Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    @Ano имам и таква метла како од приказните тарасата ја метам со неа зошто има поголема површина и побрзо оди. А дома метам со правосмукалка јел усисавам не е на велешки.
    Користам доста србизми при говор и секогаш употребувам фрази кои глупо е да се преведат на македонски али усисвм ме потсетувам на не сме за уџиџавање и не ми лепи :)
    @Gaga.sk патем кога сме кај српском лепом језику где си потонуо?
     
    На elcezelce, happygirl, Lorins и 10 други им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.172
    Допаѓања:
    24.552
    Пол:
    Женски
    @BabyT* јас не баш се, не дозволувам во кујна да чепка, неможам уште да трпам толку неред, кај цела дневна е во хаос, бар останатите соби нека се средени :D а и сакам малку да си има граници до каде можи, додека кај мајка ми се му е дозволено, кај свекрва ми не баш се, свекор ми е построг :)
    За второ сакам да, ама нека направи синко 2, 3 години малку да одмориме, да поспијаме, малку да го разгалиме :$ а и здравственава состојба не ми дозволува, морам прво да ја "средам" жолчкава. Сакам машко пак за да не се мачи многу :D сепак на маживе полесно му е, гледано од здравствена точка, ни промени на хормони, ни пораѓаи, ни менструации, јас на 30 год се осеќам како воз да ме има прегазено :worried: се ме боли. Па уште една бременост и ќе ме дотолчи жими се, мислам дека нема телово да ми истрпи :worried:
     
    На hello-kitty.90, flower55555, Milaаа991 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    чанел да ти кажам и јас деновиве сум избезумена и се нешто ме потресува за здравје хигиена ова она.... Земав Саво средство сакам и со варикина да изрибам низ дома. Јас не бев од тие личности што се стерилизира и дезинфицира. Така можеш да се заштитиш ама не и да јакнеш имунитет. Ама ова сега.... На големото на школо им рекле колонска вода да носат на школо. Само некако начинот на користење... Ставаат на раце трзаат рачиња и бришат со крпа. Џабе викам ако претходно не сте измиле со сапунче.

    За маските дефицитарни се бидејќи се произведуваат и дистрибуираат од Кина.

    поради такви работи постои овој биотероризам. И додека Кина објавува дека е најдена вакцина Америка најавува дека нивната вакцина е во фаза на испитување.

    Комплексни работи се ова со вирусиве медицината фармацевтската мафија лаборатории.... Не сакам да навлегувам ама се изнагледав кокументарци по телевизииве во животов. Само ќе речам тешко нас во Македонија со здравствово. Вирусиве претежно се со исти симптоми а нашиве врска немаат што е корона. Додуша и на обични болести даваат погрешни дијагнози недај боже за ова.
     
    На lackygirl, Lorins, bela.m и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Пишувањето во оваа тема го замислувам во атмосфера уклучена столна ламба, кафе, лап топ. Ама не е така.
    Дете си расте... Секој ден се поразлична е, поинтересна е. Многу сакав мирно дете, бубалче, ама ништо. Многу е луда, почна да се удара по глава кога не е по нејзино. Свеки вика човек друг ќе помисли нешто не е во ред со детето. За јадење се мачиме како и секогаш ама супа мине и те како. Портокали исто..
    Уште не се пушта сама да оди, ама брза е покрај кревет кога оди.
    Неможеш да ја прелажиш никако, многу е интересна. И напорна!
    Некако ја гледам извисочена ми е,а не е поправена(здебелена) во телото.
    Од 2наутро до алармот на мм за на работа само кенка, не сака да е покриена, па сака млеко, па цуцла. Човек само да се нервира.
    Не ја мешам периодот со луѓе, барем малку да ја заштитам. Сите се болни.
    Незнам по другите градови како е симптоматологијата но пациентите кои беа кај мене беа со температура која трае од 3дена нагоре, сува кашлица (без наод на бели дробови) и океј грло (со некоја мала болка надразнето). Крвна слика мирна,а он едвај седе.
    Имаше период кога имаа и наоди на б.д. Знаеш што да лечиш. Ова стварно незнам што е. Буквално како што пишав, само темп и сува кашлица. Јас уште неможам да се опоравам со кашлицата, ќе мине се тешам.
    Мм разочаран од работата. Милион обврски а не му покачуват плата, сака да бегаме. А јас германскиот за жива глава не го сакам. Мислам дека нема да успеам да го научам за да работам според струката.
    Денес го имав и првиот инфаркт на работа. Денот катастрофа.
     
