Девојко, во мајчинството покрај мајка си буквално се ама не само мајка. И учителка и негувателка, и пријателка, и доктор и едукатор, и готвач и чистач и шетач. И денски набљудувач и ноќен чувар. Ти си прекрасно битие кои издига и расте уште едно такво. Зграпчувањето на сите овие нови функции знае да е и убаво и напорно и тешко, некогаш изгледа прелесно, а некогаш уморно. Смени го поимувањето. Смени го начинот на кој гледаш на истото. Сфати го како фаза низ која откако ќе поминеш, те чекаат неверојатно убави работи. И мене некогаш ми недостига дејт со маж ми, па сега ги имаме по дома со бебе кое спие во креветче, а ние со чипс и пиво пред домашно кино. Јер.. прилагодување. Земи бебе, времето е убаво. Шетајте заедно. Па соберете ја и посилната половина. Посвети си време на себе додека бебе спие. Вежбај. Слушај музика на слушалки и денсај наоколу, наполни се со позитивна енергија. Подари си нешто убаво на себе, некои фармерки што одамна ги посакуваш или најобична маичка со апликација со омилениот цртан. Или лакче за нокти во пролетна боја. Период е. Ќе помине, ќе видиш. @babyboy1 јас имав договорена провокација на 3 дена надминат термин. Гинекологот ми рече постелка созреана, бебе си имаше од 7ми месец заземено положба за излегување и ми рече не сака да чека повеќе. Кај мене провокации не успеаа 3 различни, цел божји ден. Не се отворав, односно многу слабо, а и бебе реагираше многу лошо на нив и конечно завршив на итен царски. Со царскиот имам убаво искуство. И дури линијата сега е скоро неприметлива, а гинекологот ми е еден од омилените луѓе на планетава. Чим дошол моментот, веќе не е важно како ќе излегува, туку да излезе, да се гушнете и ти да се олесниш. Ти посакувам да поминеш со лесно. Како сте девојки? Јас домаќински. Почнав диета. Уште чипсот ми остана да го скинам оти тој ми е гилти плежр. Оваа недела само диета, а од следна ќе комбинирам трчање и вежбање. Цел живот трчам, па нацрт планот е готов, е сега тоа што сега сум најдебела од било кога во животов и изгледам ко никогаш да не сум трчала е скроз друга работа. Ама сите тие слатки што имав потреба да ги лапкам дур дојам.. мораше негде да се залепат нели? Освојувам нови врвови деновиве. Поздрав мили.
Пријателкава солидно помина на пораѓај, брзо се одлучи за втора бременост, така да зависи каква среќа ке имаш. Јас имав среќа царски да се породам ама имам позитивно искуство. Брзо се опоравив од операцијата, болките во грбот од спиналната и доење беа далеку поголеми. Јас пеглам се, ама цела зима во сушара ги ставав. Како пеглани ги вадам, плус неспоредливо се помеки од жица и пегла. Како да не пеглам кога не се мазни туку се на линии. Омекнувач ставам, ги мазнам пред да ставам на жица ама не се убави.
