Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Здраво:hai:

    Ај да пишам нешто додека спие бебе.
    Јас со друго бебе во кревет сум моментално. :inlove: Screenshot_20200227_151109.jpg

    Му давав да јаде седнат во хранилка, и кога завршивме го оставив во неа за додека отидам до вц, и се враќам за 5мин,он заспал на хранилка:o
    А првата дремка безвезе му беше пола саат спиеше.
    Кога го видов се шокирав, и го снимав:D. Го преместив во креветче, и си продолжи.:clap:
    Од вакцината е уште кенкав, и ноџето му е цело уште отечено. Целиот во бутка е сега:)

    Треба да идам да купам поклон за крштевка и прв роденден кај нашите кумови. Дајте предлог што да земам, ич не знам што да правам:wasntme:

    Ај да подремам, додека не стане беблак.:yawn:

    Поздрав.
     
    На eli25, tincemajmunce, Coco31 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    @Мариаа. будала, наместо да ја врзеш надвор на метро ланец ти треба да ја гушкаш на кревет|(
     
  3. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Па плус со бебе, триста болести, кучето поголемо од бебето, беља ќе напраиш блаблабла:envy:
    Ме потсети сега на муабетиве, колку си плачев на почеток кога ме нападнаа едни такви луѓенца :sweat:
     
    На Mari*, The Unicorn, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Сигурно биле ситни и небитни како што и секогаш бидува.
    Бубни ми ја на носето лепотицата:*
     
    На Mari*, The Unicorn и Мариаа. им се допаѓа ова.
  5. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Добра вечер.
    Уфф долг ден ама помина. Важно бебе спие, искапено и нацицано.
    Денес прими 6 валентна и 3 доза рота. Воопшто не плачеше ама попладнево беше несвојствено кенкава и крена 37.8 тем. Во цела несреќа среќа што конечно се напи чсј и многу вода од шише. Значи кога нудсм деуг пат не е гладна и жедна. @Мариаа. Колку трае реакцијата?
    На прегледот помина Супер. +300 грама за 13 дена. Веќе пишав во воведување на цврста храна за тоа.
    Друго кај нас ништо ново. Јас цел ден дома на нозе, а ништо плус од вообичаените секојдневни обврски.
    Ве поздравувам сите!
     
    На eli25, Coco31, Mari* и 11 други им се допаѓа ова.
  6. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    6.518
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај кученцата... Пред да се породам со мм викавме ‘Ако не се слагаат бебе и куче на кого ке го дадеме бебето:rofl:!?’ ... Шала на страна, се сакаат ептен. Best friends се. Само кутре ми е со долга коса и фенси фризура па бебе знае несмасно да го искубе.
    Е сеа проблем. Куче цело време му ги носи своите играчки на бебе у креветче и му ги остава да си играат, па често го наоѓам бебе како шмука кучешки играчки. И тоа го прават толку тивко да се чудиш!
    Две бебиња!
    Друго немам што да кажам освен дека денес бебе не ми беше воодушевено од кашите, ваљда утре ке му ги погодам повеќе:?:
    Добра ноќ жени:*:
     
    На mal.ecka, Coco31, Monella и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.547
    Допаѓања:
    184.488
    Пол:
    Женски
    Добра вечер и од мене :)

    Бебе и плишко средени и заспани, маж гејма, јас оптегната на кревет едвај мрдам прсти. :yawn: Периодов сум исцрпена и физички и психички. Се приметувам последно време, маж доаѓа од работа, му ја предавам бебла и поминувам пола час во кујна сама со себе не правејќи ништо. Сега почнувам да ги сфаќам сите оние коментари каде велеа дека едвај чекаат да почнат на работа. :|

    Цел ден ждерам глупости. Де некој бисквит, де пуканки и едно мало кроасанче. Конечно јадев асално во 7 ипол вечерва и пак џанк фуд. Се налапав гиро па смрткав на цаѕики. (facepalm) Колку што мрзам да готвам :envy: толку едвај чекам да почнам оти исхранава ми е многу сиромашна, а и што дека свеки ми праќа домашно готвено кога таа пак сол не користи во ништо, па си умирам по малце со секое залче. :doh:

    Денеска бевме на контрола ептен бев напната пред тоа, среќа бебла стаила повеќе грама во овие 10 денови отколку за цел минат месец. :whew: Педијатарката ми рече се посомневала на уринарна инфекција, ама оти стаила на грамажа немало потреба од тоа испитување. Арно ама ми рече и дека можно е да е анемична, па на следна контрола најверојатно ќе не прати да испитаме крв. Само раат да не си.... :|

    Викендов требаше да одиме на крштевка. Едвај чекав бебла да се запознае со другарка и, ама инфлуенза хара овде па почнав да се премислувам колку е паметно баш сега да ја мешам со луѓе. Од педијатар ист совет добив, па ќе средам подарокот и маж ќе намине некој ден да го однесе. Ние викендов ќе се дружиме дома. Ќе врне па ќе смислуваме идеи да ни е забавно. Среќа маж има 3 дена слободни во неделата па викендов ќе посветам повеќе време на себе, улепшавање, надворешно и внатрешно. 8)
    Добра ноќ. |-)
     
    На eli25, mal.ecka, Coco31 и 20 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    @ddevojce со помин нека е. И со лесно да поминеш.

