Здраво живо. Ко тешка пијандура се осеќам денес. Бевме во ресторан до 1:30. Се напраив лооооом Три жени испивме 5 флаши Александрија Испушивме цигари ко да ќе нема утре, и за да биде полошо денес сум прва смена на работа. Така ми се гадеше сабајлево, така грдо сум се осеќала, ма не можам да опишам. Малата се разбудила во 1 со плачки по мама, мама се пијанчи по кафани Кога си дојдовме не сети, стана и така бушавка и најслатка ми даде еден огромен осмех и легна до мене за да ја успивам. Како ли да и дадам да цица на толку испиено и испушено? Среќа во несреќа и послужив само ко цуцла, не се напи млеко Знам дека во следната една година нема да излезам пак ниту да пијам. И цигарите ми се згадија за навек. Ко воз да ме прегазил, е така се осеќам. Што ми требаше бе... 100 пати поубаво ми е со ќерка ми дома, ама пусти мерак Денов ќе биде долг... Само се молам да не заспие дур си дојдам дома, да можам и јас да си прилегнам некој саат
@Chanell* клин со клин се избива бујрум да те освежам: Додека ги чекам гостите да споменам дека обожувам прајвет парти
@The Unicorn ја ѕирнав cocoon ама скапа ми е.. Мене па ми нема логика да ја остаам во хранилка дур се измори за да заспие. Хранилка нели е да се стаи таму дур се нарани.. Башка мое бебе ниту еднаш не заспало во релаксатор а тој плус вибрации има. Ептен ме бендисува таа на киндеркрафт. Ќе си ја хранам во релаксатор дур не заседи стабилно. Ќе се консултирам со педијатар секако, во вторник сме на контрола. Здравејте Времево прекрасно, шетавме во парк, пиевме кафе, па на враќање мал шопинг, уживам со нив двајца. Вчера бев малку под шок, малку под стрес, мајка ми требаше да ја оперира матката и не ми кажала дека си закажала за вчера, цело време ми велеше понатака, за да не ме секира. Ми кажа откако се поминало, ама чувствував мала анксиозност и грижа на совест што не можам да сум покрај неа. Ме смирува фактот што знам дека воопшто не е оставена сама и сите тетки се менуваат за да и праат друштво. Па наскоро и ние ќе одиме. Бебла деновиве спие фино ноќе и секогаш кога ова ќе го кажам на глас, следната ноќ ми покажува поинаква забава, која не ми се допаѓа баш ама морам да го играм тангото нели. Вчера откако бебла заспа со маж прославивме романтики. Јас си го почитувам Св. Трифун, ама вчера за прв пат повеќе Валентин повлече. Ма да нас секој ден ни е љубовден. Тој е романтичен, па уз него и јас. @duffi заборавам неколку денови Најдов вит.ц, ама не ми дадоа оти се давале после 1 година и оти не ми ги препорачал педијатар туку на своја рака сакав да земам, а за помали бебиња имало вит.ц во вид на течност која се растворала во вода и тоа не ми ни покажаа како изгледа оти нели не ми е препорачано од педијатар. Вит.ц во МК има старосна граница? Малце ми е чудно, еден куп луѓе одат за Солун и купуваат суплементи од аптеки никој до сега не ми се пожалил оти не му дале нешто ако не е препорачано од доктор.. што генерално е добра работа, ама за витамин е муабетов во случајов..
Јованти еве. Имам повеќе користено. Спојлер: Капки Ете едни од нив, назначено е од 0. И ХелтЕид имаат, ама мешавина на повеќе витамини е. Исто е назначено за инфантс.
Знаеш си помислив да не и кај нас се од 1 година нагоре, ама не е штета да се дадат порано. Чим има од 0+ ќе си земам од кај нас. Фала ти многу.
