нека се редат бели како бисери. Јас немам многу за пишување. Со бебчо маки мачиме нешто не му е по ќеф па јас сето тоа го препишувам на вадење заби. И веќе мачно ми стана да по цел ден додека е буден кемка. Башка што приплакува додека спие. Ги напишав поканите за роденден за синко. Утре да ги дадел и да почастел со бомбончиња. Таков им бил адетот. Најголем во години им е во класот. Исто мачно ми е кога треба и покрај игротека да чекам и дома гости. Сега дали да се спремам за во игротека или да гланцам дома. Сработувам кога можам и со приоритет на поважни работи - миење перење диплење смукање....
Хелоу Се изгубивте. Од вчера никој не пишал. За празникот не добив ништо од мм. Не сакав. Се нервирам кога купува поклони ради реда. Само од татко ми добив пари. Сестра ми е далеку. Исто и јатрвките. Ама со нив две никогаш поклон не сме си купиле. Нема ни потреба. Еднаш добив поклон од свекрвата. И тоа ради реда. А јас со љубов и го одбрав поклонот. Оттогаш ништо не сум и купила нити сакам да ми купи. Мислев на гробишта да отидам и да оставам цвеќе на гробот на мајка ми и баба ми, ама времето не се погоди. Децава оо дома. Најверојатно нема да одат во градинка и во школо две недели. Така разбрав од тв. Два дена по ред правев генералка и само викам по децата да не растураат. Ме фаќа некоја досада. Само барам нешто за занимација. @24.07 Честито внук. Сте пишале за штикли. Ретко носам. Поудобно ми е во патики или балетанки. Денес ми е јубилеј. 10 години на Фемина. Поздрав
@BabyT* Среќен роденден Која бројка ја славиш? .. ако не е тајна. Не сум некој љубител на торти. Сакам само чоколадни. Од колачи преферирам од оние ситните, т.е. славски колачи. Ама и тие да се чоколадни. Не сакам од ванила, овошни, со лешници, со бадеми....Тулумби и баклави јок. Не сакам ништо што има шербет.
Еве за тебе една екстра чоколадна. Јас можам да претерам со ваква ако е тешка Јас по се израдував на алкохол 23 годинки
Среќен роденден на @BabyT* Добровечер од мене. Читам тек тук нешто по форумов како стојам со време ама претежно за воведување храна па бебе-мени па мајчински муабети.... Мачно ми е деновиве. Ноќеска касно легнавме големиот беше топол а тт 37.5 и поврати. Дури утрово ми кажа што му било. Бебе ме отру деновиве. Со првото грчевите не откинаа сега препишувам на забите. Скоро по цел ден рика плаче кемка не е расположен.... А ништо не го боли. За скок рано ни е. Е друго,таман спремив роденден покани и се тоа денес најавија затворање на училиштата. Вртам во игротеката викаат како сите што одат на работа така и ние одиме. Никој не рекол дека нема да се работи. Вика цел месец е закажано секој ден. Бебе заспа. Не можам веќе. Да спремам и големиот и ќе легнам. Ноќеска заради него не спиев убаво. Башка бебе што ме маткаша за станување. Па жени имајте пријатна вечер
Ние откажавме роденден у игротека, ќе правиме у двор. Мнооогу ми е мака дека нема да седам дома со дете... како најлоша мајка се осеќам
@Мариаа. Честито запче на зетко. Да му се редат здрави, бели и бисерни. Како го извадивте? Знам се ставаше во уста. Ова го прашувам бидејќи 2-3 дена мојата е кемкава до немај каде. Цел ден само приплакува, не сака ни во раце, се турка ме мава, нити легната нити седната. отепана сум. И послабо спие денски а навечер се буди почесто со плачење. Еве гледам И @marchi-cool слични се со нас. @BabyT* среќен роденден. 23години. Леле колку си млада.  За мене девојче. Не дека се давам ама 14 години разлика не е за потценување. Леле ќе помислам стара сум јас на 22 синко го родиво ама затоа ова пред 37. Ние овие дена се бориме со бебе. Од мушиче мирно се претвори во кемкаво мало чоече. Нешто ја мачи. Дали заби, уше или меше не знам? Се става во уста, го чепка постојано ушето, А и 2-3 дена не е какана како што си знае таа. Ама ќе издржиме. За 8 март ништо посебно. Не го славам но не го негирам. На мајка и свеки им зедов по нешто. А мене свекорот и мм со синко ме почастија. Штикла во живот немам купено. Се на рамно. 2 см ми е максимумот. Не би се осудила сега ни да пробам. Сега со забраната заради короната во карантин ќе бидеме синко дома ќе шизни, А од друга страна искрено ми е страв за бебуш. Па женски отидов јас. Додека бебе спие да фатам нешто Добра ноќ
@BabyT* i @TeddyGrey среќен роденеден на двете, да сте здрави и живи, јас сум за 1 скопско Ништо не ми се пиши деновиве, денес и паника се крена со коронава малку почнав и да се плашам, работам со луѓе, преку 50 во денот влегуваат в продавница Добра ноќ, синко заспа пред пола час, да си легнам и јас, да пробам да поспијам, сношти на 1 час стануваше
