Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Еве јас ја држам заспана мојата втора долгочекана радост, додека првата свири пијано да чкртнам нешто.
    Од рано будна, собрав велигденски кокошки, јајца зајаци, најадов деца, забришав прозори и прашина и поминав со правосмукалка. Браво за мене.
    Сега ќе се исфарбам во косата не можам да се поднесам веќе
    @Happyinlove среќен роденден на синко ептен каснам. Тебе со лесно.
    Па толку од мене се пишиме. Одам ручек да правам.
     
    На Passionfruit, hello-kitty.90, Мариаа. и 13 други им се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки,
    Претходните години уживав да ги вадам летните алишта, додека зимските ги кревав. Чувствував некое олеснување, плакарот среден без дебели размавани џемпери.
    Оваа година 3 дена собирам, 3 дена вадам. Додека ги вршам домашните обрски, позади мене малата растура, ова би ме нервирало пред некое време, а сега ми е слатко. Си остава траги каде што ќе стапне,почнува да го гледа како нејзин дом и нема ништо помило од тоа.
    Сакам секоја минута да ја поминам со неа, да ја видам насмеана. Легнувам преморена ама со исполнета душа.
    Вчера додека шетав првпат го осетив мирисот на цвеќињата и дрвјата, онака длабоко земајќи воздух . Оваа ситуација ме натера повеќе да ги ценам работите.

    Туку помислувам дека нешто не е во ред со моите хормони.
    Косата еден период не паѓаше, сега цели прамења.
    Расположението ми е многу променливо , желба за кекс 0, некој чудни вртења во главата и ме тера на повраќање.Апетит х3.
    Треба дефинитивно да ги проверам кога ќе се посмири ситуацијата.
     
    На *malenavolena*87, Milaаа991, Chanell* и 19 други им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    (highfive)
    Заспиени се од пред час време, а јас по нив го средував нередот кој они две го прават... како ураган да поминал. |(
    Оти почнав да им попуштам? Едно време не дозволував јас да им ги собирам боичките и куклите низ соба.. Сега спонтано почнувам да си ги собирам како баш да е моја обврска, како јас да си играв со нив. :@

    Ја прочитав @BabyT* погоре дека и е слатко кога малата ,, помага " во средувањето на плакарите, па се штрекнав дека јас ужасно се нервирам кога заедно со ќерките работам такво нешто. (facepalm)Малата обаврзно прередува по мене, големата не престанува да прашува за секое парче облека од каде е, кога сме го носеле, кој го купил... и тоа средување плакари би било растурање плакари... ]:)
    Не не:shake:, јас не сум толку храбра... ќе начекам момент кога ќе сум сама... Ама когаа? Периодов сум од 9 до 18 на работа... на работа имам работа... па дома се враќам во 18: 30 :whew:
    Со деците гушкање и прераскажување на денот... Најчесто дадата се жали од сестра и дека и ги растурала играчките па ете од гушкање преминуваме на судење . :!:
    И почнувам вечера, по вечерата ручек за другио ден... Морам така иако тешко ми паѓа пола вечер во кујна да ја минам ама ручек треба да има, па затоа готвам од вечер.
    Па ги бањам и пак играње и закачки , па и плачки... и тук - там некоја препирка со ММ кој упорно ми префрла дека сум ја разгалила малата :o Иначе кај нас дома тоа е најчеста причина за закачка меѓу мене и ММ.
    Моментот кога треба да спијат секогаш се одолговлекува... им се сака и сок и вода и да мочкат и да јадат:@... па како некое правило е некоја да се измокри па да бараме нови пижамки...
    И ајдеее цртанот :~:го пуштаме и спиеме.|-)

    По нив како погоре што пишав средувам се што може во 23 часот да се среди... и конечно се плеснувам на креветот па или чачкам на тел или со ММ си муабетиме за нешто...

    Се радувам дека утре е недела... Бараа да им готвам нешто вкусно и омилено, па ќе шлакаме со водени бои, ќе играме со кукли и коцки... Ќе ги растуриме и сложувалките кои не се веќе воопшто интересни и ги сложуваме за 1 минута... ама нека, нек се и они распостлани на подот... имс кој да ги собере:^)
    И така... секојдневие со дечките исполнето со се... од радости и смеа до плачки и досада!

