Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Може недела дена не сум ја отворила темава. Мислев сте изнапишале. Кога тоа... Само една страница имало.

    Од политика пресконференција вести и сл. најмногу ме иритира во сета оваа гунгула говорот околу влезот во НАТО. (facepalm) ни НАТО ми се гледа ни НАТО ми се слуша. Каде е тоа НАТО да прати апарати? Кина да е жива ќе пуштела донации.

    И на таа тема веќе не ми се збори. На фејзбук фрчат слики сторија од јадење пиење благо ручеци.... Како досега никогаш да не се готвело. И како што гледаш ти се отвара апетит. Па ајде за бебе спремање едно за дете друго за ручек за нас трето... Шпоретот сигурно 5-6 сати уопште не е исклучен. Вари едно вари друго... Најангажирана сум околу "рецепти" за бебчо. А наједноставно е за него.

    Околу карантинов или благо кажано самоизолацијава не ми е проблем. Итака одкако се породив сум во самоизолација :rofl: сме излагале само во двор и тука сме седеле но агонијата и стресот под кој сега се наоѓаме е тоа што не прави да се чуствуваме лошо.
     
    На SummerGirl, bela.m, koritsaki и 22 други им се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки,
    Најадени, напиени, сега ја успав малата па и татко и се кутна до неа. Јас допивам кафе и може и јас ќе дремам. Ама не сакам пошто и онака седам до касно па ако дремам ќе ме најде вечер 2ч...
    Изолација добро издржуваме, одиме само до долниот спрат кај светковци и до двор. Некако се навикнавме ама едвај чекам да заврше ова, таман ќе дојде ред за одмор 8)
    Сега со мм се боревме пред малата и почна да плаче ;( мислеше дека ја тепаат мајка и, па го искара татко и, и ме гушна]:)
    Многу стана полесно да ја разбирам што сака, отвара очи и одма мама акам меко, додека пие млеко правам за појадок па гледа и вика аммм (стрвла мајкина:inlove:), мама нане (кога се преправам дека спиам), акам нане (кога и се спие :)), акам бакам :*. Преслатка е, знае како да те придобие. Додека ја успивам ја ваде цуцлата ме бакнува и си ја враќа :inlove:
    Не ми се верува дека толку брзо порасна(waiting)
    Мм почна на тема бебе бр. 2 :D јас му велам сакам уште некое време да биде единствена, знам дека сега така размислувам ама незнам како ќе ја делам љубовта (не ме напаѓајте(lalala))
    Туку дали ве боли местото каде што сте буцкани спинална? Денеска страшно ме боли, се сеќавам дури каква беше болката кога ме буцкаа и се ежам (facepalm)
     
    На Kaetana, SummerGirl, Skorpija25 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Здраво екипо, јас седнав со книгата да се подружам малку, чунки сесија ќе дојде.
    На мала и извадив шпикозни, фустанчиња и сетови од неа кога беше бебе и ете ја игра долу со баба и дедо. Ептен се израдува, па милион прашања и ова ли беше мое, толку ли бев мала, може ли да ги пробам, сега зошто не ми се точни срце на мама, се разнежнив кога ги видов, ми порасна бебето во права девојка, нн сака да игра, да помине коронава и ќе ја запишам на модерен балет, има движења, не дека ја фалам дека е моја ама стварно има гравиозни пптези, сеуште мала но некои работи се забележуваат. Внукичката ќе биде многу среќна дека и братучетка и ќе оди на балет, таа преубаво игра.
    Дечиња мили, ете тоа ја грее душата, тоа е силата која те движи напред.
    Убав ден од мене.
     
    На Kaetana, SummerGirl, bela.m и 22 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Како станав антисоцијала:
    - прво прекинав да зборам и комуницирам воопшто со вмровци
    -второ прекинав да зборам со едноклеточни животни од типот “фрли им ланате”, “да им ебам џукелите”, “не го допирај гадно е шуга има”, “чибу бе”,” дома да си ги земете анима”
    - од денес после оваа вест прекинувам комуникација со сите “јас сум верник”, “постиш ли?” https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...kavadartsi-i-gevgelija/#.XntMsE_wtwY.facebook

    Не би јас да се мешам со луѓево добивам ненадејно чешање и нагон за тепање. Да не се мешаме најубаво.
     
    На Kaetana, SummerGirl, UnordinaryOne и 14 други им се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Не пишувај така, ќе те попрскаат да го истераат ѓаволот од тебе:devil:
     
    На SummerGirl, happygirl, Mari* и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    "наместо дете да родиш, ти кучиња раниш и шеташ"
    Раѓаш дете.
    "пушти го надвор кучево, ќе го разболиш детево, влакна му пушта". :mm:
    Нека се бањаат во крстена вода,може ќе се опраат.
    Меех.
     
