Детето е 16 месеци, имам 2 пара баби и дедовци во близина, но овој период сите си фатија некои обврски да си завршуваат низ двор, низ куќа и као ете бидејќи не одам на работа има кој да го гледа детето. Искрено, и @Spidy може е во право, го немам кај моите оставено само, да го нахранат или преоблечат или заспијат. Тоа сѐ јас го правам дури и кога сум кај нив. Мајка ми во завиена форма ми кажа дека веќе се "истрошиле" со другите внуци од сестра ми и јас од тој момент се повлеков од идејата да го оставам детето кај нив. Свекрва ми ми помага, но штом и се здосади ми го носи горе, така што пак не можам да врзам саат или два да се издувам. И тоа време додека е кај неа јас морам да го користам да измијам, да спремам за јадење и сл. Маж ми кога е тука ме заменува околу домаќинските работи.. Ќе го заигра детето... Но претежно е на работа и поголемиот дел од времето сум сама.. И така се се собира и пука главата. Од овој месец сакав да ја запишам во градинка, но ете со состојбата сега сѐ е затворено и седиме дома... Фала ви за поддршката мајки
Јас сум за тоа дека бабите имаат право да одбијат да го чуваат детето. Ама таткото не. Што ако оди на работа. Еднаш во три дена може да го причува на 3 саата. Ти два пати неделно да имаш време само за себе одма ќе се чувствуваш подобро. Разговарај со маж ти, не чекај да ти пукне филм ако сегашнава состојба не ти одговара. И детето осеќа ако не си расположена, ако ти се чувствуваш подобро ќе видиш дека и времето со детето ќе ти биде помило зошто поквалитетно ќе ти биде искористено.
И јас сметам дека бабите имаат право да не одбијат. Може и да не сакаат и да не можат да чуваат внуци. Им верувам дека се истрошени. Тие нивните деца ги чувале пред 20 30 години и сега не им е време да трчаат по внуци. Кога имам напорен ден мене кичмата ме боли а немам ни 30 години. Мене и мајка ми и свекрва ми ми се најдоа кога ми беа најпотребни, и сега можам да сметам на нив ама не буквално во секој момент. И тие се луѓе, имаат работа и социјален живот. Не имаат одбиено кога тие си имаат договорено да им дојдат гости или едноставно ако се уморни. Епа не може они да седат дома затоа што нас не викнале да излеземе. Во ниту еден момент не им се налутив.
Физичкиот умор е ништо во споредба со психичкиот. Тоа in the back of your mind што иде 24/7 дури и кога не си со бебе: Колку лажици ручек изеде? Дали пиел млеко на време? Дали дремнал на време? Ако не, вечер ќе му се поремети спиењето! Да не падне случајно? Кога ќе се вратам да му сварам и замрзнам месо! Да купам и зеленчук по пат! И уште една кутија млеко! Нека има. Сите бодиња му се со каки. Коа ќе влезам, прво машина да пуштам! Леле и со вакцина касниме......................................... @PeachGirl мајка, немам совет. Само да ти кажам дека не си сама.
Мамички незнаев каде па ајде овде да прашам бидејќи вие сте веќе породени кај труднициве немаат искуство сеуште Термин надминат 4 дена 40+4 сум денес сабајле бев на цтг немам болки освен менструални некогаш појаки ама ретко најчесто е тапа болка...докторкава вика нема знаци дека за брзо ќе биди...рече чекаме до 7 дена после термин после превземаме мерки...прво е со провокација па ако не бива царски или како? Има некоја вакво искуство да не сака бебка да излези па да ја вадиме со сила
Да, таква е постапката. Прво провокација па ако не бива царски. Другарка моја со провокација се породи два пати. Ништо страшно, она така кажа. Јас сум со царски. Вака или онака, мора да родиш. Со лесно.
Така е сакал или не ќе мора да излези..само доктпркава рече провокацијата е поболна и од царски...царски болките се после а со провокација ќе си ги кркаш и ако не се орвараш одиме на царски и малку ме фати страв сега...а баш сакав природно ама ајде имаме 3 дена па ќе видоме можи ќе се кандиса бебушко да излези до тогаш... извинете уште еднаш што вака ви упаднав во темава ама ќе се дружиме за брзо пак
Јас бев вака. Прво ми пуштија провокација, ама не се отворив доволно, па ме пратија царски. Апаратот кажуваше високи контракции, а јас имав слаби болки околу половината и болка како за во тоалет. Докторката арно те теше, сега да мислиш што и како Инаку кај мене болките од царскиот беа по болни, ама издржливи. Ти даваат и апче за болка и за смирување. Со лесно
Ти благодарам..а провокацијата е систем или вагинално е нешто не ни сум се распрашала оти не се надевав на ова
Мајкички,ќерче е 16месеци и сеуште и ги пеглам алиштата сите до едно.Добив коментар денес од една пријателка дека не требало уште да се замарам со алишта до толку,само по нешто да пеглам не Се Се замислив.. Ама како што иде време за 2 месеца ќе имаме бебе и на тоа се ќе пеглам нели па нема потреба да престанувам со пеглата.. Знам дека ќе биде напорно тон алишта за пеглање ама тоа е... До кога им пеглавте Се? И дали кога ќе се роди беба заедно во машина да перам и нејзини и на поголемкава ?
Ако не делува вагиналното апче, ти ставаат појако преку инфузија. Ништо страшно, јас бев со провокација, понабрзо иди болката само. Со лесно, ќе видиш ова е најлесниот дел
Ти пишала Бела, преку инфузија. @Bella јас престанав да пеглам од 6м Сушарата ги вади како пеглани, а ја пресоблекувам по 3пати на ден, постојано се шлапа.
Ако си во можност машина за сушење е спасот. Бебешките дека се помали и не е толку полна машината пеглани ми ги вади. Јас пегла не користам. А богами и со две дека ке имаме време на претек за пеглата во рака и не се надевам баш. Пеглам наши доволно е. Нашите не ми ги вади така баш пеглани како бебешките.
Имам мила,машината и пере и суши две во едно е Ама некако не сум задоволна како ми ги суши па затоа :/
Хмм значи да ја проучам треба машинава Има 300 опции и се е на тач и за сушење само еднаш двапати сум пробала и не ми се свиѓаше како ги извади...треба да видам поубаво. Баш како пеглани штом ви ги вади е топ Да се редактирам,на мм еднаш на сушење патиките му ги ставив и од 45 број се направиа 40ка и ќе ме утепаше нови му беа може имам уплав од сушарата затоа се со пеглата сум
Јас немам сушара па до 1 година му пеглав се на поголемото. После продолжив само бодињата дека директно на кожата нели. Сега за помалото исто пеглам, за големиот не. Ако имам појќе време ќе поминам со пеглата пак само боди и маички. А за перење од старт заедно им ги перам, не гледам причина зошто да ги двојам, а и кога ќе ја наполниш со толку мали.
Ти како мене Еве нашите ти викам не се баш пеглани,ама мислам дека повејќе ја полнам нашата машина и нема место убаво да ги замазни. Бебешкава е полупразна па убави се. Види следен пат не ја преполнувај. И не си троши сила тука. Доволно се печат во сушара. Сега ептен ако е џвакано некое блузе ке испеглаш.