Утро мајки! Маж втор ден изолиран во спална. Го дрма грип изгледа. Мене страв во коски, неможеш да ги дочуваш децава. Турбо сум, нема кој да го потфати едното. Сега сфаќам колку ми помагал мм... Ме дотолчи мензис утрово. Аман. Барем да ме поштедеше... Среќа децава се умни, инаку незнам како ќе сме. Имавме убав план за денес, надвор како пролет ќе е, ама ништо. И неделава дома ќе сме. Болен маж=уште едно дете. Значи сега имам три, така? Ма мојов за две вреди. Супа уште од сабајле, му исцедов лимони и портокали, да се врати во нормала за брзо. Греота е. А и јас сум. Сама скроз. И дупе сама им мијам после какање, нема друго. За чудо, утрово остана време за едно скромно појадоче, кафе и бисквити. Ние се грееме на дрва. Имаме од оние рустични алфа-плам камини. Не успеав да го дочувам жарот внатре. Угасна ете. Па уклучив панелка. Топло им е на децава. Дека затворена врата. Па ги разголив малку. Едново бебче таква лепенка е за мене... Доволно му е само да сум во соба. Среќа и двајцата се "во 9 во кревет" па тогаш имам време за себе. Тоа време за себе се сведува на топол туш, сечење нокти и чат-пат да нашлапам маска за коса. Без коса останав. Готово. Цели прамени ми паѓаат. Им честитам на новите мешиња. Ми се кренаа во вис сите влакна по телово. Не жалите, благодет е тоа. Најголем. Ќе пораснат заедно. И вие со нив. Инаку, признавам дека и јас со душа чекав да добијам. Мм си тера по старо. Се вади на таа карта дека кај нас не оди така брзо. И во право е. Ама може веќе се променети работите. Па каде две, таму и три Е тоа не би можела. Барем не сега. И онака имаме уште едно замрзнато ембрионче, здравје, може ќе дојде ред по некоја година да го вратиме во меше. Кој би знаел... Одам да цврцнам кафето, денов ќе е дооолг.
Добро утро Машина врти, маж успива бебла, јас се чудам што со себе. Денеска на мени ориз. Целата надеж ми беше во оризот. Нејќе и нејќе. Па ај му истискав внатре млеко, ни така нејќе. Ништо велам, ајде последната крушка ќе ја испасирам бар тоа сака. И тоа исплука, се испогрози и вресна колку што ја држи глас. До сеа само банана проаѓа некако. Навистина не знам како ќе воведам оброк, ова мое дете ништо не сака сем цицка. Сакам кога дома ми е се средено и можам да уживам во викендот со нив двајца. Денеска го поминав само подот и до крајот на денот има да се убијам од непраење ништо. Добро, може нокти да налакирам. Неделава ни доаѓаат пријателите од Осло, на нивната бебла крштевка ќе слават. Едвај чекам да ги упознаеме бебливе. Па конечно летово и двете поголемки ќе можат заедно да си играат. @Larahappy ептен ме мрзи да разглабам, ама тоа што таа колумна го идеализира е се што е погрешно во растењето на децата. Иако нашите генерации, сите имаме убави спомени од тоа време, само затоа што ни било убаво, не значи и дека не било погрешно.
