Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    8.750
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Се спремам да пишам веќе цела недела па све нешто се премислувам. Да не ме тагнеше Фри и сега немаше.
    @S.J.Parker среќен роденден на малата.
    Честитки и до новите трудници на темата.
    И подршка до членките во Италија. Све си мислам истото не чека и тука, а мислам дека скоро и во цела Европа.
    Ние како се преселивме страшно ми фали друштво, се дружиме не дека не посебно што уште доаѓаат гости на честото за станот, но не е исто немаме никој поблиску па спонтано ајде да пиеме кафе или поминете на пијачка нема. Само со договор однапред.
    Минатата недела му свикав на дете " имаш и татко не само мама мама мама". Некако премногу време поминува само со мене и премногу се приврза. Порано повеќе го бараше татко му дека не го гледа цел ден, а сега и кога ќе си дојде он од работа детево пак само мама. Едвај чекам да почнам некој mini job, ама и тоа одложив мм вика дај велигден да прошетаме па после.
    Викендов конечно се осети дека квалитетно прошетаме и ние бевме во еден Wild Park само ваму немаше магаренце @FreeMind , синко ги хранеше срните и дозволи да го бацат на рачето ( баш ми е драго што не се плаши), а по дивите свињи викаше Џорџ ( брат и на Пепа прасе). После по млеко кај кравите, редовна дестинација. Од кога свати дека млекото доаѓа од кравите само бара да пие. Па сега одбива јајце мораме некако да му доловиме дека од коки се јајцата.
    Имам уште нешто да пишам но да не претерувам, да се вратам деновиве да има што да пишам пак.
    Добра ноќ
     
    На Chanell*, tincemajmunce, Happyinlove и 20 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    https://www.spiegel.de/wissenschaft...wochen-a-74ec6509-02d5-4bcf-a6d9-c69cf97f424a

    Додека сме на темата новите заклучоци на Сзо испаднаа.
    Смртноста е 0,7% само во Вухан кај што е жариштето е 2-4%.
    Болеста трае две недели најчесто кај покомплицирани случаеви од три до шест недели.

    Ајде да си легнеме сега бројкиве се како обичен сезонски грип, само паника се прави без веза.
     
    На Chanell*, Happyinlove, Coco31 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.528
    Допаѓања:
    288.928
    Еве ме и мене. Некогаш добивам впечаток дека сум најактивна кога сме болни(facepalm).
    Не знам за коронава, ама ние сме сите дома со Инфлуенца:@.

    Среќа маж замина на пат вчера, викенд си иде, па за влакно го одмина, ама затоа јас и трите моми со 40ка. На здравје нека ни е:worried:.
    Матичната рече телото да се бори, до петок може ќе не држи, да јадеме, пиеме течности, да луфтираме, ако не држи сила измеѓу на свеж воздух.
    И така, дремам сега, сите имаат различен ритам на дигање тт, кој на 3 кој на 4 кој на 5 часа. Да се шкртне уште една бессона ноќ. Додека чекам кај првиот да почне да делува сирупот и да падне, почнала веќе втората да дига, па исто и кај третата:@

    Инаку арни сме.
    И момите мои ги обожаваат парковите со диви животни, и викендов посетивме еден.

    Честитки на @Happyinlove и @Monella Да ве читнам и другите, да прошарам низ темите.
     
    На azelea, tincemajmunce, Happyinlove и 29 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Со Синтија Никсон кога ќе ти започне ден не може да е лош:

    https://www.instagram.com/tv/B843JEzg2Q7/?utm_source=ig_web_copy_link

    “Be a lady they said”

    Изметено, изџогирано, дете најадено, куче прошетано и саатот е само 9. Се мислам што за ручек ќе биде некоја супа од тиква и рижото.
    Цела недела се очекува дожд и снег, надвор 10 степени како ли ќе биде тоа.
     
