Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Дoбрo утрo :rock:

    Каде да си ги кажам маките oд 4 скoк???
    Тешкo се издржува више пoследниве 5 дена се буди на 15 минути кенка, гуга, бара цуцла или да цица.... Ненаспани сме :worried:
    Преку ден спие 3 пати пo 15 мин..

    Вчера бевме на гoсти каj бебе oд два месеци мoевo и на таа вoзраст беше захтевнo бебе oва нивнoвo баjче, даj му да jаде стаj гo креветче и си дреме, гледа...
    Па jас на два месеци да jа ставев туку така да лежи вo креветче имаше да не слушнат сите...(facepalm)
    Тoлку кенкаше вчера штo имав чуствo дека ќе им гo вoзнемири нивнoтo бебе и си заминавме за 30 мин..

    Пo апликациjа скoкoв уште 10 дена се надевам дека ќе се регулира спиењевo 8-|:emo:

    Jа ставив на спална раширена сo раце и нoзе, oдма заспа и вечерва ќе спиеме на краj....
    Кojа вечер ]:) нoќта прojде :@

    Аjде убав ден :hug:
     
    На fairy88, hello-kitty.90, BabyT* и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Bisera2020

    Bisera2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2020
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Незнам кај да пишам на темава може и не е за тука ама ако знае некоја мајка да ми каже
    Малце е смешно прашањево ама никако да си го објаснам хахахха
    Бебе е родено на 31.01
    Е сеа ме интересира кога ке прави месец дена дали на 28ми февруари или на 2ри март

    Да бројам 31ден?

    Ако има некоја мајка кое детето ине родено на 31 ви да мибпише или ако знсе некој
     
  3. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    29ти февруари :rofl: (немога :rofl:)
     
    На SummerGirl, Saraa, FreeMind и 4 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.961
    Пол:
    Женски
    На 29ти ке си рачунаш месец (овој Фев е со 29), зашто ако одложиш ке треба после секој месец да одложуваш и на 2ри да рачунаш 2,3,4ри месеци (ако ти е поради мерењата). Секое родено дете на крај на месец што е пример 31ви Август, си рачуна месец на крај на месецот. Плус ако треба да се поместува сите ке треба да поместуваме, без разлика кога се родени децата, зашто секој месец си има 31,30 или Фев 28, во престапна 29 дена :D не е секој месец со 31 ден. Нешто си се збунила.. :D

    И бебе родено на 31 Дек, ке си прави 2м на 29ти Фев :D и бебе родено на 30ти Ноември ке си прави 3м на 29ти Фев.. итн :D
     
    Последна измена: 18 февруари 2020
    На 24.07, Mari*, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Мојата е на 31.01.2019 родена бројам секој први од месецот кој доаѓа или последниот ден од тековниот. Како ти фаќа око така. И на 28ми и на 01 Март ти полни 30 дена. А можеш и со пенкало на календар војнички да заокружуваш ако сакаш прецизно да си одброиш.
    Хормони што ти прават :)
     
    На tincemajmunce, duffi, Happyinlove и 6 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.961
    Пол:
    Женски
    И на 1ви да се родени, секој месец 30,31 или Феб(28,29) дена поминуваат, еден месец со 30 ке полнат месец, еден месец со 31, во Феб со 28,29, нема зашто да се поместува :?:

    И ќерка ми родена на 1ви, секој први не го полни со исто денови. Ке рачуна секој крај на месец и тоа е тоа :D
     
    На tincemajmunce, Skorpija25, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки, јас на работа стигната, денот го почнав со смути, сега кафе е на дневен ред, а за доручек си спремив од дома интегрално лебче и мед и таан, како да ви кажам едвај чекам да огладнам па да си каснам од медот со таан, хахаха е толку многу ја сакам таа комбинација.

