Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    На KuklickaSk и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. Persila

    Persila Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2019
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    На Мариаа. и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    @Yowannty фала мила, млада мама ама моравме редот да го фатиме ради мм:D ако јас по бев за бебе сега ми вика требало уште порано :o

    Фала и на другите мами:hug:

    @FreeMind и јас ќе дојдам кај Теди по ме бендиса :o

    Кафе испиено, сега појадок, малата не ми го бендиса па јас ќе го изедам (да не се фрла :!:)
    После овој скок очекувам нешто фамозмо да се случе кај моето дете, ме уби :| Ако во претходните скокови беше само навечер, сега забавата е и денски. Како се смее наеднаш почнува со вриштење, да те стра да не направиш нешто грешка:^)

    Туку многу ми е страв, мм денес од очно во државна го зима свекор ми :worried: не сакам да ширам паника, после купувам витамини и за мене. Цел живот сум со алергии, проследени со асматични напади :|
     
    На hello-kitty.90, Mari*, Happyinlove и 12 други им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    12.965
    Пол:
    Женски
    @BabyT*, @TeddyGrey најсреќни родендени, само убавини да ве следат.
    Инаку ние изгледа ќе го откажуваме роденденот. Наредниот викенд е договорено, подготовки на максимум, викендов пукнав од машнички врзување, направив единица од стриропор и цветови од салфетки, украсени теглички и здели. Мајка ми ја направи тортата баш како што ја замислував.
    Многу ми е криво. Знам глупаво е така да размислувам кога навистина фркава со вирусов не е шала, ама што да правам.
    Требаше после роденденот вакцинава за морбили да ја прими, да поседи дома 3 недели и во градинка да трга, ама и тоа ќе се одолговлечи. Не знам како ќе се снаоѓаме со чување, сите сме по работа, одмори се искористија скоро цели.
    Еднаш и е прв роденден, многу ни беше мерак, ама побитно е да останеме здрави. Ќе видам до крајов на неделава како ќе биде, ама сигурно нема да е подобро.
     
    На hello-kitty.90, Mari*, Happyinlove и 17 други им се допаѓа ова.
  5. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Здраво мајки!
    :sun::sun::sun: сончев ден... за инат на сите нас кои совесно одлучивме дома да седиме!
    Дома сум со деците, беба нанка, дадата бои на раат
    Сепак не додржавме дома, ги носев кај мајка ми на двор да играат, да се искористи убавиот ден. Моите живеат во помалку населено место, околу нив празни куќи од соседите иселени во странство. Воздухот чист, времето пријатно, децата на безбедно во дворот си играа. Посакувам да биде убаво времето овие 14 дена за да можеме барем во двор да седиме.
    На работа ич не ми се оди, ама треба некој и да работи во оваа лудница и безредие. Сепак ситуацијата со корона ворусот ќе има големо влијани врз се, поголема од што замислуваме.
    Ми фалат оние позитивците со муабет - де бее, обичен грип, ризичен за хронично болните ( како да немаме такви во фамилијата) . Ситуацијата од страт ја доживеав сериозно, и така е навистина, не е само паника.
    Периодов многу родендени имаме,.се разбира не одиме... а се надевам дека и ќе ги презакажат за подобри времиња.
    Убав ви ден на сите!
    :hai:
     
    На hello-kitty.90, bela.m, Mari* и 15 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    нас никој не ни рече дека треба да се откаже. Игротеката кај што закажавме фул е цел месец вика жената како што сите одат на работа така и јас. Мене никој ме ми кажа дека не треба да одам на работа и така да ние утре си славиме роденден во игротека.
    и јас мислам дека ќе има забче зашто веќе и брадавицата на градата ми ја стиска кога цица што не беше случај со сега. И ја стиска устата одвреме навреме со тоа што долната усна ја става внатре во уста и ја стега,ја гризе (мислам разборате) ама сепак не сум 100% сигурна во симптомите кои укажуваат на никнување на забите ете додека не излезе можам само да се понадевам дека тоа е тоа. Со првото ич мака немавме на 4 месеци изваде две наеднаш понатака по 4 одеднаш излегуваа ама нит беше нервозен нит имаше некој проблем.
    ајде и за другото честито. Да се здрави и бели.