    На The Unicorn, tincemajmunce, Happyinlove и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.887
    Допаѓања:
    34.063
    Пол:
    Женски
    Добро утро:rain::sun:

    Денес е маскембалот кај малата.Има уште едно девојче како нејзе маскирано па се израдуваа дека се исти.А тоа малку поголемо од моето па мојата нон стоп ја збори Амилиа големата ова она:lol:Вчера после работа во градинката ја облекувам малата и доаѓа Амилиа залетана и ме бакнува во образ:o
    Јас се смеам.Мајка и цела се збрка ,ќерче ме прашува што е ова, а јас гордо: - Гледаш ли пиле сите деца мене ме сакат :)Имаше неколку жени не бев само јас ама изгледа мојот нос и се допаднал најмногу:lol:
    А малата љубоморна да не и ја фаќаат мајка и(facepalm)
    Денес за маскембалот спремав паун со овошје.Убаво излезе јас пресреќна.Одиме накај градинката одеднаш заврна пороен дожд па паунот во градинката веќе беше со изгубени нози:worried:Ајде нема веза да сме живи и здрави.Наполнив кошничката со лижавчиња и пратив дете да си игра.Убави сите дечиња маскирана и насмеани.За жал не ни праќаат воспитувачките слики ниту објавуваат на фб.Тоа се е забрането.Само една групна слика ќе закачат во ходникот:mm:

    Вчера си порачав гаќи од Викториа Сикрет.Многу сум скржава па не ми се даваат толку пари:doh:Ама дадов и сакам малку да му се прчам на маже.Не дека он во гаќите гледа .Гледа побрзу да ги соблечам;):rofl:Мм го прашувам ќе дадеш ли 18,20 евра за жици?Дека тој не знае да каже не.Тој пак какви жици биле и што ќе закачувам на нив|(Кога му покажав рече ќе дадам ама само дома да си ги носиш:rofl:Па сега ќе ми стигнат на 3 март плус царина изгледа и така:)Сакав и парфем да си порачам ама кога ми текна дека имам 5 реков друг пат.

    Малата пак почна да ми поткашлува навечер се мислам дали да и дадам сируп .
    За корона и мене ме фати паника на почетокот.Така колешката рече тоа е обичен вирус зарем се плашиш од вирус?Подразмислив и велам добро таа ем е болна не се плаши зошто јас да се плашам. Читав статистики и разбрав дека не е страшно.Досега во Германија донесоа 2 авиони од Кина.Има 20 заразени и сите се излечиле и се пуштени од болница.Нормално за бремени секој вирус е опасен.

    @S.J.Parker среќен роденден на малата ,прекрасно детуле:)

    @danichap со лесно побрзу да се оправат момите:hug:

    Ајде мајки поздрав и имајте убав ден:f:
     
    На Chanell*, tincemajmunce, Happyinlove и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    @danichap ми фалат твоите постови, побрзо оздравувајте.

    Со среќа бремености женски, јас сакам втора бременост но ете за сега ја нема.

    Среќен роденден на малата @S.J.Parker , голема да расти.

    Пијам кафе, на работа се разбира во ова време. Почнав да учам од неделата и сега оп гледам на нет др материјали од јас тие што ги имам..... па сега во дилема сум дали да продолжам или да оставам тоа па да фатам некој др предмет....ај ќе се размислам, туку дури размислам времето отишло.

    Малата моја добра е, дерматит средуваме, па ќе видиме колку ќе трае, со осетлива сува кожа е, незнам од што се појави и на што да внимавам во иднина, но тоа е што е. Не оди во градинка од петокот, мислам утре да ја однесиме, мн е радосна после градинка, само ништо не кажува што прават таму, песничка не дај боже да и спомнеш тие биле за во градинка, и чат пат уз игра ако нешто каже инаку нема шанси.

    Толку многу сакам еден ден бар јас да ја земам од градинка.... а со работава нема шанси.... прчла моја бара нова играчка и кога ќе и ја дадам ја гледа 15 секунди ќе заврте лево десно и ќе ја остави, па јас седнувам со неа пајде вака ајде така да си играме па да поиграме, али затоа дај и весник или било каква хартија и ножици цел ден ќе си сецка, дај и лажици и пластики ќе се подзанимава некое време и најомилено и е да се бркаме околу маса, да бидам куче или маче.
    Ритуал ни е после работа, после ручек да седнеме 15-20 минути да гледаме пикабу, јас да одморам нозе и да размислам што играме па после тераме, до кај 9:30 ако не е преспана преку ден, или ако спиела кај 11 легнуваме и тоа со сила.

