Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Здраво мајки!
    Утрото поминало а овде ни кафе ни два три реда муабет! Ајде од мене... :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::pizza::pizza::pizza::pizza::pizza:
    Кафе, доручек... нек почне денот!

    Јас на работа, па ете време да шарнам некој ред во темата.
    Не сум во добро расположение!
    Поточно, овие два три дена ептен сум лошо со расположението! Грутка имам во градите, лошо претчуство, црни мисли...
    Убавината ми е во времето поминато со децата! Големата не оди во градинка, па со мене се мафта де во кујна, де пружиме алишта заедно, заспиваме со приказна.
    Периодов и зборувам за одењето во школо оти од септември ќе ми е прволак. Не знам која од нас двете е повозбудена, изгледа јас:wasntme:. Ама стварно се радувам што ми порасна во такво паметно и убаво девојче. Ех колку се грижев дали ќе помине фазата на инаетење, и дали ќе се скроти тој темперамент во неа. А еве ја сега кукла мамина, разбрано девојче!
    Вчера правевме заедно пита, а падна договор денес манџата заедно да ја правиме! Ќерка :inlove:
    Малото ќере, и оно ми е јагне! Палаво е, закачливо... ама знае да се гали како мало маче, знае да гушка, да ми дава бакнежи и да ме стопи со три збора - мами сакам тебе! :l:

    ММ сабајле стропа глуп муабет - што ти треба за 8ми март! Поарно да кажи - на пари купи си :puke: Бреее, осет да се немало! Барем детето да ми го усреќи со купувањето на осмомартовскиот подарок за мама!
    Инаку, обично излегуваме во парови на тој ден, ама оваа година не закажале маса навреме... иии домче ќе си седиме.
    За подароци имам на две - три блиски личности на кои им купувам! Нема многу да се замарам!
    И така мајкички...
    Убав ви ден! Гушкајте малите!
    :hug:
     
    На SummerGirl, Skorpija25, Monella и 28 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Добар ден женички. Слабо деновиве темава. Изгледа се подготвувате за осмомартовско дружење. Па тек после тоа ќе падне раскажување тука.

    Бебчо спие. Почна да спие подолго време на разлика од 2ипол - 3 часа и спие по 3-4 пати на ден. Неделава ја тераме нервозни со кемкање со стегање.... Едно дете изгледав и пак не научив кои знаци кажуваат дека ќе излага забче (facepalm) гледам набабрен и отечено му е непцето долу ама ете. Толку знам за забите :wasntme:

    Големото е на школо. Вчера правеле за 8 ми март за мајките чуда па дојде и ми рече имам изненадување за тебе ама трпи на 8ми ќе ти го дадам. :) а викам синко дај ми го сега ќе знам дека е за 8ми март не можам да чекам дотогаш. Па се договоривме,се излажавме и ми го покажа. Ме прерадува :inlove: направено е од хартија во боја како тутурка и на неа испринтано цвеќе и го боеле. Му викам на мм А маже ти ќе купиш цвеќиња да ги ставиме во тутуркава и ќе си ги чувам за спомен.

    Туку сакав да прашам... Што треба да се направи за да можеме подолго време во текот на денот да останеме будни и во форма,помалку поспани и уморни, да имаме повеќе енергија и лесно да функционираме со помалку спиење?? :^)
     