    Добровечер од мене. Дојдов да се пожалам. Психички сум многу растеретена. Очекувам бар малку утеха. Паничар сум кога е во прашање здравјето на децата. Искрено корона да ме фати мислам дека полесно ќе поминам. Бебчо денес нормално како секој ден весело се смее си спие цица јаде. Кемка одвреме навреме пика се во уста. Едно време почна да се поти главчето топло на чело и на лице не. Ме натера врагот да мерам температура 38. Леле реков готово којзнае што му е. И почнав да се тресам во стилот леле мајко болно е бебе е не може да ми каже греота е кој ќе оди по лекари ова она.... Го рассоблеков ама не мерев температура бидејќи едвај доседува со топломер. За парацетамол си викам не е после викам па нели освен за тт и за болка е. Па дадов пола доза - како што ми е препорачано за болка. За кратко се испоти се смири го пресоблеков цицаше и заспа. Денес јас црната за спиење ама сега стегната во душата и сон ми замина и се. Не можам веќе.
     
    На Coco31, girl-miri, Chanell* и 10 други им се допаѓа ова.
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Дали примаше терапија за да ти испаднат или самомод себе испаднаа??
    Какви капки беа?
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.864
    Допаѓања:
    142.589
    Не знам одамна беше... 20 капки се сеќавам...
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.981
    Допаѓања:
    14.766
    Пол:
    Женски
    @Мариаа. @FreeMind @The Unicorn и сите останати кучкарки
    Како што овие две знаат да сакаат, никој друг не знае. Ние мајките на крзнени деца најдобро си знаеме :)
    20200209_103143.jpg
     
    На S.J.Parker, mal.ecka, hello-kitty.90 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски

    Само. Доењето ми помогнало, така ми рекоја. Дека тогаш се грчела матката и така побрзо се исфрлило парчето.
     
    На Cka, Presrekna и ddevojce им се допаѓа ова.
  13. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    5.054
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека има мајка шо не паничи, јас на пример ко тебе на повисоко ниво :D
    Јас мислам чим се потел не ти требало сируп, и сирупот го поти нели велиме му поминва. Можи од забчињата:)
     
    На eli25, Presrekna и marchi-cool им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    ноќта цела ја преспа во 5 стана за цицање следам не крена воопшто,сега е уште посвеж. Верувам дека не е некое воспаление или дома ми било потопло или забчињата се еве сега крпи гризе. Ама мајка, мора сенешто да и се изврти низ глава
     
    На flower55555 и Presrekna им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Добро утро:toivo:

    Се возам на работа.Бев на разговор за развој на ќерче.Па ви кажав дека нема да ми кажат нешто што не знам.Се што кажа воспитувачката и кажав исти примери.Груба и фина моторика супер развиена^_^ Контакт со деца моментално немала другарче за игра си барала ново:( Често сама си седела и си играла.Тешко приоѓала сама ама ако ја викнеле други деца среќно пристапувала и си играла:angel: Била многу гордо дете ако успеала нешто да направи.Ама од друга страна била премногу плачка.Ако некое дете и зело нешто чекала воспитувачките да и го вратат и плакала.Требало повеќе да работиме со неа на самодовербата.Знаете ли што да правам за да и ја дигнам самодоверба?:$
    Требала и сама да спие во нејзина соба|(
    Зборувањето- се повеќе се отпуштала да зборува ама кога и колку и да кажала било јасно и точно кажано.Ќе чекаме до 4 па да видиме дали ќе има потреба од логопед.Битното било дека не ги мешала двата јазика :) Знаела без да ги брои предметите да каже во колкав број се.Што па малку книги решивме со броеви и цртежи и орентација.
    Ми кажа дека не ги знаела цртаните.Па како ќе ги знае кога гледа ретко цртани.Рече така треба.Реков и телефон не и давам.Жената остана ваква:o Реткост во ова време ми рече.Знам ама јас сум чудна личност:$Ќе и го забранувам дотолку колку бидам во можност.Нормално ако сите деца во школо имаат не може таа писма да пишува:lol:
    Си го напишав постот повеќе за некогаш ако ми треба да си го препрочитам:D

