кај нас со првото вечерата секогаш беше млеко - АД (не цицаше тоа) не сакав да го оптеретувам со друга храна млекото мислам е идеално за пред спиење. И сега планирам да е така ама ќе видиме. Инаку очекував барем до 8 - 9 да спие. Додуша уште е мало ред допрва ќе фаќаме ама мислам дека за дете пред 8 е рано за станување. Сакам и јас рано да станува ама тоа рано да не е 7. Првото си фати ред уште од вториот месец. Стануваше во 9 - 9ипол а понатака и до 10ипол најкасно веќе беше станат. Така тераше до 5ипол години кога заоде во градинка. Е за него мислам дека баш таман си беше со спиење. Ама како викаат сите деца различни. Јас додуша малку верував во тоа бидејќи во одреден период сметав дека се слични. Ама разликата е огромна. Првото од вториот месец навечер до ден денес (скоро 7 години) цела ноќ ја спие. Имаше еден период околу 2 години каде стануваше ноќта крај 2 па се до 5 сатот си играше ама среќа па кратки траеше. А ова.... Пола ноќ ми врви во презаспивање е затоа ние спиеме во мојот кревет. Што ич не можам навечер да се карам лево десно.... Вака до мене и да стане само ќе ја ставам цицката во уста и продолжуваме со спиење двајцата. Торта посна нарачувам. Дали во игротека или во слаткарница зависи кај сум го правела роденденот. Од салата правам со тарана морков и кисели краставички и посен мајонез и посно благо - претежно тоа се бомбици. И секако посна пица ама неа ја нарачувам. (За се друго што сакаш да се консултираме слободно пиши во лп ) јас за короната уопште не ни следам. Колку повеќе човек знае толку подобро. А денес па сосем случајно во најава на вести слушнав дека двајца Кинези кои дошле во нашиот град (во Македонија сум јас) после преглед биле негативни ама сепак ќе престојувале во куќа нешто подалеку од градот као во карантин ќе им дошло. А кај нас здравствово што врска си нема.... Не знаеа морбили што се а камоли нов вирус тешко нас да не даде Господ да има тоа кај нас. Ќе испоумреме од неукост на лекарите. Утре конечно сабота големото не е на школо нема да имам потреба да станувам за него. Утре станувањето ќе го диктира бебчо ама сепак се надевам дека ќе се сожали па да ме остави да поспијам. Молам за сон ми заспа после 21h пред малку се распрета па го призаспивав. Ама кај и да е ќе си легнам и јас,драгоцено ми е времето навечер Поздрав и имајте пријатна вечер (Леле колку голем пост сум пишалааа.... не знам кој ќе ме прочита) И да прашам кај е @AngelOfArh ? Ко да ми се чини дека скоро не пишала тука.
Хелоу Денов помина, а мене грбот ме боли. Така ми е кога ги оставам прозорите отворени, а климата уклучена. Почна да врне, а и саглам да дува. Малото денеска ме посрамоти пред еден господин. Носеше календарчиња и јас му викам на детево - Дај ги парите. Детево му ги дава на човекот и му вика - На парите и друг пат да не си дошол. @Happyinlove со лесно да си ја износиш бременоста. И јас бев шокирана кога останав бремена со помалото. Тогаш големиот имаше 2 години и 2 месеца. Два пати имавме излет. Правам тест и стварно излезе дека сум бремена. Се шокиравме и двајцата. Решив да го родам. Не е криво детето за нашата грешка. И поарно што тогаш останав бремена. Сакам мала разлика. Поздрав