    На SummerGirl, Monella, Lorins и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Здраво Мајки
    Од кога не сум шкртнала ништо тука охоо
    Дури бебе ја дремнува првата дремка мајка да испие едно :coffee: ајде изволте
    Доручек спремен ама нема кој да јаде мм не бил гладен си дојде си го фати креветот изморен бил |(
    Ручек ставив гравче денес тоа на мени не е веќе еден ден соручек ручек вечера...
    Лани на овој ден имав позитивен тест после ивф скокавме од радост а сега имаме бебуле дома :inlove:
    Оф како брзо лета времево за 9 дена ќе прави 5 месеци а како вчера да се роди душа мајкина.
    Туку сум возбудена ќе почниме со пробување вкусови веќе :)
    Денес времево тмурно нема прошетка вчера ни беше убаво па си прошетавме со синко.
    Туку еве веќе ќе дојде и 8-ми Март па да излезам после да земам некој подарок.
    Мм многу ќе го потрошам и за 8-ми Март и за роденден следната недела :D
    За роденден ќе си добијам патики :D а за празникот ќе било изненадување па ајде да видиме :D
    И така се запишав... Ајде да одам да уклучам машина за алишта па да ја фаќам пеглата куп за пеглање наши на бебо (facepalm)
     
    На SummerGirl, Monella, Lorins и 17 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Мајка колку моќно звучи тоа. Градинката ми отвори цел спектар на емоции кои досега не сум ги почувствувала и благодарам за тоа.

    И искочи џумка меѓу очи. Ми рекоа дека плачела зошто не ме видела во игрална. На старт лажење mama не е воодушевена од тоа. Се има тропнато меѓу очи ми личи на ќош од маса. Имала среќа поминала со џумка. Ќе се разбереме во вторник.

    Одвај чекам петок некогаш. Особено кога следна недела ќе земам одмор и ќе си се посветам на себе. Викенд колку убав збор. Посветени целосно на планот идеме да се видиме со пријатели кои имаат две годишно девојче и три мацолки. Успат и по некоја спа ќе истераме да биде рилекс патувањето. Спуштив апп со цртани се надевам ќе и се допаѓаат. Ако не лудница нема да е прв пат.

    Влегов во некоја фаза каде ништо не размислувам. Ниту за сегашност, ниту за иднина. Јас без детален план за наредни пет години не сум се оставила, се менувам или затишје пред бура.

    Идам да се подружам со Дејвидчо не можам на раат да го слушнам од сидо и златно славејче. Кога сум кај нив пуштам стари песнички и ми стана јасно зошто сме останале такви неразвиени. Има една вели меси зелник стара и како дедо со стап мафта на сцена по девојчето. Еднаквост на полови. Со што не трупале како мали деца со какви стереотипи сме растени. Среќа што сме останале нормални (некои).

    8 Мартовска треска ве тресе гледам. Пазете на штикли да не ве подгазат во некое стројно оро. И погоре шамивчето.
     
    На SummerGirl, TarantulaA, Monella и 25 други им се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    12.965
    Пол:
    Женски
    Се нервирам затоа што 90% од жениве не го знаат значењево на 8 Март.
    И никако да им докажам дека ова не е ден на мајката, си има посебен ден за тоа. Ден е на жената, мајка, домаќинка, работничка, небитно. Ден на ќерка ми, вашите ќерки иако се мали.
    И ќе ја учам да се бори за себе, да биде свесна за нејзината вредност. Затоа што знам дека ќе може.
    А уште во градинка кога ги учат да прават честитки за мајката не им објаснуваат зошто е тоа.
    Преплавен фејсбук од попусти за куќни апарати. Баш фино нели, баш за тоа е денов. Дефиниција за двојни стандарди и неписменост.
    И колегијално собирање во кафана, жени конечно добиле дозвола за надвор, се однесуваат каки пуштени од ланец.
    Ма не ми треба поклон од маж ми, доволно ми е што ме почитува и сме еднакви. Затоа што за се сме рамноправни.

    Инаку деновиве цело време си мислам како брзо ми порасна бебево. Се ближи роденден и цела сум лигавешки. Како вчера да кукав дека сум 5 години трудна, како вчера да беше кога ми заспиваше на гради. А сега е голема, заспива сама.
    Така ли било да си мајка, денови што лизгаат, со преголем умор, уште поголема љубов, нови брчки и бебе што веќе е детенце.
     