    Ајде,.стига везев... Мирна ноќ на сите
     
    На Chanell*, Happyinlove, mal.ecka и 17 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки. Гледам слабо сте тука. Дојдов да ве поздравам. Добри сме големото како секогаш малото во скок... Јас тука сум до лудило ама се трпи. Туку ме мачи нешто. Ми ближи крајот на породилното а продолжение поради состојбава само 10 дена. Најтешкиот период и одлука за мене. Да оставам бебе што цица деноноќно.
     
    На Happyinlove, TarantulaA, hello-kitty.90 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки:toivo:

    Темата ептен замрела:oКаде е @emkaemka да пише некој долг пост да има што да правиме:)Не само Емак сите мајки фалат:!:

    Маскирана како нинџа се возам на работа:xОваа недела цела работам .Претходната бев на одмор.Со малата се чувавме и уживавме:inlove:Малку времето не се погоди ама ако и дома да седи човек некогаш е убаво:smirk:Што научила од рекламите прави со рачињата покрив и кажува виа блајбен ци хаузе(ние остануваме дома):l:
    Како издржуваме по дома?Шетаме и готвиме |(Затоа вагата покажа 61 кг:worried:Кога доев бев најдебела 63 ама па и јадев^_^
    За викенди шетаме и нормално без пикник не оди:smirk:Сега штом се качиме во кола првото прашање на малата и е ќе одиме ли на пикник:rofl:Да ви раскажам за првиот подготвен пикник.Некако се не се погодуваше да бидеме спремни за пикник или ќе заборавевме ќебе или ладно.Конечно спремав повеќе работи, вода стоплив во темусот за да си пиеме кафе или топло чоколадо, овошна , некој семки за грицкање и други стволинки.Ручек мора дома:!:(facepalm) Стигнавме до едно прекрасно езеро иако беше ладно и немаше место со сонце ,од големите дрва, најдовме едно местенце 2 на 2 со сонце и одма до водата.Ладно од ветрот ама рековме пиеме кафе и продолжуваме.Малата од радост не знаеше што да направи.Јас и мм пресреќни како пиленца заљубени се галевме и радувавме на тој убав сончев зрак.Од толку голема радост уште не послан покривачот малата отиде кон водата да фрли некој камен ама поради брановите некој бран и ги измокри нозете:(Кога рикна да плака и идилата заврши]:)Ама не се откажавме од краткиот пикник . Ја соблеков, не носев чорапи и облека за пресоблекување па и ги облеков моите чорапи.Патики не беа мокри па пак и ги облеков.Пиевме на брзина капучино и топло чоколадо и нормално малата пак се поли:doh:Ова беше крајот се собравме и право во кола.Од овој момен во колата стојат чорапи и облека за пресоблекување.Нема да се нервирам од измокрено дете да кратам пикник:party:Ама да беше топло ќе останевме не е проблем ама 13 степени не беше баш за пикник^_^
    После овој имавме многу поубави и посреќни пикници,ама и такви до плачки:rofl:


    Јас стигнав до работа сега вие сте на ред да пишете.Со здравје и убав ден:inlove:

    П.С си добив на поклон маска од rbb одејќи накај работа па не мора да купувам сега:party:
     
    На Kaetana, Chanell*, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    18.643
    Мајки, сте ги носеле бебките на сликање за пасош деновиве?
    Имаме закажано за утре,на два ума сум...
    Ме интересира како оди постапката,секако јас и бебе ќе седиме надвор додека не ни дојде ред,мм ќе го пратиме внатре да следи, ама не знам дали да одиме..
     
  7. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    8.004
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден во Гевгелија во полиција се чекаше ред за сликање надвор на одредено растојание. Внатре влекуваа еден по еден и со заштитна маска. Сигурно имате закажано во колку часот да бидете таму ќе отидете неколку минути пред терминот. Имам едни пријатели ги беа вратиле за детето бидејќи немало 13 часот а детето е 17години, им рекле да одат после 13часот. А другите дека над 18години се сликале за пасош.
     