    Едно нешто ме интересира. Може и не е за овде ама многу мајки поради децата не одат на работа,седат дома. Па ме интересира дома буквално ли седите? Јас надвор го ваѓам бебчо. Не можам при топло и сончево време да го чувам дома. А и големиот.... Ако не излезе надвор ќе ќорее на компјутер.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    141.693
    Ние откажавме игротека од две причини, да не се зголеми ризикот од корона, и оти другите родители не го носат децата на родендени и не сакав да се случи никој да не дојде.
    А надвор мојата е цело време, имаме голем двор и цел ден е у двор, а луѓе нема наоколу.
    Да живеевме у зграда, ќе одевме некаде надвор од град у природа, сега топло ќе биде.

    Иначе, правам список што се да купиме за следниве 2 недели и да не мрдаме од дома.
    Стварно ме мрзи.
     
    На hello-kitty.90, Mari*, marchi-cool и 12 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Добар ден мајки
    Користам бандава додека чмае, се уморија, пред последната рунда за миење заби и одење во кревет.

    Конечно си дојдов малку на себе. Инфлуенсата салам ме имаше потфатено, две недели ми требаа за да се вратам во стара форма.

    Како изолирани сме од светот во село мое..(facepalm)
    Маж стандард, на терен од понеделник до петок или сабота...за викенд колку се радувам а што попрво да се направи.

    Мајки погледнете ја новава тема

    https://forum.femina.mk/threads/Да-бидеме-креативни-предизвик.31379/

    Да се активираме малку со наши детски изработки:hug:
     
    На hello-kitty.90, mal.ecka, babydust и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    9.843
    Пол:
    Женски
    Нема кој да ви нареди да откажете роденден во игротека, мин.за здравство секој ден труби да не се прават такви собиранки, но засега се само препораки,па кој ке ги почитува е лично до него. А за на работа доколу не те ослободат за грижа на дете до 10г.( Иако мислам дека си уште на породилно) има тел.на кој можете да пријавите. Се ова е за лично и општо добро. Сепак одговорноста е ваша, и за себе и за останатите што ке дојдат на забавата.
     
    На hello-kitty.90, marchi-cool, Sofi.ja и 6 други им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да воведат полициски час и стап да игра. Со таков народ само остро во спротивно ќе си слават родендени во игротека и ич не им чуе дека школите се затворени. Кафичите денес полни.

    Имаш опција да марчи:
    а) не сфаќа што значи дома да се седи
    б) не живее во земјата каде школите се затворени со цел да седат дома децата и да не се на групни собири
    в) сфаќа али што им врска гром во коприва не удира

    Тава за ајвар на глава и тропај до утре.

    Туку гледам почна паника да се крева. Паниката не води никаде мора малку реални факти на маса. Министерство за здравство во моментов немаат ниту бројка ниту претстава колку луѓе се заразени по повод последните настани. Се чека да помине периодот на инкубација за да се преброи и изолираат. Затоа ја донесоа оваа мерка во време кога не може да имаат информација поради проста раја која криела и доставувала лажни информации на гранични контроли бројката за седум дена може да биде изненадувачки голема. Затоа сите треба да се тргнат на самоизолација и максимално избегнување контакти. Во овие седум дена кога е критично. Мислам стварно нема да умре некој ако седи дома седум дена јеботе.

    Самиот вирус не е толку опасен колку што е опасно како здравствениот систем ќе се справи со него. Затоа не се правете фраери во земја која кубури на секоја алка од персонал, возила до апарати. Не за друго туку поради вашата глупост друг ќе наебе.

    Џабе зборам, џабе пресови на пет минути. Само полициски час како Кина и да игра пендрак тој народ не разбира македонски.
     
