Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Штотуку слушнав на вести дека во Грција има потврден еден случај на корона вирус
     
    На SummerGirl и koritsaki им се допаѓа ова.
  2. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Добар ден мајки :hai:

    По 5 дена седење дома денес конечно излегов надвор.
    Се прошетав до болница и аптека, се надевам не закачив од короната.
    Во болницата хаос, преместени прегледи, репарти па едвај го најдов местото за преглед.
    Поминав низ мобилната екипа што е поставена надвот пред болницата во шатори, се надевам немаше некој заболен на преглед.
    Новинари, камери, телефони, сѐ е поставено и штом се запали амбулантно возило сите во паника не знаат што попрво да прават.

    Прегледот добро помина.
    Си заработив + терапии ама за тоа во другите теми.
    Само знам дека маж ќе ме боцка (инекции) 9 месеци :envy: ама ќе го издржам и него :D

    Дете уште подкашлува.
    Утрово го оставив кај комшиката додека бев на доктор.
    Оваа недела дома се досадува, многу подобро му беше во градинка барем си играше со другарчиња, дома ретко се заигрува, повеќе бара тв и таблет.
    Неколку вечери по ред го оставам да спие со мене во спална, сфаќам дека згрешив ама ај дека болен а и мм спие во дневна и тој затнат па да не сме сите во различни соби дозволив. Вели подобро му било и не сакал во неговата соба :doh:

    Времето надвор само за алишта сушење :D
    Ветар дува ли дува, ќе не однесе.
    Кога веќе конечно ќе дојде пролет, сонце да не види и вируси да истера?
    Се надевам наскоро.
     
    На elcezelce, Mari*, hello-kitty.90 и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    3.991
    Да, во Солун, 38 годишна жена....
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    Хелоу :hai:

    Дува надвор. Таман мислев дека ќе се затопли времево, тоа ми откажа љубов. А како да прочитав на нет дека ќе биде ветровито. Сега видов дека чаршафот на тераса го разнел ветрот. Среќа што ставив штипки. Ај барем алиштата побрзо ќе се исушат. Се мислам што да правам за ручек. Мојов само ми пребира. Ако уште еднаш ме изнервира сам ќе си прави. Битно да има мевце, цигари, благо и кисела вода. (facepalm)

    Малото гледа цртан, а големиот е во школо. Уште пола саат треба да го земам. Иако школото е преку улица, страв ми е да го пуштам сам. Возат како луди, иако има семафори. Не е секој за шофер.

    Пиев кафе и сега ми се :puke: Многу шеќер сум ставила. Читав и за корона вирусот. Уште тоа ни фали.

    Поздрав :hai:
     
    На elcezelce, Mari*, hello-kitty.90 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    и во Македонија е пријавен првиот случај на корона вирус. Само што кај нас за обична болест даваат погрешна дијагноза па ништо чудно и за ова да грешат
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    288.997
    Ве замолувам дискусијата за Корона Вирусот да се одвива во темата за истиот.
     
    На kukla21, marchi-cool, kikin и 2 други им се допаѓа ова.
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Не претерувај.
     
    На kikin и happygirl им се допаѓа ова.
  8. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    @flower55555 Среќен роденден. Камо јас да имав 27 години. :D

    Надвор е страшно. Ветрот коси се пред себе. Цела сушара со алишта ми ја бутна на земја. Среќа што не морам да ги преперувам. Вечерав, па да исцедам цитрусно овошје. Мора да се штитам од вируси. Маж отиде по дете, па на ред е бањање. Малото пак почна инает да ми тера. Не сака да ја мие косата. И не влегува во када без патката. (facepalm) Се научило се да кажува на татко му. А го скарам одма ми вика - Ќе те кажам на татичко да те истепа. :D Почнав да го учам да пишува бројки и букви. Го спремам за во школо. Уште од сега вика - Сакам да одам во школо. Не знам дали ќе вика така кога ќе почне. Многу брзо ми пораснаа децата. Како вчера да беше кога беа бебиња, кога му спиеја на маж ми на стомак. Маж нешто почна да ми се умилкува. Изгледа мисли дека ќе падне нешто вечер. :P

    Поздрав :hai:
     
    На Mari*, hello-kitty.90, Happyinlove и 18 други им се допаѓа ова.
  10. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Еј мами,

    Да се пофалам, денес имав супер ден. Ни Т од тантруми од тодлерката. И бебушка беше умна и весела. Си ги теравме секојдневните марифети со леснотија и убаво расположение.