Немој да се нервираш, тоа значи дека уште не е спремна за воведување на оброк, нека ја нека цица, има да јаде да јаде, та да ти здосади секој ден да правиш, да мислиш, да готвиш, ехеее сме го поминале сите тоа. Уживај додека цица, лека полека ќе се навикне и на вкусови, само трпение треба и без нервоза, никој учен не се родил па така и они, не знаат да отворат уста, не знаат што треба да прават кога ќе и понудиш лажичка....ќе биде, се по ред Ве
Здраво згодни, а по потреба и незгодни мамички, Недела ден за фамилија, сите на куп дома. Се радувам на неделите, особено ако се збогатени со сонце. Денот ми почна околу 5:30 кога тодлеркава почна драматично да се открива. Ја оставив да се разоткрие, почекав да заспие и ја покрив со нешто "полајт". Само што затворив очи се јави бебушка. И' дадов да цица и само што завршив и затворив очи, слушам тртттт.... Средив газе, дадов пак цице да заспие. И заспа, ама дада се разбуди. И тоа спремна за клоцање. Се подобрувам во справувањето со периодот на тантруми. Во средата бевме на вакцина со двете и докторката поштено ја испрашав за периодот. Од една страна ме утеши, бидејќи рече дека добро се справувам и треба трпение и дека не е така страшно што сум ја удрила (инаку тодлеркава ми се изнасмеа после ударот, сигурно не бил ни силен, ама јас умрев од вина), тежок период е. Од друга страна рече дека е индивидуално кога ќе заврши, а може да трае и година . Кај мојава дејството е зголемено поради љубомората кон сестричката, поради комплетно променетиот живот и намаленото внимание од мама. Тоа е, нема бегање. Ќе читам, ќе применувам и ќе тренирам живци. Сменивме пелена, се измивме и правец будење на тато, кој заспал во дневна. Па правев палента, слатко се најдовме, и сега тодлерката гледа видеа, тато пуши надвор, а бебка ми спие на раце, овозможувајќи ми да ви пишам. Набргу потоа стана бебка и се нацица, па сега се мислм да му ја оставиме на тато на чување, а јас со големата цурица да се фрлиме на шопинг во локалното Веро, ништо немаме во фрижидер. Цел ритуал и доживување ни е шопингот. И на цурицата и на мама. На мама и е тоа можност да излезе меѓу луѓе. Еееее до кај стигнаа работите, социјално-активното животинче кое пред 5 години дома не се прибираше од дружење стигна да ја радува шопинг во маркет . После шопингот ќе ги пратам тато и тодлека на лулашки, а јас ќе се гушкам со бебуш и може ќе имам шанси и да зачистам нешто. Ручек не верувам дека ќе стигнам да направам, па ќе побараме помош од пријателот кликни - јади. После ќе има спиење, па фамилијарно играње, па може ќе се заигра малата сама за да не почасти со можност за одгледување на некоја серија. После пак играње, па бањање, па јадење, па нанање. Ај баш да видам што од ова реално ќе се исполни. Поздрав мами, имајте убав ден.
Пробај со гризот од хип Baby’s first semolina. Превкусен е и многу бебиња го сакаат. Не се секирај и мојов на почеток стискаше уста и плукаше. Баш се нервирав и чудев како некои бебиња од старт сакаат да јадат. За неколку дена магично ќе почне да јаде
Здраво мајки Ве читам од кога останав бремена и решив баш сега да пишам. Бебе ми прави денес 8 месеци, голем дечко порасна. Денов ми е за никаде. Маж на работа и си реков ај ќе го изненадам со печени крофни, не ми успеаа, сега правев оние како лиснати со цимет, не ми успеаа и почнувам да сумњам во квасецот. Ќе одиме со бебо да го земеме мм од работа па уз пат ќе купам свеж квасец и ќе пробам утре, цело време со сув работам и немаше гајле што ли бидна одеднаш.. Од сабајле на нозе, доручек за бебо, раскрени, машини, садови, дрн дрн еден куп работа уште не дојде време да пијам кафе. Него, го научивме бебе секој ден по цел ден надвор и сега кога сакам нешто дома да сработам, неможе, му се шета.. А баба сервис немам. Тоа е. Сакав да правам пица имавме периодов гости многу па има сувомеснато по фрижидер ама со двеве неуспешни теста се мислам да си купам најпаметно готово тесто од Рамстор и раат глава. На бебе исто нешто набрзина додека стане и ајде пак надвор. Периодов ме мачи почетокот во градинка, многу е мал. Знам дека ќе му биде убаво, во супер градинка е, ама мајка Од петок треба да почнам на работа, па сакам да користам боледување додека можам, па неплатен и пред 1 роденден да почнам. Ми здосади дома ама реално незнам како ќе издржам без бебе. Сигурно сите мајки така Друго паметно незнам што да кажам, отидов да направам едно нескафе додека спие мали Изволте