    На Cka и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    18.643
    Фала многу,ме потсети за полицискиот час :)
     
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Тука сум @Ava.84 отварам кога можам и читкам по нешто, ама реално се помалку можам, да пишам па ретче, две се помалку имам време :doh:

    Бебе ми е активно се дури е будно, турбо сме штом отвори очи, карантин овде "нема" сум кажала пресек ни се Молови и лулашки, ама двор од 1000кв (тропнав мислам има и повеќе, оно сигурно има 1000кв пред куќа, од зади не ни знам до кај е наше :D), па улици, улици празни за шетање и мерење, ридови, планини и секако дворот и дружбата кај баба и део, така да јас немам време у огледало да се погледнам :smirk:
    Телефон ем не сакам да зимам, ем не ми дава бебе, одма го џапа и го фрла, сето внимание го сака само и само за него :l:
    Среќа си легнува со ред, но што сум капната, што да се видиме на раат со мм, па да се погушкаме или некое филмче да изгледаме :inlove:
    И толку е денот, ставам глава на перница и кома сум |-)
    Сега очи ми се лепат, ама пусти мерак да си пишам нешто :angel:


    Ноќ мајки :yawn:

    Не сум возела од кај 10ти март, ниту сум била у продавница од тогаш, ниту па некаде од оние добро познати три локации.
    Карантин на нивоу :rock:

    Денес пресеков и отидовме со бебе у поход по две битни ствари, а се вративме со празни раце :envy:
    Не да ми е мака, ќе си пукнам :@
    Сега се чувствувам контаминирано, толку прљаво што да ви кажувам, мислиш кој знае каде бевме, уствари бебе едвај и од кола искочи, што ти е сугестија :tmi:
    Јас немам појма како да се понашам за време на пандемија, ниту маска знам да носам, уште помалку да баратам со раце, лакти, нозе за да не контаминирам раце. Цел гел го потрошив, а уште не знам зошто, секаде каде влагав се отвараа вратите, пари едвај пофатив пошто ништо и не купив, а нај јако на една и го попружив отворен новчаник за да ми го пикне кусурот :tmi:
    Е до толку сум :sweat:

    Бебе кога ме виде со маска, кога рикна, кога поцрвене, солзите одма течат, се преплаши :|

    Еј да и мајка беше со нас, да варди дете у кола, ама патешествието со неа радо ќе го скокнам во овие доцни часови |(
    Више не ја зимам!
    Нормално и нема да ми треба, се дури трае фркава само маж ќе праќам у пазарлук и крај!

    Него како сум возела :bandit:
    Мислиш почетник, вчера сум зела возачка, а не 15г активно возам :tmi: стварно не знам што ми беше :^)
    Па 1.5м колава невозена, ај сабајле прво тргнавме да ја замиеме со бебе (facepalm)
    Прво тргање неуспешно. Искочивме и гледам на врата од напред цел мокар :^) епа пампи не сум наместила убаво и куре му останало надвор и он се помочкал :lol: како го успеав и ова не знам :rofl:
    Му викам "што си мокар бе мами?" и целиот натажен вика "маwку мочкав, оооооо" и прави тажно фациче :D

    Втор обид. Успешно искочивме, културно си седна пред врата на скаличка и муабетеше :talk:
    Но по 5минути му се здосади, па запази еден вир и се шлапна цел у него (facepalm)
    Скокаше, што скокаше и почна да писка дека бил "малку мокар" а он утоп. Па така "малку" голичок, дека и печеше па не беше страшно го седнав у кола да дочистам :tmi:

    Трет обид искочивме дотерани у "катки" панталони за шетање :inlove:

    Детево ми стана како "празна воденица" (lalala)
    Прво се секираш дали ќе збори, па дали ќе има малку осет да потрае :tmi:
    Сме откажале и цуце, па сега тоа е, па тоа еееееее..... :talk:
    Не ми е досаден, ни напорен што збори, ниту што прашува, али што бара по 100ти пат да повториш се заморувам :tmi: па кога ќе фати он се едно те исто да вергла, па бара и поткрепа дека го слушаш, па чека да надополниш и пак повториш :whew:
    Пред некое време барем цртан кога ќе гледаше ќутеше, сега ем нејќе да гледа, ем кога гледа е како синхронизатор, коментатор, раскажувач и се у едно :talk:
    Навечер за да спие едвај го убедуваме да ќути, веќе некое време пали "лошиот чичко" али до кога не знам (fingers)
    А успивање пак е на сцена со нишкање :rock:
    Изгледа се исклучувал со цуце, а сега нема прекидачот и не успева да потоне |-)
    Епа нема сите добра, ајде ок е да не се жалам, за максимум 5мин е кома |-)

    Си викам кога ќе ги откаже пелениве да не побара само пак да ми спие на рака како некогаш, е тоа ќе е весело :x
    Уствари што весело, укочено :|
    Еј тоа, викав дека сакам да откажеме цице и дури јас бирав ден он го избра. Викав дека доста му е цуце и дури само викав он сам ја откажа. Еве си викам доста е пампи и доста е и доста е...
    Па ај и за тоа нека бира близу ден и нека го остави (fingers)
    Не капирам како да му всадам дека треба да моча/кака у шоља, уствари он сваќа али не соработува, ниту дебатира за тоа, просто не ми се фаќа на муабетот :D
    Пампи било убаво, он нејќе гаќи и тоа е тоа, не дај боже да пробам да го седнам на шоља :x

    Во глава е како глуварче :smirk:
    Ја кандисав тетка му да го шиша, она е несуден фризер, као се нафати, рече ќе дојде и еве ја чекам :o:
    Мм не се нафаќа он да го шиша, ниту јас имам гз да земам машинка и да баратам, па тетка ќе ја има таа чест. Верувам супер ќе го среди, полошо испочкрапан ко последното стрижење неможе да биде, шанса нема некој пак да успее така да го наццка како глувчиња да го гризеле, талент треба и за тоа :rofl:

    Бараме и нова "капо" старата лита и никаква, а он заљубен у неа што да ви кажувам, без неа не иде нигде, ма бара и по дома да ја носи. Секако до сега давав само да не гледам фризерајот, али затопли многу :tmi:
    Барам слична, барем тегет да е за да ја прифати полесно, али тоа не најдов никаква, не па тегет :rofl:
    Има една тексасна, поклон од тетка, ама цела недела ја барам и не ја најдов, не беше нешто лична, али барем ќе е нова и за пред народ 8)

    Него и од другата страна на куќата имаме нови комшии:party:
    Па за да е поубаво имаат и дете 2м помало од бебе мое :inlove:
    Си играат преку жица, си додаваат ствари или поточно си кријат, пред некој ден се сретнаа на улица и не се познаа :rofl:
    Колку ли се бараат да знаете, другарчиња :inlove:

    Уште некој ден и Мај е, еј летаат месеците!
    1ви Мај, ден на трудот, па по тој повод мм на бебе му купил Лего-багер, да подработи нешто :D
    Претера мм со Легово, мали се за него коцките, се радува и се, но не знае да ги чува, ги растура, ги губи, дел и му ги залепивме со силикон за да не му испаѓаат, али не можеш се :smirk:
    Реков веќе да не зима, кој знае дали ќе ме послуша, дека нели бебе многу се радувал..

    По дома јас стандарт, се чистам и се како неисчистено ми е, па дека тргнав и теписи :worried:
    Бубу ми откажа љубов скрос :(
    Мм ми вети нова + и џогер ќе имало, па еве си ја чекам чистачката да ми дојде и бел ден и јас да видам :*:

    Деновиве садев и цвеќиња :f:
    Мислев оваа година да одмарам жардињерите, но ме убеди мајка со некои многу убави розеви што растеле како пир и биле лесни за одржување и неболежливи, па малку внимание, многу убавина се нудело :f:
    Сега се мали, расад, ни цветче ни бутурче, тоа листовите се баш ко пир, кој знае што ќе искочи :lol:
    Ај нек се зеленее :D
    Извадив и салонските цвеќиња, дел и пресадував, имам исусови венци 2вида, барем јас како такви ги знам и у соба не ми цветаат, па мм рече за надвор биле и одма се сложив и ги насадив у двор. Што им е пишано тоа е, јас мислам ќе измрзнат, ама они си знаат (lalala)
    Па имам празни две саксии, во едното план е алое да садам, а во другото едно цвеќе со шарени листови, кое го имав али го исушив лани, кое патем и една другачка ми викаше дека било отровно :wasntme:
    Еј а во едно цвеќе стандарт и печурки ми никнуваат, тоа му служи и како канта понекогаш на бебе, па ете му годи и вади печурчиња :D

    Ги изнесувавме заедно со бебе, јас саксиите он ми отвараше комарник, не се потегна ниту едно да изнесе, се до најмалото кое не ни мислев надвор да иде. Чувар куќа и имаШЕ пуштено и нагоре ко гранче, интересно личеше, го чував во аранжманче на маса во тањир. Па се качи и на маса да го зеде и при оставање му засмета гранчето и џап го скина, не било тоа убаво (facepalm)

    40мин ги пишувам ретчињава, бебе побара веќе водичка и толку ќе е ваљда потстанување, па да потонам до кај 8-9ч да одморам душа :yawn:
    Убава ноќ, гушки :hug:
     
    На Kaetana, Chanell*, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Minice13

    Minice13 Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Добро утро мами,
    Конечно да стигнам да напишам нешто. Имавме доста работа со сопругот и покрај ситуацијава па можев само да прочитам по нешто од време на време. Малиот прави 11 месеци точно денес и еве го оставив уште да се излежава а јас станав шејк да му направам. Од пред една недела некако наеднаш му текна дека требало да стане и стварно стана. Претходно си седнуваше и оп стана и се држи за гарнитура. Интересно каков инстинкт имаат. И да ви кажам во понеделникот бевме на U6 преглед и чекаме, доаѓа докторов и почнува: како што знаете имав корона вирус .... И јас се скаменив. Се задржав да не му се развикам. Па добро друже зошто сум јас тогаш маскирана ко космонаут а? И кој тоа ми кажал м? И му викам сигурно не можете да ни пренесете? Ме убедуваше не, бил негативен. Си помислив не би му дозволиле да работи ако несмеел ама и касно беше веке бевме во ординација. Ќе види тој колку јас знам да бидам “негативна” само ако приметам нешто кај нас со малиот. Кога го прегледуваше малиот фати да клоца и да го бутка од себе и го изнаклоца. Јас не го спречив, сакав да го клоца. И ми вика енергично момче Јас : Да
    Него да ве прашам мамички: Не ви се здосади само по парковиве? Нас да. Па ок природа убаво ама да ти пукне таквото веќе и од природа. Ни треба дружба. Ова вирусов ич не ни требаше, сите планови да ги поремети.
    Ах заборавив да спомнам малиот има “четка” фризура и самиот ја прави во спиење. Сите викаат супер фризура имал, јас мислам кул е фризурава не ја менуваме
    Ќе направам слика и ќе ви покажам. Засега тоа е, одам да пијам кафе и ве поздравувам. Убав ден ! ☕️
     
    На Kaetana, Sexybaby86, emkaemka и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Колку глупо ми звучи реченицата Бебе број два :|
    Мнг глупо! а гледам секоја скоро го кажува или пишува тоа :tmi:
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    22.692
    Пол:
    Женски
    @Bella* е шо има глупо во реченицата? па стварно второ пп ред е,а кај некои и трето,четврто..Не значи декае и втора љубов или помалку сакано...
    Да ве поздравам празнично ;) Што убаво фативме ред со дете откако ни одложија полициски час...Сабајле прошетка,па и после спиење пладневна.За минут заспива.Малце надвор ми праи проблем,лани беше многу умен ама валд аи зашо помал? Сега се научил па вика голем сум,сам одам и ми бега од рака.
     
