@emkaemka изборот беше на мм, јас за денска шема се облекувам по спортски па ова баш ми се допадна, инаку имам од него и елегантен часовник, повеќе за фустанчиња и слично ама вака да го носам секој ден не ми прави мерак. Пандората е ставена на другата рака и мене тоа ми падна во очи Инаку околу муабетот тета, ми е некоја жена со животно искуство, така ми звучи тоа, јас сум далеку од тоа @Chanell* среќен роденден
@Chanell* среќен роденден Добро утро женски ете и ние дома , гледаме нешто да правиме да ни поминува побрзо. Дете големо црта ( гледам да не дреме толку по компјутер) мало бебе спие , чекам да стане да и дадам банана и јаболче да ручка времето е многу убаво , па ќе гледаме да шетнеме низ улициве 15тина минути па се знае, дома. Гледам зборувате за родендени славење во игротека. Големото ќе има роденден 26ти март , не знам каква ќе е ситуацијата за две недели , ама најверојатно нема годинава да правиме роденден. И да не се шири вирусов и можно е никој да не дојде. Тоа е. Убав ден мајки
@Ano малку, значи само малку имам чудна неуротична потреба да менувам 5-6 пара чорапи дневно. Плус/минус. Во принцип не сум лесно гадлива личност, освен кога се чорапи во прашање, па перам по 30-40-50 пара неделно. Немам време да ги спарувам, па си шетам со различни. Секогаш. Веќе не ни приметувам. Сум се изјаснила и претходно, чорапа ми е омилен подарок, практично. Увек магично исчезнуваат без траг. @Chanell* Среќен девојче! Само убавини да си славиш. Ми излезе сликава на фб се изнасмеав. Ја откажав резервацијата за одмор летово. Колку сме несовесни ко народ, се плашам дека цело лето ќе биде држ-недај со вирусов. Гледам народ абер нема, си шеткараат, ај разбирам (се трудам) да не ти е гајле за колективното здравје, ама за своето лично? Како и да е... Бебла е во скок. Веќе неколку денови ноќе се буди често и ми требаат неколку обиди за да конечно ја ставам успешно во креветче без да се разбуди. И денски е многу напорно. Се мачи да заспие, тешко и оди па станува нервозна и плаче. Па пробува пак да заспие пак не може па плаче и се така во круг. Утрово во 5 после милион станувања ја легнав до мене. Пола саат се вртеше, тртеше и на крај заспа. Сама!! Ова никогаш претходно не се случило. Со маж си заспива сама. Со мене никогаш, знае дека јас сум изворот на магичната напитка наречена млеко. И додека пишувам, а таа ми играше во скут, туку ми се навали на рака и заспа. Дал е можно?! Денеска едвај 20 мин предрема пред 3-4 часа.. 5ти скок не го осетивме многу, ама затоа 6ти ќе ни наплати. Се претвора во мала дрдорка. Од сега знае да протестира кога не сака нешто и тера до крај да биде по нејзино. Многу е смешна. Сака се да види и се да допре. Нема шанси кафе да пијам пред неа, одма ми ја влече раката накај неа. И веќе не користам мобилен пред неа. Ќе се потепа да го дофати, па чекам да заспие за да можам да шкртнам нешто. Деновиве кога и да игра, со едното око ме следи мене. Не и поминува ништо. Само ако тргнам накај вратата или недај боже квака да фатам.. ечи цела зграда. Во меѓувреме ја легнав на кревет, ете и ова не се случило од првиот месец уште, да спие денски на друго место освен на мене. Ако после скоков вака продолжи ќе частам!!! Ама озбилно!!! И кога ќе го пратиме ковид во историјата. Вчера дезинфицирав тоалет, ама го рибав како никогаш претходно ми се чини. Маж да си дојде од работа и да го дезинфицираме и останатиот дел од станов, да го светнеме и балканов оти подалеку од него чинам нема одење деновиве. Тој ќе го постави чадорот. Јас ќе и го извадам релаксаторот на бебла таму, па нек си праат друштво со Маче. Маче е дембелот од мачор што го имам. Имаше криза на идентитет, па по грешка си сфати дека се вика Маче кога беше само маче, па така му остана. А само колку е убаво времево. Ја би да шетам, ама... ќе почекаме. Убав ден женски.