Во Германија исто не даваат витамнини на деца.За бебе освен Д витамин и К на почетокот ништо не даваат.Кога малата тргна на градинка и со мм бевме како муви без глави од болести и несоници мм отиде во повеќе аптеки со молби, преколнување дека детето ни е едвај 9 кг, добивме одговор мора од јадење да си надокнади , а болно дете тешко дека јадеИсто и др кажуваше.Јас си купив на своја рака некои и имаше ефект.Ама не знам за толку мало бебе дали би препорачала особено што вит.Ц може да му го нагриза мешето и да го боли и плака.Не знам нека каже некој поискусен Со лесно на мајкати побрзу да оздравее @24.07 сваќе заборавив вчера да го пофалам сватко, волшебник Здраво жени! Да пишам да не ме местат модераторите за џабе.Од сабајле станавме ,појадувавме и се фатив да зачистам.Една перална собрав , друга спружив.Немавме турЦко кафе па пратив мм и ќере по набавка.Дојдоа со ќеси од шопинг.Мислев мм стварно мисли на јагодите во срце опаковка за празникот вчера , а тој не беше арен па денес ми купи поклон.Малата го одбрала.А и тој се подновил со две блузи.Му реков да му дадам пари ама ми рече па од истиот буџет е исто како ти да си ми ги купила За ручек излеговме на шетање и шетавме до сега . Бевме на ручек до еден грчки ресторант и едвај издржавме мирни .Малата трчаше наваму натаму , а јас и мм само викавме не таму ,не фаќај тоа не допирај тоаПа ми текна дека нешто сигурно сме грешка ,штом не седи мирна ,при воспитувањето. Како овие германците децата ги стават во ред децата да ми бидат мирни и до нив да се движат? Чудо не сакаше малата ни да бои со боичките.Обично си седи и бои Мм се напи некое узце од куќата и ми тупна клучот од колата во раце.Леле јас кога видов колата меѓу две коли тесно паркирана, свест ми се заврте.Да си бев со на моите колата немаше да трепнам.Ама сега страв ме фати дека не ја знам колата и ќе ја закачам.Седнав и некако колата ми отиде напред малку наместо рикверц, а мм почна да ми вика дека сум ја закачила колата напред.Застанав и му кажав нека излезе да виде и нека ја извади колата , а јас ќе возам до дома.Излезе и виде дека не ја бев закачила После ми ја паркира и си тргнав си стигнав на паркингот и таму пак ми солеше памет за паркирањето.Му реков ако не ти се свиѓа препаркирај ја.Не рече нека стои.После шетавме по игралиштата во маалот.Преубаво време некој 10 степени ама мирно и топло.Ќерче пресреќна дека со мама и тато шета не престана да скока. Сега ме чека да правиме торта со бискоти и пудинг.Па да одам мајки оти ќе заспие малово.Имајте убав викенд и гушкајте деца и мажи
@Ava.84 супер што ми пиша. Баш сакав да прашувам во темата кај тие што живеат во Германија како е. Овде гледам до сега скоро за се па исто е со таму. Ако има некоја мајка што живее негде на запад да сподели мислење околу витамините и бебињата би ви била благодарна. Секако многу повеќе се силам, отколку што ќе направам нешто без соодветна консултација со доктор, ама ете ме замисли околу тоа дека може да го нагризе стомачето, од друга страна ако е 0+ може па се прилагодени за бебешкото стомаче. Како и да е, ќе се консултирам и со стручни лица и тука искуствата ме интересираат пред да донесам конечна одлука. Бебла спие, маж гејма, ја хоризонтала, морска ѕвезда поза. Фатив стотче на грепка, таман извадив екстра за роденденот на маж, оти екстрата што ја имав ја потрошив во мадр кер. Гледам некои маски за бебла за претстојниот карневал, за бебиња баш и нема некој избор, ама одлука падна на Бубамара па тоа ќе биде. Утре полни 6 месеци. Со исклучок на 4тиот скок од кој патем ќе имам трауми до крајот на животецов се друго во споредба со тој период ми се чини беше мачја кашлица. Убава недела ви посакувам. Добра ноќ драги.