    Во поглед на корона вирус, ние откажавме одење во Турција, некако што знам шубе ми е, кај нас викаат од мечка ремен не ти треба. Ајде ќе има време ќе прошетаме, сакам да го збуцам мм да одиме за Словенија, ама кој знае дали ќе заминеме.

    Ајде доста тропам, да се фаќам за папири мои.

    П.С. Женски од Италија подршка за вас!!!
     
    На hello-kitty.90, Chanell*, tincemajmunce и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    40.507
    Пол:
    Женски
    Добро утро,

    Се пријавувам од работа додека чекам некои пресметки.
    И ние се лечиме по дома. Мали вторникот ноќта беше со напади на кашлица, во средата веќе крена тт. Бевме кај матичната гради чисти, грло не беше зацрвенето, ама кашлица ужасна, па од четвртокот си почнавме со антибиотик. ТТ се спушти уште во четвртокот (и претходно не беше страшно сама варираше нагоре надолу и на крај ја снема), ама кашлицата во петокот скоро спуштена на плуќа. На слушалка се слушаше на гради, ама со кашлање се траа, така да си продолживме со инхалации и атб и веќе почна да се смирува кашлицата. Ќе видиме утре на контрола што ќе покаже, ама мислам дека арен е. Немаше да ми е толку криво што се разболел да одеше во градинка. А јас од понеделникот не го праќав во градинка, викендот ни на роденден не го однесов и ми се разболе од дома седење:@. А во понеделник на планина одиме. Ама мислам дека ќе биде во ред и дека ќе добиеме зелено светло од матичната.

    Во неделата попладнето, јас во неговото фамозно сопче средував, зошто сум решена конечно да ја правам неговата детска соба, и мали дотрчува во хаосот и почнува да вика, Ципа, Ципа, дај (така се вика жолтото пиле од еден цртан што го гледа). Додека сфатив дека го бара ранчето се исповртеев три пати низ соба. Му го дадов, пикна диносаурсот внатре и побара да му го ставам на грб. Ако верувате 3 саати шеташе, играше, јадеше и се тоа со ранчето на грб. Кога дојде време за спиење, се знаеше со Ципа отиде на спиење. Па тоа беше гушкање, бацување едно добри 15 минути пред да реши да го гушне и да потоне во сон:inlove:

    Најнов хит ни се диносаурси и мислам прва поозбилна опсесиа ќе биде. Бар така личи за сега. Дел од нив дури и ги научивме како се викаат од цртани и една од книгите за Биби и Боби.
    Инаку како е останат дома, направен е лигавешка. Оваа недела дома со татко му ќе се дружат. Вчера ми праќаат слики, цел саат си играл со новогодишните јастучници. Ги редел и прередувал од едно на друго место, после еден саат редел колички. Ова да видам не верувам, ама маж вика дека ептен се заиграл:o. Затоа јас кога си дојдов од работа ми наплати. Едно три пати ми правеше сцени, со глумење дека плаче(facepalm). Кај ли им текнуваат вакви работи.
    Денес пак бајче. Еве ми праќаат слики како прават зазулчиња од пластелин.

    Инаку озбилно си фатив ред да се испитам до кај сум со здравјево. Почнав со гинеколог, брисеви чисти и оп одеднаш ПАП со атипични клетки - ХПВ, треба да правам типизација:(. Почна да ме фаќа страв што уште ме чека. Допрва треба да правам хормони, ехо на гради и треба да одам за едно масно ткиво што ми се појавува кај увото и од време на време ми гнои. Само за ова последново не знам дали треба на ОРЛ или на пластика треба да одам. во бременост кога ми се воспали на ОРЛ бев на преглед, и ми рекоа после бременост да го средам, ама не ми кажаа каде.
    А таман се решив и сакав да одам на второ, ама изгледа мала сопка ќе имам во процесот.