@Yowannty @MilaSs12 Ви благодарам на одговорите се надевам нема да стигниме до царски ама како треба така нека биде само да е здраво и живо
И јас бев на цтг,4 дена поминат термин,немаше ништо на цтг. Дека беше сабота докторот ми рече да отидам во вторник повторно на цтг,нема да се породам за брзо. Вечерта ми пукна водењак и се породив. Ни они не знаат баш кога ќе почне процесот. Никакви контракции,ниту отворена не бев на преглед во 11,а во 2 вечерта ми пукна водењак. Опушти се и не размислувај многу,многу. Ќе биде. Со лесно ****можеби и си породена веќе****
Јас бев 3 недели отворена 3 прсти и абер немав од пораѓај. Цтг мирно. На мое барање се породив со провокација Со вагинално апче. Поминав филмски. За 3 саати бев породена природно без епидурална, без сечење. Со лесно и мисли позитивно. Може веќе се гушкате со бебуш Синко го пеглав до +12 години. Да до 12 години убаво прочита и тоа буквално се до гаќи и мајца. Ова бебе нема видено пегла Единствено пред да се роди новите алишта ги испеглав. Друго се сушан во сушалната. Како пеглани ги вади. Само лигашки и оние за пресоблекување со најлон не ги сушам. А за перењето сеуште само нејзините алишта ги перам. Но набрзо кај 10-11 месеци ќе почнам да ги мешам со нашите. @PeachGirl само помисли дека не си сама мајка. Секоја жена и мајка горе долу ги има истите обврски. Можеби тешко ти паднало што не си учена да бидеш дома. Јас сум скоро 16 год во брак имам15 год син и бебе. Работата ми е од дома и 24/7 сум дома со децата. Но среќна сум, така јас избрав. Сакам да им се посветам и секогаш работата ја работам еве ова време додека тие спијат. Но наоѓам секогаш за мене време. Вежбам, имам другарки со кои се гледам( сега слушам на тел), секој ден ги вадам децата надвор, синко е многу активен воншколски па го разнесував пред да се породам по разни часови итн. Одиме на пазарување, имам многу убав однос со свекрвата и свекорот па пијам кафе со нив во двор, сакам цвеќиња, еве овие дена засадив јагоди. И јас готвач за нас посебно за бебе 3 пати на ден. Често не јаде па фрлам храна. Тоа што не можам да седнам и ручам како човек не ме нервира, баш ми одржува линија. Во секоја ваква ситуација јас си го наоѓам она позитивното. Еве сега моментално додека пишам бебуш стана за цице и така гласно се насмеа во сон што посакувам и на 15 мин да станува. Знај дека толку брзо минува времето и растат и летаат од нас, што за брзо ќе дојде време кога не ќе знаеш што да правиш со себе Кога си дома. Кога нема да им бидеш потребна и тие зависни од тебе. Сепак ова е таков период што влијае врз сите нас. Ќе помине.
Од никое време станав. Ни кафето не ми е вкусно, многу слабо сум го направила. Денес сме на очен, кој знае што ќе ни кажат и како ќе поминеме. Душа мила на мама тој само се смешка и гука. Со татко му имаат посебен однос, само што ќе го види тоа раце нозе пискање муабет. Така е јас ќе бришам каки, тато ќе е нај омилен. Ако, ме радува нивниот однос. Вчера првпат после месец и пол братучедите му беа на гости. Им се радуваше и од раце на раце и во сета галама, ми заспа во раце. Срцко. Сега кога ќе помислам дека не сакав никој да ми доаѓа првите месеци откако ќе се породам, се оствари. Пази што посакуваш... Сори мами денес сум депресии и меланхолии, што ли се не се изначитав оваа недела на интернет за очињата, ај нека помине очниот подруго ќе биде. Гушкајте се!