Сабота вечер јас не сум во поза морска ѕвезда,незнам како да ја крстам легната на страна со мобилен во рака и едната рака е зафатена со трпки. Денес права домаќинка,уште витлер под марама ми фалеше. Станавме па правосмукалка,прашина,џогирање(со џогер). Машина да пере па да суши . Туширање, и за мене еден од поемотивните моменти,спастирање и тргање на облеката која му е мала на син ми. Со огромна жал га диплам и тргам на страна,фала богу си расте и напредува,но ете така емотивно се врзувам и за одредени работи. Едноставно си растат како печурки нека не брзаат,не е интересно да си голем. Па на ред дојде бањање на бебе и успивање И сега резиме денов летнал а само домашни обврски сум завршила и тоа оние основните. Ни ручек не направив имавме од вчера... За витамини освен Д3 и Д со омега ништо не ме советувале да земам,сама си побарав пред месец кога беше со бронхит као нема потреба ми рече матичниот ни вит.ц, ни тоа... што знам , сите различно кажуваат,се се менува и со план на исхрана но тоа е др тема... За игри на среќа,единствено 50 ден на бинго имам освоено,и тоа имаше опција да се земи нов тикет или 50ден и фино лепо си ги земав тие 50ден. Тоа беше тоа време на фиксен телефон ако звоневме сите ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО викавме. Добри времиња. А го меркам лотово сега,добро би ми дошло.. И тоа
И јас хоризонтала, положба фетус Заспаа децата, па дур го чекам маж од работа да ве поздравам. Си отворив индиски ореви кои 2 дена ги мислев, ама се нешто не можеа да дојдат на ред. И не знам шо ми е ама денес многу вода ми се пие, а така си се стоплив шо нема шанси да станам, ќе го чекам да ми донеси. Мрза левел 100, за вода да си пукнам тешко мене. Вчера демек ќе излезевме со маж после долго време, ама после 10 зш беше на работа. Касно ми се виде да се спремам, а и ми се спиеше, па си облеков секси комплет, отворив вино, запалив свеќи и така го пречекав. Шо ќе се мислам шо да облечам, па ладно било, па шминкање...ептен ме мрзеше, кажав и погоре. И така, поевтино и поубо си поминавме. Туку како се изнервирав вчера, детево ептен поприма фрази од баба му. Па така вчера на 2-3 пати рече "да не дајт господ" и "скраја да е". Одма му кажав на маж да си ја среди. Па секој втор збор и е скраја да е. Страшна работа. Инаку имаме договор никогаш да не се караме заради родителиве, освен ако се вмешани и децава, ко случајот вчера. И то не беше карање, само да си и кажи да внимава пред него со изразите. И да го учат правилни зборовите, а не "черешни, јаболченце, војца, ѓубренце....." и мал милион други примери. Малово снегулче па цела недела не спие мирно. Ај прво шо беше настинат во ред, ама сега не е и пак си кенка ама по цееела ноќ. Па ќе почне да плаче да вришти, ајде цуце, ајде млеко, ајде шетање, едвај дур да заспие. Вчера го однесов на контрола, добар е само да го доисфрли шлајмот, и реков таман на 4 месеци да го измерат, ама картонот од болница не го носев и ништо, среда ќе одам. Сестра ми преубо ранче си имаше порачано од fashion group, ама веќе нема ко нејзиниот. Гледам, гледам сите ми се убај и не можам да се одлучам. На крај ќе се премислам знам. Еве дојде маже, да си попрајме муабет и да легнам, барем некој сат да врзам, ако не ме зезне малово пак. Ајде добра ноќ
Добро утро Од кај да почнам да пишувам..Прво да кажам дека почнав да возам.Ок сум,освен са ајле што се испотресов.Ми изгасн а кола на семафор,другиве свират,маж како издржа со смирен тон да се смирам.Ја се изгубив.Ретко ми се случуваат вакви моменти на губење,ама еве... Вчера турбо денот.Ај по душек тргнавме,па манстори ни се јавија ке доагале д а ја местат собата на син ми.Дома,со се мајстори компир печев за ручек.Хаотично ама истуркавме.Маж после зема д а избрипе да зачисти собата ја набрзина туп,косата ,мораше на детски роденден.Дете беше возбудено за собата и мајсторите.Па и кога е со нас двајцата.И заспа во кола накај роденден.Го оставивме да поспие,па го будевме да фати бар нешто од забавата.. Ај да фатам редот денес..Дете се најде ...Имајте убав ден
Добар ден Се пресмеав со Гледам Супер Бинго. Која глупост беше тоа. А пак какви убави времиња беа и дружба со комшии. @Spidy за гејмер си мажена? Да отвориме група за поддршка. Ма да ние заедно гејмавме пред малава. Притоа буквално мислам, не метафорички. Бев и ја навлечена. Вчера се шетаме и узминуваме мајка чие бебенце плаче во транспортер, се вртам на маж и ми велам - го поминавме ние ова. Само што ги узминавме нив, ете мајка полна со кеси, а мало девојченце трчка по неа и плаче за во раце, а таа се препотува, не узминува и ни вели - после таа фаза оваа доаѓа. Денеска убав ден во парк, освен што ми го шеќеросаа кафето, па не ми легна баш. Ни се јавија пријатели беа во близина со малите во игротека па бевме да ги видиме. Нивната помала ќерка има 2ипол годинки, си трчкаше така весело и се плесна на бетон, ја ѕвекна главата и одма и потече и помодре рокче. Да не зборам колку само плачеше. Па рикнав да плачам и ја бог да чува. Не знам кога станав ваква. До пред 1 година не ни приметував деца околу мене, ни дал паднало ни дал станало, нит дал плачело или се смеело. Дур бев трудна мислев ќе бидам многу опуштена мајка и мислев паниките што ме спопаднуваа дур бев трудна ќе си заминат со стомакот заедно. Се изненадувам од сама себе на реакцииве. Едвај чекав да прооди.. сега сакам да е бебе што подолго.
