@Kallias2 јас со двете бремености не се фарбав , ама сега за доењето прашав педијатар и ми рече дека не оди фарбата во млекото. Баш , кој да слушаш. ако ти е шубе, имаат убави фарби Апивита, јас црна кога бев со нив се фарбав и многу добра беше, ни мирисаше лошо, ниту ја гореше главата. И има помалку штетни состојки од другиве фарби. Само не знам дали бели влакна покриваат фарбиве, би требало да покриваат
Добро ден Уште денес сонце па пак тмурно и дожд Се возам од одмор односно работаОва хом офис е потешко од работаПа така изнервирана викам ќе работам 3 дена по 10часа и ајт.Па 4 дена ќе си седам само со дете и ќе си уживам.До некаде оваа ситуација ми е помалку стресна од 5 дена градинка-работа- дома.Се преморив од темпото.Вака не се замарам и кога одам на работа се радувамСабајле станав од 5ч без аларм од возбуда изгледа Па се молев да одам да трчам ама немам се уште добри патики па читав "Трчање за почетници"Додека прочитав стана 7часот и почнав да се спремам за работа Кај нас нема карантин знаете, само ограничивање на контакти па ние со малата шетаме по 3часа во паркотМногу е среќна малата што мама е со неа, ама почнува да вика дека сака да оди во градинка и да си ирга со децата Како е нашиот ден обично. Стануваме , се миеме ,облекуваме и јадеме.После и пуштам цртани , а јас почнувам да работам.Па после 1ч го гасиме тв и малата доаѓа да и помага на мама околу работатаИмаме два лап топа, ама овој "новиот " е предизвик ,да го вклучи да виде што има Па сака да јаде па не ова па не тоа, па пак сака и ни станува досадно накај 13 земаме ранците и одиме на прошетка.Се враќаме накај 15-16 зависно дали претхоно ручекот ми е готов .Ќе јадеме и цртаме нешто.Кога мм е дома јас се повлекувам и продолжувам да работам ама нормално мама ова ,мама она, мама види и конечно накај 21 ја терам да си легне за да јас продолжам со работаОткако ќе завршам си легнувам најкасно до 23 Немаме веќе шарена хартија па чекав вчера да ми стигне.Ми стигнаа тегет листовиАма скржавиот два пати плаќа.Прво мм згреши ми кипи некој шарени пластики па јас.Абе жено дај си 12 евра и не ми цепидлачиСега платив повеќе и пак немам Кај нас овој викенд е Велигден, а колку убаво ми беше испланиран Прво 4 дена во спа центар, па за нашиот Велигден да си бидеме во Мк со нашитеАма ништо не зезна чудовиштетоНи отиде одморот за џабе Сега мм ќе работи во саб па нема ни да имаме 4 дена слободни Најмногу ми е криво што малата ќе испушти трарање на јајце во градинката и возбудата околу тоаИм ги кријат јајцата во дворот и децата ги бараат.Кога ќе најдат си го земаат.Ама јас си купив бои од ДМ нешто со некој струготини внатре, со хартиени чашки со зајче и нормално има големи ракавици и мали за малите рачињаНемав намера да фарбам тука си има фарбани цела година па ќе си купев, ама сега ќе фарба малата Се фарбав и јас во неделата па сега ќе го терам мм да ме потшиша со неговата машинка.Ама пак ќе кажам скржав може само крива коса да носиЕгејка сум затоа изгледа.А цело време се силев ќе отидам кај оваа женичка слободна е постојано.Ќе закажам термин и на крај си реков, дека за месец дена ќе одам мк таму мора гастербајтер да се шиша и што ништо.Сега мм нека учи занает Ајде доста шкртам да одморам малку од телефонот и уште 30 мин сум дома.Така мајки имајте убав ден и останите со здравје
@Yowannty благодарам и на вас новите забчиња да ви се редат бели и здрави како бисерчиња. Нас само со нервозно гризење ни избија ама слушам дека имунитетот се намалувал кога избиваат забите а во тој момент требаше и вакцина да примаме и ја скокнавме.