    Туку цело време си мислам да прашам вие што викате дека метете, метете со метла или мислите на усисавање? Не сум видела метла не се сеќавам од кога. Кај мене џогер и усисивач играат само.

    Со лесно на новите работни места на @thinkerbell I @TeddyGrey. Со лесно да си ги истерате бременостите @Happyinlove и @Monella, Среќен роденден на малата на @S.J.Parker .ако пропуштив некој во честитките, ќе ми простите и на вас ви посакувам, ама сите мултицитати ми се избришале, па од сеќавање да честитам се што ми текна.

    Јас да ја преживеам оваа недела на работа која ми почна наопачки. Се надевам подобро ќе заврши и во петок се одјавувам за една недела. Снег нема, ама да подишеме чист воздух и малку да опуштиме мозок од домашни обврски.

    Имајте убав ден.:sun::f::sun::f:
     
    На Lorins, hello-kitty.90, Chanell* и 23 други им се допаѓа ова.
  8. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    @Happyinlove i @Monella со лесно мајки не се секирајте Бог дава сила. Ќе израснат наеднаш. Знаме тешко и мачно е но после полесно.
    @srekice почекај си за второ. Не е страшно Еве после 14 год и 2 месеци после првото родив. Искрено ко на ново ми е. Се подмладив.
    @Yowannty и мојава спие од 20:00-4:00 без будење. Ама ич не се жалам. Напротив се изнаспав.
    Мајки во Италија за брзо да помине уриетов со короната. Мене повеќе на паника ми личи. Исто како САРС и птичјиот грип. А за страшно навистина е.
    Ви се восхитувам како стигнувате толкави постови да напишете. Јас цел ден нешто правам, ќе ве исчитам и толку.
    Од рано џогирав, диплев еден куп алишта, метев. Сега 3 пат се цицаме па да правам Кашичка за бебе и ручек за нас.
    Инаку бебе е Супер. Само се смее, Гага, се дере, си ги јаде стапалчињата, многу е жива и темпераментна.
    Мирна во смисла јаде, спие кротка е... А нон стоп врие и треба некој да ја анимира.
    Научивме Чао да вели со раче и две рачички ја игра.
    Сега тапшин танана ја учиме.
    Од зборчиња ДАА вели кога сака нешто и кога ме бара мене обично цицка за спиење Нан, Нан вика.
    Толку од мене. Заспа па да бркам работа
    Позз до сите
     
    На Lorins, hello-kitty.90, Chanell* и 25 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.440
    Допаѓања:
    183.475
    Пол:
    Женски
    Добро утро, добар ден :)

    И јас испаничив за короната, маж никогаш не паничи, ама затоа сега имам залихи на шпагети за цела година. :D Секој ден носи и по еден пакет вода. Нас ептен ни е блиску Италија, плус Италијани врие на островов. А за Кинези да не зборам. :worried: Тоа е што е. Ќе си чекаме поубави вести...

    Вчера цел ден го шетавме. Свекор му се жалел на маж дека не ја видел бебла, ама го мрзи да дојде да ја види. :| Па ај уз пат застанавме таму на 5 мин. Ја баци на ноже, и се тутна неколку пати со привикнување оти мисли дека е интересен така, ја расплака сто пати и си излезе на балкон да си го дорешава крстозборот. На сметка на тоа бебла цела ноќ плачеше во сон. :(

    Се учи на нас двајца за викенд, па доаѓа вторник и маж тргнува на работа, нејќе да седи сама во креветче. :sweat: Да научи побрзо да не го кубе мачорот па да има друштво цело време најубаво. :D
     
    На Lorins, hello-kitty.90, Chanell* и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.035
    Пол:
    Женски
    Хелоууу.

    Го шетам кучево, маж е дома со мали. Он заспа, примаше вакцина, и ја низ врата летнав до паркче и си земав кафе во термос8)

    Неколку вечери по ред мали ја преспива цела ноќ и се буди по два пати да си цицне. Се будам во 8 сабајле преполна со енергија и почнав на велико да готвам и да чистам како баш домачица:makeup:
    Нека потрае ова:)

    Аман више со корониве, вирусиве не отварам ни да читам, се нервирам. :envy:

    Бебе ми е големо бебе што прави интересни работи секој ден. Само нешто ново ни покажува:inlove:
    Последно изненади со тоа што буквално ползи по кревет во спална. Го ставаш на средина со милион перници од страна, го наоѓаш на друг крај во рок од 5мин. Нинџа:ninja:

    Времево милина е надвор:sun:

    Ај поздрав.
     