Добар ден мајки. Јас денес сама со бебушки, досега добро се држиме Сакав да споделам со вас дека контролниот преглед кај Дума ни помина супер. Скроз е повлечено крварењето што го имаше поголемиот батко. Пресреќна бев. "Ти реков, што си преплашена" - ме зафркаваше Одвај чекав да ги слушнам тие зборови од него. Деновите ми минуваат турбо, едниот батко менување пелена, вежби, па хранење. За некое време истото па со другиот. Со аларм ги растам децава, инаку маф ми е работата. Грев ми е што денски кога дошло време за хранење му штипкам носе ако се заспани за да не настане безредие. Вака супер функционираме ама пак ќе кажам, грев ми е многу што им кршам сонче. Нема друго. Ако има друга мајка со близначиња, молам да сподели детали околу хранењето. Со душа чекам да почниме со дохрана, тогаш се ќе ми биде поедноставно. Јас всушност само имам мака кога го хранам едниот, а баш во тој момент плаче другиот. Среќа веќе се поголемки па се залажуваат со тропкалце, песничка, муабетење... Едвај чекам да помине ладново, грипот, настинките и сите гадинки што ги носи зимата со себе. Нешто посебно да споделам немам, секојдневието си врви според редот на нештата. Татко ми ми вика дека со децава сум применувале ЈНА режим Под саат хранење, бањање, чистење дупе, витамини примање, вежбање... Јас само му одговарам: "Кој не поминал барем еден ден, не знае"! Мајка денес требаше да дојде на помош, дома сите биле со висока тт. Стари, млади, дечиња... Само да не одмине нас зимово. Ете затоа го мразам. Посебно сега, од кога ги имам палавковци. Одам малку да истегна грб, додека фучи дремка во близначково креветче
@Yowannty каков гејмер имам за маж, не знам дали некој може да ме сфати каква мака имам јас ич не сум по тоа, само серии си гледам. Што би рекла свекрва ми, барем не оди по кафани, ако го оставиш пред компјутер во 21ч, сабајле во 5 пак таму ќе си го најдам.
@Spidy оооо и те како те разбирам. Мојов има колекција игри, плус обожава лего. Сега баш ми кажуваше нарачал ново лего international space station. Ај за игри и можам некако да го разберам, ама како му се даваат толку пари за лего еве не знам. Ништо, група за поддршка во процес.