Добро вечер Иди иди несанице си преамСтанав да видам каде беше пожарот.Имам група на фб за вакви работи.Некој ни ја запалил фасадата на зградата .Беше накај 21:30 се спремавме со малата да спиеме и миевме заби.Мм свика има пожарни пред нас доаѓај смрди цело маало.Додека дојдов јас дојдоа 8 пожарникарски возила , една полициска и една на брзата помош за рок од неколку секунди.Без да чуеме звук само плаво светло имавме во спалната.Да спиевме немаше ни да приметимеНе знаевме што да правиме видовме чур.За 3 минути почнаа да си разидуваа пожарните па останаа само 2 возила.Го пратив мм да види да не треба да излаваме.Толку возила за толку кратко немав видено . Мислевме гори цела зграда.Отиде човекот ама ништо не видел , оти имало уште пожарникари.Па јас останав со прашалници да спијам и затоа си станав Си имаме пироман во маало запали две коли ,еве зградата и така вежба спремност на пожарникарите Во четвртокот од сабајле бев на заболекар.Се мислев дали да ја оставам малата горе да си гледа цртани некој пола саат оти заболекарот ми е во др влез или да ја земам.Ама после 100 пати предупредување од мм ја зедов.Малата сакаше исто.Кај др имаше катче за деца па се разигра додека чекав да ме викнат.Влегов и доаѓа и таа ама кога ја виде др се уплаши и избега рече ќе ме чекала во катчетоМалку шубе ми беше оти сама , одма до вратата ама среќа полна беше ординацијата.Посигурна ќе бев дома.Ама среќа ме средија за краткоЈас некој изрод сум изгледа.Ме прашува др сакаш опојка , а јас од дакеку неее никако После се вративме дома и собравме нешто за јадење и направив овошна салата и излеговме во паркот.Па ја терав да се качиме на врвот на ридот низ шумата.Угорница голема.Па дете од рамно само кога одиме мк гледа угорници и беше малку тешко на самиот врв , а плус и лизгаво од кал.После 4 и пол часа не избрка дождот да си одиме.Кога дојдовме јадеше малата и и реков да одмара на кревето и дека да го ставам на брзина ручекот ќе дојдам да читаме за "Зандменче"-мажчето што дели прав за спиење, ама таа заспа за 10минути. Денес ја носев на работа.Убаво поминавме цел ден сами бевме никој не се јави и никој не дојде. А таа се изнаигра со што стигна.Прво хевташе па ги вадеше мунициите( за финамоторика ова), па си маваше топче, па се возеше со столот , па пресреќна дека има мал кревет и мало столче на татко и расправаше цел ден Прв пат во живот се чуствував смирена откако е родена и сум на работа.Не брзав да си одам дома и не мислев дали спие , плака и дали си игра и дали јадела.Си ја гушкав кога и да посакавДа можев вака да одам секој ден на работа не ми било ни една минута стресно.На враќање превозот беше хаос ама пак не се нервирав оти за таа што брзам секој ден си ја држев за раче до мене па си фативме друга рута. Колку се изнапишав , а дојдов да пишам на @Happyinlove со лесно мила Ќе кажам една попска изрека.Господ дава онолку колку што можеме да износиме на нашите плеќи.Сигурна сум дека ќе се снајдеш @Monella најпосакувана идна сваќе, ќе биде се во ред уживај и гали мешеОдмарај почесто кога можеш ќе поминат 9месеци ко секунди Туку овој предизвикот се е ајде другиот месец и мм кога ќе праша ќе правеме бебе му викам не сега по навикаПосле кога ќе ми помине овулацијата па си викам касно е ајде др месец Се така.Сега си имам нова изрека да минине април кога ќе одиме за мк.Па во лето имаме најави за гости и одмор и изгледа за Н.Г ќе почнемеМногу сум комплицирана Туку ај да спијам кога ќе стана утре малото во 7 ќе плакам за сон.Сонувајте слатко другачки
А оти на кислород беше? Што се деси на пораѓај нешто ? Може си пишувала тогаш ама не знам, не се сеќавам... Живо и здраво да е, ете сега се заборава, гледаш, ама тој момент тогаш е
Сабота на работа нема ништо погрдо, многу ги мразам саботиве кога сум на работа Добро утро, станувам утрово отварам ролетна и што ќе видам СНЕГ вчера пролет денес зима Прво кафе терам (го претеков by the way сега го пијам превријано хаха Синко сношти беше умен само 1 стана, морам да го фалам Да ве поздравам само, ево сличе од шумата зад нашата куќа
