@marchi-cool и моја бебла станува 2 до 3 пати ноќе. Откако преживеав 5 цели недели станување на 15 минути, ова веќе не го ни рачунам. И на утро се буди од 7:30. Тамам е. До 8 лежиме и се галиме, во 8 прво цицање и во 10 сакам да воведам оброк. Колку подоцна се буди наутро, ќе треба толку подоцна да е вечерата понатака, а така ќе и биде тешко на стомаче. А и мене ми одговара оти и јас сум ранобудник. Плус ги обожавам утрата. Градот уште спие. Се е многу мирно и спокојно плус кафе со мирис на море.
Дајте турско да прогледам Цела вечер идеме од спална во креветче и обратно. Станал во 5 па прави муабет чиниш некое чиче со цигарче размуабетено е Ја па упорна 'ај мама да спиеме' он 'ааааааагугуааа' и следи некое пиштење пропратено со смеа со мм се гледаме, и тажиме за спиење. Па стана сега, гладен одма да лапне нешто, цице колку да замези му беше. Гурманче @marchi-cool стануваме и ние по 3,4 пати за цицање, понекогаш и за муабет @Happyinlove хепи многу убава вест со лесно да си ја поминеш оваа бременост
@Happyinlove честитки. Штом си решила да тераш до крај, ќе успееш, ќе влезеш во шема. Баш ми дојде мило некако. И уште еден клише муабет "ајде двете одеднаш ќе ги израснеш, после ќе уживаш" @Monella честитки. Со лесно до крај. Инаку и ние имавме една екскурзија пред 2 месеци. Како напалени тинејџери не понесе моментот и бидна кај што не треба. Па која паника ме пукна, па сакав апче за ден потоа да пијам, па цел ден плачев. После два дена повратив (што со години не ми се случило, ама пиев јогурт, па нес) и готово, депресии, трудна сум. Едвај чекав да поминат две недели, пресметувам во овулација скроз. Не знам колку пари за тестови дадов, сите негативни. Правев и бета, негативна. Отидов и на гинеколог и и викам видете убаво може сум трудна, ако се негативни тестовите. Паника на најјако. Па планови да абортирам, па не абортирам, па на крај се договоривме ќе го чуваме. Ќе полудиме, али тоа е. Ние си го баравме. И нетрудна испаднав на крај. И му доаѓам дома на маж ми и му држам предавања за понатаму , да си пази.
@Monella со лесно да ја истераш бременоста. Мислам дека најубав период на жената е додека е бремена. Не вклучувајќи ги сите сценарија кои ни се врткале низ глава а биле за џабе. Ќе биде се во ред немој да думаш Господ е со тебе. Ја читам @emkaemka и сваќам дека јас може година дена не сум пошла на фризер и дека морам да направам некоја "декорација" во смисла на бојадисување. Немам долга коса,ми испопаѓа и бавно ми расте ама ете да е некоја промена. Добар ден и од мене. Денес сонце на повидок ама свежо,ко за февруари е премија. Бебчо спие големиот на школо јас читкам тоа што сум пропуштила и раат кафе пијам. Ме чека куп работа. Како и во секоја куќа ама јас сум у фазону колку што се може не мора се денес. (Ова ко за недомаќинка изгледа) на големото за 3 недели му е роденден ама ич немам ни идеа ни време да почнам со подготовки. Е дека се паѓа во велигденски пости и цели години наназад правам и нешто посно. За децата мање више,да им шара на маса ќе си каснат што им е ќеф ама и за родителите да има нешто. Од досегашни 6 години само 2 пати во игротека сум правела. 3 пати дома и еднаш - 1виот роденден во ресторан. Лани што убаво се устамив... Договорено во игротека само едно дете дојде. Јас бремена дупи дома спремај носи за на крај да си ги вратам дома и да си ги отворам очите. Ем сабота го правев. И вечерта дома поставував,кој дојде дојде ама срамот во игротеката што го кркав беше.... тоа е. И више дома нема. Роденденот кај што е закажан таму за дома немам време ако се згоди некој ќе добие само кафе/сок и парче торта. Се разлошив. Дома сум уште помалку од 2ипол месеци. Ми се кине душа од помисплата дека треба да се враќам на работа. За мене ако се прашувам како било,ама да оставам дете - бебе.... Знам кога одев големиот на 4-5 години го оставав и плачев по пат па се јавував по 1000 пати кај сестра ми да слезе да види што прави... Ова кога за жал ни се поклопуваа смените со маж ми. Инаку кога јас бев на работа а маж ми дома ок беше. А сега за бебе уште полошо мислам. Сепак што знае тоа освен за мајка и тек тук за татко. А па маж ми плаќа кредит па со пола плата кај ќе живееме. Па од следниот месец ќе продолжат со свекор ми куќата да ја прават,лани ја почнаа па како јас да одам на работа кога нема бебе кој да чува ако маж ми работи. Ќе мора да ја теретат "свекрва ми" (не ми е права свекрва,втора жена на свекор ми ама од неа само арно имам видено искрено) а таа жена во години 50+ а има три деца на возраст од 9-12 год и кого побрзо да гледа. Сфаќам не може и со уште едно бебе да се матка. Одговорност е. И се ми е баш како оваа емотинкава.