    На hello-kitty.90, Mari*, marchi-cool и 18 други им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    12.965
    Пол:
    Женски
    Нема свест кај нас. Ечи жива музика од не знам каде, пијани пејат, журка на најјако. Меркиве се сфатени како факинг распуст.
    И џабе се труби да се внимава со кашлањето и кивањето, они како за инат не ставаат ни рака.
    Само нека ни е со среќа. На здравје пандемија. Па будала ме прават што откажуваме кафани и родендени. И крштевка. Јер свето место, црква, таму не фаќа ништо. Темјанот е семоќен. Само пцујам. Од главата си патиме, сами ќе се сотреме.
     
    На hello-kitty.90, Mari*, Yowannty и 16 други им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    https://bigorski.org.mk/vesti/svet/...wzm2N10_orqMdMqUnxLb09fyl7tWJ9WWKRA6WPKnZlGe4

    Под број 4 :rofl:

    едит: Италија ги затвори баровите и рестораните со таков народ нема разбирачка.
     
    На thinkerbell, Happyinlove и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    141.693
    И јас вчера ова му го читав на маж ми, сигурно и причест од исто лажиче ќе даваат.
     
    На FreeMind и Happyinlove им се допаѓа ова.
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Треба некој да дојде на врата да ти каже зошто не треба да се слави роденден во игротека? Слушаш препораки од филипче? Или со глава во ѕид ќе чекаме да ни се случи италија, ама битно игротеката е истерана!
     
    Последна измена: 12 март 2020
    На kikin, Mari*, SanelaS и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки,

    Еве јас по дома чувам дете. Уствари во моментов он спие, мусака се пече во рерна, а јас со сите 4 во вис и кафе и читам по темиве, па да се пријавам.

    @BabyT* @TeddyGrey среќни родендени :party::party:

    @Yowannty што е со чорапчињата различни или јас погрешно гледам:D

    @Мариаа. Бели како бисери да се редат

    Јас стварно не можам да разберам, покрај се што превзема министерот и сите препораки луѓево со глава во ѕид.
    Полни паркови, полни маркети, лулашки, кафиќи :@ Па ние малкуте што внимаваме ретардирани ли сме (извинете на израз).
    Значи не викам дома под клуч. И мм оди на работа па 100 % не можеме да се изолираме, ама со луѓе, кафиња, гушкање стварно не разбирам. Роденден во игротека:x. Јас пред ова дете не носев на роденден во игротека (зборам за сезонава на вируси и грипови), сега ни на крај на памет не ми е ни јас да влезам. Кој треба да ни каже дека не треба да се збираме и кој треба да не стави во карантин 14 дена ако се враќаме од ризична зона (никој не им кажал, а министерот што труби цело време, тапани чукаат нели?!). :!: или за нас нацртано треба да е за да го сфатиме ризикот.

    Прееска бевме со мали кратко надвор. Во лифт за да не фаќа го носев на рака, го пуштив надвор дури откако се тргнавме од толпата деца што играа пред зграда. Сами вртевме на сонцето низ маало, ловевме риби во една фонтана и си се прибравме.
    Туку ова пензионериве нај за стап се. Една баба не разминуваа прееска и мојов смешко и се смее, а таа му пружа рака да се поздравеле. Жива среќа прв пат како да знаеше дека не треба, па се упика во мене и не подаде раче, инаку прв е за здраво. А таа бабата арно стап не и извадив. Уште коментар ако сонцево убаво, да го избркало вирусов(facepalm)

    Да тешко е дома затворен, ама малку свест за колективното не е на одмет. Ете @danichap отвори тема за предизвици, па да бидеме малку креативни. Ќе помине време, а и деца анимирани ќе се.

    Изгледа претерав со мрчење, одам да искулирам додека мали не станал.

    Имајте убав ден и грижете се за себе и за останатите.:f::sun::f::sun:
     
    На karibian, hello-kitty.90, Hulya1901 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Another birthday girl here(fingers) :party:

    Повелете на по една 41F8DC05-2636-4778-A46A-177A8448AD14.jpeg
    790BD663-5EF9-4263-967E-7FE0CD3F0B4C.jpeg

    Торта немам.
    Поклони немам :(
    Светковци не ми честитаа,мајка и сестра само на фб ко некои роднини од преку седум ридови |(
    Треба да одиме на роденден кај внуците сега.. амааа ми фуфка.
    Спремив поклоните ама уште не сум на чисто. А во 5 треба да сме таму.
    Башка 40км сме оддалечени.
    Во ресторан го прават..
    Во недела па на другото внуче сум, братучеткава во игротека ќе слават рече и нема намера да откаже :^)
    И таму знам оти нема да одам.
    Ќе има лутки ехеее ...
     