Од работа правец на чистење. Некни со маж чистевме, вчера рибав тоалет ко луда, денес кујната. Цело шише Арис го потрошив, да и жив и здрав тој што го измислил. Како сум ја светнала рерната, жал ми е да печам било што во неа. Прв пат после две години сфатив како се вади стаклото од неа, и се згадив што се имаше насобрано под него. Мрсни,црно,гнасно!! Сега свети. Речиси цела куќа ми е исчистена. Уште зимскива облека да ја спастрам и тратам во подрум, ќе ми олесни ептен мислам. Ќе ја извадам масичката на тараса сега. Покасно со маж ќе го зачистиме дворот, и не ни треба шетање после Само да потрае топлото време... Второ кафе за денес и сонливо детенце кое ми спие во раце.. Убавини
Да јас сум на породилно уште 2 месеци (сва среќа) инаку кој ќе се расправаше зашто фирмата во која работиме со маж ми е ептен терсене,приватен сектор оддел производство. Ем приварници ем бараат сепак производство е. Околу тоа за општо добро... Кое добро кога еден родител и двете деца се дома а другиот родител оди на работа што има големи шанси да префати и да донесе заразна болест вирус и што и да е. Друго, на собиранки у кафич се оди. Реално треба кафичите да се затворат. Или евентуални само летните тераси да работат. Топло е. Во затворена просторија и 5 души да се еден да е заразен сите 5 можат да префатат. Или па што е тоа да работат до 6 а после тоа не. Демек коронава да ме спие до 6 па после тоа станува и шета. Извинете може заминав офф топик ама сакав да се искажам. @FreeMind те цитирам зашто ме спомна па да го прочиташ овој коментар. богами во право си. Средата кога рекоа дека учениците нема да одат на школо кај нас кафичите беа фул. Све то средношколци испоседнати. Кажуваше маж ми кој после работа помина низ град. Тешко кој децава може да ги убеди и докаже дека треба и зошто треба да седат дома. Јас мислам дека буквално сите треба 14 дена да поминат во домашен "карантин" од 14 дена. Ни на работа да не се оди. Нека се завршат испитувањата болните да закрепнат колку што се може и да се спречи буквално секакво пренесување на вирусот. Ама со тоа што се оди на работа се пропаѓа во вода. Денес слушнав на телевизија еден доктор кажуваше дека веќе се во многу тешка состојба и дека мора да бираат кој пациенти ќе го стават во приоритет за спасување и механичка вентилација. Оние ептен критични кои според нив нема шанси за преживување ги ставаат во втор план. Оние кои се во тешка состојба а имаат шанса да преживеат ги ставаат на механичка вентилација. Ми се дреми. Бебе спие големиот го карам за да изеде едно овошје јас не знам како одржува здравје и имунитет со ем слабо јадење ем никакво. Колку да не е гладен. Го лажам со малово кога нему му давам каша на големото обавезно шејк - смути. Вчера имав тежок ден. Ноќеска брзо заспав сабајлево едвај се разбудив. Роденденот дома го правев. Бевме со игротеката. Т.е маж ми беше зеде торта кифли пици не знам што имаше ги пречека надвор гостите т.е дел од гостите и ги "испрати" дома кај нас. Па собиранката беше дома. После си викам што е разликата меѓу собиранка дома и собиранка во игротека... еве не знам. Добив една лоша вест вчера. Детето од свекор ми кое има 11 години вчера беше на испитување Скопје. Воспаление на лимфни јазли. Сега испитуваат дали е за хемотерапија или за на инфективно. Овде една недела го маткаа со антибиотик па ова е она е па ајде на ушно па ајде друг антибиотик. Скопје му рекле одма да го прекине антибиотикот. Сега чекаме до среда да видиме што е. Првите резултати укажуваат на некое вирусно заболувања сега испитуваат за бруцелоза.... Денес убаво времето. Излеговме со бебчо и со големото да бараме топлинки за малото а големиот да ги потроши парите од роденденот па се закачи ме во просветно дело. Ме мрзи да пишувам веќе. Така ми е тешко така ми е мачно хаотично...