Здраво здраво Кога дојде време и јас тука да пишам Помина 1 месец, полн со љубов, среќа, непреспиени ноќи, стрес, неискуство, измешани емоции, слаби нерви, полудени хормони итн. Првата недела-две спиење на трепки, дали диши, дали спие, дали се подразбудил. Таман си заспал, ете ти го се јавил, кенка, сака да цица. Го доиш, ти паѓа главата, умираш за спиење. Се прашуваш кога последно си се наспал и кога тоа ќе биде во иднина? Сваќаш дека нема да биде скоро. Маж ми си спие мирно, ми иде да го задавам Па ќе стане, па дали доволно спиел, заборавив кога заспал, па цица, па дали му е доволно, кога последно цицаше, па колку пелени сменив, и се така додека престанав да се оптоварувам со бројки, освен кога решив да го дојам со подолги паузи, поради грчевите. И сето ова паѓа во вода кога ќе ме погледне со милите очиња или кога ќе се насмее. Само го гушкам и му кажувам дека го сакам неизмерно. Една е мајка!
Уште 4 дена и моето еден месец прави. Брзо помина месецот, ама некако и едвај чекам да помине, а шо чекам не знам ни јас. Всушност чекам да излезам, с'клет ме фати. Малку бар да прошетам, да се излувтирам... Инаку за памтењето, и јас ко тебе првите дена: кога менав пелена, кога цицаше, кога заспа...досадно и заморно. Затоа си почнав дневник да му водам. И пишам после некоја ситуација часот го пишам и што сум направила. И потоа си бројам, во тоа и тоа време сум менала пелена, полесно ми е за евиденција во 24 часа колку пелени се собрале. Пробај така. Навика е после.
Добар ден Деновиве имам време за се и немам време за ништо. Од толку што сакам да направам многу работи не постигам ништо да завршам, па денеска си земав оддишка. Многу работи ми недостигаат во животов, многу врски ми се дисфункционални, многу зошто-многу малку затоа... ама кога ги гледам нив двајца како се успиваат припиени еден до друг сфаќам дека бескрајно сум среќна. Да го немав ќе ми недостигаше парче душа до мојата расцепкана како мозаик. А таа ми е малечка сонлива месечинка. Топла и мила. Секој ден се повеќе наликува на баба ми. Со истите тие длабоки сиви очи и коса чиниш украла сончев зрак. Баба ми е ретко добра душа, па искрено се надевам бебла ќе биде силна и своја. Таа ги шири своите раце кон мене, а мене срцево како хармоника. Постои ли доволно љубов за своето чедо или цело време ја растеме? Никогаш поисполнети денови на рутина. Сонливи будења во кротки мугри и денови со мирис на зумбули. Ноќи во ритам на омилената музика, чоколадо и неговата рака преку моето раме. Моето најсреќно место. Во овој и сите останати светови.
Веќе една недела сум mother of two. Јас,која викаше дека нема да раѓам второ.А само по година ипол се сторив со две.Нооо долга приказна е тоа.Ќеркичката толку малечка,а веќе има братче. Нејсе. Во толку лошо време се роди ова дете. Да не може човек да се израдува.Се е така сиво.Нема посети,нема ни едно балонче да летне во воздухот.Нема трета вечер,нити 40 дена, па кај мајка.Живееме а како да не живееме.Ми се враќаат спомени,колку бев среќна при сите овие адети. Беше навистина убаво...Капак на се.Имавме позитивен во семејството,со кое и јас и децата имавме контакт.Уништени сме сите.Нашето семејство не го заслужи тоа.Но животот не поштедува никого.Цела надеж ние во резултатите кои ги чекаме,чекаме и чекаме.А дур стигнат ќе ни заврши карантинот. Едвај чекам да помине сето ова. Сите здрави,сите на број !