можеш. Може малку ќе ти биде теретно ама можеш. Секоја жена може. И полесно ќе ти биде кога две одеднаш ќе изгледаш одколку прво едно после е од ново. Верувај. Само со лесно да ја истераш. На братучед од маж ми,жена му роди со разлика од нецели 2 години и згора на се на 6 недели од раѓање двете ги остави дома за да оди на работа бидејќи немаше решение или што ли беше не знам, па мораше да се врати на работа. Мачно е за жена среќа па ние сега добиваме 9 месеци породилно и сме посветени на децата. Знам дека ти се собрале налив на емоции во моментот ама можеш да издржиш верувај. Ќе бидат разлика околу година ипол и има многу мајки кои имаат деца со таква разлика. Помисли па и на оние кои имаат близнаци. Баш буквално две истовремено гледаат. Немој да се обесхрабруваш можеш да знаеш.
убав ден штета неможам видео да ви испратам од Дора,сабајле комедии сакаш братче? Неееее вика дури го прави лош гласот и мафта со главата,викам а сестричка значи сакаш и одма дааа да даа и се смее се чудиме со мм викам ова некој или ја учел или којзнае...не сме збореле ние пред неа тоа после викам ај се глупира па ќе ја прашам за пола саат се спремаме ние за втор скрининг,и пред да излеземе на врата ме гушка викам сестра сакаш ? и исто дааа дааа и почна да вриска дури радосно и официјално Димчев потврди дека сестра ќе имала Дора се израдувавме,како ја гледавме на ехо исти како да ќе се, викам шо ми напраи Господ две исти деца ама за инат на двапати пораѓање хахаха битно се е во ред.. посакувам на сите иста среќа
Здраво мамички, Нова сум ама се надевам ќе се подружиме да не се чувствувам сама. Не сум баш сама со бебушот сум кој by the way e скоро 9 месеци ама моментално спие. Мажот на работа. Денот убаво ни почна со песнички на кои скокаме како јојо па после се тркаламе низ цела дневна. Никогаш не помислував или претпоставував дека човек / мајка може толку да сака. Секој ден си го сакам се повеќе. Мислам на сите ви е така. Порано кога ќе видев некоја мајка или кога ќе слушнев како зборува, некако не разбирав или не ме интересирало. А сега јас така зборувам и си мислам којзнае колку сум им досадна на луѓево (pain in the ass))) Ама некако и не се замарам и така да мислат, сега сум во фаза лебдење од љубов Дури не ми се верува дека ги пишувам зборовиве. Кој? Јас? Па до вчера бев воркохолик и не знаев што значи бебе а сега се претворив во супер домаќинка. Само ова новава средина малку ме мачи. Пред 2 месеци се преселивме во соседно градче и некако се чувствувам како во аквариум. Не познавам никого, ниту комшии а пријателите и некои роднини се на околу 50-70 км оддалечени. Па не иде да ги викам секој втор ден на кафе толку далеку. Убаво би ми дошло некоја мамичка да живее поблиску до мене па да одиме на кафе со бебушите сите заедно. Итака видов едно многу убаво кафуле во околинава.... Убавата страна на "Аквариумот" е дека сме во фаза на декорирање на станот па уживам во тоа , дури и малиот го прашувам дали се согласува дали одговара бојата или деко На тоа најчесто добивам плукање ама го разбирам како потврдување Мајчинството менува итоа како. Барем по мене си приметувам. Како во друга кожа да сум , ама убаво ми е во новава "кожа" Се надевам ќе си ја носам долго. Засега толку одам да си направам кафе и да го погледам додека спие. Ве поздравувам и ви посакувам убав ден!