    На hello-kitty.90, snegulkata, Mari* и 23 други им се допаѓа ова.
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Здраво мамици!
    Слободно време... и еве ме да пишам.
    Морам да кажам дека и мене ме нервира народов што толку несериозно го сфатија ова седењето дома. Не бреее, ништо не било... Па мајки со колички на сонцето се прчат, новородени бебиња се шетаат... на кафе у преполн кафич го думкат бебето... На очите не си верував.
    Дечките од маало, десетина, прееска топка играа надвор... Супер!
    Родендените на кои бев поканета секако ги откажав... Добив коментар - и ти ли си од тие по прописи шо се придржаваш!
    Од тие сум... Белким за пример ќе ме земат и другите мајки па нема да одат и они на роденден!


    Ианку децата кај мајка на двор ги пратив! Правеле скара, играле топка, возеле тротинет... Тоа од сабајле, дури беше топло!
    Сега се слушнавме на телефон, ми ставија забрана да одам по нив да ги земам.
    Вечер дома ќе се занимаваме, ќе правиме палачинки!
    Убав ви ден на сите!
    Гушкајте деците!
     
    На hello-kitty.90, tina-63, Mari* и 18 други им се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Ги сакам годините на @BabyT* !!!
    Али со овој памет, не за друго, туку да се фалам дека сум многу паметна 23годишна девојка :emo:
    Лажам, нека сум со тој памет и таму, на 23, али барем еднаш да ми се сони да бидам повнимателна во наредните 5години!
    Барем еднаш, само еднаш онака скришно, нечујно и у шифри макар, ќе сватев знам, ќе протумачев тоа што треба..
    Уствари имаше знаци али изгледа не било "се" за мене..
    Штета :(

    Значи Бејби на 23години е жена, мајка, упс и тетка, нели као чим си мажена тетка си |(
    Не, не, не тоа не иде, 23годишно девојче, со бебче до неа е таман :sun:
    Мене на 23години да ме речеа тетка ќе пукав :devil:
    Уствари околу сите дечиња на другарки, пријатели, најстарото е 16+ некаде мислам, ме викаат по име, на ниедно не дадов да ме рече "тето" им кажував дека ние сме другари/ки :sun:
    Сега кога ќе се фатам дека на бебе му кажувам за некоја дека е тетка и кога ќе ми текне ми иде да си пукам у колено :doh:

    Хм па јас и уште не изгледам како тетка, еве не знам (lalala)
    А како ли изгледаат тетки којзнае :?:


    @BabyT* најсреќна да си :party:
    И ти го видов поклонот од мт, ваљда за бдеј ти е и он сам го бираше ли, или?
    Малку чуден дизајн, еве не знам :tmi:
    Убав е, не дека не, иако рака на срце не е мој вкус, што да те лажам, али не те замислував со таков, па и алче Пандора до него :^) не, не ми идат заедно, нешто ти не си бирала :D

    @TeddyGrey најсреќна друшке, оваа година да ти донесе посреќни и поубави моменти :party:
    Убави години си имаш и ти, јубилејни, али искрено ич не ми е предизвик да се враќам на 30ка :lol:

    @Chanell* најсреќна :party:
    И кажи колку години наполни па да пишам збор два и за нив :D

    До сега само "еден роденден" ми беше онака "посебен" и моите ми го пос... Аа уште им памтам и сум лута :(

    Вечер мајки :yawn:

    Гужви кај мене нема, слободно можеме да си шетаме и мериме улици, а нели ионака само јас и бебе акаме и стварно не знам кај се децата :?:
    Лулашки имаше едни али ги искршија, новите уште не се доправени. Ама детево има мини игралиште у тревник, па не е зорт секако за тоа.
    Иако он е заљубен у трамболина :rock:
    Нема појма како се скока, али она вистински, на негов начин си знае :D
    Најчесто врти кругови, шутира топки по мрежата и интересно му е да му се враќаат и да го маваат или ги фрла надвор од мрежа и тоа од 20обиди ќе успее или ако му се посреќи од 5 ќе биде :D
    Но најјако е кога ќе ми рече да легнеме и да ги гледаме авионите :l:
    Или ќе се заиграме со божемски бубачки :bug:

    Детево се научи да игра со "божемски ствари" па кога ќе се заигра крај нема на идеите 8)

    Али денес не меревме улици, мајкава реши да чисти, па дете скисна на тераса :smirk:
    У купот сваштарии на тераса си го најде пиштолот на вода..
    И што да кажам понатака, дури не се објаснивме убаво каде се смее да прска пола ѕидови во трепезарија ми беа водени (lalala)
    Упс у еден момент јас тресам ќебе, а он си прави мх мх мх, а така прави само кога јаде/пие нешто, па си надигнал пиштол и си шприца у уста (facepalm)
    Ај чист е пиштол, нека се јача (highfive)

    Коронава ме вади од такт, ич не сум паничарка, али ова ме распамети, особено по случајот со дотичната :@
    Бонус и двете баби ни се вратија од шетање по повод 8ми март :|
    Нели еднаш решиле поинаку да го минат денот, еднаш решиле негде да шетаат и не доаѓа у предвид да се откаже, уствари не стана ни збор..
    Мајка од низок ризик земја, свеки од среден..
    Нек е со помин, јас веќе си одбројувам и чекам :tmi:

    Мајка е лајт :@
    И татко мислам исто, до нив ништо не иде :@
    Свеки не знам, али тргна со "опрема" на шетање, али бидејќи се си било нормално и да не и се смеат си останала у куфер :@
    Светко си има други маки, он за пандемии не е у тек :smirk:

    Врло важно!
    Свеки за секој донела по едно кесе со благо 8-|
    Уствари за мм е најштуро, ќе си пукне :rofl:
    Прееска отворив една обланда со јаболко и цимет, али не е ни коцка, море ни парче од 3*3, туку круг со дијаметар 10+, не е ни она фил и обланда у 4ри реда, него тенки обланди ко два листа хартија и две споени и внатре како шеќердисана јаболка со цимет 8-|
    Не беше лошо, али жити благото, битно бебе бендиса, изеде дури два круга :mm:
    Али вчера каква чоколада сум јадела, абе Милка може вода да и носи :inlove:

    Бебе има и едни чоколадни бубамари или по негово бубимими, едвај една сподели со мене, а 10тина беа у ќесе :tmi:
    Он има и едно големо чоколадно јајце, ама она бабачко, стои на опаковка дека внатре е полно со чоколадни бомбици :inlove:
    Засега му го скрив, но колку ќе се испоразочара кога ќе го отвори и внатре нема да има играчка :doh:
    За друго не ви правам лиги, доста е :whew:

    Чек мм има некој ликер, па и тој го пивнавме по една чашка :tmi: не е лош, јакичок, не е тралалајка (poolparty)

    И со све ова може и нешто гратис ни ставила у ќесе, па налет ќе ни отиде све, али ај да изедеме, па ќе му ја мислиме :bandit:

    Вчера као испазарив за подугачко, уствари месо и глупоштини за бебе имам и за 1месец, а за другото и не сум баш сигурна.
    Некако тешко ми иде долгорочен пазарлук, па идела и со список, али секако у следниве недела дена сем леб нема ништо друго да ни треба, за понатака ќе видиме.
    Празни рафтови јас не видов, регулар сите си пазареа, кој помалку, кој повеќе. Гужва нормално, уствари и слабо, али 20ч навечер беше..
    Само никако да најдам алкохол, етанол, дезентал, некој купил по 2кг, а јас немам ни 200г. Која е поентата стварно не знам, ако треба "сите" да внимаваме еве јас како :smirk:
    Али имам домашна ракија, 52ка па у зорт ќе бришам со неа, така рече мм и тоа се важело :lol:
    Маски јас не купив, ниту ракавици..
    Уствари јас не ни мислам негде да идеме, ваљда нема ни да треба, ако треба у зорт ќе се снајдеме секако..
    Родендени периодов немаме па да мислам и за тоа, иако нема ни што да се мисли од моја страна, не би отишла и тоа е тоа.
    Април имаме, али ај као далеку е па ќе видиме..