    На Lorins, koritsaki, hello-kitty.90 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Убав ден мајки,
    Малку ветровито и неможиме да шетниме со малата.
    Само кажува акам папа и праве чао, зима патики и оде на кај врата. А како да а изнесам, одма мене уши ми се воспалуваат, не пак неа.

    Сега тегнам 2 кафе, дур она тера 1 дремка.
    Неможам да се навикнам на нередот дома, и само се нервирам.
    Како раскревам за пола час, исто, па и бетер.
    Малата почна многу да разбира ама и да покажува attitude, тешко мене со карактер како татко и:doh:

    Да се пофалам во петок, конечно ќе одам да си ја средам косата. Мала промена со ниансирање, се надевам дека ќе биде добра:wasntme:
    И на крај пак ќе заврши фатена во реп, ама ајде...

    Едно прашање, боровинката нели е црвена внатре, или јас појма немам? Ја пресеков, внатре жолто-зелена се зачудив :^)

    Со помин на сите дечиња што се болнички.
    @Ano појачај имунитет, со лесно (fingers)
    @S.J.Parker среќен роденден на малата лепотица, преубаво е дотерана :makeup:
     
    На Tiki123456, Lorins, koritsaki и 23 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.694
    Допаѓања:
    38.363
    Пол:
    Женски
    Хелоу :hai:

    Надвор сонце, па ќе шетнеме со малото. Големиот е втора смена. Сте пишале за забременување. Трето дете - јок. Нема шанси. Освен ако не испадне несакајќи како со помалото. :D

    Некои работи им ги дозволувам. Знаат дека не смеат да пипаат во штекер, без мене да не излегуваат на тераса. Ги оставам сами дома. Морам некогаш до продавница да отидам. Седат мирни. Големиот знае и сам да си направи за јадење. Сам си мачка лепче, си става вода/сок во чаша, сам се мие во вц. Уште го бањам и му го бришам газето. Забите се научи сам да ги мие. Стекна хигиенски навики. Со малото уште се учиме. А и некој инает води.

    Куќа нечиста. Денес пак ќе правам генералка. Прашина еден тон. Само да се скокало. Смоки, соленки насекаде по соба. Па кога ќе згазнам трошки се прават. Добро е што играчките не ги расфрлаат. Играчките не ми сметаат, ама другото да. И маж непослушен. Никако да научи да ја пушта машината да пере. Му викам - Некогаш можеби ќе останеш сам. Он ми вика - Е тогаш ќе му ја мислам. (facepalm) Ништо не го интересира. Не се замара што има дома. Па после расправии зошто не сум купила. Сега се научив и му викам - Не ми треба тоа и затоа не купив. Само за цигари му текнува да се симне до продавница, а за другото ќе трпи. (facepalm) Наместо да си ги дипли алиштата и да ги става во плакар, он ги обесува на закачалките во спална. На едната му е јакната, на другата тренерките, на третата блузата, па елече, каиш, и др. За јакните ок. Плакарот во ходник ни е мал, ама за другово претерува. Битно да е дотеран, па затоа цел стан мириса на некој од неговите парфеми. :puke:
    Му викам - Не знам како те трпам скоро 9 години (толку сме во брак). Пред некој ден ме фалел на колегите дека сум флексибилна. Му викам - Им кажа дека особено со мажи сум флексибилна? :D Одма преврте очи. :rofl:

    Ај одам јас. Доста го фалев мојов.

    Поздрав :hai:
     
    На ma4e1311, Lorins, koritsaki и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Не е за овде прашањето ама најбрзо можам да добијам одговор
    На 20ти јануар ми беше последен циклус ама ми траеше подолго од вообичаено,некои 12 дена
    Нормално е покасно да добијам?
     