@Monella @Happyinlove со лесно да си ја износите бременоста и позитивни мисли и коцките сами ќе си се наредат. @marchi-cool вчера на гости дојде колега на мм и кажа и кај нив на работа дошле двајца кинези т.е се вработиле.Но демек не биле од кина дојдени туку од твојот град. Времево ни ги помати плановите за денеска,надвор ладно и прска снеже од лутина.Така да ќе си седиме домче,оа после ручек ако киднеме некаде. Уживам кога маже е дома...Овој негов одмор е прв што го седи дома.Инаку само работеше приватно,ниту одмор се гледаше ниту пак нас асолно не гледаше со дете.Најубаво ми е кога ќе се разбудиме сите на купче,па следува гушкање,бакнување...Па едниот раскрева и каминот го пали ,другиот кафе прави.Маже кога е дома утрата ми се најубави. Дете цела недела не дремнува ниту пола сат,ич не ми е напорен тука е маже за се.Спрема јадења,дете го рани,го капи,заедно тројцата си игравме,пеевме песни, прошетавме малку колку што дозволија финансите.Убаво ми беше со него дома.Ама од понеделник мора да се вратиме во колосек. Дете вчера го истриживме,повеќе плачеше од минатиот пат.Плачеше и викаше "не сакам да бидам убав,сакам бушав". Вака кога го гледам пострижен ми се чини дека е извишен,поголем искажува ама и повеќе збеснува. За фриз што да кажам се стрижам еднаш на година,година и пол.Имам бели влакна си ги кубам со пинцета,сеуште неман почнато да се фарбам.Навремево пред 10-13 години се имам исфарбано неколку пати.Повеќе сакам да се шатирам дека повеќе трае нема да треба на секој три недели да се шлакам со фарба Прекинав да пишувам и ми замина мислата.,се читкаме подоцна. Имајте убав ден.
Добар ден од мене дечките спијат, маж на работа, јас да одморам малку дур не станале. Многу ми е досадно ко ќе не е маж дома, ама ај золва ми рече ќе дојделе па така ќе го отепаме денот. Или кај мајка ќе си појдиме, за покрај езеро ладно е. Нешто да прајме, дома не се седи со стариве. Поголемото 2 пати досега е шишан, со машинка. Маже се шишаше, па го праша дали сака и тој. Со трчање замина в купатило, зеде едно кутивче и му вика "ајде овде ќе ја собирам косата". Седеше без проблем, обично се е со плачење. Умен е кога сака. Ама има денови лелеее лудило, тантрумите на појако од најјако. Не сака да се облекува, се удира намерно или брат му го удира, плачење за глупости е стандард, за ручек се молиме, се караме, вчера од денска дремка стана цел мочан. А многу се лути ако му речиме мочан си, па морав да го излажам со бомбони, и така некако да го пресоблечам. Ќе видиме денес каков ќе е, го предупредив дека нема пелена. Досега му ставав за секој случај ама секогаш сув стануваше. Вчера не знам шо му стана така. Ќе пишев и за малово гугалче ама еве го стана, толку беше пола сат. уште да честитам на @Monella @Happyinlove со лесно да си ги износат бременостите, само позитивно и се ќе е во ред. Туку и јас сонував дека сум бремена, па вчера дури и сликата со позитивниот тест ја најдов. Едвај чекам да ми дојде да не се мислам. поздрав и убав викенд
@Monella @Happyinlove Честитки мешковци! Ми измамивте насмевка,радост и ежење Со лесно да си ја износите бременоста и двете И кај мене доцни циклусот овој месец 10дена веќе. Со мм не се пазиме воопшто, сме намислиле уште едно бебе дека сакаме во скоро време. Прошлата недела во овулација дури три незаштитени односи, вчера ме наболуваше стомак ама уште нема ништо. Ај шта буде нек буде. Не сакам да се разочарувам, затоа не очекувам ништо пред време. И на времето му треба време. По дома..онака. Малата станува во 9,заспива пред да одам на работа кон 1,од кога ќе се вратам од работа ми се закачува на цицка еден саат, ја бањам и заспиваме. Немаме време една за друга, и ќе си пукнам од мака. Прееска ми вика у сред игра “дај цицо” викам -не може, ти неќеш да си играме,само за цицо ме сакаш.Ти се лутам сега. И таква нажалено, “мамо не утиии,не паче,ои ои” ме гали и гушка. И не доби цицо. Кога и да и заѕвонам на свеки, туку ми кажува ова играме,тоа играме, боиме,шетаме.. Со мене ништо неќе.