Добар ден мајки, ѕверки Спремни за Велигден? Воглавно, јас сум супер антиталент без желба за талент , истовремено со посебен мерак оваа година гушнав кујна и на работа и труд. Интересен феномен е колку таа ми влијае на сите аспекти од животов, та дури и на оние во кои никогаш претходно не сум се пронаоѓала. Откако ја имам неа, научив дека можам да остварам се што ќе посакам, па и таму каде не сум била добра. Ја голицкам само за да и го слушнам кикотењето, а срцево да се намири со најубавиот звук на светов. Па ќе се измори и ќе го навали убавото главче на мене да го одмори. За час ќе се скроти во мене цела и ќе заспие. Можам да ја гледам со часови без да трепнам, само за да не пропуштам ни малку од нејзиното растење. Сеуште ми е неверојатен фактот дека јас родив! Дека ја родив токму неа! Токму тие рачиња и очиња. Дека родив ѕвезда и месечинка. И едно цело небо нови чувства за секоја секунда до крајот на мојот живот. Таа дојде и ми насади бавча во душава. Ви посакувам среќен Велигден и убави денови со најсаканите.
Добар вечер мајки. Денеска денов во работа низ дома и некако како долг ми се види. Метење,џогирање,бришење прашина,па пауза имав за кафе.Потоа правев руска салата,но не ја пробав дали е солена,(дека постам). Две машини спруши,собери и се собраа за пеглање ама ќе оставам по празников сега не но се хитни.И така денов не ми помина брзо. Инаку многу сум под притисок,моите се лутат оти немаме појдено 6 недели кај нив,да го видиме бебушот.Но како кога ми е страв... Дома исто така.. Не сакам да се повторувам,само ќе кажам возрасен човек е негов живот...цела среќа на овој свет му ја посакувам. Ме нервира и свекор со неговото,треба брашно да се купи,треба квасец...Имаме не дека немаме 15 кила брашно ама да се има бе за недај боже.Како само тоа да треба,не ќе јади само леб. Дете писка,плачи за се,незнам дали има некој скок на 3,5 години или пак таков си е мора да биде се по негово,да го добие тоа што го сака.Многу често се лути,бега и вика те нејтам.Или е резлутат на тоа што не преспива скоро два месеци.Но добро е што пак се врати на старо,најкасно 9 - 9:30 е веќе заспан со шишето во уста. Добро што се стопли па повеќе време сме во двор.Се учиме да возиме тротинет,играме со топка,фрламе камчиња во кофа со вода,игра во песокта и мора да е со вода.Кога се топли деновите тогаш не сака со вода сака да игра пример со топка,а кога се ладни пак виси на чешма.Или кога е топло не сака надвор,кога е ладно тогаш сака.... Но не е се така лошо во полицискиов час, Маже е дома... Тоа значи повеќе време поминато заедно,нема шетање ама имаме убави моменти заедно дома. Најубави се утрата кога се будиме сите заедно во кревет,па следуваат бакнежи од двајцата,гушкање и на крај смеење. Маже кога е дома секогаш е околку дете,а јас можам да речам тогаш дека одмарам,минути за мене.Маже знае да застани да зготви нешто,но зад себе остава пол мијалник од валкани вагани. Имаме и повеќе време за нас во вечерните часови кога дете ќезаспие. Знаеме да се опуштиме со некоја чашка пивце малку мезе и гледаме некој филм или разговараме си правиме планови за иднина. Имајте убава вечер мајки.