аиии еве една иста како мене исто останав на 10 месеци кога имаше дора.. сега сум 20та недела и исто се чуствував...Немој да си правиш стресови од старт,не зезај за убаво е честитки најголеми и немора да значи дека ќе ти биде тешка бременоста како предходната мојата поддршка ја имаш секако ако нешто слободно пиши ми во порака и јас бев во шок,скоро два месеци после сите дома ги гледав ептен радосни и ме бодреа дека е поубаво ваква разлика за понатака во животот и во право се ! се ќе биде во ред радувај се !!
@Monella @Happyinlove со лесно да си истерате бременост. Хепи оној ден кога пиша дека ти касни,знаев дека си бремена Ич не се секирај. Верувам дека секоја мајка кога ќе завремени со второ,се прашува истото,дали ќе го сака како првото и како ќе го остави за да оди на породување. Се ќе си биде како што треба. Знам дека и твоето беше немирко и неспијач како моево,па се надевам ова ќе биде принцеза најмирна и најпаметна на свет. Ептен убаво ми е децата да се на мала разлика,ама јас не се осмелувам
@Happyinlove аиии што читам, два пати прочитав да не не видов убаво . Со лесно, најлесно, сега се си знаеш, оваа бременост ќе ја истераш како песна . Нормално е се тоа што го чувствуваш, но верувај за брзо ќе ти легнат работите и ќе почнеш да си планирш како ќе биде и со другото бебе. Заедно ќе пораснат и двете @Monella и тебе честитки за бременоста, со лесно до крај!
@Happyinlove, @ monella честитки. Инаку и јас си ги поставував истите прашања иако со второ забременив после 8г од првото, со ивф. Значи најмногу на свет сакав второ дете, а исто се исплашив после позитивниот тест. Веројатно е нормално човек да се збуни и да се плаши од новини што не ги искусил. Како и да е, се ке си дојде на свое место, и да, ке го сакаш исто како и првото...повеќе од самата себе
@Monella @Happyinlove честитки. Со лесно на двете Претпоставувам дека кај секоја мајка се јавува тоа чувство на страв, дали второто дете ќе го сака како првото. Еве и јас тоа си мислам, а уште не сум ни бремена на второ Ќерка ми сака сестра, веќе и име и имаме избрано. Кажува како ќе и пее и ќе ја заспива. Пред некој ден ме фаќа за стомак и ми вика кај е бебето. И викам нема бебе..кога зема да плаче, да вика, сакаааам бебееее.. Инаку, јас работно. Да се истуркаат уште неколку саати и дома. Вечерва одиме кај моите на викенд. Спремивме торбите уште сабајле, исчистив се. Имам навика кога одам некаде на повеќе дена, сакам да исчистам и да средам се', се' да е на свое место. Небитно што мм ќе расфрла веднаш штом заминеме. @marchi-cool мислам ти спомна за роденденот. И нас ни паѓа во пости оваа година, па планирам се' посно да правам. И торта посна ќе нарачам. Како правите вие?