    Прееска колку сум се смеела со твитот на Ина и фарбите за коса, ми се направи денот, мислам стварно бе :rofl:
    У тој аспект јас тазе глава сум правена нели :emo:

    Се смеам, али не ми е некако ич до смеење :(
    Татко и свеки хронични се, светко 70+, дедо/баба 80+..
    Уште па кога прочитав пред некој ден дека вирусов на метал се задржувал и до 9дена, готово мислам легнав и почекав да ја сетам Корона :tmi:
    Ако беше вистина ние сите туто комлето 100% ќе испофаќаме у први редови (highfive)
    Крш :doh:

    Да спијам, да изиграм Кенди и да спијам, утре нов ден, може нешто ново ќе донесе..
    Петок, ќе се јаде грав и пушено мевце + марула :angel:
    Ова ми е лесен ручек, ќе го ставам грав од утро да се крчка, па пред 4ри ќе ставам зачините и ти даммммм ^_^

    Убава ноќ :hug:
     
    На karibian, hello-kitty.90, snegulkata и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @emkaemka 25 ги наполнив 8)
    Девојче сум и јас! :D

    Штотуку пишав вчера и бев лута зошто мм не ми донесе ни едно чоколатце,ја викна малата со него “да ги видат мачињата” и влагаат после 5мин со торта,со свеќи,со прскалки, со се:inlove:
    Па дувавме свеќи 7-8 пати дека на малото му стана интересно и цело време викаше ајде пак.
    Едно време ми вика “мамо дај печка” и ја ваква :^):^)
    Коа уствари она упаљач да барала за да ги пали де:rofl:
    Кај и текна печка бе ..


    Добро утро инаку!!!
    Пијам горко турско кафе .. повелете.:sun:
     
    На hello-kitty.90, snegulkata, Mari* и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки
    Ваљда ќе успеам да допишам.
    Стандард станати рано, двајцата најадени, облечени, големото вози количиња, а малово со врвка игра. Од цела играчка него врвката му е интересна. Мафта со сета сила, вика ѝ зборува на врвката. :D Јас кафе на раат да испијам.

    Времево баш за дома седење. |( Да бевме сами немаше да ми е проблем, ама со стариве...:smirk: Уствари вчера и подизлеговме, малку на плажа фрлавме камчиња. Тек тук по некој се мафташе, езерото мирно, сонце пече, уживанција. Се изнаигра дете, ние си зедовме благо и собравме малку топлина. Е веќе после почна да заладува, па со плачки се вративме дома. :D
    Туку да ви кажам интензивно бараме куќа да купиме, или пак место за да си напрајме, па сега чекаме цена да кажат за една шо нѐ бендиса и да одиме в банка. Држете среќа да се договориме (fingers) Ако не испадне таа имаме други во план ама прво со оваа. Едвај чекам, мислам и 5 години шо издржав овде е премија, се чудам само како успеав. Додуша дур немавме деца полесно ми беше, работа, шетање, помалку контакт, а сега веќе нема седење в соба сами. :D
    Ајде здравје, со Господ напред ако испадне по планот за брзо ќе се мафниме. Кај седевме олку па за уште некој месец.
    Е толку од кафето, малото се искака, па не седи веќе.
    Уште да честитам родендени на сите, шо убаво сте млади мајки, јас на 25 се мажив, дур се наканивме за бебе 28 се сторија. :D Дали би се вратила во тоа време? Да, за да сменам некои важни работи, за сега да имав помалку нервози. Ама нема, тоа е шо е, ќе гледаме напред.

    Поздрав и убав ден, не е важно шо сме дома, важно здрави да сме, за шетање цела пролет е пред нас. Па ќе го користиме времето за гушкање. :hug:
     
    На hello-kitty.90, snegulkata, Chantal и 17 други им се допаѓа ова.