Добра вечер мајки Денов права пролет, сончко грееше со сите сили, дури и вечерите омекнаа, го нема оној сув студ Кај Јованти уште цветаат зумбули али у мој двор и нарциси се при крај да овенат, но лалињата се на повидок Црешата ни расцвета, па куп пчелички се собрале по гранките, само брмчат и собираат прав Бебе од прво сакаше да фаќаме пчелки, но кога му објаснив и му покажав како ќе го боцнат (го штипнав со нокти за да доловам ефект ) се откажа и почна да ги кара дека се лоши, па да си иделе Веќе навелико ја спремаме тераса у функција, лека полека цела механизација пренесовме, цел возен парк му е таму, утре куќарчето ќе му го наместам + да му се ослободи простор у соба. Убаво ќе му е Убаво да стопли, па и во двор ќе додадеме реквизити + татко му треба и песок да му додаде у делот за градење и копање, бидејќи тој понудениот кажи-речи го разнесе насекаде Денес ден за чистење Аман заман По долго размислување ги собрав теписите, со нив ми беше отежнато пречистување, гратис и бебево ја сврте фазата, па сега не дава да брчи правосмукалката, цели борби е... И се откажав, така непресмукани ги собрав и ги пикнав у спална, сега е таа соба магацин Колку го мразам ова, ама стварно немам кај да ги ставам, таванот не ми е сметен, а и немам најлони, кај сега ќе купувам.. Ќе преживееме, наредно у кола и на перење ќе идат! И сега собите ми имаат ехо, толку ми е празно и чудно Доместос да не купувате Не чисти бе, не вади ко што треба бигор, ма ништо не вади, не го бива, едвај исчистив, златен Пулирапид Ќе го истурам на два пати у шоља деновиве Еј и таму собрав стазите, али не денес, во прерходното чистење, напорно ми идеше секојдневното попарување, дезинфицирање, па тргни, бриши, намести пак Ехехееее немам јас толку време, намори и искочи си, сама ќе се слее вода у сифон и ќе си се исуши И мравки ми се појавија Од кај па мравки, за прв пат у 10г мравки ми идат, ни нешто по тераса не лазат, од кај дојдоа Па испоставав прашак, кај што мислев дека е безбедно, односно не минува од таму бебе, па да видам што ќе ме огрее Утре мм ќе иде у набавка, три дена составувам список и уште кога ќе се врати со пола испазарено има да ми скисне Но, рече сабајле ќе пазарел, па до 16ч има можност уште два пати ако треба да се прошета Може и да му кажам да ми слика фискална штом ја зеде, па одма да интервенирам Иииии на месечно ниво пиеме по 2кг кафе Многу бе, но се мислам од досада повеќе е тоа, колку да се прави нешто Па и бебе одма се мести кафе да пие, па и детево се препи какао Уствари јас само сум си мислела дека сум го излажала дека он верува дека пиеме исто, дека пие кафе. Пред некој ден си реди и вика: Пако пие кафе, мами пие кафе, дете пие какао Деновиве се му купил Пако, уствари и мене се ми купил Пако, не дека и не е вистина до некаде де Прашај нешто кој што му купил и одма вика Пако, па и мене ме прашува "ова Пако ти купи" Еј ама само патиките му се од мами и "капо" мами му купила, капа Го учам дека овде каде живее му е домче, негова куќа, дека каде и да иде треба домче да си дојде. Па пред некој ден и кажува на баба му (мајка ми) дека он имал домче и сакал домче да си иде, па мајка му рече дека и нејзиното домче е негово, дека имал две домчиња. Ја погледа чудно, разбра што разбра, за кратко си заминавме. Идеме вчера пешки накај моите и нели долг е патот, муабети, муабети се вртат го прашувам, "а каде тргнавме" ми вика "кај дугата баба, во дугото домче" Кога зборува за мајка ја вика "другата баба" бидејќи за