    На Kaetana, SummerGirl, happygirl и 17 други им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Неверојатен левел е ова на примитивизам. Не го можам, ми се лоши само што го читам дури не ми е ни смешно жал ми е за сите “испеани”. Стварно во 2020 да си дел од овој циркус сметам дека ти фали даска во главата.

    Мислам за што би збореле која би ни била заедничка тема? Едни нека тераат со Господ напред други нека гледат каде вака во животот. Дојдовме до дереџе да трето нема. Не постои она јас имам право на свое мислење во случајов, нема “мислење” беспредметна е дискусија.
     
    На Kaetana, SummerGirl, fairy88 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    8.378
    Добар ден,:)
    Време убаво надвор сонце пече и некоја позитива ме фаќа денеска. Си одам дома, пишав еден минус саат.
    Работа нема, прв пат потолку време наместо 20 пациенти имам само 7,еден куп аусцубилдене и практиканти, дури и лизинг:$
    Се побркав искрено, можев комотно да седнам, ама кога имаш шеф до тебе тешко. Па повеќе бев пасивна и ги надгледував и контролирав од страна,не дека не можеа сами.

    Инаку и многу слободни кревети не е добро, вчера видов видео во кое една од главните на една клиника јужна Германија збируваше со овој план на Шпан клиниките се загрозени со банкрот и ќе затворат пред да се рашири Короната во Германија.
    Заради сигурност добивме легитимации од работодавачот во случај да го блокираат градот. Кај нас многу болни денеска околу 1500 луѓе.

    Туку дете е во градинка одам да го земам, организирав да го чуваат таму.
    Ми е жал што мора да оди, ама па колешката нејзината ќерка оти поголема ја остави кај нејзините родители и воопшто не се гледаат, само по телефон. Искрено јас сум најголем ризик фактор да ги заразам дома:(

    И кај нас затворија игралишта, па се мислам со што да го занимавам детето. Возиме често велосипед, започна пред некој ден да вози точоче без помошни тркала, човече мало на 4годинки и 1 месец:inlove:

    Пред некој ден бевме во парк и ловевме трава, дете полно радост риби ловел:P
    Пролет е, ама многу ладно е времето со минус температури, па си измрзнавме поштено... Ама за дома одење не сакаше да слушне.

    Од утре па до понеделник ќе се чуваме дома.Како ќе исчистам не знам, залепено е за мене не сака да слушне само да се занимава.
    А, и јас се чувствувам неорганизирано, не можам да фатам ништо по дома и на моменти ме нервира тоа.
    Битно обавезно готвам и машини за садови и алишта пуштам.

    Преска право шофериште возев боса:rofl:. Заборавив дека кај подземната железничка мм ја паркирал колата и може да ја земам, па си облеков високи потпетици.И заради тоа се соблеков, ама ризично е така многу давам гас, едно време оти право гледам сум ја нагазнала 70 и накај 80 терам. Среќа немаше никој инаку ми летна возачката.


    Постот од преска го пишав сега сме дома и одмараме, да поуживаме заедно гушнати гледаме Paw Patrol.

    Убав ден на сите.
     
    Последна измена: 25 март 2020
    На Kaetana, SummerGirl, Мариаа. и 16 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    во Бога верувам во овие обични смртници кои работат во црква не. Од црквата напраја бизнис. Најголем грев ќе носат.
     
    На bela.m и TutiFuti им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Господ ќе ги казни.
     
    На marchi-cool, Мариаа. и Spidy им се допаѓа ова.
  11. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    34.102
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на една случка.На курс по германски се собрал цел Балкан и зборевме тема нешто традиција. Гркинката почна нешто да објаснува ама и фалеа зборови ама оти исти се кај нас традициите за баење сфатив што зборува.Проф е германка остана со подзината уста.Албанки две косоварка и албанка кога почнаа како дошол еден човек со лоши плави очи и го видел цвеќето и одма се исушуло.Проф не сфаќа што зборат.Јас и викам Фрау х ние на балканот живееме во 16 век.Па албанката продолжи исто со некои глупости.Сите на балканот се плашат од светли очи Имаше русинка ја прашав , а кај вас од какви очи се плашите таа вика кафени.Тука сите нешто зборат и мене ми текнува да ја прашам кинеската од луѓе со какви очи се плашат кај нив.Таа вели од светли.Пошто немаше крај на глупата дискусија само ги прекинав и реков дека во старо време луѓето помалку се мешале и затоа имале страв од непознато и се плашеле од различното.Со мене се согласи германката другите си останаа во 16век.На крајот гркинката ми вели ама ти ме разбираш што мислам . Нормално реков:lol:
    Па така и нашите попови се од 16 век со толку напредна технологија тие гонат вештерки(facepalm)

    Да пишам збор два.Втора недела без градинка до 17 ни е затворена. Оваа недела сум хоум офис.Повеќе низ хоум неголи што работам:$Си средив денес станот и ајде на прошетка со малата.Си шеткаме по 1-2ч во паркот во маало.Ама паркот толку ни е голем што цела населба ќе ја собери со растојание од 1.5м:rofl:
    За жал премногу шетаат никој не пази и не внимава.Најчести шетачи се баби и дедовци и еден родител со дете-ца.Се внимава на растојанието и нема групи.