А плаче по мене. Досадно и е знам. Тоа ме прави уште понапната,и ме осеќа детето. Сакам се да и угодам а на крај.. не е доволно. Следниот месец сме кумови на крштевка. Ќе си олеснам џебот бајаги. Маж ме изнервира денес ужасно многу, му должел некој пари и не ми кажува за тоа, па у компензација типов му нуди некое џипче и мојот прифаќа. Со кој ли памет! Секако му се изнавикав преку телефон, а ќе продолжам и вечер. Не може бе само возила да ми редиш дома и да изиграваш богаташ а ме чекаш мене да финансирам соба за малата. Дури ни мајстор не викнал уште за да ми каже е/не е изводливо, и колку од прилика ќе ме кошта. Крајно несериозно од негова страна. Па и бебе сакал. Ќе го напраиме,и? Ќе се бутаме уште 10 години сите 4ца во една соба?Срамно е да кажеш не можам една соба на детето да му направам,а сакам уште деца. Ај со деверот да ги стаам да спијат. Ќе се преселам кај моите и таму ќе си правам што сакам Преку таквото веќе. Па и цел ден со брат му натаму наваму се муваат, само и само да не е слободен и да имаме фамилијарен ден сами ние тројца. Никад не сме имале,прашање дали и ќе има. Само работа,работа и работа. Пари немора. Уште едно бебе и здраво за навек депресијо. Ауф! Ова пмс ќе да е!
@Happyinlove и @Bella* алал да ви е и на двете, со лесно да си ги терате бременостите Треба храброст, финансии, а богами и помош за така мала разлика. Тука сме ако треба за нешто
Хелоу Задушница...Ич не ја сакам. На гробишта со години не одам на овој ден. Раздавам за душа. Иако не го сфаќам значењето. А и гужва има на овој ден. И утре ќе има гужва. Децава денес ме спобудалеа. Кога им спискав прееска одма се пикнаа во ќош. Ме пукнаа. Џабе чистев вчера. Како индијанци се. Вечер да пуштам машина. Утре да досредам нешто. Јас се шишам два пати годишно. Лани ја скратив косата. И тоа многу. Сега ми е полесна за одржавање. Маж исто се шиша два пати. Запнал лустер да се шиша. Нормално дека не му дозволувам. И брадата не сакам да ја крати. Децава некогаш дома ги шиша мојов со машинка. Малото прави проблем. И на фризер ги носиме, ама и таму малото се дува. @Monella честитки. Да си имаш лесна бременост. @Chanell* и мојов е ист како твојот. Многу работи крие од мене, па кога ќе дознаам летаат партали. Многу е неодговорен. Поздрав
Добра вечер девојки Времево лудо. Излеговме пладнево до парк, па кога се раздува еден ветер се испразни цел парк за 5 мин. И ние фативме одма патот под нозе накај дома, се надевам бебла нема да има последици од ветриштето. Се тука ми е паметот. Се шишав и балајажирав минатот Март последно. Тогаш бев трудна 4-5 месец и бевме МК со маж. Двајцата се фризиравме, па до забар и тип топ средени се вративме назад. Косава ептен ми испопаѓа, никаква форма нема, а ни б од балајажот исто. Среќа брзо ми расте, ама сега кога ќе одиме за МК пак ќе ја средам и шишам до рамена. Велат кога ќе најдеш добар фризер и добар стоматолог да ги чуваш. Ја ги имам најдено и ич не ми се оди на друго место. Со забиве се нервирам. Секогаш се бели надвор, а внатре расипани. Минатиот пат божем до пигментацијата ќе беше како малку потемнето меѓу два заба, кога ги отвори и двата расипани. Пред некој ден си ги гледав на огледало така, забележувам исто меѓу други 2 заба од другата страна. Се нервирам што не ми се праи дупче како на секој нормален човек па да знам дека е нешто расипано. Сигурна сум дека се доста расипани внатре, а никогаш не користам опивка за поправање па од сега психички се спремам за болката. На Нетфликс има прв дел од нова серија -Бејбис. Истражувања за развојот и однесувањето на бебињата. Доста е интересна, може некоја ќе сака да ја погледне. Добра ноќ.