    На Ano, Sexybaby86, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат пишувам тука... Некогаш многу тешко ми паѓа мајчинството... Дете може да ме извади од колосек за 5 секунди. Не сакам да се гледам во такво издание, да викам, да се дерам, но тоа е посилно од мене. Се трудам да се контролирам, но не секогаш ми успева. Исто така мајчинството ми доаѓа доста осамувачко... Сите додека седат и ручаат и пијат и се веселат јас трчам по детето и тоа сето ми изгледа како маѓепсан круг. И друг да ме замени на 5 минути сепак исцрпува цело време да му ја мислиш за јадење за пиење за спиење. Толку ограничувачки. Толку еднолично. Секој ден е ист. Ова со карантинов си е дополнителен фактор така да се чувствувам. Кога одев на работа сепак имав пауза од сето ова, а сега 24|7...турбо. Не знам дали добро се снаоѓам во сето ова.. Детето сѐ е навреме посмирено, но што е со мене? Јас се изгубив во целава приказна со мајчинството.. Очигледно сеуште не сум се помирила дека јас сум само мајка и дека постојам да го изгледам ова дете. Сакам и да работам и да создавам и да придонесувам во општеството, не сакам само да менувам пелени... Ах... Забегав со постов... Но ве молам не осудувате... Сакав само да се испукам...
     
    На Minice13, happygirl, dunika и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Јас па дека пол уште не му знам и еве слика постирав тука и напишав бебе бр 2.
    Не за друго, да не речат кај го пуштила оваа мефот во 15та недела :rofl::rofl:. Да се знае дека едно го растегнал доволно:rofl:.
    Се зезам.
    Прв пат денес гледав слики од првите денови на син ми и ми дојде таква убавина дека за скоро ке има повторно мало мало бебувче... немав до сега таква емоција,може дека во шок,непланирано,брзо... но ми недостигало ете во раце да имам повторно кревко бебенце од 3кг:inlove:
    (Додека не почнат грчевите:^):rofl:)
     
    На kitty.m, happygirl, TarantulaA и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Еее гледаш,ти кажував јас дека покасно поубаво ќе се осеќаш...јас па сега па едвај чекам да се породам да си гушкам бебенце слободно без да ми смета стомаков хахаха,да си го облекувам во мали алиштенца да си го бањкам такво прцле а најмногу од се едвај чекам да ја видам реакцијата на ќерка кога ќе ја види сестричката :D
    И јас сега скоро првпат ставив на инста слика од меше
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 1 мај 2020
    На happygirl, Kaetana, Larahappy и 9 други им се допаѓа ова.
  16. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Beautiful :inlove:
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    :l::l:
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.909
    Допаѓања:
    14.598
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш доволно помош и затоа се чувствуваш така. Сега со карнтинов не знам колку е возможно, ама мора да почнеш да го оставаш детето најпрво со таткото, зошто и тој е родител не си само ти. Ти да излезеш со другарка, на кафе, на шетање, да бидеш себеси а не само мајка. Ако имате на располагање баба, искористи ја повремено.
    Јас до годината секаде одев со малата, едноставно не се откажав од шетањето и дружењето, само прилагодив каде одам (парк место кафич) и ја носев сегде со мене. Некогаш ја оставав со мајка ми на чување, сакав да се учи да седи без мене, а почесто беше со мене отколку со некој друг. Кога дојде зима и стана ладно, и малава веќе одеше и затоа не можев да ја држам во раце или количка, почнав да ја оставам, дури и на спиење. Престанав и да дојам во исто време, кратко пред тоа тргнав на работа, и некако се поклопија коцките. Си одев на работа, си излегував со друштво или со маж ми, ќе си ги завршам обврските по дома, сите желби исполнети, и ќе се наспијам наредниот ден, и ќе ја земам малата и после следниот цел ден ќе го посветам на неа. Многу повеќе се осеќам исполнета така, отколку ако целата тежина паѓа на мене.
    Сега кога сме повеќе дома, ја оставам на маж ми. Јас седам со неа одсабајле додека он спие или е на компјутер со некој состанок, па он ќе остане со неа попладне додека да отидам до маркет или да завршам некоја обврска. Немаме некои активности периодов, и многу е психички помачно, ама полесно е ако си ги поделиме одговорностите. Си ја сакам ќерката со сето срце, ама многу повеќе и подобро и се посветувам ако и сма се чувствувам добро. Ако сум депресивна, опкружена со ручеци и пелени цел ден, едноставно ме утепува после некое време. Има мајки што тоа го прават 24/7 со години, јас се помирив дека не сум таква.
    Се разприкажав, а сакав да речам побарај помош. Остави го детето 2-3 саати, ќе се снајде татко му за толку. А ти направи нешто за себе, макар и само филм да изгледаш на раат. Сите сме биле во твоја кожа, и тоа не те прави полоша мајка. Те прави човек, и ако си посреќна како човек, ќе бидеш многу посреќна и како мајка.
     