    Ние откриваме постојано нови делови како да живееме овде 4месеци не години^_^Најинтересно ни е во шумата каде се движиме по козји патеки со стапови што ги наоѓаме. Па после и дома си ги носиме:tmi:

    Вчера интересно и беше да слика со апаратот кој ми е поклон од моите за диплома.Толку и се разви фантазијата за сликање што сакаше сите кучиња да ги слика, а тие требале мирни да стојат:smirk:А јас ја карав подалеку од луѓе, држи растојание , лош вирус бла бла:bandit:

    Кога ќе се прибереме дете не сака да спие па нешто цртаме , боиме или сечиме и лепиме.
    Па навечер си легнува и заспива многу брзу:rock:
    Многу ми е интересна малата се нешто збори и раскажува.Вчера нешто малата не беше најрасположена сигурно и се спиеше , а мм само што се врати од работа.Ја седна на нозите и почна да ја нишка и да и раскажува некоја глупа приказна.Кога биле на море со неговите8-|Јас од кујната ги гледам , а малата не трепнува слуша и со очи и со уши:rofl: Си велам на моите вистински приказни не може да седи мирна 5 мин сега како хипнотизирана.
    Најинтересно беше утрово кога на мајка ми почна да и ја раскажува приказната:lol:

    Ајде жени поздрав и останете здрави и гушкајте дечиња:sun:
     
    На Kaetana, SummerGirl, bela.m и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.588
    Пол:
    Женски
    Добар ден мачки, мачкици и помали мачиња. :D

    Ние дома на купче во кујна стиснати. Спремам ручеци за сите посебни. :D
    Тоа што се осеќам како да ме прегазил камион, а потоа ме поминал ваљак, е скроз друг муабет. :sweat: Вчера тамам си реков бебла се смири конечно и мирно си спиеше од 10 до 5 утрото, ноќеска се будеше на секој час па и помалку со врескање, таман да наплати. Заби ли ја мачат.. стомаче ли ја мачи и двете ли.. се правам што можам да и помогнам.. ама пак вреска... :|

    @Ava.84 ме изнасмеа со окото. Кожа ми се ежи уште. :doh: Дур бев трудна ме пукнаа сите за тоа пусто око и за тие пусти уроци. Нон стоп се жалев, тоа валда и хормоните си играа улога. :sweat: Грците се далеку побетер од нас во таа смисла. Иако му имав кажано на маж дека нејќам такви ствари, свеки се уфирца неколку дена пред да се породам отиде до златара и купи златно крсте и златно мече привезоци со окото на средина. (facepalm) Кога ми ги даде ми се стемни. Такви овде се ставаат на количка и на облеката на бебето, оти недај боже некој да го види бебето ако нема соодветна духовна заштита количката. (facepalm)Нормално, ниеднаш не ги стаив ниту на бебе ниту на количка. Првиот пат кога излагавме надвор со бебе, јас бев до тоалет идам во соба, бебе во транспортер, маж до него, свеки над него нешто шепоти, дува, бае.. тоа беше страјк ту за маж и трет пат немаше. Среќа само една недела бевме кај нив, па си се вративме кај нас во стан. А и рака на срце, разумна е жената, па кога ќе кажам нешто да не праи, не праи.
    Иначе овде пред месец дена излезе некој владика на тв и збореше како господ му се јавил на сон и му рекол да пренесе на владата да напраат некој автопат таму негде Пелопонез. :rofl: А ова со чатењето и прскањето со света вода по улици и овде веќе некое време го има. Циркузи. Се почна од Украина. Таму имаше поворка уште пред месец дена, попот прв, по него 7000 души... (facepalm) корона лајкд дет!
     
    На Kaetana, SummerGirl, bela.m и 20 други им се допаѓа ова.
  13. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Да ставам розовите наочари и да пишам некое зборче :angel:

    @BabyT* не ни знам кај точно сум боцкана спинална не па болка да осеќам :tmi:
    Сум кажала, јас од царскиот испаднав како Царица :makeup:
    Шала на страна, познавам две блиски од кои знам дека некое време чувствуваа болки, отрпнато место, често вкочанување на кичмата, време и по 1-2г, а и една која вика и по 5год дека има мака, ваљда значи и како е ставена спиналната..
    Но може да е и поврзано со промена на времето, може и мислиш дека е од спиналната, а всушност може те фатило ладно или си се сецнала некако..
    Но можеби и е од самата бременост, сепак си носела барем 7кг во меше :)


    Ноќ мајки :yawn:

    Вакви "зимски денови" цела зима не видовме, ама затоа баба Марта ни покажа како изгледа зимата во пролет :sun:
    Вторникот едно време се шашардисав и се преиспитав "што е со елката" :tmi:
    Није тачно времево |(
    Викендов се шетавме без јакни и дома седевме до пред ноќ без греење, а сега сме пукнале парно на 70ка и едвај се затоплуваме. За надвор фул зимска опрема, жимити уште долниот скафандер на детево што не му го облеков :tmi:
    Е ајде де, саботата рекордни 26, а понеделникотнне лупна зиро, но ај вчера/денес као потопличко 4ри ]:)
    Од понеделник гледам 15 и ќе иде нагоре..
    Жива болест :|

    Понеделникот сабајле кога искочивме надвор на тераса мислам премрзнав од шок колку е ладно :worried:
    А бебе се стаписа и побара да му закопчам јакна до "гое" :D
    После веќе ојачавме и свикнавме, ама студеше :doh:

    Вчера стануваме и снег, се беше обелено и тоа фино се задржал, па првата тура шетање низ двор се мававме со топки. Не знам како може детево да фаќа снег и да му се топли рачињата, мене мраз ми се сторија :?:
    Денес пак времево потоп, си врне и ццка и се така у круг :rain:

    Седиме по дома и се дебелееме, јадеме што од досада, што од нерва:drunk:
    Мислам барем едно 3кг сум поправена, може и повеќе се, али не сум сигурна колку тежев претходно, па заокружив дека се само 3кг, може и така ми одговара, кој знае :smirk:
    Па и како се дебелеам све у фаца и нозе ми иде, никако у цицки да се зафати :bandit:
    Помини, замини само јадам, па и само нешто се пече или вари, оп троп некое кесе шушка (lalala)
    Прееска и со торта се плескав и тоа со некоја со 20јајца и три фила, не некоја плукни залепи, ако биде, да биде :^: плус да одзеде повеќе време и да биде продуктивно искористен денот :lol:
    Па +1кг на 3 и не е многу нели (hollest)
    Секако и купачи, море, плажа оваа година не се гледа, нема ни зошто дополнително да се устручавам :|
    Мм секаква ме сака :inlove:
    За бебе секако сум најубавата мајка на свет :inlove:
    Па и што вика свеки, поубаво полничка да сум, така изгледам помладо и без брчки :inlove:
    #сисетешамаимиегајле (lalala)

    Бебе се изнајаде хопла, или по негово "шаг", се натрупани со тоа, па сврте да јаде од филовите и на крај заврши со лижење вегета и чварки (facepalm)

    Од чоколадното богатство од баба му, прееска отворивме едни чоколадирани бомбони со мента :l:
    Јас успеав дури пола бомбонче да украдам, другата половина речиси од уста ми ја собраа :|
    Е до толку е детево |(

    Откритие му се Албени и тоа баш вика Албени, само спелува Ал-бе-ни, љубов му се :l:
    Татко му е скрос разочаран, претходно комотно си ги јадеше, бебе не го ни приметуваше, а сега се граба и "нема за Пако" :rock:
    По 10пати дневно ги бара, не ги јаде секогаш, ни секој ден, али битно е да има на дофат у секое време :D

    Деновиве извадив малите лего коцки, па со нив воглавно се занимава, односно секој ден правиме по еден камион, некој наш измислен од коцки што се нуди и буквално цел ден го игра или едноставно го влече насекаде.
    Пак се на репертоар магнетите, па и нив се редат и расфрлаат (lalala)
    Вечерите се резервирани за едно гумено топче кое скока како шашардисано, му се падна у Финети мислам беше :D, па 1ч седиме у ходник со смени со татко му и он фрла топче, па трчиме заедно по него :drunk:
    Па се додаваме со возејќи со една брза помош која има многу бучен механизам + и ходников некое ехо има, абе на нерви ми иде, али све за синче :whew:
    Денес татко му му земал една вртимушка или што и да е, еден круг и се пушта "некако" и тоа лети, цели 30ден од наше продавниче, значи у Галакси е 10-20ден :D абе радости, радости, од радости дури и ја поткрши, па и со неа заспа |-)

    Вчера најдов една книга со стикери од животни која му ја донеле на повојница, плус и на анг е, прав поклон за доенче, али како ми се најде за да си испијам кафе да знаете, абе да е жива и здрава некоја баба на бебе од 6то колено :angel:
    Книгава многу убава, штета што веќе е партал и шанса нема да преживее у наредни 5г за да се искористи максимално :D

    Бебе како се префрли со игри во детска, дневниот престој ми сија, е сега се вртка по некоја играчка, али не е страшно, чим ги збира у едно корпиче значи малку има :D
    Секако јас секоја вечера и што пренел му враќам у соба, има само некои 4-5играчки кои му седат стандард у дневна и тие си се таму.