    На SummerGirl, kukla21, TarantulaA и 27 други им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @thinkerbell поарно не се нервирај. Ништо нема да смениш. Порано и мене ми сметаше сега отрпнав. Особено што свекрва ми ептен му придава значење па очекува и дава поклон. Неа и купуваме и толку. Само што на детево му збори ден на мајката па мора постојано да се поправаме. Мал е уште за да разбере ама ја поправам од старт. Инаку јас пратив во градинка честитки ама повеќе како фала чисто да го натерам детево да бои зашто и аку не сака. Па ајде правевме честитки. Некако мене убаво мк се виде што направивме нешто заедно. За значење на празникот ќе се објаснуваме кога ќе порасне. Сега за сега доволно е што го гледа татко му како помага по дома.
    @FreeMind на џумка стави путер малку не знам зошто ама помага. И навикни се ќе има такви случки.

    Викендов имаме најави за гости и одење по гости па купувавме поклони за родендени и слично. Ќе биде убав викенд се надевам.
     
    На SummerGirl, TarantulaA, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Мене ми се ежи кожа од 8 Март.

    И не знам зошто, ама најверојатно од тоа што ако излезеш тој ден ќе видиш жени, средени, нашминкани, со фризури идат на јадат, играат оро и слават 'нешто', ама буквално 'нешто'.
    Што? Не знаат ни они.

    Поклон не купувам ни за мајка ни за свекрва. Мм секоја година купува некоја ружа за нив.

    И сега уште поише се избедирав зошто сакав да идеме на ручек во недела, и така мајка ми дојде да го види мали,се израдував дека конечно ќе излезам да искулирам малце, вртиме да закажеме вика нема место фул е, и јас па уште на телефон им викам де бе, зашто? Што е у недела толку? Вика како, па 8 Март :^) изгледа од коа ми спушти си вика оваа ретард е :|
    Ама јас и така не знам кој ден, и година е :)

    Мајки и жени сме секој ден.
    Не ни треба 8 Март, фризурче, орце и шамивче што би рекла Фри :)

    Ќе си идам на Водно, кој ги врти :)
     
    На SummerGirl, dayla, Biljarkata и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Не славам 8ми Март.
    Ме викна другарка да сме оделе на “прослава” ама мене тоа ми е нонсенс.
    Единствениот слободен ден во неделата кога максимално и се посветувам на ќерка, не го менувам за ниедна прослава на свет.
    Ни на работа не не тормозат со вакви седенки.
    Ни даваат честитка во плико, и пријатно. И најдобро.
    Место да изедам и испијам 2000ки, боље да ми ги даде да си ги истрошам на што јас сакам.

    Што ми е криво бе за една работа..
    Малата мнооооогу сака да си игра со бабите. Почна да дремнува само еднаш во денот, и цел ден е активна.
    Со мене ... ќе станеме во 9, до 9:30 се мази со цицката, ќе се извлечеме од кревет некако, ќе почне да јаде па ќе се дојаде на цицка, ќе почнеме да играме нешто па ќе и текне “ доди,чучи тука, дај цицо”
    На нерви ми иде.
    Како тоа да не знае да се заигра со мене, а само играчки и играчки купувам? :|
    Мајка ми вика ко друго дете е кога е сама овде ... Мирна е, се заигрува со се, јаде што ќе и се понуди, не плаче и не кенка.. Со мене ...
    Ко од инает бе.
    Ми се плаче од нервоза дури.
    Ко да не знам да си го заиграм детето.

    Утре со мм ќе одиме до Струмица на шопинг.
    Ако има овде Струмичанки нека ме упатат во некој асален бутик.
    Од блузи пролетни до патики и палто, се ми фали :)
     
    На SummerGirl, kockichka, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    141.693
    Хај. Одам на пат, пак. Малата ми вика на автобуска, да те гушнам и бацнам. Веќе ми фали.
    И објаснувам што е 8ми март, се расплака оти не бил ден и на тато.
     