@FreeMind добри сме. Утрово се разбудивме со веста за уште двајца позитивни овде од регионот, еден од нив е медицинското лице што го има примено најпрвиот заболен. Градот пустош се стори. Прво ме нервираа Италјанците, ги сметав за еден од најстрашливиот народ на планетата, сега сфатив дека иста сум, може несвесно се имам метнато на нив, не за џабе велат ским си такав си. Таков страв до сега немав осетено, ама реално кој не би се плашел? Надвор сонце пука а народ никаде. Од време на време само сирени на амбуланти и полиција. Во аптеките нема маски за заштита, се е потрошено. Училиштата затворени, карневали откажани, спортски настани никако, дискотеки не, модни ревии без публика итн. Сликата е грозна Му објаснив и на дете зошто нема да одат во градинка. Прво ме праша кој е тој корона и зошто дошол потоа ја оправивме работата. Рацете ги миеме по 50 пати на ден, лошо што се падна во период на настинки и вируси па многу луѓе креваат паника безпотребно, малку да кренат тт одма паника, еве синко подкашлува, страв ми е јас да не се разболам сега Од една страна борба водиме против вирусот, од друга пак упорно ги пуштаме мигрантите. Еве утрово пристигнаа 250. Барем периодов додека се стабилизира работата да почекаат, не бе! Ај да одам да си апнам едно парче од тортата, и така друго нема што да правам. Кујната плаче за бришење ама не се нафаќам сега, вчера така чистев купатило и туш кабина па цела вечер ме болеше стомакот, малку ни фалеше да се испокараме са мм. Денес тој среди одкако ручавме, не дека му бендисувам ама си ќутам за мир у кучи Убав ден мајки.
сакаш дозволувај сакаш не тоа секако ќе си чепка те по фиоки те по плакари те во кујна. Првото така ми порасна. Љубопитни се. Посебно кај мајка ми ко ќе појде абе сите тенџериња на маса наредени по големина. и за качување па ако забранил тек тогаш поинтересно ќе им биде да се качуваат. *Ми се избришал пола од постот* е што ме мрзи одново кога треба да пишувам.... Бебчо спие големиот на село со мм јас се мислам дали да досуредам дома или да дремнам малку. Машина врти денес ефтина струја мислам дека ќе ја прегорам од перење. Тешко на машините во недела
А ве известија каде ќе правите прегледи? А храна како ќе добивате? Бидејќи болниците како што прочитав ви се контаминирани и се стравува од прелевање на заразата во Франција и овде кај нас преку суд тирол. Инаку наскоро ќе почне да личи како град на духови. Гледав видеа од Кина на што личат градовите.
@Monella денес и овде на вести јавија за ситуацијата кај што сте. Се надевам за брзо ке се стабилизира ситуацијата. Инаку маски нема на залиха ни во Македонија, кризата настана уште додека вирусот беше само во Кина, нема производство на нови а и тоа што беше се праќаше таму кај што е потребно. Кај нас на работа секојдневно се бара, но за жал нема. Да се надеваме дека ке стивне оваа зраза набрзо, уф почнав да се плашам, досега не се замарав но станува сериозно.
Нема никакво известување за прегледите, што значи си течаат нормално (а нормално ич не е). Јас треба да одам во среда, прегледот ми е многу битен и не можам да го откажам бидејќи бременоста ми е ептен ризична. Мислам да ставам маска и да влезам од задниот дел директно на репартот, морам. За храна има маркети што уште работат ама луѓето слушам се снабдуваат со залихи бидејќи не се знае, како што оди можно е да ги затворат. Ние сме снабдени, некој период ќе немаме потреба од пазарење. Ако не друго барем за паста криза нема
Средство за дезинфекција против вируси( не против бактерии во џеб) квака со рака не фаќај со јакната некако отварај, маска не една две стави, контакт со луѓе никаков внатре. Рацете нон стоп дезинфекција допир на себе никаков. И се ќе биде во ред бидејќи тоа е само обичен вирус мутиран на кој не му знаат сеуште соодветна терапија. Како и се остало секое чудо за пет дена. Исис како ги снема од тв така и ова.