Не сум сеуште породена ама се надевам за брзо цела ноќ не спиев од болки како менструални ама јаки ме разбудуваа па пак заспивав...еве сабајлево пак ме боли па сега чекам да почнат појаки и на интервали... @Presrekna ќе видиме како ќе биди иначе сеуште не сум породена ама се надевам до утре ќе сум
Ко јас да сум пишала, исто се осеќам изгубена скроз.. Моите се во друг град со карантинов неможам да појдам да ги видам, другиве дома си тераат нивни филм. Од искуството до сега, освен на золва на друг да го оставам немам поверение. Сето изгубено. Се си мислат дека знаат,а уствари се обратно прават па на работа не одам оти нема кој да го чува. За во градинка кај нас има група од 2години најмалите, така да ми останува да стиснам заби и да издржам машки... Дете за 2 недели ке полни 1 годинка, 7ми скок не дрма нервозен е само вреска, фрла и плачи.. Тоа ми ствара дополнителна нервоза, се контролирам колку можам ама на моменти попуштам и знам да му подвикнам па да почне да ме мава психа оти е така.. Како што кажав изгубена скроз Едвај чекам да заврши лудилово и да излезам од дома, оти до тука било Издржи мајка, не си сама
Со лесно мајка. Скокни едно цтг или преглед направи денес. Ич не му ја мисли за пораѓајот. Мисли на бебуш, гушкањето, бебешкиот мирис, чувството кога ќе ти го дадат во прегратка и кога ќе почне да цица. Толку мало и беспомошно, а толку значајно за тебе. Цел свет.  Добар ден. Бебе спие, јас ручеци правам за големи и мали. Надвор ветарче, но да стани бебуш ќе си направиме ритуалче со едно крукче. Баш убаво фати ред за спиење. Ноќе 12 часа, преку ден 2х 2 -2,5 . 16-17 часа ги преспива во едно деноноќие. Хепи мам сум. Затоа имам време за се. Почнав и книги да читам уз кафенце. Совршена дадилка моментално ја почнав. Скокот бр 6 помина кај нас како и другите незабележано, Сако со намален апетит. Но се враќа полека во нормала. На кг не покажа бидејќи замени лајче со цице @PoisonGirl тука те тагнувам да прочиташ за апетитот. Па тоа е од мене многу се распишав во темава Ве поздравувам
Фала ти докторкава ми е ноќна смена па ако не ми зачестат болките ќе ја почекам до вечер...Ти баш си се снајдуваш во улогата браво за тебе....за брзо и јас ќе го имам бебушко во раце и се ќе помини тогаш само да ми е здрав и жив
@Presrekna се фрустрирам кога читам колку спие малата твоја.. Легнува накај 9.30 - 10.00. Намерно покасно затоа што накај 6.30 е станат. Кога легнува со цицање доаѓа 10.30 - 11.00 додека е цврсто заспан да можам да го одделам од мене без да се разбуди и да вришти. Прво будење - 12.30 -1.00. Цица на перница, презаспива за пола саат. Второ будење 3.00 - 3.30. Цица на перница, презаспива за пола саат. После почнува хоророт. Станува во 4.30.. некако успевам можеби до 5.00 да го презаспијам, а некогаш и со нишање после цицање морам да се бавам. И после накај 6.00 - 6.30 вришти. Добива да цица, ама уште вришти со затворени очи. Ги отвора, почнува да се смее. Бидејќи сум жива ненаспана, го зема маж ми и го носи во дневна за да поспијам до кај 8.30.. тој од 9.00 почнува со работа. Преку ден спие исклучиво на мене на перница за доење, и најчесто со цицка во уста. Преспива околу 3 пати по пола саат до 45 минути. Не дај боже да се осмели некој да го спушти некаде сам... Вришти. Еднаш на три дена ќе преспие 2 саати преку ден наеднаш. Строго на мене. Никако сам. Спас ми е само надвор во количка кога го шетам. Е тогаш се успива и спие 2 саати на воздух. И не ми е за коронава, туку што врне што истура надвор. Да се жалам, не се жалам. Иста беше ќерка ми. Само проблем е што во текот на денот не се заигрува баш сам. Плашлив е многу, Бог да чува, сѐ го плаши. Ќерката беше пољубопитна и заинтересирана. Тој да си игра, ама ние да сме до него. Гушкалка е и симбиот. Среќа има денови ќерката успева да го заигра, па успевам да направам барем за јадење. Ама почесто доаѓа маж ми и го држи додека се направи ручек. Инаку шанси нема. Скок да е некој, не е. Апликација вика тек допрва ќе дојде. А јас не знам што полошо од ова... )))))))