Dobar den majki Denes malata slavi 2god 2godini a tolku mnogu ljubov ni donesetolku mnogu srejka i nasmevka na site nas Ova devojce e posebno devojce, so tie ocijna kako grojze i taa nasmevka e sekogas na nejzinoto licemnogu ljubov ea kolku li mnogu saka guskajne se topam Uste vo 00:00 i peevme srejken rodenden dodeka tato ne zaspal Od kako ispeavme pravec vo krevet i povrativednas stravot mi dojde, spiese cela nojk so malo kenkajne i mala tt Malo ukrasuvajne doma i nekolku sliki so tortata od Bing,Zajceto bing i balonidvete se preraduva Gocekame tato da peeme i duvame pak Samo zdravi i zivi da bidat Nekako sum mnogu negativnastravovi i iljada misliod virus rabotava ja doveda do krizi i borbi Nemozam da spijam i funkcioniram normalnopoloduvajne. ... Golemata e vtor mesec doma, prvin so influenza pocetok na februar a potoa viris. Znaeme do dvor da poigramd koga e sonce ama poveketo vreme sme doma. Jas od mislejne sto da pravat, sto da pocneme da igrame, i pak se zdosadile a plus obvrskite doma Mm odi na rabota iako kaj nekolku firmi ne rabotaumov mi e kaj nego, stavovi Da ne bidam negativna, go pocnav postov so pozitivno. Cesto se krijam od cerki da ne me vidat nervozna i razmislena. Malata spie so golemata sme na masa pravime Pongo Vecera ke ima malce skara da go proslavime ubaviot den na mojata mala ubavica Ubav vikend majki
Imate li se sooceno so neprijaten miris na iscedok. 16 dena od kako sum porodena, imam i 4 konci dole.. Imam termin na 17.04 na doktor , mislenje i soveti ?
Добра вечер Заспивам деца Могли ми ја корне косата а мали го допира стомакот,почнаа да ми одат по нерви Веќе еден час лежиме... Уморни се,уствари преуморени се па по тешко заспиваат Не знам од каде да почнам да пишам,долго ме немало Ново и нема што да се каже но ми недостига темава,сакам да шкртнам по некој збор одвреме навреме Од сабајле однесовме деца во градинка и продолживме со маже вград Баравме замрзнувач да купиме и тој модел што не бендиса мора да чекаме 4 недели да го донесат И така се купивме што не ни требаше а фрижидер ќе гледаме здравје другата недела Со дечките пешачевме некои час и половина денес Стандарт прошетка,прво кај овците и кокошките,продолживме кај кравите и крајна дестинација ни беа коњите Поминавме без драми и тантруми деца за пожелети Тие задоволни од прошетката но слаба кондиција во последно време Порано не можев да ги истерам од игралиштата а сега после еден час бараат да си одиме дома Могли некогаш не сака воопшто да излегува од дома таа драго би останала дома,така вели Нетипично за неа.... Мали сака да излегува но не и да пешачи долго Или во количка или бара в раце да го носиме,многу е мрзелив Се мислам дури како ќе не биде без количка Чекам во секој момент да се распадне,дозволена максимална тежина 26кг Тие двајцата тежат 32 кг Заспаа а јас се распишав Да спремам сончогледот и со маже да пуштиме некое филмче @BabyT* @TeddyGrey @Chanell* Среќни родендените мајки @girl-miri голема да расте цуцата @Мариаа. Да се редат како бисерчиња Одо ја Довиџења
Добро утро,пијам кафе,информативен програм иде во позадина и ранам дете☕ Путив машина да врти,да се допереме...У план за денес уште нешто да подчистам.Со ситуацијава,чистење ми е единствена 'релаксација' ...Со дете играме,активно следам по мајкиве на инста активности за деца,ко идеи..Нарачав и онлајн некои играчки,чекам да ми стигнат.Балконот на време го исчистив,па на сонце и таму седиме.Дете ми е пресреќно,само кажува не оди на работа не ни требаат пари И мене ми е убаво со него,ама кај 2ч веќе шизам Си го сакам најмногу на свет,но не е ова за мене,ми фали работата.Колку и да имам стрес таму,бар кафе пијам раат. А после па коа ќе тргнам назад на работа,ќе ви кукам дека ми фали дете и овие заеднички моменти И за мене нарачав книги, да пополнам време.Додуша мене никад не ми е досадно дома,ама ајде нека има книги Среќен роденден на тие што си го слават,многу насмевки и остварени желби!