    Него почна да седи под маса, па си прибира таму играчки и знае да се пикне и да се заигра, па и си прави муабет и не дај боже да го ѕирнеш, одма вика бегај и се буни :D
    Али и тоа му стана скришно место за олеснување :tmi:
    Чим се попика и не ме бара за 2минути, одма знам дека ќе треба газ да мијам :smirk:
    Ќе се олесни, искача и одма вика "мами иди миј мееее" и трчи првин до детска да земе памперс и иде у вц, а зошто му викам, "каки имам, смени пампи".
    Па им прави чао на каките, уствари вика "чао гомца" и ми се обраќа со "сега сум чист" 8)

    Деновиве е живи радости кога ќе извади чорапи, обично нејќе да е бос, уствари нејќеше цела есен/зима да е бос, дури и за спиење чекав да зацврсни сон, па да му извадам чорапи. Е сега само бара да му вадиш чорапи и само ги тегне, па се фали колку убави "ноЏиња" имал, па ќе крене ноџе и вика "види, маwо псте, гоемо псте" и ги реди, а најмалото секогаш го жали и го гали што е толку мало, упс тоа е "маецко" :D

    Него почна да се интересира за книги и да бара да му читам, али секогаш му е поинтересно кога му измислувам свои од сликите кои ги гледа, ако почнам да читам по буквите ми џапа книже и ми вика "доста".

    Секако у поголемиот дел од денот скока, трча, се пентари, а и ред рика, ред мрсули и солзи вади |(
    Стварно не знам како е можно за 2стотинки да извади солзи, некој добар холивудски глумец има потенцијал да биде 8)

    Него не знам веќе на колку дена да пречистувам (facepalm)
    Веќе три дена не сум пипнала ништо и мислам треба да игра метлата и џогерот (poolparty)
    А што ме мрзи и ми е стужено на чисто да чистам :envy:

    А па машини вртат ли вртат, не успевам да доперам и да испразнам корпи, а сите дома седиме уствари (facepalm)

    За садови ми е смрт!
    Абе како да се ствараат од негде, се реди у машина, реди, миј на рака и пак ги има :@
    Него како сум ја "изрибала" рерната, оно можеше и стварно да ја изрибам и да беше како нова, ама искрено ем многу ќе и се фатеше, ем нема уште пар раце, ионака ми се шкорави, болни, воспалени и испотепани :(
    Ја оставив да се кисне 36ч со Арис, едвај минав со течен вим и жичка, исплакнав и тидаммммм (lalala)
    Него и со алкохол ја испрскав :tmi: несвесно, дека се прскам, па онака ми дојде спонтано :lol:

    Многу домаќински работи се расприкажав, доста е :smirk:

    Пред малку мм ми соопшти една убава вест, добро е само што ја чув дека ќе биде и има напредок, да дојде сабота и да се оствари има една голема тежина да ми се симне од плеќи (fingers)
    Еве кај е сабота, али кој ќе дочека (waiting)

    За утре на дневен ред, сем што торта ќе се дегустира друго ништо немам у план што со денот :rock:
    Упс реков ќе чистам |( ама тоа може и да се почне у 7 и да се заврши до 9ч кога ќе стане бејбиче ^_^
    И што со денот :smirk:
    Бебе ќе каже 8)

    Да играм Кенди и да си спијам |-)

    Убава ноќ :hug:
     
    На Kaetana, SummerGirl, bela.m и 28 други им се допаѓа ова.
  14. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Ајде добар ден!
    Не знам што имам да кажам во овие еднолични денови, ама ете ќе се обидам!

    Јас сум на работа, скратено работно време! Децата дома со баба! Веќе го чувствувам напорот да ги занимавам низ дома! Се помалку идеи имам, се побрзо им здосадува, се повеќе барат да прошетаме до некаде!
    Ги носам кај бабите, мора да ги чува некој додека ние сме на работа. И свесна сум за ризикот на кој ги изложувам старите наши, а сите се со осетливо здравје... Миеме раци, лице, дезинфекцираме низ дома, переме облека... Се надевам нема да го донесеме вирусот!
    Психички се чувствувам веќе потрошено, сакам ова да заврши... верувам како и сите што посакуваме!
    Воглавном цртаме и боиме, пластелин играме, правиме караоке шоу со музика пуштена на цел глас, готвиме нешто заедно... се едно те исто!
    И да, сеуште го практикуваме возењето со кола низ празниот град! А децата пресреќни чиниш во луна парк ќе ги носиме.
    Тоа мајки! Друго не знам што да кажам!
    Убав ден!
     
    На Kaetana, SummerGirl, Skorpija25 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Нема што да се пиши,нигде не сме мрнати од дома еве 15 дена.Само во двор со дете,но и времево ни се расипа а сака надвор.Откако вирусот дојде во мојот град прекинавме да се гледаме со комшивката која ми е какао мајка,со годините баба можи да ми биди.

    Не само јас туку и дете сака да мрдни од дома,сакал кај бебето од нуна да оди.А како да појдиме во ова време,повеќе сакам од него да одам и да му ги изручкам тие малецки ноженца,но страв ми е.