    На SummerGirl, kockichka, Biljarkata и 12 други им се допаѓа ова.
  10. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Наминав само да ви соопштам една убава вест,за прв пат станав тетка. Не изненади бебко,се роди пред време,многу е малечок но важно дека е стабилен.

    Како што е ред да ве почестам со крофни.

    images (1).jpeg
     
    На SummerGirl, Skorpija25, marchi-cool и 35 други им се допаѓа ова.
  11. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Дури се мали тешко се ова на едно место
    Кај ќерка во градинка не ги оставаат да спијат као припрема за во училиште
    До 15-16часот се трпи некако,до 20часот хорор! Од умор ни да си игра,ни да седи,ништо
    Мали не ми преспива во градинка па дури стигнеме дома и дури заспие исто хорор,без попладневна дремка едноставно не може
    Затоа до 22 е буден и енергичен :wasntme: па проблем да стане наутро :doh:
    Се мислам уште сега како ќе издржува кога во ноември ќе го префрлат кај "големите" каде нема спиење

    Добар ден

    Денес ми идат гости а куќа хаос
    Јас си се гостам со второ кафе :coffee: повелете
    Дечки гледаат цртан дури мама пие кафе :tmi: која немајка А?
    Ама ако пиење кафе на мира кошта толку,изволи :mm:
    Покасно ќе излезиме ако не фатат некои дождови :envy: 3 дена со ред не прекина да врне и денес конечно се подобри,облачно е ама битно не врне

    Јас учам како будала дека се пријавив да полагам тест :wasntme:
    30 посто на памет дека не разбирам шо прашува :tmi: толку сум уплашена и возбудена шо не е нормално
    МаШ ме теши и бодри ама женска глава,што ако не положам :drunk:
    Нормално ќе одам пак ама зошто не би положила :wasntme: не сУ нормална..

    За перење имам еден тон а за пеглање 2 :$
    Од каде да почнам не знам
    Да испијам кафе прво :D па да спремам ножици ,хартија и лепак деца да се занимаваат и ќе видиме до тогаш што како

    @FreeMind и ти антиштикла а :D
    Јас последните 6 години 3-4 пати имам облечено и мислев се прекршив :nod:

    Ќе ве поздравам сега
    Довиџења :hai:
     
    На SummerGirl, TutiFuti, marchi-cool и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    34.101
    Пол:
    Женски
    Здраво:hai:

    Дожд :rain::rain: веќе мувлосав мислам.Ладно ајде оди си сакам пролет и сонце:sun:
    Се возам на работа да си го обработам четвртокот што си седев дома.Ме мрзи не ми се ниту работи ниту ништо.Важно си појадував со моите :l::l:.А мм си сварил кафенце така ми стана криво што заедно не си го пиеме ама ајде утре ќе пием.Се изнагушкав со тоа малото на крај на врата ме бакна во уста и јас сега целата летам од среќа:inlove: Мм ми вели зошто ќе одиш зарем не сакаш да одиме до нашето селце:mm:Му се раздрав демек јас не сакам да сум дома.А ми се чуди зошто не сум зела одмор.Имам 6 дена од ланскиот , ама 5 се за Мк резервирани и 1 не знам зошто го чувам:?:
    Во четвртокот чекав да ни ја донесат новата перална.Ни се расипа , а ние ја приметивме пред 2 недели.А она може и подолго е била.Пред 3 недели знам дека цело тело ме чешаше (или па корона сум имала(facepalm)) ,на пералната не и работеше грачот и покажуваше грешка Ф6.Мм сакаше да го замени греачот ама 40 евра плус и многу тропа изгледа е лагерот и велам плус лагер ајде нова ќе си купиме.Па нека издрже новата 6 години секој ден перање некогаш и двапати дневно, супер ќе биде .