Добро утро Да искористам шанса од компјутер да пишам... Изминатава недела бев втора смена. Ме радува фактот дека народот си ја свати малку посериозно работата околу одење на матичен доктор за муабет,за жалење од свекриви и снаи. Доаѓаа пациенти само кои имаа потреба.. Сезонскиот грип не стивнува сеуште,но важно малите деца поднамалија.. Емотивка сум па си се расплакав за една пациентка 16-17год.две недели со бронхит ја лечам кооооонечно е добра и наодот на б.д е подобрен каде каде.. Се расприкажав за работата, ама тоа е... Денес цел ден ја покривам поликлиниката (освен пауза од 4часа)се надевам ќе минам добро и мирно. Секоја чест за газдата,успеа да набави маски за вработените,дезинфекциони средства за раце и за чистење. Ама кивањето ме фати пак... Со оперилче си седам сега. Малата си расте. Има денови кога сака да јаде,има денови кога не сака ништо. Важно,боровинки си јадиме у велико. Многу е само приврзана и плаче штом излезам од соба и има мака со запчињата. Многу бавно ги вади, со плачење,нервоза и нон стоп раце во уста. Имаше едно на фб што прочитав во смисла-ако си му љубовница очекувај подарок на 6ти март,ако си му колешка на 7март,ако си му жена не очекувај ништо за подарок за 8ми март... јас незнам во која категорија му спаѓам на мм пошо ме почести со телефон на 14ти март. Убав викенд мајки
баш па на телефонот не му се израдував. По би некоја ситница. Не сум по технологијата.. Брка работа да ѕвони,фб,гугле,МКБ 10 и доста е...
Зарем б.д лечиш цели две недели? Прашувам бидејќи и јас сум доктор и не би да си дозволам две недели да експериментирам кај акутен бронхитис.
Ако не е за тука нека се премести мислењето. Ве молам мислење за оваа перница за дете на триипил години, и препорака какви перници користите за вашите деца. Поздрав.
Здраво мамушки! Как сте ми, како минете деновите по дома, слушат ли малите? Не се сомневам дека се е под контрола и дека имате убаво дружење во домашен амбиент! Моите и денес се на двор кај баба им...играле криенка, правеле пикник, играле со кучето на комшијата... Кога ова последното го слушнав се изнервирав. Па как знаеш каде било кучето? А мајка вели од двор не излагало кутрото, и за да ме успокои ми рече дека малата воопшто и не го допрела а големата веднаш измила раце... Ете непромислено згрешиле... а може и многу ја тупам јас... м? Мајка важно ми кажа дека среќни пресреќни биле децата... и домашна пица правеле, па една мини специјално за мене ја спремила дадата, испечена била и дома ќе ми ја донеле. Ќерка мајкина! Малото имитира се што прави дадата... па и она згмечила тестотот... пааа, може и од неа ќе јадам пица Се надевам ќе ме поштедат! Јас раатски завршив домашни обрврски... Сеуште сум во прашалници со што да ги занимавам вечер. Се едно те исто, гледаме цртани пред спиење ( Ариел, пепелашка, Бамби), боиме и лепиме стандардно секој ден се по нешто ново на различна тема, во кујна се пласкаме со пити и палачинки... Да да за 15 палачинки сите сме во кујна, па брашно, искапено млеко, лажици, садови на сите страни... и после они јадат а јас средувам неред. Ако бе, вреди... весели фацки се! Мислев Ме лути се човече, ама малото 2 годишно човече шѕо го имам дома тешко дека ќе дозволи! Не знам... ама ќе се прави нешто! Ајде сега чаос! Одам алишта да пружам!