    Не сме 100% заштитени кога маже оди на работа,овие две недели е дежурен,но оди со скранено време ако има итна работа,повеќе е дома.

    Исто и свекор ми оди скратено на работа и повеќе време е дома и се повеќе зборува.Гледаме со маже колку помалку да комуницираме со него.

    Веќе почнав да ги имам симтомите за вирусов,три дена грлото ме болеше па прскав со ацидосалус.Од време навреме ме притресуваше,па мерев тт околу 37.2.И два дена сум со ужасна главоболка кој поминува со две апчиња испијани.А од дома не сум мрдната,на почетокот одев само до нашиот малски маркет и во двор со дете. Повеќе ниту читам,ниту следам пресови.

    Се надевам за брзо ќе се стопли па поголем дел од денот надвор ќе го поминуваме.

    Ова ми остана не до пишано од вчера па да продолжам....

    Вчера маже си иди од работа и ми вели,бројче заб да не те боли,отечена си малку.
    Не почувствував дека отекувам,ниту заб ме болел ниту пак некаква друга болка почувствував Се јавив кај доктор забар да прашам дали работи дека со ситуацијава во земјава, му кажувам дека отеков ми даде неколку совети и денеска појдов да види со очи што е работава што отеков.

    И така после 15 дена првпат излегов од населба.Успат се видов со мајка на 10 минути на отворено разменавме два- три муабети.

    Да се навратам за доктор забар..
    Влегов внатре сестрата беше како нинџа( така дете вика) а доктор нормален ниту маска ниту нараквици.
    После ќе кажуваат не биле заштитени,бла бла...,па нека си купат исто како ние што купуваме. Дури има вакви несовесни доктори ќе имаме негативен резлутат за вирусот.

    Седнав ме виде и кажа дека отокот не е од заб туку каналот ми бил затнат.Ми даде две врсти апој и кажа за некочку дена ќе се среди.

    Од отоков неможам ниту да спијам,секогаш се вртам на таа страна од кај отокот се разбудував,па спијав седејќи,вратот ми се укочи.Неможам ниту да јадам,а овие две недели нормата на леб,слатко-благо си ја надминав.
    А на дете му сум интрресна,како шекерче да сум лапнала и само ме фаќа на отокот.

    Дете си е друга приказна,право ѕверче е рика за се да биде по негово,за да си добие тоа што го сака.Рика и ако се извалка не сакал да биди валкан,одма бара алишта да облечи чисти.А за капење рика тогаш сакал да биди валкан и се така во круг.

    Од дрга страна многу е мил, сака да се гали да се гушка,да се бакнува по незнам колку пати во денот ми кажува ТЕ ТАКАМ МАМА а ја се топам.

    Доста е за денеска и така постов излезе каша попара.

    Имајте убав остаток од денот.
     
    Последна измена: 27 март 2020
    На Kaetana, SummerGirl, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Сакам уште едно бебуле. Многу брзо ми порасна ова моево.. дур трепнав. Би било убаво да си има другаче...
    Само гласно си размислувам.. :D
     
    На Kaetana, SummerGirl, Skorpija25 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки,
    Дур натегаме една жолта со салата да пишам некој збор.
    @emkaemka мојата болка веројатно е поради и претходно искривени пршлени. Не престанува болката ама се вака кога е шашаво времето боли.


    Инаку малата минува низ некоја фаза каде што не дава да и го чепнам јадењето. Ако го чепнам, легнува на земја и прета со раце и нозе, проследено со врискање.
    За давање дава, не е себична ама она да ти даде, ти несмееш да чепкаш..
    Фала богу полека минува скокот па почна да се заигрува пак со играчките, најмногу со бебињата. Ама за успивање е смар :@
    40мин нишкам, пеам и шетам :smirk:

    Му кажав на мм да запреме со работа барем 1 месец ама според него не е изводливо. Нарачки си врват и моментално најактуелно е Скопје :^) незнам бе како можат така... (не ме прашувајте што работиме, неможам маките да си ги кажам :bandit:)

    Инаку многу сакам дожд :rain:
    , ама да го слушам од дома. Така убаво на дремка тера ^_^

    Ништо паметно не кажав, а и што да кажам од дома :wasntme:
     
    На Kaetana, Skorpija25, duffi и 17 други им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.187
    Допаѓања:
    124.689
    Хит ни е и нас топчето од финети:) Маж ми вика ѓаволско топче се викало:) Имаме две. Се разочара кога во последното финети му се падна рака. Секако он ја отвара играчката, јас сум задолжена зс финетито.

    Туку и следната недела ќе врне :(
    Барем дремевме на тераса , сега нема излезено на воздух цела недела.