    Во четвртокот требаше машината да ја донесат од 10-14h и ја оставив малта дома не ја пратив во градинка.Мислев ќе дојдат во 10h ама дечките дојдоа во 13:30 па времето за шетање на убавото време ни се скрати на 2 часа.Ставивме компири да се варат облековме чизмите и излеговме во природа.
    По патот во каналот кај патеката видовме жена што го чисти.Во каналот видовме количка за пазарување фрлена:drunk:.Кога се враќавме ја видовме истата жена како ја вади, а малата ми викаше мамо помогни и на жената.Ја прашав ,а таа одби.Во неврзан муабет рече оваа е 4та количка како ја вади(facepalm)Јас и реков дека пред 2 недели имаше и кај езерцето исто фрлена.Ама рече не е битна таа толку како оваа што може да го затне каналот и да поплави.Како бе луѓето не се грижат за природата не можам да разберам?
    Ние се изтрчавме во шумата и научивме што е мов и каде се појавува.Го фаќавме и галевме:)

    @FreeMind очекувај такви мали повреди.Мене во средата ми дадоа да се потпишам дека ќерка ми паднала на главата и ме информирале.Среќа ок беше.За нозите под колената да не ти кажувам како да ја праќам на борба модрица до модрица е цела:worried:Грди темни модрици.Кога не е во градинка и поминуваат.

    8ми Март нормално мм не ме заборава и секогаш ми купува цвеќе.Јас редовно им купував на мајка ми и свекрва ми кога бев Мк.Значењето ќе и го кажам на ќерка кога ќе порасне.За славење никогаш не разбрав зошто се слави?Никогаш не сум одела на прослави само со мм ако отидевме на вечера. Рамноправност уште треба да се бориме.Во Германија е офицајлно дека жените на иста професија заработуваат помалку од мажите и канцеларката неколку марта напомена.Туку требаше да ни биде неработен во нашата покраина од лани ама во недела се падна:envy:

    Штикли што е тоа:wasntme:Секогаш сум на рамно ретко на штикла.Од кога сме тука навикнав на тукашната гардероба, чешал фризури и минимална шминка.Па кога одам во мк ми треба неколку дена да се вратам на тамошната мода во мозокот.Првите денови се чудам на свадаба ли ќе одат луѓето(facepalm)Јас исто си одам и тука и таму.Немам што да докажувам.Со тие што се дружам ме знаат што сурат сум:)

    @24.07 сваќе жив и здрав братучедот на зетко.Голем да расти и горди да ве прави:inlove:

    Ајде мајки пет саати пост пишувам да сработам нешто.Имајте убав викенд и среќен 8ми Март:f:
     
    На SummerGirl, emkaemka, Biljarkata и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.586
    Пол:
    Женски
    Ах 8ми март. Го сакам денов. Би го сакала и повеќе кога би го прославувале правилно. Таму каде идејата за еднаквост и еманципација стартувала - на улица. :muscle:
    Од мене подранета честитка
    2A30226F-CC25-4B95-8B7A-DE207503BA9B.jpeg

    Многу се нервирам кога маж ќе донесе разни печива од пекара и ќе ми рече земи што сакаш, а јас лакома се сакам да пробам. :envy: :wasntme:

    Посебно ги ценам утрата со нив двајца, а уште повеќе откако маж е дома и понеделниците, па 3 дена ми се целосно и комплетно исполнети и посветени на нив. Животов никогаш претходно не ми стартувал утрински толку гласно и љубовно. Посакувам ова утринско жуборење измешано со најразлични убави емоции кои се развлекуваат и низ најдлабоките сивила во лошите денови, никогаш да не престане. Јас и маж... ќе си продолжиме да ги водиме тивко нашите битки, а таа треба само да е среќна. :l:


    Викендов го испраќам дождов и почнувам строго со вежбање.
    Ги поздравувам и со душа чекам убавите денови што доаѓаат. :sun:
    А на вас убав и ведар викенд. :)
     
    На SummerGirl, Skorpija25, 24.07 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Да шкртнам нешто дур малата тера дремка.
    Веќе 5 дена има само 1 дремка и се успива во 19:30/20 кога како, мене ми е многу подобро вака, а богами и неа.