    На hello-kitty.90, Milaаа991, Monella и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    3.991
    Да,можно е да ти доцни поради претходниот подолг циклус. Ми се има еднаш десено истото и затоа ти пишувам од искуство. Почекај уште некој ден и ако не дојде, посети гинеколог да си видеш што и како :)
     
    На Mari* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    Сте спомнале гинеколог. Срам ми е да кажам колку време не сум отишла. Скоро 3 години. (facepalm) Маж нонстоп ми вика Оди, а јас си се зафркавам. Ме фатила мрза. Денес завршив со поголемиот дел од чистењето. Па ги подбрав децата дека не треба да растураат. Знаат и во кујна да прават неред. Само земаат чаши, чинии, лажици, и др. без потреба. Малото кога пие нешто обавезно мора да истури. А кога јадат...трошки има насекаде освен на маса. Еден период малото лепеше карамели на тепихот. (facepalm) Сега му е хит да се шара со пенкало по рацете. И се кара ако го искараш. Големиот почнува да се смирува, ама затоа малово збеснува. Едно време сакаше сестричка, а сега сака кукла. Ќе ја чувал како сестричка. :D

    Маж си легна. Ме изнервира па се испокаравме. Ама стварно ме налути и ќе држам лутина неколку дена. Нашол он со мене краставици да сади. :lol:

    И јас треба да добијам деновиве. Најдоцна до крај на месец. Ич не ми е редовна.

    Поздрав :hai:
     
    На hello-kitty.90, Milaаа991, Monella и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    ‘Ноќ.

    Не знам дали сум единствена, ама навечер кога ќе ја заспијам малата, не седам со мм да гледаме филм туку го оставам сам,а јас лежам до неа на спална да не стане и заплаче случајно(facepalm)
    Ко бебе да имам се понашам.

    Инаку ништо од бебе бр.2, добив вчера.:doh:
    Не ни осетив бе, порано по недела дена пред добивање ме болеше стомак.Овојпат ко гром од ведро небо, и тоа баш на работа кога бев..
    ЖенЦки проблеми цц..
    Туку..
    Деновиве интензивно барам облека и поклони за крштевањето, и никаде не можам да најдам трицикл за близнаци.
    Помагајте!
    Уште еден месец имам,треба полека полека да почнам со купување ствари.
    Речиси ништо немам спремно, ќе трчам претпоследниот ден изгледа:(
     
    На hello-kitty.90, Milaаа991, Monella и 22 други им се допаѓа ова.
  8. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Мајки дали имала некоја искуство со истатоци од плацентата и подоцна било откриено кои симптоми ги имавте?? Како откривте??
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    :^::^::^: бујрум те на торта роденден ми е денес :d::d::d::sun:
    27ка полна ^_^:party:

    Цела ноќ не спиев, го пазев мали |-) после сирупот повеќе од 37.6 не крена фала богу. Сабајлево весел беше, цицаше ама носето чешма и очите му солзат. Нека помини ајде ми е жал:doh:

    И така денес без алкохол ко пијана се осеќам, како ке издржам цел ден незнам :drunk:
     
    На Mari*, hello-kitty.90, Milaаа991 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.172
    Допаѓања:
    24.552
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден биди здрава и жива :^:
    И јас сум ко пијана на работа :drunk:
    Многу заборавам во последно, никогаш не сум заборавала порано, мм само ме зафркава, му велам од неспиење ми е.
    @Chanell* иста ситуација кај нас, периодов тежок со синко ни е, само плачи, 3јките излегуваат, ноќиве тешки, мм в дневна јас в спална никаква близина (facepalm) ако седниме двајцата на тел сме :x
     
    На Milaаа991, Ano, flower55555 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Со првата бременост имав. Ги откривме на ехото што се прави после пораѓај. Ми рекоја ако имаш температура и пообилно крварење да одам на гинеколог. Но кај мене сами испаднаа. На следна контрола немав ништо.
     
    На 24.07, Ava.84 и ddevojce им се допаѓа ова.
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    7.984
    Пол:
    Женски
    Кај братучетка имаше заборавено дел да извадат од плацентата и нејзе и беше чудно крварењето викаше како партале да ми паѓаат. Беше на гинеколог и со Анастезија ја исчистија.
     
    На TeddyGrey и ddevojce им се допаѓа ова.
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    @bella12 @Lorins фала ви жени. На дежурен шо бев ме гледаа вагинално, а овде кај шо сум абдоминално, и плус се падна таа докторка шо ме шиеше на пораѓајот. Кој да веруваш сега?? Кај мене некое обилно крварење нема. Најнормално е.
     
