер изгледа ќе го прекинеме доеничкиот стаж од точно две години. На шега се намачкав со лимон, проба два пати да цицне се згади и толку. Веќе не ми се ни доближува Млеко никакво неќе само сок. Шише исто не прифаќа..Му нудам цице неќе бега. Ќе видиме вечер како ќе биде....
Добро утро Петок Сакам одмор, пауза малку 2 дена ништо да не правам. Си мислам вчера па јас од кога тргнав на работа немам користено одмор само за мене да бидам без дете.Ама и да земам пак ќе треба јас да ја однесам малата на градинка и пак да ја земам.За мене нема одмор Малата ,јас ја носам и земам од градинка.Зар има поубаво нешто на овој свет да гушкаш сонливо и бушавко детенце?Детенце што се труди да си тргне од очите една мала немирна локнаТопло и најнежно на светПа кога и таа ќе ме гушне и почне да ме бакнува сакам да застане времето засекогаш Има малата маскембал овој месец си порачав на време и ми стигна порачката.Маската е Црвенкапа. Треба да ја исперам само и спремни.Туку што да и ставам во кошницата се мислмМоже ќе ставам некои чоколадца . Еден ден ја земам малата од градинка и ми кажува и објаснува како лепела и правела маска.Па била во плава боја , па имала светки.Се тоа во форма на нејзините раце.Ги прашав воспитувачките ми ја покажаа . Преубава маска.После некој ден ја гледам истата долу на таблата кај што е објавено дека ќе има маскенбал Викендот имаме роденден малата не може да дочека .Толку се радува што ќе види едно девојче дури кажува за сестра ќе си ја зелаПоклон уште не сум купила за славеникот.Ама денес е во план да одиме и да купиме Денес изгледа не ми е ден.Метрото ми се расипа.Добро ќе одам со Сбан.Одам се качувам возачот вели морам да стојам одите со метрото.Пак одам со метрото.Доагам до другиот сбан.Слушам ќе касне.Ќе стигнам во 10 на работа.Ама пак ќе си одам во 15.Како колешката кога и да дојде си оди пак во 14:30А јас будала враќам На работа стана премногу напорно.Премногу работа за мала плата.Собирам храброст да си побарам повисока ама тешко ми оди.Изгледа полесно ќе ми е да си ја сменам.Вчера почнав ме прекина еден човек.Па се нерворав цел ден колку неспособна сум.А спремна сум со сите бројки уште грфици да нацртавАма што кога се срамам.Мм ми се смее вели не се откажувај и првиот пат секогаш е таков Што ќе славите денес св.Трифун или Валнтајн? Мм ми купил јагоди во форма на срцеАко најдам ќе му купам патлиџани во форма на срцеАма вино секогаш имаме само уште да си ставиме Што и да славите гушкајте и сакајте се Убав ден мајки
Добро утро Нов ден, нова енергија да поплукам 3 пати, да не се урочам Убав ден, убав празник за многу години да е. Поклони оваа година нема кола за регистрација, кај мене породилно нема така да ке се стегнеме малку месецов. Може само убаво да се најадеме и некое винце да пивнеме Незнам дали смеам една чаша да се напијам дека дојам а баш убаво би ми дошла. Беба спие, јас кафето го допив па да му спремам доручек. Убав ден мајки
Добар ден и од мене. Петочно "празнично" ,пишав под наводници бидејќи од пред 2 години овој ден за мене и не е така празничен,на овој ден го изгубив бебето. Несакам да се присетувам , но до срж ме боли,и за никаде сум но не би да ширам негатива. Има тука многу што вечер ке го слава Трифун верувам,па ке му ја удрат на љубов. Ненаспана сум,мали повторно не спие мирно,не плачи но само се буди како во бунило,па си седнува на газе,па си ја бара цуцлата јас ке го легнам он тргнува да лази па ајде со нас на спална,ке спие мирно саат време и па истото,пие сок,пие млеко и никако да врзе мирен сон,но среќа не плаче пак ке напишам. Чекам забче број 2 може затоа е така немирен,души кој знае низ што поминуваат... Пред добивање сум па на мета ми е мм за расправија,вчера од нигде никаде отворив дискусија,банална и завши со спиење гз со гз. Неможе уште да се вреѓа ако некој му ја каже вистината за неговите родители,ем знае дека се напорни а ако јас го потврдам тоа дека се напорно он го дига носот. Епа еве ти га на дека ке ти попуштам,лута ке бидам. А за моите ако сум искрена чини тогаш,а за неговите боли...ма немој. Врзан за дома,као јас и син ми да не сме му фамилија. Смотан Доста тука се изнапшав негативности,ни на работа не ми се седи. Сакам на планина да бида и ова . Убав викенд,кога вејке немаме снег нека има викендов сонце па да си шетаме