Добровечер од мене. Конечно се скостив легнав се испружи колку долга толку широка,само да видам до кога - кога ќе ме спотегне бебчо да се исправам за призаспивање. Не секгаш ко ќе се разбуди сака да цица. Само се тегне плаче се додека не го земам враце. Кога ќе го земам се смирува се тутка во мене и заспива. Што ќе беше ова. Првото си спиеше во креветче абер немаше. Ќе стане за млеко му правев му давав го исправав и одма заспиваше и оп назад во креветче. Ко да сум одгледувала ептен различни деца. Маж ене го грчи заспан уште од 7 сатот не да рече одмори жено сработи нешто јас ќе почувам бебе.... Абе што луѓе ќе беа маживе осет - нула. Па најмногу се нервирам кога ќе стане во ниедно време оти нели во ниедно време легнал. Па ко ќе стане нема шанси да мирува да не не разбуди. Големово додуша топ да пука не го буди ама јас дали имам лесен сон или маже ептен е гласен не знам. Кај да е ќе спијам не можам веќе. Неколку дена касно легнувам а рано станувам - со петлите. Башка што ноќта ја спијам на рати или веќе не знам спијам ли или медитирам. Сабајле сме се поднаспале малку повеќе од вообичаено. Станавме во 8ипол. Навечер малото 21-21ипол е заспано. Епа не ќе губам време, ќе спијам и јас големово вика утре не сум на школо сакам да играм на компјутер па кога легнам легнам. е од тоа многу се нервирам. Од друга страна па уморна сум за да се расправам. Ама секако пред да легнам ќе истегнам кабел од штекер па нека рика колку сака. Нездраво ми е да седи до ниедно време. Не е мал ама па не е доволно голем за да седи до касно. Па да прочачкам уште малку на форумов и ве напуштам. Имајте пријатна вечер.