    Сакав да прашам кој дава упат за да се снимаат градите, после доење? И колку време треба да помине од престанок?
    Врска немам од овие работи...

    @Yowannty многу сакам да те читам. Секогаш ми даваш позитивна мисла и дека треба да се ужива во животот.

    8ми Март ми е меех. Давам поклони од што се рекло дека се дава. Мајка ми не обрнува внимание на поклони и не и значат ништо, битно ние да сме добри и среќни. Од друга страна лани, мајка му на мм ми пререче за поклонот како добар бил ама ми кажа што би сакала. И тоа насамо. Ептен се нажежав и оваа година оставив мм да и бира, и и зема цвеќе, ете ти штом сакаш многу да прибираш.

    Друго ништо, нема мрдање од дома, де времето не е погодено, па и ова короната ми направи страв.
    Малку досадно ама си бараме занимации со малата.
    Ќе помине и ова.
     
    На SummerGirl, Mia Fuentes, 24.07 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Јас само ги носам на ручек мајка ми и свеки. Оваа година ни тоа, времето не е убаво.
    Вечер ќерка ми е на роденден, а ич не ми се пушта во игротека. Но, мора. Ќе одат со мм, а јас и синко ќе уживаме сами 2 сати :inlove:
    Со љубомората на големата сме се подобри, се враќаме на старите времиња, кога ме слушаше и ми беше пријателки, а сега ми е и помошник. Стануваме се гушкаат тие двајца, јас се преправам дека спијам, па доаѓа ќерка ми ме бакнува и вели мама ајде стани бато бара да цица :D
    Многу ми е убаво со нив дома, ниту сакам некаде да одам, ниту некој да ми доаѓа. Досега ми успеваше, дека и вируси, ама кај и да е некој ќе сака да дојде.
    @BabyT* мислам општ матичен може.
     
    Последна измена: 7 март 2020
    На SummerGirl, Mia Fuentes, 24.07 и 18 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Досадни се многу врнежлививе денови. Денес ќе си наполниме јаболчиња и ќе си печеме, со циметче.:mm:Денов само за тоа е некако. Девојчево мое излезе малку со татко и да прошлапкаат по дождот и по вирчињата. Ја облеков во чизмички и слободно може да се изнаскока. Детска радост. Јас ич не сакам да шетам по дожд, ме нервира калта некако, па за да не мрчам си оди со татко и, не сакам да и ги пренесувам моите мислења за времето.
    И мене ме нервира што 8 март е само ден на мајката, кога не е така. И кажувам на ќерка ми дека е наш ден, и она вика па јас сум мало женче.:D Убав е денот, со убав повод, штета што е така извештачен. И попусти кога гледам на домаќински работи, па денот на жената, ѓезвиња, тави и тенџериња.|(

    Инаку, си читаме една интересна книга, па попладне ќе си седнеме со јаболчињата и книгата и ќе ни биде право уживање :inlove:. И направив нејзино катче со ќебенце, перничиња, полици за книги каде што си ги реди и прередува по нејзин мерак. Кога одиме во библиотека трча низ полиците, ги разгледува сите книги, ужива. Толку ме потсеќа на мене тогаш кога бев дете... Како си лета времето.

    Имајте убав ден сите, па ќе си честитаме утре празник.:d:
     
    На SummerGirl, Mia Fuentes, Skorpija25 и 23 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Спијам сама во карантин. Минатиот пат ја разболев јас овој пат правам се можно да ја заштитам од себе си. Не ја ни бакнав денес. Се надевам ќе ми пројде до утре уклучив антибиотик и таблети за лижење чаеви еден тон, лимон и мед. Сепак е полесно кога не си бремена и не доиш па имаш можност да се бориш рамноправно.
    У вези 8 март мое видување во спојлер. Драго ми е што цела екипа у Немачка е антиштикла @Mari* Тој што ги измислил штиклите веројатно никогаш не ги носел. Скроз лабаво и комотно, мене да ми е убаво.
    Јас би да се слави ако веќе се прославува тој ден да има за што да се слави. Исланд да речеме жените треба да слават се изборија за тотална еднаквост. Норвешка е веднаш зад неа.