да се разбереме кај ќе идеме, му кажувам дека ќе иде кај другите баба и дедо, не кај тие доле и сега се "дугите баба и део" Цел месец тоа му е секојдневно шетање, до кај моите и тоа ако е убаво времето, па како доживљај го сваќа, гледа други лица Понеделникот кога го прогласија полицискиот час за малолетни од 13-15ч бевме кај моите и среќа кажаа дека од среда ќе важи, бидејќи веста ја прочитавме кај 15.30ч па ќе требаше да го оставам Прееска му викам ајде да идеме надвор да дишиме чисто воздухче, ми вели "нејќам на воздухче, сакам на сонце" Мислам дека "сонце" го вика "шоче" али не сум сигурна, но мислам "сонце" не е Ејјјјј јако ова "Чичкото" го изговара "чичачо" Но многу битно, името веќе некое време си го кажува правилно Него отворивме сезона во носење кратки чорапчиња Нејќе да носи чорапи, па му направив филм дека мали чопки биле посебни и за мали деца и среќа се сложи Вчера му се фали на татко ми што имал и он одма ме искара, ќе му пристудело, многу нормален коментар Да се гасам, утре Нацко ќе ми биде крив кога ќе ме скорне бебе, а некако ми треба сон Некако се навикнав да спијам по 6ч и супер функционирам, но барем еднаш у 10дена потребно ми е да спијам повеќе, бар 8ч нека се и еве тоа е сега Гушкајте малишани
Добро утро од мене. Станата пред 2 саати. Се осеќам ко пред една недела да родив бебе. Што му стана ноќва не знам. Ама таа последниве 24 ги поминав... Чиниш медитирав а не спиев. Захтевно стана малото али може веќе влеговме во скок. Пишав во темата совети за бебиња. Стана испотено и ладно назад кај вратот и меѓу рамениците. Последниве денови при спиење почна да се поти. Истата песна како со големиот. Големиот до 6 години секоја божја вечер го преспблекував при спиење навечер. Ноќта велики хорор. А често ми настинуваше ако не го соблечев. Ќе се здрви и тешко нас беше тогаш. Очекувам породилното да ми се продолжи. Си викам ајде нека потрае ситуацијава уште малку. Да знам себична сум ама не сум спремна да одам на работа. До пред некој ден викаа пикот се очекува крај на април денес слушам растеретувањето од ситуацијава и враќање постепено во нормала - крајот на април. Абе луѓе кина минимум 3 месеци не мрдна раат од коронава. Кај нас ли за месец дена ќе се среди?? Времето убаво убаво ама слушам надвор врне. Не станувам. Бебчо призаспа па секако ќе заспијам и јас. Кога ќе ни почне денот тогаш ќе видам какво ќе биде Во мисла ми е Велигден. Како да се празнува дома?? а веќе е време да се подготвиме.
Добра вечер Од кога немам пишувано навечер Кога беше помал синко само навечер наоѓав време за пишување, додека го заспивав си шкртав на тамата, сега стана голем дечко и можам во секое време ама нели многу слободно време па ептен домаќинка се сторив (лажам филмови гледам) Само што известија, овде карантинот продолжува до 3-ти мај Не дека во нормални услови многу шетав ама ситуацијата станува неподнослива, среќа овие денови излегуваме во двор, малиот трча, игра, се прави црн како камен (тој така вика ) Денес правевме и зајачиња, пилиња од хартија. Јас сечев, тој боеше и ја завршивме декорацијата за Велигден Јас имам и моја домашна задача, еднаш неделно пишувам, еднаш сум на предавање на скајп на предавањата е присутен и синко ама не прави проблеми, си игра Терам второ тромесечие од бременоста, ниту кг сум покачила ниту стомак ми се познава, што (изрод) човек ќе бев Обично пред Велигден се прави генералка по дома, со таков изговор планирам да го убедам мм да бриши прозорци Мирна ноќ мајки.