Ц ц ц... нигде ве нема! Оти вака бе! Не верувам дека шетате, едно што мора да сме си по дома заради ворусот, друго врни истура Очекував да сте се распишале со постови и прераскажување на денот а начекав празна страница. Јас последна од вчера, јас прва за денес! Ние дома си седиме, тоа се подразбира! И ММ е дома... а он никогаш не е дома за викнед! Поминавме од сабајле доручок, кајгана со урда имаа денес... па деците со полни мешиња се заиграа во соба. Средив низ кујна, и после пак растурив оти ручек започнав да спремам. Машина една, двее... садоперка една па друга... крај нема. Ама се најде време и за забавување на малите. Поточно на големата, малата само збрки ни прави во игрите. Ама ја дружиме, што да и правиме. Направивме расцутено дрво ( постиравме во темата) , нашравивме и куќичка, па игравме пикник ( во детска на земја се распостлавме и глумевме дека сме во природа) , па редевме сложувалки ( ова малата, големата ги надрасна. ) Исполнет е денот. Сакаат на гости кај тетка им, некако успевам да ги задржам ама до кога не знам. Најдов на фб некои игри, кружи како видео низ фв. занимации за деците по дома па ќе примениме некои Јас од утре не одам на работа, не спаѓам во секторот кој мора да оди... па ќе си седиме дома, ќе се дружиме со деците, ќе чистам, ќе се дебелејам... тоа е! Верувам исто сценарио и кај вас дома. Ако имате некоја попаметна идеја споделете. Убав ви ден на сите!
Ноќ мајки Ние сме од тие што шетаме без престан, по нашиве улици вирус и да сакаш неможеш да сретнеш, оно ни луѓе има, па ни брдо куќи Дожд секако не ни квари планови, сум кажала само да не дува, се останато ми е прифатливо Значи наше секојдневие е "исто" како и претходно, со исклучок што не акаме у Мол и не влагаме у ниедна продавница, па ни околнава. За гости сум кажала, дома може и цел месец никој да не ми стапне, па не осеќам "самотија" Кругот го затворивме дека ќе се гледаме само со светковци и моите. Толку! Денес собравме и количката за шетање, план ни беше да акаме до нашето основно училиште Па бебе ред трчаше, ред се возеше, а ред бараше да го носам во раце, бидејќи му било "убаВо" Дожд едвај и да заросе, 2ч идевме и немавме среќа чадорчиња да отвориме. Бебе бараше и вирчиња за шлапкање, али освен кал не начека ништо друго. Али калот бил кака, па не се уцваска ич Си најде игра да бегаме од колите кои поминуваат, па укапирал дека треба да се тргне на страна кога поминува и таа на 500м од нас, а он веќе стои у некој жбун и вика "еве ја коwаааа" А пустото па и кола на секои 10м едвај и да минуваше у едно уличе некои 30мин не ни видовме кола, али игра си течеше на трчкање И на толку акање нормално он сеуште беше полн со енергија, па одлучно ни викаше "не дома, нејќам дома" Ги оставив со мм да замараат зајчиња, односно ги хранат со морковчиња, двопек и сламичка, свеки се лути дека ги прејадуваме, али подобро тоа него ли да ги гњави Штом го видат одма рипкаат по кафезите, само он им дава морковчиња Па на дотрошување на енергија тргнавме кај моите, ред трчање и растурање и таму, а бидејќи ме виде со телефонот во рака од љубомора дека го нема моето внимание, ми го истури кафето Ама онака зима шоља и ја превртува, среќа ладничко беше и среќа мајка ги беше собрала теписите Него ај на мене барем кафето ми го истури, а на мм пред некој ден му го грабна телефонот од раце и му го џитна И тоа новиот, срце у петици мислам му отиде дали му остана читав Ма така и треба, е не, он е тука, а не му го посветуваш цело внимание И секако и после ова уште си имаше тон енергија, па и светковци ги позамара, а богами и нас не исцеди до пред спиење Ајде сега да се пријави која не правела генералка со алкохол низ дома Јас мислам се поминав со дезентал и у водата за подот ставив и тоа солидна количина, ако биде да биде Машиниве мислам ми шизнаа од перење и сушење, само вртат, само збирам нешто да перам ил преперам На нерва ми иде вирусов Абе не дека порано не чистев со дезентал и не перев, преперував, мајка не за џабе ми вика дека облеката ми се кине од перење, а не од носење али со самото тоа дека не демне и дека се шири со брзина на светлината ме фрустрира гратис нема ни лек, туку посилните ќе преживеат А како ли најдобро да се заштитиме Ај да не делам филозофии и да не пишувам песимистички постови, цк мајка прееска рече она става граница дека мк ќе има +/-50 заболени А јас само од Цацка очекувам повеќе него ај Како да се остане присебен Утре понеделник, ќе дојде и ќе помине.. Убава ноќ, гушкајте ги малишаните