    На happygirl, dunika, elenaklasik и 20 други им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Во врска со ова пишував во некоја друга тема, ама ке пишам пак.
    Јас дома седев 10тина дена додека да станам на нозе од царскиот. Веднаш почнав да излегувам, најчесто си наоѓав обврски како што е купување памперси, креми, алиштенца. Тоа ми беше неопходно за да го сочувам умот. Тие 45 минути додека бебе спие беа доволни да се тргнам од рутината. Најчесто го чува маж ми, ама и бабите се тука кога ке ни затреба помош.
    Кога воспоставивме ред со цицањето, тогаш бабите ја чуваа беба а јас и татко му излегувавме. Кафе, кафана, шопинг, дружење со друштвата. На овој начин сите сме среќни и задоволни.
    Сега сме дома ама не ми е досадно затоа што синко е нон стоп активен, па додека спие јас пијам кафе или работам нешто по дома.
     
    На Minice13, flower55555, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    ова како јас да сум го пишувала пред околу 3 години. Хаос ми беше се буквално. Сама дома никаква помош дете бесно обврските на мене чекаат на работа не одев зашто душа не ми даваше да оставам дете а и кому би го оставила. Тој период многу долго ми изгледаше дека трае знам и едно време дека веќе тргамв по патот на депресијата. Трпение. Едно време удрив кочници и сватив дека треба да си го земам живото во свои раце. На некои работи требаше едноставно да ги прифатам и да се навикнам па со самотоконтрола успеав некако да излезам од тој трагичен круг. Колкаво ти е детето?

    Добровечер женички. Дојдов само да ве поздравам да читнам што има. Сакам да ве прашам нешто. Дали некогаш ви се случило да помислите дека не сте добра мајка дека можете да сте многу подобра? Да помислите дека со некоја постапка во текот на денот или неделата сте погрешиле кон детето?

    Малку ми е ... Не знам како да кажам. До вчера до мене имав детенце малечко мило нервозно бесно хиперактивно жилаво немирно.... Сега гледам веќе станува момче. Како ли да се поставам кон него сега? Досега ме водеше мајчински инстинкт некои ставови околу воспитување зборување карање играње.... Ама веќе не знам како би можела да постапам мајчински кон поголемото. Досега викав не е толку тешко да си мајка. Еве и второ родив па викам ајде не е тешко ама гледајќи го периодов на големиот имам милион прашалници во мене.

    Пројде уште еден месец. Денес точно 9 месеци како не одам на работа т.е 9 месеци како седам дома. Дилеми и страв што иде време да се вратам на работа. Среќа ова со вонреднава состојба. Колку толку ќе припоседиме дома. Ајде ќе врзам некако со ланскиот одмот. Планирам последната недела да си извадам боледување за мене да фатам цел месец дома. Пак јанза ме јаде. Зошто не можам никому да доверам дете? Исто беше и со првото. Тоа дури 4-5 години имаше кога одев на работа и пак не можев,не ми беше мирна душата. Башка што беше лепенка за мене,ептен поврзано. Ова си седи секаде и татко му повеќе си го сака ама дури ни нему не можам да му го доверам бебушко. Да, сепак тешко е да се биде мајка.

    Идам малку да рсстеретам мисли. Со големото пуштивме Снежана на тв да погледаме додека бебчо спие. Мада и јас кај и да е ќе паднам во кома ама ајде малку време да си поминеме гушнати со синко

    Па женички имајте пријатна вечер.
     
    На TarantulaA, 24.07, elcezelce и 4 други им се допаѓа ова.