    Секој ден кога има услови одиме со големата на шетња. Денес бевме на кафе и беше од умна, поумна. После се вративме, си испи млекце и сама си заспа. Спиеше 3 саати, што не се случило откога беше бебе. Бебка во меѓувреме малку се бунтуваше, се научила да плаче пред да заспие, ама не ми е проблем кога знам зошто плачњ, знам и дека ќе престане. Кога стана тодлеркава од спиење, ме изгушка со насмевка од уво до уво, па правевме куќа од перници, па се изнаручкавме обилно.

    Убаини... Ко некој да ми го сменил детето при спиење. А многу ми требаше ваков ден, вчера бев ко зомби и сите коски и зглобови ме болеа. Бев сигурна дека настинувам.

    Во моментов голема дада и тато имаат bonding time во дневна, а јас уживам со бебуш во спална. Ја закачкам, се смее.

    Денов - топење :inlove::l::hug::clap:

    Напунив батерии за уште три животи. Ај и на ваши глави. :rofl:
     
    На elcezelce, Mari*, Bella* и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.741
    Допаѓања:
    141.610
    Пред 3 години малата ми истури сок на лаптопот. Не ми работеше тач падот и морав да користам маус, се до влера кога ми истури цедевита на истиот лаптоп, и сега проработе. А сакав нов да купувам.
    И денеска биле на Водно, јас заборавив и место со чизмички, ја пратив со патики, неразгазени, ама вика супер и било.
    Не кажува многу кога ќе ја прашам ама еднаш на ден иде и ми вика, сакаш да разговараме? И седнуваме како тетки и си правиме муабет :)
    Времево убаво деновиве, обожавам вакво време кога можам да шетам без да сум нантуткана алита или препотена, дете у парк или у двор по цел ден...
    Сега маж ми ја успива, да видиме дали ќе успее, ако успее ќе падне нешто, ако не, ќе си спијам у дневна за џабе :)
    Бев на една журка минатиот викенд и имаше една чудна песна и му ја пуштам на маж ми, викам види каква песнава чудна и малава, леле колку убава песна! Само да ја чуете :)))

    Среќа телефонов ми преживеа пад од вратата. У детската соба не фаќа интернет, а сакаше песни да танцувала, и пуштив јутуб и телефонот го ставив врз вратата. 100 пати и реков, пази не ја затворај и отворај силно вратата, да не падне и на крај јас ја затворив и паднa.

    Да ве поздравам со чудната песна

     
    На Mari*, hello-kitty.90, Happyinlove и 14 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    реална сум. Па и тука колку често се жалат мајки околу поставување на погрешна дијагноза. Нас пред скоро година ни рекоа дека синко фатил морбили а врска немаше.
     
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Бидејќи неколку мајкички ми одговорија и овде за плацентата, ке направам само копи пасте од труднички.
    Ај да ви кажам ме гледаа вагинално на ехо и останато има и тоа доста :@:@:@ плус не крварам и се збира во матката. Ќе ми дадат сега окситоцин хормонски лек да почнам да крварам и да исффлам од мене. Фактички сега ќе добијам болки исто како после пораѓај шо ги имаме. Прашав за киретажа, велат сега за сега со лекот да пробат прво. 3 дена сум во болница, сега гледат дека имам остатоци. Таа докторката шо ме шиеше на пораѓај она ме гледаше абдоминално и нема ништо рече, и баш тие двете сега шо ме гледаа се почудиа како може да не видела на ехото и им реков дека абдоменално ме гледаше. И само се погледнаа и нели изреагираа зошто не вагинално??!! Ќе си пукнам од мака и од страв, да не ме умрат. Бебето е со мене, големата секој ден после градинка со таткои и со мајками тројцата идат и седат со саатови. Детето ме прашува мамо кога ќе си дојдеш ми недостигаш ;( денес нема градинка им се јавив сабајле на вибер се видовме мама ајде дојди си веќе душата ќе ми пукне од мака ;(;(;( Ајде после пак ќе дојдат. страв ми е многу.
     