тема - домачици во десинфицирање. (Ќе не префрлат ама ај) абе вистина што стана со Доместосов? Земав исчистив дневна цел под лево десно убаво освежив и другата ден батка мрави Али ми сакаш и сега не знам кој крај да го фатам со нив. За во вц шоља така така. Ништо посебно. карантинов ме "натера" да си водам статистика на месечно ниво хахах ама за кафе сум околу 1 кг ако пие и мажле повеќе трошиме. Денес убав сончев ден. Големиот е по цел ден надвор. За во двор не важи полициски час. Малото нека е живо веќе почна роговите да си ги покажува. што значи јас кафе пак не можам да си се напијам како што треба. ќе биде здравје до другото лето мачни ми се алиштата што секој ден перам спаструвам диплам. Се чудам како им е на тие што имаат 3 деца сега треба да барам сезонска облека па да вртам два дена по вакум кесите ама тоа е.
Денес прв пат славам роденден како мама И прв пат у карантин Со бебе, маж, убава торта и вино, 31 роденден си славам убаво на тераса. Ајде кој е за торта.
За природен ако прашуваш, сами паѓаат после некое време, еве јас 16 дена како сум породена природно и имам уште 1-2 кончиња, си ја гледам со огледало раната доле да видам како е ситуација оти ме болеше многу првите денови, не можев да седам како шо треба Среќа сега се помалку боли и седам веќе нормално.
Добро утро мајки Додека бебиња уште нанат, да напишам некој збор. Денес броиме 6 месеци од раѓањето на палчовци. Веќе се дааалеку од палчовци, во колкави дечиња пораснаа, се чудам како толку брзо... Деновите ги минуваме малку на тераса, малку во двор, повеќе дома... Мм ме надмина во готвење, решив да не му се мешам во кујна. Пред некој ден, на брат ми му беше роденден. Во двор, на трева, заедно со моите. Малку фалеше да товариме количка во колата и да тркниме, ама немав храброст ете. Ај, си реков, толку издржавме, ќе стисниме заби уште некое време. Близначињата кркаат каши, немаат критериуми, што им дадеш-тоа се јаде. После колку време од пробување вкусови се воведува оброк? Моиве не пробуваат, ами салам јадат Па така едно мало тегле го јадат и двајцата. Сакаат уште ама страв ми е да не им е многу. Сношти имав време за еден убав и доолг туш, ставав маски, пилинг... Деца заспани, а кога излегов од бања и мм потонат во длабок сон. Одложиме рандеву за друга прилика. Си се наспав едно убаво. Инаку,секоја вечер, едното бебе во 04 саатот се буди не за да јаде, ами за да го земам да легне до мене. Веќе 3 месеци го прави ова. Додека сфатам..се помачивме. Наутро другиот од креветче жални не гледа. Па ајде и него до нас и продолжуваме со спиење уште малку. Па галење, гушкање у стартува денот. Ете го, тропа во креветче, одам да го земам во друштво. Убава недела имајте мајки
Јас како мајчински муабет што да кажам стандардно,труднички хормони мали се размуабети па се само вика,писка,се дере ако му земам нешто,стандардно по книга тераме. Уште некој ден роденденпрв,со вас тука ке го прославиме. Не ми минуваат деновиве,каква пролет сончева,убавини,замислувам дека шетам,дека син ми си седи во количка а ние ручаме во ресторан,ама само замислувам дека ни седел а богами не би ни седел додека ние ручамеа и ке си почекаме за по ресторани. Многу мачнини имам,ептен вака не било. Еве 12та недела за 2 дена уште ми е лошо и поврќам. А 1 кг си ставив. Само да се држам да не бидам како за првата пременост 23кг плус. Со 73кг легнав да ме пораѓаат. Вишок 6 останаа,немав време да ги симнам,сега сум 57. Ме уби тоа што не се движам. Но не јадам леб и благо ама затоа мислам дека послатко од стоби флипс црвен нема. Чекам термин за скриниг,требаше среда ама имаат измени во термините и ке видам кога ке биде. Па ке ви пишам Ве .
Zdravo. Da ve prasam za osiguruvanje na bebeto dali vi baraa kniska? Zaso sea so situacijava nemozam da najdam ne rabotat knizarive. A i doktorot mi kaza elektronski mozelo sea. Ako nekoja majka znae da mi pomogne. Fala