Ајде добро утро. Гледам сте пишувале за јазици. Моето има 1,5 месец и збори некој јазик, не знам ни јас каде го научила. Синоќе целото тело и беше топло, ама многу топло, ми беше малаксана и кенкава. Меревме температура, првиот пат ни покажа 37.4, потоа беше пониска 36.6. Отидовме на лекар, сакавме таму температура да и измерат, им се скршил топломерот Направивме крвна слика, резултатите ги чекавме два саати, се беше супер, наводно ни се причинило дека била топла и сме паничеле без врска. Ако и била уште повисока температурата да одиме на клкника. Земавме и кеса за мокрача, луѓе тоа врска нема, и го наместив,гледав убаво да го залепам, ама мокрела во памперсот, па кога го заџипив таму далеку. Ја избањавме, и олесни, и намали со тт. И ми живна детето. Ми олесни за сите пари. Сега ми спие на гради, јас легната на фотеља ја држам. Душа на мајка. Чекам да стане млекце да и дадам.. Утре правиме 40 дена. После ќе и спремам и пеглам што ќе носи. Време како лета,тоа е чудо. Ќе правам некоја торта. И така.. Имајте убав ден
Добар ден или добро утро мамаситас! Откако деца тргнаа во градинка куќава ми свети. Секој ден избришено, сметено, џогирано, алишта на време испрани, здиплени. Детската ни беше како соба за се што нема кај да сместиме па таму се оставаше. Ме фати инает се расчистив, им постелив детско теписонче, играчки и сега поголемиот дел од денот таму си играат. На ѕидовите залепив ѕвезди, животни и многу убаво дојде. Имаме мини игрална. Кога сме кај јазиците, јас имам познавање од неколку чак и албански имав изборен на факултет, најтежок јазик што се имам соочено досега. Децата пред се и што е нормално ќе зборуваат македонски, но често знаам да им пуштам германски песнички и мило ќе ми биде ако имаат познавање на тој јазик. Имаме и неколку германски книгички подароци од бабите и често им ги читам. Човек со плус јазик е побогат. Кога бев Германија еден колега цело време не прашуваше за значењето на мак. зборови. Сакаше меѓу себе додека комуницираме да не сфати и прилично добро му одеше. @Mari* сакам да кажам дека и девојчето твое кога тогаш ќе научи македонски. Не мора на високо ниво, но сепак кога ќе дојдете во Мк на одмор или било што да може сама да се снајде. Син ми добил 5ка на раче во градинка. Многу бил мирен, си играл и се карал за играчки со дечињата. Се си јадел. Кога го носиме не плачи, туку само што ќе ја види градинката се смее. Исто и на земање, не плачи, се смее и дома не може да се донаигра. Се радувам колку позитивно му влијае. Ама затоа ќерка има омилена негувателка. Кога таа ја зема не плачи, ама ако биде другата пишти. Како што дома е лепенка за мене, така в градинка за неа. Туку менито в градинка им е хаос, вчера ужинка им беше пржени крофни со шеќер во прав. Ми ја пратија ужинката за дома и нормално јас си се почести со крофните. Вкусни, но не ми се баш за толку мали деца. Јас имам понуда за работа за од март, но не знам некако не ми се почнува евентуално ако деца седат до 14ч, а тоа ќе се знае до крајот на месецов. Станот го издадовме за рекордно време, човекот треба нареднава недела да се всели. Имаше еден проблем, задоцнивме со лежај купување па ми текна утрово на една страна од фб, имам од кај нив плакар порачано за 3 дена ми го донесоа, за 15 мин. го намонтираа тројца албанчиња, млади дечки. Им се јавив, порачав и веднаш ми се нафатија за во понеделник да го донесат. Како не ми текна порано на нив, по салониве за мебел минимум месец се чека, а и поскапо е. Имајте убав ден! Кај нас ќе врне, па нема шетање со децава денеска.