Честит велигден ,за многу години празникот мајки годинава поздрави ,посреќни и побројни Гушкајте се и чувајте се домче со вашите сакани Ви посакувам убави празнични денови на сите
За многу години мајки! Нека ни е на помош денот, да сме здрави и живи и повесели. Ние денес си прославивме по дома. Се кршевме со јајца. Бебе испадна најјака. Синко пресреќен вели најубав Велигден со сестра си имал. Уште карантинот да заврши да не мора со најблиски на камера да се гледаме. Ве поздравувам
Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Живи и здрави да сме, многу години да славиме! Се кикоти малата во сон, тоа значи убав ден имала, среќна заспија, па којзнае што сонува па толку слатко се смее! Големата заспа покасно, остана будна за да го доработиме велигденското зајаче, па задоволна од изработката го намести на полица и легна да спие. Ете се потсетив да го преместам, оти малата пак парчиња ќе го стори. Велигден дефинитивно ќе не здебели.. и цела оваа изолација! Дома седењето е причина за досада, досадата за јадење... ете се правдам сега... Денес ми фалеше маминиот ручек, семејството комплетно на едно место, тортата од мама, благата погача, јајцата црвени без лепенки и тракаташки... Наместо тоа се дружевме со деците дома... па не се жалам, убаво ни беше... Јајцата годинава не се за видување. Убаво си ги обојав во црвени, жолти , сини, виолетови... се со помош од ќерето поголемата Малата коцки редеше несвесна што се случува во кујна. А јас и големата тивки да не не открие дека нешто работиме, оти и она ќе ни "помогнеше" Откако ги обоивме извадив лепенките и ја оставив дадата да ужива а јас редев коцки со малата. Дадата пресреќна на своето ремек дело, на едно јајце три лепенки, де пеперутко де крстчиња де животинки... Смешни дури! Сепак се воодушевив на нејзината изработка, нек се радува детето! Воскреснивањето го дочекавме на балкон,.со сите комшии! Секој на својот балкон, со свеќи и јајца! Ете така Велигден никогаш не сме дочекале, ама беше убав момент! Децата едвај издржаа до 00 часот, особено малата! Ама сакав да сме заедно, и нив им беше убаво! Утре пак дома седење... Што ли ќе се прави?!? Уф го развлеков постот... ајде одам ма спиење сега! Добра ноќ!
Честит Велигден,Здравје љубов и мир во душата кај секој! Догледуваме цртан со дете па на спиење.Една тура скокање по кревети обавезно тераме,за да се измори .Секако,нема ни дневно спиење...Едвај чекам да се умири лудилово ,дете да си шетам надвор.Не ни фалат игротеки,не ни идевме. Помина празникот,вапцав 7јајцаколку да одбележиме.Многу убаво ми фатија боите Напраив и торта,па ишарав со рвици така велигденско шаренило да доловам Сеодјавувам..убава вечер.
Добра вечер мајки За многу години Последен непрочитан пост ми останал оној на @FreeMind. Таков момент на совршенство, кога посакуваш времето да застане, кога се се одвива како филм со перфектно безгрешно сценарио имавме викендов. На ливада полна со цвеќиња, пикник корпата, и девојките околу нас. Додека едната ја гледав како безгрижно спие, другите две береа цвеќиња и го правеа најубавиот букет кој некогаш го имам видено. Јас и он се смешкавме...не беа потребни ниту зборови. Спокој и хармонија на душава, љубов и топлина во срцево. Вечерта од убавини две флаши вино испивме Пријатна вечер на сите
Здраво женчиња Јас одмарам, нешто ме боли главата, маж чепка во подрумот, синко рипа по собата. Изминатитот период многу убаво, сите на куп, без брзање на работа и трчање да го земеме детето од градинка Одиме во парк и се возиме заедно на велосипед Што би рекла Дани да може да застане времето би било уште поубаво Му викам на маж да не треба да работиме колку ќе е убаво, ама реалноста е друга... Пробувам да не се нервирам за дете и маж, и да не мислам на тоа што не чека во блиска иднина. Сите дома, не ради празниците туку од на боледување. Јас си имам асма, маж вртоглавица и проблеми со очите-наочари не му помагаат, а синко со кила на препон Имаме и хирург надедната недела и искрено се плашам, а знам ќе рече операција Оно златното од гребаница се плаши и писка да не течело крв, а како ќе минеме на операција ич не сакам ни да знам. Држете ни среќа другата недела. Друго ново нема. Градот нема да помислиш дека има вирус, се си тече нормално, луѓе си шетаат, само трговските се уште затворени. Туку синко сега вози на поголем велосипед од братучетка му, а другиот треба да го продадеме. Синко ме насмеа вчера ни вика мамо да ми купиш тони бокс. Викам што е тоа и ми објаснува, вика имаме две такви во градинката. Викам да не е