    Вчера бев во Ск, леле колку беше убаво времето, за мерак абе без палто да се шеташ беше. Малку дури одев да се сретнам со мм прошетав, дека по работа бев отидена, за шопинг време се немаше ама затоа џамбо не го одминав, и купив една куќичка што се отвара абе мн интересна и слатка ми дојде, башка дека бара таква она некое време, па плус беше и ПИНК абе со триста мераци ја купив, и купив и пез бонбони со оние фигурките за бонбончиња шо се става во нив со Скај, дека она по дома е Скај од paw patrol, па и најдов едни чорапчиња шо и ги барав подолго време, па пластични чаши со еднорог исто и тие беа пинк, па викам дај да земам и едни со животинки зелени дека кога ќе ни дојдат машки деца на гости бараат сини чаши, а сините ми беа ептен машки па заради тоа зелени. За себе не купив ништо , додуша не ни имав време и ова ми беше шмугнато, но здравје следната недела ќе опдиме некаде на шетање, сакам да одиме до Битола, дај кажете каде во Битола е убаво да се седне на ручек со деца, има ли некој ресторан со игротека а да не е прескапо, и ако има кај се наоѓа. Исто ме интересира и зоолошката каква е, да одиме или да не губиме време... паркот знам дека им е добар, рамен, ќе може малата да си потрча. Некое друго место каде би се прошетале таму????

    Сабајлево си се разбудив рано рано, дека претходниот ден мн рано станавме цел ден малтретирање по Ск, па и малата ја носев на лекар нешто ми е нафрлана со некои брунчиња, па ајде купував шампон, па ампули па триста чуда и правев еден шампон дома, помагал за да се сопре паѓањето на косата, едвај чекам после да го пробам хахахах, да видам по некое време дали ќе има резултат. Шампонот ми се фати околу 500-600 али тоа ти е, само нека престане да ми паѓа, кога ќе подразмислам и претходниот толку ме фати хахаха, мада и го користам долго време така да не е толку страшно.

    Стигнуваме дома, малата не чека и ја вадам куќичката добивме едно уааауууу за куќчката, ја сврте на лево на десно, ја отвори што имаше во неа извади и толку... а јас искрено поголеми очекувања имав, па ајде јадевме со мм, па заминавме на лекар, ни дадоа сирупче за алергија. Кога се вративме дома ручаше она и ајде се качивме горе па ја поигравме куќичката НО заедно, сама не игра, јас и пет секунди да ја видам сама да си игра ја оставам, ама тоа само јас овие другите дома трчаат по неа абе не ја оставаат да се издише шо мн ме нервира, а како резултат на тоа имаш дете кое само не знае да си игра, дете кое кога е во игротека без мама не игра во игротеката тука си седи гушната со мама, дете кое кога е на лизгалки се плаши без мама или тато да ја држи за рака да се качи по тие дрвените за да стигне до лизгалката, а гледам помали деца од неа трчаат јурат, јес да мене ми е мн страв да не падне но кога сме сами ја оставам малку и сама да научи да се снаоѓа, ајде мала е ќе порасне.
    Му кажувам на мм што ни препишаа и као мм ме предупредува кога ќе и дадеш од сирупов не се паничи ако е поспана од сирупот е, ок викам ќе и дадам приквечер, пред спиење таман да спие, кога она кога го испи сирупот ма какво поспано дете, какви бакрачи, исто како и пред тоа, ајде едно време се убедивме да си легнеме, како така криво лево се успа она, јас сакав да станам да прередувам нешто па си викам море спиј и ти и не се занесувај пред 5 си станата и си продолжив. Си спијам и едно вр телефонот ѕвони, оно мм што сме правеле, човек какво што правење спиеме хаххаа, ајде презаспав после еве ти ја малата мамо сокче сакам, па се разбудив за мочање па она сакала да ме гушка и си викам аууу види поспано дете хахха.

    Ај доста ломоатм, да земам да подработам.
     
    На fairy88, hello-kitty.90, BabyT* и 11 други им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    @Saraa тоа не е зоолошка тоа е логор на животни исцрпени и фрлени во отпад. Не го финансирајте тоа зло ни со 50 денари, таа дупка треба да се затвори жални и бедни се животинките кои живеат таму и се хранат со улични кучиња.
    Тоа е дното подоле нема, дно.
     