  14. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Мислам нема врска зашо и мене ми се случило да ми трае подолго ама наредниот месец ми доаѓало редовно
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    :tmi: ај ќе почекам уше една недела да добијам,можеби некое хормонско пореметување...:)headbang:)
     
    На Lorins, karibian, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки!
    На маж му размина настинот па конечно функционираме нормално. Беше во карантин 4 дена. Со лесно му пројде. Рака на срце, и јас лесно поминав со бебушките. Си го имаме редот земено, секој плус човек за помош мене би ми одмогнал само.
    Едниот батко тера прва дремка во креветчето, другиот во релаксаторот гледа тв како старо.
    Јас со нозе во вис.
    Маж се виде поарен па ја фати Грција, имало некој попуст за дрангулии во дворот, па ќе им уредувал катче на децата. Виде дека се снајдов скроз сама деновиве со двајцата па си зема за слобода да шета...

    Вртелешката над креветче снема батерии, ова едново лутење оти не свири... Како разбира толку Боже? Сменив батерии и се врати насмевката кај него :)

    Околу заспивањето сте пишале. Од два месеци моиве ја преспиваат ноќта. Секоја вечер во 8 уклучувам столна ламба, тв сеуште работи. Во 9 гасиме тв и светлото во ходникот. Тогаш им е и последниот оброк. До 9:30 најкасно се заспани и двајцата. И спијат до 8 наутро. Едниот станува еднаш за млекце, другиот ретко. А му се јаде. Па кога ќе му дадам на овој што побарал, му давам шишенце и на бебчо што не може да се разбуди и покрај тоа што е гладен. Грев ми е да го оставам, а тој ја убива цуцлата од шмукање.

    На почетокот си увртев во глава дека бидејќи не цицаат, потешко ќе се приврзат со мене. Хормони....
    Таква конекција имаме, пресреќна сум од досега постигнатото. Гушкање никогаш доволно. Неможам да се изнагледам со полни раце со нив. На рамките се огледувам. Ете, мајка сум, си велам.
    Цел ден правиме нешто, ретко така сами да си лежат во креветче.
    Неуморна сум. Со години ги чекав. Неможам да им го слушам плачот. Бдеам над нив...

    Ете го, цимоли од релаксаторот за во раце. Одам на гушкање :)
    Убав ден, убави мајки :*
     
    На Milaаа991, elcezelce, happygirl и 34 други им се допаѓа ова.
  17. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    5.006
    Пол:
    Женски
    Честитки @Happyinlove со лесно бременоста :inlove: јас сега видов листајки ги муабетиве.

    Пред некој ден така ме фати носталгија за меше, за бебе ама не можам, психички дури не се стабилизарм не смеам. Стравот да го искоренам, па да терам раат.

    Синко ми пушта чекорчиња, држејки се за маса и кружи :D на штрек сум само околу него. Растат децава машала, времето лета... Дури да влезам во бубањ ке порасти. Како ли да се опуштам и да уживам во моментот ?? :?::fubar:
     
    Последна измена: 25 февруари 2020
    На Milaаа991, elcezelce, Lorins и 19 други им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.394
    Пол:
    Женски
    @Happyinlove и @Monella каснам со честитки ама лесни бремености да си имате.
    @BabyT* планинските, диви, миризливи и убави боровинки се црвени внатре. Одгледуваните, култивирани боровинки се поголеми и бело-зелени внатре. Не знам дали се исто толку здрави и полни со антиоксиданси одгледуваните.


    Јас за Короната не знам веќе што да мислам. Се крева паника а не знам дали има потреба или не. Школи и градинки полупразни се секако од вируси разноразни. Плус доаѓа пролет, лето па веројатно ќе стивне епидемијата или што и да е во светов. Сега за сега не знам што да мислам. И јас и маж работиме со многу луѓе (млади) постојано. Детево оди во градинка па изложени сме на се што се појавува. Ама нема многу што да се прави. Се надеваме на најдобро.
    Јас пак попладнево треба да оставам покасно на работа и веќе ми се смачи. Искрено сакам попладне со дете да минувам ама така се погоди овие две недели. Ај од утре порелаксирано ми е па ќе му се посветам повеќе.