    На Monella, Mari*, hello-kitty.90 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    3.991
    Офф мајче срце ми се искина читајќи те, дај Боже да помине што побргу, штом си во болница под надзор си и ќе направат се што треба, добро е што е и бебето со тебе, ама покрај лековите што ти ги даваат смееш ли да доиш?
    Леле бе зар и такви работи се дешаваат, како да не видат дека заборавиле дел од постелката? Па во истиот момент требало да видат, да го завршат тоа и да си мир сега....
    Ама тоа е, не се секирај, со тебе сме сите. Ти ја пуштам целата среќа и ти посакувам што побргу да си заминете и двечките од таму и да си се приберите дома сите четворица на купче :l:
     
    На Monella, Mari*, ddevojce и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за тоа што го поминуваш. Можно е да се случи особено ако си породена по природен пат. Матката е сеуште голема и крвава и тешко е да се види во моментот, но можеле постелката да ја проверат дали е целосна. Но сега што е тука е, ке се заврши се многу брзо и да си се опоравиш што побрзо. Се надевам брзо ке заборавиш на овие малтретирања кои сега најмалку ти се потребни.
     
    На Mari*, ddevojce, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Од лекови цефуроксим антибиотик примам и парацетамол или ибупрофен. И сега окситоцин хормонски лек, тој хормон го имаме и самите во телото и во млекото, а мене ми го дават само во зголемена доза да почнам да крварам и да исфрлам од мене. Велат се што ти даваме одговара со доењето. Плус навечер примам во ногата инекција за тробоза, бидејки стално лежам и малку се движам.
    Плацентата беше цела кога излезе, но на едно место беше распукана имаше дупкички и од тие дупкички ваљда се остатоците. Бабицата шо ме пораѓаше виде и кажа во ред е. Ама не е така.
     
    На Mari*, LadyC, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.741
    Допаѓања:
    141.610
    Јас искрварев после тоа, и лекови даваа и ср, и тоа 8 дена по пораѓај. Ќе помине, само нека гледаат редовно на ехо. Не боли од капките, јас не сетив ништо.
     
    На Mari*, 24.07, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Не ме болеше ни мене од капките, барем ништо посебно, али јас и покрај нив не почнав да крварам, па ми правеа ревизија. Со опивка, во Чаир, скрос безболно.
    Али јас не крварев поради високи димери, ти проверија на тебе димери?

    Инаку наодот не покажа кај мене дека има делови од постелка, туку не знам какви материи, просто ми објаснија поради високите дд дека не сум можела да се исчистам. Заправо и вистина ич не крварев, само некој розеникав исцедок имав.
    Јегени, тогашен директор на Чаир со абдоминално ехо виде дека има проблем, ама не устанави дека е од високи дд, отпосле се се дозна, ме лечеше али не ме долечи :@

    Провери, барај да ти проверат димери, хемостаза!
     
    На elcezelce, Mari* и ddevojce им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    Хелоу :hai:

    Надвор е страшно. Синоќа беше уште пострашно. Ветрот ми ја разнел настрешницата. Гледав видеа на интернет. Ужас. Искршени гранки, искршени автомобили...имаше и слика од еден монтажен тоалет како дошол на сред улица. (facepalm)

    Ич не се наспав синоќа. Големиот пак се исплаши па дежурав со него. Уште е потресен. Да го спремам за во школо, па да правам ручек откако ќе го однесам. Кафе ми се пие, ама и не ми се пие.

    Сакам и крвна слика да испитам. Еднаш во годината го правам тоа. А треба почесто. И на забар треба да одам. Имам заб за пломбирање. Никако да најдам време. Маж ми само ме критикува.

    Се ближи 8ми Март. Мора да се планира нешто за купување. Размислувам дали да го исцедам маж ми или да го поштедам. :D

    Убав ден :hug:
     
    На elcezelce, Monella, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Немам појма женички јас се породив у германија. Грешки секаде биват. Крв ми зимат, мокрача ми испитуват Сега ќе ме пратат. Ама ако не си кажав самата ја ќе откриеја ја не. И јас не крварев, многу малку, бабицата шо ми идеше дома ме измасира на стомакот малку и од тоа еден два дена имам крварење, потоа пак престана. Бидело веќе, грешки биват нека ги исправат сега. Лута сум и бесна оти може живот да ти загрозат.
     
    На Mari*, LadyC, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.