Јас имам пробано со аспиратор кај нас делува смирувачки бебуш реагира позитивно на тој звук, обавезно кога го заспивам пуштам аспиратор
Зачитав на интернет за вирусот во Италија. ( Вистина не е ова за на оваа тема ама ај. ) Испитувале кој ја донесол короната во Италија. Првиот заболен бил 38 годишен маж од кој подоцна заболела неговата бремена жена. Се сомневаат во еден Кинез кој претходно бил на вечера со заболениот италијанец. Но при испитување излага дека Кинезот е негативен и се поставува прашањето дали всушност тој е носител на вирусот но без видливи симптоми. Добровечер од мене. Ме мрзи да се капам денес плус ми студи да се соблакам,во кревет е потопло и плус нозе болат. Не ги осеќам. Сериозно си велам што ќе да е работава што нозе ме кинат од болење денес. Како тенк да ми поминал преку стапалата. Таман се спремив и сите ги подмирив и веќе се испружив да спијам тогаш најде бебчо да сака цицање а заспан е од 21 сатот. Со големото напишавме домашна па пиеше млеко да компјутер и дури пред малку си легна. Чудо како многу брзо заспива. Секогаш е таков,одкако се роди за миг запаѓа во сон. Денес се изнатрча всело кај свекор ми. 3 ден како му се затнува носот. Ама сите три дена е надвор но добро облечен. Се мислам да го носам утре на матичен,ама после се попишманувам зарем за еден затнат нос да го маткам по лекари? Не е дотолку. Се мислам што за ручек за утре. Сите идеи ми се потрошени веќе не знам што. Ама затоа е тука Фемина Инстаграм па да ни отвори апетит.
Добро утро жени , ајде кој е за кафе Само кафиња би ме оправиле , два дена по ред не спиеме ко што треба. Малово настина , од вчера и се затна носето , денес негде 2 часот по полноќ гледам и се залепило цело око со жолто , па и го чистев со камилица. Има и секрет во носот , а нема што да и правам, ја ставам на цицање колку може почесто , па ако не проаѓа , на лекар..кај ја фати , ама па секој втор е болен , а може и ние овие денови секој ден ајде на шетање , па ветар дуваше и ете. Ептен ми е криво , ама па така растат деца.. Големата ја испратив на мини екскурзија. И така. Ве поздравувам
Добро утро убави луѓе Бебла за прв пат поврза цела ноќ. Woohooo Од 22:00 како ја ставив во креветче до 7 утрово. Имаше неколку пати кенкање во сон, ама само ќе и ја дадев цуцлата и ќе продолжеше да нана. Трет ден денеска како навиена баба ба бабаба баб абаба. Овде баба значи тато па маж е во облаци. Нормално, кога од првата недела и стоеше над глава и ја учеше да каже баба. Бар помалку ‘ржи, 2 месеца само ни ‘ржеше по дома. Вака нека тренира говорење. Откако се вративме од педијатар минатата недела и имав загрижувачка епизода, бебла само се врти и превртува. Маж ме критикуваше оти арно си било детето јас џабе сум се жалела, што сум очекувала банџи да скока?! Па се прашувам дали јас навистина претерувам? Ама можам да се заколнам дека не се вртеше редовно. Пред некој ден ја оставив на средина на кревет и тркнав до кујна на кратко. А претходно си грицкав чипс и го имав оставено на страна на креветот, далеку од нејзин дофат. Кога се вратив што ќе видам. Не знам како успеала да го дофати садот со чипсот, се вратила назад си го ставила на гради и го стегнала со двете рачиња за рабовите и се смешка. Како не успеала ниту да го истури не ми е јасно. Кога ја видов ќе се онесвестев. Веќе ниту се остава сама, ниту и се остава нешто на дофат што не е играчка. Ќе тркнам денеска да и купам некое монтажно креветче или нешто слично безбедно за играње. Неделава не знам што ми се случува со кожава на дланките. Од горната страна ми се како пресушени, па како пецка леле леле посебно таму каде се превиткуват прстите. Се шлапав со креми до сега ништо не помагаше, утрово намачкав кокосово масло.. ама освен што убаво мириса, уште ми е рапаво. Не знам зошто вака ми се случи. Дал дека нон стоп ми се во вода. Ама па, секогаш ми се во вода...
Од водата и сјајот ти се , и моите се исти некогаш. Кога користам појак сјај од тоа е и надвор од ладното ако ти се влажни биле малку ете ти беља. Јас со еуцерин крема за раце со уреа( нз колку % беше уреата) ги средив за два дена.
Земи ја оваа крема бепантол од аптека, ќе тибги направи стакло рацете, го имав и јас истиот проблем пред 1 год. Со неколку мачкања на ден се измазнија рацете