    Вчера ја зимам малата од градинка со други панталони . Скокала во вирчињата во дворот и мокра до колена.Се нервирав колку ли време била мокра.Па си велам, а ти кога мрзнеше на снег мокра што не порасна ли?Па сега очекувам дека ќе настине.Вечерта многу кашлаше:drunk:

    Постот од вчера ми останал.Сега ќе продолжам со нови случки.
    Вчера бев на разговор во градинката па морав да останам 40мин покасно.Му реков на мм да оди да ја земе малата ама тој е до 15:30 па испадна во исто време да се најдеме во јавниот превоз.За момент ми текна дека дома немам ништо за јадење , а и не купив за малата да и дадам кога ќе се видиме.Па му кажав на мм да одиме да ја земеме колата и да одиме по малата заедно и одма во мензата да ручаме.Така направивме.Секој што сакаше си јадеше.Сите погодени и задоволни.А да готвев секако на мене немаше да си погодам .Малата си доби поклон ,покани за роденден да пишува па пишуваше цело време и си седеше.Јас имав термин па требаше да отидам до дома и да земам некој работи па му реков на мм сама дека ќе одам со автобус.Мм рече ќе ме чекаат со ќере пред зграда и ќе ме однесат.Се возиме накај дома , а малата почна да манипулира со татко и.Тате , а јас и ти да шетаме малку?Мама ти оди со бус:oА јас пак и велам дека татко и е уморен треба да се бања и дека неможе да шета.Јас отидов на терминот, а гопожата го натерала татко и да се избања и да одат на шопинг(facepalm):rofl:Ах жена :!: Купиле чизми за дожд и ми се јавија дака ќе ме земат:)Пак и тоа го натерала татко и:angel:А мојот маж за неа лета како пеперутка:l:

    А вие со влакнестите деца сте многу среќни, јас ви завидувам:$Многу сакам куче големо како на Марииа ама имам премногу обврски и глупо би ми било да го оставам 10часа само:shake:Ајде може натаму во животот ќе имам шанса да си земам^_^

    Леле жени што маж видив слаб како стап, а повисок една и пол глава.Пицнат што да ви причам.Кондури црни со тиркизни чорапи.Сигурно е моден гуру :DАма си исплакнав очи.Убаво е од сабајле да видеш убав маж да тргне денот:P

    Ај да си м'чам веќе и да си го завршам денот кој сигурно ќе биде досаден.Цел ден сама:!:
    Имајте убав ден и викенд и гушкајте деца:)
     
    На eli25, Ano, tincemajmunce и 19 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    отворив јас тука пред неколку месеци тема за подигнување на самодовербата кај децата. И мене ме интересираше тој комплексен проблем кај децата. Дилемата ми беше дали е до детето или ние родителите нешто грешиме.
     
    На eli25 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    @Ava.84 твојата приказна за градинката ми личи на германска, таму ли сте??
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Во септември 7 години.Кога поминаа:(

    Комплициран ама еве ми прирече жената дека требало да ја оставам сама да се соблекува и облекува колку сака нека плака морала да свати дека не е бебе ако сакаме да не ја зезаат во школо.Кажа дека сама без проблем се прави цело одело го облекува , дури и гаќи си дига и опашува правилно.А дома и кога ја носам на градинка се ние правиме со сопругот.Воспитачките гледаат.Па затоа вели мора да ја оставаме сама за да и ја зголемиме самодовербата.А колку само пробуваме сама да се соблече ама не сака и не сака:sweat:
    Овие Германците си седат и чекат , а јас се каснам и си го правам детето мрзливо и лигаво :worried:Знам се еве се бориме ама не оди лесно:!:
     
    На eli25, Ano, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 ме поттикна твојот пост да пишам,сега кога го земав синко(инаку е 2,5 год) воспитувачката седна до мене и ми вели остави го сам,ќе оди во големата група мора да се учи,ние помагаме ама мора сами,:?:е како сам ќе облече скијачите панталони и јакна . Велам дома сам го облекува пиџамите,а и стварно бара сам.
    Додека кај ќере воспитувачката и помага,обично наутро ја пуштам сама дс оди до нејзината група, да се соблече,утрово гледам и помага воспитувачката е ајде де...
    Дека синко порано го земам,ќере ме виде сакаше дома,си ја зедов и неа ,добро не се нормални според мене надвор корне ветер, децата надвор, ок е треба да се исфрлат и кога е ладно ама со ветер:x дома сакаа супа,ајде битна супата о во кревет,мене алармот ме разбуди,заборавив да го исклучувам.
    Поздрав женски :coffee:
    @ddevojce како си ти?
     
    Последна измена: 28 февруари 2020
    На eli25, Monella, Ano и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    @Ava.84 колкаво ти е детенцето и од кога оди на градинка??