    На SummerGirl и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    До толку ли е????
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.139
    Допаѓања:
    24.456
    Пол:
    Женски
    Немам појдено таму од мои 10 години, не би отишла ни пари да ми дават, слики што гледам значи катастрофа е за жалење се животните ;( плус чуваат кучиња скитници и се зборува дека со нив ги хранат лавовите ;(
    Иначе Битола е секаде убаво, јас ја сакам Битола, 8 години одев таму секој ден, прво средно, па факултет :D Чифлик, Вила Виста, Шатор...сите се под Пелистер и јадењето е исто убаво. Не сум од Бт ама сум блиску до Бт па често одиме таму, само би избегнала сабота, значи нема шанса да седниш на кафе, по шеталиште неможиш да се разминиш од луѓе(hollest)(hollest) премногу гужва е секаде.
     
    На fairy88, Mia Fuentes, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.244
    Допаѓања:
    67.770
    Пол:
    Женски
    @Chanell* :hug: Не мислев да те навредам или да инсинуирам дека ти не си доволна. Мислев само дека има некоја потреба што можеби не и е пресретната, па искажува емоции. Ептен лошо сум се изразила и се извинувам уште еднаш.
     
    На mal.ecka, Chanell* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    И полошо.
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.439
    Допаѓања:
    183.438
    Пол:
    Женски
    Здраво мадрс :)

    Почнувањево со вкусови ми е многу стресно. Мене повеќе од неа изгледа. :tmi: Вчера и денеска морков, вчера бар проба неколку лажички, денеска едвај 2 и вреска како помија да и нудам. Истото и со водата. Не знам што ќе праам ако продолжи вака. И онака се осеќам изгубено околу целава оваа подготовка за храна уште ова ми требаше. Како да ми ја чувствува анксиозноста, па одбива. :| Навистина многу стресно го доживувам периодов, ама со огромен мерак спремам и пазарувам за неа.
    Попладне сме на контрола, па може ќе добијам некој совет плус. :sweat:


    Се изнаплука, дури неочекувано многу, па поради 2 лажички морков морав да ја пресоблакам неа цела, јас, да чистам под и релаксатор, лигавката... ја фрлив. :tmi:
    Ја легнав на кревет и ја дадов цуцлата и по некоја тропалка, си отворив лименка к.кола и си налакирав нокти да редуцирам стрес. :D

    Денов од пред 7 ми почна па сега ми изгледа ко да е попладне. Битно земав железо тоа не заборавам, ама доручекот... здравје, доручек и ручек во едно ќе го биде. (facepalm)

    Денов сончев и топол :l:
     
    На mal.ecka, fairy88, Mari* и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Аии не, воопшто не се најдов навредена.
    Не го разбрав така постот туку се замислив што може да фали од мене а и од баба и истовремено.
    Мене ми се лути зошто одам на работа, факт :) Не ме пушта, “не бота, мама чуче” секој ден истото, да седам дома а не на работа.
    Фала сепак :hug:

    Зошто толку стрес за дохраната?
    Што очекуваш ти од бебе кое цели 6 месеци знаело само за цицка и млекото на мама, да јаде лакомо уште вториот ден? :)
    Почекај, тоа е процес.
    Кај мене интерес покажа дури после 10от ден, се дотогаш беше лапни плукни.
    Ама не сум се оптеретувала со тоа.
    Ќе научи.
    Исто и за водата, ако досега нема пиено не очекувај преку ноќ да почне да пие.
     
    На mal.ecka, fairy88, Mari* и 10 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Не биди ти нервозна. Ти ја чувстува нервозата. А може и не сака морков. Моево на пример морков сам ич не го сакаше, ниту тиква. Кога почнав да мешам вкусови тогаш прифати морков со нешто помешан. Овошјата полесно ги прифаќање, а од зеленчук тиквичка најмногу сакаше. Ова од првите вкусови.
    Е сега трик од матичната, стави малку млекце во зеленчукот да и дојде малку познат вкус.