  14. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    7.984
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека имаш останато од планцетата? Имаш ли некои други симптоми. Ако е вртоглавица мислам дека те прочитав дека си скоро породена тоа е нормално на почетокот.
     
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Две недели денес одкако сум породена. Болки во стомак ниско долу, болки при мокрење. Температура, главоболка треска. Градата ми е воспалена имам некои грутки велат мастит е. Вчера бев на дежурен баш поради треската и температурата воопшто не ми паѓаше,и и се пожалив дека имам болки у стомак и ме гледаше на ехо па ми кажа дека гледа нешто најверојатно остатоци од плацента. Ајде со упат на клиника кај шо се породив, се падна таа докторка шо ме шиеше ме гледаше и кажа нема ништо, ама црп покажа дека има инфекција и мора да ме Задржат и антибиотик да примам. Веруват дека е од маститот ама не исклучуват дека е и од долу. Па сега ќе видиме.
     
    На 24.07, mal.ecka и bella12 им се допаѓа ова.
  16. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    7.984
    Пол:
    Женски
    Нека е со помин и ако е од доле што побргу да се среди.
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    @Chanell* трицикл за близнаци има на чиполино. Нашиот е од алф кидс - Прилеп.

    Ајде добар ден и од мене
    Неделава лошо врвиме, мали е на антибиотик, а малава утрово повраќаше. Ги извадов надвор и магично се оправи, почна да јаде.
    Не знам дали воздухот толку позитивно и влијаеше.
    Како и да е утре ги носам пак на контрола и кс да провериме.
    Утре исто чекам битни резултати, за мајка се работи и веќе не можам да издржам. Попуштам психички, си плачам, 300 филмови си правам во главата. Пред неа нормално не искажувам, но се насобра се периодов.
    Ќе се избориме, многу работи лоши поминавме како семејство и секогаш после лошото нешто добро ни се случува.
     
    На Mari*, hello-kitty.90, tincemajmunce и 12 други им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    значи јас сум уште повеќе за срамота. Одкако се породив со првото и ја направив првата контрола после породувањето воедно тоа беше и последната :$ после 5ипол години појдов пак со информација дека сум бремена и не да ми се тутна... Да можеше ќе ме истепаше докторот :rofl: ме опомена. Вика што е ова ми идеш од една до друга бременост а камо прегледи контроли... А јас сирота не знам што контроли во меѓувреме се прават. И да сакам да појдам што ќе речам ете дојдов така.... Да ме ѕирнеш :rofl:

    Сте спомнале и за циклус. Јас после 5 месеци од породување минатиот месец добив овој месец абер нема. Ќе помислам дека сум пак трудна (facepalm) оти нема овој месец??? За да не трошам пари за влошки??? :^)

    @flower55555 среќен роденден голема да растеш :)

    Бебе спие големото надвор го избркав за да не ми галами оти често го буди малото. А и да е дома ќе уклучи компјутер или ќе си го земе телефонот и ќе се нервира со игрици. Е фала ама не му треба тоа нека игра надвор. Крчкам ручек,ретко готвам ама за децата секогаш нешто спремам. Малото каши а големото ептен пребирливо па и за него каши :rofl: инаку ништо од здрава храна и витамини. Ново ништо нема,се занимаваме по цели денови време врви... Тоа е. Големото за 2 недели роденден прави време за спремање немам многу. Нека думаат во игротеката. Ќе спремам башка од нивното и нешто посно за родителите и тоа е тоа. Одам да се фатам за работа. Башка од тоа што ми се спие. Ама спиење здравје за 2 години (можеби).

    Поздрав и пријатен ден
     
    На Mari*, hello-kitty.90, bela.m и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.461
    Допаѓања:
    183.562
    Пол:
    Женски
    Добар ден :)

    Хаос ми е периодов. Бебе нејадач. Знам дека тоа може ќе се смени и најверојатно ќе се смени ама што до тогаш? :drunk:
    Ме победи 2 пати денеска. Нејќе и нејќе. Ама затоа златна цицка незаменлива. :D

    Покрај бабабаба почна и мамамама па и мама се подмочнува од среќа. :D Деновиве дожд. Почна од денеска. Ќе се седи дома. Вчера со маж го светнавме станчево, па освен хаос од чинивчиња со храна, и тетри насекаде другото е ок. Попладне се на перење и бањање.

    Седам со бебињава на мене. Гледам Френдс и пијам кафе.
    AC218ECE-D8F1-42C8-A22A-C73AF89BC507.jpeg

    Читам на нет, прв случај на корона и овде. Не е на арно. :worried:
     
    На Mari*, hello-kitty.90, bela.m и 21 други им се допаѓа ова.