    Не може дома те вреѓа, му чистиш како измеќарка, деца чуваш ти опалува два шамари после пет пива ти земаш марамчето и виеш оро во име на една Клара Цеткин. Нели ти е срам? Озбилно, додека го везеш топтанот нели со тоа сармата на глава размишљаш малку подлабоко или друг размислува за тебе? Седи дома и молчи затни се испукај се кај комшиката додека ти гледа на кафе. Кога немаш муда да ги смениш работите.

    Секоја трета на Балкан е жртва на било какво насилство (физичко, психичко и сексуално) али балканки слават помпезно како да се од Исланд.

    8 Март е ден каде некои жени на кои ти не си наследничка, против се испаднале на улица и го дигнале својот глас за рамноправност. Колку само тортури преживеа они за ти да кршиш колк? Ајде да си некоја која придонесува за рамноправност ајде слави, ама ти послушна домаќинка патријахално издресирана ти за што славиш?

    Иако има огромен напредок во правата на жените во Македонија и со новите законски измени се тоа ќе се бетонира за следни генерации, сепак нееднаквоста е сеуште очигледна. Особено на тоа влијаат образовниот систем и закоравените фамилијарни дувла каде малото девојче од пелени го учат да го почитува мажот за да не пукне срам. Толку е голема разликата меѓу половите што јавна соба даде експлицитна претстава што значи деградација на девојка во секојдневие.

    Ти од секогаш си била курва во такво општество и секогаш ќе бидеш курва ако одиш против прангите на системот. Сепак курва звучи подостојно од жена која е безгласна буква.

    Нееднаквоста не е само во Македонија. Ава спомена дека овде за иста позиција земаме различна плата зошто он е маж. Замисли зошто е маШ. Но горе доле овде кај германките нема лабаво гледајќи ги какви се остри може мажите да бараат заштита наскоро.

    Америка бележи голем чекор напред со акцијата во Холивуд. Акцијата со стоечки овации е поздравена. Многу е подруго кога јавно ќе истапат жени и ќе кажат овој мршников ме силуваше за улога. Сега се ќе биде полесно во иднина.

    Од друга страна Иран во очи 8 Март ја испрати адвокатката која ги застапуваше жените кои не сакаат да носат хиџаб на 38 години затвор
    https://womenintheworld.com/2019/03...8Z4sK29Cfpc756qhpcW05iPds8BfIaoC5T4IY3KxqMXok

    Најголемиот проблем на жените се жените. Не ни се мажите криви нив жени ги воспитале дека се “мажи”. Не сте постигнале ништо ако воспитате син да биде вол и да се јачи со “машкоста”. Сте успеале ако тој син е самостоен и современ и точно си го знае местото во општеството. Не од градинка да го прашувате “женска има ли” демек мачо мен од пелени растете. И каде понатаму со тој фраерски став во животот? Се знае каде, јас фраер оние онаму курви.

    И за крај учете ги ќерките да бидат свои. Не ја родив јас да биде робинка некому, ја родив да живее. Стабилни, самостојни и одговорни само така ќе успеат да променат нешто во иднина зошто патот на патријахатот е долг.
     
    На SummerGirl, karibian, bela.m и 26 други им се допаѓа ова.
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @FreeMind жено, поклон до земја.
    Те обожавам.
    :bow:
     
    На Mia Fuentes, Lorins, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    И јас те сакам:*
     
    На Presrekna, happygirl и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  20. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Јас еве така сакам да те изгушкам.
    Уствари често ми доаѓа коа те читам, ама ај сега да се искажам вака јавно :) :hug:
     
    На Mia Fuentes, Lorins, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.