    Иии, уште една фалба:изеде првпат у живот киндер јајце цело :o
    Честам :^:

    Треба и јас да плескам торта следна недела, на маж б-деј, во план ми е фереро,оти многу ги сака и фереро ќе купам и доста е :wasntme: Него му забранија денес благо беше на лекар,може ќе ја поделам на сестра ми и ќе има фри деливери (highfive)

    Детето од што ги гледа сите на вибер,од сите почна да се срами :$
    Ама во текот на денот мора да се види со сите, а со тетин му кој го обожава,мора 2 пати:)

    Имајте убава вечер (мирна пред се ) :rain:
     
    На Kaetana, SummerGirl, snegulkata и 17 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Добра вечер мајки.
    Прибрав компјутерот и слушаките во постела. Биче журка:tmi::rofl:
    Веќе предолго така функционираме, он на терен цела недела, јас навечер во тишина чепкам по нетот од тел. Е овие денови решив да сменам рутина, да приберам компјутерот и на раат како човек да се распишам.

    Што да кажам. И јас секој ден симптоми си барам. :D
    Некоја безвеза 37.7 до 38 тт, кивам и омалаксаност. НА маж му викам само 1.5 ден неделно си дома, пази да не ни донесиш нешто:worried:.

    Свекрва секој ден се јавува.
    несетачни:shake:
    Првен да дошле, викам не, после деца да зеле, викам и тоа не, па да ме носела да пазарувам викам не, она да ми испазарувала да ми донесе. Мори жено седи си таму, до 50 000 болни дојдовме. Сите викаат да пазат децата да не ги разболат старите, јас викам да пазам децава да не се разболат од стариве:tmi:.

    Инаку најактуелен ни е поштарот:nod:.
    Девојките сфатија како функционира онлајн нарачувањето(отидов јабана со картичката) и цел ден сега чекаме поштарот:worried:.
    На Елизабет многу и недостасува една другарка, па секој ден во поштенското сандаче става писмо, некој цртеж и чека пошатрот да го зеде за да го однесе на Емилија.
    ПА со судни маки и нинџа потези се кријам да го извадам за коге ќе провери дали е уште таму да го нема.
    Па чека и она писмо.:wasntme:
    Па ставам нешто внатре, од Емилија дека е:angel:.
    Сега и Викториа сака на другарките да им пишува.
    Пола ден ни мине мислам во ходник отвори затвори поштенското сандаче и ѕиркање на тераса да не оставил чичко поштар пакетче.:D

    Девојките за сега не осеќаат некаков карантин. Дали дека се три и цел ден играат во игрална...ред игри ред плачки, мине денот.

    Уште многу би, ама да прошарам по темиве
    :hug:
     
    На Kaetana, SummerGirl, snegulkata и 26 други им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Произведувате гз папир ^_^
    Абе ти богаташка си била значи :rofl:

    Мојов од никогаш не давал да му брцаш у јадење, а и што има да дава, седнува и си јаде, што јаде и како јаде небитно, ред двои, ред јаде (иста сум и јас, мора од манџа пример да тргнам по нешто :tmi:) негов тањир, негов избор. Ако го мрзи да врти лажица ќе ти рече давај ми и тоа е тоа.

    Само најбитно му е да "нема и за Пако" :rofl:
    Прееска за вечера го нудам тост, вика сака, па го прашувам мм да не и он сака, аууу кога викна "не, не, не нема за Пако, само за мене" :D
    Али направив ипак два, едниот за мене (кој патем сега го јадам 8)
    ) и ги дели, ова за мене, ова за мами, а за Пако нема :D
    Иде со тањирот на масиче и му вика на мм "ова мое е, нема за тебе" ]:)
    А ако сакаше и мм да јаде ќе се потепаше да му го земе, не дека ќе го јадеше, али битно е и Пако да не јаде, само за него да има (facepalm)

    За нишкање и успивање не ми збори, раце и нерви ми отидоа, но како фатив редот да не преспива, па и како го одвикнав од цице се комира за 5-10мин |-)
    Сам, легнат е до мене, мора само светло да има, или гледа цртан на моб, или тв нешто врти, цртан никат, или ччка некое играче, а последно бара да го чешкам по глава или грпче :l:


    Бројче @24.07 што толку муабет/дружба имаш со комшиката која може баба да ти биде? :?:

    Прашувам чисто од љубопитност, не со некоја скриена намера.
    Пример јас со баба ми едвај два реда муабет сврзувам, просто и немам што да споделам со неа, а и дека малку наглува, едно исто 5пати ќе те праша и ќе ти преседне дури се разбереш. Уствари она не е ни наглува, све што и паше и со шепкање го слуша |(

    Абе не сум кажала, дедо ми се врати од мртвите 8)
    Охохоооо дури пукаше сонце по цели денови се печеше :sun:
    Но не се откажува од идејата дека некој требало да го варди дури спиел, по ново можело да умре у сон и никој да не го сети, а можело и он да викнел, али дека баба ми пиела апови, па немала да се разбуди (facepalm)
    Мислам не дека не е возможно, али да бараш стражар ми е нон сенс (facepalm)