Фала ви мајки знаев дека само од вас можам да добијам ваква искрена поддршка која навистина ми значи ама ептен. Тотално сум исклучена денес,како заљубена тинејџерка ми зборуваат јас ги гледам не ги перцепирам , чудно се чуватвувам. Нормално се плашам , но ке пишете вие со 19 месеци разлика како е па и вие со близнаци . Викаат сами се растат вторите. Следната недела ке видам 6та и тогаш на гинеколог. Се изнаплакав и за моја другарка која не останува бремена еве 2 и пол години,посакував кај неа вакво нешто но ете , нема тука правила. Најбитно да резимирам имам 10 месечно бебе,само се одби на 8 месеци,не спие сака да е петел, јас во тие 2 месеци "слобода" дрмнав ракијки и се љуљав и тргнав цигара и кашлав како прв пат фа палам,ослабев. Се понашам исто,си го дигам мали тоа нема ни да престанам да го правам.. И следно пишам информации од лекар. (Потајно се надевам на девојче) само здраво и право да биде. Петок е да се почастиме
@Happyinlove "слободата" од 2 месеци си го направи своето Пијам кафе,додека мм занимава бебе. Да здивнам и јас малце Ама сите ли татковци се исти?! Не внимава многу,не го пази,си прочепкува моб и беља за секунда бива. Вчера во креветчето скокајќи си ги преапа устата,ептен крв му течеше . Претходно,го ставил на спална и си се тргнал настрана,демек да му се крие Не размислува колку малку му треба на дете да падне и да се повреди,блиску бил Го чува,ама некако не ми внимава добро. Дали дека јас ептен се тресам на дете,ама штознам Косата и мене не ми е шишана откако бев бремена,година ипол/ две сигурно. Ниту има форма,ниту ништо. За фарбање,фарбам корен дома,многу бели влакна имам,и многу брзо подраснува. Откако се породив многу ми опадна,а сега раснат многу нови влакна,па со еден куп антени сум. Треба и на депилација да одам,од есента не сум депилирана на козметичар . Кај и да е,ќе треба да одам на гинеколог,па ќе треба средување асално. Бебе е скоро 14 месеци,а менструација сеуште немам добиено,секогаш сум имала редовен циклус,а уште не добивам. Синко цица уште,ама штознам . @Milaаа991 ти доби ли,или уште не? Па и да сакам второ нема.
Добив да, еве трет циклус моментално терам. Уживај што ќе ти е. Што убаво си брв раат. Ама жена како жена, ни тогаш не бев задоволна. Ми фалеше. Сега со лепенкава моја, ела па смени влошка и среди се на рајат, се е под видео надзор. И викам сега мама памперс ќе си става и се паѓа од смеа.
Мајки ви благодарам за поддршката, ми значи многу во овој момент Како да беа малку моите проблеми па ми фалеше корона вирусот да пристигна во градот Да, од толкава Италија решил да се смести баш во нашиот град Испаничена сум до немај каде па престанав да следам и вести и бутур. Како ќе одам на преглед неделава? Во болницата се заболените, изолирани ама сепак самата помисла плус и биле во контакт со вработените, со колеги, пријатели и сега не знаеш од кој можеш да се заразиш Мм ми се јави, кај него на работа била полицијата и земале неколку работници кои живееле во близина на заболениот. Се надевам ќе го пребродиме и оваа, ваков крај не прифаќам. Вечеравме со ѕверот, денес риба на мени. После подолг период дете се најаде добро (како што јас сакам) Неговото нејадење ме разболе, си велам уште едно вакво што не јаде и за во лудница ќе бидам. Единствена сум што не се фарбам? Добро, како помлада имам пробано повеќе бои, се имам и шатирано ама за среќа ми дојде паметот на постари години, немам бели влакна, косата ми е ретка и мека и нема потреба дополнително да ја горам. Затоа пак си имам перики Да бе, од реп до локни имам сѐ, велам дека ми се за свечени пригоди а никако да одам на нешто такво, а и тие неколку пати што имам одено се било на брзина па немало време за перики Сфативте дека косата ми е пери-носи, па да не ја должам многу Одам да си подлегнам мајки, мирна ноќ.
@Happyinlove честитки. И верувај ми има голема разлика од 10 до 19 месеци. Првото нема да ти е веќе бебе кога ќе дојде второто. Еве толкава имам, цела мома е. Разговара, оди, знае да каже кај се удрила, што ја боли, да дува нос и да кажува кога е полн. Сама јаде со рачиња, сама пие од чашка, само да и се принесе. Дури и сама се бања, се полива со чашката со вода, се мачка со купка, абе комедии е, само плакнеме што останало сапуница. Само пелени што ќе мењаш х2 али тоа и не е толку проблем, бар не кај бебето. Големото ќе ти бега, ќе трча голо, како мојава денес. Таман ќе ти е за ново бебе, баш сега највеќе ми фали да е бебе.
Ја не праам второ, нема шанси, сега за сега. Не убедував. Ама стварно е голема разлика од 10 месечно до година и пол дете.