играчка на некое другарче што се вика така, вика не не сакам поштарот ако може тоа да ми донесе. Куцам на интернет, стварно ја има играчката Само малку поскапичка е, па му рековме дека ќе мора да почека, во скоро време нема да ја добие Со мм си коментираме почнаа желбите, како растат децата, растат и барањата Мора да се учи дека не може се да добие во моментот кога сака. Инаку сега што сме дома користиме време да се средиме,јас успеав прозори да исчистам и само си ги гледам колку ми се убави Изгледа моите се биле најгадни од цела зграда, оти сега како што гледам нема некои кои се толку валани. Дури и автомобил исчистивме, не беше чистен од кога го купивме Или трчаме на работа и кога сме слободни гледаме да го раздигаме станот и за автомобилот се нема време. Тоа ние правивме градина со палети на балконот, да си сварим кафе и ќе седнам на нашата мала оаза, па можеби ќе ми размине главата
Ауу не можам морам некаде да се искажам значи пукнав. Буци почна да ми се буди плачејќи, не секогаш ама знае уште во сон да почне да плаче, душа мила, многу е жален. Не знам од што е ама претпоставувам од што може да биде. Од кога почна да препознава/слуша звуци почна да реагира т.е да се штрепнува да рипа кога ќе залае едното куче, исто така маж ми веќе месец дена има проблем со носот и кива и го брише ама ич не внимава и на секое кивање детето рипа и будно кога е. Му велам обиди се да киваш со ракав или да го прегушиш кивањето детето го плашиш ко на ѕидот да му зборам, не плачел од тоа требало да се учи на секакви звуци. Сега кивна ама мислиш од петици го извади, буци заспан скокна 10 цм од креветот душа на мајка па преку таквото веќе. Па згора на се другарките ми се исмејаа во фаца и ми се налутија зошто ќе сум го вакцинирала буци. Бог да чува. А да не почнам со коментарите од типот "За наше време немаше интернет па затоа им дававме кашички и сокчиња уште од 3ти месец, сега многу се правите паметни.." свекрвата Ај нека ја снема коронава аман да си одам кај мајка малце на релакс.
Колку брзо лета времето. Зарем година помина . Среќен роденден желбо моја,да бидеш жив и здрав,вредиш за секоја непреспиена ноќ. Денес сами ке ја дувнеме свеќата,не е тоа толку важно,важно е да сме сите на број и оваа ке биде твоја година затоа што ке бидеш поголем брат. Еве од нас да се почастиме
Хелоу Цел месец не сум пишала. Ме нервира ситуацијава. Ужас. Викендов добро поминавме. Малку јајца исфарбав. Што ќе ми се повеќе кога никаде не можевме да отидеме. Само зелени и црвени. Уште лани реков дека годинава такви ќе фарбам. Другите бои не ми излегуваат како што треба. Домашна напишана со големиот. Нека одмара неделава. Ручек имам од вчера. Дури и лепче замесив. Маж на работа. Скратено работат заради ситуацијава. Децата збеснаа. Не памтам да биле толку немирни. Само се тепаат, трчаат, скокаат, викаат. Ништо не ги интересира. Џабе имаме дома боенки и сликовници. Само гледаат некоја беља да направат. Дома исчистено па сега ќе се гледа филм или серија. @Happyinlove Среќен роденден на малото.
@Happyinlove среќен роденден на малото срценце,да ви биде жив и здрав и да порасне голем и умен,да помага на мама.А на тебе со лесно до крај и да те чуваат *
Среќен, најсреќен роденден на малиот батко @Happyinlove , да е жив и здрав Уживајте во денот, ова е ваш ден за славење. Cheers
честит роденден и се најубаво Јас празникот не ви го честитав. Не можам,со бесно бебе дома.. Времето ... Страшна работа. Окапа од дожд 2-3 дена. Којзнае кога ќе се оправи. Ама па кога подобро ќе размислам.... Да не ми е мака што сум дома нека е вакво времето. Ново ништо посебно. Ближи крајот на породилното. После не знам до кога ќе е вонреднава состојба колку ќе фатам денови плус дома.
@Happyinlove цел ден се мислев каде требаше да пишам. Среќен роденден на малиот батко кој ќе стане преку ноќ голем батко. Бидејќи касата ти ја одземав поради работна неспособност под притисок на луди хормони да не ги претвориш парите во ханзаплас за уши да ти поделам следовање како што си е ред
Добро утро мајки,...Па каде сте??? Кафе пијам и дете ранам...Очи едвај отворени држам.Се размислив вчера баш пред спиење што после коронава,јас на работа,а дете во градинка ке треба..А баш одма да го пуштам,па и несакам.Ке мора преговори со свекрвата маж да преговара... Попуштија со полицискиов час,па почнавме да шетаме.Секако, на растојание се држиме а не ни идеме у гужва.Дете изгубило кондиција а и не е баш расположен да шетсжа,ам п а како фино се изморува за секунда заспива Ве поздравувам,па шкртнете некад....