    За второ дете не сакам да размислувам. Многу болна тема ми е. Првото едвај го добивме со ИВФ, пробавме и за второ ама со тоа што имавме смрзнато не бидна и толку беше. Оставивме ако удри гром во коприви нека удри ако не, ова што си го имаме да ни е живо и здраво и весело. Искрено сега како минува времево и како он станува се полесен и поразбран и посамостоен не знам па ни дали сакам второ. Некогаш си викам е па не ни ни треба. Од сега си имаме планови за пролетва и летово за патувања, па дури и можеби за наредна зима. Само да сме живи и здрави сите па се ќе биде.
     
    На happygirl, Lorins, 24.07 и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    како брзо ми лета време страшна работа,пола бременост ми прелета те прочитав @Happyinlove дека се спремате за роденден...на роденденот на дора бев точно 8 недели,цел роденден сама го спремав не за друго него сакав да е перфект се нели прв роденден,торта разгледував месец дена унапред
    ,нарачував какви не балони на алиекспрес уште кога имаше пола година она, немој да не не стигне нешто до роденденот хаха,па кетеринзи пијалоци па украсувај и сама и фирми барај за украси,фотографи,камери чуда јаоо,почна роденденот од почеток до крај пречекувај гости со неа во раце,сите ми викаа луда ли си кај со толкави штикли во раце детево го држиш па и друго во стомак на почеток си..,абе бегај викам јас што можам вие неможете ни на сон:D ме води некоја внатрешна позитива незнам како да објаснам,колку предтоа бев во хаос со мислите леле што направивме пак сум трудна,така отпосле бев пуна себе како преку ноќ.Си се убедив сама дека се ќе биде во ред,секое сабајле си викам ЈАС МОЖАМ,од толку непреспиени ноќи еве веќе 14 месеци не спие детево :),на работа турбо и дома средување се и јадење и чистење...дури мислам дека ќе ми биде полесно откако ќе се породам... :muscle:
    Jaс сум цело време и пред и после работа со дете во раце,прво влагање од работа дома таа лази накај мене и се крева да ја земам да се гушкаме.. значи цело време сум со неа во раце и двете го галиме мешко..само 3ипол кила до сега сум поправена и сите викаа машко е сигурно второво демек мал стомакот (а јас турбо немам време ни за јадење а не па да кревам килажа) и пак ќе кажам дека има нешто што дава сила и те чува


    мора се да е во ред и мора да се издржи! ајде па на 35години двете деца првачиња ќе ми бидат,тогаш ќе почне втора младост за мене :beer::d::makeup:

    ( мм е турбо со работа од сабајле до вечер,ми помага колку може се труди и ја чува навечер рака на срце нема збор, недела му е само слободен ден тогаш ми помага и во детално чистење,свекрва ми и мајка ми ја чуваат само додека сум на работа после си одат,но затоа еднашдо два пати во неделата сами се нудат да излеземе на кафе со мм на некој саат што сосем ми е од помош и сум благодарна)

    брзо ќе дојде и јули,нема одмор оваа година (а што па лани хаос беше дека отидовме на одмор не покрадоа:)) нема мрдање летоска ќе не чува татичко три женски :) некако едвај чекам :wasntme: :sun:
    најзимско и најлетно бебе ќе имам :) алиштата нема да и се точни од дора,зошто дора имаше 7 месеци во јули кога ќе се роди ова.. :rofl:

    ете така си се расприкажав,си го допив второто кафе на работа иако уште ми се пие зошто ноќеска станав 12пати со ќенкалово мое ама тоа е не пијам повеќе од две кафиња страв ми е,сега идеме турбо со работа до вечер до 8
    убав ден мајки и само позитивно за се
     
    Последна измена: 25 февруари 2020
    На S.J.Parker, flower55555, Milaаа991 и 26 други им се допаѓа ова.
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy фала женска, колку толку, да сменам нешто со исхраната па сега колку се здрави, се надевам штетни нема да се :)
    @Mari* плоден месец е:lol:
     
    На Lorins, 24.07, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.