Zdravo majki Arni ste site? Dobri sme niz doma, so malata se odviknuva od pampers pa se nema vreme. Ni zapocna mesec ramazan nedela dena pomina Denovie ubavi pa gi pominuvame vo dvor. Jas zapocnav so babysitter da da dve nedeli imam edna mala bebka9 meseci ima, dva pati nedelno ja cuvam jas,dali ke bide do septemvri ili ne zavisi dali ke ima gradinki. Od denes tuka pocna da se otvarat del od toa sto bese zatvoreno poradi virusov, se nadevam nema site naednas da dadat guzva pa pak da se zatvora Nisto novo nisto staro..... Dobri sme fala na gospod, porodolzuvame nie i mesecov doma, nema zasto da se pravi guzvi naednas, mala prosetka ke ima vo priroda i park i pak sme doma i vo dvor Guski do site
#прашањакоимемачат еве ме мене уште сега а според план ќе седам барем уште месец дома (значи месец дена) а сум организирана .... Чиниш којзнае што. Па знам дека наутро пред да заминам ќе оставам шише мајчино молзено млеко никако да не се дава кравјо ќе се јаде по термин ќе се спие по термин ќе се јавувам од работа на 30 мин да го проверам тајмингот за јадење и спиење и колку ќе се изеде .... За на крај да сватам дека после еден ден поминат на работа а всушност повеќе на телефон јас сум за дома а не за на работа. За оставање на баби дедовци не можам,стари луѓе не се должни да ми чуваат во крајни случаи кога е неодложно нешто во ред инаку не би. Да ми чуваат за да одам на работа не. Душа не ми дава да доверам бебе на други. Исто како што нема да можам да чувам внуци зашто децава со маки душа ми знае како сум ги израснала па ко можам јас можат и родителите на внуците. Во крајни случаи да нема да ги одбијам. јас дете деца ги родив со царски. Немаше абер од знаци за раѓање. Посебно со првото. Да беше до него можеби уште 9 ќе го носев. Со второто имав слаби болки ама ништо. На крај се породив со царски. Немаше ни фајде да дадат провокација ете кога се неќе се неќе. Да било за природно ќе се отворев бар малку. никогаш не сум пеглала за децава. Што потреба од пеглање? Секако се туткаат.
Зошто детето туткано да ми е? Сакам дотеран да е синко и алиштата да му се пеглани, а не ко џвакани. Дезинфекција на прво место, ама не сакам ни згужван да е.
Јас пеглам само тоа што е ептен за шетање. Долни бодиња, тренерки за по дома, пижами, не гледам потреба. Речиси се перам на 90 степена, доста дезинфекција му е. Пеглам чисто да не е ептен згужвана кога ќе искочиме.
Добро утро мајки. Будна сум од 4. Се разбудив наспана, преспана. Легнав во 9. Бебиња нанат. Каде и да е ќе се разбудат веќе. Вчера после повеќе од 2 месеци, им дозволив на мајка ми и татко ми да дојдат да не видат. Имаше солзи. Бебиња во чудо. Ваљда се изненадија дека на светот има и други луѓе освен мама и тато Првите 15 минути беа проследени со плачки и лепење во мене, ама после се заиграа со баба и дедо. Маски не извадија додека беа тука. Знаат што чудо сум. Брат ми е со три дечиња дома, постојано ги чува мајка ми, ама ете, снашка е поширокограда од мене. Можеби дека многу време ми требаше за да станам мајка, па затоа тупам за се и барам влакно во јајцето. А не е убаво. Зарем мајка која посакала и одма станала мајка помалку мисли за своите чеда? Зарем има таква која не го дава максимумот од себе? Инаку, некако оладив во врска со вирусот. Не сум веќе толку опседната со дезинфекција на мм ако оди до маалската продавничка да купи леб во која патем, продавачот му подава до надвор и воопшто не влегува во продавницата. Деновите ги минуваме во количка во двор кога е убаво времето. Близначињата уживаат надвор. После седенката надвор, миеме гуми со сјај и црево, па бришиме со дезентал и мм ја тапори пак горе кај нас бидејќи не е возможно да функционирам без количка. Додека беа помали, за врме на хранење, едното бебе ми го чуваше релаксаторот, а сега количката. Ми вреди за уште еден пар раце. Буквално. И така мајки. Јас ништо ново не напишав и не споделив, ама ете најдов време во оваа глува доба во нашето домче да шкртнам некој збор уз горко кафе и 3 бисквити. Убав ден да имате