@TeddyGrey среќен роденден и тебе рибче, здрава, жива, весела и насмеана Фала и на другите мајки Напорен ден, ама убаво поминат. @Presrekna годините се само бројка, со бебе покрај тебе, мора да се чувствуваш младо
@TeddyGrey Среќен роденден. Добре дојде во 30тите. Јас во Јули двојката ја заменувам со тројка. Газам во четврта деценија. Брзо летаат годиниве. Поголемиот ќе настинува. Очите му се крвави. Времево е лудо. За почеток ќе се лечиме со чаеви и Риностоп. Малиот од ден на ден се полош е. Се кара со сите. Мене нешто не ми е како што треба. Имам грчеви во стомак. А и ми студи. Да мавнам еден сок и да се пикнам во кревет. Добра ноќ
@BabyT* @TeddyGrey среќен нека ви е, јас би сепак кај Теди на трпеза Тедицо моја колку ги заклучи? @Presrekna после 35та ти се менува цел мајндсет и исто како бебињава скок во развој леташ како Марио на друго ниво и гледаш, мислиш и сфаќаш подобро. Али држечи сме има да се носиме со маливе уште во следни 30 години Антиштикла клаб ќе направам ) Јас од вчера и официјално почнав да џогирам. Како и секогаш се почнува од нула симнав план од гладијатор тој најмногу ми одговара. Сепак мора колената да се чуваат. Битно почнав ако потоа се изедов дома важно е дека првиот чекор е направен. До летоска има интензивно да се работи на тело мора мамица муд да се уклучи на плажа. А плажа со вирусов ќе видиме која ќе биде. Додека сум кај вирусот мајка ми и внук ми ги ставив во карантин. Внук ми боледува од хроничен бронхит со изразен слаб имунитет, а има само 19 години. Он ќе биде две недели изолиран додека се пребројат болните и да се изолираат. Мајка ми ради годините преку 60 инаку жената редовно си џогира наутро со години, здрава е има супер имунитет. Мајка ми е ѕверка може на раце железата да ги изоди во висина на 62 години. Секој ден трча по 8 км со години. И она што ме радува во последно време има цела екипа со неа жени и мажи над 60 кои се дружат и спортуваат. Најстариот во екипата им е доктор во пензија со 82 години. Човекот сеуште трча. Кога ќе ги видам ми топлат срце. И најбитно сите со кесите од дома што им останало ги хранат прво бездомните кучиња кои муцки гладни и најубави ги чекаат со тоа опашите размавтани па потоа се разглибаваат па стартуваат. Малечка од вчера штрајкува во градинка. Денес ќе ја носам јас да видам да не е до тоа. Се надевам ќе издржи саат, за да може утре од појадок да ја оставам. Вчера ја успав на втората дремка една даска ми беше спремна од претходно и гледавме филм. Еј филм гледавме после две години угушкани во игралната на ќере на тепих како тинејџери. Почнавме да наоѓаме време за нас (одмор има неделава) и ни прија. Делува многу позитивно на психичката состојба. Иако се разбира малечка се разбуди на пола филм и гледањето филм се претвори во “држи ја ти” “пази ја ти” сепак го догледавме. Spoiler Пред Потоа
Добро утро Среќна Среда деЌки @Мариаа. да се редат бели како бисери. Леле леле кои радостии е тоа мојава кога извади по цел ден и ги тропнував со лажичка. Ајде чекаме колачиња. @BabyT* ти Мури крцкалче си била. Ја мислев генерација негде сме. Да ти се множат во љубов. Од убавини да не куртулиш. Од срце Мое бебле извади 2 заба во 4ти и само тие растат, други на повидок нема. Некои 2 недели само плаче во сон, леле колку е тажно тоа како во болки да е наеднаш ќе пушти такви болни крици.. не можам да слушам срце ми се кине. Среќа цуцла прифати па и ја давам и продолжува да спие. Додуша овие денови и се буди почесто ноќе.... Од денеска топло. Почнав со полесни вежби. Па се наградив со мафин. Шо да праам кога во лидл има готови смеси за се нешто. Следно - палачинки. За 8ми март добив многу гушкање од маж и букет црвени ружи. Букетот одма си го отворив и презавиткав, оти не ми се свиѓа како овде ги виткаат, па секогаш го преправам. На свеки ќе и земам нешто убаво деновиве. Не ми е битен поводот, цело време готви и за нас, плус ако ми треба не знае не да каже. Фаќа пат под нозе и ете ја. Никогаш не ми иде ненајавена, секогаш прашува кога може да ја види бебла, па сакам да и земам нешто убаво. Бебла во кошара, јас со кафе го зграпчувам денов. Поздрав и убав ден девојки.
@BabyT* Среќен роденден, да ти се множат Фала тетки Феминки еве од нас колачиња Во меѓувреме изби и другата единица доле Зафати едно колаче вчера и почна да го глода