    Инаку сега ред на мене дојде со вирусов. Еве веќе два дена сум напната и затната, а не можам да го одлежам имам прилично обврски на работа. И така ништо ново кај нас.
     
    На fairy88, Mari*, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    @Yowannty околу дохрана та на првото дете му задавав каши на неполни 4 месеци и толку лакомо си јадеше реков авал да му е. Немаше со него пробување. Се што му давав додека не го изеде цело не е јадењето за него завршено. За разлика од второво што побитно му е да се нацица а во последно време и водичка да си се напие. Па за јадење мање више. А му задавав на недела пред да наполни 5 месеци. Јаде не велам не ама количински малку. А па матичниот ми вика тој веќе треба да има еден оброк на 6 месеци (facepalm) е како. Колку јаде толку како да му бутам,со сила ли?? Не се напнувај сама себе со дополнителни тензии се во свое време. Ако не сака каши прај му сок за почеток па давај со лажичка.

    Добар ден од мене. Моментално одмарам бебчо спие а големото нешто на Јутјуб гледа. Не можам веќе 2 дена кичма корне од болка. Бебчо ептен се забеснува. Не сака да седи за лежење малку се само да е исправен. Епа штом така ќе спремам дубак па нека стои исправен. Ајде се се трпи ама не се трпи што не можам работа дома да фатам чоечки. После си викам ајде нека се здрави и живи дома работа цел живот ќе фаќам тие нема цел живот да се мали бебиња и деца.

    Пред една недела спремав авокадо за бебчо и ми текна на Инстаграм една имаше постирано како се 'рти и одгледува авокадо па ете си се охрабрив да си пробам. Па сега дали ќе успее ќе видиме. А баш многу сакак овоштарници дрва и такве ствари. Ама бавчи баш и не.

    Ново кај нас ништо посебно. Додека спие бебчо ќе ја подготвам листата за дохрана за неделава. И за првото водев листа и многу полесно ми беше знаев што воведувам кога воведувам и гледам да е разновидна исхраната. Ќе речете жена без работа сум ама поевидентно ми е.

    Па ајде додека имам фора да пофатам нешто да не е ептен седам ништо не работам :lol: имајте пријатен ден
     
    На fairy88, Mari*, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Кој ме дружи за кафе?
    Пиев нес пред еден саат ама не е тоа тоа.
    Не дрма како турското :D
    Ах,пуста втора смена...

    Гледав едно видео на фб од една пријателка, напраила клипче со слики од ќерка и од бебе па се до денес кога полни 13год.
    Се расплакав.
    Знам и мојата ќе пркне дури трепнам.. Нема да зависи од мене, нема да и бидам омилен лик засекогаш, нема да ме држи за рака засекогаш, нема да спие со мене..
    Сега што правам?
    Трчам да стигнам да раскренам дома, да исчистам, да постелам, да зготвам нешто пошто ми е испод част секој ден да ми готват..
    Трчам со неа надвор, се нервирам ако заглавиме во песок, се нервирам ако тргнеме до продавница а она неќе да оди туку сака во раце.
    Се нервирам што сака да е утоп, да се мие по пола саат, што не дава да ја облечам.
    Се нервирам дали ќе стигнам на време да ја успијам пред да излезам за на работа.
    И работа,работа,работа..
    Дете плаче по мене од алиштата што ми гледа дома, на секоја моја заборавена блуза или тренерка, она писнува да плаче :u:
    Аман, за пусти пари ли!
    Ич не сакам да одам на работа веќе.
    Абер за покачување нема, едно време според стажот во фирмата ни накачуваше по 1000ка годишно, сега и јас што сум 5год тука и колегата што е 1год тука земаме иста плата.
    Па криво ми е.
    А немаме исто искуство ни знаење.
    Боље во маркет да се вработам.
    Мм треба да почне нешто свое.. големо.
    Ако му тргне рече нема зошто да одам на работа, а со мојата а без мојата плата-буквално исто е.
    Само време со дете си кратам.
    И се полнам со нервози секако!