Здраво мамички @Monella i @Happyinlove со лесно до крај. Моите се 20 месеци разлика,исти мисли ме мачеа,самонокачев,хормони до плафон,плус пева бременост ризична со вторава имав страв во коски. Се плашев дали ќе го сакам второто е сега толку ми е под кожа влезено дури слабост ми е . Очекувај близнаци како да имаш, две,едно па друго пелени, капење,јадење, до година после полесно е. Е кога ќе пораснат е друга песна,ќе има и играње и тепање, ама и многу љубов,гушкаа,тогаш ќе сфатиш дека тоа нешто најубавото што може да ти се случи. Не се плаши ако имаш можност за помош не одбивај,и мој совет а и оd тука истиот го добив,не ги одвојувај децата пр.едно да спие со мама а друго со татко или баба,ос прв ден сме сите заедно во една соба. Којзнае што пишав цел ден стои постот,будна ос 5:30синко спиеше со нас ,што навикна им се скоро секоја вечер се будат и спијат со нас,како сардини,марфи проработи спие до 7 обичнон околу 6 се будни,,а јас кога заинат будна ос ниедно време. Ајде добра ноќ постот каша попара
Вечер мајки, Да посакам лесна бременост на @Happyinlove и @Monella, и да ја спомнам @Bella* ептен згодна, трудна мамица Кај нас ништо ново, вчера спомнав дека малата само дома не сака да оди, надвор и на гости дури трчаше. Е така како спомнав дете не седна, кај можеше се пикна, се искачи. Let the fun begin Туку сакав да начнам една тема, незнам колку ви се свиѓа ама ме интересира. Колку му дозволувате на малите, во смисла да истражуваат дома?За поголемите може да кажете како било предтоа. Еве јас ќе почнам. Јас и дозволувам се, и ја оставам и да се качува по маси, по столчиња, се разбира под мој надзор. Не и помагам туку само набљудувам. И давам да чепка по шкафови, по фиоки. По 3 пати враќам назад ствари на свое место. Мм знае често да ме опомене дека нештото е опасно за неа. Пример да пишува со пенкало, или боици. И давам во кујна да истражува по фиоки, вади се, па пак враќа назад. Лажици, тенџериња, тавички. Ја оставам додека не осетам дека може да си наштети, некогаш се случува да се удари или повреди ама мислам дека така ќе научи што боли, што не. Што мислите за ова, дали грешам?
Здраво мајки Сега баш читав на интернет а и на инстаграм ми искочи кај една блогерка дека усисивач или фен ако им се пуштат на бебиња се смируваат и заспиваат Дали некоја мајка го пробала тоа?
Добро вечер пипл Се напив магнезиум и легнав. Ако не пијам б6 и мг како луда сум. Бебе спие од 8.30 до сега без да се разбуди. Ако продолжи вака частам кафана А јас изгледав некоја епизода серија и ќе плачам за спиење после, ама сериите никако не може да трпат поради мајчинство Се спукав со маж без везе пак и си изгледав серија и си дојдов у спална а он за да не го разбуди мали ми пушува на вибер 'што избега така, не сме цимери, дој да се гушкаме' моронче @Bisera2020 мојов е 6 месеци уште спие со бели звуци. Еве моментално пишти во спална А и ние се навикнавме веќе. Чудно ни е без звукот. Ајде добра ноќ.
https://www.crnobelo.com/zivot/rodi...gEfGoj3bqyaan_HVo_Y50hRMFRnDxHeM_8iSAJoI2Cuu8 Штo мислите за статиjава? Ете делoт дека маjките пoранo сами бањале деца сo Бекутан и тoа е нoрмалнo? Се oткажувам oд спиење сфаќам дека секoе презаспивање е самo мачење и будење за 45-60 мин... Уште 6 дена 4 скoк пo апликациjа се надевам дека ќе и се врати спиењевo Еве си oтвoрив крoасан сo чoкoладнo млекo...немам енергиjа
Јас имам таблет што има само апликација за бели звуци и само за тоа служи. Од кога е родена не сме заспале без тоа. На почетокот многу помагаше, сега веќе е голема и може и без тоа, ама ако не е уклучено да шушти, знае да се разбуди од ние во дневна што уште галамиме. Со белите звуци, и гости сме терале до 1 сабајле, малово не мрда.
@Monella читам утринава во карантин ве ставиле две општини како сте? Најбитно е да не паничиш и да ја прифатиш состојбата како што е. Ќе помине карантинот штом се смири заразата. Правилата за корпна вирусот се маска на лице, раце нон стоп миење и дезинфицирање и кашлање во подлактица, а не во рака. Корона вирусот како и останатите модфицирани форми кои стасаа од Кина (од лушпест мрвојад дојде вирусот) не напаѓаат деца. Короната пак е специфичен напаѓа стари лица односно оние кои веќе боледуваат од нешто. Најбитно од се е изолација и прашај телефонски сигурно ќе имате известување каде да направиш преглед бидејќи болница и високо ризично за тебе. И известувај.