    У неделата баба ми се згнала у продавница рано, рано за да не ја види татко ми за да си испазари сама. Епа не јадела она вчерашен леб, не можело да и пропадне отворено кисело млеко, се засушило и бисквитите кои и ги купил татко му биле многу суви и изгорени, она јадела од некои помеки :emo:
    На враќање татко ми ја начекал и му се стемнило :punch:
    Абе од вакви вампири никат нема да се оправиме, не од вирус, воопшто од ништо, по 80+ имаат и двајцата :|

    Еј да, абе имам нови комшии, као ќе се доселеа во јуни, но поради состојбава убрзаа и еве една недела се тука.
    Веселба по повод вселување и да се упознаеме немаше, јас не сум ги ни видела уствари, но наше годиште се, па ете може комшика ќе си ќарам :inlove:
    Него вторникот им стигна гарнитура, убаа крем со сиво (highfive) и онака си идат од Алекс дизајн, ни маски, ни ракавици, си истовараат со комшија, им се пикнаа внатре да ја наместат..
    Цк вонредни мерки, абе што е тоа |(
    Не не бидува!


    Вечер сега :yawn:

    Исчистив, средив, пречистив, мислам може комотно подот ко тањир да ни служи :P
    Ни у 7ч станав, ни до 9ч средив, али натенане со се бебе успеав брзо се да средам :muscle:
    Ме уцени ако сакам да брчам со правосмукалка да му дадам лижавче, пез, тик-так и дури 3гумени. Се сложив, дадов се и вистина дозволи да пресмукам, додуше даде дури не изеде се, па за ходникот се водеа борби :tmi:
    Само не прашувајте како се договаравме и како успеавме да се разбереме :rock:

    Мм дојде у најпогоден момент со играчка, некоја имитација на Лего, па таман дури склопуваа јас џогерот и крпчето ги завртев :clap:

    Лего е автобус и бензиска, од ситните коцки е, мм пукна дури го склопи, а бебе препукна дури беше готово. Али кои радости се, па на бусов му се отвара врата, гепек, кров за да местиш патници, ок засега сите делови се на број, али до кога кој знае :lol:
    Него заспа со бусот во рака и по 1ч сон оп си седна и почна да прета и да бара бусот, па јас за да го смирам му нудам вода :^) ајде прифати и се напи, али почна да вика "а кае чоече" :D
    Дадов уште малку вода и се трупоса |-)

    Тортето многу убаво :^:
    Ја пресеков по доручекот, први ја дегустиравме јас и бебе, мм не беше дома, иде мм и бебе уште од врата му вика, имаме торта и убава е и трчи накај фрижидер да му ја покаже :D

    @eli25 мојов е цел на нас, шеќераш, ќе ручаме што ќе ручаме ама место за блашко мора да има :l:
    На Киндер, чоколади, крем, некои чоколадни топчиња, бомбони што год не е фан. Конкретно Киндер јајце скоро па никогаш не го јаде и ако го јаде едвај пола, исто и со животинско царство беше.
    Али домашни торти, колачи, наполитанки, фронди, марс, метро, Албени, Чоко бисквит ќе се потепа за нив.
    Последно проба крембанана и рече да е убаво 8)
    Него порано обожаваше пудинг, сега нејќе да го смисли :smirk:

    Хит на денот ми е дека изеде некое залче банана :party:
    А вчера изеде дури третина јаболче :party:
    Има напредок :inlove:
    За портокал вика дека не е за него, тоа било за мами, нејќе ни да го допре. Инаку го вика поктоко :D
    А мандарина е миндинина :D

    Море нај јако му се:
    Бубамара - мумимима
    Пенкало - пенкапу
    На овие секат се смееме како ги вика :D
    И со Пако не можам да не се изнасмеам, па уште ко ќе рече со најтажно, искривено усте "оооооо Пако" или кога го довикува ми идат солзи на очи :rofl:
    А пред некој ден го вика Пако, Пакоооо и татко му не се одзива, па уште 5пати го повикна и гледа нема одзив и онака љуто го довикува по името/надимакот :D

    А мене "мами" ме вика :inlove:
    Емка/Еми никат не ме довикал и рекол, а знае да се викам така.
    Он за себе уште нејќе да каже како се вика ако го прашаш, а си кажува името кога реди нешто, знае како се вика и покажува дека е тој. Али се вика или по име или "дете" :D
    Ако го прашаш дали е бебе, со прст покажува дека он не е бебе, он е дете :D

    Туууу 23ч кај и да е ќе куцне, да си испијам чајот кој е до мене и да се комирам, се испоизморив денес :smirk:
    Утре ваљда ќе шетаме по дождот низ двор и ќе се шлапаме во вирови, па ќе досаѓаме на зајчиња и ќе ја храниме Белла :toivo:
    А ред и полчасовно љуљање на тераса ќе следи :*:

    Убава ноќ :hug:
     
    На Kaetana, SummerGirl, snegulkata и 22 други им се допаѓа ова.