    Мм најјак ми беше вчера.
    Ја бања малата, и дека и го сменив шампонот а него не му е познат, прашува “Со ова Еуцерин да ја бањам пак?”велам да.
    Одам да видам до кај се.... што да видам.
    Ја бањал со моето средство на Еуцерин за против акни и мрсна кожа што ми е (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    А јас се чудам што се дешава со нејзината кожа,зошто и е сува деновиве.
    Епа господинот и ја пресушил со гелов :D
    Леле леле. Да му нацрташ ќе бара и да му се обои бе :envy:
     
    На fairy88, Mari*, 24.07 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.439
    Допаѓања:
    183.438
    Пол:
    Женски
    @Chanell* @JoyJoy
    Не знам оти толку стресно го доживувам. Дали дека се изначитав се и сешто и овде е малку поинаку од таму и ептен сум изгубена. Требаше да почнам со повеќе вкусови коктел, ама јас прво морков. Страв ми е да мешам. Денеска педијатар пак истото ми го рече - со првиве вкусови не очекуваме реакција, за да прифати подобро да и мешам повеќе намирници.


    Башка месецов качила само 90 грама и сантим, а нон стоп ми е на цицка, млеко имам и за извоз. Се загрижив... Капак на се, слаби и биле движењата, таа видела се ова и кај други деца, ама ете место регуларно по месец, на контрола за 10 дена да ја видела пак.

    Се осеќам многу лошо. По цел ден сум со неа, од 2 месец е на под да јакне мускулатура, следам препораки, читам книги и разни артикли, со неа сум 24/7, ја играм, ја занимавам, и зборам. Овие 2 месеца одбив 4 проекти за добри пари само за да не морам да ја остаам неа по некој саат на ден. Не знам кај грешам..
    Заминавме од таму па наминавме до био продавница да пазарам се што беше на списокот што ми го даде. Едвај ги додржував солзите. Е веќе за дома почна река да тече и уште не можам да престанам. Се осеќам ко најлоша мајка на светот. Детево мое не е плачка, честопати кенка ама тоа треба да е нормално. Весела е. Се смее, игра со играчки. Гуга, честопати со татко и во дует. Среќна е... или барем мислам.
    Му велам нему потфрлам негде, па тој уште ми вели тоа оти не сум ја оставала да плаче, одма сум ја земала во раце. Како да ја оставам и да слушам да плаче кога срцево не може да ми издржи?!
    Денеска едвај едно тостче јадев на пладне и тоа е се, само таа да е намирена... и пак.. негде потфрлам.

    Се испукав. Ама душава ќе ми препукне. ;( ;( ;(
     
    На Ano, happygirl, mal.ecka и 15 други им се допаѓа ова.
  19. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Немој да се грижиш ќе почне да јаде, сеуште и е се ново и неа и треба време да се навикне на нови вкусови. Можеш да пробаш со јаболка, круша, банана тие се поблаги и полесно ги прифаќаат т.е мојата тие прво ги прифати па се до тие овошки комбинирав на почетокот. Можеш еден ден да и дадеш чиста намирница а после тоа да и ја мешаш со веќе воведената. И за почеток не очекувај да ти изеде повеќе од 5-6 лажички. До некој си 10 месеци мојата не изедуваше една малечка тегла од готовите кашички а сепак напредуваше убаво. Не знам колку месеци сте точно, ама после 6 тимот месец почнуваат да стагнираат со килажата не качуваат по кило секој месец.
     
    На Yowannty, Mia Fuentes и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.770
    Допаѓања:
    145.280
    Хормоните ти се ова.:)
    Ќе видиш за некој период оти ништо не е страшно што толку качила и дека јадењето не е комплицирано. Впрочем и да не јаде како треба до годинка, и онака млеко им е основна храна.
     
    Последна измена: 18 февруари 2020
    На happygirl, mal.ecka, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.