Добро утро. Отварам очи после три дена. Прво болна овулација потоа стомачен вирус од градинка. А мислев сите сум ги прележала бидејќи од јасли сум оставена. Како што вели мајка ми држи ти растојание на два километри зошто нема вирус што не бил кај тебе. Додека сум одела во градинка и во школо до 8 одделение секоја втора недела сум примала инекции, редовно температура 40, болни уши секоја недела, бактерии стрептокока и стафилокока секогаш во грло и нос, паѓање во несвест и сето тоа траеше до 16 години каде заврши со операција на крајници. Од тогаш наваму се случи некој преокрет добро се држев али сепак сум многу подложна на вируси. Малата ги излижа сите играчки во градинка прво она, потоа јас. Како ќе не биде вака и во иднина не ми е јасно. Она ќе ги носи дома мама на апарати. Три дена од кревет не можев да станам. Малата многу полесно го помина од мене, јас еве денес 50% од енергија вратена сеуште матна со главоболка и дијареа али станав да го прошетам малиот. Се надевам нема некој корона во зградава доволно е да кивне на петти спрат јас на први да го фатам. Пијам кафе и гледам вести. Нова стратегија на германците е да се намали хистеријата и паниката. Сите прилози од денес на тв ќе бидат лимонади се со цел да се укаже дека не е толку страшен вирусот колку што личи. Во позадина е економијата. Слушав интервју со економски советник на Меркел он советува дека Германија мора паметно да ја изигра кризава и да остане присебна без никакви економски загуби и со ниту една затворена фирма. Едноставно мора да се оди на работа и да се работи па и цркло. Некако како германциве да се опуштија во однос на вирусот благодарение на медиумите и се си продолжува нормално да функционира. Дури и маркети се оддржуваат. Кина се врати од “мртвите”. Ги отвори фабриките тоа значи полу продукти за германската економија и повторно бројките да светнат во зелено. Од друга страна сите болници се спремни со кревети и апарати и инсајдерско ниво вели се очекува првиот наплив од пациенти за две недели. 29% од населението им е над 60 години има ли подобра прилика да се ослободи пензискиот систем? Од секогаш сум им се чудела на таа ладнокрвност во решавање на проблемите. Скроз оперирани од емоции. Не сум паничар по природа, се дефинирам како реалист не паѓам во несвест од пандемија ниту искачам надвор да се журкам меѓу народ. Едноставно научив да верувам само на научните факти се друго ми е “мачкање очи”. И бидејќи сум економист по професија, а берзите ми се напучија благодарение на кризава неделава роденденските поклончиња на малава и некоја моја заштеда ќе идат во акции. Нека има малата корист од пандемијава како едно добро сеќавање. Ако некој планира сега е моментот за вадење парите од под перница. Да бидеме малку германци да заработиме од кризава. Од други вести не остана ништо коронава го зема пиедесталот. Ме радува дека Македонија го има еден Филипче кој жестоко се спротивставува со сите можни мерки. Јас како вечен критичар сум изненадена како се пристапи кон кризата, одлични се. Дури и конвој на транспорт и патници спроведуваат во време на карантин. Да видиме Цаца колку заразила неделава и без осетни глупотапи глави кои “бегале” кон Македонија и не седеле во изолација во земја со 90 апарати. Кривична и никако поинаку. Луѓе. Нешто ме насмеа вели мијте ги шепите на миленикот во време на пандемија -океј ги миеме држете го на краток ланец миленикот со цел да не душка човечки гадни остатоци како исфрлоци од плуќа -океј го држиме и не го бакнувајте - ако треба да се умре нека се умре!