Цицо на репорт. Цела затната,настината. Мислев ќе ја поминам оваа зима здрава алиии нече баш Кивам ко навиена Вечер резервиравме ресторан после долги две години. Со уште двајца парови,очекувам да си поминеме убаво. Ми се пие Александрија вино, жими од него не се опивам. Ме предупреди една од пријателкиве да не случајно ми текне во 10 да им киднам со изговор ќерка ми плаче, друг пат не ме викале со нив Се надевам ќе биде мирна и ќе седи со баба и.. Уствари посекако ќе седи,оваа недела луѓе, бара да оди кај баба и навечер во 10-11часот. Пак одбива да спие, и тоа време е свежа за игра Па плаче за кај неа, ќе ја однесе мм, па бара да дојде горе.. абе не зеза. Па неќе да спие со цицка туку да ја нишкам. На сред нишкање бара цицо, па за секунда заспива. Во еден маалски бутик начекав добар попуст, па изнакупив и за неа и за други бебиња на кои им следи роденден, ма за џабе пара Ептен ефтино ќе минам. Туку, на ќерка ми почна на одредени места на телото многу да и суши кожата. На образот, над лактите и на ногата.. Дали да ја носам на кожен лекар, или на своја рака да земам нешто? И купив Еуцерин маслена купка денес, досега Мустелата не сум и ја сменила, па се мислам да не и се презасити кожата од неа.
Хелоу Ме нема од вторникот. Големиот не е добар, па цело време бев околу него. Три дена изгоре од температура. Сега е подобар. Страшен е вирусов. Денес правам генералка. Соба по соба да исчистам. За викендов да си одмарам. Само колку ќе трае чистотата. Околу јазиците. И јас и мм сме македонци и зборуваме на македонски. А и во Македонија живееме. Всушност, јас мешам и малку српски. Таква ми е жичката. Татко ми не зборува чисто македонски. И нормално, јас научив од него. Сестра ми не. Знам англиски, шпански и малку германски. Колку да се разберам. Денес врнежливо. Цел ден ме фрка глава, па лапнав едно апче. Ми помина. Метеопат сум. Времето ми влијае. Свети Трифун никогаш не сум славела. Свети Валентин славевме со маж ми додека идевме. Откако сме во брак, слабо. Си купуваме поклончиња (не секогаш). Немаат некое значење празнициве. Еден 14ти ќе остане запаметен како црн ден. На овој ден погребавме драга личност. Некоја од вас ја спомнала Стружанка. Не сум задоволна од долната облека. Одма се шири при перење. Поздрав.
Добровечер женички. Претходно најомилен дел од денот ми беше ноќта е последниве два ноќи мислам Господа го видов. Завчера вечер од 2ипол до 5ипол венеев. Вчера вечер не знам што се случи дали спиев медитирам дремев... Ама знам дека ни сон врзав ни око склопив човечки. Што ќе беше работата не знам. се надевам дека ќе дојде ден или па ноќ да мигнам да поспијам како претходно. Кафе немам пиено 3-4 недели асално. Споено овие 2 дена слабо. Дома да подсуредам да фатам нешто и тоа слабо. Чекам да си го подигнам породилното од банка па да се фрлам на шопинг,некои ситници од облека ми треба за големото. Следниот месец му е роденден. Најголем во класот е. Сите досега 6 години правеа тој сега 7 ќе полни. Ќе прашував @SummerGirl како е детето? Ти? Оздравевте?
@marchi-cool денес го носев на контрола. Ќе продолжиме со антибиотикот. Температура нема. Носот уште му тече, ама не како на почетокот.
сме пишувале истовремено тука знам колку е тежок вирусот затоа те прашувам како сте. Добро е,тешкото поминало. Среќа готово е со температурата. Уште недела дена треба да даваш течности за да се рехабилитира и рехидрира организмот.
Од романтики поштувам португалско црно од Доуро регион,пица ала ми, бебе кое преспива два саати и ени ленокс на линија хеј хеј ај сејв д ворлд тудеј пам пам. И чист шанк се разбира. Денов крејзи цел. Откази на три континенти во ист ден. Пресмешно како да се договориле овие моиве да го рушат светот. Сите до една на страшно опасни позиции, јас погорда здравје. И мене ме фатија мисли ми ја пуштија болвата. Тоа ти е жена. Од остаток вечната полемика на македонецот дали св.Трифун или Валентин, како не ги мрзи се чудам, 50 години истиот муабет од татко на син пренесен. Мислиш тајната вечера ја решаваат. Од долги постови уживам во на @emkaemka од исполнето секојдневие преточено во пост на @danichap и дешавките на моите. @Happyinlove трошиш енергија на безвезе муабети со текот на времето ќе сфатиш дека можеш повеќе да изгубиш отколку да добиеш на темата. Прифати го фактот дека гз му е залепен кај мама и живеј слободно. И не влагај никад во дебата твоите и моите, многу поубав живот ќе имаш. Траст ми.