Денес денов турбо инџекшн на буткање. Прво го шетам Ози во 6 наутро па потоа се остало. Почнало порано да се разденува така да покрај езеро ме дочека изгрејсонце. Лавли. Најмногу ги сакам утрата, мирно никој нема. Ние и езерото, ме потсеќа на Охрид само градот што не е толку убав. Карши нас ѕирка снег на швајцарски Алпи, пурпурно небо. Бек ин д риалити садови еден куп. Алпи од алишта во секакви бои. Правосмукалка и џогер по два пати. Таблета за прочистување, појадок еден, два, три и четири. Петтиот под мишка и надвор на сонце. Затоа го бива. Три сендвичи под мишка, сект една флаша и две чаши пластични за сект. Две салфетки и тегла житарици со млеко. На нашата клупа појадок во природа. Под нас лозови насади и езерска шир. Ози задоволно скака натаму наваму, бебе лази по клупа и јаде 3/4 тегла. Радост. Пола сект го нема, т.с пола клин од вчера исфрлен. Рака на срце со дете не се пие како без дете. Не сите ја имаме среќата на @Chanell* Убаво поминавме вчера, многу убаво уствари. Беба мирна си играше сама и гледаше во цртаните на девојчето. Имаа два саати за тв. Потоа на карневал се дешаваше пред зграда. Роштиљ парти што би рекле џерманци. Ние бевме маскирани во затвореници. Беба е сеуште малечка да ја малтретирам во облека. Она е сеуште во розов свет на Џон Ленон: Паднаа договори за ручек на едрилица. И онака овде веќе е пролет. Има и една забава на брод под маски на која сакав и лани да одам исто како и годинава. Нема кој да ја чува... Додека сум кај забави под маска оние во округ на Виена не треба да ги пропуштат. Се дешаваат во замоци, се уплаќаат пред време и траат некогаш и за цел викенд. Што се дешава таму е за раскажување на внуци, кога ќе станам сенилна за да не ме сфатат озбилно. И од замоци да се префрлам во мојот свет: Купишта алишта за пеглање. Оние кој пеглаат кошули може да ме сфатат. Тон алишта испеглав за сите. Ми се плаче од домаќинлук. Се фрлив во када додека спие малечка. Да одморам и јас од викендов. Капнав.
@FreeMind Не разбрав, за која среќа пишуваш? Да не ви остаив впечаток на алкохоличар ? Ова се случи после долги две и кусур години, од пред бременост не сум испила 1л вино.
Добро утро. Денес станав порано, дури во 8:30! Ама освен за на работа, немам навика да станувам олку рано. А што убаво било. Алишта спастрени, пуштив машина ама снема вода па ништо од планот, а баш убаво сонце има надвор и зачас ќе се исушеа.. Дете спие, јас кафе пијам. Од себичност да не случајно стане дур го шмркнам ни тв не пуштам да брчи Вчера спиеше само половина час преку ден, и во 7 почна да кенка. Ја заспв и во 9 се разбуди, но уште поспана. Сум ја нишкала до 10ч ама не заспа. Мм си порача тост па јадеше помфрит, па сакаше кај баба и да оди, ја остаив да поседи и во 11 ја земав. И кажав дека јас и татко и ќе спиеме, и не ми се веруваше дека отиде и си легна во креветче и се согласи да спие и она. Мислам.. ако некогаш задреме и ја фати 8ч, рачунам дека ќе седиме до 1, што беше случај претходната вечер. Ова баш ме изненади. Мислам дека она е спремна и од 8 до 8 да спие, што ќе пробувам и да ја учам. Вчера ми кажаа дека уписите во градинка се во Јуни, што значиии дека ќе оди и мое дете Ваљда и цицо ќе го зборави до јуни Ау луѓе.. Не ли пишав ќе намалуваме подои, ќе се збогуваме со цицо.. Аха и јас мислев така. Во саботата тантрумот на најјако, свеки ми се јави да си дојдам порано од работа, плачејќи!!! Ја слушам малата на телефонот се дере бре “мама цицоооо,цицооооо”, и мораше да си дојдам. Кога ја гледам она црвена во очи а свеки ко 3 кучиња да ја давеле, целата искасана на рамото Модра! Многу жал ми падна. Ми вика, јас не ни знам што и стана, не знам како да и помогнам, не сакаше ни да ме гледа ни да ме слуша, се расплакав од немоќ. За 5 минути ми заспа на цицка. Вечерта пак истото ми го приреди, а бевме кај мајка ми. Ајде викам ќе спиеш на нозе кај мене, ќе те нишкам. Почна да ме клоца по стомак,по раце, стана и почна да ме кубе, рацете и беа полни коса, па ме каса на рацете.. За 10мин се смири,ми легна на рамо и ме гушкаше. Знам дека и она се плаши од тоа,и неа и е ново. Леле мајка ми коа сп*зде, “зашто и дозволуваш вака, шлапни ја по газ, вие зарем не бевте деца? вие зошто не правевте вака,зошто е нормално овие деца вака да се однесуваат и дс го сметате за нормално”? И се мислам оттогаш, што ли грешам,каде ли.. Си мислам во градинка би се смирила, ами дотогаш? Ќе ме утепа дома Стварно не се трпи, а немам срце да ја карам.